Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОТВОРИ ЛИ ЗАЕВ ВОЈНА СО ЛГБТ И ГЕРОСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Скандалозна изјава на Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат Владата

13/08/2019

Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде скандалозна изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.

-Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во зимање на пари, секој го прекрил закон. Нашата земја нема стрелање и бесење, има затвор. Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност, рече Заев.




(This post was last modified: 14-08-2019, 03:32 PM by ЈорданПетровски.)
13-08-2019, 09:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Пировска за изјавата на Заев: Гнасно, тешка демагогија било се што се зборуваше

13.08.2019
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска жестоко ја осуди вечершната изјава на премиерот Заев дека немало да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнат Владата.

-Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се зборуваше и правеше претходно!, напиша Пировска.
13-08-2019, 09:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Јанески до Заев: Многу педерски премиере, многу педерски

[Image: ognen-janeski-696x385.jpg]

13/08/2019
И новинарот Огнен Јанески вечерва реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека немало да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнат Владата.

-Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно! Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, “час поскоро”, напиша Јанески.
13-08-2019, 09:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Заев се извини: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина

[Image: zoran-zaev-2.jpg]

13/08/2019
По жестоките реакции на јавноста, вечерва премиерот Зоран Заев упати извинување до ЛГБТ заедницата и рече дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина.
-ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, твитна Заев.
Тој претходно изјави дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја бутнат Владата.
13-08-2019, 09:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Шокантна, дискриминирачка, заканувачка и срамна изјава на премиерот Зоран Заев


13.08.19 
Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.


[Image: Gerovski-1-670x460.jpg]

Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?
Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.
Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев
Бранко Героски
13-08-2019, 09:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: image.jpg]
13-08-2019, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



13-08-2019, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Стручно мислење:



[Image: 1.jpg]
13-08-2019, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



14-08-2019, 01:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:ЗНМ: Заев да се извини на Бранко Героски


August 14, 2019
[Image: .jpg?resize=696%2C392&ssl=1]
„Го повикуваме претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред с’е на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите“ стои во реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија Здружението на новинарите на Македонија кое осуди  изјавата на премиерот Зоран Заев, кој изјави дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт.
„Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето“.
Од ЗНМ му препорачуваат на премиерот, наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.
ЗНМ го осуди и непримерниот говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.
„Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини“.
14-08-2019, 12:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Момироски: Дипломати укажаа на скандал што домашната јавност не го виде


August 17, 2019
[Image: Screenshot_20190817-193838_Samsung-Inter...C392&ssl=1]
Признанието на премиерот Заев дека има докази поврзани со Катица Јанева која за него се однесува идиотски го запали црвеното светло кај дел од странските диоломати во Скопје.
Некои од нив за Алфа коментираат дека Заев ја прекршил основната премиса на владеењето на правото, немешање на извршната и судската власт.
Со какви докази располага премиерот Заев за случајот Рекет за кој засега има двајца притворени и уште најмалку десетина инволвирани, прашува Алфа ТВ во анализата на Горан Момироски.
Покрај главните точки од скандалозната изјава на премиерот во која тој рече дека нема да дозволи еден педер да ја урне владата само малкумина забележаа дека Заев направил огромна грешка која што Македонија  може да ја чини многу.
Премиерот како што тоа на Алфа и го посочија странски дипломати во Скопје направил груб упад во правосудниот систем со својата скандалозна изјава со која ја згрози и ЛГБТ заедницата, новинарскиот еснаф но и Европската унија.
Навредувајќи ја Катица Јанева за која Заев вели дека правела идиотски постапки премиерот пред јавноста откри дека тој има пристап до информации кои што со поделбата меѓу судскта и извршната власт не смее да ги има. Во изјавата Заев вели дека според доказите кои што ги има настапот на Јанева бил идиотски.
„За мене идиотски е настапот согласно доказите што ги имам“, изјави Заев во вторникот.
И токму тој дел од изјавата односно признанието дека тој како прв човек на извршната власт поседува судски докази е огромен проблем. Премиерот според законот за судска постапка и сите други релевантни позитивни правни прописни не смее да има  никаков пристап до процесите или доказите што го водат обвинителството, судот или МВР. Особено кога постои основано јавно сомнение дека токму тој може да биде инволвиран во криминалниот случај Рекет.
Странските дипломати се чудат зошто обвинителството досега не го поканило премиерот да даде исказ какви докази поседува тој за скандалот што ја потресе Македонија и го уништи правосудниот систем на земјата што во јануари сака да започне преговори со ЕУ.
Ниту МВР ниту Јавното обвинителство , Јовески, или Русковска јавно не ја искоментираа изјавата на премиерот со која тој спротивно на сите европски практики и правила ги измеша двете македонски власти.
Извор: ТВ Алфа



17-08-2019, 06:54 PM
Reply