Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНЕВА ОД ПРИТВОР РАКОВОДИ СО СЈО???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

[Image: 1.jpg]
04-09-2019, 01:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Правниот експерт за случувањата со „Рекет“


Апсурдно е Јанева да издава наредби од притвор и да кажува во кое обвинителство да одат предметите, смета Давидовиќ
Ова е смешна и апсурдна одлука иако Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител, смета адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Правниот експерт појаснува дека Јанева има право во координација со Истражниот затвор во Шутка и со Основниот кривичен суд да испрати писмо, но нема право на таква содржина на истото, односно да определува во кое обвинителство ќе припаднат предметите. Од СЈО потврдија дека Јанева испратила барање за префрлање на сите предмети, кои се во судска постапка, истрага и предистрага да се предадат во ЈО.


[Image: mkd-331576.jpg?itok=Miyc_E9r]

04.09.2019
„Катица Јанева се уште е специјален јавен обвинител. Но, ова е смешна и апсурдна ситуација која покажува колку се некадарни сите институции особено Советот на јавни обвинители, кој дури пред неколку дека даде предлог до Собранието за разрешување на Катица Јанева. Согласно Законот за СЈО, тие тоа требаше да го сторат многу порано, односно откако на Јанева и беше определена мерка притвор", вели адвокатот Давидовиќ.
Тој појаснува дека додека оваа одлука која се однесува на разрешувањето на Јанева не биде донесена, таа е специјален јавен обвинител.
За поднесеното барање предметите на СЈО да бидат предадени во Јавното обвинителство, Давидовиќ појаснува дека согласно Законот за СЈО, Јанева нема право на вакво нешто.
„Согласно законот за СЈО Јанева вакво нешто нема право да направи бидејќи таа може да преземе предмет од редовното ОЈО и да воспостави надлежност, но не и обратно бидејќи во законот стои дека јавниот обвинител на државава или друг јавен обвинител нема право да преземе гоење или истрага во предметите кои се во надлежност на СЈО без негова писмена согласност. Не може Катица да определува во кое обвинителство ќе одат предметите и таа да ја определува надлежноста на редовното обвинителство", додава Давидовиќ.
Додека Јанева е во притвор може единствено да комуницира со својот бранител. Адвокатот Давидовиќ смета дека смешно е специјален јавен обвинител на издава наредба за предавање на предмети во друго обвинителство, и прашува што би било следно, Јанева да побара притвор за некој осомничен од предмет на СЈО додека самата таа е во притвор?. 
Специјалната обвинителка, Катица Јанева од Истражниот затвор во Шутка вчера испратила писмо до тимот на обвинители со кое наредува сите предмети од СЈО да се предадат во Основното јавно обвинителство во Скопје.
Информацијата за МКД.мк ја потврдија и официјално од СЈО. Како што дознаваме во врска со писмото од шефицата, обвинителите одржале состанок, одлуката ќе треба да се донесе во рок од три дена.
 Член 60 од Закон за јавно обвинителство вели: 
(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.
(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.
(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.
(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.
04-09-2019, 01:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

[Image: 2.jpg]
04-09-2019, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

[Image: 3.jpg]




Јаневски е најблиску до вистината!! Катица има добиено налог ова да го стори јас мислам дека налогот е од Дип Стејтот или по нашки од полициско политичкото кое ја води државата од 1945 година
04-09-2019, 05:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Дескоска за писмото на Јанева: Не коментираме вакви одлуки но во овој случај ќе направиме консултации

04.09.2019
Министерството за правда не коментира судски и јавнообвинителски одлуки, но во овој случај треба да направиме консултации какво влијание ќе има ова на одредени одредби во законот за околу кои дебатираме и дали тие треба да се менуваат.
Ова е одговорот што го добивме од министерството по објавување на соопштението на Специјалното јавно обвинителство за писмото кое Катица Јанева од притвор го пратила до обвинителите. Во него таа испраќа полномоштво со кое ги овластува тимот на специјални обвинители да ги предадат предметите кои досега ги воделе на државното Јавно обвинителство. Станува збор за кривичните предмети кои се во судски процес, истрагите и предистражните постапки.
– Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на Република Северна Македонија со цел запознавање на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, се вели во соопштението од СЈО.
Овој потег на Јанева доаѓа на само еден ден пред оддржувањето на собраниската Комисија за избори и именувања, на која ќе треба да се разгледува разрешувањето на Јанева.
Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, на денешното рочиште за предметот „Титаник“, рече дека предлогот на бранителите на обвинетите за одлагање на постапката треба да биде отфрлен, бидејќи, како што појасни, Катица Јанева е сѐ уште специјален јавен обвинител и дека не може притворот да влијае врз судењата.
-Во овој момент, Катица Јанева е специјален јавен обвинител и ниту едно овластување кое ѝ е дадено, не ѝ е одземено и не може притворот во друг предмет да влијае врз судењата во одобрените обвинителни акти, рече Стефанова.
Мандатот на СЈО истекува на 15 септември и неговиот статус треба да се одреди со новиот закон за кој власта и опозицијата со месеци не можат да најдат конечно решение.
 



