Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИСКАЗ НА КАМЧЕВ ВО ОБИНИТЕЛСТВОТО ЗА УЦЕНИТЕ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:АЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ВИКА ФЕРМАНОТ: Исказот на Орце Камчев во oбвинитeлcтвo ја oтkpива целата виcтинa за „Pekeт“

„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година.

[Image: 581479-bugarija-go-naznachi-orce-kamchev...donija.jpg]

Рекетот започнал откако Бојанов Јовановски познат како Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков ,,Fashion Mall”, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.
 
[Image: zapisnik.jpg]
Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.

Quote:-Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска.

Камчев потенцира дека вакви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.
Откако бил одбиен и за вториот проект, Боки Тредичи успеал да го натера Орце Камчев да му плати реклама од 180 илјади евре, иако во тој момент како што кажува Камчев во изјавата пред Рускоска, ниту тој, ниту неговите компании имале потреба од Реклама.
Но тоа не било се. Откако му ги исплатиле овие 180 илјади евра и тоа 90 илјади евра преку сметката на Систина и 90 илјади евра преку ОК Идеја, Бојан Јовановски започнала на социјалната мрежа Инстаграм да објавува заеднички фотографии со обвинителката Катица Јанева во кои потенцирал дека се спремало нешто големо. Неколку дена подоцна, Камчев бил приведен и притворен во случајот Империја.
 
И тука започнува голготата…
 
Веднаш по притворувањето, поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.

Quote:-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал.

Увертирата во земањето рекет, адвокатот Димипков ја започнал со тоа што на сопругата на Јордан Камчев почнал да и соли памет дека уште летоска му кажал на нејзиниот сопруг дека требало ,,да пушти некој денар” за да се подмачкале истрагите против него, а тој да си бил мирен. Васил Димишков, инаку брат на судијката Весна Димишкова уште во август 2018-та година се обидел да изнуди пари од Орце Камчев. Бизнисменот тоа не го сватил за сериозно тогаш, иако Димишков му предочил дека против него има распишано посебни истражни мерки. Камчев одбил било каква соработка со Димишков, бидејќи како што тврди се чувствувал невин и дека дури да имало ПИ-мерки против него, немало што да крие.
 
Quote:-…Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

На прашање на обвинителот, како би отишла во пензија кога не исполнува години старост, пријавителот Камчев изјави:

Quote:– Од тие причини сумата била голема затоа што после ова на судијата Димишкова би и завршила кариерата.

Инаку Весна Димишкова е судијката која го ослободи Заев за слуачјот ,,Поткуп” во кој премиерот беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен, додека бил градоначалник на општина Струмица.

[Image: vesna-dimiskova.jpg]

На крајот на ноември, пред Орце Камчев да биде ослободен од ефективен притвор, а мерката да биде заменета со куќен притвор, Бојан Јовановски преку Зоки Милевски-Кичеец ја контактирал сопругата на Камчев, Ана Камчева нудејќи и опција од 500 илјади евра во замена за укинување на мерката притвор за нејзиниот сопруг.
 
Боки Тредичи за да покаже дека е многу сериозен, дури и ја повикал Ана Камчева во неговиот дом во селото Орман, каде таа отишла заедно со Зоран Милевски-Кичеец. Како што објаснува Камчева во исказот пред обвинител, таа таму го затекнала Боки додека ја фарба косата, а косата му ја фарбал Сергеј Варошлија.

[Image: sergej-boki.jpg]

Наспроти нив седела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја уверила Ана дека ако дадат 500 илјади евра, мерката ефективен притвор ќе биде заменета со куќен притвор.
 
И така било…
 
Ана и Орце Камчеви, успеале во рок од неколку дена да соберат 350 илјади евра, а останатите 150 ги земале како позајмица од Кичеецот. Два дена подоцна Орце Камчев бил префрлен во куќен притвор. Откако заминал во куќен притвор, најчест гостин на семејството Камчеви бил токму Бојан Јовановски кој објаснувал што Орце би добил за 5 милиони евра, а што за 8 милиони евра.

Quote:-Осум милиони чинеше варијантата, предметот да заврши во СЈО, а доколку Врховниот суд донесе одлука дека тие не се надлежни да постапуваат по предметот, Катица предметот да го прати во редовното обвинителство, без докази, односно да бидат уништени доказите со кои наводно тие располагаат и оваа варијанта чинеше 5 милиони евра. Дека е ова така говори и фактот дека имаше поплава во подрумските простории на СЈО, каде беа уништени доказите во предметот Империја за кои сум јас меѓу обвинетите, тврди Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Вилма Рускоска.

Орце Камчев уште од првиот момент како што вели во својот исказ знаел дека пари нема да им даде, но како што вели ,,ова им го понудив, само за да можам да соберам докази дека тие од мене изнудуваат пари”.

Quote:-Бојан веднаш се јави кај Катица при што се согласија со 5 милиони евра, објаснува Камчев.

Замислете, не само што Катица Јанева и Бојан Јовановски заедно со Лиле Стефанова и Весна Димишкова ,,кркнале” пет милиони евра, смислено ги поплавиле просториите на СЈО за да уништат докази за наводен криминал, а со тоа да ја попречат правдата. Она што е можеби најинтересно е што во целиот овој период, за случајот биле запознати Радмила Шекеринска, Никола Димитров, но и шефот Зоран Заев. Во една од приликите, при расправија помеѓу Боки Тредичи и Орце Камчев, околу апоените во кои бил исплатен рекетот, Боки се обидел да ја контактира Катица Јанева, но неуспешно бидејќи таа била на пукање во Камник, а пота и на вечера со Радмила Шекеринска.
 
[Image: sekerinska-papa.jpg]

Quote:-Вечерта знам, дека кај мене дојде Бобо Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска со еден пријател негов да гледаме фудбал и се смеевме со Бојан бидејќи тој ми кажа дека со него на вечера ќе биде Радмила Шекеринска, со Катица Јанева. Следниот ден ми покажа фотографии од вечерата. Бојан на овој начин го злоупотребуваше познанството со политичарите за да на нас ни покаже колку е моќен, посочува Камчев.

Истото што му го правел на Орце Камчев, Боки му го правел и на Цветан Панделевски па вкупно во неколку месечниот рекетарски поход, Боки успеал да собере три милиони евра само од Орце и Цветан. Блиски соработници на Боки 13 во оваа операција биле и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски и нејзиниот сопруг вработен во УБК, Јовче Ременски кои во целиот овој период му го штителе грбот, а можеби и газот.

[Image: frose-740x474.jpg]

Quote:-Веќе споменав дека мојата сопруга Ана се виде со директорот на УБК, Горан Николовски при што истата му даде информации што ни се случува, но не целосни, на што Горан и кажа дека тој е спремен да превземе дејствије во насока на докажување на тоа што му го кажала Ана, а кога таа го прашала со кого би соработувал, затоа што знаеме како што кажав дека Бојан е близок со многу обвинители, а и со полициски службеници од МВР. Особено се фалеше со неговата близина со Јовче Ременски и Фросина Ременски, на што Горан и кажал дека ќе се договори со Вилма. Тој сакал да даде предлог до обвинителството за примена на ПИ-мерки како би можело сето ова да се документира на законит начин, вели Камчев во исказот пред обвинителката Рускоска.

Оттука произлегува дека единствена институција која што во овој случај вистински си ја вршела работата била УБК, но и обвинителството за организиран криминал, Оваа поука ја земале откако Камчев добил инструкции од неговите ,,пријатели” од Софија, сите негови контакти,средби, состаноци да ги сними и документира како би можел во иднина, кривично да ги пријави.
 
Таа работа со Боки да се заврше…
 
Откако ги подмачкал, Орце заедно со неговиот адвокат отишол во просториите на СЈО на состанок со Катица Јанева, во канцеларијата на Јанева била и обвинителката Лиле Стефанова, која по наредба на Јанева ја напуштила просторијата за да не им го слуша муабетот со нејзините жртви. На прашањето на адвокатот Антонио Апостолски, што ќе се случи со Врховен, Катица кратко одговорила ,,таа работа со Боки да се завршЕ’‘.

[Image: Zaev-boki.png]

Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.

