Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАНЕВА ОД ПРИТВОР РАКОВОДИ СО СЈО???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Катица Јанева ВО СРЕДА ОДИ НА РАСПИТ И ВО ПРИТВОР!

Aug 10, 2019
[Image: Katica-Janeva-750x430.jpg]

Јавното обвинителство со недели го одолговлекува случајот Рекет и создава можност за влиајение на сведоците за што доби опомена и од домашната јавност, но и од високи претставници на властите во САД кои се ментори на проектот СЈО кој се урива пред нивни очи со криминал побрутален и по јасен од оној што требало да го гонат. Снимиките кои со денови ги гледа и слуша јавноста, и тоа меѓународната, Обвинителството и обвинителката Вилма Рускоска ги имале и претходно а сепак не преземале ништо против главниот учесник во рекетот без кој тој не би бил можен – шефицата на СЈО Катица Јанева.
Секому е веќе јасно дека СЈО постоело за прогон на политичките противници бидејќи е докажана директната врска помеѓу Катица Јанева и премиерот од СДСМ Зоран Заев, како и тоа дека скандалите на СЈО и театарот постоеле само за одвлекување на вниманието на јавноста од главните финансиски случаи во кои Катица Јанева, но веројатно не само таа од СЈО, заработувале милиони евра за да ги ослободуваат осомничените.
Кога ќе се подвлече линија јано е дека СЈО ги гонеле само оние што се политички интерес на СДСМ и оние кои немале пари да платат да им се запре истрагата, како што тоа е случај со предметите Империја и Поштенска банка, но и други. Сега, по увид во само еден дел од доказите против Катица Јанева и СЈО таа институција е непостиечка, а Катица Јанева се наоѓа пред притвор кој најверојатно ќе се случи во среда, кога таа под притисок на доказите и јавноста конечно ќе биде повикана на распит.
Ден пред неа свој исказ дава и обвинителката Лиле Стефанова која деновиве дада изјави од кои јасно се гледа дека Катица Јанева со план ги менаџирала профитните случаи, а бидејќи се очекува таа и пред Вилма Рускоска да ги повтори своите изјави дополнети со потребни детали, Катица Јанева и формално во предметот станува главен фактор. Дали истрагата ќе запре само на Катица Јанева, или ќе се прошири уште на една обвинителка и еден обвинител од СЈО ќе се дознае до крајот на месецов.
Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО.
Стефанова била повикана по нејзината изјава дека и бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.
Неофицијално следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева

СУДСТВО.МК


Порталот СУДСТВО. МК секогаш е добро информиран се надевам дека и сега тоа ке се потврди!!
11-08-2019, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Дел од интервјуто на адвокатот Звонко Давидовиќ:


Quote:Давидовиќ: Обвинителството во истрагата за Рекет се однесува НЕОДГОВОРНО



10.08.2019
Обвинителот кој се дрзнал да бара поткуп или да делува незаконски за да ја подобри положбата на осомничениот во предметот треба за тоа да одговара заедно со оној кој го дал поткупот.

Дали обвинителството е на нивото на јавниот интерес за овој случај. Гледаме дека обвинителите немаат намера да се вратат од одморите. Дали тоа покажува неодговорност или пак може да се работи за нешто друго?

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не само што не е на ниво на јавниот интерес за овој случај, туку не е ни на нивото на она што законот го налага. Срамно е што до сега ова обвинителство не преземало дејствија кои требало според закон да ги преземе туку си замина на одмор. Срамно е што тоа презема дејствија откако снимките јавно ќе се објават па се приморани да превземат дејствија и покрај тоа што веќе ги имале овие докази в раце.
А ако ги немале тогаш е уште полошо и ја покажува површноста на обвинителството во водење на предметот и некадарноста вистински, брзо, квалитетно и целосно да се справи со криминалот и да обезбеди докази со кои располага еден весник. По однос на јавниот интерес, безброј пари сум кажал дека токму нетранспарентноста во вакви предмети многу скапо го чини обвинителството по однос на довербата и неговата репутација, затоа што отвара можност за секакви шпекулации во јавноста, вознемиреност и општо лошо мислење за кадарноста и независноста на обвинителството. Ваквото однесување на обвинителството е нелогично и непрофесионално кога државата ја тресе ваков скандал.

