Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈОТ НА СВЕШТЕНИКОТ ВИКТОР СТОЈЧЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сведоштво на свeштeникот Виктор Стојчев: Откако бил приведен, пола Влада го посетила домот на Боки 13

[Image: Boki-13-so-prijatelite-696x371.jpg]


31.08.2019
Како што сведочи свeштeникот Виктор Стојчев, кој бpyтaлнo беше нaпaднaт од страна на таткото на Бојан Јовановски и е нивен сосед, голем број на владини функционери го посетиле домот на семејството Јовановски откако тој беше приведен за случајот „Рекет“. Стојчев имаше свое вклучување во живо во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Јас 60 до 70 проценти надвор од Македонија и кога сум дома настојувам со семејството да поминам квалитетно време. Домаќинката е дома постојано и таа се гpижи за семејството, информациите се од нејзе во кои што вели: Проврвеа eдна цела Влада, тие службените возила, се познаваат кои се владини возила. Во првите 20-тина дена буквално, а и самиот видов додуше, проврве пола Влада, јавни обвинитeeли, cyдии кои што сум ги видел на телевизија.
Се прашувам што бараат тие луѓе таму, кога таткото е кpивично гонeт за мојот нaaпад, а синот е веќе во притвop. Се прашувам како е возможно јавнио обвинитeли, cyдии, министри во Владата, министерка, женска личност во Владата да доаѓа кај луѓе кои што се обвинeти за еден таков голем кpyпен случај. Меѓу другото лично јас видов две дипломатски коли, застанати пред нивниот влез и знаете зачудува фактот што бараат дипломати кај луѓе што се кpивично гонeeти во Македонија. Знаете тие имаат јасно препознатлива лепенка CD ,,Car diplomatic”, не знам кои се ни што се, меѓутоа имаа таква лепенка на возилата, вели свештеникот.
Cвeдoштвото на свештеникот започнува на 37:46.







И Заев, минстри, пратеници, обвинители , судии не биле вмешани во РЕКЕТ!?
(This post was last modified: 31-08-2019, 07:45 PM by ЈорданПетровски.)
31-08-2019, 07:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Алфа истражува: Зошто таткото на Боки 13 и официјален сопственик на 1 ТВ е заштитен и по 30 месеци не се гони за насилство?


21.08.2019
Седми јануари, Божиќ, 2017 година, ден кога комплетно се менува животот на еден свештеник, протојереј на МПЦ Охридска Архиепископија со име Виктор Стојчев, сопруг и татко на три деца.
Скандалозната случка која се утше нема правна разрешница, а започна на денот на Христовото раѓање, својата кулминација ја доживува околу 18:00 часот кога таткото на првоосомничениот во Рекет, Боки 13, односно Миле Јовановски влегува во дворот на свештеникот и физички го напаѓа додека свештеникот е во својот автомобил зад воланот.
Согласно професионалните новинарски правила се обидовме да добие став од човекот според снимките го нападнал свештеникот на МПЦ. Откако неколку пати безуспешно се обидовме да го добиеме по телефон ,Алфа вчера отиде во домот и обиде да добие одговор од Миле Јовановски што всушност се случило, но на соработка не наидовме.
За разика од неговиот син кој јавно тврдеше дека насилник е попот, а жртва семејството на Боки 13 , Миле Јовановски не ни одговори што всушност се случило и зошто случајот е заглавен во правните лавиринти.
Упадот во дворот, но и возилото на свештеникот од стана на сениор Јовановски се случил пред очите на трите деца и сопругата на Стојчев.
Откако ја отвора вратата и го напаѓа свештеникот, таткото на екс реалити sвездата, го вади Стојчев од автомобилот и ја продолжува физичката пресметка во дворот, по што свештеникот ја крши ногата.
За настанот сведочат и вознемирувачки видео и аудио материјали со помош на кои досега МВР и правосудните органи морале ,но не го затвориле случајот кој го го покажува гнилежот на македонските институции и врските меѓу власта, правосудните органи, МВР и други актери.
Тим на Алфа телевизија работи на оваа шокантна сторија и во тек се консултации со правни експерти кои треба да кажат дали можеме да ги објавиме сите материјали за случајот кој на нечие инсистирање е заглавен во јавното обвинителство.
На физичката пресметка во таа студена јануарска вечер и претходи вербална расправија околу паркинг простор.
Свештеникот и неговото семејство се враќаат од пат, но не можат да влезат во својата гаража оти автомобил на семејството Јовановски е паркирано токму пред влезот на гаражата.
Свештеникот со сирената три пати алармира дека патот му е блокиран, по што од куќата спроти него излегува Боки 13ка и веднаш почнува да го навредува свештеникот.
По навредите, свештеникот со смирен тон му одговара на Боки 13ка дека нема потреба од тоа, по што откако е поместен автомобилот, свештеникот се паркира во гаражата. Наеднаш се појавува постариот Јовановски и со навреди и тупаници го напаѓа свештеникот.
Иако е поднесена кривична пријава и извршени три вештачења на повредата на свештеникот, правна разврска на предметот се уште нема, а свештеникот и неговото семејство се уште живеат со траумата од Божиќ-от 2017.
Мери Ѓорѓиевска