Quote:-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Замислете Зоран Заев ги предупредил како што вели ,,педерот” и Кичеец дека против нив има пријава и да ги прекинат сите контакти со Орце Камчев.
Не само што е вмешан, не само што им помагал и ги предупредувал, Зоран Заев и лажел дека тој, а не Орце Камчев го пријавил случајот.
Зоран Заев лажел дека не се сретнал со Зоран Кичеец.
Зоран Заев лажел дека не се среќавал со Бојан Јовановски.
И конечно Зоран Заев лаже дека не зел некое милионче од Рекетот.
Дека ова е така објаснува и споругата на Орце Камчев, Ана во нејзиниот исказ каде што се вели дека откако Заев му кажал на Кичеец дека има пријава против нив, тој и Бојан Јовановски престанале да го контактираат семејството Камчеви.
За се ова, ако сакате да ги видите документите ќе се видиме на суд и таму ќе ви ги презентирам документите.
Продолжува….
А. Митовски
 
23-08-2019, 11:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ако има докази, нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите

22.08.2019 / 23:46
Ако има докази нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите. Нека се објават секаде. Тоа го заслужуваат граѓаните за било кој, еве и мене ме спомнувате, ако е за Зоран Заев, веднаш да ги објават. Дали е италијанскиот новинар, дали е господинот Мицкоски, апелирам да објават, порача вечерва премиерот Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ на новинарско прашање за најавените нови бомби од страна на италијанскиот новинар, во кои наводно Заев бил директно инволвиран, заедно со министерот за здравство Филипче и директорот на Фондот за здравство.

Тој истакна дека тоа е начинот на кој се постапува во земја што е слободна и дека објавувањето на незаконски дејствија помага во јакнењето на сите општествени процеси и на државата.

Quote:Заев: Ќе тужам за клевета зашто не сум инволвиран ниту јас, ниту високите функционери во случајот „Рекет“

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

МИА 24/08/2019 14:02

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.
Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, според Заев е лага и манипулација.
Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.
– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис – рече Заев.
На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.
– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции – изјави Заев.
(This post was last modified: 24-08-2019, 03:24 PM by ЈорданПетровски.)
24-08-2019, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ОЈО: Објавувањето на документи за „Рекет“ е кривично дело, сторителите ќе одговараат

Плусинфо - 24/08/2019 11:26

[Image: obvinitelstvo-696x365.jpg]
Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан.
– Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката – посочуваат од ОЈО.
Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.
– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата – се наведува во соопштението.
Утринава на интернет се појави документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како бил уценуван од Бојан Јовановски од септември 2018 до април 2019 година.
24-08-2019, 01:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ударот врз „Инфомакс“ е удар врз слободата! – Заев и ОЈО сакаат да ги замолчат медиумите

24.08.2019
Обвинителката Вилма Русковска и премиерот Основното јавно обвинителство со закануваа реагираа на синоќешната објава на порталот „Инфомакс“ протече сведечоњето на Орце Камчев, во кое очигледно се покажа освен Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоки Кичевец, се инкриминирани и многу други лица од власта, помеѓу кои и премиерот кој ги предупредил осомничените рекетари дека биле снимени.
Премиерот, соочен со тоа дека се потврдува оти е дел од „Рекет“, се закани со тужба до новинарот од „Инфомакс“ кој го објави записникот од ОЈО, кој го инкриминира.

Quote:-Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Зоран Заев

Со закана се јавиа и од ОЈО.

Quote:Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката.
Во интерес на понатамошното непречено спроведување на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите. – стои во соопшението на ОЈО.

Директните закани упатени кон новинари, според редакцијата на „Економски Лидер“ е закана кон слободата. Во објавите на „Инфомакс“ има очигледен јавен интерес, ако се има предвид дека се објавуваат детали кои јасно упатуваат на тоа дека обвинителството штити високи функционери на власта кои биле вмешани во случајот „Рекет“.
Нашата редакција, на секаков можен начин ќе застане во одбрана на колегите од „Инфомакс“.

Bravo Bravo Bravo
24-08-2019, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Frosina Remenski

Ничие право не смее да загрози право на друг. Тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните.
Медиумите како придобива на демократијата имаат и право и обврска да известуваат за сите прашања од јавен интерес и за случаи на криминал и корупција, почитувајќи ги начелата на новинарската етика кои вклучуваат објективно известување, проверка на веродостојноста на информациите и забрана за злоупотреба на средствата за јавно информирање за лажно обвинување за корупција.
На интернет порталот Инфомакс на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнсa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.
Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување.
Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.
Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот Инфомакс и порталот Република кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.
Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат.
24-08-2019, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(24-08-2019, 01:25 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ОЈО: Објавувањето на документи за „Рекет“ е кривично дело, сторителите ќе одговараат

Плусинфо - 24/08/2019 11:26

[Image: obvinitelstvo-696x365.jpg]
Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан.
– Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката – посочуваат од ОЈО.
Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.
– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата – се наведува во соопштението.
Утринава на интернет се појави документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како бил уценуван од Бојан Јовановски од септември 2018 до април 2019 година.

Адвокатот Јанаки му помага на ОЈО во истрагата :

Quote:Janaki Mitrovski
·

Осомничен и сведок после распит добиваат примерок од записникот.Ете од каде "протекло" нека прекинат да глумат лудило во обвинителство.
24-08-2019, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(24-08-2019, 01:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Заев: Ќе тужам за клевета зашто не сум инволвиран ниту јас, ниту високите функционери во случајот „Рекет“

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

МИА 24/08/2019 14:02

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.
Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, според Заев е лага и манипулација.
Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.
– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис – рече Заев.
На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.
– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции – изјави Заев.

Што ке каже сега Заев?? Русковска потврди дека записникот е ВЕРОДОСТОЕН!!

Quote:Рускоска потврди: Записникот од иcкaзот на Камчев е веродостоен
август 24, 2019
Дневно

Новинарот Саше Димовски утрово стапил во контакт со обвинителкaта Вилма Рускоска во врска со записникoт од исказот на сведокот Орце Камчев во случајот „Рекет“.
– Пред половина час разговарав со јавната обвинителкa Вилма Рускоска од Обвинитeлството за организран кpиминал и кopупција. И еве на самиот старт една ексклузивна информација дека записникот кој е објавен е точен и тоа е приjaвата која што ја поднесува Орце Камчев на 2 мај оваа година во Обвинитeлството. Како што вели Вилма Рускоска, овој зaписник е даден на 15.07.2019 година заедно со предлогот за притвop за Бојан Јовановски и Зоран Кичеец во Kpивичниот cyд, вели Саше Димовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Заев претходно најави тужба за новинарот на Инфомакс барајќи Вилма да каже дали исказот е веродостоен. Рече дека никако не е инволвиран во Рекет.
24-08-2019, 02:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

После оваа изјава на Русковска , Заев веке треба да е на пат за Шутка!!

[Image: image.jpg]
24-08-2019, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Четирите фази во „Рекет“ и некои други прашања – пишува Горан Момироски

August 24, 2019
[Image: -колумна.jpg?fit=300%2C184&ssl=1]

