Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РОСОКЛИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Gorazd Rosoklija
August 14 at 12:00 PM ·

ШТО ЧЕКА И ШТО ОЧЕКУВА ВМРО-ДПМНЕ? НЕПОСТОЕЧКА ПОСЛЕДНА ШАНСА?

Шанса, прва или последна е, ако се стремиш кон некоја цел.
Која е целта на ВМРО-ДПМНЕ освен да бидат устоличени како власт од страна на Меѓународниот, што значи понатамошна поддршка на актуелната власт на СДСМ во спроведувањето деструктивни национални политики кои на Македонија и се наметнати од надвор?
Која нивна досегашна постапка покажа дека им е цел смена на власта, запазување на македонскиот национален идентитет, запазување целовитоста на македонската држава, прогресивно непартизирано општество, позитивна селекција на кадри, квалитетна едукација, пристојно ниво на државниот здравствен систем.....?
Сѐ што ВМРО-ДПМНЕ го издвојува од СДСМ се празни зборови, зборови во кои никој не верува, зборови кои не допираат ниту до срцето ниту до умот на Македонецот.
Се закануваат дека ќе излезат на улица и таквата закана предизвикуваат подсмев?
Доколку излезат на улица, кој ќе ги следи, кого ќе го изведат освен нивните членови клиентелисти кои очекуваат профит од партијата, но не и членовите кои веруваа во идеологијата на партијата, за денес, после сѐ што се случува во ВМРО-ДПМНЕ најмалку во последните 5 години, а верувам и пред тоа, да се длабоко разочарани?
Под претпоставка дека ќе ја добијат власта, а се надевам дека нема, нивните политики ќе бидат исто толку деструктивни колку што се и овие на СДСМ, затоа што ниту едните ниту другите имаат раководства кои самостојно одлучуваат, поточно кои имаат капацитет и личен статус за самостојно одлучување.


Quote:Gorazd Rosoklija
Државата е во хаос предизвикан од неспособноста и корумпираноста на власта и на тие што се сега опозиција, на пратениците во собранието, на избраните лидери во разните државни институции, нивната негативна селекција, во криза е заради имањето псевдоинтелеклтуалци и псевдоакадемци. Тие луѓе и тие партии кои ја доведоа земјата до ивицата на распаѓање и кои македонската нација ја избришаа од мапите на светот, не можат да бидат решение на проблемот кој го создадоа, било како власт било како опозиција која е колаборационист со власта. Ако е моево согледување точно, решението е очигледно. Обединувањето е само празен збор доколку не е околу една идеја и една визија, со лидерство кое зад себе има изграден авторитет на создадено за Македонија, не на празни зборови. Тие што ти ги набројуваш не ги знам, но знам дека најмалку еден милион Македонци се во очекување да се обединат околу идејата дека сме Македонци, ќе постоиме како Македонци и нема да бидеме граѓани од втор ред во македонската држава која нема да дозволиме да ја распаднат и поделат. ВМРО-ДПМНЕ оди од пораз во пораз и секој пораз го прикажува како победа. Своите напади наместо кон власта ги усмерува кон имагинарни виновници за неговите порази. Точно е дека не ја научи и не ја научува лекцијата, но тоа е добро затоа што отвора простор за некои нови луѓе, со идеи и со верба во иднината на земјата. Година и половина е многу време, една ноќ е многу време во кое многу нешта можат да се случат.
16-08-2019, 02:35 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#2

Е ја баш сакав вчера да напишам нешто во врска со ова.
1. За време на референдум вмро ама ништо и никаква иницијатива нема превземено да каже јавно вака и вака ќе работиме застанете зад нас, Не, ништо од тоа.
2. Еве сега идеална прилика да излезат пред народот и да го организираат, ама пред се да го предводат они прво со нив на чело, тие првите да застанат и да кажат еве вака ќе работиме застанете со нас, Не, ништо од тоа.

Што можеш да очекуваш во земја во која народот е оставен сам на себе?
Да, народот е оставен САМ, буквално сам.
An inch today is tomorrow’s mile.
17-08-2019, 01:41 PM
Reply