Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛА ВЕРИТА НА КОГО КЕ МУ ЗАДАДЕ СМРТОНОСЕН УДАР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Видео од рекетот врз Камчев осамна во италијански весник


Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео запис од моментот кога бизнисменот Јордан Камчев им исплаќа дел од парите на Бојан Јовановски и Зоран Милевски- двајцата осомничени во случајот „Рекет“.
   
[Image: 46403200_303.jpg]
Видео материјалот објавен денеска се состои од снимки направени во домот на Јордан Камчев, како и од аудио разговор меѓу Камчев и Јовановски на кој, најверојатно, присуствува и адвокатката на Камчев. Материјалот е поврзан со случајот „Рекет“ во кој токму Јовановски и Милевски се осомничени за изнуда врз Камчев. И двајцата во меѓувреме се во притвор, а Камчев е сведок против нив. 
Видео снимката започнува со пребројување на парите, вкупно 1,5 милиони евра, кои Камчев како прва рата му ги исплаќа на Јовановски. Парите се спакувани во торби кои потоа Јовановски и Милевски ги изнесуваат од домот на Камчев кој ги испраќа до излезната врата.
Последниот дел од снимката ги прикажува Јовановски и Милевски како ја напуштаат куќата и се упатуваат кон својот автомобил со торбите со пари. 
Целиот материјал можете да го погледнете во следното видео кое го објави весникот „Ла Верита“: 

Вториот дел од материјалот се состои од аудио снимка на која, наводно, разговараат Камчев и Јовановски.
Во разговорот, Јовановски му најавува на Камчев дека „во понеделник, или најдоцна до вторник ќе биде ослободен од страна на Врховниот суд“.
„СЈО нема да употреби вонредни правни лекови. Нема ништо да употреби“, ветува Јовановски.
„А, Апелација?“, прашува Камчев.
„Апелација ќе Ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Во Врховен се жалите во втор степен. Советот се повикува на начелното правно мислење и автоматски. Катица нема да употреби сега никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува моментот. Понеделник или вторник сте на слобода“, вели наводниот глас на Јовановски на снимката, со која завршува и материјалот.
Инаку, аудио материјалот е преведен и на англиски јазик и така презентиран пред публиката, а делува како да е дел од поголем транскрипт.
Не е познато од каде италијанскиот весник ја добил снимката. Македонските власти досега не се огласија со реакција за случајот.
 

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ



Изборот да пренесувам  за пишувањата на „Ла Верита“ од Дојче Веле не е случаен! Дојче Веле е едно од упориштата на глобализаторите!!
10-08-2019, 02:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кој го намести Јордан Камчев
Што ново дознавме од протечените снимки за случајот „Рекет“? Дека во вечната македонска транзиција и „хиените“ можат да станат жртви... Пишува Борис Георгиевски
   
[Image: 49944770_303.jpg]
Имаше нешто во таа анимација; во визуелното доживување на моментот кога Боки 13 и неговиот ортак Зоран Милевски излегуваат низ вратата со торби полни пари, а Јордан Камчев- жртвата, сведокот-жртва, грижливо ги испраќа од домот со влечки, како чиниш си ги испраќа децата на училиште. Не случајно и им беше направил „спецификација како да си во прво одделение“.
Јавноста и досега знаеше дека Јовановски и Милевски си заминале од домот на Камчев со уредно спакувани еден милион евра. Тоа го објави обвинителството уште на денот, 15 јули, кога беше соопштено дека двајцата се осомничени за уцена на бизнисменот.
Ниту пак е изненадување споменувањето и повикувањето на Боки 13 на името на специјалната обвинителка Катица Јанева. Обвинителката Вилма Русковска го потврди тоа во интервју за телевизија Телма на крајот на јули.
Сепак, визуелизацијата на моментот- можноста да се види како сето изгледало- ја возбуди јавноста, предизвика сензација и ја загреа политичката атмосфера во земјата до максимум.
Потоа се појави нова снимка, па на крајот беа објавени и комплетните аудио материјали од разговорите кои ги поседува италијанскиот весник Ла Верита.
[Image: 49962255_401.jpg]
И, што дознавме од нив?
„Хахаха! Јас и ти брат сме такви хиени“, му порачува Камчев на Боки во моментот кога сфаќаат дека „Бобо“ е најавен на гости кај него, а неговата сопруга кај Боки 13. Во ред, да не се правиме будали, сите знаеме кој е Бобо, и која е неговата сопруга.
Македонската транзиција трае толку долго што и најголемите профитери од неа дочекаа да станат жртви. „Хиените“ кои 30 години грабаат што ќе стигнат, палат и гасат во политиката, економијата, културата, здравството... Кои не сакаат со години да се „влечат по судови“, да ги „рекетираат адвокати, судии, к***ви“.
Така е тоа во Македонија. Не е секој роден да се влече по „судови, к***и“, покрај сите други маки. На пример, страшно е да живееш во држава каде банките немаат да ти дадат еден милион евра во апоени од по 50 евра, па мораш да ги исплаќаш по 500!
„Хахахаха!“ Со ластиче и бројче.




Разговорите меѓу Камчев и Јовановски

И сега? Смееме ли да прашаме како се најдоа овие снимки во рацете на опскурен италијански весник? И зошто? Со која цел? Доколку претпоставиме дека снимките ги поседувале само Камчев, како автор, и Јавното обвинителство, како институција која му дала статус на Камчев на сведок-жртва, кој од нив би имал интерес сега тие да излегуваат во јавност? Обвинителството? Секако не. Камчев? Веројатно, исто така, не.
Некој трет очигледно видел интерес овие снимки да излезат на виделина. Од кого ги добил, останува да погодуваме. Дали го консултирал својот извор пред да ги објави и дали тој се согласил? Зошто е тоа важно? Целта е постигната. 