Целото интервју тука: НЕЗАВИСЕН.МК
11-08-2019, 09:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: 480.jpg]
11-08-2019, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски на Боки Тредичи му платил рекет од 400.000 евра


Катица Јанева ќарила стан на Халкидики преку парите од “Рекет“!?


[Image: zarko-луковски-телеком-рекет.jpg]


Објавил: Данаил Михајловски | 14 август, 2019 12:59
Фото/Текст извор: ©магазин

Аферата “Рекет“ станува регионална тема, не само затоа што ЕУ и САД бараат нејзино темелно расчистување, туку затоа што текот на парите излегува од Македонија, а дел од кешот завршувал во Србија, Хрватска и Грција, а со тоа станува и меѓународен криминал. Затоа истрагата за Рекет е речиси невозможно да биде заташкана, иако во јавноста се создава впечаток дека владата ќе избрише некои траги од скандалот. Еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком, Жарко Луковски, кој според порталот Вечер, преговарал со Боки Тредичи да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Парите се исплатени во Србија, во две исплати, 100.000 плус 300.000 евра. Во процесот учествувал и Зоран Башановиќ, српски бизнисмен и советник на премиерот Заев. 

Quote:[Image: zaev-basanovik.jpg?resize=275%2C183&ssl=1]Порталот Вечер тврди дека има ексклузивни сознанија од српските органи кои се занимаваат со финансиски криминал, дека рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, и дека во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ. После објавата на овие сознанија македонското јавно обвинбителство треба по допрен глас да се обрати до надлежните институции во Белград и да преземе активности за дополнителни детали и нивно крајно утврдување.

Имено, и во домашната јавност веќе се пишуваше дека еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски. Луковски, кој има блиски лични и бизнис релации со Сашо Мијалков, преговарал со Боки Тредичи да има повластен статус во истрагата и да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Според сознанијата на српските органи, Боки 13 дел од парите земени во кеш ги насочил во инвестиција во хотел во Макарска, во Хрватска, заедно со неговиот партнер и пријател Марко Грубнич. викан Модни Мачак. Истиот извор наведува дека од собраните пари за Рекет е купен стан, голем апартман на Халкидики, за шефицата на СЈО Катица Јанева.
Башановиќ и Марко Грубнич учествуваат и во незакоснко прибирање пари за создавање и финансирање на 1ТВ на Боки, за што постојат докази и трага и во нашите банки. Српските органи ги имаат сите овие податоци, но и други. Имено, Зоран Башановиќ, советникот на Заев, веќе отпорано имал проблем со криминал и во Србија како и во странство, и е лице од интерес на српските органи на прогон. Најверојатно затоа, според вечер, Башановиќ е и следен и прислушкуван и низ неговите разговори и средби со многу лица од Македонија, меѓу кои се Боки 13 но, и некои од врвот на политиката, постојат сознанија за серија криминлани дела извршени надвор од Србија, во Македонија, за кои српската полиција и обвинителство немаат ингеренции иако имаат сознанија.
14-08-2019, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Се откриваат се повеке криминалите на Катица Јанева!



