Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ВЕРУШЕВСКИ ГО ШТИТИ МИЈАЛКОВ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВЕРУШЕВСКИ НЕЈЌЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ МИЈАЛКОВ, НЕ ОДГОВАРА НИ НА СУДСКИТЕ ПОРАКИ ОСТАВЕНИ ВО ПОШТЕНСКОТО САНДАЧЕ

[Image: verusevski-mijalkov-438989348.jpg]
06.09.2019
Зоран Верушевски е еден од главните сведоци во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегалено прислушување и требаше денеска да сведочи. - Зоран Верушевски; Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)

Основниот суд Скопје 1 подолго време го бара ексразузнавачот Зоран Верушевски и не може да го најде ни на адресата на која живее, ни на работа во Владата, кај што го советува премиерот за безбедносни прашања.

Зоран Верушевски е еден од главните сведоци во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување и требаше денеска да сведочи.
„На 6.7.2019 година не се јавил во Кривичниот суд да подигне покана. Судот направи обид да го најде на неговото работно место во Владата кај што е советник за национална безбедност. Постои приемен печат во Владата, но судот нема доказ дека ја примил поканата“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

Потоа таа праша:

„Дали СЈО има инфо за промена на адресата?“, рече обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов.
Потоа Бегтовиќ наведе:
„Нема податок ни за промена на адресата, ни за неговото звање, односно работно место“.
Пак ќе го бара судот, но никој не побара негово стражарно приведување.
„И ние ќе се потрудиме да го најдеме“, рече Пеливанов, но не побара стражарно приведување на Верушевски.
Судењето се одложи за 23 септември 2019 година.
Обвинети во „Тврдина-Таргет“ се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски (тогашен шеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. Обвинети се и избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски
С. К. ДЕЛЕВСКА




Нормално е дваицата главни во аферата изнесување на прислушкувани материјали да се штитат!
06-09-2019, 12:41 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,486
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Врана на врана око не вади.
Само еден показател дека Удбомафијата е и жива и здрава и е уште алфа и омега таму доле.
Што јужније то тужније.
An inch today is tomorrow’s mile.
06-09-2019, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Верушевски: Не обезбедував јас никакви материјали од лично име, се слеваа во СДСМ

Александар Самарџиски - 23/09/2019 13:34

[Image: verusevski.jpg]

Кратко и дипломатски одговараше поранешниот разузнавач Зоран Верушевски на прашањата кои му ги поставуваше обвинителот Артан Ајро за време на денешното негово сведочење во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.
Верушевски ниту еднаш не ги спомена „бомбите“ со тоа име, туку ги ословуваше како документација и ниту еднаш не рече дека тој ги поседувал, туку биле сопственост на партијата СДСМ каде тој бил одговорен за безбедносната политика. Првите информации за нелегално прислушување рече дека ги добил кон крајот на 2010 година, кога се вратил од Италија.


Quote: Wrote:– Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа на мојот оддел… Во рамките на политичките партии се прават политички анализи, нив ги користи лидерството на партијата за своите стратешки одлуки и политики – објаснуваше Верушевски.

Тој рече дека не обезбедувал тој лично материјали, информациите не завршувале зад неговото име и презиме туку во партијата.


Quote: Wrote:– Не обезбедував јас никакви разговори ниту било какви други документи на било каква основа туку сето она што се слеваше како сознание во СДСМ беше обврска за моја анализа за да може лидерството да гради стратегија. Ниту било тоа мој личен интерес ниту ми паѓало на памет да го правам тоа за мене – одговараше Верушевски на директните прашања на обвинителот дали предал разговори во СДСМ.

Во врска со двајцата свиркачи кои сведочеа дека ги изнеле бомбите од УБК, тој рече дека ги познавал бидејќи биле вработени во Управата, а тој бил директор во три наврати. Конкретно за Ѓорѓи Лазаревски рече дека контактирал со него се до 2016 г. кога ја прекинал комуникацијата затоа што давал лажни искази против него во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во случајот „Пуч“, каде беа уапсени и Верушевски и неговата сопруга.


Quote: Wrote:– Каква комуникација сте имале од 2010 до 2016? – праша обвинителот.



Quote: Wrote:– Тоа беше едно од повеќето лице кое доставуваше документација до партијата и таа документација беше предмет на мое внимание. Тоа лице ја започнало комуникацијата со партијата пред моето враќање во Македонија, јуни 2010 и продолжи се до 2014 година, ако не се лажам – одгововори Верушевски,

а обвинителот го праша и дали тој му ги предал тие материјали од Лазаревски на Зоран Заев.


Quote: Wrote:– Таквата документација беше во партијата, била сопственост на партијата, и никој не може да му ја предаде – рече ексразузнавачот и посочи дека секој лидер има стратешка одлука како да се користат докуметациите.


Quote: Wrote:– Стратешката одлука на Бранко Црвенковски беше како ќе се користи таа, а со промена на лидерството на партијата лидерот си имаше право на своја стратешка одлука – посочи Верушевски.

За вториот свиркач Ѕвонко Костовски, пак, рече дека нема комуникација, но го знае како вработен кој е честит човек, добар работник, одговорен и стручен. Артан Ајро го праша и за колкав обем на материјали станува збор.


Quote: Wrote:– Документацијата со голема прецизност можам да ја дефинирам се додека јас бев одговорен за неа, а тоа е до моето лишување од слобода во 2015. Што се случувало после, што се случува денес по згаснувањето на една институција која имаше надлежност да постапува и да ги чува материјалите, не знам.. Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитување. Зборуваме за после моето лишување – рече Верушевски.

Обвинителот прашуваше дали бомбите се од нелегално прислушување во УБК, а поранешниот разузнавач рече дека тоа може да го каже надлежна институција со вештање.


Quote: Wrote:– Потеклото и креацијата на документацијата може да ја даде надлежна институција со вештачење. За политичката партија таквата амбиција не е достижна ниту е поставена како реалност. Амбицијата на одделот со кој управував беше да обезбеди валидни документи со кои партијата ќе го оспори легитимитетот на власта – рече Верушевски.

На последното прашање дали знае колку системи за прислушување имало во УБК, тој одговори дека не му е познато.
Сленото рочиште судот го закажа за 10 октомври и тогаш повторно ќе сведочи Верушевски но ќе одговара на прашањата на обвинетите и адвокатите.
Во „Таргет-Тврдина“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

ПЛУСИНФО
23-09-2019, 09:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: Wrote:ВЕРУШЕВСКИ СВРТЕ НОВА ПЛОЧА ВО „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“, НЕГИРА ДЕКА БИЛ ВКЛУЧЕН ВО ИЗНЕСУВАЊЕТО ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ ОД УБК И ДАВАЊЕТО НА СДСМ

23 септември 2019
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

[Image: verusevski-mijalkov-438989348.jpg]
Зоран Верушевски денеска ја негираше неговата вклученост во преземањето на бомбите, тврдеше дека не нему, туку бомбите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски ги давале во СДСМ, а тој само ги обработувал. - Сведокот Зоран Верушевски и обвинетиот Сашо Мијалков (Фото: СДК.МК)



Ексразузнавачот Зоран Верушевски, за кого разузнавачите од УБК Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски тврдеа дека нелегалните прислушувани разговори во УБК ги снимале тајно и на цедиња и усб му ги давале нему, на денешното кусо сведочење во Кривичниот суд ги негираше нивните тврдења. Ја негираше неговата вклученост во преземањето на бомбите, тврдеше дека не нему, туку бомбите тие ги давале во СДСМ, а тој само ги обработувал. Со Костовски, рече, и не разговарал.

„Не обезбедував јас никакви разговори, или други документи. Сѐ што се слеваше како документација во партијата, беше моја обврска, за лидерството да гради политичка стратегија“, тврдеше Верушевски, четвртиот сведок во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување.
Верушевски денеска рече дека во 2010 година ги добил првите информации за бомбите. Рече дека останува на исказот што го дал пред обвинителот за гонење организиран криминал и корупција во случајот „Пуч“.

На барање на обвинителот Артан Ајро да посочи на што точно се сеќава, Верушевски рече дека сè убаво објаснил во исказот кој го дал по неговото апсење. Тој исказ не го ни знаат судиите на „Тврдина-Таргет“, но сведокот си остана на одговорот.
Верушевски кажа дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и дека добил чувствителни информации со кои постапувал.
„До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност“, се огради Верушевски.
Тој негираше дека некакви материјали му предал Ѓорѓи Лазаревски. Рече дека одговорноста за материјалите била на СДСМ.
„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година“, се огради Верушевски.
„Документацијата беше цело време во партијата и со неа управуваше претседателот на партијата“, додаде ексразузнавачот.
За разлика од Верушевски, Лазаревски и Костовски јасно jа опишаа во сведочењата клучната улога на Верушевски во изнесувањето на бомбите од УБК, до детали.