[Image: 49604609_401.jpg]
Јордан Камчев

Читајте ги внимателно двата текста во Ла Верита кои беа придружен фолклор на прикачените видеа со „скандалот од Мачедониа ди Норд“. Клучната поента; по низата конспиративни теории за улогата на Сорос, Германија, ЕУ и останатите белосветски „мешетари“ во уривањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ; е дека се работи за држава „со ограничен суверенитет во која политичките актери се кукли зад кои стојат далеку помоќни меѓународни фактори“. Дополнително, и дилемата која ја поставува весникот, како една ваква корумпирана држава смее да почне преговори за членство со ЕУ? Секако дека не смее! И авторот е идеалист: „сака само да ја поттикне борбата против корупцијата во Македонија“.
Има ли подобар поттик за „борбата“ против корупцијата во Македонија од објавувањето на овие снимки? Секако дека нема. СЈО е веќе урнато, надежта е дека ќе се урне и истрагата на ЈО, а по него и владата. Чуму и се на земјата преговори со ЕУ, кога може добро да и оди и без неа. Правната држава и владеењето на правото и онака се растегливи категории. Ги има и во „заробени држави“. 
Се додека банките во Македонија имаат евра во апоени од по 500 евра, можат да се тегнат и во, не дај боже, Адидас торби.
И, кој го намести Јордан Камчев? 
„Хахахаха! Јас и ти брат сме такви хиени!“
 
10-08-2019, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Трета серија разговори меѓу Камчев и Боки 13: Бугарите да не се мешаат

10.08.2019
Италијанскиот весник Ла Верита објави и трета серија разговори меѓу осомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски и сведокот-жртва Јордан Камчев. Во нив, тие лицитираат со имиња на политичари и обвинители

   
[Image: 49944770_303.jpg]


Серијата нови разговори меѓу Камчев и Јовановски во најголем дел се однесуваат на обидите да му се врати пасошот на Камчев, но и да се најде начин да се затвори случајот „Империја“ во кој, тој, е еден од обвинетите, заедно со Сашо Мијалков, Цветан Панделески и други. Италијанскиот весник Ла Верита, овојпат објавува една подолга серија разговори во траење од 27 минути. 
Според првиот разговор објавен денеска меѓу Камчев и Јовановски произлегува дека нивните контакти траеле уште во периодот додека Камчев бил во притвор, а комуникацијата се одвивала преку неговата сопруга Ана и преку извесен „Дејан“ кој се споменува, а според преводот на транскриптот на англиски јазик, наводно се работи за Дејан Панделески. 
„Заради тебе излегоа и други“, му порачува Јовановски на Камчев, објаснувајќи му колку било тешко „да се изменаџира“ неговото излегување од притвор. Јовановски му ветува дека во првата фаза ќе му биде вратен пасошот на Камчев, а одмрзнување на имотот и уделите ќе следува по „спогодбата“. Тука веројатно се мисли на спогодбата за која вчера зборуваше обвинителката Лиле Стефанова, а која, според неа, обвинителката Катица Јанева планирала да ја постигне со обвинетите во случајот „Империја“. 
Камчев и Јовановски во повеќе наврати ги споменуваат имињата на: „Катица“, „ЗЗ“, „Зоки“ и други во различен контекст. Во еден момент Боки 13 му кажува на Камчев дека следниот ден ќе се види со „ЗЗ“ и верува дека тој нема да се меша во случајот односно дека „нема да прави проблеми“. 
Глас кој наликува на оној на Јанева повторно се појавува во снимките исто како и во вчерашните. Во една снимка, Јовановски и објаснува на Јанева како оди постапката за враќање на пасошот на Камчев во судот, по што додава: „Тој (мислејќи на Камчев) се плаши од Лиле (обвинителката Стефанова)“. На тоа, гласот на Јанева му одговара: „Јас сум многу ангажирана, затоа не ја држам под контрола, инаку без мене таа не може ништо“. 
„Му кажав јас дека таа е под тебе, и дека не смее ништо да направи“, додава Боки 13. 
Јанева се појавува и во следната снимка. На неа, Камчев телефонски го повикува Јовановски кој е заедно со Јанева и разговараат на интерфон. Камчев прашува зошто е испратена покана до уште 8 лица (за случајот Империја), а Јовановски, цитирајќи ја Јанева чиј глас исто така се слуша во позадина, му објаснува дека „тоа не е ништо“. Двајцата го смируваат Камчев дека „тоа е подобро заради постапката, за на крај да биде силна спогодбата“. 
„За малку активности да има во април“, додава Јанева. 
„Шминка, шминка“, заклучува Камчев. 
Камчев во еден момент му објаснува на Јовановски дека испратил порака и „Бугарите веќе да не се мешаат“. Според контекстот на разговорот, такво мешање веројатно имало додека Камчев бил во притвор, а Јовановски и испратил порака на Ана, сопругата на Камчев, тоа повеќе да не го прават. 
„Добро, тие се обидоа нешто, пријатели сме, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој клуч ја отвора вратата“, вели Камчев. 
Камчев, кој поседува и бугарско државјанство, беше номиниран за почесен бугарски конзул во Македонија од страна на официјална Софија во април 2018 година. Македонските власти го одбија барањето. 
Бугарските власти досега тврдеа дека не биле контактирани за случајот од страна на Камчев, ниту му пружале помош. 
Се разговара и за парите од „Бетон-Штип“, за изградбата на проектот „Панорама“ на Водно во Скопје, за Сашо Мијалков, за извесен Жарко, инаку кум на Камчев, кој успеал благодарение на Јовановски „преку СЈ и ЗЗ“ да заврши голема работа. 
Јовановски му кажува на Камчев дека имал можност да слуша и некои „прислушувани разговори“ и дека во нив „тој бил добар“.  
Комплетната трета серија разговори можете да ја слушнете на Јутјуб.



10-08-2019, 09:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Во изјава за МКД.мк

Ларис Гајзер за „Рекет“: Имам уште информации, за неколку дена ќе ја објавам целата приказна

Како што веќе реков во денешното интервју за Радио Каподистриа, еве ви потврдувам дека и натаму работам на делови од оваа истражувачка приказна за да го склопам мозаикот. Пред да ја објавам целата финална приказна морам да бидам сигурен дека сите сведоци се безбедни, изјави за МКД.мк Ларис Гајзер, италијанскиот новинар на „Ла верита“, медиум во кој деновиве беа објавени неколку текстови и видео снимки за случајот „Рекет“ кои сѐ уште ја брануваат македонската и меѓународната јавност.

