Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДБИНАТА НА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



24-07-2019, 11:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Русковска не може, компромис за друго име, па избор од Советот

24/07/2019 10:20

[Image: mickoski-so-ambasadorkata-brns.jpg]

Ниту последната изјава на американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, која побара да се зачуваат капацитетите на СЈО и да се поддржи силно и независно обвинителство, не допреа до опозицијата, од каде што сметаат дека ова обвинителство, вакво какво што е, е компромитирано и урнисано и не може да опстане во никаков облик. Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторуваат оти за нив единствено прифатливо е СЈО да стане дел од новото Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но не се согласуваат со предложениот избор за шеф, неговите ингеренции, како и со решението истрагите што ги отвори СЈО после законскиот рок од 30 јуни 2017 година да продолжат под палката на Вилма Русковска.
„Компромис по предлог-законот на премиерот Зоран Заев е возможен доколку ги прифати нашите сугестии и предлози. Околу името на Вилма Русковска, која се докажа како извршител на директивите на СДСМ, воопшто нема да разговараме. Околу тоа кој би бил новиот шеф на новото обвинителство, се согласуваме со Заев дека политичарите не треба да го одредуваат неговото име, но можеме да постигнеме компромис со власта и потоа предлогот да го однесеме до Советот за јавни обвинители. Не тие самите да го одредуваат, оти и тие работат под директиви на СДСМ. СЈО е завршена работа. Па, тоа и самиот Заев го знае и го кажува, затоа и го инкорпорира во ново обвинителство“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата не се согласуваат ниту обвинителите од СЈО по автоматизам да добијат работа во новото обвинителство.
Портпаролот на партијата, Димче Арсовски вчера соопшти дека Јанева е еден од пипците на октоподот, а без нејзина поддршка и согласност од премиерот Зоран Заев, Боки 13 не можел да рекетира милиони евра од бизнисмени.

[Image: dimce-arsovski.png]

„Катица Јанева ја завршува кариерата онака како и што ја почна. Политички и по нарачка се обидува да го минимизира рекетарскиот скандал што ја разголи целата власт на Зоран Заев и начинот на владеење изминатите години. Катица Јанева само за плата во овие четири години од граѓаните има земено преку 150.000 евра, а не почувствува потреба да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста. Таа практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со нејзе. Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека она е соучесник и она им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал“, вели Арсовски.
Иако новоназначената амбасадорка на САД во земјава не вели оти СЈО треба да продолжи да функционира како досега, таа, сепак, упати јасна порака дека Специјалното обвинителство не смее да биде проект од минатото.
„Секако дека ги следиме актуелните случувања. Ние поддржуваме силно, независно обвинителство. Сметаме дека е важно е да се зачуваат капацитетите на СЈО. Тоа ќе им даде јасен сигнал на граѓаните и на меѓународната заедница дека Северна Македонија е целосно посветена на унапредување на владеењето на правото. Исто така, тоа е важно постигнување и за пристапување на земјата во ЕУ и во НАТО. Северна Македонија е наш стратегиски партнер. Веќе 25 години работиме да станете дел од ЕУ и од НАТО како стабилна, прогресивна и инклузивна демократија. Политичките лидери се клучни да ги поддржат реформите што им се потребни на граѓаните. Ние ќе продолжиме да бидеме партнер во тие насоки, САД ќе продолжат да бидат партнер со сите политички партии, лидерите и граѓаните во земјата за промовирање на позитивен и конструктивен дијалог. Го очекуваме помошник државниот секретар Филип Рикер, да дојде неделава, да се види со лидерите на политичките живот, како и да ги слушне мислењата на граѓаните“, порача Брнс во изјавата за Алсат.


[Image: ambasadorka-na-sad-kejt-meri-brns.jpg]
Рикер, меѓу другото, ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во надеж дека власта и опозицијата ќе стигнат до заедничко прифатливо решение за Законот за јавно обвинителство, од што може да зависи и октомвриската одлука за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. За да биде изгласан законот, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот, кое власта го нема во моментов.
Брнс дојде во земјава пред неколку недели и веќе имаше една средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. На неа, како што соопштија од белата палата, било констатирано дека клучен стратегиски интерес за ВМРО-ДПМНЕ е членството на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Мицкоски нагласил дека за опозицијата, пријателството меѓу Македонија и САД е од особено значење изразувајќи надеж дека соработката во текот на мандатот на амбасадорката Брнс ќе оди во насока на подобрување на стратегиските односи меѓу двете земји.
Состанокот беше реализиран два дена пред закажаната лидерска средба, на која Мицкоски го откажа своето учество откако премиерот го одби неговото барање за предвремени избори. Подоцна, откажана беше и целата лидерска средба на која требаше да присуствуваат претседателот на владата и првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети и на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
Горан Адамовски
25-07-2019, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев: Ако не успееме до 6 септември, законот за СЈО ќе се донесе на непосакуван начин

25 Jul 2019 - 17:08



Специјалното јавно обвинителство ќе има иднина, а ако не го изгласаме предло-законот за продолжување на неговата работа до 6 септември постои и непосакуван начин како да се обезбеди неговата иднина, рече премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.