Нека преговараат и понатаму на Мицкоски преговарачите ама работата е веке завршена!
04-09-2019, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

[Image: 4.jpg]








[Image: 5.jpg]
05-09-2019, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:Заев: Писмото на Јанева е логична постапка за предметите од СЈО да преминат во ЈО, немам добиено покана за распит за „Рекет"


05.09.2019
Логична постапка е писмото што го испратила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во врска со предметите од СЈО, а тоа произлегува и од разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и според сите други околности, оценува премиерот Зоран Заев.
Тој нагласи дека решението е да се постигне договор, според кој предметите треба да поминат во Јавното обвинителство.
– И ако не се постигне договор, сегашните законски одредби велат дека предметите од СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство. Правото на специјалниот јавен обвинител е опишано во Законот за јавното обвинителство и законски е дозволива одлуката на специјалниот јавен обвинител да ги предаде. Немаме контакти со Катица Јанева да прашаме зошто така постапила, но она што е очигледно е наближувањето на 15 септември кога завршува нејзиниот мандат и функцијата не може да ја пренесе на заменик или на избор на некој друг. Веројатно заради безбедноста на сите индиции, материјали што таму се обезбедени, така што не веруваме дека ќе влијае на преговарачкиот процес. Очекувам исчекор, утре би требало да се сретнат работните групи, ако двете страни се подготвени после консултациите, за да се продолжи во изнаоѓање решение кое би требало да биде до крајот на неделата, истакна премиерот Заев.
Додаде дека очекува во почетокот на наредната недела да има договор за предметите од СЈО со оглед што истекува законскиот рок за неговото функционирање.
На новинарско прашање за предметот „Рекет", тој рече дека не добил покана за распит од обвинителката Русковска.
– До сега не сум добил покана од јавното обвинителство, а ако добијам тоа веднаш ќе го соопштам за јавноста, кратко одговори Заев. /МИА
(This post was last modified: 05-09-2019, 01:14 PM by ЈорданПетровски.)
05-09-2019, 01:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

[Image: 7.jpg]
06-09-2019, 02:02 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#49

Удбомафија е злосторничко-терористичко удружување кое тра од 1920-ти години кога по сила на закон се забранети поради користење на терористички методи.
Злосторничко здружение кое трае до ден денешен.
Нивните наследници ќе мора да одговараат за злоделата на нивните дедовци.
An inch today is tomorrow’s mile.
06-09-2019, 02:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Јовевски ги презеде предметите од СЈО

[Image: jovevski.png]
06.09.2019
Јавното обвинителство на Македонија ги презема во надлежност и натамошно постапување предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Ваквиот став, како што информираат од Јавното обвинителство, е заснован на уставната положба  на Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на  сторителите на кривичните дела  и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем,  почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.
– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен  колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од  јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното  обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението од ЈО.
Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства.
06-09-2019, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

(05-09-2019, 12:59 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 4.jpg]








[Image: 5.jpg]



Моето предвидување по се се оставрува!!



Quote:Јовески отиде по сопствено мислење кај Медарски


06.09.2019
Адвокатот на СДСМ и премиерот Зоран Заев, Филип Медарски, вчера во “Гала Кујна” остварил средба со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Како што дознава “Лидер” средбата се остварила веднаш по завршувањето на експертскиот состанок во Министерството за правда на кој беше одлучено ОЈО дс ги преземе случаите на СЈО.


[Image: 6141e1fc-cbe0-4da6-82f1-e3ffab5ecf00-360x253.jpg]

Инаку, претходното “сопствено мислење” на Јовески беше дека нерационално истрагите на СЈО да бидат предадени во ЈО. Сега “сопственото мислење” се смени.

