Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДБИНАТА НА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:
Собранието одби денеска да ја разреши Катица Јанева

11/09/2019 13:41
Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Собранието денеска да гласа за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи точка на дневен ред да биде разрешувањето Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена.
Според партијата на Христијан Мицкоски, дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот „Рекет“, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.
Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Собранието денеска да гласа  Јанева да биде разрешена. Според ВМРО-ДПМНЕ, нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата специјален јавен обвинител.
Претседателот на Собранието Талат Џафери го ставил предлогот пратениците денеска да гласаат за разрешувањето на Јанева, но претходно образложил дека разрешувањето на шефицата на СЈО треба да биде на посебна седница и по предходен политички договор.
Мандатот на Јанева истекува на 15 сптември.
11-09-2019, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Свиркачи ѝ ги дале на ВМРО-ДПМНЕ исказите за „Рекет“ дадени пред Русковска

11/09/2019 13:28
Свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донеле исказите кои ги дале лица пред обвинителката Вилма Русковска, како и резултатите од наредбите за вештачење во случајот „Рекет“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Тука моето име го нема, но има имиња од луѓе од власта. Нема да правиме воајерски шоуа додека постои минимална објективност во водењето на овие случаи. Но, ако нема ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста – предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека нема да го тужи премиерот Зоран Заев за тоа што денеска рече дека Рекет може да води до Мицкоски.
– Договор е можен во секој момент кога Зоран Заев ќе сфати дека не треба да го заштитува криминалот. Дали ќе имаме до 15-ти, тоа не зависи од нас – рече Мицкоски на новинарско прашање.
Во врска со несогласувањата со власта околу Законот за јавно обвинителство, тој рече:
– Вака реагираше Заев вчера на преговорите: А па вие ќе нѐ потрупате со обвининеја ако ова го прифатиме. Човек што е чесен нема таква изјава да даде. Можеби ние имаме материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции за сторен криминал. Тие сакаат со Законот да се опфатат материјали од 2008 до 2018, а ние велиме да важи без рок.
11-09-2019, 01:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:Мицкоски: Русковска му треба на Заев, за да може да го штити од криминалот!


11.09.2019
Вилма Русковска е потребна на Заев, за да може да го штити поради сторениот криминал. Ова го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор во врска со вчерашната лидерска средба.

„Доколку сакаме договор, мора да ги почитуваме законите. По престанок на мандатот на јавната обвинителка, престанува и мандатот на нивните помошници. Ниту во еден момент, Јовески, откако ќе ги превземе предметите, не го спречува истите да ги прераспредели на своите матични обвинителства. Сите оние лица, коишто имаат засновано работен однос да бидат прераспределени во државната администраија. Сите оние кои засновале работен однос на определено време, остануваат без договор и остануваат без работа. Треба тимот на новиот обвинител да го предели Совет на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев, со цел ова обвинителство да гони висока корупција. Затоа им е потребна Русковска за да ги заштити Заев за сторениот криминал. Зоран Заев го одби нашиот предлог да новиот обвинител се занимава со корупција на избрани лица. Нема да го тужам Заев или да се заканувам со тужби. Еден „свиркач“ во ВМРО-ДПМНЕ ги донесе исказите кои се дадени кај обвинителката која го води „Рекет“, но и наредбите. Тука моето име го нема. Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити нивниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите документи во интерес на јавноста“, рече Мицкоски.




Quote:Заев: Се разочарав од лидерската средба, тоа беше груевизам до доцна во ноќта!


11.09.2019
Премиерот Зоран Заев истакна дека е разочаран од лидерската средба со опозицијата за Законот за ЈО, која траеше до раните утрински часови и не беше постигнат договор.