[Image: mkd-431863.jpg?itok=1T-hLrWO]

13.08.2019
„Прво, морам прво да бидам сигурен во сите докази што ги поседувам и да ја завршам приказната. Ова е чисто истражувачко новинарство. Не знам уште колку денови ќе ми требаат, ама можам да кажам - неколку. Но, ако сѐ биде потврдено, ќе биде вознемирувачко и ќе предизвика силни турбуленции. Она што ми е најважно е луѓето да бидат безбедни пред објавувањето. Откако ќе објавам сѐ, ќе бидам подготвен да дадам и дополнителни коментари и податоци“, вели во изјавата за МКД.мк новинарот Гајзер.
По објавувањето на снимките на интернет страницата на италијанскиот весник „Ла верита“ се отворија сериозни сомневања за замешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева во рекетерската мрежа на Бојан Јовановски и бројни македонски бизнисмени, а очигледно со знаење и најверојатно со директна помош на истакнати македонски политичари од власта.
За овие сомневања отворен е случајот „Рекет“ на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во кој засега осомничени се само Бојан Јовановски и Зореан Милески-Кичеец. Денеска обајцата добија продолжување за 30 дена на нивниот притвор.
13-08-2019, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ПРЕСУДНА НЕДЕЛА

Ларис Гаисер го „задава завршниот удар“?


Христо Ивановски 18.08.2019 / 18:23

[Image: laris.jpg]

Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавува „завршен удар“.
Што значи попрецизно тоа, Гаисер не ни кажа.

Quote:„Преслушував многу важен материјал за аферата „Рекет“, има многу интересни докази, јас сум сигурен во нивната автентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се безбедни“, вели Гаисер.

Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“.
ПресингТВ дознава дека за аферата „Рекет“, односно за корупцијата во високите кругови на власта, се заинтересирале и други западни медиуми. Извор на Пресинг ТВ вели дека „најмалку еден германски весник е заинтересиран да ги објави материјалите за аферата“. На прашањето дали можеби е тоа весникот кој ја објави аферата со албанскиот премиер Еди Рама, нашиот извор ни потврди, ниту, пак, демантираше.
19-08-2019, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Притвор од 30 дена за шефицата на СЈО, фаворитот на ЕУ и Могерини во Македонија, вмешана во коруптивен скандал кој може да ја собори социјалистичката влада.

Објавил: Перо Милчин | 22 август, 2019 6:56

ЛА ВЕРИТА: Да не беа нашите БОМБИ власта ќе го заташкаше “Рекет”

Објавите на Ла Верита го минираа обидот да се заташка cлучајот.

Објавата од страна на Ла Верита изминатите денови, по однос на документацијата и видеата коишто докажуваат постоење на длабока корупција во македонскиот политичко-судски систем, како и криминална злоупотреба на државата, предводена од премиерот Заев, на штета на граѓаните и политичките опоненти, ги носи првите правни последици.
Откако Претседателот на државата Пендаровски се огради од Зоран Заев, веднаш по објавувањето на скандалот, и неговота комплетна поддршка за храбрите и чесни судии, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изминатите денови испраша доста сведоци поврзани со случајот “Рекет” . Помеѓу сведоците слушнати во вторникот, беше и Катица Јанева, Специјална обвинителка фаворизирана од ЕУ на Јункер и Могерини со цел Зоран Заев да може легално да дојде на власт по скандалот со нелегално добиените прислушувања во 2015та, за да се уценува политичкиот противник Никола Груевски, исто така посочен како глава на еден систем на злоупотреба длабоко вкоренет во државата.
Објавените видеа од наша страна силно ја осомничија Јанева за изнуда против обвинети лица, та дури и лица под истрага токму од нејзина страна. За помалку од 24часа по нејзиното сведочење, Катица Јанева е уапсена.

[Image: 68858710_369089537121105_882158926233704...C480&ssl=1]

Објавата од страна на Ла Верита изминатите денови, по однос на документацијата и видеата коишто докажуваат постоење на длабока корупција во македонскиот политичко-судски систем, како и криминална злоупотреба на државата, предводена од премиерот Заев, на штета на граѓаните и политичките опоненти, ги носи првите правни последици.

Обвинителот Јовески за неа побара 30 дневен притвор поради сомнеж за злоупотреба на должноста во случајот “Рекет” и и’ ги заплени компјутерите во коишто тешко дека ќе се најде некаков доказ со оглед на тоа што е поминато доста време од обелоденувањето на скандалот.
На прес конференцијата одржана од Јовески, заедно со јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска, се почувствува дека таа (Рускоска) силно инсистира дека е потребно Јанева да биде притворена.
Со оглед на тоа што Вилма Рускоска точно пред месец дена, зборувајќи за колешката Јанева, подвлекуваше јавно дека не гледала никаков мотив Катица Јанева да избега или да се гони, се потврдува фактот дека Ла Верита во овој период ефективно одигра корисна услуга од јавен карактер. Сето ова не тера да мислиме на сценарио во кое, доколку не дојдевме до аудио-документацијата и не ја објавевме, судскиот систем предводен од Вилма Рускоска, омилената на Зоран Заев, ќе стореше се’ за да ги заташка доказите и случајот.
Токму во вторник Јордан Камчев, односно човекот предмет на изнуда во нашите видеа, потврди дека сето она што е објавено од наша страна е дел од доказниот материјал којшто тој веќе го предал пред повеќе недели на македонските судии. Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно в предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од Рускоска, жената којашто не случајно Зоран Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа.
Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови. Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нe’ дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија – по нашите откритија, екс-министерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот.

[Image: .jpg?resize=443%2C248&ssl=1]

Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови.

Во очекување дека Ла Верита, денот кога ќе бидеме сигурни за безбедноста на нашите извори, ќе може да ги објави дополнителните докази кои ги има и кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане “громобран” за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.
Камчев потврди, што беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева биле веќе презентирани пред повеќе од месец дена, по приведувањето на Боки13.
Повеќе од месец дена им беше потребно на Јовески, а посебно на Рускоска, да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Месец во којшто наводно би можеле да бидат уништени докази и да се влијае врз фактите. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалки за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво.
22-08-2019, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Во радио-емисија најавена нова бомба на „Ла Верита“: Дали Боки 13 му се јавил на Јовче Ременски?


