Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЏАБИР ДЕРАЛА ФАТЕН ВО ЛАГА, ДАЛИ КЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН НЕГОВИОТ ЦИВИЛ МЕДИЈА?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе


Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?

August 14, 2019
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА

[Image: fake-news-vecer-600x375.png]

243
SHARES
9.1k
VIEWS


Што дозна порталот вечер.мк во својот текст објавен на 11 август? Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“ – се вели во бомбастичниот наслов. Тоа што три дена подоцна се испостави дека е учебнички пример за лажна вест, го презедоа дваесетина портали од истата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи се крена бран од реакции, преполни со говор на омраза и поддршка на напаѓачите на Македонското собрание на 27 април 2017 година.
Во текстот на порталот вечер.мк се вели:


Quote:„Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.“


Оваа сензационална „вест“ за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна.
Амбасадорот на Кралството Шведка, Матс Стафансон, во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели:


Quote:„Постои решение од Окружниот суд да го задржи Дејан Давидовски во притвор сè додека не се донесе одлука за екстрадиција. Нема ништо во оваа одлука од Окружниот суд што се однесува на барање азил. Би било многу чудно ако некој од Окружниот суд даде коментар на било кој штпо аплицирал за азил. 
Што се однесува до процесот за екстрадиција, нема решение. Барањето сега е доставено до Врховниот суд за да испита дали постојат правни основи да се одобри екстрадицијата под услови утврдени со закон. По овој преглед, ова мислење ќе биде доставено до Владата во Шведска за понатамошно испитувањето и донесување на одлуката за случајот. 
Значи, нема одлука за екстрадиција, Владата во Шведска не донесе никаква одлука за овој случај. Единствената одлука е од Окружниот суд да се задржи Дејан Давидовски во притвор.“


Значи, напаѓачот е во притвор и, за сега, останува во сила одлуката тој таму и да се задржи, до конечната одлука на шведската Влада! Каде порталот вечер.мк ги виде 18-те точки врз кои го темели својот став дека Дејановски е мета на политички прогон останува мистерија. Исто така, останува отворено прашањето дали сите портали што ја пренесоа лажната вест на порталот вечер.мк, сега ќе ја објават и оваа „исправка“. Останува отворено и прашањето, дали и некои пратеници што ретвитнуваа отровни коментари на оваа лажна вест, ќе имаат доблест да ја кажат вистината или барем дека биде изманипулирани. И, се разбира, сѐ уште изостанува институционалниот одговор на оваа лажна вест во која се имплицира правосудството и на една пријателска држава.
Џабир Дерала
 
ЦИВИЛ МЕДИЈА
(This post was last modified: 07-09-2019, 12:12 AM by ЈорданПетровски.)
06-09-2019, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Лажната вест има кратки нозе

август 23, 2019




[Image: 2.jpg]

[Image: 3.jpg]


Оваа е онаа за што овие од  треба да добија кривична пријава:



[Image: 4.jpg]






[Image: news-logo.png]

СВЕТОТ ЗА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО МК F2 N2  



Quote:Кој се F2N2


[Image: news-logo.png]


ЗА F2N2
Од ноември, 2018 година, Граѓанската асоцијација МОСТ1 започна да го имплементира проектот Fighting Fake News Narratives F2N2 (Борба против лажни вести и наративи)*, кој се состои од дневен систематски мониторинг на одбрана програма од ТВ канали, социјални мрежи и интернет портали, преку употреба на разни алатки, развиени програми и софтвер со отворен код.
Главната цел на F2N2 е да придонесе кон обновување на довербата кај граѓаните во демократијата и демократските вредности преку сеопфатно и систематско следење на развојот на наративите, борејќи се против дезинформациите и лажните вести.
F2N2 се бори против дезинформативните наративи, кои што содржат лажни информации, а се претставени како факти, лажни и непотврдени вести, погрешно интерпретирани факти и бројки, сé со цел да ги манипулираат и збунат граѓаните. F2N2 продуцира и објавува кратки-брзи стории, како и долги разобличувачки/ истражувачки стории и анализи и ги детектира каналите на дистрибуција на дезинформациите. Фокусот е на дезинформативните наративи (домашни и странски) кои се појавуваат околу клучните настани поврзани со Евро-атлантската интеграција на Северна Македонија.
*Акронимот F2N2 ќе се користи на сите три јазици достапни на порталот.
1Граѓанската асоцијација МОСТ е домашна, невладина и непартиска организација, основана во мај 2002 година.
06-09-2019, 08:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ТЕШКА ЛАГА НА ЏАБИР ДЕРАЛА ЗА СЛУЧАЈОТ НА ДЕЈАН ДАВИТКОВСКИ



[Image: c3698948bbef8e01b61b372d4a29088b_L.jpg]

Јордан Петровски 16.08.2019
Еве што објави Џабир Дерала на својот портал во врска со превостепената одлука за неекстрадирањето, одосно постапката за екстадиција на Дејан Давидовски: 

Quote:Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе

Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?

