Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Боки, Зоки и Катица ги знам од телевизија
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Фросина Ременски: Боки, Зоки и Катица ги знам од телевизија


4 September, 2019

[Image: remenski-768x505.png]
Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не, изјави пратеничката Фросина Ременски по излегувањето од распитот во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.
На прашањето дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски рече дека и кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи.
За фотографиите со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет”.
Таа изјави дека не ги познава обвинетите од „Рекет“.
– Со индигнации ги отфрлам и демантирам информациите кои ги пласирате дека сум соработувала со обвинетите. Со Орце Камчев, Зоки Кичеец, Бојан Јовановски и Катица Јанева не сум никако поврзана. Најодговорно ги демантирам сите прашања, се познаваме како и вие што се познавате од телевизија – рече Ременски.
05-09-2019, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кирацовски се сликал со Боки 13 само еднаш, Камчев, Кичеец и Катица – не ги познава

September 5, 2019

[Image: -Боки-13.jpg?resize=696%2C621&ssl=1]

Пратеникот на СДСМ и поранешен генерален секретар на владејачката партија, Александар Кирацовски, по денешната изјава за „Рекет“ во Обвинителството рече дека никогаш не бил дел од структурите на Меѓународниот сојуз и дека не бил посредник на првоосомничениот Бојан Јовановски во проектот за изградба на старски домови.
„Како политичари комуницираме со многу личности, но тоа не им дава право тие да прават криминал. Од нас многумина бараат да се фотографираат и се надевам многумина тоа не го злоупотребуваат. Сликањето не е злодело“, изјави Кирацовски, кој потенцираше дека само еднаш се сликал со Боки 13.
За денешната покана да даде исказ, Кирацовски вели дека бил повикан како сведок кој располага со информации за одредени настани.
„Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не  се дискутираше со мене. Ниту ги знам ниту ги познавам“ – рече Кирацовски.
Quote:Кирацовски: Катица, Камчев, Кичеец ниту ги знам, ниту сакам да ги запознаам

September 5, 2019

Пратеникот Александар Кирацовски по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција каде даваше исказ за случајот „Рекет“ рече дека со обвинителите споделил информации за одредени настани со кои располага, посочувајќи дека Катица, Камчев и Кичеец ниту ги знае, ниту сака да ги запознае.

-Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам, ниту ги познавам, ниту сакам да ги запознаам, рече Кирацовски.

Посочи дека како лице од кое се бараат посебни информации бил во Јавното обвинителство, каде ги споделил сите информации за одредени настани со кои располага.
-Се надевам и убеден сум дека од денес ќе завршат лажните вести, манипулациите, инсинуациите кои според мене нанесоа одредена штета на самата истрага, а нанесоа штета на недолжни луѓе. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само фактите, аргументите и она што е вистина, изјави Кирацовски.

Изрази уверување дека процесот ќе биде транспарентен и правичен и оти сите оние кои се огрешиле пред законот, ќе одговараат. Рече дека себеси се смета за недолжен и оти не присуствувал на ниту една средба на која Јовановски се договарал со бизнисмени.

– Не сум ниту член на Меѓународниот сојуз, ниту сум побарал ниту било побарано да станам член, ниту сум обавувал некоја функција, рече Кирацовски. Рече дека не знаел оти Јовановски вршел рекет и оти не бил близок со него. – Ние сме политичари. Многу луѓе бараат од нас да се сликаат. се надевам дека добар дел од нив не го злоупотребуваат тоа, меѓутоа апослутно не сметам дека во овој дел било кој од нас што се сликал со било кого направил злодело, рече Кирацовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кирацовски рече дека како и сите политичари, така и тој гостувал во емисиите на 1ТВ, особено кога бил шеф на Изборнниот штаб на претседателот Стево Пендаровски. Додаде дека не се препознава по прекарот Кики со кој се поврзуваше во јавноста.

– Не се препознавам под тој псевдоним. Имав средба со Геровски и сакав да проверам дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна дека во однос на мене направил фаул, рече Кирацовски.