„Разочаран сум од лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да успеат да ја сменат матрицата, но за жал тоа не се случи. Тие не отстапуваат од матрицата уште од Пржинскиот договор, Преспански договор. Тоа беше груевизам до доцна во ноќта. Кај Мицкоски има само едно барање – амнестија за случаите од претходниот режим. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата, но за жал без успех“, истакна Заев.
11-09-2019, 02:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Прес-конференција на ПВРСМ Заев по лидерската средба








Quote:ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ 11.09.2019



11-09-2019, 05:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

(11-09-2019, 02:10 PM)ЈорданПетровски Wrote: Мицкоски: Русковска му треба на Заев, за да може да го штити од криминалот!


11.09.2019
Вилма Русковска е потребна на Заев, за да може да го штити поради сторениот криминал. Ова го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор во врска со вчерашната лидерска средба.

 Еден „свиркач“ во ВМРО-ДПМНЕ ги донесе исказите кои се дадени кај обвинителката која го води „Рекет“, но и наредбите. Тука моето име го нема. Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити нивниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите документи во интерес на јавноста“, рече Мицкоски.



Quote:Поседувањето на изјави од предистрага и наредби од истрага е кривично дело, велат од обвинителството

11 септември, 2019 во 15.51 ч.
Поседување на изјави од предистрага и наредби од истрага е кривично дело бидејќи оној што ги дал тие документи не е свиркач туку прави кривично дело. Многу е веројатно дека Обвинителството за гонење на организиран Криминал и корупција многу веројатно ќе го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да објасни како ги добил овие документи, велат од Обвинителствот за организиран криминал и корупција за Телма.
11-09-2019, 05:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:Тортевски за денешната изјава на Мицкоски: Кривично дело е изнесувањето на документите од истрагата „Рекет“

11.09.2019
Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека изнесувањето на изјавите и наредбите од истрагата „Рекет“ апсолутно е кривично дело. Тој ова го коментираше по повод денешната изјава на Христијан Мицкоски дека ги има сите изјави и наредби од ОЈО за истрагата „Рекет“.

-Треба нова организација во целиот систем на ОЈО. Треба да се копмлетира со луѓе со кадар, со техника, да се направат проверки за лојалноста на вработените. Ако ова е точно, тогаш протекуваат тајни информации од истрагата. Апсолутно е кривично дело ако некој ги изнел сите документи за таа постапка. Постапката е тајна, тоа е огромен пропуст ако документите ви ги носи кој како сака, вели Тортевски.



Тортевски никако да се ослободи од патолошката омраза кон ВМРО.
Повозрасните се надевам паметат колку плукаше против ВМРО ДПМНЕ , Љупчо во 1990/1/2
Зар не е кривично дело изнесување на прислушкувани разговори од ПЕТАТА УПРАВА на УБК??
Според заканите се прави манипулација дека Мицкоски ги изнел документите од истрагата за „РЕКЕТ“. А можеби документите ги изнеле и Русковска, Јовевски или некој трет!! ....
11-09-2019, 08:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47



12-09-2019, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote:Милошоски: На лидерската средба Заев најави дека Јанева излегува од Шутка за десетина дена

 12. септември 2019. @ 13:05

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени? – праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.
12-09-2019, 02:04 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#49

(12-09-2019, 02:04 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Милошоски: На лидерската средба Заев најави дека Јанева излегува од Шутка за десетина дена

 12. септември 2019. @ 13:05

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени? – праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.

За такво нешто се договорил со пајтосот асистент на својот татко и власник на хидроцентрали Мицкото.
An inch today is tomorrow’s mile.
12-09-2019, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Вработени во СЈО загрижени за своите работни места му пишале писмо на Заев и на амбасадорите

[Image: sjo-tim-vraboteni-740x336.jpg]