Лазаревски на 6 ноември 2018 година рече дека тој и Костовски проучиле начин како да вадат податоци од прислушувањата кои биле нелегални и во огромен број.
„Клучен елемент кога заклучивме со Ѕвонко дека нешто треба да преземеме беше упадот во А1 телевизија. Тоа беше глетка која кажа дека е дојдена власт која тешко ќе се контролира“, рече Лазаревски.
За ова тие му кажале на Зоран Верушевски, кој се вратил од дипломатска мисија во Рим.
„За една-две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко експортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво смс пораки на двд. Сè беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години“, одговараше Лазаревски.
Тој диск Ѕвонко му го давал во ходниците на МВР.
„Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша“, раскажуваше главниот сведок на СЈО.
„При крајот на 2010 година, копираниот материјал му го дадов на Верушевски. Година дена така, а потоа копиравме на мемори стик. Табелата со нелегални разговори стана со време преголема. Во ист ден вадевме, копиравме, изнесувавме. Верушевски го викавме селектор, бидејќи беше креативен во изборот на нелегалните прислушувани разговори. Мораше да крати. Верушевски селектираше што треба. На почеток копиравме од опозицијата на СДСМ. Но, дојдовме до сознанија дека многу функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се прислушуваат незаконски. Јанкулоска и Јанакиески беа најважните што ги вадевме“, посочи тогаш сведокот.
Следното рочиште за вкрстени прашања од обвинетите е закажано за 10 октомври.
Обвинети во „Тврдина-Таргет“ се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски (тогашен шеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. Обвинети се и избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски
С. К. ДЕЛЕВСКА
23-09-2019, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Верушевски: Документите за прислушувањето завршуваа кај Заев и тој управуваше со нив

Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода – сведочеше Верушевски


23.09.2019 / 13:23
Во сведочењето за масовното прислушување во предметот „Таргет“ и „Тврдина”, ексразузнавачот Зоран Верушевски сведочеше дека во 2010 година ги добил првите информации за бомбите. На почетокот на сведочењето рече дека останува на исказот што го дал пред обвинителот за гонење организиран криминал и корупција во случајот „Пуч”.
На барање на обвинителот Артан Ајро да посочи на што точно се сеќава, Верушевски рече дека сѐ убаво објаснил во исказот што го дал по апсењето во случајот „Пуч”. Toj кажа дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и дека добил сензитивни информации со кои постапувал.

Quote: Wrote:Не обезбедував јас никакви разговори, или други документи. Сѐ што се слеваше како документација во партијата, беше моја обврска, за лидерството да гради политичка стратегија. До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност.

Верушевски појасни дека никакви материјали не му предал Ѓорѓи Лазаревски и дека одговорноста за материјалите била на партијата.

Quote: Wrote:Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година – рече Верушевски.
Документацијата е цело време во партијата и со неа управува претседателот на партијата – кажа ексразузнавачот.

На прашањето на обвинителот дали за содржината на бомбите зборел со Црвенковски и Заев тој рече:

Quote: Wrote:Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев – рече Верушевски.
Информацијата и документацијата не завршуваше кај мене, туку кај политичката партија – кажа Верушевски пред судот.

Тој рече дека откако го уапсиле бомбите доживеале промени.

Quote: Wrote:Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода – сведочеше Верушевски.

Тој додаде дека исказот на Ѓорѓи Лазаревски пред Обвинителството за случајот „Пуч” бил целосно невистинит. Следното рочиште кога адвокатите на обвинетите ќе го испрашуваат Верушевски е закажано за 10 октомври.
23-09-2019, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: Wrote:Судење за „Таргет-Тврдина“
Верушевски: Во прислушуваните разговори целосен увид имаше лидерот на СДСМ, јас снимките ги добив во партијата

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина", изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во Социјалдемократскиот сојуз.

[Image: mkd-437094.jpg?itok=ODtOWvk6]

23.09.2019
На денешното сведочење, Верушевски рече дека сите информации и сознанија во врска со незаконското прислушување завршувале во политичката партија и оти увид во целата документација има лидерот на партијата.
Документацијата е цело време во партијата и со неа управува лидерот на партијата, рече Верушевски, додавајќи дека која било информација не ја искористил за лични интереси, ниту тоа му паднало некогаш на памет.
Потврди дека се познавал со разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. Лазаревски, како што посочи, бил еден од оние кои доставувале документација во партијата. Лазаревски, според сведочењето на Верушевски, доставувал документација уште пред тој да дојде да работи како одговорен за безбедносната политика во СДСМ.
Разузнавачите од УБК Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски тврдеа дека нелегалните прислушувани разговори во УБК ги снимале тајно и на цедиња и УСБ му ги давале на Верушевски.
Јас кога дојдов во партијата на крајот на 2010 година продолжив да комуницирам со Лазаревски како одговорен за безбедносната политика на СДСМ“, рече Верушевски.
За документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.
„Факт е дека таа документација доживеа страотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода“, истакна Верушевски.
На почетокот на неговото сведочење, Верушевски неколкупати повтори дека останува на неговиот исказ што го дал пред обвинителот за организран криминал во случајот „Пуч“.
Верушевски денеска одговараше на прашања од јавниот обвинител Артан Ајро кој беше овластен со решение од јавниот обвинител Љубомир Јовески. За овој случај овластени се и обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.
Следното рочиште продолжува на 10 октомври со вкрстено испрашување од страна на одбраната.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, кој денеска беше донесен од затворот во Куманово и разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски кои се во екстрадиција во Грција. Според обвинителиот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. 

МКД
23-09-2019, 09:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Nikola Gruevski
2 hrs · 


ДЕНЕС ОДЕКНА НАЈСИЛНАТА БОМБА!!! ВЛАСТА ЈА РУШЕЛЕ СО МОНТИРАНИ СНИМКИ!!!