Ке се донесе со уцени на пратеници, со купување на пратеници.
25-07-2019, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4





Quote:Рикер како политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на Соединетите Американски Држави, учествуваше на регионалната конференција „Балкан 360“, која со поддршка на германско-американскиот Маршалов Фонд се одржа во Скопје.
Премиерот Заев посакувајќи му добредојде на амбасадорот Рикер, му честиташе на новата должност, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, и истакна дека за време на неговиот мандат на новата функција Република Северна Македонија и САД ќе го потврдат стратешкото партнерство и ќе останат фокусирани на заедничката соработка и на безбедноста, на слободниот и непречен развој на регионот.
Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Северна Македонија и народот, за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Америка во сите години наназад, и која беше од особено значење во изминатите две години кога земјата го реши тридеценискиот спор со Грција со Договорот од Преспа, кој овозможи чист пат за членство на Северна Македонија во НАТО и сосема јасни перспективи за отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.
Во таа насока, информираше премиерот Заев, Владата на РСМ сега е фокусирана на реформите во правосудството, во борбата против корупцијата, како и во рефрмите на безбедносните служби и јавната администрација за да се остварат обврските дома и за ги почувствуваат придобивките од реформите и граѓаните на земјата.
Премиерот Заев уште информираше и за настојувањата за клучните реформски процеси да се обезбеди соработка со опозицијата и потенцираше дека ќе настојува тој дијалог да го опфати и договорот за заеднички придонес за реализирање на фер и демократски избори за Претседател на Република Северна Македонија.
На средбата стана збор и за регионалните прашања и беше нагласено дека интересите за земјите од Западен Балкан се совпаѓаат и со интересот на САД за стабилен регион и соработка во интерес на граѓаните од сите балкански држави.
Амбасадорот Рикер, од своја страна, покажа интерес за спроведувањето на Договорот од Преспа во земјата, како и за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во парламентите во земјите членки на Алијансата, и истакна дека му е особено драго што во идниот период ќе може да учествува понепосредно во споделувањето на принципите на северно-атлантската алијанса со Република Северна Македонија како полноправна членка на НАТО и рамноправен партнер на САД и на другите земји членки во Алијансата.
Претседателот на Владата на РСМ Заев и амбасадорот Рикер, кој наскоро ќе ја преземе должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, по средбата одржаа и прес конференција за новинарите, на која одговараа на прашања од интерес на медиумите, се наведува во соопштението од Владата.
26-07-2019, 02:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Ќе му кажам на Рикер кој игра политички игри


[Image: mickoski-600x375.png]
Коментирајќи ја изјавата на помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој денеска и порача на опозицијата да престане со играње политички игри, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на средбата подоцна со Рикер ќе му објаснел кој е тој што игра политички игри.


Quote: Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука, рече Мицкоски на денешната прес конференција на која објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свое законско решение за статусот на СЈО.

Само неколку часа претходно Рикер и порача на опозицијата да престане да го кочи процесот на изгласување на Законот за јавно обвинителство. Мицкоски на тоа рече:


Quote:Никаде не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст предложен од Владата. Рикер ниту во еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати не размислуваат како Заев кој сака да наметне едноумие. Не постои друга поконстуктивна улога на опозицијата од оваа што ја игра ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна, рече Мицкоски.
(This post was last modified: 26-07-2019, 02:12 PM by ЈорданПетровски.)
26-07-2019, 02:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(26-07-2019, 02:12 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Ќе му кажам на Рикер кој игра политички игри


[Image: mickoski-600x375.png]
Коментирајќи ја изјавата на помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој денеска и порача на опозицијата да престане со играње политички игри, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на средбата подоцна со Рикер ќе му објаснел кој е тој што игра политички игри.


Quote: Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука, рече Мицкоски на денешната прес конференција на која објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свое законско решение за статусот на СЈО.

Само неколку часа претходно Рикер и порача на опозицијата да престане да го кочи процесот на изгласување на Законот за јавно обвинителство. Мицкоски на тоа рече:


Quote:Никаде не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст предложен од Владата. Рикер ниту во еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати не размислуваат како Заев кој сака да наметне едноумие. Не постои друга поконстуктивна улога на опозицијата од оваа што ја игра ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна, рече Мицкоски.

Еве ја изјавата на Рикер:



Quote:Како и во секоја вистинска демократија, улогата на опозицијата е клучна, но таа улога треба да биде конструктивна. Времето за политички игри е поминато, време е да се придвижат работите за доброто на земјата. Законот за Јавно обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе значи дека тоа веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може да ги почне преговорите наесен. Има силна поддршка за ова и ја поттикнувам опозицијата да се придвижи кон поблескава иднина. Граѓаните сакаат ова да се реши и времето да се одолговлекува ова од страна на опозицијата треба да заврши.


Да видиме што ке каже Рикер, ако каже после средбата со Мицкоски!
26-07-2019, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



26-07-2019, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:



В.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер оствари средба со лидерот на макеоднската опозиција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Само неколку часа пред да се случи средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција на која го обзнани предлог Законот за обвинитеелство на ВМРО-ДПМНЕ и деталите од законот кој го предложува опозицијата.