ЛИДЕР


Quote:Што договараа адвокатот на Заев и јавниот обвинител Јовески на бензинската во скопски Карпош


[Image: image.jpg]




06.09.2019
Средбата помеѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош била со цел Медарски да му ги “издиктира” желбите на Заев кои Јовески мора експресно да ги исполни откако ќе ги добие сите предмети од СЈО. Станува збор за 6 главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати “во форма” на политичката сцена.
Прво, предметите кои се наоѓаат во судска постапка да се распределат на лојалните обвинители кои и досега се докажаа во нарачките на Заев, како за 27ми април, Поткуп и слични случаи.
Второ, за сите обвинети да се побараат веднаш притвори и со тоа целосно да се дефокусира вниманието на јавноста од случајот Рекет.
Трето, да се побара удвојување на бројката на судски рочишта се со цел случаите да бидат завршени со пресуди максимум пред почетокот на изборната кампања, догодина овој период.
Четврто, да се побара куќен притвор за Катица Јанева бидејќи со предавањето на предметите на ОЈО престанува опасноста од повторување на делото.
Петто, да се разводени максимално постапката за случајот Рекет. Сите собрани докази кои видат до Заев да не се земаат в предвид. Сите функционери на СДСМ да бидат дел од оштетените или измамените од страна на Боки Тредичи. Единствен кој би одговарал да е токму Боки.
Шесто, ниеден предмет за корупција на актуелната власт да не биде ставен на работа со образложение дека обвинителите имаат “обврски” околу застапување на превземените предмети од СЈО.
За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил:
– зголемен буџет,
– нови обвинители и истражители,
– медиумска поткрепа за сите дејствија.
Јовески на средбата во целост се нафатил да застане позади барањата на Заев и дека цело ЈО 100% ќе биде ангажирано за овие обврски.
Нејасно е зошто на Заев волку панично му се брза за реализација на овие планови. Дали повторно добил информации од истрагата која ја води Русковска, а кои се однесуваат на податоци и докази кои директно допираат до него во случајот Рекет останува да се дознае за многу скоро.

ЛИДЕР
06-09-2019, 09:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52



06-09-2019, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

[Image: 9.jpg]










Quote:„Имавме повторно средба на која се дискутираше предлог законот за обвинителство, и клучните разлики остануваат без заеднички консензус. Имаме цврсти аргументи да понудиме консензус за приваќање на квалитетен Закон за обвонителство, но најмногу зависи од политичката волја и од Министерството за правда. Ме зачудува што од коалицијата СДСМ или ДУИ поднесуваат амандмани кои Владата веќе ги прифатила. Сите сме сведоци од писма од притвор. Ние го имаме коментар: секој притворен обвинител, се смета дека е оддалечен од работното место, односно суспендиран. Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда Вилма Рускоска и обвинителот Јовески“, рече Милошоски.
06-09-2019, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54

Quote:КОЈ ЛАЖЕ?? ЗАЕВ, ФРЧКОСКА ???





Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во интервју за ТВ 21 вели дека го информирала премиерот за ургентноста на дописот и согласноста од Катица Јанева да ги предаде предметите од СЈО на ОЈО. Вели дека тоа било многу пред оваа тековна состојба (што и да значи тоа).
Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот. (на 1.34 од интервјуто до 1.50) 
Ирена Фрчкоска во 4:25 од интервјуто се обидува да објасни кога и зошто било битно да го информира Заев за писмото на Јанева, но нејзината изјава дека не се поклопува со изјавеното од Заев на истата тема.
- Неговата изјава беше дека сум го информирала за дописот на Јанева за префрлање на предметите и практично барање на олеснување на основите поради кој е определен притворот. Таа изјава погрешно се интерпретираше во јавноста. Оваа средба се случи во времето, не е од сегашна дистанца, туку е во времето кога Јанева испрати допис до јавниот обвинител на Република Македонија со кој префрла практично надлежноста на предметите од СЈО кај јавниот обвинител.
- Тоа беше за ургентноста на дописот, одлуката на Јанева со писмена согласност да и префрли предметите во надлежност на јавното обвинителство од СЈо, што предизвика турбуленција, дискусија, во правниот систем и во натамошната работа на СЈО. Од интерес беше претпоставувам и за Владата, и за правниот систем, тој нејзин допис, таа нејзина одлука да се префрлат предметите и како таа нејзина одлука ќе се одрази на работењето на СЈО....
Ирена Фрчкоска на 3.08 од интервјуто вели: Дописите кои Катица Јанева ги испраќаше од притвор се напишани на рака лично од неа, се друго е шпекулација.
Ирена Фрчкоска на 6.35 од интервјуто: Одлуката/согласноста по член 6 јас ја немам видено, не сум ја видела, само ме извести дека таква одлука донела...
Зошто адвокатката заборава што кажала претходно?