12.09.2019
Порталот „А1он“ објави писмо на вработените во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое го испратиле до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, министерката за правда Рената Дескоска и амбасадорите на САД, Холандија и ЕУ во земјава. Тие се загрижени за нивните работни места и неизвеноста за постоењето на СЈО.
Писмото ви го пренесуваме интегрално:
„Ние, вработените во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со особено внимание и трпеливо ги следиме актуелните случувања во однос на политичко-правната дебата која се води околу разрешницата за статусот на ова Јавно обвинителство, иднината на предметите коишто се оформени во обвинителството, како и прашањата поврзани за нашиот работен ангажман по евентуално престанување на ова обвинителство.
Во тој контекст, а имајќи ги предвид можните персонални решенија за кои информираат медиумите, сакаме да ја изразиме нашата разочараност поради недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство.
Карактерот на работните задачи кои ги извршуваат најголемиот дел од вработените во обвинителството не е поврзан со јавноста и поради тоа е непознат за граѓаните, но во структурата на обвинителството нашата работа е не помалку важна, со оглед на тоа дека истата се однесува на стручна и техничка поддршка на обвинителскиот и истражителскиот тим. За јавноста е помалку познато дека во рамки на ова Јавно обвинителство освен стручната служба составена од стручни соработници и референти, постои одделение на економисти како стручна поддршка при водење на финансиски истраги, одделение за информатичка технологија, административна служба, служба за односи со јавноста, доставна служба и вработени во возен парк, преведувачи, како и друг помошно-технички персонал.
Сметајќи дека е неправедно ние и нашата досегашна работа да не сме предмет на интерес на општествено-политичките чинители или уште полошо, кога станува збор за нас да се зборува како за обична бројка на која и се придодаваат секакви етикети, сакаме да потсетиме на почетоците на СЈО, кои беа подеднакво тешки, како и состојбата во која се наоѓа обвинителството во овој момент. Во услови кога државата беше соочена со сериозни предизвици за својата иднина и кога функционирањето на институциите на системот беше блокирано во секоја смисла на зборот, во услови кога со месеци ниту една институција не го поддржа формирањето на СЈО и неговото екипирање со стручен и помошен кадар, се охрабривме да  бидеме крикот на правдата и да се приклучиме на обвинителскиот тим. Притиснати од опструкции, навреди, постојани медиумски напади и етикетирања, свесно прифаќајќи извесен безбедносен ризик за нас и нашите семејства, работевме одговорно, напорно, безрезервно и професионално, доследно почитувајќи ги законите, вложувајќи ги своите напори да создадеме нови професионални стандарди што ќе бидат позитивен пример за сите други институции.
Неспорен е фактот дека работата на целокупниот тим на СЈО во извештаите на меѓународната заедница беше позитивно оценета како придвижување во насока кон остварување на независност и ефикасност на правосудниот систем. Бројот на предмети кои се наоѓаат во фаза на судска постапка, истражна и предистражна постапка неспорно говори за трудот и посветеноста со која работеше целиот тим. Изминатиот период преку медиумското известување бевме сведоци на преговорите водени од страна на политичките партии за судбината на ова Јавно обвинителство. Иако до пред неколку денови една од спорните точки на преговори беше и статусот на вработените во обвинителството, јасно е дека во овој момент тоа прашање е сосема маргинализирано. Соопштенијата кои до пред извесен период се лиферуваа во јавноста кога