Quote:СУДЕЊЕ ЗА ТНТ НА СЈО: Трајковски побара изземање на Катица Јанева поради Рекет и поврзаност со Амзовски

[Image: boki-i-katica-2.jpg]

15.08.2019
Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште во Кривичен суд во Скопје за овој предмет побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението заради сомнеж за поврзаност со случајот „Рекет“.
Барањето, како што рече во изјава за медиуми, го поднел поради сомнеж за поврзаност на специјалната обвинителката Јанева со Адриан Амзоски, овластеното лице на фирмата „Дрим билдинг“ од Струга, кој бил и управител на фирмата ТД „Фине“ што го градела објектот „Космос“. За него Општина Гази Баба поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за градење спротивно на одобрението за градба, а ОЈО го процесуирала обвинителниот акт до Сосновниот суд Скопје 1. Јанева, пак, на нејзино барање го презела случајот и веднаш ја повлекла кривичната пријава, а по два месеца Амзоски донирал повеќе од 16 милиони денари на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.
-Во фаза на закажување рочиште од страна на Основниот суд Скопје 1 по кривичната пријава, Јанева го презема случајот од колегите од Обвинителството и го повлекува тој обвинтелен акт без да достави докази. Се сомневаме за поврзаност на повлекувањето на пријавата со потпишувањето на договорот за соработка на „Дрим билдинг“ со Меѓународниот сојуз по два месеца од повлекувањето на обвинителниот акт, изјави Трајковски.
Нагласи дека очекувал од морани причини Јанева сама да побара изземање од случајот ТНТ.
-Но, кога не го стори тоа, денеска официјално со писмен поднесок го направив јас, имајќи во предвид дека фирмата „Дрим билдинг“ има потпишано договор со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски што го дознав од медиумите. Од документите што ги добив се гледа дека фирмата во 2017 година има остварено помалку вкупни приходи од сумата од преку 16 милиони денари што ја уплатила на Меѓународниот сојуз. Симптоматично е од каде се парите на фирмата и зошто потпишувањето на договорот следи само два месеца по повлекувањето на обвинителниот акт по започнатата кривична постапка во Основниот суд Скопје 1 против обвинетиот Амзоски, изјави Трајковски.
Прецизира дека кривичната пријава против Амзоски лично ја повлекла специјалната обвинителка Јанева, што, додаде, е забележано во еден од извештаите на СЈО.
Бара да добие објаснување зошто Јанева ја повлекла кривичната пријава без да се изведат соодветни докази и да се изнајдат дополнителни аргументи, како и без соодветни изјави од било кој од учесниците во постапката, кои биле мотивите и дали постапувала законски.
15-08-2019, 03:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:КОНЕЧНО ПОКАНА И ЗА СПЕЦИЈАЛНАТА НА СЈО: Одморена Катица Јанева во вторник кај одморена Вилма Рускоска на распит Рекет

[Image: katica-janeva_vilma-ruskoska-960x540.jpg]

15.08.2019
Откако беа сослушани неколку обвинители и шефицата на нејзиниот кабинет, конечно и Катица Јанева доби покана за распит во Јавното обвинителство за криминалната афера Рекет.
Неофицијално Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која досега беше на одмор, во вторник. Покрај другите сослушани досега и Јанева денеска добила покана како сведок.
Досега се сослушани обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на Кабинетот на Јанева.
Утре сведочи обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Јосифовска е за давањето времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, Стефанова и Рустеми за влијание врз истрагите „Империја“ и „Поштенска банка“.
15-08-2019, 03:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Во стравот се големи очите!!



Quote:Претрес на обвинителки при влез и излез од СЈО по наредба на Јанева


August 15, 2019

[Image: .jpg?resize=696%2C425&ssl=1]
Шефицата на СЈО, Катица Јанева, дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и на обвинителите, дознава „А1он“.
Шефицата Јанева ја донела одлуката денеска, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева.
Вработените се шокирани и револтирани од ваквата наредба и сметаат дека дел од нив сметаат дека ова е притисок, 




Quote:Фетаи против наредбата на Јанева – не дала да ја претресат во СЈО


August 15, 2019
[Image: -фетаи.jpg?resize=696%2C473&ssl=1]

Oбвинителката Фатиме Фетаи не дозволила да биде проверена од полицаец на влегување во зградата на СЈО.
Наредба за претрес на сите кои влегуваат излегуваат и влегуваат во СЈО, дала шефицата Катица Јанева.
Фетаи ова го потврди за ТВ24 додавајќи дека се спротивставила на оваа одлука.
„Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување.
На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти дека не можам да влезам без да бидат извршени проверки во мојата ташна. Тој се повика на наредба која денеска била дадена од шефицата Катица Јанева“ изјавила Јанева.
15-08-2019, 04:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Јанева со закани кон обвинителите: Ако пропаднам ќе ве повлечам со мене!