24.09.2019
Новинарот Сашо Димовски, кој долги години ја следи состојбата и проблемите во правосудството гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77 каде истакна дека „Ла Верита“ наскоро ќе објави нова бомба во која се споменуваат пратеничката и потрпретседател на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски. Според Димовски, токму сопругот на Ременска е лицето на кое Боки 13 му се јавил да праша дали е cлeдeн откако го напуштил домот на Камчев.



24-08-2019, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Македонија

ГЕЈСЕР ЗА СРПСКО „АЛО“: Дали нормален човек навистина верува дека никој во ЕУ не знаел што се случува во Македонија?

[Image: gejser-1024x568.png]

 25.08.2019
Ларис Гејсер, аналитичар и професор по геополитика, кој во низа написи за италијанскиот весник „Ла верита“ ја откри аферата околу уцената на бизнисмени во која се вплеткани Боки 13, Зоран Заев, неговиот советник Башановиќ и многу други во разговор за „Ало“ открива како реагирал кога слушнал дека е приведена поранешната специјална обвинителка Јанева и дали очекува нови апсења.
-Да, тоа навистина е прв резултат од серијата текстови кои ги објавив, но би рекол тажен резултат, кога ќе земеме во предвид дека македонското обвинителство имаше во свој посед исти документи уште пред еден месец и ништо не се случи. Тоа значи дека без моите написи во весникот „Ла Верита“ вистината никогаш немаше да излезе на виделина и сега се надевам дека на сите им е јасно дека целата земја е заложник на криминална организација која направи се да се заштити себе си или да ги уништи доказите.
АЛО: Дали очекувате Заев да поднесе оставка?
-Да сум јас советник на Заев и да знам се што знам веднаш би го посоветувал да поднесе оставка. За негово добро и за доброто на Македонија. Порано или подоцна тој ќе мора да си замине. Тој е минато и меѓународно е мртов.
АЛО: Дали верувате или имате ли докази дека некој од ЕУ, како на пример Могерини, имал сознанија што се случува во Македонија?
-Дали една нормална личност може да поверува дека никој во ЕУ немал поим што се случува во Македонија? И да е така, во секој случај се виновни за тоа што се неспособни. Поентата е што системот на Зоран Заев е продукт на Комисијата на Јункер и на Могерини и нивниот пристап кон Балканот и сега не можат да го прифатат својот дел од одговорноста. Наместо тоа, тие се одлучија за тишина.
АЛО: Бевте мета на хакери, отворени се неколку ваши лажни профили. Што мислите, зошто е тоа направено и со каква цел?
-Изгледа дека станав мошне популарна личност во Македонија во рок од неколку часа со илјадници следбеници, што е проблем за мрежата на Зоран Заев. Верувам дека лажните профили се направени како замка за луѓето кои ја претставуваат опозицијата во Македонија. Многу тажно, тоа се фашистички методи на режимот. Сепак смешната страна на приказната е дека минатата недела група хакери нападнаа еден од моите лажни профили кој беше направен од друга хакерска група, која потоа ги алармираше медиумите дека профилот ми е хакиран, кој инаку е лажен.
АЛО: Се плашите ли можеби за сопствената безбедност?
-Знаев дека ќе имам последици со навлегувањето во интересите на моќна криминална мрежа која меѓународно е поврзана и тешко повредувајќи ги нивните финансии. Ајде да речемe дека моето ниво на претпазливост е поголемо сега отколку на почетокот на август.
[Image: gejser1-480x467.jpg]
25-08-2019, 09:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Гајсер за „Танјуг“: Имам уште детали за „Рекет“, ќе ги објавам ако потфрлат истражните органи!

[Image: gajser-tanjug.jpg]
Алсат 2019-09-04
Публицистот од италијанскиот весник Ла Верита, Ларис Гајсер, кој ги обелодени снимките за случајот „Рекет“, во изјава за агенцијата „Танјуг“ вели дека поседува уште материјали и оти ќе објави нови  детали ќе објави ако македонските истражни органи не си ја завршат работата.
Гајсер додал дека материјалите кои ја докажуваат аферата ги објавил дури откако добил потврда дека ги поседува и македонското обвинителство и оти постои сомнеж дека ги уништува.
„Бев против објавување на овие информации, со кои располагавме, сѐ додека не се уверив дека истите материјали ги поседува и правосудниот систем во Македонија. Тогаш, во Ла Верита одлучивме да ги објавиме за да покажеме дека правниот систем таму ништо не работи и оти веројатно брише докази“, изјавил Гајсер, кој учествува на стратешкиот форум на Блед.
04-09-2019, 05:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Колега на Русковска дал исказ дека Заев деблокирал пари од Рекет


October 20, 2019
[Image: Screenshot_20191020_102202.jpg?resize=696%2C342&ssl=1]

Шокантно тврдење на весникот Ла Верита според кое еден македонски обвинител веќе дал исказ во ЈО според кој премиерот Заев наложил да се одблокира спорна сума од 750 илјади евра која била префрлена на човек опфатен со истрагата на Рекет.
Весникот открива дека обвинителот Пановски веќе го дал исказот а македонската јавност тоа не го знае.
“Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите.
Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.
Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.
Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.
Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител”, тврди Ла Верита.





Quote:Канцеларката се обидува да го спаси Заев

[Image: Screenshot_20191020_102202.jpg?resize=696%2C342&ssl=1]
20.10.2019
Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.
На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата.
Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев. Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев.
На мажот на Ременски, под палката на Заев станат шеф на единицата за антитероризам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба – АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК.
Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме летоска, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација – Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки13, поддржани од политичко-судскиот врв. Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во месец Ноември 2018г., платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови.
Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки13.
Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност. За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска.
Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.
Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите.
Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.
Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.
Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.
Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк.
По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.
(This post was last modified: 20-10-2019, 01:53 PM by ЈорданПетровски.)
20-10-2019, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(20-10-2019, 01:53 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Канцеларката се обидува да го спаси Заев

[Image: Screenshot_20191020_102202.jpg?resize=696%2C342&ssl=1]
20.10.2019
Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.
На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата.
Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев. Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев.
На мажот на Ременски, под палката на Заев станат шеф на единицата за антитероризам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба – АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК.
Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме летоска, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација – Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки13, поддржани од политичко-судскиот врв. Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во месец Ноември 2018г., платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови.
Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки13.
Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност. За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска.
Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.
Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите.
Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.
Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.
Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.
Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк.
По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.