се говореше за ова прашање, го потенцираа фактот дека работниот однос на вработените во обвинителството е од времен карактер односно истиот е на определено време поради што е и неопходно истиот да ја следи судбината на институцијата односно да престане заедно со престанокот на постоењето на ова Јавно обвинителство. Во оваа насока, сакаме да потенцираме дека вработувањата во ова Јавно обвинителство се со договори на определено време, но не по желба на работодавачот, туку по сила на Закон за јавнообвинителска служба. Имено, во членот 120-д од наведениот закон е предвидено дека работниот однос на јавнообвинителските службеници во ова Јавно обвинителство ќе биде заснован на определено време, до укинувањето на ова Јавно обвинителство. Ваквата одредба е оправдана од причина што било неопходно да се регулираат работните односи во институција која е од времен карактер и како таква во никој случај не би можела да вработува лица на неопределено време.
Меѓутоа, треба да се има во предвид и постојниот и сѐ уште важечки Закон за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Сл.Весник на РМ бр.159/2015). Имено, во членот 21 од истиот закон е наведено дека по укинувањето на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања. Оттука, јасна е намерата на законодавецот да ги гарантира правата од работен однос на сите оние кои во даден момент конкурирале и се вработиле во ad hoc институција со одреден рок на траење. Тоа значи дека законодавецот при носењето на законот за ова Јавно обвинителство немал намера да им биде прекинат работниот однос на вработените во ова Јавно обвинителство туку истиот предвидел одредба со која би ги инкорпорирал вработените во редовното Јавно обвинителство. Со вака предвидените одредби законодавецот изразил јасна потреба од заштита на правата од работен однос на сите вработени во ова Јавно обвинителство со договори на определено време.
Евентуалната ситуација, а чие настапување е се поизвесно, дека предавањето на предметите кои се водат пред ова обвинителство ќе доведе до беспредметност на неговото постоење директно не засегнува нас и нашите права.
Оттука, секоја намера на преговарачките тимови, која е спротивна на претходно наведените законски одредби ќе ја сметаме како директна повреда на правата од работен однос мотивирана од одмазднички пориви кон вработените и кон сѐ што тие успеале да постигнат во изминатиот период со искреност и со пожртвуваност кон институцијата во која работат, постапувајќи во делокругот на своите работни задачи определени со законите и согласно организационата поставеност во обвинителството.
Во таа смисла, упатуваме апел до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и континуирано следење на неговата работа, која ја помогна изградбата на капацитетите со кои располага обвинителството пред сѐ преку стручно усовршување, обуки и специјализирана едукација на кадарот, внимателно и активно да ги следи актуелните процеси. Исто така, упатуваме повик до сите политички чинители во своите постапувања да се водат од интересите на државата и од определеноста на граѓаните за нејзиното интегрирање во европските демократски процеси, чиишто основни вредности се владеење на правото и правна држава, непречено и ослободено од политичко влијание функционирање на институциите, како и правна сигурност за сите нејзини граѓани, а своите одлуки да ги носат исклучиво согласно важечките закони и истите да не предизвикуваат сомнеж кај граѓаните дека криминалот, без оглед на сторителот, може да остане неказнет. Секое поинакво однесување би значело определба за безобѕирно укинување на придобивките кои ги остваривме во борбата за правда и еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите“.