Полека, но сигурно вистината испловува на површина...
Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.
Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави.
Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа.
Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото.
“Не и се вклучи сијалицата” ни кога судиите, како никаде во светот го одбија нашето барање, самиот суд да ангажира вештаци и да се изврши вештачење на автентичноста, веродостојноста и особено целовитоста на нелегално прибавените аудио снимки. Нели е малку чудно, да имаш нелегално прибавени докази, кои си ги добил како копии, а не како оргинал и да не сакаш, ниту да побараш да се споредат со оргиналот за да се увериш дека нема манипулација, ниту на тој начин да се вештачи нивната целовитост, автентичност и веродостојност.
Самиот сведок на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на ЦДа и ги испорачувал понатаму.
Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта?
Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и извештајот го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака.
Нели тоа беше чудно?
Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно.
Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да не линчува, па притоа 40 полицајци завршија во болница, а ниту еден од оние кои ги нападнаа.
И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев.
Е ова е “бомба”. Поголема од сите досега.
Ова е најсилната “бомба”!!!
Извршителите на целата операција јавно и во суд потврдуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ беше компромитирана, а потоа и покрај победата од страната на власта, а стотици поединци судени, осудени, притворани, претресувани, жигосани, оцрнети, компромитирани со не само нелегално прибавени аудио снимки односно копии од такви снимки, туку и сериозно едитирани, модифицирани и компромитирани, или... пак ќе се вратиме на поранешната фраза која исплива на површина како и секоја вистина: сечени, лепени, прелепувани и монтирани.
Секако, дел од таа јавност повторно нема да се согласи со ова и ќе продолжи да не напаѓа и обвинува, особено мене. И тоа е во ред. Нека тераат како што сакаат. Демократија е нели, па секој може што сака да коментира.
Но, вистинското прашање е, како после ова ќе се однесуваат судиите, како оние во Кривичниот суд, така и во Апелациониот и во Врховниот суд. Независно “кој чив е” и за кого е. Кој кого сака или мрзи, политички или било како (алудирам на судии блиски до СДСМ). Независно кој ги притиска, им се заканува, ги уценува или ги поткупува со ветени унапредувања, вработувања на луѓе од нивното семејство или верувања дека ќе ја поделат со нив паричната штета која би ја добиле, а која нетреба да ја добијат.
На Заев воопшто нема да му е гајле за нив кога ќе биде сменет од премиер. Тој ќе гледа како себе да се спаси од злоделата кои и ги направи на Македонија и на многу луѓе кои ги гледаше како пречка на патот во реализација на неговите валкани цели.
Нему во моментот единствено важно му е да остане на власт на изборите по една година. Затоа и го направи ова со незаконското префрлање предмети од СЈО во ОЈО. Веќе предметите го води неовластен тужител. СЈО правно формално сеуште постои и се е незаконски направено. Мислите дека тој не знае дека ова е незаконски и дека еден ден ќе падне? Знае! Но сега му е важно во следните 10 месеци, СЈО односно ОЈО, како и судиите и оние нивни совети, да ги искористи за да остане на власт преку нови прогони, затворски казни, нови обвиненија, притвори, претреси, спектакли, диктирање теми во медиумите и јавноста кои ќе оцрнуваат поширок круг од неговите политички противници, а се во правец на задржување на својата политичка моќ по следните парламентарни избори.
Тој е свесен дека откако ќе падне и со тоа откако ќе исчезне неговиот притисок, уцена, закана а некаде и поткуп кон обвинителствата и судството, има десетици законски и уставни причини се ова да падне. Тој го знае тоа и воопшто не го интересира денот откога ќе падне. Ниту судбината на судиите и обвинителите кои под негова принуда носат незаконски, нестручни и несовесни одлуки кои никој непристрасен во светот не може да ги разбере.
Мислите напразно институциите и судовите на засега три земји членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска потврдија дека преку нашето судство се врши класичен немилосрден политички прогон? Мислите глупави се тие или би ризикувале ако не е така?
И не само овие три земји. Секоја независна институција и непристрасен суд на земја во ЕУ би го сторила истото. Затоа што има очигледни и несоборливи докази и признанија за политички прогон, не фер судење, лажни обвиненија и нивни квалификации со цел некој да дојде на власт, да смени име, идентитет и историја на една земја и народ, а потоа и со цел да остане на власт подолго.
И уште нешто... денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО. Тој на судот му кажа дека тие го лажеле судот во своето сведочење повикувајќи се на координирана соработка со него. Непостои суд на светот кој исказите на тие два сведока после ова ќе ги земе за релевантни. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии преставници лично се среќавал.
На потег е сега судството да се дистанцира од сите манипулации на разузнавачки служби и политичките манипуланти и да ги врати предметите таму каде им е местото- на буништето на историјата каде веќе се најде Катица Јанева и нејзината екипа која тајно се честела секој месец со илјадници евра народни пари додека се изживуваше со нас и додека аздисани, вознесени и забегани се препукуваа и натпреваруваа кој од нив ќе се кандидирал за претседател на Република Македонија во иднина.
Сите ние некогаш, можеби наивно верувавме дека СЈО нема да може да ги победи фактите, доказите и законот, а дека судот нема да си дозволи до таква мерка да работи незаконски и по партиска нарачка.
Знам дека и дел од судиите никогаш, ниту помислиле дека некој ден ќе мора да носат така очигледни незаконски одлуки какви што не можеле ни да сонуваат, од страв да не им се случи нешто лошо од власта.
Оваа денешна изјава во судот на Верушевски околу “квалитетот” на доказите и сведоците е отрезнувачка за сите кои заборавиле дека вистината не може да се сокрие.
П.С.
И да не се изненадите кога еден ден оние луѓе кои даваа изјави под закана и уцена, а дел од нив и лажни сведоштва под закана од СЈО, ќе си ја кажат вистината.
Оние кои на првиот распит во СЈО кажуваа дека нивни е потписот на некоја партиска донација од на пример 500 евра, па на испраќање пред вратата обвинителот тивко, небаре многу пријателски тапкајќи ги по грбот им викаше: “ајде размислете уште малку. Имате деца...”.
Па откако ќе ги посетеа и доуплашеа некои други уценети ликови од истото СЈО, кои прифатиле да бидат “помагачи” (барем така службено ги водат во СЈО) со цел да ги изземат од обвиненијата, а кои подоцна или барем дел од нив се ребрендираа од “помагачи” во “реформатори”, ќе ги доуплашеа и следниот пат во страв и пребледени ќе дојдеа со спремна изјава различна од првата, нарачана од обвинителот, издиктирана од “помагачите” кои својот неморален однос и пресврт во нивното однесување, лажно им го оправдуваа со наводната длабока убеденост за реформи во партијата каде до “вчера” до пред “овие ренегати да ги фати СЈО на едно чувствително место,, го зборуваа спротивното. Оние истите што сега веќе прифатиле нова “мисија” па ни презентираат некаков нов македонски концепт, дека на следните генерации требало да им оставиме само држава, слобода и пари, а името, идентитетот и историјата да им ги оставиме на соседите, кои бездруго на своите граѓани ќе им остават и држава, слобода и пари. Но, и многу повеќе од тоа.
23-09-2019, 09:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:„Принципиелноста“ ги занеме и СДСМ и Црвенковски за сведочењето на Верушевски

Мариела Трајковска - 24/09/2019 14:48
Го затече ли СДСМ сведочењето на Зоран Верушевски дека прислушуваните разговори биле носени во СДСМ, а не кај него лично и дека по неговото апсење бомбите доживеале стравотна модификација и компромитирање? Врвот на партијата молчи, а партискиот портпарол Костадин Костадинов изјави дека не може да коментира сведочења и судски процеси.
Без коментар „принципиелно“ остана и поранешниот претседател на државата и партијата Бранко Црвенковски, иако според Верушевски, бомбите во партијата почнале да се носат уште кога лидер на СДСМ бил Бранко Црвенковски, но дека неговиот наследник Зоран Заев решил да ги објави пет години подоцна.
Иако се обидовме да добиеме одговор за исказот на Верушевски, некои од потпретседателите на СДСМ не одговараа на телефонските повици, други не упатуваа дека сѐ во врска со сведочењето на Верушевски ќе одговори портпаролот Костадинов.
Но, Костадинов речиси и ништо да не кажа. Освен дека не коментираат судски процеси, портпаролот рече дека досега неколкукратно е потврдена автентичноста на снимките.
– Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите матријали, дополнително имајќи ја во предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО. Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако знаеме дека сега се е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК – рече Костадинов.
Костадинов не одговори кој ги доставил снимиките во СДСМ ,Верушевски или пак свиркачот Лазаревски.Тој остана на ставот дека свиркачи ги доставиле снимките.
Сведочењето за случајот на СЈО „Таргет- Тврдина“ на поранешниот рзаузнавач Верушевски не се совпадна со дел од исказите на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.
Тие тврдеа дека вадењето на податоците почнало во 2010 година и дека за ова му кажале на Верушевски, кој се вратил од дипломатска мисија во Рим. Според Лазаревски и Костовски, материјалите му ги дале на Верушевски, кој пак ги предал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Наспроти ова, Верушевски вчера во сведочењето рече дека Лазаревски бил едно од лицата кои донесувале документации во партијата со која комуницирал од 2010 до 2014. Според исказот на Верушевски, материјали имало и во времето на Бранко Црвенковски, но посочи тој, секој лидер си гради своја стратегија како ќе ги користи.
Верушевски рече и дека до неговото апсење во 2015 година имал контрола на материјалите, но за потоа не гарантираше.
– Што се случувало после, што се случува денеска, не знам. Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода – сведочеше Верушевски.
За ВМРО-ДПМНЕ пак, сведочењето на Верушевски е потврда на нивното тврдење дека  Заев е подготвен на сѐ само да дојде на власт.
24-09-2019, 01:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Верушевски контра Лазаревски: Кој ја зборува вистината?


Автор: Владо Апостолов

Објавено на 24 септември 2019

[Image: IMG-6eb5bf56b69b44084e95bc9d6b4438a9-V.jpg]
Верушевски шокираше со вчерашното сведочење | Фото: Роберт Атанасовски


Постојат сериозни разлики и спротивставени тврдења во сведочењата на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и екс-вработениот во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Ѓорѓи Лазаревски за начинот на кој се ваделе и менаџирале нелегално снимените разговори од канцелариите на веќе трансформираната УБК.
Една од клучните разлики е тоа дека Лазаревски на ланското сведочење во судот тврдеше дека тој, всушност, бил посредник меѓу Верушевски и неговиот тогашен колега од УБК, Звонко Костовски. Наводно, Костовски ги вадел материјалите, му ги давал на дивиди и овој ги предавал на Верушевски.
Верушевски, пак, вчера во судница рече дека Лазаревски материјалите ги предавал директно во партијата СДСМ.
„Информацијата и документацијата не завршуваше кај мене, туку кај политичката партија“, изјави тој.