[Image: image.jpg]
 
 
Ке постсетам само на онаа што се случуваше, како одеше постапката пред неколку дена со екстадицијата на  Томор Морина! 

Судот донесе решение да не го екстрадира Томор Морина но тој остана во притвор додека Врховниот не ја потврди одлуката.
Значи Џабир Дерала ЛАЖЕ дека Окружниот суд во Шведска донел ЕДИНСТВЕНО одлука за задржување на Дејан Давидовски во притвор што не е точно Окружниот суд ДОНЕЛ одлука да не се испорача и ја образложил , онаа што го пренесе ВЕЧЕР! Таа одлука не е правосилна се додека Врховниот суд на Шведска не ја преиспита одлуката на Окружниот суд! Но Дерала вели дека  Врховниот суд на Шведка ке цени дали има услови на екстадиција а Владата ке оцени дали ке ја почитува или не таа одлука. Споед Дерала Владата е над судската власт во Шведска !! Оваа Дерала го има научено од Заев 
вистината е следна Окружниот суд на Шведска  ДОНЕЛ одлука и таа одлука ја пренесе ВЕЧЕР, сега се чека одлуката да ја ПОТВРДИ или одбие Врховниот суд.

Чудно е што никој од НВОата и Заевата агенција за спречување на лажни вести не реагираа на оваа лага на Дерала !
06-09-2019, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:РУСКОСКА-КАЦАРСКА, ШТО ПРАВИМЕ СЕГА? „Вечер“ ја објави преведената пресуда за Давидовски на Судот во Шведска

[Image: 27-april-1.jpg]
 06.09.2019

Ова е пресудата на шведскиот Врховен суд по барањето на Македонија за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за тероризам за настаните од 27 април.
Шведска одбива да го испорача Давидовски, затоа што смета дека Давидовски нема да добие фер судење во „Северна Македонија“, каде „корупцијата е широко распространета“ и каде, како што наведува судот, некои учесници во настаните од 27 април биле тепани за да го признаат кривичното дело. Како после оваа пресуда, тандемот Рускоска-Кацарска с ечувствува, не ни е познато.
Порталот Вечер, пак, меѓудругото, наведува:
„Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк… објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија.
Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.“


[Image: vecher-1-480x640.jpg] [Image: vecher4-480x640.jpg]
[Image: vecher3-480x640.jpg]
[Image: vecher5-480x640.jpg]


ДЕНЕШЕН.МК
(This post was last modified: 06-09-2019, 09:01 PM by ЈорданПетровски.)
06-09-2019, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Еве го написмено судот од Шведска! Прогонот е политички, а медиумите на СДСМ пак лажат! (ФОТО)

6 Sep 2019 - 15:44
[Image: x41270-eve-go-napismeno-sudot-od-shvedsk...kgNJfx.jpg]

Порталот ВЕЧЕР на 11 август прв објави дека судот во Шведска пресудил по барањето за екстрадиција, испорака, на Македонецот Дејан Давидовски кој е еден од лицата што е гонето за влез во Собранието на 27.04.2017 година и барано по интерпол за во Македонија да му се суди - за тероризам.

Шведскиот суд пресуди дека нема основ за испорака на Дејан Давидовски во Македонија затоа што делото за кое е гонет според шведските закони - не е тероризам, и дека постапката на македонскто обвинителство и судовите ја сметаат за политички мотивирана. Ова е трет случај европски суд да пресуди политички прогон од страна на македонско обвинителство и суд бидејќи тоа, освен судот во Шведска го сторија и судовите во Унгарија (Никола Груевски) и Грција (Горан Грујевски и Никола Бошковски). Со ова сериозно се поткопува угледот и работењето на мекдоснкиот обвинителски и судски систем, а Македонија станува земја со дефиниран политички прогон пред судовите.