31-08-2019, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: 13.jpg]



„Чесниот“ Боки13 ја кажува „вистината„!!!
(This post was last modified: 31-08-2019, 10:31 PM by ЈорданПетровски.)
31-08-2019, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(31-08-2019, 10:31 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 13.jpg]



„Чесниот“ Боки13 ја кажува „вистината„!!!



Подршка за Боки 13 пристига од најблиските


[Image: 13-1.jpg]
31-08-2019, 10:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Таткото на Боки 13 на суд за напад на свештеник

September 27, 2019
[Image: -Јовасновски.jpeg?resize=428%2C297&ssl=1]
На 21 октомври во Кривичниот суд, Миле Јовановски, татко на Боки 13 ќе  седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.
Јовановски кој е официјален сопственик на 1ТВ и ќе одговара за напад врз свештеникот Виктор Стојчев.
Нападот на свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, по што Стојчев поднел кривична пријава против Јовановски.
27-09-2019, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,657
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Таткото на Боки 13 призна дека на Божик претепал свештеник

November 12, 2019
[Image: -Јовасновски.jpeg?resize=428%2C297&ssl=1]

Миле Јовановски, татко на Боки 13, признава дека на 7 јануари 2017 го нападнал свештеникот Виктор Стојчев кој реагирал дека не може да влезе во сопствениот двор поради паркирано возило на Јовановски пред неговиот влез. Стојчев прво свирел со возилото, а потоа неговата сопруга отишла и заѕвонила на вратата на комшиите Јовановски. Тогаш Боки излегол и го поместил возилото, а почнала и караница меѓу него и попот.
„Според обвинението, „откако оштетениот се паркирал, Миле Јовановски излегол од дома и влегол во дворот на оштетениот, се доближил до возилото, ја отворил левата врата и со десната рака му удрил тупаница во лицето, па откако оштетениот излегол од возилото Јовановски продолжил да го удира со нозе и раце, оштетениот паднал на земја и Јовановски по него и продолжил да го удира“.
Откако обвинителката го прочита обвинението, судијката Александра Ристоска го повика Јовановски да каже дали ќе се брани, ќе го признае делото или ќе молчи.
„Имам многу големи сомневања кај мене дали сум виновен или не, затоа што господинот е тој што почна…“,рече Миле Јовасновски но по барањето на судијката тој изјави дека – го признава делото.
Адвокатката на Миле Јовановски побара да се земе предвид дека нејзиниот клиент нема кривично досие, невработен е, не е во добра здравствена состојба и побара поблага санкција.
Во случајот за сведок беше предложен и Боки 13, но, според Плусинфо, тој поради економичност на постапката не беше спроведен од затворот. Пресудата судот ќе ја соопшти в понеделник во 11 часот.
12-11-2019, 12:25 PM
Reply