Fiаt iustitia, et pereat mundus! („Нека победи правдата, па и да пропадне светот“)
12-09-2019, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51



12-09-2019, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:Коресподенција со многу дилеми

Јовески за Пресинг Тв: Писмата на Катица се со датум, немаат печат, но се легитимни


Предраг Димитровски 12.09.2019 / 12:26

[Image: LJubomir-Joveski-3.jpg]

Писмата на Катица Јанева имаат различни датуми и немаат печати, но се легитимни, зашто се така сочинети, вели за Пресинг Тв, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Според него, печат не можело да имаат, зашто Јанева се наоѓа во притвор. Меѓутоа, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.
Се уште не е јасно дали писмата на специјалната јавна обвинителка се архивирани, ако се – кој, кога и каде тоа го сторил. Или, пак, се само „чисти“ писма без ништо на нив.
Републичкиот јавен обвинител вчера изјави дека трите дописи на Јанева, со кои таа дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство, се напишани на рака. Тој ги отфрли тврдењата дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, на кое таа, наводно, со рака нешто допишала.
Претходно, пак, професорот Гордан Калајџиев во настап на ТВ „Телма“ побара одговорност од директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ и формирање собраниска комисија за преиспитување на случајот.


Quote:Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.
13-09-2019, 01:19 AM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#53

(13-09-2019, 01:19 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Коресподенција со многу дилеми

Јовески за Пресинг Тв: Писмата на Катица се со датум, немаат печат, но се легитимни


Предраг Димитровски 12.09.2019 / 12:26

[Image: LJubomir-Joveski-3.jpg]

Писмата на Катица Јанева имаат различни датуми и немаат печати, но се легитимни, зашто се така сочинети, вели за Пресинг Тв, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески

Да, Кога Серж Гензбург(СДС) на Витни Хјустон(Македонија) во живо на национална телевизија и вели “сакам да те ебам”(ќе ве ебеме до сто и назад и уште и мозоците ќе ви ги испереме) на англиски, се вмешува водителот(Јовески) и од англиски и преведува на англиски и и вели дека таа на Серж всушност му се  допаѓала
An inch today is tomorrow’s mile.
13-09-2019, 03:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54

Quote:Заев  ги демантираше обвинувања од пратеникот Милошоски

Заев  ги демантираше обвинувања од пратеникот Милошоски дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.









Quote:Милошоски: Заев се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на Јанева

13.09.2019 / 13:04

По демантирањата од премиерот Зоран Заев за тврдењата на Антонио Милошоски, се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Quote:Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања.
Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?
И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?“, пишува Милошоски на фејсбук.


Недостасува само уште Заев да се прогласи за Цар! Се надевам дека СДССМ тој пропуст ке го реше набргу со помошта на Аца Антиќ и Заев ке биде крунисан во Цар на Илирида!!
13-09-2019, 01:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

Quote:ЈОВЕСКИ: До крај на денот ќе ги преземеме сите предмети од СЈО


13.09.2019
Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Посочи дека од следната недела ќе продолжат техничките детали на споредување на пописите на списи со содржината на списите во секој конкретен предмет.
-По преземањето на предметите во надлежност на ова Обвинителство тие се оставени натаму кај јавниот обвинител кој дотогаш постапувал по предметот, рече Јовески одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на твининг-проект што ќе обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри.
Обвинителството, истакна, дополнително ќе утврди во следните денови кој ќе постапува по предметите.
– Ќе определиме за секој поединечен предмет кое Обвинителство конкретно е надлежно стварно и месно да постапува по тој предмет и кој обвинител ќе го застапува конкретниот предмет, додаде Јовески.
На прашањето што ќе биде со рочиштата кои во меѓувреме се закажани, Јовески дециден дека можеби ден – два тие рочишта ќе се одложат, но, какошто посочи, ќе им дадат приоритет на распределбата на предметите кои сега се во фаза на судење или треба Обвинителството да преземе некои итни, неодложни дејствија по тие предмети.
-Ние ги преземаме предметите кои се во судска постапка, ги преземаме предметите кои се во фаза на истрага и предистрага. Познато е дека има веќе став на судовите дека тие докази ги прифаќаат како докази и ние ќе ги користиме натаму во постапката, но сепак разбирам дека одбраната може да има и поинакво гледање на нивната валидност и затоа судовите во конкретниот процес ќе носат соодветни одлуки, истакна Јовески.
Државниот јавен обвинител очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.
-Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле, рече Јовески.
Во врска со комуникацијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со обвинителите од СЈО и со ЈОРСМ, Јовески рече дека имало невистини околу тоа.
– Еве да потврдам дека се работи за три писма, едно упатено до обвинителите во СЈО и две упатени до ЈОРСМ. Ние не се сомневаме во вистинитоста на тие писма затоа што таа комуникација се остварува преку казнено – поправната установа, во конкретниов случај затворот „Скопје“ и преку судијата на претходна постапка, во случајот судијата на Основниот кривичен суд Скопје. Тоа прашање е во надлежност на обвинителот кој го води предметот. Премногу е рано да се разговара за тоа прашање. Се разбира, доколку обвинителот наоѓа дека има основи за продолжување на мерката притвор претпоставувам дека ќе бара продолжување. Но, со ова не сакам да ги прејудицирам нашите натамошни чекори бидејќи за тоа, повторно ќе речам, е надлежност на обвинителот кој го води предметот, рече Јовески.
14-09-2019, 12:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

Quote:СДСМ: Ја спасивме правната држава

13.09.2019

[Image: sdsm-kongres.jpg]

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денеска СДСМ.
– Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години? Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО? Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја попречат правдата, ама неуспешно, се вели во соопштението.
Во продолжение се додава:
– Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство. Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за С. Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија, се вели во соопштението.