Од тоа што во послединиве дваесетина дена го слушам од луѓе во власта, опозицијата, невладиниот сектор, од странските и домашни дипломати но и од луѓе од правосудната фела можам да заклучам дека случајот „Рекет“ како противправно дело не е важен само како точка на судир во македонските политичко – партиски битки за власт туку и како пример за идните учебници по криминологија и политички системи.
Во „Рекет“ има неколку различни делови и затоа е важно да се разграничат секоја од фазите во вршење на кривичните дела кои се досега опфатени во постапката или кои допрва ќе бидат премет на истрага.
Рекет започнува кога со својата невладина организација „Меѓународен сојуз“ Боки 13 иницира измами и гради политичко влијание.
Во оваа фаза за која странските набљудувачи се најмногу загрижени, најважна е идејата со првично одземените пари преку изнуда да се отвари велијателен медиум, 1ТВ. За странците е вџашувачки што медиумот е формиран со цел да се обликува јавното мислење за поддршка на Власта но како што ќе се види подоцна и за одбрана на криминалот на сопственикот Боки 13 и неговите соработници.
Овде најпоразителен е фактот што дел од новинарската екипа во медиумот има блиски односи со важни дипломатски кругови во земјава и во странство а тие со ништо не укажале дека во 1Тв се случуваат вознемирувачи процеси.
Откако е поставен првичниот систем, од „Измама“ со помош на важни фигури во власта криминалната група за која се уште се утврдува колкаво членство има преоѓа во нова фаза и истовремено во кривично дело “незаконско посредување со мито заради стекнување на политичко влијание”.
До крајот на овој дел од процесот кој заврши со апсење на Катица Јанева се врши рекет врз однапред селектирани лица за кои има компромитирачки материјал или се инволвирани како осомничени во судски постапки.
Четвртата и веројатно најопасна фаза за инволвираните започна вчера со објавување на исказот на Орце Камчев кој пред обвинителството уште не 2 мај открива низа детали и лица кои укажуваат на нови индиции за инволвираност во криминалот.
Освен за политичари, новинари, бизнисмени овде зборуваме и за најмалку двајца членови на тимот во Обвинителството кој го следи процесот а кои направиле тешки прекршувања на законот со непостапување.
Речиси сите упатени во случајот укажуваат дека за да се дојде до вистината треба да се следи текот на парите. Во овој правец неопходно е веднаш да се дадат одговори за трансферот на значителна сума пари од Македонија во една екс југословенска држава од страна на наша модна икона до спортски херој.
Суштински информации можат да се добијат и преку исплатата на познат битолски бизнисмен кој на непозната пензионерка за идеја и платил хонорар во износ од фантастични 720 илјади евра.
Финансиската истрага мора да открие каде освен во еден медиум завршиле парите за кои се зборува во Рекет.
Звучи речиси неверојатно дека Финансиското разузнавање без поголеми проблеми дозволило трансфер на 720 илјади евра на име хонорар на една пензионерка која предходно толку пари видела само на филм.
Делот од тимот на обвинителката Русковска кој дал дозвола за овој трансфер за кој можат да сонуваат најголемите македонски интелектуалци допрва ќе биде во фокусот на истрага, но тогаш таа нема да ја води шефицата на тој што потпишал за трансферот туку други институции.
Покрај главните лица во досегашните медиумски и обвинителски информации има уште прашања чии одговори нема начин да бидат скриени.
Една од темите во овој контекст е поврзана со екс директор на голем комуникациски систем кој платил огромна сума пари за да се спаси од притвор но за тоа не го известил обвинителството како што тоа го сторил Камчев.
Посебен но не помалку важен аспект на целата афера е кои се обвинителите и функционери во СЈО и Финансиската полиција кои давале тајни податоци за компании за да може Боки 13 и неговата групација да уценуваат за реклами за телевизијата со кои биле плаќани дел од новинарите кои беа критички настроени кон опозицијата а се обидуваа да ги фалат владините политики и функционери.
Јавниот обвинител Јовески со својата изјава дека нема индиции за инволвираност на политички фактори во Рекет ни укажа на една голема дилема.
Или тој не е информиран што му се случува во обвинителството или свесно крие информации. Речиси јавна тајна е, дури и пред објавувањето на исказот на Камчев, дека ЈО истражува наводи за перење на пари од страна највисоки функционери на СДСМ. Поради ова Јовески наскоро ќе мора да ја дообјасни својата изјава која што наликуваше на изјавите на портпаролот на владеачката партија.
Јовески може да биде во право само ако зборува за функционери на СДСМ кои што веќе не се дел од највисоките партиски структури на СДСМ иако и таа позиција е повеќе од сомнителна.
Сепак истрагата на Управата за јавни приходи која започна засилена контрола на фирмите и невладината на Боки 13 во која членуваат високи функционери му даваа мал простор за маневар во дилемата дали со оставка да спаси што може да се спаси или како и човекот што го предложи, премиерот Заев, да одат до крај и да го уништат имиџот и на институциите што ги раководат.
Во делот на перење пари и Јовески и Рускоска мора да знаат дека јатрвите, золвите или балдските на високи партиски и владини функционери без разлика дали ќе се третираат како дел од семејство, не успеале да ги скријат сите траги што водат до докази и луѓето со чиј амин на Македонија и се случува овој историски срам поради кој се почесто особено странците се сомневаат дали Македончето има капацитет да има и да води своја држава.
А големите приказни допрва почнуваат……..
24-08-2019, 02:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(24-08-2019, 01:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Заев: Ќе тужам за клевета зашто не сум инволвиран ниту јас, ниту високите функционери во случајот „Рекет“

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

МИА 24/08/2019 14:02

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.
Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, според Заев е лага и манипулација.
Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.
– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис – рече Заев.
На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.
– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции – изјави Заев.

Quote:Ако има докази, нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите

22.08.2019 / 23:46
Ако има докази нека се објават, за било кој, прво за мене, па после и за сите. Нека се објават секаде. Тоа го заслужуваат граѓаните за било кој, еве и мене ме спомнувате, ако е за Зоран Заев, веднаш да ги објават. Дали е италијанскиот новинар, дали е господинот Мицкоски, апелирам да објават, порача вечерва премиерот Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ на новинарско прашање за најавените нови бомби од страна на италијанскиот новинар, во кои наводно Заев бил директно инволвиран, заедно со министерот за здравство Филипче и директорот на Фондот за здравство.

Тој истакна дека тоа е начинот на кој се постапува во земја што е слободна и дека објавувањето на незаконски дејствија помага во јакнењето на сите општествени процеси и на државата.

Quote:МАН: Нема повлекување текстови, тужете го премиерот Зоран Заев и Боки 13

[Image: MAN-makedonska-asocijacija-na-novinari-960x504.jpg]

24.08.2019
Македонската асоцијација на новинари МАН бара од своите членови да не подлегнуваат на притисоци и закани, и да не ги повлекуваат текстовите кои се однесуваат на аферата Рекет. Секое објавување текстови во однос на оваа афера е заштита на јавен интерес каде се пишува и опишува само работа на државни функионери.
Во прилог целото соопштение на МАН и нивниот коментар:
– Премиерот Зоран Заев завчера ги повика новинарите слободно да објавуваат, а кога тоа го сторија, се заканува со тужба против новинар кој објавил документ за аферата Рекет, каде е наведено и неговото име.
МАН е известен дека и останатите функционери наведени во документот од сослушувањето за Рекет, вршат јавен и директен притисок и ја ограничуваат слободата на медиумите.
– МАН ги повикува овие функционери да го тужат премиерот Зоран Заев од чиј тим се дел, бидејќи токму тој ги повика новинарите и медиумите (во неколку наврати) слободно да известуваат и информираат, вклучително и за аферата Рекет.
– Ниту еден медиум или новинар на кои и се заканувате, не ве запозна со Боки 13, не ве тераше да потпишувате меморандуми за фиктивни старечки домови, не ве тераше да се сликате по заеднички вечери со него, не ве тераше да станете членови на менаџментот на Меѓународен сојуз, не ве тераше да учествувате во неговите нелегални активности, не ве тераше да молчите за рекетот. Тоа е исклучиво ваша активност (законска или незаконска) а медиумите известуваат за последиците од тие ваши заеднички активности. Оттука, МАН ве повикува да си го тужите Боки 13 што ве вовлекол во најкриминалната афера во историјата на независна Македонија.
-Што се однесува до ОЈО и заплашувањата дека е кривично дело објавувањето документи од јавен интерес, дека не се почитува презумција на невиност и се загрозуваат животи на лица од истрагата, треба да се потенцира дека документите и снимките за случајот Рекет се од јавен интерес, бидејќи станува збор за најголемата криминална афера во независна Македонија, во која учествуваат лица од врвот на власта, СЈО и судството. Го потсетуваме републичкиот обвинител Љубомир Јовевски дека токму тој на последната прес конференција изјави дека немало инолвирани политичари во случајот Рекет. А записникот го покажува сосема спротивното. Ја прашуваме обвинителката Вилма Рускоска зошто не реагираше кога се објавуваа секакви детали по медиумите за случајот 27 април. Аудио разговори и документи за истраги од Катица Јанева со години се објавуваа по медиуми блиски до СЈО и СДСМ, за кои никогаш ниту еден обвинител од СЈО јавно не реагирал.
-Наместо ОЈО да објаснува за пресумција на невиност, треба да ја прашате обвинителката Рускоска, бидејќи на нејзина прес конференција осомничен се шета со лисици на раце пред десетици ТВ камери за случајот Рекет.
-Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство.
-Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план за контрола на медиумите, особено на интернет медиумите.
24-08-2019, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:РЕПУБЛИКА

Фесбук статус на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во кој упатува отворени закани до нашиот портал поради пренесувањето на веста од порталот „Инфомакс“, во која е објавен записник од исказот на сведокот во случајот на ОЈО „Рекет“, Орце Камчев, за кој и обвинителката Вилма Рускоска потврди дека е веродостоен.