За проектот во Битола со старечките домови, рече дека не посредувал.
Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, вчера даде и неговата сопартијка Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.
Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева[url=https://opserver.mk][/url]
(This post was last modified: 05-09-2019, 01:23 PM by ЈорданПетровски.)
05-09-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(05-09-2019, 01:17 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Кирацовски: Катица, Камчев, Кичеец ниту ги знам, ниту сакам да ги запознаам

September 5, 2019

– Не се препознавам под тој псевдоним. Имав средба со Геровски и сакав да проверам дали ме препознава мене или некој друг. Геровски ми призна дека во однос на мене направил фаул, рече Кирацовски.

За проектот во Битола со старечките домови, рече дека не посредувал.

Ама Героски вели друго нешто!! Поточно ги уби Кики и Фрики!!


Quote:Branko Geroski
7 hrs · 


ЗА КИРАЦОВСКИ И ЗА ФАУЛИТЕ

Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата "Рекет". Во една колумна подоцна објаснив дека улогата на Кирацовски во аферата се состои во активности кои овозможиле рекетарската група да ги лови своите жртви или потенцијални соработници. И тоа Кирацовски го правел во својство на генерален секретар на СДСМ. Што, пак, не мора да значи дека и самиот учествувал во рекетирањето.
И јас ќе бидам индискретен и ќе кажам што мене ми кажа Кирацовски на таа средба, до која дојде на негово инсистирање, откако во текот на јули неколку пати упорно ме бараше и ме молеше јавно да соопштам дека тој не бил Кики. Имено, на таа средба Кирацовски ми призна дека посредувал во организирањето на состанокот помеѓу осомничениот Бојан Јованоски, бизнисменот Силјан Мицевски и битолската градоначалничка Наташа Петровска. Како што е познато, на таа средба, како и со два дописа до неа, е вршен притисок Петровска да одобри пренамена на парцела на Мицевски за изградба на хотел (демек, старски дом), без измена на Деталниот урбанистички план. "Моја задача, како генерален секретар на СДСМ, беше да ги спојувам луѓето. Освен тоа, јас сум личен пријател со Силјан Мицевски", ми рече Кирацовски. Ете баш со тие зборови.
На средбата Кирацовски ми кажа и неколку други интересни работи, но јас се надевам дека истите нешта тој денеска и ги кажал и на обвинителката Вилма Русковска. Да не ги прераскажувам сега јавно. Ако се наложи потреба, се разбира, може и тоа...
Според моето мислење, Кирацовски, Фросина Ременски и повеќе други видни личности од СДСМ сносат директна политичка одговорност за еден многу сериозен фаул - за фацилитацијата на рекетарските активности на осомничените, со пружање политичка, морална, но и логистичка поддршка. А истрагата допрва треба да покаже дали кај некои од овие лица има и повеќе од тоа, имено и директна кривична одговорност.
05-09-2019, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ТВИТ ЗА РЕКЕТ: Будала го прават народов, никој не се знаел со Боки 13, а еве една случајна фотографија

/ 05.09.2019

[Image: henri1.png]

Социјалните мрежи и вчера и денеска се полни со коментари во врска со политичарите кои се повикани на распит за криминалната афера Рекет, кои до вчера се сликаа со Боки 13, а денес твдрат дека едвај се познаваат.
– Кирацовски: Со Боки само еднаш, случајно, сум се фотографирал на негово барање. Овие мислат ова далечно минато е па никој не се сеќава. Будала го прават народов. Еве една случајна, твитна корисникот со псевдоним Хенри Чинаски и на Твитер објавува фотографија на која се гледа Боки 13 со целиот државен и партиски врв на СДСМ.
Многубројни се коментарите и на Фејсбук, како и на Твитер, со реакции на граѓаните во врска и со вчерашната изјава на пратеничката Фросина Ременски и денешната изјава на пратеникот Александар Кирацовски, дека тие едвај се познавале со Бојан Јованоски алијас Боки 13, кој е притворен и првоосомничен во криминалата афера Рекет.
На фотографиите со кои е преплавен интернет се гледа Боки 13 и на журки, свадби и други приватни настани, на кои е фотографиран со кремот на државниот и партискиот врв на СДСМ. А денес сите тврдат дека тие или Боки 13 „не е одовде“.

[Image: henri-chinaski2.jpg]

05-09-2019, 10:52 PM
Reply