Quote:Јовески: Наводите на „Ла Верита“ се чиста шпекулација


20.10.19   12:19 

[Image: d198oveski-navodite-na-la-verita-se-chis...id198a.jpg]

– Државниот обвинител Љубомир Јовески  во изјава за МИА ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.
Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави за МИА Јовески.
„Ла Верита“ во написот на новинарот Ларис Гајсер објави дека „притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.
-За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, напиша  италијанскиот весник.
 
20-10-2019, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Наум Пановски за ДВ: „Ла верита“ пишува лаги!

Парите не беа деблокирани за 48 часа, туку беа блокирани неколку месеци, а Рускоска тогаш не беше шеф на Обвинителството, вели обвинителот Пановски, кој е спомнат во нови „откритија“ на весникот „Ла верита“.
   
[Image: 50114876_303.jpg]
20.10.2019
Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци. 
Ова за Дојче веле го изјави обвинителот Наум Пановски откако италијанскиот весник „Ла верита" објави дека тој „сведочел пред републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, дека (по блокирањето на парите за пензионерката Тодоровска уплатени од ГП „Пелистер“ – н.з) следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите".
Тврдењата на „Ла Верита“ воопшто не соодветствуваат со фактите. Рускоска беше избрана за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14-ти ноември 2018 година.  
„Ла верита“ пишува дека дека „во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови".
Но, парите на Тодоровска (719.000 евра) не и биле префрлени во ноември 2018 година како што наведува италијанскиот весник, туку една година претходно - ноември 2017 година. Истите биле деблокирани речиси по шестмесеча истрага - на 12-ти април 2018 година, а подигнати од Тодоровска следниот ден. Тоа е точно седум месеци пред Рускоска да биде назначена за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое во тој период имаше назначено вршител на должноста - обвинителката Гордана Самаќоска.
И покрај овие јавно познати факти, весникот објавува и други невистини: „Ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите, 750.000 евра, биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа“, пишува авторот Ларис Гајсер.
Арафат Муареми, директорот на Финансиската полиција, веднаш по избивањето на случајот „Рекет“ поврзан и со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, во август годинава за БИРН објасни колку време воделе истрага за случајот. Се започнало кога при крајот на 2017 година, една банка пријавила во друга институција - Управата за финансиско разузнавање, дека има сомнителна трансакција. Потоа таа го информирала Обвинителството, кое, пак, ги замрзнало средствата, и ѝ се обратило на Финансиската полиција да ги истражи потеклото и намената на паричните средства. 
„Таа достави целокупна документација за проектот. Според нејзиниот исказ, проектот е поминат во претходната влада кога имало Ден на идеи и имал некоја потврда дека таа влада проценила оти навистина може да се реализира“, објасни Муареми.
Сепак, тие продолжиле да истражуваат бидејќи се сомневале во перење пари.
„Утврдивме дека парите што се префрлени на изумителот на проектот, се пари што се собрани од акумулираната добивка од минати години на фирмата. Не се сомнителни, не се пристигнати од некои трети фирми или од офшор-компании, кои може да ги легализираат на овој начин. И реално е дека компанијата работела успешно во минатите години“, објасни директорот.
Но, не престанале да истражувале. Повторно ја викнале жената и ја прашале зошто сака да ги подигне парите во готово. Тогаш таа дошла со адвокат.
„Кога ние почнавме да ‘напаѓаме’ дека ова е фиктивно, првото нешто што направи нејзиниот адвокат нѐ праша: Чекајте, дали на државата ѝ се платени даноците? И навистина ни доставија потврда оти за таа трансакција е платен персоналниот данок на исплатените пари. Од друга страна, компанијата го платила данокот на добивка и сопственикот тврдеше дека тие се негови пари и ќе прави со нив што сака. И толку. Заднината на сето тоа не можеш да ја утврдиш додека не користиш други мерки како на пример посебни истражни мерки“, изјави Муареми.
Тогаш Финансиската полиција изготвила посебен извештај и го пратила во Обвинителство за понатамошно постапување. Парите се одмрзнале и жената ги подигнала. Тодоровска дури летово изјави дека била ограбена од лице од Меѓународниот сојуз, кое и ги одземало парите веднаш откако ги подигнала во банка.
„Да го кажеше тоа во тоа време, истрагата сигурно ќе имаше друга насока“, рече Муареми.
Тодоровска на 19-ти август годинава беше повикана да даде исказ во Обвинителството откако Рускоска отвори истрага за „Рекет“, но одби пред новинарите да каже што изјавила во Обвинителството. 
20-10-2019, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

[Image: 73372229_10156279382527443_2451799767596...e=5E65647D]
20-10-2019, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(20-10-2019, 01:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Јовески: Наводите на „Ла Верита“ се чиста шпекулација


20.10.19   12:19 

[Image: d198oveski-navodite-na-la-verita-se-chis...id198a.jpg]

– Државниот обвинител Љубомир Јовески  во изјава за МИА ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.
Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави за МИА Јовески.
„Ла Верита“ во написот на новинарот Ларис Гајсер објави дека „притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.
-За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, напиша  италијанскиот весник.
 



Quote:
Quote:NOVI POTRESI U MAKEDONIJI Informacije isplivale tajnim kanalima: Zaev tražio da se blokira 750.000 evra, a koristiće ih za nešto neoprostivo!


AUTOR: E. A. DATUM I VREME: 20.10.2019. 15:16

Severna Makedonija se i dalje trese.
[Image: 1_1000x0.jpg]Zoran Zaev, Foto: Tanjug/AP
Italijanska „Verita“, koja je prva otkrila razmere korupcijskog skandala „Reket“ zbog kojeg su se iza rešetaka našli Boki 13 i bivša tužiteljka Janeva, sada je objavio nove dokaze koji povezuju premijera Zorana Zaeva i šefa tužilaštva za organizovani kriminal Vilmu Ruskovsku.