Quote:Никола Димитров - Nikola Dimitrov
2 hrs ·
Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.
Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.
Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.
Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда.
Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.
Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е.
24-08-2019, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(24-08-2019, 01:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Заев: Ќе тужам за клевета зашто не сум инволвиран ниту јас, ниту високите функционери во случајот „Рекет“

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

МИА 24/08/2019 14:02

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.
Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, според Заев е лага и манипулација.
Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.
– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис – рече Заев.
На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.
– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции – изјави Заев.

Quote:Новинарот што доби закана за тужба од премиерот

Александар Митовски: Изјавата на премиерот Заев не е ништо повеќе од паничен рефлекс

[Image: Aleksandar-Mitevski-Infomaks-Novinar.jpg]
24.08.2019
Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција, не е ништо повеќе од паничен рефлекс во момент кога станува јасно дека она што го зборувал било невистина, вели за Пресинг Тв новинарот Александар Митовски.
Митовски е автор на текстот, што го објави сајтот Инфомакс, за содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Рекет“ пред обвинителката Вилам Рускоска.

Quote:Ниту јас, ниту редакцијата во ниту еден момент не тврдиме дека некој нешто направил. Напротив, како одговорен медиум го увидовме јавниот интерес и без никаква интервенција во она што го дознавме го обзнанивме на јавноста, вели Митовски.

Тој смета дека тоа треба да го направи секој одговорен граѓанин на оваа држава, дотолку повеќе секој новинар.
Што се однесува до реакцијата на Јавното обвинителство, Митовски вели дека потврдата на обвинителката Рускоска за веродостојноста на материјалот кажува повеќе од било чија реакција.

Quote:Соопштението на ОЈО, но и етикетирањето за мене и нашиот медиум ми личи повеќе на политичка порака, отколку на соопштение од правосуден орган. Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Ваквиот тип на закани, од она што го знае до сега, додава Митовски, биле познати само во времето на едноумието и острите диктатури низ Источна Европа, Африка, Азија и Јужна Америка. Од тоа, според него, ништо добро нема да излезе, особено што не очекува одлука за старт на преговори со ЕУ каде слободата на медиумите е една од главните столбови за оценување на демократичноста на општеството.

Quote:На овој начин само се загрозува евентуалниот датум. Јас од мое лично име и од име на редакцијата ќе ги известам сите релевантни меѓународни фактори за притисоците, што ги врши власта врз нас, но и ќе им порачам на другите колеги да не се плашат од напливот на панични закани, а ако имаат повеќе информации да ги објават, вели Митовски.

Во некои медиуми се појавија информации дека во Обвинителството се вршат проверки како се случило да протече записникот во јавноста. Неофицијално се додава дека сајтот, што го објави текстот, ја имал само првата страница од документот, додека останатата содржина била прераскажана. Во врска со ова Митовски вели:

Quote:Првата страница е ставена како илустрација за веродостојноста на текстот.
24-08-2019, 04:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Фуркан Салиу: Власта по секоја цена сака да го контролира онлајн просторот, како е можно само одредени медиуми да знаат кога полицијата ќе ја приведе Јанева?

August 24, 2019

[url=https://pogled.mk/wp-content/uploads/2019/08/furkan-saliu1.png][/url][Image: furkan-saliu1-826x570.png]

Мислам дека на OJO им е криво што исказот на #Камчев не го објави медиум близок до нив а ова со пресумцијата на невиност и другите глупости што ги напишале ми се смешни знаејќи како функционира таму. За да добиеш навреме официјална информација од ОЈО треба да си пријател со некого… Или ќе почекаш да ја прочиташ од портали блиски до нив.
Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство. Пред три дена одлуката не беше објавена нигде, два часа порано одредени медиуми објавија дека Јанева иде во притвор – реакција немаше. Како е можно одредени медиуми точно да знаат кога полицијата ќе ја притвори Јанева?
За самиот случај Рекет дознавме од медиуми и од новинарот Героски а не од ОЈО. А да не почнам да пишувам (ќе ми требаат 2 дена) какви се детали се објавуваа за 27 април додека траеше истрагата.

Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план објавен пред точно месец дена.
Дали има јавен интерес во тоа што е објавено?
Ако сите сакаме да го ослободиме судството од судии како онаа што се спомнува во текстот, ако сите се прашуваме зошто после 4 месеци истрага само 3 се во притвор, ако притворите дојдоа после објавувањето на снимката во ЛаВерита…Секако дека има јавен интерес!
Според мене, ова е само почеток на борбата на власта по секоја цена да го контролира онлајн просторот.
Фејсбук статус на новинарот Фуркан Салиу.
24-08-2019, 10:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(24-08-2019, 03:40 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Никола Димитров - Nikola Dimitrov
2 hrs ·
Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.
Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.
Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.
Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда.
Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.
Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е.

Quote:Милошоски за Димитров

Министерот бил информиран за Рекет во првото тромесечие од 2019та, лично од нерезидентен амбасадор

24 Aug 2019 - 21:32

[Image: x39342-ministerot-bil-informiran-za-reke...K2Vf-C.jpg]

Откако министерот Никола Димитров јавно се огради од учесникците во случајот Рекет, а денеска се закани и со тужба за новинарот кој го објави исказот на Орце Камчев во обвинителство, каде патем се споменува и неговото име, вечерва, екс министерот за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, објавува нови информации за Димитров и неговите супер моќи.

Никола Димитров можно е да имал и претчувство за Боки Тредичи, но независно од ваквите лични супер-моќи, министерот за надворешни за скандалот Рекет бил информиран во првото тромесечие од 2019та, лично од еден нерезидентен амбасадор, претставник на една од поновите членки на ЕУ, чив близок соработник во Македонија (познат стопанственик) бил исто жртва на изнуда на пари од рекетарско-обвинителската екипа на власта!
Прашањата кои можат да ја интересираат јавноста и обвинителството се:
1. Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет?
2. Дали Димитров сознанијата за Рекет ги споделил со јавното обвинителство или можеби ја информирал владата на затворена седница?
3. Доколку не го информирал ниту обвинителството, ниту владата, зошто министерот Димитров одлучил да молчи, да не ги пријави сознанијата за Рекет, и да не ја информира јавноста?
Право на МНР Димитров е да си одлучи дали ќе тужи новинари за објава на документи во кои неговото име се споменува во контекст со аферата Рекет. Но, пред да го направи тоа, корисно би било пред обвинителството да даде исказ за конкретните информации кои, во врска со оваа криминално-политичка афера, ги добил од нерезидентниот амбасадор на земја членка на ЕУ во првото тромесечие од годинава! - пишува Милошоски на ФБ.

[Image: image.jpg]
24-08-2019, 10:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(24-08-2019, 01:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Заев: Ќе тужам за клевета зашто не сум инволвиран ниту јас, ниту високите функционери во случајот „Рекет“

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

МИА 24/08/2019 14:02

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.
Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во „Рекет“, според Заев е лага и манипулација.
Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.
– Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис – рече Заев.
На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.
– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции – изјави Заев.

Зошто Заев не демантирал кога изјавата е дадена, а дадена е бајаги одамна!!

Quote:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски сподели видео со изјава од Боки 13 дадена на  конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година.
Објавувајќи дел од обраќањето на Бојан Јовановски, Милошоски апелира до обвинителката Вилма Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата и случајот „Рекет“.
-Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година, порача Милошоски.
24-08-2019, 10:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Кој и зошто се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата „Рекет“?