Само комуњаски ум може да прифати ваква небулоза, со безаконие спасуваш правна држава!!
14-09-2019, 01:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57

Quote:ЗАЕВ: Иднината на предметите е црвената линија

13.09.2019
Зоран Заев вечерва, во интервју за „Сител“ уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата.
За власта, потенцира Заев, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители.
-Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Предлогот Никола Груевски, Владимир Јован Илиевски или Марко Зврлевски секако не може да помине. Иднината на предметите се причината. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине, подвлече Заев.
Во врска со „Рекет“ истакна дека не треба никој да се плаши. Секој што истрагата ќе покаже дека е инволвиран, треба да одговара.
-Граѓаните ги чекаат одговорите, трагата на парите и кој се е инволвиран. Нема што да се плашиме од „Рекет“. Истрагата ќе покаже кој е инволвиран. Секој што е инволвиран треба да одговара, дециден е премиерот.
За барањето на опозицијата да се одржат предвремени избори, Заев повтори дека на земјава треба да и се даде шанса да ги почувствува придобивките од она што власта досега го направи.
Доста беа предвремени избори. Ги донесовме најхрабрите одлуки, ги решивме пробелмите со соседите, го чекаме членството во ЕУ и НАТО, да ги дочекаме ефектите и придобивките од овие процеси, истакна премиерот Зоран Заев.
14-09-2019, 01:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#58

(14-09-2019, 12:58 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЈОВЕСКИ: До крај на денот ќе ги преземеме сите предмети од СЈО


13.09.2019
Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Посочи дека од следната недела ќе продолжат техничките детали на споредување на пописите на списи со содржината на списите во секој конкретен предмет.
-По преземањето на предметите во надлежност на ова Обвинителство тие се оставени натаму кај јавниот обвинител кој дотогаш постапувал по предметот, рече Јовески одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на твининг-проект што ќе обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри.
Обвинителството, истакна, дополнително ќе утврди во следните денови кој ќе постапува по предметите.
– Ќе определиме за секој поединечен предмет кое Обвинителство конкретно е надлежно стварно и месно да постапува по тој предмет и кој обвинител ќе го застапува конкретниот предмет, додаде Јовески.
На прашањето што ќе биде со рочиштата кои во меѓувреме се закажани, Јовески дециден дека можеби ден – два тие рочишта ќе се одложат, но, какошто посочи, ќе им дадат приоритет на распределбата на предметите кои сега се во фаза на судење или треба Обвинителството да преземе некои итни, неодложни дејствија по тие предмети.
-Ние ги преземаме предметите кои се во судска постапка, ги преземаме предметите кои се во фаза на истрага и предистрага. Познато е дека има веќе став на судовите дека тие докази ги прифаќаат како докази и ние ќе ги користиме натаму во постапката, но сепак разбирам дека одбраната може да има и поинакво гледање на нивната валидност и затоа судовите во конкретниот процес ќе носат соодветни одлуки, истакна Јовески.
Државниот јавен обвинител очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.
-Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле, рече Јовески.
Во врска со комуникацијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со обвинителите од СЈО и со ЈОРСМ, Јовески рече дека имало невистини околу тоа.
– Еве да потврдам дека се работи за три писма, едно упатено до обвинителите во СЈО и две упатени до ЈОРСМ. Ние не се сомневаме во вистинитоста на тие писма затоа што таа комуникација се остварува преку казнено – поправната установа, во конкретниов случај затворот „Скопје“ и преку судијата на претходна постапка, во случајот судијата на Основниот кривичен суд Скопје. Тоа прашање е во надлежност на обвинителот кој го води предметот. Премногу е рано да се разговара за тоа прашање. Се разбира, доколку обвинителот наоѓа дека има основи за продолжување на мерката притвор претпоставувам дека ќе бара продолжување. Но, со ова не сакам да ги прејудицирам нашите натамошни чекори бидејќи за тоа, повторно ќе речам, е надлежност на обвинителот кој го води предметот, рече Јовески.



