Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОДГОВОРОНОСТ МОРА ДА ИМА ???
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Zoran Zaev
August 10 

Почитувани граѓани,
Случајот "Рекет" покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на потег. Секаде во светот, во било која земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги против секого каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко и ќе има трауми, но само така ќе бидеме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.
Повикувам на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви.
Почитувани,
Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.
Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот "Рекет" и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.
Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста.
Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да го истражат случајот и да носат одлуки. Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи.
Северна Македонија е подготвена за правда, колку и тоа да е тешко и трауматично. Правдата доаѓа. Секој ќе си одговара за сопствените постапки и тоа во фер, транспарентна и законита процедура.
Во изминативе повеќе од две години како премиер, сѐ што правам е само и единствено во корист и интерес на граѓаните на земјава. Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.




Lazgo Lazgo Lazgo
13-08-2019, 01:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2







Lazgo Lazgo
13-08-2019, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Hristijan Mickoski
4 hrs ·
... Одговорност мора да има ..., е ехото кое деновиве силно татне, кажано од домашните политичари, аналитичари и граѓани но и од претставниците на меѓународната заедница. Но дали сите исто подразбираме кога велиме “одговорност мора да има”. Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор..., ајде мајката..., е крикот на Зоран Заев..., па ќе излезе Стево Пендаровски и ќе го повтори истото што претходно оној на кој му е ист 102,5% го напиша, дека одговорност мора да имало. Сето ова делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста како на пример дали оние двајцата осомничени или нивниот нов цимер (прашање на денови) можеа ова да го прават без огромна поддршка од Кики, Фрики, Шеки и Зоки Поки, дали беше толку тешко да се стигне до телефонот на новиот потстанар во Шутка па беа потребни денови, случајот е пријавен во февруари/март со доказите, а се чекаше јули/август да се лоцира каква таква одговорност. Колку од рекетот заврши во телевизијата каде везден беседеа властодршците убедувајќи не дека блескаме и нели е тоа нематеријална корист за раководството на една политичка партија, дали некој се сети да ги праша бардовите наши новинарски кои беседеа со властодршците во стилот ..., да да во право сте, одлично, секоја чест, браво навистина прекрасно, овие од опозицијата, анти нато, анти ЕУ, ма катастрофа, Мицко бил ваков бил таков, обична марионета, како и колку се вистинити бројките во книгите на телевизијата за нивните месечни примања или има нешто можеби од медот, или па можеби ги праша некој вработените таму дали и како издржуваат со 12.000 денари плата во месецот (на минималец пријавени). Што ќе речат другите медиуми кои немаат прилика и магионичарски способности па мака мачат на пазарот да обезбедат егзистенција за вработените и уште многу зошто и многу затоа, но затоа "љубави" (или хубави) ќе повика на одговорност во клучниот момент, а Зоран Заев ќе рече во најблиското опкружување, Стево не предаде...
Потребна е одговорност за секој кој учествувал, директно или индиректно во случајот Рекет кој е дел од поширок криминален октопод кој управува со државата. Но јасно е дека со оваа власт зафатена од овој криминален октопод правда не може да се очекува. Во тој контекст тргнати се да не уверуваат дека криминалот не е криминал, а неправдата всушност била правда. Но ќе потсетам дека ова не е прв пат Заев да биде "погрешно разбран" или под "напад на мрачни сили кои ќе ја дестабилизираат и закочат Македонија".
1. Кога излезe скандалот Глобал, случај тежок 8.5 милиони евра, а потоа и го аболицираа за истиот, тој велеше дека бил жртва на монтиран случај.
2. Потоа истиот тој Заев во неговата канцеларија во Струмица го видовме лаконски седнат во кожна фотеља бара мито, за она кај Мирчо свињарникот. И кога се објави овој скандал тој ни кажа дека погрешно бил разбран, човекот не барал мито туку градел црква. Се разбира и за ова беше амнестиран, овој пат неформално, но суштински одбегна правда, од истото Рускоска обвинителство кое и денес го води случајот Рекет.
3. Третиот флагрантен случај на лепливите прсти на Заев беше кога во разговор со божемниот Порошенко, се впушти во иницијативата со сто илјади евра да го поткупи Вартоломеј, па дури и беше среќен зошто за ова мито поминал со попуст. Кога се дозна ова во јавноста Заев соопшти дека човекот e филантроп и сакал да помогне на црквата. Една година траел срамот и разговорите со божемниот Порошенко. За овој случај нема ниту истрага.
4. Денес кога со аферата Рекет гледаме како гавазите на власта харале низ државата и тргувале со правдата, црпејќи ја моќта од Заев тие (СДСМ) ни велат Рекет бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, што е чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот кој тоне.
Арогантното молчење, и по некое евтино спинче на младиот портпарол или некоја нарачка на министерот за пропаганда во заминување нема да ја поматат јасната слика која е поразителна за Власта. Треба и тие, но и сите луѓе на власта да знаат, дека Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал. Во услови кога бродот на Заев тоне, а свирењето фајрон е прашање на денови правда мора да има, зошто тоа не е прашање на избор, туку единствен начин да се стави крај на овој криминал. Тоа е нашата должност кон татковина, наша обврска и кауза.
Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!



Lazgo
13-08-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,941
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Одговорност ке нема, додека Заев не се уапси!!







Мери Николова секогаш е добро информирана:




[Image: image.jpg]
29-08-2019, 01:34 AM
Reply