Кому и зошто му било потребно токму сега, пред понеделничките апсења што ги најавува Јовче Ременски, сопругот на Фросина, да биде објавен записникот од исказот на Јордан Камчев пред обвинителката Вилма Русковска? Кои се мотивите за овој опасен фаул?

Напишано од
 Бранко Героски -
24/08/2019 19:15

Јавното обзнанување на записникот од исказот на бизнисменот Орце Камчев пред обвинителката Вилма Русковска за аферата „Рекет“ е сериозен фаул врз истрагата. Настрана фактот што само по себе е скандал протекувањето документи од обвинителството чија задача е да ги открива организираниот криминал и високата корупција. За тоа очекуваме жолти и црвени картони во оваа институција. Но, се наложува и потребата од малку посериозна анализа на мотивите за ова обзнанување, особено сега, во периодот кога по притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, истрагата влегува во нејзината најделикатна фаза.
Патем речено, би сакал да укажам и на фактот дека објавувањето на овој материјал од истрагата и неговата (зло)употреба најверојатно е проблематично од правен аспект, до степен што јавниот интерес сепак нема да може така лесно да ги оправда активностите на новинарите што би значеле попречување и компромитирање на истрагата. Оттаму, без оглед на фактот што интензивно пишувам за аферата „Рекет“ веќе долго време, јас лично не би си дозволил да објавам ваков документ. Тоа, пак, не ја оправдува хистеричната најава на тужби за новинарите, од страна на премиерот Зоран Заев, од министерката Радмила Шеќеринска, од Фросина Ременски и од другите. Оваа канонада со право ќе се протолкува како закана врз слободата на изразување и затоа е подобро веднаш да престане. Доста беше резилење.

[b]Заев и Шеќеринска се политички одговорни[/b][b] за „Рекет“[/b][b], но засега нема индиции за нивна кривично-правна одговорност[/b]

Првата претпоставка за мотивот зошто исказот на Камчев е обелоденет во јавноста се крие во коментарите на медиумите што го сторија тоа. Имено, главната теза е дека исказот на Камчев е директна потврда за вмешаноста на премиерот Зоран Заев и на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска (покрај поситните „риби“ од политичката бара) во скандалот. Не сум сосема сигурен кој ја промовира оваа теза, бидејќи не можам да го видам интересот на опозицијата, на пример, да се обиде на ваков, прилично неубедлив начин, да ги исфрли водечките личности на владејачката партија во преден план.
Не би сакал да се разбереме погрешно, ниту некој да помисли дека им „попувам“ на колегите што се определиле да влезат во една ваква авантура, или на опозиционерите кои можеби мислат дека дошле до крунскиот доказ за вината на Заев и на Шеќеринска. Имено, тезата за нивната „вмешаност“ во скандалот е сосема легитимна. Како што е познато, јас и самиот отворено пишував за нагласената политичка одговорност и на Заев и на Шеќеринска, но и на други личности од врвот на СДСМ, за промоцијата и за политичката поддршка на царството на рекетот на осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева. Но, факт е и тоа дека не најдов цврсти индиции за кривично-правна одговорност на Заев, на Шеќеринска и до сега и на Ременски, во врска со оваа афера. Кога би имал такви уверливи индиции, не би се воздржувал јавно да ги обелоденам. На тоа ме обврзува мојата веќе прочуена „суета“, а немам ни посебна причина да се секирам за нервозата на нашиот хиперсензитивен и кон новинарите нагласено нетрпелив премиер (освен кон своите пулени, се разбира).
Да бидам јасен: секој што внимателно го прочитал објавениот исказ на Камчев, лесно може да заклучи дека ниту наводите на пријавителот, ниту интенцијата на самиот исказ (која може да се толкува, не е забрането), не содржат индиции за кривично-правна одговорност на Заев и на Шеќеринска. Дополнително, во видео и аудио материјалот што го поседува Обвинителството (еден дел видовме и слушнавме сите, со посредство на „Ла Верита“), изгледа дека нема цврсти инидиции кои укажуваат на кривично-правна одговорност на премиерот, на министерката и на други политичари, во делот од аферата за кој пријавува Камчев. При тоа, да не заборавиме дека и ова сведочење што сега го прочитавме, но и многу други искази, новинарски написи и слични гласови што допреа од јавноста до обвинителката Русковска, укажуваат дека истрагата најверојатно ќе биде проширена, како во насока на активностите на невладината организација Меѓународен сојуз, за кои пишував обемно и за кои мислам дека веќе има цврсти материјални докази и искази дека се кршени законите, така и во насока на откривање на други случаи на рекетирање на познати македонски бизнисмени и јавни личности.
Можно е токму најавеното проширување на истрагата во тие насоки да го предизвикале овој обид за дефокусирање и за компромитација на истрагата. Според моите сознанија, не очекувам проширувањето на истрагата во тие насоки да доведе до индиции за кривично-правна одговорност на Заев и на Шеќеринска, но не ја исклучувам можноста да се зголемат причините за утврдување на нивната политичка одговорност, а можно е да се случи други личности од високата политика сепак да мора да се појават пред обвинителката Русковска во својство на осомничени.

[b]„Империја“ чека и мора да чека нова институционална и правна рамка и нови обвинители на местото на корумпираните шајшутки[/b]

Би сакал во оваа прилика јавно да го образложам и мојот личен став во врска со исказот на Камчев и во врска со неговиот статус во аферата „Рекет“. Ќе се обидам да бидам максимално прецизен.
Пред сѐ, мора да се прави суштинска разлика меѓу истрагата за аферата „Рекет“ и истрагата за случајот „Империја“. Како што на сите им е познато (барем на тие што се упатени и во правната проблематика), истрагата за „Империја“ е започната после законскиот рок и е водена невешто, неуредно и во компромитирачки околности за кои дознаваме сега, од аферата „Рекет“. Постојат сериозни сомневања дека рокот намерно е промашен, за да се предизвика потреба случајот „Империја“ да се оконча со „договор“, ама не со легален и легитимен договор, туку со изнуда на пари од „империјалистите“, токму од страна на рекетарската група предводена од првосомничениот Бојан Јовановски. Не знам дали е тоа точно, но факт е дека по отворањето на аферата „Рекет“, кејсот „Империја“ е сериозно оштетен. По директна вина на Катица Јанева и на СЈО!
Дали тоа значи дека случајот „Империја“ сега треба да се затвори? Категорично одговарам – не!
Судбината на овој случај, како и на сите други случаи покренати од упропастеното СЈО на Јанева, зависи од преговорите помеѓу водечките политички партии, што се водат со цел да се воспостави цврста правна рамка за натамошно процесуирање на случаите. Тоа подразбира и менаџирање на незаконски отворените истраги (како таа за „Империја“), на прислушуваните разговори во форма на индиции (како што налага законот), на веќе прибраните други докази, но и на другите постапувања со кои хаотичното СЈО на трите недопирливи „грации“ самото ги компромитирало и истрагите и обвиненијата. И меѓународната и домашната јавност очекуваат сатусот на СЈО да се реши согласно со законите и правните процедури, а не според досега преовладувачкиот политички волунтаризам, кој нѐ доведе до ова дереџе сите да ја изгубиме вербата во правдата.
Кога ќе се заврши таа работа, кога ќе се востпостави цврста правна и институционална рамка, но и кога ќе се избере нов состав на идното обвинителско одделение за гонење на висока корупција, јас искрено се надевам дека идните искусни и потковани обвинители, луѓе со професионален и личен интегритет (а не како овие шајшутки што си ги извалкаа сопствените образи и ја убија надежта дека може да има правда и мир), ќе ја истражуваат „Империја“. Во такви околности, не само обвинителите и истражителите, туку и Камчев и другите осомничени, ќе добијат шанса да ја докажуваат својата невиност (која сега е претпоставена, нели), па дури потоа ќе падне одлука дали ќе се покрене обвинение, та ако се покрене, ќе мора да се обезбедат услови за една брза, правична и фер судска постапка, која ќе доведе до одржлива пресуда. Само така може правдата да се истера на виделина, никако поинаку!
Во случајот „Рекет“, пак, имаме обвинителска инситиуција без политички пречки да постапува, имаме двајца пријавители (Камчев и Заев, претпоставувам дека и за исказот на Заев има онаков записник како за исказот на Камчев), а имаме и тројца осомничени и притворени, на кои наскоро, според моите информации, сепак ќе мора да им се придружат уште најмалку двајца од околината на првоосомничениот Јовановски. Постои една тенденција Орце Камчев, кој го пријавува случајот (од исказот се гледа дека тоа го сторил и на други места, не само кај обвинителката Русковска), да се прикаже како лице кое ги поткупило „сиротите“ Боки Тредичи и Катица Јанева, па случајот да се окочна на тоа. Можеби исказот на Камчев е „дисеминиран“ за да ја поткрепи и оваа теза.
Но, после сѐ што слушнавме и видовме со свои уши и очи, после сите оние обиди на Катица Јанева за уништување и прикривање докази, после зголемувањето на основаноста на сомнението дека во случајот има и перење пари, после неофицијалните информации за повеќе бизнисмени кои биле рекетирани, после најавата дека УЈП ќе врши длабинско „снимање“ на финансиските текови во фирмите на осомничениот Јовановски и на личните сметки на луѓе од тие фирми, јасно е дека тезата „не е рекет, поткуп е“ е пропадната шпекулација. Од тие причини, а заради успешно проширување и продлабочување на истрагата, мислам дека обвинителката Русковска ќе мора уште повеќе да ги поттикне и да ги охрабри двајцата пријавители (Камчев и Заев) да соработуваат со правдата, а богами да поттикне и да охрабри и некои други луѓе кои сѐ уште се фемкаат дали да дадат искази дека биле мета на рекетарската група и дека платиле огромни суми пари.