15.08.2019
Изминатите неколку дена атмосферата во СЈО е тензична. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во понеделник, откако се врати од одмор, ги собрала присутните обвинители и им се заканила дека доколку таа пропадне, ќе ги повлече и нив заедно со неа.
Како што дознаваме од извори од СЈО, наводно рекла и дека ќе измисли работи за нив, само за да ги оцрни.
Оваа закана доаѓа во момент кога дел од обвинителите се повикани да сведочат во Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“, поради што се толкува како обид да ги замолчи.
Тензијата дополнително се зголемила денес кога Јанева наредила секој кој влегува и излегува од СЈО да се претресува, за што и јавно посведочи и обвинителката Фатиме Фетаи.
Во текот на утрешниот ден пред обвинителката Вилам Русковска треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми, а свој исказ веќе дадоа обвинителката Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на кабинет на Јанева.
Јанева пак во вторник ќе треба да се соочи со Русковска, по што ќе биде познато дали и таа ќе биде сведок или пак можеби ќе биде осомничена.
Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, кои се теретат дека од бизнисменот Орце Камчев земале 1,5 милиони евра, кој платил за да се спаси од кривичен прогон за истрагата „Империја“.
15-08-2019, 09:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Ексклузивно - Фетаи за Канал 5 : Јанева им се заканува на сите обвинители!


Канал 5 ексклузивно дознава дека по налог на Катица Јанева, од денеска сите вработени и обвинители подлежат под строга контрола на личните предмети при влез и излез од Обвинителството.






Расте ли нервозата кај специјалната обвинителка Катица Јанева?  Од денеска влезот во СЈО подлежи на посебен режим на сите вработени во институцијата. Никој не може да влезе и излезе од објектот без да им бидат проверени личните предмети, открива ексклузивно за Канал 5, обвинителката Фатиме Фетаи. Со мерките на претрес се соочила попладнето, по враќањето од пауза.
-Јас излегов на пауза, вообичаено  не излегувам, ама периодов избегнувам за да немам контакти и се враќам околу 13 часот по што полицаецот ме застана. Ми рече „Извинете, обвинителке, ама имаме наредба од шефицата за сите без исклучок да извршиме проверки“. Јас му реков, Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресувате на секое влегување и излегување“, открива Фетаи.
Фетаи вели дека скандалозната наредба произлегла непосредно по денешното доаѓање на истражител од обвинителството, под надлежност на Русковска, кој наводно и ја врачил поканата за распит во случајот Рекет. Нервозата на Јанева, како што вели, ја почуствувале и пред три дена.
,,Во понеделникот не собра на колегиум. Ни тврдеше дека е злоупотребена  и ни се закани, ако не ме браните, за сите ќе зборувам, сите ќе пропаднете со мене.”, вели Фетаи.
жЈанева преку прес службата на СЈО ги отфрли ваквите наводи, како и информациите дека примила покана за распит за “Рекет” на кој денеска веќе беше нејзината шефица на Кабинет.
Утре се очекува да сведочи и обвинителот од СЈО Бурим Рустеми.. Случајот продолжува да ги бранува и власта и опозицијата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска рече дека ја поддржува истрагата за овој случај и дека никој не треба да очекува политичка заштита.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека истрагата за “Рекет” е компромитирана и се развлекува.
Каква ќе биде судбината на предметите на СЈО ќе се знае откако ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Неофицијално, власта и опозицијата се подготвуваат за нова рунда преговоеи за законот за јавното обвинителство следната недела.
(This post was last modified: 16-08-2019, 03:02 PM by ЈорданПетровски.)
15-08-2019, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ЈАНУШЕВ НАЈАВУВА ПPOТЕСТИ И БЛОKAДИ НА ИНСТИТУЦИИTE


16 August, 2019

[Image: janushev.jpg]

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека е можно да организираат демонстpaции, пpoтести, мapшови, можеби блокиpaње на улици, блокиpaње на Парламентот, поврзано со случаjoт „Рекeт“.