Quote:




Igor Janushev
13.09.2019
Постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба е невиден преседан и е дополнителен удар врз правниот систем.
Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија.
Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени.
Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно.
За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи.
Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти.
Јасно е дека зад овој криминален концепт стои Зоран Заев. Зоран Заев е главата на криминално – рекетарската банда која го штити и промовира криминалот.
Зоран Заев сака амнестија на криминалот, а не одговорност и санкции.
Зоран Заев затоа одбива решение во кое што професионалци ќе го испитуваат рекетот.
Затоа Зоран Заев се плаши дека ако предметите на СЈО завршат кај професионални обвинители, може да бидат разоткриени сите конструкции и местенки и некој ќе треба да одговара.
Зоран Заев е лично исплашен за себе и за луѓето околу себе. Бидејќи со независен обвинител на чело на ЈО тој ќе мора да биде повикан да даде исказ затоа што како објавија медиумите неколкупати е спомнат во исказите на жртвите.
Зошто Заев се уште не е повикан на распит е повеќе од очигледно. Причините се исти како оние поради кои Катица Јанева цел месец по притворањето на Боки и Зоки се шеташе на слобода, се шеташе по плажите. Па дури откако случајот беше објавен во меѓународните медиуми и притисокот од меѓународната заедница стана преголем тогаш власта реши да ја притвори.
Секој граѓанин на Република Македонија виде, како оваа ненародна и криминогена власт го има целиот систем под себе, и дека нема да процесуира обвинение за било кој нејзин функционер, член или било каков протеже, ако за тоа нема огромен меѓународен притисок. За владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните во системот потребно е независно ЈО, кое нема да биде компромитирано како што е СЈО, со лица кои не се потенцијално вмешани во криминал.
14-09-2019, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#59

Quote:Igor Janushev
2 hrs ·
Од изјавата на министерката Дескоска видовме огромна арогантност, што можеби е и очекувано со оглед на тоа од која политичка провиненција доаѓа, но она што загрижува е нејзиното “намерно” игнорирање и непочитување на законите, бидејќи како професор на Правниот факулетет би требало “добро” да ги познава.
За што станува збор?
Имено, Дескоска изјавува:
“Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој којшто ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство.”
Е сега, да видиме каде се јавува проблемот.
“Согласно член 60 од Закон за Јавното обвинителство е предвидено следното:
(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.
(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.
(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.
(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.”
Следствено на претходнонаведеното, ЈО, односно Љубомир Јовески наместо со одлука да ја оддалечи од вршење на функцијата Катица Јанева согласно член 60 став 1 од законот за ЈО веднаш по нејзиното притворање, тој прима дописи и налози од нејзе додека таа е во притвор, и спротивно на Закон постапува по истите.
Со ваквите постапки, Љубомир Јовески врши кривично дело согласно член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик, каде што се вели:
“(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.
Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!
#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори
14-09-2019, 01:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#60

Quote:СОБРАНИЕ: Катица Јанева конечно е разрешена


14.09.2019

[Image: Katica-Janeva-SO.jpg]

Со 102 гласа за од вкупно 105 присутни пратеници Собранието на Република Македонија ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Од 29 пратеници кои им припаѓаат на малцинствата 27 гласаа „за“ разрешување од функцијата на Јанева.
На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.
Претседателот на Собранието ќе го испрати решението до Советот на јавни обвинители.
14-09-2019, 02:33 PM
Reply