Премиерот Зоран Заев пак, од друга страна, во изјава за медиумите посочи дека:
- Од Ирена Фрчкоска сиум информиран за писмото кое било логично предметите да се префрлат од СЈО во ОЈО, НО И ВЕРОЈАТНО ЖЕНАТА ДА СИ БАРА ОЛЕСНИТЕЛНИ МЕРКИ ВО ИСТРАГАТА, ЗАРАДИ НЕВЛИЈАНИЕ НА СВЕДОЦИТЕ, НЕВЛИЈАНИЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ

Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија –  изјави за ТВ21, Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.
Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба.
 
16-09-2019, 09:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

Quote:Продолжен притворот на Јанева за уште 30 дена

Кривичниот суд денеска и го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.

[Image: 389879.jpg]

18 септември 2019, 15:06
Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.
Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Адвокаткат на Јанева Ирена Фрчковска вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.
– Оптпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска за МИА. /МИА
18-09-2019, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

Quote:Калајџиев: Јовески незаконски ги презема предметите на СЈО, дајте да го видиме тоа писмо од Катица


06.10.2019
Преземањето на предметите од СЈО од страна на Јавното обвинителство е незаконско, тврди професорот по кривично право од скопскиот универзитет Гордан Калајџиев за Детектор.
“Нека пробаше Зврлевски да ги земе предметите на СЈО пред една две години. Тоа беше невозможно. Кога дојде новиот обвинител тој исто така се изјасни дека е многу проблематично и правно и практично да ги преземе тие случаи. Писмото не го видовме. Дајте го писмото да го видиме.  Јас сум убеден дека писмото е проблем. Како сакате вие да имате доверба во систем во кој што корупмпиран обвинител во согласност со власта ја решава судбината на огромен број случаи и на целата прикаска со бомбите. Тоа не може да издржи. Тоа кај јавноста не може да издржи. Луѓето си викаат како бе оваа од притвор му ги дала предметите. Она ли е, не ли е, смее ли, не смее. Кај луѓето однапред таа е жигосана со самиот факт дека е осомничена во еден таков предмет, дека е сериозно инволвирана“ – вели Кајалџиев за Детектор.





Quote:Богоевски: Катица се исплука на целата наша борба – не верувам во ниту една постапка на СЈО


06.10.2019
Скандалот Рекет неминовно ја отвора потребата да се направи една темелна проверка на сите случаи на СЈО за да се види, дали можеби во уште некој од предметите се користело незаконско влијание и дали тоа било до степен за да ја загорзи постапката, бидејќи таквите случаи, едноставно немаат иднина, вели поранешниот предводник на Шарената Револуција Павле Богоевски.
“Поради тоа СЈО не може да постои без Катица Јанева,  бидејќи Катица Јанева се исплука, наводно се исплука, нели презумција на невиност, на сето тоа што го имаше сработено СЈО и на сета наша борба“ вели Богоевски.
Тој додава дека е еден од оние кои најмногу протестирале за СЈО во моментов не верува во ниту една од другите постапки.
 „Имање на противправно влијание во еден случај нужно фрла сомнеж врз сите други случаи каде што таа била одговорна. Јас морам да кажам дека како еден од луѓето кои најмногу протестирал и најмногу давал поддршка на СЈО јас не верувам во ниту една од другите постапки“ – вели Богоевски и прашува дали имало слично влијание во случаите кога од притвор бил пуштен бизнисменот Сашо Мијалков или кога Груевски побегнал од Македонија.
„За двете истраги кои се отворени по изминувањето на роковите за кои што го делам ставот со професорот дека се правно неиздржани. Едниот случај е Империја тој е познат во јавноста. Другиот е случајот Талир, односно незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како партија и случајот кој требаше да докаже дека ВМОР-ДПМНЕ функционирало како злосторничко здружение.  Јас лично се сомневам дека постои некаков договор поради кој што одредени луѓе намерно го одложиле започнувањето на тој предмет за тој предмет потоа да биде правно по ранлив.“ – вели Богоевски за Детектор.




Богоевски си го трасира патот за да го напушти Заев??
(This post was last modified: 08-10-2019, 08:55 PM by ЈорданПетровски.)
07-10-2019, 12:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57

Quote:Катица Јанева нудела спогодба, Русковска ја одбила

09/10/2019
Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата „Рекет“, јавува Телма, повикувајќи се на извори во истрагата, но Обвинитеството ја одбило.
Обвинителката Вилма Русковска вечерва потврди дека еден од осомничените во првиот дел од истрагата „Рекет“ побарал спогодба, но тоа не се официјализирало.
 
09-10-2019, 10:12 PM
Reply