Имало ли директен контакт меѓу Лазаревски и Верушевски?

Лазаревски раскажа дека клучниот момент кога со колегата Звонко Костовски решиле дека ќе ги вадат нелегалните аудиофајлови од УБК е упадот на полицијата во А1 телевизија, кој се случи неколку дена пред крајот на 2010 година.
Тој објасни дека потоа случајно се сретнал со Зоран Верушевски и екс-разузнавачот го посоветувал дека материјалите треба да се чуваат и да се анализираат.
„Вистинското вадење на материјалите следеше откако контактиравме со него“, објасни Лазаревски.
Понатаму, тој тврдеше дека сите дискови што ги добивал од Звонко Костовски со „бомбите“ прво ги копирал на свој екстерен хард-диск, па потоа му ги предавал на Верушевски.
„Обично се среќававме неколку часа подоцна“, објасни Лазаревски за начинот како му ги предавал материјалите на Верушевски.
Сосема спротивно на ова, Зоран Верушевски вчера во судница негираше дека што било добивал од Лазаревски.
„Ѓорѓи Лазаревски беше еден од лицата што донесуваа документи до партијата“, рече поранешниот разузнавач.

Партиски функционер или човек што работи сам?


[Image: Gjorgji-Lazarevski-i-Trajce-Pelivanov.jpg]
Ѓорги Лазаревски не беше достапен за да го коментира сведочењето на Верушевски | Фото: БИРН


Втора дискрепанца меѓу двете сведочења е околу евентуалната партиска улога на Верушевски во моментите кога поранешниот разузнавач ги обработувал разговорите, кои, според него, биле доставувани во партијата. Лазаревски за време на ланското сведочење рече дека Верушевски го сметал за професионалец, кој не е конвенционален припадник на партија и човек што работел сам.
Верушевски, пак, вчера кажа дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и дека „добил чувствителни информации со кои постапувал“.
Според Лазаревски, тие престанале да влечат материјали во моментот кога тој под принуда си дал отказ. Заминал на 31 октомври 2013 и само уште еднаш, наредната недела во ноември Костовски му дал УСБ со материјали.
„Тука заврши соработката, Звонко не сакаше да се гледа со Верушевски, бидејќи тоа беше многу ризично“, изјави Лазаревски.
Во делот со Звонко Костовски и се поклопуваат двете сведочења, ланското на Лазаревски и вчерашното на Верушевски, бидејќи вчера екс-разузнавачот потенцираше дека со Костовски немал контакти.
Интересно е дека Лазаревски на сведочењето лани тврдеше дека токму Верушевски во еден момент побарал со Костовски да ги маркираат, односно да ги прислушуваат Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„Слатко му се изнасмеавме“, рече тогаш Лазаревски и објасни дека не прифатиле зашто знаеле дека тоа е криминал и јасно им било дека системот за маркирање е поставен на таков начин што секако ќе оставеле траги дури кај три мобилни оператори.
Лазаревски оваа епизода ја откри како одговор на прашање на обвинителот од СЈО, а Верушевски до сега не се изјаснил конкретно по ова тврдење.
Ѓорги Лазаревски не беше достапен за да го коментира сведочењето на Верушевски.

„Лепени, сечени, монтирани“

[Image: 360-STEPENI-TORTEVSKI-ZA-SPECIJALNIOT-OB...ouTube.png]

„Oбвинителство да го повика Верушевски“, Toртевски
Најмногу реакции вчера предизвика делот од сведочењето на Верушевски дека документацијата, се мисли на снимените разговори, доживеале „стравотна модификација и компромитирање“ откако во времето на власта на Никола Груевски беше притворен за случајот „Пуч“.
Ова беше повод експремиерот Никола Груевски да се јави од Будимпешта на Фејсбук со коментар дека ова е круцијалниот доказ дека „бомбите биле сечени, лепени и монтирани“.
Адвокатот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски.
„Треба Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сериозно да се провери. Обвинителството треба да го соочи со Лазаревски и со Костовски. Доколку се утврди дека во претходната постапка, во предистрагата Верушевски кажал нешто сосема спротивно, тогаш треба да му се покрене постапка за лажно сведочење“, вели Тортевски и прашува зошто до сега Верушевски молчел.
Според Тортевски, изјавата на Верушевски за модифицирање на материјалите не може да влијае врз судбината на поголемиот дел од предметите на СЈО, освен оние чии пресуди се базираат исклучиво на „бомбите“.
„Во тој случај може да има проблем, ако вештачењето покаже дека токму тие снимки, врз основа на кои е донесена пресудата, се менувани. Во тој случај има правни алатки да се оспорат и пресуди.“
Сведочењето на Зоран Верушевски предизвика шок, бидејќи тој се сметаше за близок човек на премиерот Зоран Заев. 
Верушевски и Заев маршираа заедно на празникот 11 октомври 2016 година, неколку месеци пред изборите по кои СДСМ ја презеде власта од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој од 2017 му е советник на премиерот за национална безбедност, од Владата за БИРН денеска потврдија дека сѐ уште го има тој статус. Од летово, пак, Верушевски има слична улога и во СДСМ. Таму е претседател на комисијата за внатрешни работи.
25-09-2019, 10:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



25-09-2019, 12:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Лазаревски за Фактор: Бев и останувам транспарентен


[Image: 20171104145945.jpg]
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

 
„Секогаш досега бев транспарентен, дури и кога сите молчеа и во иднина ветувам дека ќе бидам транспарентен“, ова е единствената изјава што Фактор успеа да ја добие од екс разузнавачот Ѓорги Лазаревски, по сведочењето на Зоран Верушевски завчера на рочиштето за Таргет - Тврдина. По многу обиди да го добиеме, Лазаревски кратко рече дека тој во моментов не сака да зборува на оваа тема, освен дека бил и останува транспарентен. 
А всушност, исказот на Верушевски завчера во судот предизвика бура во јавноста, бидејќи тој рече дека бомбите не стигнале прво кај него, туку дека Лазаревски ги носел во тогаш опозициската СДСМ, по што тој само ги анализирал како задолжен за безбедносната политика на партијата. За нивната судбина одлучувале раководствата на социјалдемократите.  
Лазаревски сведочеше за овој предмет во ноември лани и тогаш неговиот исказ беше прецизен. 
„За една – две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко екпортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво СМС пораки на двд. Сѐ беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години.Тој диск Ѕвонко ми го даде во  ходниците на МВР. Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша”, рече Лазаревски во судот, минатата година.
Верушевски, пак, завчера практично ова го негираше.
„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година", рече Верушевски на рочиштето.
Доколку Лазаревски и во иднина остане на своето тврдење дека нелегално стекнатите материјали му ги предавал на Верушевски, а овој, пак, вели дека само анализирал бомби што стигнувале во СДСМ, логично е да се постави прашањето дали станува збор за истите бомби, односно, со какви всушност бомби располагала тогаш опозициската партија, и кој за неа ги обезбедил тие материјали?
Од Верушевски, пак, јавноста ќе очекува одговор на дилемите што подразбира под „стравотна модификација и компромитација“ на документацијата, за која вели дека се случила после неговото лишување од слобода.
Од СДСМ вчера тврдеа дека веродостојноста на „бомбите“ е неколкукратно потврдена досега, за што, потврда било и вештачењето што било направено во Германија. 
„Сите граѓани и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето што беа инволвирани во самите материјали. Дополнително, имајќи ја предвид приватноста, СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО“, изјави партискиот портпарол Костадин Костадинов. 
25-09-2019, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Се ќе биде појасно по второто сведочење на Верушевски


27/09/2019
[Image: zaev-960x631-696x457.jpg]

Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање, вели премиерот, Зоран Заев, во врска со сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на последното рочиште за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото приведување „бомбите“ во СДСМ биле „модифицирани и компромитирани.“
Јас имам, буквално, на дневна основа разговори со моите советници, така и со советникот за национална безбедност, господинот Верушевски. Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата – вели Заев во интервју за „Глас на Америка“.