Рикер како и по средбата со Заев порача да не се играат играчки, односно што побрзо да се најде решение за Законот за обвинитеелство бидејќи како што вели тој од овој закон зависи европската перспектива на државата. Тој посочи дека САД и натаму ја поддржува европската перспектива на земјава и ќе сторат се за таа да стане реалност но некои работи како што е Законот за обвинитeeлство зависат од политичките чинители во државава. Тој не одговараше на новинарски прашања.
26-07-2019, 04:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Мицкоски предлага нов закон со кој на обвинителите од СЈО ќе им бидат одземени предметите


26.07.2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави денеска ново решение за статусот на СЈО, при тоа барајќи обвинителите од ова обвинителство да се вратат во матичните обвинителства по завршување на мандатот. Ова е спротивно од законското решение предложено од Владата, кое предвидува овие обвинители да продолжат да работат на своите предмети.
-Не можеме да се сложиме со закон овие обвинители да бидат префрлени во новото јавно обвинителство. Сите обвинители според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се вратат во матичните обвинителства. Освен тоа потребна е детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација со осомничените и определени псевдоними, истрага и за директната или индиректна вмешаност на сите обвинители кои беа нејзини помошници – рече Мицкоски.
Во решението што ВМРО-ДПМНЕ го предлага, наместо веќе предложеното законско решение од Влада, се предвидува овие обвинители да можат да конкурираат на конкурс за вработување на обвинители во новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција.
Мицкоски рече дека владиното законско решение предвидува Катица Јанева да биде унапредена во републички јавен обвинител по завршување на нејзиниот мандат. Тоа, според него, е неприфатливо.
Мицкоски изјави дека предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ предвидува предметите на СЈО да ги преземе државното јавно обвинителство и понатаму да ги прераспредели.
-Од процесите започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 Влада предлага да бидат преземени од новото обвинителство, непочитувајќи го системот на субординација. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се доказна постапка, распит на сведоци, или завршни зборови, да ги преземе државниот јавен обвинител и да ги прераспредели онаму каде припаѓаат – рече Мицкоски.
Како четврто тој рече дека предлогот на СДСМ со кој се предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство, е навреда, како што рече, за останатите обвинители. ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска независност на целокупнато државно обвинителство.
Дополнително ВМРО-ДПМНЕ предлага одговорност за покренување неиздржани обвиненија. При тоа, посочува, штетата ќе треба да ја плати обвинителот кој ги покренал.
-Не можеме да се согласиме на формирање уште еден монарх, доколку обвинител под политичко влијание, или од друго мотивиран, покрене обвинение или судски процес, а при тоа се констатира дека тоа обвинение не било издржано и се нанесе штета на угледот и се бара надомест на штета преку судска постапка, обвинителот и таа штета да ја надомеси а не да се надоместува од паричниците на граѓаните – рече Мицкоски
26-07-2019, 06:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(26-07-2019, 02:12 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Ќе му кажам на Рикер кој игра политички игри


[Image: mickoski-600x375.png]
Коментирајќи ја изјавата на помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој денеска и порача на опозицијата да престане со играње политички игри, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на средбата подоцна со Рикер ќе му објаснел кој е тој што игра политички игри.


Quote: Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука, рече Мицкоски на денешната прес конференција на која објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свое законско решение за статусот на СЈО.

Само неколку часа претходно Рикер и порача на опозицијата да престане да го кочи процесот на изгласување на Законот за јавно обвинителство. Мицкоски на тоа рече:


Quote:Никаде не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст предложен од Владата. Рикер ниту во еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати не размислуваат како Заев кој сака да наметне едноумие. Не постои друга поконстуктивна улога на опозицијата од оваа што ја игра ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна, рече Мицкоски.




Quote:Арсим Зеколи: Неколку попатни совети до Мицкоски додека срка кафе со Рикер


[Image: Zekoli.jpg]

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин 26.07.2019
Не ќе да е на одмет да додека беседи со Рикер вечерва, неговите соработници се распрашаат кај Лулзим Баша и Сали Бериша за кампањата на Рикер во нивно рушење од власт во прилог на Еди Рама. На линија Скопје – Белград – Будимпрешта – Вашингтон.
Додека се на линија, можат да ја искористат шансата да го запрашаат Баша за ефектите и добивките кои тој и партијата му имаа од држењето на одговорен, конструктивен приистап кон политиките на Владата на Рама за европски интеграции. И колку комплименти и подршка за возврат добија од американските и европските претставници. Како на пример од Рикер. И на крај, запрашаат што албанците подразбираат под фајде.

Откога ќе се изнамуабетат со соговорниците од Тирана, Мицковски ќе може да седне пред бел лист и гледа како само од себе на празниот лист му се испишуваат есенските опции за кои ќе мора сам да се определи. 

Неговите ставови околу ЈО се наивни, сем доколку не се дел од пакетот договори помеѓу него, Заев и Ахмети. Но за тоа – потоа. Инсистирањето на Рикер и Хан околу подршката на ВМРО за ЈО е секако обландирано, испарфимирано, закукуљено и замумуљено со евро-интеграции и историјски мигови. Така беше со ветингот во Албанија – гледаме што доби Баша. Така беше и со ЈО во Романија – и гледаме што се случува таму. Едноставно, нели што би рекол Љубчо, политизацијата на ЈО, СЈО денес и овде се врши од страна на западните дипломатии. Тие ги бираат, тие ги слават, тие ги наметнуваат, тие ги корумпираат и на крај Мицковски во мое и наше име треба да ги верифицира ставајќи сопствен печат на легитимност врз нивните криминализации на правосудство.

Не е популарно, и баш затоа мора да се каже сега и овде, за да утре не глумиле лудило сите ние ниту пак да како лидер на ВМРО глуми добродушно незнаење. Имено, ова не е час за конструктивност по повод ЈО. Таа конструктивност треба да се покаже како взаемна одговорност чим опозицијата стане дел од техничка, експертска широка пред-изборна коалиција. Во спротивно, во часот во кој ВМРО стави потпис денес и сега, нека бидат убедени дека ја имаат изгубено шансата.