Prema novim informacijama, Zoran Zaev se otvoreno obratio Ruskovskoj kako bi blokirao 750.000 evra koje je tada biznismen Siljan Mickovski uplatio za jedan projekat. Uskoro je stigao i demanti iz Skoplje, pa je državni tužitelj Ljubomir Jovevski u izjavi za MUP naveo da su posredi „spekulacije jer u to vreme Ruskovska nije bila na čelu tužilaštva“. S druge strane, Laris Gaiser, analitičar i profesor geopolitike, navodi da „Jovanovski i Panovski pokušavaju da negiraju činjenice za koje ga optužuju da nisu istinite, pravdajući se time da Ruskovska u to vreme nije bila šef tužilaštva za organizovani kriminal, iako je bila članica kancelarije i u položaju da utiče na odluke“.

- Ukoliko već tvrde da naša priča nije istinita, bilo bi bolje da pruže dokaze kako su upravljali slučajem, a ne da se vade na tehničke nesuglasice! Zašto ne odgovore na sva pitanja. Sada mogu da otkriju sve dokumente! Državno tužilaštvo je od avgusta imalo vremena i mogućnosti da odgovara na moja pitanja i mejlove, ali to nije uradilo. Oni su na pogrešnoj strani priče. Nisam ja - naveo je Gaiser i dodao:

- Da l’ nam to sada Panovski poručuje da je Ruskovska u zamenu dobila poziciju glavnog tužitelja? Jer sve ukazuje na to.
20-10-2019, 03:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Како обвинителот Пановски можел да го „отчука“ Заев за „Рекет“

October 20, 2019
[Image: -јовески.jpg?resize=670%2C348&ssl=1]
Откако „Ла Верита“ објави дека тој раскажал за улогата на премиерот Заев во случајот рекет анализираме кои се можните начини преку кои обвинителот Наум Пановски можел да се обиде да се спаси за неговата улога во случајот „Рекет“.
Според италијанскиот медиум Пановски е одговорен за ослободените 720 илјади евра кои Силјан Мицевски ги префрлил на член на тимот на Боки 13 а кои предходно биле блокирани од Управата за финансиско разузнавање.
„Ла Верита“ тврди дека обвинителот Наум Пановски, кој е еден од најблиските соработници на Вилма Русковска, дал исказ во кој рекол дека налогот за одмрзнување на огромниот стотици илјади вреден хонорар за идеја, кој го исплатил битолскиот бизнисмен Мицевски, е даден од премиерот Заев.
Според упатени во правосудниот систем, Пановски ова можел да го стори со еден повод, но на повеќе формални начини.
Поводот е јасен, обвинителот е свесен дека ослободување на пари кои се дел од криминал, ако се докаже вина еден ден кога ќе нема кој да го штити, може да му ја заврши обвинителската кариера и дури и да го однесе в затвор.
Можните форми преку кои можел да се обиде да се стави настрана од криминалот се:
1. Да е дел од официјалната истрага во случајот „Рекет“ и исказот да го дал како сведок/обвинет во пред/истрагата која ја водела неговата шефица Вилма Русковска
2. Да напишал или дал исказ кој го доставил до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, во кој информирал за поведението на непосредната шефица Русковска, со цел да направи алиби за себе за подоцнежните правни постапки за случајот „Рекет“.
3. Да напише службена писмена белешка која што ја доставил до МВР или било кој друг обвинител а која што ја доставил и до архивата на јавното обвинителство.
4. Пановски да е заштитен сведок во случајот „Рекет“
Доколку информациите на Ла Верита се потврдат и се докаже дека премиерот Заев интервенирал директно во Рекет и наведувал или присилувал обвинител да преземе незаконски правни чекори тој но и инволвираните обвинители можат да се соочат со долгодишни затворски казни.
Доколку се утврди дека во оваа ситуација некој обвинител знаел за незаконското влијание и не интервенирал соодветно тогаш неизбежна е и одговорност за нив.
Откако стана јасно дека Катица Јанева е дел од криминалната шема премиерот Заев немаше дилема дека Вилма Русковска преку која сега според Ла Верита Заев влијаел на истрагата за Рекет, е најдобриот кандидат за замена на Јанева.
21-10-2019, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Ла верита: Никој не демантира дека Заев лично ѝ наредил на Рускоска да ги одблокира парите во корист на Боки 13



[Image: la-verita-1.jpg]


Македонија 22.10.2019 / 8:56

Од денес Заев е премиер во оставка. Неговата влада формално ќе заврши во јануари, меѓутоа изборната кампања е веќе почната. Со државнички потег Пендаровски за момент го воспостави владеењето на правото. Повторно им даде шанса на македонските граѓани да се изјаснат, и се промовира самиот себе како лидер на една реновирана социјдемократска партија без Заев, по истекот на неговиот мандат како претседател.
Меѓународната заедница конечно може да земе здив.

Последните откритија објавени во неделата наутро од страна на Ла Верита за системот на изнуда востановен од власта на Зоран Заев, што докажуваат дека токму премиерот менаџирал со настаните, предизвикаа реакција на обвинителските институции коишто се засегнати, но пред се помогнаа да се Зоран Заев да не го реализира својот план за предвремени избори тргајќи ја опозицијата на страна од процедурата, пипува италијанскиот новинар и аналитичар Ларис Гајзер во последната колумна посветена на Македонија и состојбите во земјава.
Неговиот текст го пренесуваме во целост.