Значи пазарењето со Верушевски да го „допрецизира“ сведочењето, поточно да ги исфрли од сведочењето работите кои ке го товарат Заев е во тек!!
27-09-2019, 07:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(25-09-2019, 12:38 PM)ЈорданПетровски Wrote:


Quote:Петровски: И Фатиме Фетаи е уценета со случајот Рекет

September 28, 2019
[Image: .png?fit=300%2C225&ssl=1]
Политичкиот дисидент Јордан Петровски кој живее во Канада смета дека и обвинителката Фатиме Фетаи е уценета со случајот Рекет.
Коментирајќи на анализа на реакцијата на Фетаи за тврдењето на Верушевски од активистот и членот на Македонскиот Национален Совет Роберт Милески, Петровски коментира за поврзаноста меѓу Фетаи, Верушевски, Рекет, Нешковски и Ел Чека.
“Фатиме со оваа изјава прати порака дека и таа е уценета и тоа со случајот РЕКЕТ и дека без оглед на фактот што Верушевски даде јасно до знаење дека се модификувани разговорите а како се модификувани можевме да слушнеме од видеот на Ел Чека, врзано за убиството на Нешковски!”, пишува Петровски на коментарот на Милески:
“Во врска со неговата изјава дека материјалите претрпеле некоја модификација, Фетаи рече дека..”
Некоја? Не Фатиме, зборот беше СТРАОТНА модификација!
“За нив како Обвинителство, автентичноста на материјалите воопшто не е спорна.”
Знаеш Фатиме, во исказов имаш еден проблем, сите вие “бомбите” сте ги слушнале ПОСЛЕ модификацијата, а само неколку луѓе, меѓу кои и Верушески, се ретките што се сведоци какви биле тие ПРЕД модификацијата. Затоа твоето тврдење е глупаво и паѓа во вода, оти не си ни можела да знаеш што се случувало и во каква состојба биле материјалите претходно.
Како пример може да се земе разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска, кој очигледно беше исечен за пред јавноста да се створи слика за директна замешаност на Груевски во случајот, за Заев да го втурне народот во пресметка со полицијата што и се случи. Само нечовек може да втурне народ во крвава пресметка за да дојде на власт. Ако има правна држава тогаш муртинскиот лажов само за ова злодело треба да одговара за обид за рушење на уставниот поредок на РМ.
Како велат, времињата се менуваат, ќе даде Бог правдата да надвладее. Кој што си здробил, тоа ќе срка, доколку јас се прашувам”.
28-09-2019, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:„ЛАКИ ЈЕ МАЛО НЕРВОЗАН“

Nikola Gruevski
1 hr ·
Муртински приказни: “портпаролот” на сведокот кажа што неговиот советник ќе каже следниот пат и што сакал да каже претходниот пат.
Заев наредил во СДСМ снимките да ги прими човек кого тогаш не го познавал!?
Неговиот функционер и соселанец, наеднаш станал многу добар човек, ме засакал и решил да ме части со милиони евра.
Додека ја гледаме сцената “вози Мишко” провејува репликата од еден друг филм: ,,Лаки је мало нервозан”.

1.Преварантов наш и од Њујорк лаже ?. Советникот му го расипа меракот и комодитетот, барем за кратко, бидејќи според кажаното на неговиот шеф, тој ,,веќе го решил сведокот” во овие неколку дена, во правец да си го повлече зборот.
Со разни дообјаснувања, дополнувања, толкувања и слични трикови, за кои неговиот шеф е ,,вистински махер” и во миг ќе му смисли неколку, па овој нека бира?
Всушност, ,,махеров” веќе на јавноста и прераскажа што сакал да каже сведокот откако нели веќе со него разговарал, а сведокот сега само треба да го изрецитира тоа или слично на тоа во судот за 15-20 дена.
Првото објаснување односно информирање од ,,портпаролот на сведокот” е дека сведокот кажал така бидејќи бил разочаран од случајот “Рекет”.
Значи, бидејќи ,,портпаролот на сведокот” и Катица решиле да рекетираат, па со други снимки направени оваа 2019 година ги фатиле и пријавиле, сведокот толку се разочарал што во таа агонија на разочараноста ,,му светнало” да каже дека снимките предадени во СЈО пред 4 години, се страотно модифицирани и компромитирани откако тој бил лишен од слобода во 2014 година и дека тој не им ги дал на другите двајца сведоци истите.
Муртински приказни...нели?
Тоа е исто како на пример Заев да се изнервира од уцената на Катица дека ќе обелодени дека заедно работеле во “Рекет” и во многу други недозволени активности, па така изнервиран да објави дека хард дисковите со снимките реално не ги предал на СЈО на 30 декември 2015 година, односно дека тогаш предал само празни хард дискови, колку за сликање, а полните хард дисковите со нелегално снимениот и модифициран аудио матерјал всушност и го предал две недели подоцна на приватна средба во неговата фирма за правење керамиди ,,Еленица” во една пријателска и срдечна атмосфера, како што всушност и било.
Му требало на ,,махерот” уште малку време да ги модифицира и компромитира снимките.
А и да избрише тоа што не му одговара. Да не предаде нешто што некогаш Катица може да го употреби против него. Попусто Катица две недели пред да ја затворат побарала од обвинителот Пеливанов да бара низ аудио матерјалите нешто компромитирачко за Заев. Тој на време го среди тоа и во ,,Еленица” околу Василица, всушност и ја претскажа судбината, ама таа тогаш сеуште беше многу среќна заради функцијата и не помислуваше дека измамник си е измамник. Само време е во прашање... како онаа приказната кога жабата ја пренесува шкорпијата качена на грбот преку реката, а оваа на сред река ја убодува пуштајќи и отров. Кога жабата сеуште жива зачудено ја прашува зошто го направила тоа, бидејќи сега кога ќе умре и скорпијата ќе се удави, оваа одговара: ,,посилно е од мене”.
Ама славниот измамник не е како неговиот советник, да се изнервира за една работа и се да си каже за друга работа... ”портпаролот на советникот” кога ќе се изнервира само уште по несмасно лаже.
Сега по објаснувањето на ,,портпаролот на советникот” ќе излезе дека ,,Ел чека” ,,страотно ги модифицирал и компромитирал снимките”, вклучително и онаа за Мартин Нешковски.
Се сеќавате како едно време раскажуваше дека преставници на странски служби му ги дале снимките, па дека лично се сретнал со нив и се убедил... Кратко потоа тој ја ,,смени плочата” и со една ,,страотна” леснотија си почна нова приказна...
Всушност ако вака излезе како што ни раскажа Заев, ќе излезе дека сведокот само на кратко му ја расипал забавата. Затоа што пред сведокот- советник да добие напад на искреност при сведочењето во судот, колку само неговиот шеф убаво си ги муфтусуваше на раат сите што ги сретна таму во Њујорк, и им држеше беседи за тоа како блескаме и слични будалаштини, убеден дека сите му веруваат исто онолку колку што му потврдуваат?
Во редицата лаги содржани во само една изјава, е и она дека форензиката потврдила дека снимките се оргинал. Која форензика потврдила? Некоја човек фирма што самиот си ја договорил пред 5 години?
Како форензиката утврдила кога матерјалот кој е копија не го споредила со оргиналниот матерјал?
Патем речено, се согласувам со сите оние кои велат дека во правна смисла има разлика меѓу снимките од “Рекет” и оние на СЈО. Од “Рекет” обвинителството има оргинални снимки. Копиите според она што го чувме од медиумите се кај една соседна земја. Снимките на СЈО се копии не споредено со оргиналот без вештачење за нивната целовитост, автентичност и веродостојност и со куп докази и признанија дека е интервенирано во нив.
Уште една лага во истата изјава е дека никој од обвинетите правно формално не ја оспориле автентичноста, целовитоста и веродостојноста на аудио матерјалите.
А ние што во судница баравме вештачење на автентичноста, целовитоста и веродостојноста, а судот не одби, за што баравме? За да докажеме дека Заев е во право? И зошто не одби судот? Пардон, зошто му наредиле на судот да не одбие за тоа? Ако беа чисти, се одбива ли обвинет кога бара вештачење, а за кој си сигурен дека не е во право?
Следна лага е дека аудио матерјалите биле правно-формално дадени на СДСМ, а ги примил Верушевски. А Верушевски во тоа време нема никаква партиска функција. И не само што нема функција, туку според поранешната изјава на Заев, тој и Верушевски се до 2015 година не се познавале?
Нашиов махер, ќе сфати колку е способен кога еден ден ќе одговара за влијание врз сведоци и злоупотреба на службена должност како и злосторничко здружување за манипулирање со монтирани снимки.
Ќе сфати колку е махер кога многу луѓе ќе прозборат за тоа што сега се плашат да го кажат.
30-09-2019, 09:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:
Quote:Инаку КОД дојде и до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“.
 