Ниту една идеја и начин на делување нe е иcклyчен за да се cимнe оваа влада од власт, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју на Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено во недела, вели дека ги разгледуваат сите можности кои се во рамки на демократските принципи и вредности.
Ниeдeн начин на делување мислам на демонстpaции, пpoтести, пpoтестни мapшови, можеби блокиpaње на улици, блокиpaње на Паpламeнтот, блокиpaње на инcтитyциите, значи буквално секој оној демокpaтски начин на делување во моментов не се исклyчyва. Секако дека највисоките тела и opгани на партијата, тука пред сè мислам на извршниот и на централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнyвaње што е можно побрзо на оваа кpиминално-peкетарска влада – вели Јанушев.
Тој ваквата најава ја да дава како одговор на прашањето дали поттикнати од случајот Рекeт размислуваат да поднеcaт иницијатива за гласање на довepба на Владата во Собранието.
Во интервјуто Јанушев одговара и дали ВМРО-ДПМНЕ има контакти со новинарот на Ла Верита Ларис Гајсер кој ги објавуваше снимките за афеpaта „Рекeт“, а негиpa и инволвиpaност во објавување на нивниот лидep Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
16-08-2019, 03:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Обвинителот Рустеми знае многу за случајот со фирмата “Дрим Билдинг“ која платила рекет од 233.000 евра на Боки Тредичи

Обвинителот Рустеми може да биде еден од клучните сведоци за вмешаноста на Катица во “Рекет“

[Image: rustemi-sjo-obvinitel-tnt-reket.jpg]

Објавил: Данаил Михајловски | 16 август, 2019 12:20
Магазин дојде до документи кои откриваат многу детали за случајот на плаќање “Рекет“ од 233.000 евра од фирмата “Дрим Билдинг“, управувана од Ардијан Амзоски, зет на Фијат Цаноски, фактурирани на име на Јасна Мандиќ, еден од основачите на Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи. За целата оваа ситуација добро бил запознаен и обвинителот од СЈО, г-н Бурим Рустеми, бидејќи истиот е дел од тимот на обвинители на Катица Јанева кои прво, на 13-ти октомври 2017 донесле решение за воспоставување на стварна надлежност врз предметот на ОЈО-Скопје кој се водел против Ардијан Амзоски и “Фине ДОО Скопје“, а само по две недели, на 26-ти октомври 2017 година, донесле решение за запирање на кривичната постапка против Ардијан Амзоски за објектот “Космос“. Накратко, изгледа дека зетот на Фијат Цаноски со 233.000 евра си го платил непродолжувањето на судскиот случај против него, а за чие запирање клучен бил потписот на обвинителката Јанева!

Quote:[Image: 34т3љт5ѕ.jpg?resize=310%2C163&ssl=1]Дали Катица Јанева смислено се откажала од судскиот случај во кој тужен бил Ардијан Амзоски, кој кратко време потоа му префрил 233.000 евра, (како услуга, аванс или рекет) на Меѓународниот Сојуз на Боки 13!?