Quote:Според законот којшто беше донесен токму за да му помогне на Заев во 2016, опозицијата и власта треба да формираат 100 дена техничка влада која што ќе го подготви изборниот процес. Влада во која опозицијата го добива битното министерство за внатрешни работи. Притискајќи за избори во декември, Заев се надеваше да ја фати во стапица опозицијата со нивните барања за избори, негирајќи и ја можноста да има контрола врз изборниот процес и врз жешките досиеја за истрагите за потенцијален криминал кои го засегаат.
Нашата статија, во којашто објаснувавме како има истрага во тек која што може да ја потврди директната контрола на Заев врз криминалните активности на Боки13 и Катица Јанева, беше предмет на негирање од страна на јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителот Наум Пановски.
Како и да е, ако во нашата статија се докажуваше дека во тоа време Вилма Рускоска, таа што по наредба на Заев наводно одблокирала сомнителен трансфер од 750.000€ во корист на Боки13 – со цел да се спроведе преку една пензионирана госпоѓа во години, била на чело на обвинителството за организиран криминал и дека плаќањето било замрзнато 48 часа, двајцата судии повикани од нас, само потврдија дека тогаш Русковска била заменикот обвинител и дека спорната сума била замрзната неколку недели.
Нервозното негирање на обвинителите всушност ги докажува целосно фактите коишто ги објавивме, меѓутоа избегнувајќи да одговорат како била спроведувана истражната активност во врска со едно очигледно нелегално плаќање, врз основ на базичните банкарски стандарди. Македонските институции, во обид за одбрана на нивното лошо работење, пробаа да го демантираат нашето откритие обидувајќи се да докажат формална недоследност без притоа да се свесни дека не само што ја потврдуваа содржината, туку и дека го будат сомнежот за тоа дека напредувањето на кариерата на Рускоска се должи на фактот дека е верна соработничка на Зоран Заев.
Во секој случај, клучниот момент во “земјотресот” е всушност друг. За време на целиот ден, никој, ниту политички, ниту судски не се обиде да интервенира, и да го демантира фактот дека Заев лично дал наредба за одблокирање на парите во корист на Боки13 и никој не објасни како тоа една госпоѓа во години во една европска земја може така едноставно да повлече од шалтер 750.000€.
Следствено на настаните, претседателот Стево Пендаровски, за време на лидерската средба кај него, не го фаворизираше екссоработникот Заев.
Свесен за својата институционална улога, со оглед на тоа дека информациите објавени од нас во овие месеци се само минимален дел од едно многу поголемо досие што го докажува лошото раководење на државата од страна на Заев, и дека модалитетот за стопирање на преговорите за членство значи убедлива недоверба на ЕУ кон актуелниот премиер и кон Македонија, Пендаровски побара да се одржат предвремени избори почитувајќи ја легалната временска рамка. Наместо во декември, граѓаните ќе може да гласаат во април следната година. Датум прифатен и од опозицијата со цел да му се даде можност на актуелниот македонски парламент да ги заврши сите обрвски за влегување во НАТО, на почетокот на 2020.
Од денес Заев е премиер во оставка. Неговата влада формално ќе заврши во јануари, меѓутоа изборната кампања е веќе почната. Со државнички потег Пендаровски за момент го воспостави владеењето на правото. Повторно им даде шанса на македонските граѓани да се изјаснат, и се промовира самиот себе како лидер на една реновирана социјдемократска партија без Заев, по истекот на неговиот мандат како претседател.
Меѓународната заедница конечно може да земе здив.
22-10-2019, 11:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Последниот европски совет беше запаметен по блокадата за влез во ЕУ на Албанија и Македонија.


Перо Милчин | 27 октомври, 2019 8:14

ЛА ВЕРИТА: Без разлика на откриените скандали од “Ла Верита”, Италија е подготвена да го поддржи ЗАЕВ!

[Image: 73242840_541342129779597_8196175151398649856_n.jpg]

По однос на Балканот, Конте “се витка” пред ЕУ. Без разлика на откриените скандали од страна на “Ла Верита”, Италија е подготвена да го поддржи македонскиот премиер Заев.

Во континуитет со меката линија на Могерини

Пишува Ларис Гајзер

Последниот европски совет беше запаметен по блокадата за влез во ЕУ на Албанија и Македонија. Негативниот исход се должи на Франција, според која, пред се во Македонија има коруптивни случаеви (меѓу кои и оние откриени од Ла Верита), доволни за да не отпочне проширувањето. Од тогаш, како во Брисел, така и во Македонија, Франција се смета како големиот предавник на европските идеали. Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние е секојдневно под директен напад од страна на телевизиите контролирани од Зоран Заев, а европскиот парламент ги осуди вчера Франција, Данска и Холандија поради тоа што ги блокирале преговорите со двете балкански држави.
Всушност, тврдата позиција што ја имаше Џузепе Конте за време на состанокот на лидерите придонесе за комплетен неуспех на преговорите. Италијанскиот премиер, слепо ја туркаше линијата на Федерика Могерини, без да ја модифицира поради променетите состојби, де факто блокирајќи го дијалогот со Франција. Заев, во неговите бројни критики кон Макрон, ниту еднаш не ја споменува улогата што ја одигра Италија, а следствено на тоа во вторник ќе дојде во официјална посета кај Конте со цел да се обиде да најде некои можни решенија.

[Image: 3iyGm-.jpg?resize=480%2C320&ssl=1]

Заев и’ должи многу на Италија, и со фактот дека сега во Рим има повторно пријателска влада, убеден е дека повторно ќе наиде на поддршка каква што имал во минатото.
Примајќи во посета еден премиер кој е осуден да замине во историјата како лидер на држава во којашто граѓаните секојдневно се растргнати од коруптивниот политички и судски систем, со децениски затворски пресуди за тероризам само заради фактот дека протестирале во парламентот, Конте само ја потврдува политичката линија од минатото од владата на Матео Ренци и Лејди Песк (Могерини). Како што објавивме претходно, договорите помеѓу Ренци и социјалистичкиот албански премиер Рама, заедно со администрацијата на Обама беа тие што го фаворизираа преземањето на власта од страна на македонскиот социјалдемократски лидер Заев. Власт, земена врз база на нелегални телефонски прислушкувања извршени од тајни служби присутни во Скопје, и протести финансирани од Џорџ Сорос.
Истите тие прислушкувања Могерини индиректно направи да бидат валидни измислувајќи си марионета на специјален обвинител што би можел да биде во прилог на политичката борба што ја води Заев.
Обвинител кој сега, заради нашите објави кои откриваат криминална злоупотреба на материјалот, се наоѓа во затвор. Како за Заев, така и за Конте, истражувачките активности кои ги правевме изминатите години по однос на меѓународните манипулации кои му помогнаа на Заев да дојде на власт и да изврши мек државен удар, подоцна со воспоставување на коруптивен режим, претставуваат еден не така мал извор на заеднички срам.
Заев и’ должи многу на Италија, и со фактот дека сега во Рим има повторно пријателска влада, убеден е дека повторно ќе наиде на поддршка каква што имал во минатото. Конте од своја страна пак, освен репозиционирањето на надворешната политика на Државата по теркот на Ренци, свесен е дека мора да маневрира со македонскиот случај на соодветен начин со цел да не му излезе нов скандал поврзан со аферата Спајгејт (Spygate).
Без разлика на некои поединечни контрирања внатре во европскиот Совет, Франција одби да ги отвори преговорите со Македонија, пред се’ за да не му даде алиби на Заев да остане на власт.
Преговорите сигурно ќе почнат во иднина, но Париз сака тоа да се случи откако македонските граѓани ќе имаат шанса да се искажат на избори. Одбирајќи да го поддржи македонскиот колега сега, Премиерот Конте всушност се надева да му даде некаква шанса за останување на власт.
27-10-2019, 11:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18