КОД: Ова се фотографиите што Верушевски ги добил во пратката во Шутка, на едната бил ЗАЕВ со непозната жена


[Image: 71678749_10211970372774796_2942889613871546368_n.jpg]

Објавил: Сара Фемина | 5 октомври, 2019 16:51
Од оние кои имаат сознанија за случајот, исказот на Верушевски во истрагата за „Пуч“ го оценуваат како обемен, содржаен кој открива како всушност е извршено снимањето и нелегалното прислушување.
Верушевски уште тогаш барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа.
Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК, во петата управа.
Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна – опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“. Специјалните обвинители докази бараа потоа преку претрес во УБК и со експертска помош од Ериксон кои ги бараа доказите во мрежата кон Телеком.
Овие извори на КОД тврдат дека целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите. Ваквиот исказ го откри КОД во оценката на обвинителниот акт даден пред судот.
Верушевски тогаш ќе каже:
Не постои шпиунажа која се фокусира на прислушкување во држава. Таква амбиција нема самата шпиунажа туку има цел да обезбеди содржини кои се од витален интерес за национална безбедност. Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протоколи кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап.
Но во исказот од понеделник за „Тврдина Таргет“, Верушевски вели поинаку.
Инаку КОД дојде и до запленети фотографии што Верушевски ги добивал додека бил во притвор за „Пуч“.




07-10-2019, 11:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Верушевски: Груевски треба да биде првообвинет во случајот за нелегалното прислушување

Навистина е сериозен пропуст на СЈО да не го обезбедени неговото присуство и во овој и во сите други процеси. Со нетрпение ги очекувам резултатите од истрагата за бегството. Тука се кријат одговорите на многу прашања кои можеби сакате или не сакате да ги поставите, но тие прашања ќе ја допрат вистината за оваа оваа материја која е предмет на ова судење, рече Верушевски.


Александар Самарџиски - 10/10/2019 14:08

Никола Груевски треба да биде првообвинет во случајот за нелегалното прислушување. Тој заедно со другите двајца бегалци во Грција, Горан Грујевски и Никола Бошкоски се фокусот на креацијата на документацијата, рече Зоран Верушевски во неговото денешно сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина.
Обвинетите и нивните адвокати немаа прашања за него, па тој одговараше само на дополнителни прашања од обвинителите и судиите.
Верушевски ниту еднаш не го спомена Мијалков, кој е првообвинет во случајот, а прстот го впери кон СЈО велејќи дека го изместило фокусот и направило пропуст алудирајќи на тоа што Груевски не е на обвинителна клупа.
– Навистина е сериозен пропуст на СЈО да не го обезбедени неговото присуство и во овој и во сите други процеси. Со нетрпение ги очекувам резултатите од истрагата за бегството. Тука се кријат одговорите на многу прашања кои можеби сакате или не сакате да ги поставите, но тие прашања ќе ја допрат вистината за оваа оваа материја која е предмет на ова судење – рече Верушевски додека одговараше на прашања на обвинителката Ленче Ристоска.
Одговарајќи на прашањата на судијата Владимир Туфегчиќ, тој рече и дека бегалците, Груевски, Грујевски и Бошкоски, сега си добиваат соодветен третман благодарение на тоа што го поседуваат.
– Овие тројца луѓе по мое длабоко убедување се фокусот на креацијата на оваа документација и врз база на неа обезбедуваат соодветен третман во државите во кои се наоѓаат сега – рече Верушевски.
– Сметате дека и во овој момент поседуваат таква документација? – веднаш го праша судијата Владимир Туфегчиќ.
– Ова што го поседува СЈО е минорен дел во однос на тоа што тие го имаат. Мислам на изворната документација за која низ вештачењето треба да се добие нејзината димензија. Тврдам дека таа документација е подобна за една ваква манипулација која на овие лице им обезбедува не само заштита од тие држави, туку еден чудесен пристап на немање коментар од тие држави на сите правни иницијативи што нашата држава ги прави за нивно враќање тука – рече ексразузнавачот.
Во таа насока тој даде и коментар: „Само еден господ знае што сé поседуваат“.
Тој зборуваше и за загрозената национална безбедност со фактот што тројцата бегалци имаат монопол над „документацијата“ и што се упатени во тоа како функционира системот.
Во државите каде се наоѓаат, рече поранешниот разузнавач, не верувам дека некој ќе ги праша колкав е приносот на овоштарството или туризмот во националниот БДП, туку ќе ги праша за сите поединости околу техничките карактеристики на една институција која е клучна за безбедноста.
Целата оваа операција и злоупотребата на институциите, според Верушевски, произлегува од амбициите да се задржи власта по секоја цена.
Судијата го праша и што мислел кога на минатото рочиште рече дека документацијата доживеала страотна компромитација и модификација.
– Контурите на одговорот се овие. Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура беше во рацете на луѓето кои сега се во бегство во Грција и Унгарија – рече Верушевски алудирајќи дека за модификацијата мислел во однос на тоа што базичните материјали ги поседувале овие тројца луѓе.
– Оттаму е и моето укажување дека таа базична документација, ако се задежеше, ако ја задржеше опремата, ако опремата не беше уништена, секако ако е точно тоа што го слушаме од коментарите на СЈО, доаѓаме до вистината за овој случај. А се разбира што се случувало и што се случува со таа документација што ја имаше СЈО, а сега ОЈО, тоа е надвор од мој домен, нема можност за мој коментар и оставам простор можеби некоја следна истрага да го постави тоа прашање – одговори сведокот.
Верушевски во голем дел од неговото излагање на прашањата не даваше конкретни одговори и покрај тоа што некои прашања се повторуваа и по неколку пати. Одговараше индиректно и теоретски. Како и претходно и сега не спомна „бомби“ туку „документација“, а обвинителката Ристоска побара да појасни што поточно мисли под овој поим.
– Документација претставува примарен изворен документ со кој една институција се идентификува преку неговата содржина и неговата законска надлежност за формирање на таков вид документи – одговори Верушевски.
Тој посочи и оти документацијата што ја имале во партијата била во ист формат како што е предадена во СЈО.
„Рековте дека сте биле одговорен за безбедносната политика во СДСМ и информациите ваков карактер биле обврска за анализа на вашиот оддел во партијата. Каде физички се правеа овие анализи и на какви уреди?“, беше едно од следните прашања на обвинителката.
Верушевски повторно одговори во негов стил.
– Анализите се мисловен процес, а не физички и се остваруваат индивидуално и се предодредени од интелектуалниот потенцијал на поединецот. Илузорно е да се фокусираме на локацијата затоа што е невозможно да дефинираме кога и каде завршува мисловниот процес на еден човек. Со други зборови, тоа значи дека не само во просториите на СДСМ е можно човек да добива поттик да размислува и процес на размислување – рече тој.
Верушевски е еден од првите сведоци во „Таргет-Тврдина“, а за следното рочиште на 24 октомври на барање на обвинителството покана ќе добие и премиерот Зоран Заев. Претходно сведочеа и свиркачите од УБК, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.
Во Таргет-Тврдина првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
10-10-2019, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Судска битка на разузнавачките титани


октомври 10, 2019
Во судот за предметот „Таргет Тврдина“ треба да се соочат поранешните први разузнавачи-сведокот Зоран Верушевски наспроти обвинетиот Сашо Мијалков. Кој нелегално прислушувал над 20 илјади граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК е клучниот одговор што се чека од судскиот исход.


Високопрофилниот случај на поранешното Специјално обвинителство Таргет Тврдина ќе ги соочи во судница некогаш првите луѓе на сега поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски и Сашо Мијалков. Обвинетиот Мијалков на чело на оваа функција беше од 2006-тата година до 2015 година кога го напушти своеволно директорското столче по случувањата во „Диво Насеље.
Неговиот претходник пак, кој во овој предмет е во својство на сведок, професорот по безбедност Верушевски беше на чело на УБК односно тогашна ДБК ( Дирекција за безбедност и контраразузнавање ) во периодот од 1994 до 1998 година, за во 2002 година повторно да седне на директорското столче по промената на власта, за во 2006-тата година да биде испратен за советник за безбедност на амбасадорот во Рим.
И двајцата од позиција на раководни функции беа следени со скандали и контроверзии за злоупотреба на службена должност како и афери за прислушување.На рочиштето на 23 септември Верушевски ја негираше неговата вклученост во превземање на бомбите од разузнавачите од УБК Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, и тврдеше дека не нему, туку бомбите тие ги давале во СДСМ, а тој само ги обработувал.