А Мицкоски сведен на судбината на Баша кој по години конструктивност во прилог на интеграциите на Рама ( со надеж дека ќе биде награден со Влада) на крај мораше да дига џева – но не за освојување на власта, туку за спасување на сопствената кожа. Откога претходно во Парламентот најдобриот сојузник на Рикер си инсталира сопствена конструктивна опозиција. Јас само опишувам – а колку Мицкоски ќе се препознае во таквите домашни иднини според странски мината, за тоа сам ќе си реши. Но, ионака веќе има искуство со конструктивни опозиционери во Собранието и во Белата Палата. Па затоа, овој пат ќе мора да си мисли на себе.

Конструктивноста е термин смислен и создаден за опозицијата, ко шеќерлема, ко лижалка, ко парче тоблероне пред голтање на рибино масло и зејтин. Реал-политиката е за власта и дипломатијата. Така да, сумирано, Мицкоски ќе мора сам да донесе одлука што сака повеќе: да биде конструктивно фален, или реал-политички почитуван. Бујрум!


Умните се учат на туѓи искуства , односно грешки. Оние другите поука не вадат ни од сопствените грешки.
Дали Мицкоски ке потврди дека спаѓа во оние другите.
27-07-2019, 12:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Што го омекна Рикер во “Белата Палата”?


July 27, 2019
[Image: Screenshot_20190727-130601_Facebook.jpg?...C353&ssl=1]

Од штурото соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да се разбере што е тоа што го омекна ставот на високиот американски претставник Филип Рикер кој вчера по средбата со Заев грубо ја обвини опозицијата за неконструктивност за Законот за СЈО а потоа го промени пристапот и ги прозва сите партии за играње политички игри.
По средбата со Христијан Мицкоски, Рикер не збпруваше само за опозицијата туку за сите партии вклучително и СДСМ и ДУИ.
„САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија, но на силите во оваа држава е да ја направат вистинската работа, да не играат игри и конструктивно да се придвижат заедно напред за иднината на земјата“, изјави Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД кој рече дека имал искрена и отворена средба со Мицкоски.
Рикер во изјавата вели дека ги испратил истите пораки како утрината кои за разлика од утрото, попладнето ги упати до сите партии а не само на една.
Високиот американски дипломат вчера наутро по средбата во владата упати многу директна порака до опозицијата околу носењето на законот за Јавното обвинителство, велејќи дека е време опозицијата да се приклучи во процесите кои ќе ја придвижат земјата напред.
„Во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но опозицијата мора да биде конструктивна. Времето за политички игри, истакнување и играње со перспективите и идеите на граѓаните е поминато. Мојата порака ќе биде едноставна: Време е да се приклучи за да е придвижат работите за земјата“, рече Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.
Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ не открива детали од средбата на Мицкоски со Рикер упатувајќи на соопштението кое го издаде партијата по средбата.
Случајно или не вчера попладне Заев се согласи да го разгледа предлогот на Мицкоски за нов закон за СЈО.
27-07-2019, 12:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Изјава на Јавниот обвинител Лиле Стефанова

  • 09 Aug, 2019
Како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број на шпекулации, сметам дека e неопходно во јавноста да изнесам одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации:
  1. Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата која во тој период беше насочена против нив и други лица,  користејќи го моето познанство со господинот  Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на состанок  ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата која се одржа во просториите на Специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за „неговите пријатели“, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец  јасно му ставив до знаење дека не доаѓа предвид да разговараме било што во врска со предметот.  Целосно е невистинито искажувањето на  осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име.  Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него,  особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски. Во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту пак ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева.
  • Во втората половина на месец  декември 2018 година, јас лично како предметен обвинител изразив несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“,  мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор. Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги предвид сега објавените снимки.
  • Во месец март 2019 година, јас  не се согласив и  со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена.
  • Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на  потпис писмено изготвеното мислење.
  • На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“. Конкретно, нѝ беше наложено, најдоцна до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период.

Лиле Стефанова, јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕЗАКОНСКОТО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ
10-08-2019, 04:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13








26-08-2019, 04:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:„Рекет“ стана „реалити шоу“, вели Жбогар


August 26, 2019
[Image: .jpg?resize=696%2C390&ssl=1]

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денес рече дека случајот Рекет кој ја ја бранува домашната јавност, се претвара во „риалити шоу“.
Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството…Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна“, рече Жбогар.
Евроамбасадорот, порача политичарите да не се мешаат во одлуките на судите и оти шансата за враќање на довербата во институциите е токму кај судството.



Одговор од Героски:

Quote:
Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите!


Помогнете ни, Ваша екселенцијо, ама на тој начин што заедно со нас ќе барате брза, ефикасна и сеопфатна истрага, како и политичка одговорност за аферата „Рекет“. А не и Вие да заговарате скандалот да се релативизира и да се бара одговорност кај сите, само не кај луѓето кои се најодговорни за состојбите во земјата. Тоа не е баш европски и би можело да значи вовед во едно ново ријалити шоу, чиј наслов би можел да биде „1984“.
Напишано од
Бранко Героски- 27/08/2019 14:52


[Image: boki-i-katica.jpeg]
Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека за нашата земја оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција.
Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку важни допрецизирања и појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Бојан Јoвановски, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“. Еве, да погледнеме еден детаљ од тоа шоу, со нашата позната ѕвезда во главната улога:





Но, на Боки 13-ка ќе се навратиме малку подоцна. Сега е редно да кажеме дека вистинското ријалити шоу во Македонија, амбасадоре Жбогар, почна со изборот на Катица Јанева за шефица на Специјалното јавно обвинителство, институцијата што доби огромна домашна и меѓународна поддршка, логистика и буџет, за да го обели валканиот образ на македонското правосудство. Во тоа време, бевме малкумина кои предупредивме дека изборот на Јанева, со нејзиниот скромен просек на Правниот факултет во Скопје, со нејзиното скромно искуство во правосудството и со нејзината паланечка појавност, беше силен удар под појас за многу македонски судии, обвинители, адвокати и угледни правници, кои можеа да бидат избрани на нејзината позиција. Се сеќавам на потсмешливите белешки со кои го коментиравме протестот на професорот Гордан Калајџиев, на пример. Јас, иако за Катица имам лошо мислење од првиот ден, до ден денешен се срамам поради тоа што тогаш професорот Калајџиев го осудивме за малициозност и за повредена суета.
Првиот јавен настап на Катица Јанева, во свадбарска чипка и со свадбарски говор, беше само првата секвенца на големото ријалити шоу, кое го опфати целото СЈО. Челните фаци преку ноќ станаа естрадни фаци, дел од скопскиот џет сет, ѕвезди за позирање за селфи фотки за Фејсбук и Инстаграм. Зошто сето тоа не Ви изгледаше барем малку сомнително и неприкладно, амбасадоре Жбогар? Можно ли е такво нешто да се случи во Вашата прекрасна Словенија? И дали до Вас не допираа гласините дека во бекстејџот на тоа наше ријалити шоу, всушност, се одвива погубен процес на одлевање на „бомбите“ на Заев и нивна опасна злоупотреба?
Сега, кога Катица Јанева е притворена и осомничена за сериозен криминал, од Брисел ни стасуваат пораки дека за Европската унија не биле важни личностите, туку биле важни институциите. Демек, не била важна Јанева, било важно СЈО. Навистина? Ако е така, можете ли да ни објасните врз основа на што токму госпоѓа Катица Јанева, во 2017 година, од словенечкиот институт ИФИМЕС, доби признание за „најдобар обвинител на Балканот“?
Ваша екселенцијо, дали сте ја гледале трилогијата „Трите“, филмот за „трите грации“ дојдени „од три страни на Македонија“, продуциран за да го засили имиџот на СЈО? Сакате да Ви раскажувам сцени од филмот? Не, ве уверувам дека не сакате. Ве молам, погледнете го сега, ако сте го пропуштиле. Па да видите самите што е тоа долгометражно ријалити шоу! Јас се срамев додека го гледав тој видео-производ, како што се срамев и кога ги гледав пропагандните видео-спотови, кои ја храбреа јавноста дека СЈО прекутрупа, со еден удар, ќе се справи со криминалот. Како овој спот, на пример:





Во ред, разбирам, Вие сте презафатен човек и можеби не сте успеале да ги видите овие прапочетоци на големото ријалити шоу, кому сепак повеќе му прилега името „Големите три сестри“, или скратено „Биг систерс“. Денес, кога и Обвинителството за организиран криминал официјално се сомнева во чесноста на славната и воспеана Катица Јанева, кога е помалку или повеќе јасно дека „најдобрата јавна обвинителка на Балканот“ била дел од опасна рекетарска мрежа, веројатно чудно Ви звучи одбивањето на госпоѓата обвинителка дури и да размислува за нејзиното евентуално сменување. А овој телевизиски прилог и нејзината чудовишна изјава требало сериозно да Ве замислат, амбасадоре:






Во меѓувреме, Ваша екселенцијо, македонската ѕвезда во српското ријалити шоу „Велики брат“, по чудни канали – за кои допрва ќе стане збор, о да, тоа нема да може да се премолчи! – се појавува во Македонија со имиџот на голем хуманист. Човекот покренува нова телевизија, смислува некаков фиктивен хуманитарен проект за помош на возрасни лица (тоа секогаш пали, нели) и веднаш добива силна политичка поддршка. Што јасно може да се види од овој фото колаж:

[Image: boki-so-sdsm.jpg]

Погледнете го видеото од прославата на 1ТВ и ќе видите што е вистинско ријалити шоу, со учество на главните ѕвезди од македонската политичка сцена (внимателно гледајте, да не утнете некого):
Амбасадoре Жбогар, ова се случува во нашата земја во време кога некој од државниот врв мора да бил запознаен со бекграундот на осомничениот Бојан Јовановски, со неговото досие за судски спорови за измами, со фактот дека човекот нема ни трансакциска сметка, но и со неговите нови рекетарски подвизи, кои во времето кога е снимена оваа снимка веќе земаат голем замав, а видни личности од СДСМ, ако ништо друго, се информирани за тие активности. Некои и ги овозможуваат.
Во ова време, главната од „трите сестри“, Катица Јанева, веќе е во голема љубов„ со Боки Тредичи. Според основаните сомневања на Обвинителството, тие заедно рекетираат. Се тврди дека за ова премиерот Зоран Заев знаел во април годинава, бизнисменот Камчев пријавил во почетокот на мај, јас пишував во јуни, а моите колеги во јули, кога двајца осомничени ќе се најдат зад решетки. Па зарем дури сега, на крајот на август, Вие се сетивте дека аферата наликува на едно големо ријалити шоу? А што беше пред тоа, да не беше опера или концерт на Македонската филхармонија?
Ваша ексленцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, луѓето во мојата земја се вознемирени и згрозени од ова шоу, од активностите на неморални ликови што биле славени како успешни и влијателни, а се занимавале со уцени, рекетирање и перење пари. Граѓаните на Македонија се лути поради индолентноста и на власта, но и на институциите на меѓународната заедница, кои молчеле за индициите дека пред нивниот нос се случува страшен криминал.
Редно е тоа да се признае, за никогаш веќе да не ни се повтори ваков скандал. Го сакале тоа некои или не, македонската јавност допрва ќе врши силен притисок за расветлување на сите аспекти (правни, политички, морални) на оваа афера. Од тоа нема бегање! На луѓето во Македонија, кои наивно поверуваа дека конечно добиле цврст лост на кој може да се потпрат во потрагата по мир и правда, ќе им биде потребно долго време да се опорават од овој шок.
Помогнете ни, Ваша екселенцијо, амбасадоре Жбогар, ама на тој начин што заедно со нас ќе барате брза, ефикасна и сеопфатна истрага, како и политичка одговорност за аферата „Рекет“. А не и Вие да заговарате скандалот да се релативизира и да се бара одговорност кај сите, само не кај луѓето кои се најодговорни за состојбите во земјата. Тоа не е баш европски и би можело да значи вовед во едно ново ријалити шоу, чиј наслов би можело да биде „1984“.
27-08-2019, 05:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ДЕСКОВСКА ВО СОБРАНИЕТО: Верувам сите пратеници ќе стиснете копче за СЈО за да го изгаснеме пожарот



