Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПО СЕ САМО ИМЕТО УБК ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА, СЕ ДРУГО КЕ ОСТАНЕ ОД ВРЕМЕТО НА УДБА !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Димовски: УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност

01.09.2019
УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност, според современите европски модели во служба на граѓаните и интересите на државата, изјави директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски кој денеска во Владата одржа прес-конференција по повод стартот на работата на Агенцијата.
„Сите капацитети на Агенцијата, согласно законот за нејзино основање, и согласно внатрешните акти за оперативност, од денеска се ставени во полна функција. Безбедноста на државата и на граѓаните не познава неработни денови и празници, и оттаму денешниот ден е првиот работен ден на вработените на Агенцијата. По тој повод им упатувам честитки на сите вработени и им посакувам успешна работа на планот на заштитата на националната безбедност на државата, односно заштитата на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот“, рече Димовски.





Тој додаде дека Управата за безбедност и контраразузнавање која во изминатиот период била злоупотребена за поединечни и групни интереси конечно заминува во историјата.
„Во одредени периоди во минатото и посебно, за време на владеењето на претходната власт, граѓаните и земјата беа, на одреден начин, жртви на злоупотребата на капацитетите, ресурсите и еден дел од вработените во Управата. Од денеска започнува нова ера во оваа област. Агенцијата за национална безбедност е самостојна агенција, надвор од рамките на МВР, како дел од завршницата на реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија“, нагласи Димовски.
Според директорот, со ова се прави уште еден исчекор да се надминат недостатоците утврдени во извештаите на Европската комисија за Република Северна Македонија, и преку изградба на нови институции да се направи дисконтинуитет со одредени состојби својствени на заробени држави и да се овозможи целосна заштита на правата и слободите на граѓаните, а не нивна злоупотреба.



Дисконтинуитет неможе да се направи со луѓе кои 30 години го одржувале континуитетот на УДБа!
Дисконтинуитет неможе да се направи ако се вели : „Во одредени периоди во минатото и посебно, за време на владеењето на претходната власт, граѓаните и земјата беа, на одреден начин, жртви на злоупотребата на капацитетите, ресурсите и еден дел од вработените во Управата,  кога злоупотребите на службата после 1991 година ниту се истражени ниту се судки процесуирани. А за тие злоупотреби се знае :нарачателот и извршителот!!
(This post was last modified: 02-09-2019, 11:34 AM by ЈорданПетровски.)
02-09-2019, 11:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: image.jpg]
02-09-2019, 10:36 PM
Reply