Премиерот Зоран Заев, кој како советник за безбедност во кабинетот го има Верушевски, набрзо по ова изјави дека Верушевски на следното рочиште за „Таргет-Тврдина“ ќе го појасни исказот
„Тој мене ми објасни и мене апсолутно ми е јасно. Секако е точно дека материјалите се предадени на господинот Верушевски, како што велат Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, но тие се предадени правно – формално на СДСМ, а ги прима Зоран Верушевски, затоа што јас сум тогаш и претседател веќе на СДСМ, но истовремено и разочараноста од тоа што некој го злоупотребувал СЈО во делот на случајот Рекет, се појавило Ел Чека, се појавило не знам што, тоа го кажува за компромираноста или модифицираноста на тие материјали“, изјави Заев на 30 септември.
Јавноста за оваа афера дозна во 2015 година на 9 февруари кога по неколку месечни најави лидерот на СДСМ Зоран Заев го објави првиот сет на нелегално прислушувани разговори.
„Оваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го почнавме за враќање на слободата и демократијата.“, рече тогаш Заев покажувајќи на документи од прислушувани разговори именувани како проект „Вистината за Македонија“. Тој тогаш изјави дека над 20 илјади граѓани биле прислушувани, меѓу кои опозицијата, министри во владата, пратеници, ДУИ, ДПА и обични граѓани. Само телефонските броеви на Никола Груевски и на шефот на тајната полиција не биле мета за прислушување.
Во судницата, свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои работеа во УБК ја открија шемата на нелегалното прислушување. Во 2010 година прв пат откриле дека без судска наредба се внесуваат броеви во системите за следење на комуникации и почнале да прават копии на дел од нив.
„Уште тогаш самиот амбиент во Управата инидицираше дека нешто чудно се случува“ рече Лазаревски во своето сведочење во судницата. Како што објаснуваше, игра на случајност била тоа што тој работел во истата просторија каде што бил сместен и системот за прислушување кој се користел до 2008 мата година, но бил одвоен со параван.
Тој посочи дека контроверзните фалјови ги изнесувале со УСБ од УБК и ги складирале во енкриптирани фајлови на приватен компјутер. Откако сфатиле дека меѓу прислушуваните е и сега поранешната министерка Гордана Јанкуловска помош побарале од нивниот претходен шеф, Верушевски.
Клучниот момент кога и Ѓорги Лазаревски и Ѕвонко Костовски решиле дека ќе ги вадат аудиофајловите е упадот на полицијата во А1 телевизија, кој се случи неколку дена пред крајот на 2010 година.
„Тоа беше главниот тригер,“ рече Лазаревски.
Тогаш по една случајна средба со Зоран Верушески, екс разузнавачот го посоветувал дека материјалите треба да се чуваат и да се анализираат.
„Вистинското вадење на материјалите следеше откако контактиравме со него. Верушески го сметав за професионалец, кој не е конвенционален припадник на партија. Јас и Ѕвонко ќе се задушевме во материјалот, а тој знаеше да го обработи, беше дискретен и работеше сам, “ појасни Лазаревски при едно од неговите сведочења.
Тогаш на обвинителско прашање изјави и дека Верушевски побарал од нив, како таргети да ги вметне и Груевски и Мијалков. Но тоа не го сториле, затоа што, како што вели, тоа е криминал и јасно им било дека ставање на таков маркер ќе остави трага кај трите мобилни оператори.
Во првото интервју за интернет порталот „НОВА ТВ “ Лазаревски изјави дека му верувале на Верушевски и затоа од него побарале помош.
„Тој ни беше надлежен, тој е професор и тој ме научи дека корупцијата е најголемата закана за една држава“ велеше Лазаревски, кој беше единствен од тројцата што јавно зборуваше за аферата прислушување. И Верушевски и Костовски само пред обвинителството зборуваа за целиот случај. И тројцата поминаа извесно време во притвор, додека се вжештуваше политичката криза. Полицијата тогаш соопшти дека првичното приведување на Верушевски е поради поседување на пиштол и порнографски материјали, како и други документи кои можеби водат кон потешки кривични дела.
Во 2015 година Верушевски, неговата сопруга, Заев, Костовски, Лазаревски и Бранко Палифров беа обвинети за шпионажа во предметот „Пуч“, за кој што во јануари 2018 година СЈО го повлече обвинението.
„СЈО се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“ од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“, пишуваше во соопштението на СЈО.
Верушевски на последното рочиште во судницата посочи дека и поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски и тогашниот лидер Зоран Заев биле запознаени со деталите од материјалите кои пристигнувале од УБК, неколку години пред да дознае јавноста.
Мијалков од друга страна, во текот на целото судско рочиште па и во периодот кога се водеше истрагата негираше дека има некаква поврзаност со нелегалното масовно прислушување, обидувајќи се локацијата за ваквото прислушување да го префрли на подвижните базни станици. Во текот на рочиштето Мијалков неколку пати се обиде да ја наметне тезата, дека било можно нелегално да се прислушува и надвор од УБК, односно дека добиле извештај од израелската компанија дека во Скопје во тој момент на терен работеле вакви уреди, односно дека некој друг нелегално прислушувал.
„Велите дека и од канцеларијата на директорот се слушале таргетите. Па дали сметате дека сум уживал да се слушам самиот себе и да не ги отстранам другите таргети кои комуницирале со мене?“, беше едно од прашањето на Мијалков до сведоците, но судот не го дозволи прашањето.

Како се одвивало незаконското прислушување, како се изнесувале материјалите од разузнавачката „Тврдина“,што се случувало со разговорите кои пристигнале на „Бихачка“ се прашања на кои Верушевски ќе треба да одговори во своето сведочење. Мијалков и неговата одбрана се на ред овој пат да ги поставуваат прашањата во судскиот процес.
Верушевски втор пат е инволвиран во афера за прислушкување. Претходно, по обелоденување на аферата „ Прислушување “ во 2002 година Верушевски е поставен за старо нов директот на УБК. Голем дел од медиумите повикувајќи се на владини извори, пишуваа дека Верушевски бил човекот што успеал да земе материјали со прислушувани разговори кои подоцна Црвенковски на прес конференција и ги покажа на јавноста дека ги поседува, без да објави детали од нив. Началникот на управата за прислушкување бил човек на Верушевски кој му го дал целиот материјал со прислушуваните разговори на политичари, новинари и други јавни личности, и затоа Црвенковски не можел никако да го одбегне Верушески во кадровските комбинаторики, пишуваа тогаш медиумите.
Во последнава разузнавачка афера за нелегално прислушување на над 20 илјади граѓани во судскиот предмет Таргет Тврдина се обвинети поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, шефот на неговиот тогашен кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, потоа разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во бегство и други службеници во УБК. Овој предмет произлезе од две истраги на сега поранешното СЈО. Едната се однесува на тоа кој прислушувал а другата на тоа кој наредил да се уништи опремата за нелегално прислушување.
(This post was last modified: 12-10-2019, 11:05 PM by ЈорданПетровски.)
12-10-2019, 11:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Верушевски се поздрави со Мијалков и за прислушувањето го обвини Груевски

10.10.2019
Погрешен човек е првообвинет. Голем дел од обвинетите тука во судницата ја плаќаат цената на патолошката опседнатост на Никола Груевски да остане на власт, рече поранешниот разузнавач Зоран Верушевски на судењето за „Тврдина-Таргет“. Како дел од главните виновници ги посочи и избеганите разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Со поздравно ракување на поранешните разузнавачи Зоран Верушевски и Сашо Мијалков во судскиот ходник стартуваше и рочиштето за високопрофилниот предмет на поранешното Специјално обвинителство Таргет-Тврдина. Во делумно мирна атмосфера помина рочиштето на кое адвокатите на обвинетите за нелегалното прислушување и незаконско уништување на опремата во УБК се откажаа од вкрстеното испрашување на сведокот Верушевски и со блага насмевка го следеа неговото одговарање на дополнителните прашања на обвинителството.
Во двочасовното рочиште честопати одбраната приговараше не дозволувајќи сведокот да одговори на прашањата на обвинителката Ленче Ристоска. Неодговорени останаа прашањата како и од кого Верушевски во 2010 година ги добил првичните информации и документи за нелегалното прислушување во УБК.