 27.08.2019
Собранието денеска ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог-законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.
За предлогот гласаа 57 пратеници.
Со ова почнува расправата за овој предлог закон во собраниските комисии.
Министерката за правда Рената Дескоска на почетокот на седницата изрази надеж дека сите политички партии ќе смогнат сили да гласаат за овој закон со кој ќе продолжат постапките почнати од Специјалното јавно обвинителство.
– Се надевам дека сите вие ќе смогнете сили да стиснете зелено копче за да го изгаснете пожарот во кој се наоѓаме повеќе години, а тоа ќе значи продолжување на постапките на Специјалното јавно обвинителство во кој гледаме дека имаме индиции и обвиненија за сторен криминал направен од претходната власт, но исто така имаме и стиуација во која е отворен сериозен случај, а тоа е случајот Рекет, кој исто така треба да има сериозна постапка која ќе доведе до завршување насудскиот процес. Треба да има ефикасна правда за сите без оглед на која политичка гарнитура припаѓаат.  Пред вас, дали ќе го стиснете зеленото или црвеното копче, треба да ја имате предвид иднината на нашите граѓани, рече Дескоска.
Во пресрет на денешната седница, вчера состанок за Законот одржаа работните групи на власта и на опозицијата, но не беше постигнат напредок по спорните прашања. Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека клучно прашање околу кое не се согласни двете страни е статусот на предметите на СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нивните забелешки ќе ги поднесат во вид на амандмани во текот на комисиската расправа.



Quote:МИЛОШОСКИ ВО СОБРАНИЕ: Дескоска да си поднесе оставка, а обвинителите од СЈО да се вратат од каде што дошле

27.08.2019
Пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од министерката за правда Рената Дескоска да си поднесе оставка.
По изгласувањето на одлуката Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка, Милошоски во собраниската прес-сала изјави дека во мандатот на Дескоска има најголем политички и судски скандал.
Според него, се злоупотребува европското знаменце за да се донесе Предлог-законот за јавно обвинителство. Сепак, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во амандманската расправа по предложеното законско решение.
Повтори дека судските процеси на СЈО треба да продолжат, но оти како партија сметаат дека треба да се почитува постоечкиот закон на СЈО каде, како што рече, пишува дека мандантот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјалната обвинителка.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека обвинителите од СЈО треба да се вратат во обвинителствата од кои што дошле.
27-08-2019, 05:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:ДЕСКОВСКА: Ако нема двотретинско мнозинство за СЈО, со 61 глас ќе го смениме Законот

27.08.2019
Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за Предлог-законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за советот на јавни обвинители кој се носи со 61 глас.
Во изјава за медиумите дадена по изгласувањето на потребата од донесување на овој закон по скратена постапка, Дескоска повтори дека главен камен на сопнување меѓу власта и опозицијата останува статусот на предметите што ги води СЈО.
– Клучната разлика останува околу ефикасното завршување на судските постапки кои се почнати од Специјалното јавно обвинителство. За жал, преовладува мислењето и впечатокот дека на ВМРО-ДПМНЕ му е поважно да ги спасат оние кои се обвинети во постапките од СЈО, отколку да овозможат ефикасно водење на судските постапки и со тоа обезбедување на отворање на преговори за пристап кон Европската унија, изјави Дескоска.
Изрази надеж дека во следниот период кога ќе бидат доставени амандманите од ВМРО-ДПМНЕ, ќе може да седнат и заеднички да разговараат. Таа се надева дека 80 пратеници ќе смогнат сила да дадат поддршка на овој закон со кој се решава и судбината на СЈО.
Таа ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ која денеска побара оставка од неа бидејќи во нејзиниот мандат има најголем политички и судски скандал.
Инаку, денеска на собраниската седница со 57 гласа „за“ беше изгласано Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. За ова не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Сега, расправата за овој закон се префрла во собраниската Комисија за европски прашања како матично тело бидејќи законот се носи со европско знаменце.
27-08-2019, 05:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:СТАТУС НА СЈО: Специјалната обвинителка во Шутка, а власта го носи законот во Собрание без договор со опозицијата

[Image: sjo3.png]