Денешното сведочење на обвинителот Рустеми е многу битно за судбината на Катица Јанева, и за тоа дали и таа ќе биде осомничена или наскоро можеби и обвинета во мега скандалот “Рекет“? Затоа што сите овие постапки биле сторени со потпис на специјалната обвинителка Катица Јанева, но за текот на целата постапка бил запознаен и учествувал со свои извештаи, мислења и предлози, и обвинителот Бурим Рустеми, како помошник на Катица Јанева и предметен обвинител за случајот “ТНТ“, во кој лицето Ардијан Амзоски и фирмата “ФИНЕ ДОО“ од тужени, стануваат оштетени странки. Инаку парите од Ардијан Амзоски, преку фирмата “Дрим Билдинг“ од Струга, во денарска вредност изнесувале 16.103.986 денари, и што е многу чудно вкупните приходи на неговата фирма во 2017 година изнесувале 14.385.386 денари, односно речиси 1.000.000 денари помалку од уплатениот износ на Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи. Прашање е дали обвинителот Бурим Рустеми знаел или требало да знае за овој податок, дали се проверило потеклото на парите на фирмата на зетот на Фијат Цаноски? Дали обвинителот Бурим Рустеми знаел за потпишувањето на меморандумот меѓу “Дрим Билдинг“ и Меѓународниот Сојуз за изградба на центар за возрасни лица во општина Карпош? Дали Бурим Рустеми се посомневал во постапките на специјалната обвинителка Јанева, дали ја предупредил писмено или усно за можните последици, или можеби бил соучесник во овој дел од скандалот “Рекет“?

Во следните броеви Магазин ќе објавува делови од тие документи кои фрлаат светлина на оваа темна страна на постапките на СЈО, а поврзани со Ардијан Амзоски, Фијат Цаноски, Катица Јанева и Боки Тредичи.
16-08-2019, 03:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Случај „Рекет“

Кој се плаши од Катица Јанева?

Од аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита“ за случајот „Рекет“ може повеќе од сигурно да се каже дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е длабоко замешана во овој случај. Тоа очигледно е дека на сите им е јасно, ама не им е јасно што сѐ може друго Јанева да отвори. Дали политичкиот проект основање на Специјално јавно обвинителство бил следен и со политички пазарења меѓу шефицата на СЈО и премиерот Зоран Заев?


