Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ СЕ СЛИЧИ СО ИСТАГИТЕ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ИСТРАГИТЕ „ИМПЕРИЈА“ И „ПОШТЕНСКА БАНКА“ НА СЈО НЕ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖАТ, ОСАКАТЕНИ СЕ ОД СОМНЕВАЊАТА ЗА ВЛИЈАНИЈА ОД ЈАНЕВА, ВЕЛИ ПРОФЕСОР КАЛАЈЏИЕВ

[Image: gordan-kalajdziev-898932832.jpg]

23.08.2019
За „Империја“ и „Поштенска банка“ беше кажано дека биле преземени од Обвинителството за организиран криминал и корупција каде што не завршиле, но по нивното оживување во СЈО, професорот Гордан Калајџиев не пропушташе прилика јавно да ја праша Катива Јанева: „Зошто ги земавте овие две истраги иако знаете дека немате мандат да ги земете? За да ги застарите?“ (Фото: СДК.МК)

Не ќе може да продолжат да се водат истрагите за „Империја“, кај што првоосомничен е бизнисменот Орце Камчев кој ја пријави Специјалната обвинителка Катица Јанева дека го рекетирала за да биде ослободен, и „Поштенска банка“ за која обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Лиле Стефанова и Бурим Рустеми рекоа дека исто така трпела влијание и мешање од шефицата.

„Овие две истраги се оскатени, имало влијание врз нив и тие не може да продолжат. Треба Обвинителството да одлучи што ќе прави со нив, евентуално да ги почне отпочеток, од нула. Ништо од досега сработеното во овие две истраги не може да е валидно, бидејќи имало влијанија. Впрочем, за тоа се води друга истрага именувана како ‘Рекет’. Не може да продолжи ниедна истрага почната од СЈО каде што ќе се утврди дека имало влијание врз неа“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК професорот по кривично право Гордан Калајџиев.
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова, која ја води истрагата за „Империја“, денеска апелираше „политичарите и сите чинители на политичкиот систем да го донесат Законот за јавно обвинителство, за да немаме прекин во постапките“.

„Не зборувам само за оние кои се во судска постапка, туку и сериозните истраги кои ги имаме. Со неносењето на законот, немање овластување или поставување на прашањето дали имаме овластување, даваме простор на криминалот“, рече Стефанова на паузата од денешното рочиште за „Титаник“, додека се очекуваше дали судијата Осман Шабани ќе го прекине судењето додека се реши статусот на СЈО како што бара одбраната.
Тврдењето на Калајџиев го потврдуваат обвинители во СЈО и во редовното обвинителство. Во СЈО велат дека овие две големи финансиски истраги се во напредната фаза, има обезбедено цврсти докази, сослушани се сведоци, но дека сето тоа ќе мора да се повтори отпочеток.
Обвинителката Лиле Стефанова, во изјава објавена на сајтот на СЈО, тврди дека во април Јанева побарала запирање на истрагата за „Империја“ и за „Поштенска банка“ со предлог осомничените да ѝ исплатат на државата износи за колку што е оштетена.  Стефанова кажа и дека осомничените Орце Камчев и Цветан Панделески се обиделе да влијаат во истрагата „Империја“ преку нивниот заеднички пријател Ванчо Чифлиганец.
„На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’. Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените треба да ја платат на државата, по што предметите ‘да бидат тука затворени’ и осомничените ‘да не одат во затвор’“, кажа Стефанова.

Но, Стефанова и обвинителот Бурим Рустеми ѝ укажале на Јанева дека во овие крупни финансиски истраги, законот бара и изрекување затворски казни, покрај конфискација на имот и враќање пари на државата за износите за кои е оштетена.
„Со колегата Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот ‘Империја’ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период“, рече Стефанова пред таа и Рустеми да бидат викнати од обвинителката Вилма Рускоска да сведочат во „Рекет“.
За двете истраги беше кажано дека биле преземени од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде што не ја виделе светлината на денот. Но, по нивното оживување во СЈО, професорот Калајџиев не пропушташе прилика јавно да ја праша Јанева: „Зошто ги земавте овие две истраги иако знаете дека немате мандат да ги земете? За да ги застарите?“.
Подоцна, токму овие две истраги Врховниот суд ги смести во купот истраги за кои донесе начелно правно мислење дека СЈО немало мандат да ги отвори и тие веќе пола година мируваат.
Бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се осомничени во „Империја“, која СЈО ја отвори во ноември 2018. Осомничени се и мајката на Орце, Ратка Куноска-Камчева, сестра му Христина Камчева-Стојческа, газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески, Владислав Стајковиќ и уште седуммина други за Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Според досегашната истрага која не е завршена, со тоа државата ја оштетиле за 11 милиони евра.
Еден месец пред оваа, СЈО отвори голема истрага за „Поштенска банка“, за перење пари од времето на Љубчо Георгиевски како премиер, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, поради која беа приведени и однесени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 три од 9 осомничени лица во истрагата. Поради тежината на кривичното дело, СЈО побара притвор за осомничените Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски, но никогаш не го добија.
Во истрагата, Георгиевски, Ѓорчев и Груевски се спасија од делото злоупотреба на службената положба поради проток на време и застареност.
Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, сопственик на печатницата „Европа 92“, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
 



Кога „експеритве“ од Правен се борат да дојдат до некоја функција тогаш го бранат законот, Уставот да ти милина да ги слушаш ама кога ке се докопаат до фунцијата забораваат што говореле, што ветувале ......
(This post was last modified: 23-08-2019, 11:39 PM by ЈорданПетровски.)
23-08-2019, 05:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Фото – вест: Обвинител и обвинет


септември 10, 2019


[Image: -пеливанов-и-ненад-јосифовиќ.jpg]


Mожеби Специјалното јавно обвинителство е пред разрешница, но “специјалните” обвинители како да се соживеале со своите странки.
На фотографијата може да се види обвинителот  од СЈО Трајче Пеливанов како седи и релаксирано разговара со еден од осомничените во предметот „Империја”! Што си кажале обвинителот и осомничениот останува непознато!?
11-09-2019, 06:02 PM
Reply