27-10-2019, 11:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Италија се наоѓа во ситуација да мора да ги поддржи истовремено двајцата политички најсрамни премиери на континентот, поради тешките корупциски скандали во кои се вмешани.

Објавил: Сара Фемина | 30 октомври, 2019 6:39

ЛА ВЕРИТА ДЕНЕС: Премиерот на Италија “клекна” пред контраверзниот Заев- Скопје заслужува да влезе во ЕУ!


[Image: 75625308_389100341968584_1782312974304673792_n.jpg]

Италија ја следи линијата на Могерини и силно го поддржува контраверзниот македонски премиер.
Ларис Гајзер 30.10.2019
Премиерот Џузепе Конте вчера во “Палацо Киџи” го прими македонскиот премиер Зоран Заев којшто беше дојден формално да бара помош од Италија по случувањата на последниот европски Совет кадешто неговата земја не доби покана за отпочнување на преговорите. Конте го потврди ставот кој го имаше за време на состанокот во Брисел, односно дека сака Македонија да отпочне преговори заедно со Албанија.
Држењето на заедничкиот пакет – Скопје и Тирана – се должи на политичките одлуки и договарањата изминатите години од владите на Ренци и Џентилони, а имплементирани паралелно и од ЕУ преку дејствувањето на високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини. Всушност договарањата помеѓу Ренци и албанскиот премиер Рама, поддржани од Обама, му овозможија на Заев да дојде против-уставно на власт во Македонија во 2017, но пред се’ му обезбедија парламентарно мнозинство благодарение на поддршката од албанската партија ДУИ. Таканаречената Тиранска Платформа, причина поради која во тој период тогашниот македонски претседател Иванов одби дури два пати да му го даде мандатот на Заев, е политички договор поврзан со денационализацијата на Македонија преку социјал-демократската влада предводена од Заев, односно директно уценета од Рама. Иако изјави дека Eвропа, поради француското вето, направила историска грешка што не ги отворила преговорите со Македонија, Конте дипломатски му даде до знаење на Заев дека Италија со сигурност на следниот Совет за општи работи ќе поддржи повторно отворање на процесот, но исто така и дека судбината на истиот, зависи во пакет од таа на Албанија. Не би имало никаква помош од Рим во минатото, не би имало никаков договор за промена на името со цел Грција да го тргне ветото и не би имало никакво парламентарно мнозинство за социјал-демократите во случај да не се направеа концесии кон Рама.
Сега кога треба да се “плати цената”, Италија се наоѓа во ситуација да мора да ги поддржи истовремено двајцата политички најсрамни премиери на континентот, поради тешките корупциски скандали во кои се вмешани.
Со цел да ја докаже својата уценувачка моќ, албанскиот премиер не го прими македонскиот претседател Пендаровски бидејќи јавно ја поддржал опцијата за одвојување на Македонија од Албанија во процесот на евроинтеграциите, и му советува да не заборави на кого “го должи” изборот за претседател. По враќањето во државата, Пендаровски, следејќи ја политичката линија наметната од денот кога “Ла Верита” ги објави првите докази за корупција во Македонија под владеењето на Заев, направи уште еден чекор на оддалечување од неговиот политички тутор, изјавувајќи за “Ал Џазеира” дека корупцијата на владата на Заев е вистинската опасност за Македонија.
Се’ појасната изолација на премиерот Заев, може да доведе и до оставка на неговиот МНР Димитров, но пред се’ очајот со кој Заев вчера уценуваше дека нема до крај да го имплементира Договорот од Преспа со Грција во случај да не добие покана за почеток на преговорите, ја изиритира доста скептичната Франција.
А само неколку денови претходно му објаснија на македонскиот премиер дека Преспа отсекогаш бил потребен услов, но не и доволен за европскиот пат.
30-10-2019, 02:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,663
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Dr. Laris Gaiser

[Image: 001160_40f587c37869ed2423fa.jpg]
EMITIRANO:
08.11.2019 17:10
UREDNIK:
Elvis Mileta
AUTOR:
Elvis Mileta

U današnjoj ćemo se emisiji osvrnuti na korupcijsku aferu pod nazivom Reket koja je ove godine značajno protresla Makedoniju, zapravo Republiku Sjevernu Makedoniju i to na način da je dovela u pitanje legitimnost aktualne vlasti u toj državi. U slijedećih pola sata razgovaram s novinarom talijanskog lista " La verita" i publicistom koji je aferu otkrio i objavio, Lorisom Gaiserom. On je doktor znanosti u zvanju docenta, sveučilišni profesor u USA, Sloveniji i Italiji, a doktorirao je iz područja kriznog menađmenta i humanitarne krize, pa je više nego relevantan sugovornik u pitanjima globalnih međunarodnih odnosa, posebice u okviru političkih odnosa na jugoistoku Europe.

https://radio.hrt.hr/radio-pula/ep/dr-la...Xr60XeUeHU
11-11-2019, 01:20 AM
Reply