[b]Заев и Спасовски, ако не се презафатени со пишување тужби, да му обрнат внимание на Јовче Ременски да не се глупира![/b]

Конечно, развојот на настаните упатува и на потребата премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на дело да ја потврдат декларацијата дека извршната власт ќе овозможи правосудните органи непречено да ја водат истрагата, за да се дојде до енергична и целосна разврска на аферата „Рекет“. Сакам да предупредам дека скандалозното поведение на Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски (која е директно поврзана со невладината организација Меѓународен сојуз), остава впечаток дека некои луѓе од извршната власт вршат сериозен јавен притисок во врска со овој случај, на начин кој не само што е недостоинствен, туку е и неспоив со нивната актуелна позиција.
Што стори Јовче Ременски, кој освен што е сопруг на Фросина Ременски, е и началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија? На Фејсбук – ало, министре Оливер Спасовски, на Фејсбук! – Јовче најави дека од понеделник ќе имало нови апсења во врска со аферата „Рекет“. Во една порака, тој вели: „Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”. Па веднаш дава дообјаснување: „Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”. Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе имало и „џандар збира”, што во полицискиот сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.
Премиерот Зоран Заев (ако не е презафатен со пишување тужби) и министерот Оливер Спасовски ни должат сериозно објаснување што сакал да каже нивниот прв „антитерорист“ и зошто јавноста треба да го трпи овој безобразен вербален терор од сопругот на Фросина Ременски. И таа ќе тужела, тоа не ѝ е доволно? Во која европска држава е дозволено вакво поведение? Кого ќе апси Јовче во понеделник? Да не нѐ нападнале некакви белосветски терористи, а ние да не знаеме? И секако, клучното прашање – постои ли опасност токму Ременски да е поврзан со протекувањето на документите од офисот на Вилма Русковска? Не тврдам ништо, само прашувам…
Како и да е, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција очекувам да опстои на охрабрувачката изјава дека објавувањето на исказот на Камчев нема да влијае врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. „Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет – се вели во соопштението – стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата“. Е ајде да го видиме и тоа чудо еднаш! Ве држиме за збор и тоа – опасно!

Героски стана за жалење во обидите да го спаси Заев  а сега и Шекеринска , објаснивујки дека Заев а сега и Шекеринска не се инволвирани во РЕКЕТ!!
Сето тоа го прави бидејки на ИПЕРИЈАТА, чии ТЕЛАЛ е Героски „спасените“  Заев и Шекеринска најмногу им одговараат да останат на чело на СДССМ со кое СДССМ, ИМПЕРИЈАТА пак ке владее!!
24-08-2019, 11:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Орце Камчев дава исказ за Рекет во Обвинителство

[Image: -суд-1-300x115.jpg]

26
август 2019. 15:07
Орце Камчев, според неофицијални информации на „Правосудство.мк“, моментно е во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“.

Информациите до кои дојдовме велат дека Камчев утрово се вратил во земјава и веднаш се упатил кон Обвинителството каде што, засега, а во рамки на преметот „Рекет“ има статус на оштетен. Како што е познато, Камчев го обвини Боки 13 и неговиот партнер Кичеец дека го рекетирале, односно дека прво му ветувале укинување на мерката притвор, па на куќниот притвор и враќање на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на СЈО поврзани со предметот „Империја“, а во кој тој е првоосомничен. Камчев обвини дека му било ветувано дека зад него требало да застане лично Катица Јанева, а тој за возврат требало да даде осум милиони евра. Она што засега е извесно е дека се исплатени 500.000 евра и дека постои уште еден милион евра, бидејќи тој беше покажан во еден италијански медиум, но не се знае каде завршиле тие пари. Во меѓувреме, на распит беше повикана и Јанева, а веќе наредниот дена таа беше уапсена, а потоа и притворена. Од нејзниот дом беше изнесен мебел, вреден нецели 5.000 евра, што таа го примила како подарок, но истиот бил озвучен.
26-08-2019, 03:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:КАКВА МАСА ИМА БОКИ 13 ДОМА?: Ќе ни одговори ли премиерот каква е масата на Боки 13, што зборувале за Орце и Сашо, и кои се проектите со базните страници?

August 26, 2019
Иако не верувам дека јас или јавноста ќе добиеме јасен, прецизен и веродостоен одговор од премиерот Зоран Заев, кој очекувам повторно да се заканува со тужби и по овој текст сепак, должноста наложува прво да ги поставам прашањата формирани благодарение на информациите за аферата „Рекет“ кои пристигнаа до мене, за кои јавноста се уште нема пристап. Секако, пријавата на Камчев во обвинителство ќе биде достапна на целокупната јавност кога судот ќе реши да го започне процесот за аферата за која постојат индиции дека се вмешани и лица од државниот врв

[Image: zaev_press_vlada.jpg]

Во дел од разговорите помеѓу Бојан Јовановски – Боки 13 и пријавителот Камчев, првоосомничениот му покажал слика на бизнисменот на која, од она што може логично да се заклучи во друштво на Тредичи е и премиерот Зоран Заев.

Фотографијата била направена во домот на Јовановски, а двајцата седеле на новата маса на Боки 13. Барем според кажувањата на Боки Тредичи.

„Да видиш дома како ми е наместено“ – му објаснува Бојан на Орце, а овој прашува – „Топ масава, топ парче“, на што Јовановски забележува дека неговата жртва не го забележала најважниот детал од фотографијата – „Аха, а овој?“ забележува Бојан, „Премиерот?“ прашува Камчев на што сега осомничениот Бојан Јовновски одговара „Беше и ЗЗ“. Додава и дека „во понеделникот“ разговарал со него.
Прашањата до премиерот Заев се следни:

Quote:-Каква маса си купил Бојан Јовановски, и дали столчињата се удобни за седење?

-Кој понеделник разговарале двајцата, доколку тоа што го кажал Јовановски е точно? Дали можеби двајцата имале средба на 4-ти март? Или можеби на 11-ти, 18-ти или 25-фебруари?

-Колку пати се сретнал со Бојан Јовановски?

-Дали премиерот разговарал со Јовановски за пуштањето на Сашо Мијалков од притвор на 28 декември, дента кога имал и гостување во телевизијата на Боки 13?

-Што му кажувал Боки 13 на Зоран Заев за Орце Камчев? Го пофалил или го критикувал?

-Дали на 29 фебруари Бојан се видел со Зоран, и ако да, што била тема на разговорот?