27.08.2019
Новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска е ставен на дневен ред на 108-та собраниска сеница.
Законот, кој е од особено значење за евроинтеграцијата на земјата, влегува во собраниска процедура со европско знаменце и по скратена постапка.
Во пресрет на седницата, вчера состанок за законот во Собранието одржаа работните групи на власта и на опозицијата, но не беше постигнат напредок по спорните прашања.
Министерката за правда Рената Дескоска по средбата изјави дека клучно прашање околу кое не се согласни двете страни е статусот на предметите на СЈО.
– Нашиот предлог е тие предмети да бидат транферирани во обвинителство за организиран криминал од точката до која се стасани во СЈО со цел да нема одоговлекување и да нема застој во постапките и губење докази. Се договоривме, забелешките коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ да ги преточи во амандмани. Со оглед на тоа дека законот утре влегува во собраниска процедура, а комисиската расправа треба да почне в четврток, дотогаш треба да бидат поднесени амандманите, така што, на конкретен текст ќе се договориме и во зависност од нивната подготвеност, ќе седнеме во периодот до четврток, рече Дескоска.
Таа очекува на пленарната седница сите политички партии да ја поддржат потребата од донесување на ова законско решение кое е важно за процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Во однос на идниот статус на СЈО, Дескоска повтори дека нивниот став кој е преточен и во предложениот закон, е оти СЈО треба да се спои со Обвинителството за организиран криминал, а почнатите предмети од специјалните обвинители да продолжат да се процесуираат.
Прашана дали по „Рекет“ и притворањето на шефицата на СЈО Катица Јанева е нарушен кредибилитетот и на другите обвинители, Дескоска одговори дека одговорноста е лична, а не колективна и оти институцијата не треба да зависи од тоа кој ја раководи.
Дескоска рече дека е договорено забелешките на ВМРО-ДПМНЕ да бидат поднесени како амандмани во текот на процедурата во Собранието. Таа изрази надеж дека сите пратенички групи ќе го поддржат донесувањето на законот, која е важен за процесот на пристапување на земјата во ЕУ. Во меѓувреме, најави дека ќе работат на обезбедување на потребното собраниско мнозинство.
Пратеникот Антонио Милошоски кој ја предводи работната група на ВМРО-ДПМНЕ, не прецизира каков став ќе има денеска партијата, но укажа дека власта го предлага законот без опозицијата и оти таа не може да има позитивен пристап кон тоа.
– Но, оставаме можност на комисиската расправа со квалитетни амандмани да го подобриме законскиот текст доколку има подготвеност од владејачкото мнозинство да има закон кој ќе биде широко прифатен и заснован на стандардите од Стразбур, рече Милошоски.
За предметите на СЈО, посочи, не се спорни предмети што се почнати и се водат согласно со законскиот рок што го имаше СЈО, и треба да продолжат до конечна судска разрешница.
Според него, аферата „Рекет“ налага потреба од донесување системско решение, а во однос на префрлањето на обвинителите од СЈО во новото обвинителство, Милошоски повтори дека нивниот став е оти не би требало, по автоматизам, секој да биде на некоја битна позиција во ова обвинитество.
– Многу зависи од истрагата што се случува со „Рекет“, но генерално постои основан сомнеж дека Катица Јанева не можела сама како поединец да изврши злоупотреба на ресурсите на СЈО и веројатно е дека имала повеќе соработници. Кои се и на кои нивоа биле, тоа може да го одговори само една темелна истрага, но затоа сметаме дека по автоматизам не би можел секој да биде на некоја битна позиција во обвинителството за организиран криминал и висока корупција, рече Милошоски.
Очекува дијалогот да продолжи со цел во догледно време да се приближат ставовите и да се преточат во заеднички предлог-текст или заеднички предлог-амандмани кои можат да го подобрат сегашниот Предлог-закон усогласен помеѓу СДСМ и ДУИ.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар вчера оцени дека случајот „Рекет“ е трансформиран во риалити шоу, а лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата. Според него, само ако покаже дека може да се справи со сите случаи на криминал и корупција, судството може да ја врати довербата на граѓаните во него и во политиката.
– Мислам дека судството сфаќа дека можеби ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага и процесуирање на случајот „Рекет“, како и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна, истакна Жбогар кој зборуваше на форум во Стопанската комора.
Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека случајот „Рекет“ не е бенчмарк, а нема ниту да биде до октомври, ако државните органи продолжат со овој досега соодветен начин на третирање на случајот.
– Во овој момент не е, моја проценка е, наша проценка е дека нема ни да биде до крајот на годината, бидејќи ова што досега го направија надлежните државни органи е соодветна реакција. Меѓутоа случајот очигледно е комплексен, да оставиме на надлежните органи да продолжат да го работат. Ако не продолжат со ова темпо, со оваа широчина и длабочина со која почнаа досега, тоа  може да стане. Но, сега не е и нема да биде до октомври, истакна претседателот Пендаровски, кој вчера се обрати на состанокот на Амбасадорскиот совет.
И министерот за надворешни работи Никола Димитров, вели, не може да каже оти „Рекет“ е бенчмарк или дека е услов, меѓутоа, додава, колку повеќе се оди по добриот пат и во однос на истрагата, тоа ќе биде од помош и поддршка на напорите на нашите дипломати и државниот врв да обезбеди позитивна одлука во октомври.
Во однос на законот за ЈО, неговото донесување, потенцира Димитров, е од голема помош во работата на нашата дипломатија да обезбеди позитивна одлука во ЕУ за почеток на пристапните преговори.
– Тоа не е тајна, такви пораки доаѓаат и од Делегацијата овде и од амбасадори на земјите-членки и од министри, било да одиме ние таму на посета било да се тие тука. Зошто, затоа што успехот таков каков што е во досегашната работа на СЈО, ресурсите што се создадени треба да се зачуваат и да се надградат, да се гони висока корупција не само во однос на кризата во 2015 и 2016 година, туку воопшто, појасни министерот Димитров, додавајќи оти не е тајна дека на некои земји – членки тоа им е посебно важно.
Со Предлог законот за ЈО се предвидува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се спојат во едно јавно обвинителство кое ќе го носи називот Јавно обвинителствоза гонење организиран криминал и висока корупција.
Надлежностите на СЈО и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да преминат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, кое ќе продолжи да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Понатаму, според предложениот законски текст, актуелниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска се предлага да продолжи да ја врши својата функција како јавен обвинител на Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој е избрана.
Во однос на јавниот обвинител кој раководи со СЈО, се наведува, по завршувањето на мандатот се применува член 68 ставот (4) од овој закон (Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока  корупција кој нема да биде повторно избран, Советот на јавни обвинители на РСМ го распоредува за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Македонија). Инаку, Советот за јавни обвинители, денеска ќе цени дали ќе започне постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во затворот Скопје за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
Воедно, јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција до завршување на мандатот за кој се избрани, а јавните обвинители во СЈО до истекот на петте години од денот на нивниот избор.
Со денот на отпочнување на примената на овој закон, вработените во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и вработените во СЈО се прераспоредуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција на соодветни работни места согласно со нивните претходно стекнати звања и работни места. Истото се однесува и за истражителите што се доделени на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и на Јавниот обвинител на СЈО кои продолжуваат да ги вршат своите активности во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а архивата, материјалните средства и опремата кои ги користи и поседуваат ОЈО за организиран криминал и корупција и СЈО, исто така преминуваат како материјални средства и опрема на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција со право да ги користи и да располага со нив.
Во преодните и завршни одредби од законот пропишано е тој да отпочне да се применува од 15 септември, годинава.
27-08-2019, 05:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:По осум часа Советот без одлука за Јанева - Штерјев вели „подобро да не брзаме"