[Image: mkd-243113.jpg?itok=csYz4bRJ]
17.08.2019
Неразбирливото и недозволено чекање на Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, во случајот со одолговлекувањето на одлуката за приведување или повикување на распит на Катица Јанева, само ги подгрева сомневањата за тоа дека во тек е некакво пазарење. Пазарења која како да се спаси, кој да биде жртвата или да се оди до крај. Заканата на Јанева пред колегиумот на СЈО дека ако падне она, ќе паднат сите со неа, доволно кажува за сето она што позади завесата се случува.
Неофицијално, една од главните закани на Јанева е откривањето на сите детали околу договорот со власта за тоа кој од поранешната власт да биде на списокот на предметите на СЈО, а кој да биде поштеден. Освен тоа, очигледно е дека Јанева има што да каже и за други бизнисмени со кои, преку Боки 13 била во некаков договор. Кој друг знае кој и колку платил за спас?
Освен овие дилеми, евентуалното ставање на Јанева на списокот на осомничени или обвинети во случајот „Рекет“ или нејзино приведување го отвора и прашањето за тоа кој ќе биде нејзин заменик. Што ако биде одреден притвор, кој ќе раководи со СЈО? Според Законот за СЈО Јанева е речиси недопирлива.
Според законот, обвинителите во СЈО се помошници на Јанева и самостојно не можат да решаваат за отворање или затворање предистраги, истраги или подигнување обвиненија. Тие ги имаат овластувањата од Јанева за досега отворените предмети, но го немаат овластувањето за подигнување обвинение за истрагите што се водат.
И замениците на шефицата на СЈО, назначени од Јанева (Елизабета Јосифовска и Ленче Ристовска), според Законот за СЈО не можат во целост да ја заменат функцијата прв човек на обвинитеството. Тие имаат ограничени овластувања. Нема одредба што вели дека ако се повлече или ако биде разрешена Јанева, замениците по автоматизам ја заземаат нејзината позиција.
Советот на јавни обвинители може да предложи разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито вршење на функцијата, што потоа тој предлог оди на двотретинска верификација во Собранието.
Во размислувањата за тоа кој и како да се назначи за нов шеф се оди дури и дотаму дека тоа треба да го сторат четирите политички партии кои и се договориле за основање на СЈО и потоа со двотретинско мнозинство во Собранието да се избере и потоа и да се потврди од Советот на јавни обвинители.
Јанева минатиот месец соопшти дека поднесува оставка, која ќе се ефектуира по решавање на статусот на СЈО. Оставката Јанева ја најави истиот ден кога и се уапсија Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец, засега единствените осомничени во случајот „Рекет“. До денеска Јанева формално не ја поднела оставката до Советот на јавни обвинители.
Во тек е расправата за предлог-законот за јавно обвинителство, со кој се предвидува соединување на обвинителството за гонење организиран криминал и СЈО, што би било можеби и најлогичното решение за оваа ситуација. Но, преговорите за овој предлог-закон се во тек и тешко оди усогласувањето на партиските ставови и обезбеддувањето двотретинско мнозинство за негово изгласување.
Експертите велат дека во ова меѓувреме предметите на СЈО нема зошто да прекинат, дека тие се водат од обвинители овластени од актуелната шефица на СЈО.
Во член 14 од Законот за СЈО пишува дека „јавните обвинители во Специјалното јавно обвинителство немаат право да носат одлуки за спроведување и запирање на истражна постапка, подигање и откажување од обвинение и решенија за отфрлање на кривичните пријави, а имаат право да носат други одлуки во врска со предметите и да застапуваат пред надлежните судови“.
Ова значи дека нема никаков проблем во однос на предметите за кои веќе се водат судски рочишта, но има ограничувања во однос на постапките, на истрагите што се во тек.
Во Законот пишува дека „на специјалниот јавен обвинител мандатот може да му престане по сопствено барање, ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата јавен обвинител, ако ги исполни условите за старосна пензија, ако е избран или именуван на друга јавна функција или ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривично дело кое го прави недостоен за вршење на функција јавен обвинител“.
Доколку по кој било основ ѝ престане мандатот, тоа треба да го констатира Советот на јавни обвинители кој треба веднаш да назначи вршител на должност од обвинителите вработени во СЈО.
Дел од обвинетите во предметите на СЈО, веќе побараа од судот да се одложат рочиштата додека не се расчисти случајот „Рекет“ и да се утврди која била улогата на Катица Јанева, но судот ги одби.
А.Д.
17-08-2019, 11:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Фуркан Салиу: Шарени, ви остана ли боја, утре Катица е на распит




[Image: 68658128_940592232953329_220311421619640...e=5DD91DF6]

Хеј #шарени ви остана боја?
Може да ми позајмите...? ‬
‪Утре #Јанева е во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција?
96   6




Bravo Bravo
(This post was last modified: 19-08-2019, 09:31 PM by ЈорданПетровски.)
19-08-2019, 09:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Почна онаа „чичко не сум јас“!!!


Quote:Дали во пaтетичниот обид да се дистaaнцира од Peкет, кога @Dimitrov_Nikola вели: “Бojкотот на референдумот имаше иста цел, да се факторизираат пратениците за да се тргува со одговорноста” – мисли на отфрлање на kpивичната на една од пратеничките за СК 2014 од страна на СЈО? Дали Катица Јанева е сѐ уште на слобода бидејќи се зakaнува дека ќе проговори за тоа како со пomош на СЈО биле уцeeнувани дел пратениците за да гласаат за промена на името, Уставот и историјата на Република #Македонија, пишува поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на Твитер.


[Image: image.jpg]

Дали после признанието на @Dimitrov_Nikola во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на #Македонија, истиот ќе биде повикан на рacпит да даде изјава? Дали ќе има официјална истpaга? Дали е ова вовед во пooништување на #ПреспанскиотДоговор?