Верушевски ја искористи приликата како сведок во судницата да им посочи на обвинителите од поранешното СЈО дека погрешно ја воделе истрагата, односно дека погрешен човек е првообвинет, вината требало да ја бараат во побегнатиот азилант во Унгарија, Никола Груевски, за кого рече дека со тешко срце го именува. Верушевски обвини и дека побегнатите во Грција, поранешни разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски заедно со поранешниот премиер Груевски се мозокот на ова кривично дело.
„За разлика од 2001 година кога политичарите извлекоа поука од таа хаварија (со прислушување) овој пат човекот којшто имаше најголем мотив да ја задржи власта по секоја цена настапи со некакви идеи за Пуч, за странски служби и предавство. Поради неговата патолошка опседнатост со задржување на власта преку злоупотреба на институциите, голем дел од обвинетите тука во судницата ја плаќаат цената“, рече Верушевски во судницата.
Тој обвини дека тројцата избегани обвинети се клучните играчи кои сè уште поседуваат многу поголем дел документите од прислушуваните разговори што СДСМ му ги предаде на СЈО и дека комуницираат со други тајни служби со што ѝ нанесуваат и натаму штета на државата, информација за која рече дека ја добил од неговата практика и контакти со лица надвор од државата.
„Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што сè друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение“, рече Верушевски.
Тој го обвини СЈО што дозволи Груевски, Грујовски и Бошковски да побегнат од државата, потенцирајќи дека „токму тие тројца се главни виновници“.
Тој кажа дека во Унгарија и Грција тамошните разузнавачки служби не ги прашувале овие тројца за туризмот или пак за придонесот на овоштарството во БДП, туку за нив предмет на интерес е арсеналот од прислушуваните разговори кои тие ги поседувале.
Судијата Владимир Туфекџиќ побара од Верушевски конкретен одговор на прашањето на каква  компромитација мислел во неговиот исказ од минатото рочиште дека документацијата по неговото притворање за предметот „Пуч“ добила страотна модификација и конпромитација.

„Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура се наоѓа во рацете на луѓето кои се во Грција и во Унгарија. Со тешко срце ќе го именувам тој што требаше да биде првообвинет Никола Груевски, кој ја направи примарната деструкција на таа документација на прес-конференција по моето приведување нарекувајќи ја Пуч, затоа што тој ја поседуваше таа документација и имаше монопол врз неа“, рече Верушевски и нагласи дека „мандатот на СЈО од тоа време до денес е со цел да се урне митот дека таа документација е сечена и лепена“.
Обвинителката Ристоска во неколку наврати бараше, но не доби конкретни одговориод екс-разузнавачот Верушевски како на пример на прашањето во каква форма конкретно ја добил првата документација и во што формат дали на УСБ, хард диск или слично, каде била складирана и анализирана истата.
„Анализите се мисловен процес и се предодредени од интелектуалниот капацитет на поединецот и илузорно е да се фокусираме на локацијата каде и кога почнува и завршува мисловниот процес. Не само во просториите на СДСМ може човек да добие поттик за размислување и таму да заврши процесот на расудување“, одговори со професорски наратив сведокот Верушевски.
По завршувањето на рочиштето Верушевски пред новинарите кратко најави прес-конференција на која ќе објаснел подетално. Адвокатот на Мијалков и дел од обвинетите, поранешниот обвинител Љупчо Шврговски, избегнувајќи ги медиумите искоментира само дека е задоволен од сведочењето.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пак, изјави дека неговото сведочење не се однесува на неа и нема што да биде задоволна или незадоволна од неговото сведочење. Следното рочиште е закажано за 24 октомври на кое се очекува во својство на сведок да се појави премиерот Зоран Заев кој ќе треба да одговара и на вкрстени прашања од одбраната на Мијалков. Исходот од предметот „Таргет-Тврдина“ треба да покаже кој нелегално прислушувал над 20.000 граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК.
12-10-2019, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,578
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Верушевски и Мијалков: Врана на врана очи не вади
Се очекуваше дуел Мијалков – Верушевски, а добивме надмудрување на обвинителите со нивниот сведок

[Image: RA2_8868.jpg]
Автор: Владо Апостолов 10 октомври 2019
Наспроти очекувањата поранешниот разузнавач Зоран Верушевски да се дообјасни за својата улога во вадењето на нелегално снимените разговори од УБК, тој денеска внесе дополнителна конфузија, со тоа што, наместо да одговара на конкретни прашања, тој вината за прислушувањето ја префрли врз Никола Груевски.
Денеска на неговото второ сведочење во судот тој изложи теорија дека СЈО згрешило и оти поранешниот премиер требало да биде првоосомничен во случајот „Таргет-Тврдина“. Елаборираше на оваа тема, иако го прашуваа сосема други работи што немаа врска со тоа кој е највиновен.
„Специјалното јавно обвинителство направило круцијално поместување од лицето што требало да биде првоосомничено“, академски дефинираше Верушевски.
Тој денеска зборуваше на долго и на широко, често надвор од темата и употребуваше флоскули кои на моменти наликуваа на пасуси подвлечени во учебници по безбедност и по демократија.
„Киша око Крагуевца, зборува како да е на факултет“, ваков коментар се слушна од вториот ред во судницата каде што седеа вработените од УБК, осомничени за прислушувањето.

[Image: RA2_8883.jpg]
Мијалков немаше прашања за Верушевски | Фото: Роберт Атанасовски
На конкретното прашање да каже каде физички ги вршел анализите на снимените разговори, Верушевски помалку надмено и со патронизирачки тон образложи:
„Анализите се мисловен процес, а не физички. Тие се предодредени на интелектуалниот капацитет на поединецот. Илузорно е да се фокусираме на локацијата, мисловниот процес може да почне на едно, а да заврши на друго место.“
Се доби впечаток дека Верушевски дошол да каже своја и сосема нова верзија за „бомбите“, а не да одговара на прашањата на обвинителката Ленче Ристоска.
Таа бараше поранешниот разузнавач да објасни што мислел кога пред две недели исто така во судот рече дека разговорите „доживеале страотни модификации“. Ова негово сведоштво тогаш изненади многумина и опозициската јавност блиска до ВМРО-ДПМНЕ и самата партија го протолкуваа како конечен и неприкосновен „доказ сосе печат“ оти „бомбите“ биле сечени, лепени и монтирани.
Можеби токму затоа одбраната, наспроти сите очекувања, денеска реши да не го испрашува Верушевски.
„Немаме прашања“, потстанат кусо соопшти првообвинетиот за прислушувањето, Сашо Мијалков.
Одбраната, не само што немаше прашања, туку ја користеше секоја можност жестоко со приговори да се спротивстави на обвинителката Ристоска да го допрашува сведокот Верушевски, објаснувајќи дека во овој дел од постапката таа нема право на такво нешто.

[Image: RA2_8912.jpg]

Обвинителката Ристоска не доби конкретни одговори од Верушевски | Фото: Роберт Атанасовски
Сепак, судијата ѝ дозволи на Ристоска да прашува.
Ристоска сакаше да знае дали некогаш биле изнесувани „материјали“од СДСМ, всушност дури трипати се обиде да го добие овој одговор, меѓутоа Верушевски кажуваше она што го беше наумил. Тогаш ја изложи целата теорија дека најголеми виновници за прислушувањето се тројцата бегалци од правдата, мислејќи на Груевски во Будимпешта и на Горан Грујевски и на Никола Бошковски во Грција.
„Со тешко срце ќе го споменам оној што според мене требаше да биде првоосомничен, поранешниот премиер Никола Груевски. А, СЈО ќе треба да објасни зошто не е осомничен“, потенцираше Верушевски по молбата на судијата да ги именува луѓето за кои зборува.
„Овој човек (н.з. Никола Груевски) да му беше советник на претседателот Никсон по аферата Вотергејт, денес ќе немаше ‘д’ од демократија во Ес-А-Де“, продолжи тој.
Неговото согледување е дека Никола Груевски имал патолошка желба да остане на власт и затоа се случило прислушувањето.
Верушевски смета дека тројцата бегалци ги поседуваат сите разговори што ги има СЈО и уште многу други и оти токму затоа Унгарија и Грција не ги испорачуваат.
„Таму не ги прашуваат какво е овоштарството или туризмот во земјава, туку тој третман го имаат врз база на документацијата што ја поседуваат.“
Верушевски денеска во ниту еден контекст не го спомна Мијалков.
Сведочењето го заврши со надеж дека новинарите се задоволни од тоа што го слушнале.
„Да не се објаснуваме за сериозни работи на скали“, рече Верушевски.
Си ја зеде личната карта од судијата и замина оставајќи ги новинарите со многу потпрашања во тефтерите.
Долгочекуваниот судир меѓу Мијалков и Верушевски во судот течеше и заврши како што почна – срдечно како нивното ракување пред стартот на рочиштето.
13-10-2019, 01:39 AM
Reply