-За каква завршена работа, големи проекти и базни станици зборува Бојан Јовановски дека биле решени со Заев?

Одговори на овие прашања би разјасниле многу нејаснотии, но конечно и би го намалиле товарот на премиерот дека бил вмешан во некаква нелегална шема со сега осомничениот Бојан Јовановски. Само така јавноста ќе може да оцени дали Заев и неговите соработници кои се спомнуваат во низа примери низ исказите но и аудио/видео снимките се вмешани во криминал или не. Се друго е оправдување.
 
А.Митовски

ИНФОМАКС
27-08-2019, 12:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Русковска: Во записникот на Камчев не се споменуваат други политичари освен Заев

Одговорот од Александар митовски стаса експресно:

Quote:OБВИНИTEЛKE, А ОВИЕ ИМИЊА: Освен Заев, ова се другите имиња кои се споменуваат во исказите на сведоците дадени кон пpиjaвaтa на Камчев

August 27, 2019

Помалку трагично е кога јавноста мора да се соочи со реалноста дека правосудството наместо да се стави во одбрана на интересите на граѓаните, влегува во политичка игра за обелување на образот на оние кои по секоја цена се подготвени да ја спасат сопствената слобода. Слобода која ќе им овозможи плодоуживање на стекнатото во активности кои апсолутно се спротивни на позитивните законски норми

[Image: mitovski1.png]

На изненадување на јавноста, која со свои очи можеше да види и прочита барем две страни од записникот од изјавата на бизнисменот Орце Камчев, кој бил жртва на рекет, обвинителката Вилма Русковска повторно се обиде да ги амнестира од одговорност, или барем да го тргне фокусот од политичарите кои знаеле дека се случува аферата „Рекет“.
Доколку премиерот Заев и обвинителката Русковска, навистина сметаат дека против дезинформациите најдобро е да се бориме со вистината, имаат можност да одговорат на следните прашања:
Дали е точно дека на втората страна од кривичната пријава на Камчев пишува

Quote:-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал. …Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

Дали е точно дека на третата страна од исказот, некаде во средина на текстот, Камчев објаснува дека тој со сопругата се договориле случувањата да му ги пријават на директорот на УБК Горан Николовски?
Дали е точно дека на четвртата страна од кривичната пријава, се објаснува што се разговарало на состанокот со шефот на тајната полиција, каде е спомената Фросина Ременски се вели:

Quote:– Веќе споменав дека мојата сопруга Ана се виде со директорот на УБК, Горан Николовски при што истата му даде информации што ни се случува, но не целосни, на што Горан и кажа дека тој е спремен да превземе дејствије во насока на докажување на тоа што му го кажала Ана, а кога таа го прашала со кого би соработувал, затоа што знаеме како што кажав дека Бојан е близок со многу обвинители, а и со полициски службеници од МВР. Особено се фалеше со неговата близина со Јовче Ременски и Фросина Ременски, на што Горан и кажал дека ќе се договори со Вилма. Тој сакал да даде предлог до обвинителството за примена на ПИ-мерки како би можело сето ова да се документира на законит начин, вели Камчев во исказот пред обвинителката Рускоска.

Дали е точно дека на третата страна од кривичната пријава, на крајот на текстот од истата страна се споменува името на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која била на вечера со Катица Јанева и Бојан Јовановски?

Quote:-Вечерта знам, дека кај мене дојде Бобо Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска со еден пријател негов да гледаме фудбал и се смеевме со Бојан бидејќи тој ми кажа дека со него на вечера ќе биде Радмила Шекеринска, со Катица Јанева. Следниот ден ми покажа фотографии од вечерата. Бојан на овој начин го злоупотребуваше познанството со политичарите за да на нас ни покаже колку е моќен, посочува Камчев.

Дали е точно дека на третата страница од дополнувањето на исказот на кривичната пријава, даден на 20.05.2019, пишува:

Quote:-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Морам да напоменам, делот каде Камчев првично пријавил дека имал средба со Зоран Заев каде му кажал дека ќе пријави за рекетот кој се врши врз него, го нема никаде во исказите, иако во дополнителниот исказ обвинителката го прашува за средбата што значи дека претходно Камчев кажал за истата. Се отвара сомнеж дали во исказот некој го избришал тој дел, воопшто не го напишал или можеби е само грешка на записничарот?
Дали е точно дека во исказот на еден од сведоците даден на 11.06.2019, за кој исто така постои записник во шест (6) страници, на петтата страница се споменуваат повторно имињата на политичари, но и судии и обвинители кои контактирале со Бојан Јовановски?
Точно ли е дека сведокот изјавил дека се плашел да пријави во институциите бидејќи во негово присуство Боки на телефон разговарал со Зоран Заев, Арафат Муареми, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски и останати министри, директори, обвинители и судии?
Во дурга изјава пак, на друг сведок кој имал состанок со Бојан Јовановски, повторно се споменува владата кој можела да „помогне“ за да се постави нов директор на Македонски Телеком.
Дали е точно дека во изјавата на друг сведок дадена на 28.06.2019 кој што не е дел од семејството Камчеви во втората страница од исказот се вели:

Quote:-Боки и Зоки кажаа дека тоа може да се среди, дека може да ургира Владата јас да бидам поставен за генерален директор и ако бидам поставен во Телеком Македонија чекале на реализација неколку проекти да се потпишат и треба да ги дадам тие проекти на фирми кои ќе ми ги каже Боки – вели сведокот.

И, сега се споменуваат имиња на политичари, па дури и целата влада која би „помогнала“ да се постави директор на Телеком кој потоа треба да се раздолжува со проекти кои треба да бидат дадени на фирми кои ќе ги кажел Боки 13?
Да не заборавам, дали е точно дека на втората страница од исказот на сведок, инаку стопанственик од источна Македонија, се споменува името на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој бил известен од страна на нерезидентен амбасадор на една земја за тоа што се случува во државата?

Quote:– Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава. – се вели во исказот на друг бизнисмен.

Дали Димитров знаел, но не ја извести ниту јавноста, ниту обвинителството?
Ако постои правда, правен систем и владеење на правото, обвинителката Русковска била должна во најмала рака да ги повика споменатите политичари на распит за да објаснат каква била природата на комуникацијата со Јовановски. На овој начин повеќе би им помогнала на споменатите политичари, а тие би живееле со чист образ. Секако, доколку немаат што да сокријат.
Во спротивно, се е демагогија.
А.Митовски
27-08-2019, 06:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:ШТО ВИКА „KATИЉ“ ФEPMAHOT НА ДРУГИОТ CBEДOK: Се барало pyшвeт од ceмejcтвото на Кондоминас, а Владата ќе пoмoгнeлa да се постави нов директор на Телеком
  • August 30, 2019
„Јас Бојан Јовановски со прекар Боки 13 го познавам неколку години наназад, Се сеќавам втората половина на месец јануари 2019 година со друштво седев во кафе бар Круг кога се појави Боки и пријде да се поздравиме. Ми кажа дека деновиве треба да се видиме“.- cведочи еден од лицата повикани од Oбвинитeлcтвото за организиран kpиниминал и kopупција во исказ даден во врска со афepaта Реkет, а директно ја поврзува владата со рekeтарскиот поxод на Боки 13 и Катица Јанева.
[Image: zaev_gro_zapis.jpg]
 
Дека високи функционери на власта биле добро запознати со активностите на Боки 13 и Катица Јанева јасно може да се види и од исказ на свeдок во врска со случајот Рekeет, инаку бивш дирeктор на една од најголемите телекомуникациски компании во Република Македонија. Cвeдokoт објаснува дека Боки 13 му пренел оти Владата била подготвена да му пoмoгне тој да стане директор на Македонски телеком а за возврат овој би требало да доделува тендери на компании кои Боки ќе му ги каже.

Quote:„На 31.01.2019 година на телефон ми се јави Зоран Милевски по пpeкар Зоки Кичевскиот и ми кажа дека Бојан односно Боки сака да се види дословно следниот ден во 13.00 ч во неговата канцеларија во 1ТВ. Јас се согласив и дента ми го презакажаа состанокот во 13.30ч по порака која ми ја прати Зоки Кичевскиот„- вели сведокот во својот исказ на втората страница од записникот на почетокот од истиот.