[Image: 1.jpg]
19-08-2019, 10:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Изјава пред сослушувањето:






Изјава по сослушувањето:








Специјалната јавна обвинитeeлка по завршувањето на pacпитот во Обвинитеелството за огранизиран kpиминал и kopyпција даде куса изјава за медиумите. Во изјавата специјалката, Јанева сподели ckaндалозна информација дека знае каде се парите од милионскиот Pekeт.
(This post was last modified: 20-08-2019, 01:56 PM by ЈорданПетровски.)
20-08-2019, 01:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Јошевска: Не може Јанева да ја „брани“ адвокат кој застапува обвинет од СЈО


август 20, 2019

[Image: 89349832903232-1200x545_c-696x316.png]

Фактот што денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за истрагата за „Рекет“, заедно со адвокат, го проблематизираат голем број на адвокати, кои повикувајќи се на својата пракса, велат дека досега не им било дозволено на сведоците да бидат испрашувани во присуство на бранител. Сепак, повеќе проблематично, според адвокатката Сузана Јошевска е тоа што адвокатот на Јанева, Стеван Павлески, е бранител и на бизнисменот Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“.
Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.
-Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем.
Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони.
Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!, вели адвокатката Јошевска.
„Фокус“ веќе објави дека Јанева одлучи на Панделевски да му даде времен пасош, како и на бизнисменот Орце Камчев, и двајцата осомничени во „Империја“.
20-08-2019, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Кој си ја има мувата на капата? Јанева со адвокат дава исказ како сведок


август 20, 2019

[Image: katitsa-janeva-1-696x392.jpg]

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на распит во Јавното обвинителство се појави со адвокат.
Јанева е придружувана од адвокатот Стеван Павлески, а ако е познато дека таа е повикана како сведок во Обвинителството, а не како осомничено лице нејасно е зошто на обвинителката и е потребна правна помош.
Јавноста коментира дека Јанева како правник ги знае процедурите и доколку навистина има желба да помогне во истрагата за случајот „Рекет“ треба целосно да соработува.
– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева пред да влезе на распит во Обвинителството.
Инаку, во СЈО не беше дозволено присуство на адвокат кога некое лице било повикано во својство на сведок. Во безброј наврати досега адвокатите биле враќани назад со објаснување дека повиканото лице не е осомничено во одреден случај и нема потреба од присуство на адвокат.
20-08-2019, 09:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Обвинителот Димоски: Денес чув за феноменот „правен консултант на сведок“ – и дајте вистински имиња, не е „Рекет“ туку „Примање поткуп“

август 20, 2019

[Image: Dimoski-Katica-Advokat-696x371.jpg]


„Човекот учи додека е жив! Јас денес (после половина живот посветен на кривичното право) чув за феноменот „правен консултант на сведок во кривичната постапка“.
Да бидеме начисто: од конкретниов сведок не би се изненадил да каже дека има право на шаман во текот на постапката, ама поранешен државен обвинител и по сите параметри сериозен кривичар, да прифати улога во сапунска опера, простете на ништо не личи!
Дајте да ги именуваме работите со вистинските имиња: не е „Рекет“ туку „Примање поткуп“ евентуално „Злоупотреба на службената положба и овластувања“.
И нема што да се консултира сведокот во постапката. Единствено е должен да каже се што знае, што чул или видел во врска со кривично правниот настан. Не мора дури ни да го каже со правнички вокабулар – на сведокот му е дозволено да пелтечи, па дури и да има матна мисла!
Кажувајте ги работите со вистинските имиња! Името е се!“
Фејсбук објава на Војо Димоски, јавен обвинител од Охрид

[Image: Vojo-Dimoski-FB-Katica-praven-konsultant.png]
20-08-2019, 09:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Се апси ли Катица Јанева??



21-08-2019, 12:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



21-08-2019, 12:19 PM
Reply