Quote:ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 - “Тоа е политички прогон!“

11 Aug 2019 - 21:09

[Image: x4-toa-e-politichki-progon.jpg.pagespeed...c5dUby.jpg]
Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.
Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.
[Image: thumbnail_dejan-davidovski-foto.png]
Ова е трет случај европска држава да издаде решение за политички прогон во Македонија и да одбие екстрадиција на лица барани од македонските власти. Пред Шведска, Унгарија тоа го реши за поранешниот премиер Никола Груевски, а Грција заради политички прогон одби екстрадиција на функционерите на МВР Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк... објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија. 

Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.


[Image: x70314229_381996969408101_84180969362166...yu-KcX.jpg]

[Image: x70738861_373281946699876_77556115924519...xj1rvm.jpg]

[Image: x70006701_1349990528510077_6233651667250...Qhwpkq.jpg]

[Image: x69581131_3413526438657829_2347308792447...r0lJxz.jpg]

ВЕЧЕР.МК
(This post was last modified: 07-09-2019, 12:26 AM by ЈорданПетровски.)
07-09-2019, 12:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Власта продолжува да не прави будали!!


Quote:Манипулација со пресудата на Врховниот суд на Шведска

360степени | 7 септември, 2019 12:29
Во пресудата воопшто не се доведува во прашање кривичното дело за кое е обвинет Дејан Давидовски (настаните од 27 април) туку тоа се поистоветува со делата од Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска, кои се т.н. „политички кривични дела“ (насилно уривање влада, насилно попречување на влада, парламент, шеф на држава, суд…) и за кои, според нашироко применетото меѓународно-правно начело (дел од шведското законодавство), може и да не се одобри екстрадиција. Тоа начело е содржано и во нашиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја.
Пресудата на Врховниот суд на Шведска, со која се одбива екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните од 27 април во Собранието, се интерпретира на сосема погрешен начин, со што се доведува во заблуда јавноста, вели експерт по меѓународно казнено процесно право кого го консултираше „360 Степени“.
„Не станува збор за проценка на шведскиот суд дека во земјава се води политички процес или политичко судење за настаните од 27 април ниту се доведува во прашање делото за кое се товари Давидовски. Станува збор за примена на меѓународно-правен стандард дека за дела кои спаѓаат во групата на ,политички кривични дела’ може и да не се одобри екстрадиција“, вели експертот. Тој појаснува дека и “политичките кривични дела” се кривични дела за кои се одговара во секој демократски систем.

[Image: Presuda-na-Vrhovniot-sud-na-Svedska-768x1024.jpg]
Факсимил од преводот на пресудата на Врховниот суд во Шведска

Во преводот од пресудата, објавен во дел од медиумите, може да се прочита дека Врховниот суд во Шведска го подвел делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за кое е обвинет Давидовски, во групата „политички кривични дела“ и го поистоветил со кривичните дела од Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска. Во членот 1 од таа глава може, на пример, да се види дека за дело слично со она за кое се товари Давидовски во земјава, во Шведска се оди во затвор и до 10 години.
[Image: Krivicen-zakonik-Svedska-1.png]
Глава 18 од Кривичниот законик на Шведска
Откако констатирал дека станува збор за акт од групата на „политички кривични дела“, Врховниот суд на Шведска се повикал на членот 6 од шведскиот Закон за екстрадиција од 1957 година, кој вели дека за такво дело може и да не се одобри екстрадиција.
[Image: Zakon-za-ekstradicija-Svedska-1024x269.png]Член 6 од Законот за екстрадиција на Шведска од 1957 г.
„Ова начело е содржано во Европската конвенција за екстрадиција и се применува и во нашата земја“, вели соговорникот на „360 Степени“.
Во Законот за меѓународна соработка во кривичната материја експлицитно пишува дека „екстрадиција нема да се одобри за политички кривични дела“.



360 степени





Многу јак експертов, од тоа што е јак се срами да се представи со име и презим

[Image: 2.jpg]

„Експертуткава“ вели може да не се одобри екстрадиција тоа значи дека не се прифаќа како кривично дело за да потоа скине зелена за да и годи на власта па вели се одговара во демократски систем . Шведска ти била НЕДЕМОКРАТСКА !






[Image: 3.jpg]
(This post was last modified: 07-09-2019, 01:29 PM by ЈорданПетровски.)
07-09-2019, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



20-09-2019, 09:26 PM
Reply