[Image: gdgd.png?itok=jpMKDBER]

27.08.2019
По осум часа заврши седницата на Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Катица Јанева која е во притвор во Шутка.
Коле Штерјев вели дека  тој и останатите членови на Советот ги гледале списите и материјалите, а со работа продолжуваат во четврток.
- Не можеме да донесеме одлука одеднаш, подобро е да ни легне работата. Во четврток во 10 часот продолжуваме со работа, вели Штерјев.
За потсетување, Јанева е во притвор за Рекет заедно со Боки13 и Зоки Кичеец.
27-08-2019, 06:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

(27-08-2019, 05:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ДЕСКОВСКА: Ако нема двотретинско мнозинство за СЈО, со 61 глас ќе го смениме Законот

27.08.2019
Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за Предлог-законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за советот на јавни обвинители кој се носи со 61 глас.
Во изјава за медиумите дадена по изгласувањето на потребата од донесување на овој закон по скратена постапка, Дескоска повтори дека главен камен на сопнување меѓу власта и опозицијата останува статусот на предметите што ги води СЈО.
– Клучната разлика останува околу ефикасното завршување на судските постапки кои се почнати од Специјалното јавно обвинителство. За жал, преовладува мислењето и впечатокот дека на ВМРО-ДПМНЕ му е поважно да ги спасат оние кои се обвинети во постапките од СЈО, отколку да овозможат ефикасно водење на судските постапки и со тоа обезбедување на отворање на преговори за пристап кон Европската унија, изјави Дескоска.
Изрази надеж дека во следниот период кога ќе бидат доставени амандманите од ВМРО-ДПМНЕ, ќе може да седнат и заеднички да разговараат. Таа се надева дека 80 пратеници ќе смогнат сила да дадат поддршка на овој закон со кој се решава и судбината на СЈО.
Таа ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ која денеска побара оставка од неа бидејќи во нејзиниот мандат има најголем политички и судски скандал.
Инаку, денеска на собраниската седница со 57 гласа „за“ беше изгласано Предлог-законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка. За ова не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Сега, расправата за овој закон се префрла во собраниската Комисија за европски прашања како матично тело бидејќи законот се носи со европско знаменце.




Quote:Igor Janushev
22 mins ·
Доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство за Законот за ЈО, а нема бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлогот на Зоран Заев и Рената Дескоска, тогаш во опција биле и други решенија, а едно од нив според Дескоска се измени во Законот за советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.
Токму оваа изјава ги открива задните намери на власта, не им е до борбата за правда, туку до механизми за политички притисок и заштита на криминалот. На власта не и треба независно обвинителство затоа што ќе треба да одговараат за нивните постапки.
Тоа што Дескоска е министер е “помала беља”, ама ваква изјава од Професор на Правниот факултет? И тоа Професор по Уставно право и политички систем!!!
Од Професор кој треба да ги учи, едуцира и подготви за работа идните генерации правници, адвокати, судии, обвинители?
Не се сеќавам дека вака зборувавте на предавањата на факултет, не се сомневам ни дека колегите пред и после мене паметат нешто поинаку.
Затоа, еве еден далеку подобар и многу попаметен предлог - прифатете го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и покажете на дело дека сте Професор, а не демагог употребен за дневно-политички цели! И поднесете си оставка и зачувајте го образот и достоинството.
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори




[Image: image.jpg]
(This post was last modified: 28-08-2019, 10:29 AM by ЈорданПетровски.)
28-08-2019, 10:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,926
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



28-08-2019, 03:16 PM
Reply