Понатаму дообјаснува дека тој отишол во 1ТВ и по тесни скали се качил во кабинетот на Боки 13 и таму веќе биле Боки и Зоки Кичевскиот.

Quote:„Најнапред почнавме да разговаме на општи теми, по што Боки кажа дека Владата не била зaдоволна од сегашниот генерален директор на Телеком и дека сакаат мене да ме постават за генерален директор“ – вели сведокот во својот исказ.

Тој објаснува дека на Боки и Зоки им кажал дека бидејќи работел подолго време во телекомуникацискиот бизнис оти генерален директор на телеком поставува Дојче Телеком кои е и сопственик на Македонски Телеком. Тој им објаснил дека Владата може да биде консултирана, но и не мора.

Quote:„Боки и Зоки кажаа дека тоа може да се среди дека може да ypгира владата јас да бидам поставен за генерален директор и ако бидам поставен во Телеком Македонија чекале на рeализација на неколку проекти да се потпишат и треба да ги дадам тие проекти на фирми кои ќе ми ги каже Боки“- сведочи потенцијалниот генерален директор во сведоштво пред Oбвинитeлcтвото за организиран kpиминал и kopyпција.

Тој им објаснил дека тендери нe може да дава на фирми, особено заради тоа што во сопственичката структура на Македонски Телеком фигурира и државата. Да доделува тендери на кого сака било можно во претходната компанија каде што бил директор, но таа била чисто приватна.
Но Боки инсистирал дека тој има поддршка од Владата и сѐ ќе било средено – „Боки ми рече дека тој има пoддpшка од Владата и дека сето тоа може да се среди“, кажува cвeдokот, cвeдoчejќи за убеденоста дека Владата делува преку него.
Откако нe добил одговор на понудата, Боки започнал и со својата класична реkет шeмa кажувајќи му на cвeдokoт оти тој (Боки) знаел дека овој контактира со Кондоминас.

Quote:„Се сеќавам дека на кратко Зоки Милевски излезе од канцеларијата, зборуваше со некој на телефон, се врати, по што Боки ми кажа дека знае да јас имам конатакт со Кондоминас и да се поврзам со истиот“ – пишува во cвeдoштвото на втората страница од записникот некаде на средина од истиот.

Кога го прашал зошто, Боки му одговорил дека предеметот за Телеком го превземало СЈО и дека ќе започне иcтpaга пpoтив внукот на Кондоминас, Михалис Кефалојанис, од причина што Михалис бил член на бордот на директори на Телеком. Свeдоkот му објаснувал на Боки дека делото за Телеком е зacтapeно и дека не може да има иcтpaга, на што Боки му одговорил дека има работи кои не биле зacтapeни.

Quote:„Боки тогаш ми кажа дека има работи кои не се зacтapeни и дека СЈО ќе почне cepиозна иcтpaга, меѓу другите и за Михалис Кефалојанис. Јас му кажав дека за Михалис пријавата е отфрлена упте кога беше пpeтходната влacт, на што Бики го зема телефонот, заврти број и телефонот го вклучи на интерфон“, кажува cвeдокот на втората страница од записникот.

Cвeдokoт понатаму објаснува дека на другата страна на линијата била Катица Јанева, а тој бил зaпрeпacтeн од односот на Боки кон Катица. Таа според иcказот на cвeдокoт се однесувала како да му е пoтчинeтa на Бики Тредичи.

Quote:„Тој ја праша ‘Катице, седам со луѓе во врска со предметот за Телеком, што го презема, нели тој не е зacтapeн и Bpxовен што ги прогласи за зacтapeни се работи за лицето знаеш Михалис Кефалојанис, Гркот, за него предметот овие го отфрлија, нели тоа ништо не е завршени ти почнуваш од почеток’“ – кажува cведокот во својот иcказ на втората страница при крајот на страницата.

На ова Катица одговорила дека предметот бил ставен на листа и дека СЈО си го работело предметот – „Да Лиле го стави на листа тој предмет ние си го работиме“, му рекла Катица на Боки, cвeдoчи cвeдокoт и продолжува „После тоа Боки и кажа ‘Добро ќе се видиме вечер секако ќе ти објаснам сѐ за тоа…’“
Cвeдoкoт бил зaпpeпacтен од тоа што го слушнал па на Боки му рекол дека и ако му се јави што да му каже на Кондоминас, за колку ќе се зaвршела работата- милион или два.

Quote:„На тоа Боки одговори каков милион два, треба многу повеќе да се плати, се работи за голем предмет. Исто така ми кажа дека доколку не се плати Михалис ќе биде на листа на Интepпoл и дека нeмa да може да излезе од Грција. Тука сакам да појаснам дека семејството на Кондоминас е многу влијателно во Грција и Нова демократија, а исто така се многу влијателни во Европа, затоа сшто се еkстремно богати.“, сведочи нecудениот генерален директор на Македонски телеком пред Oбвинитeлcтвoто за организиран kpиминал и kopyпција на втората страница од зaписникот пред кpajoт на страницата.

За целото време cвeдokoт вели дека Зоки Кичеец мoлчeл и бил коректен, а кога тој го прашал дали се cepиозни за ова, Зоки само кратко одговорил „Најјак е братот“ покажувајќи кон Боки Тредичи.
За малку cвeдoкoт ќе пpопуштел да каже, вели тој во записникот, оти Боки ќе средел со уредниците на неговата телевизија овој предмет да добие подлога за гoнeњe доколку бараното од него нe биде исполнето.

Quote:„Пропуштив да кажам дека Боки кога разговаравме за Михалис ми рече дека он ќе ги собере уредниците од неговата телевизија, преку истите ќе направи подлога за гoнeњe на Михалис, дека се отвaра случајот и дека тоа ќе оди постојано на телевизијата, а порталите ќе преземат од телевизијата“, cвeдoчи cвeдokoт на крајот на втората страна од записникот .

Кога завршил состанокот Боки на сведокот му закажал нов состанок истиот ден во 16ч во хотелот „Александар Палас“ во ресторанот.

Quote:„Јас кога дојдов Боки и Зоки веќе беа седнати и разговаравме повторно на тема јас да станам директор на Телеком. На крај ми кажа ‘Размисли како па да се слушнеме и ќе се видиме и ќе се организира средба во Влада’“, вели cведокот во својот исказ даден пред Oбвинитeлството за организиран kpиминал и kopyпција на третата страна од исказот на почетокот од страницата.

Понатаму објаснува сведокот дека многу размислувал дали да му се јави на Кoндоминас затоа што го фатило cpaм „…затоа што Боки од една страна се фалеше со негови те блиски релавции со Премиерот и целата Влада, а од друга страна дека може специјалната јавна oбвинитeлkа да биде вмешана во вакви работи.“,- објаснил cведокот на кому му се нудело да биде генерален директор на Македоснки Tелеком.

Quote:„Друго немам што да ви кажам“,- заклучил cвeдокот при испитувањето кое завршило во испитувањето на кое завршило во 11.55ч во Oбвинитeлството за организиран kpиминал и kopyпција каде тој одговарал пред Oбвинитeлkaта Вилма Русковска.

Никогаш, дури и по ценa на живoт на оној кој ја знaе вистината, таа не останала сокриена. Бeнигни се обидите на Премиерот, oбвинитeлkата и членови на Владата на СДСМ да ме диckpeдитираат мене, медиумот чии главен и одговорен уредник сум јас и барањето на Зоран Заев да се извинaм.
Да му се извинaм на Премиерот за што? Затоа што сум ја пренел вистината? Јас не ги дадов овие искази во oбвинителcтвото, овие искази ги дале луѓе кои биле жpтви во aфepaта Рekeт. Нека ги гoни нив, од мене и од медиумот кој јас го уредувам, извинyвaњe нeмa да добие нитy тој, ниту било кој друг за кого постојат индиции дека бил вплеткан во било какви coмнитeлни активности.
А. Митовски

Сценариото кое беше употребено за смена на Груевски се употребува за смена на Заев.
30-08-2019, 09:24 PM
Reply