Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КУШЕВСКИ МАНИФЕСТ-ПЕТРОВСКИ ВС ДЕРАЛА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,742
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Пред да дивеат, националистите и хулиганите треба да го прочитаат Крушевскиот манифест


ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.
July 22, 2019


[Image: stop-hate-and-extremism-MK-600x375.png]


Во изминатиот период, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, политичка определба и сексуална ориентација. Говорот на омразата и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но неретко е присутен и на интернет порталите.
Еден од најновите повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“.
„Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.
Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на кршење на човековите права, корупција, говор на омраза и лажни вести на онлајн формуларите на веб страницата Граѓански објектив.




Quote:
  • Jordan Petrovski Џабир Дерала ЛАЖЕ, не постои Крушевски манифест во форма во која тој го прикажува!
    Од скенираното е направен лажниот манифест.
    Албанците биле извршувачи на злосоторите за потребите на Османлиите и тоа е јасно опишано во книгата „ МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфорд, на која и направивме превод и која сега е на лекторирање. Па се надевам набргу ке биде достпана за читање и за конечно презентирање на вистинската слика за Македонија под Отоманското ропство во периодот пред и по Илинденското востание

    Еве го преводот на скенираното:

    „Се креваме на востание против тиранијата и варваризмот: делуваме во име на слободата и хуманоста; нашата дејност е над сите предрасуди на националност или народност. Затоа треба да ги сметаме за браќа сите оние коишто страдаат во мрачната Империја на Султанот. Денес сите христијански населенија се мизерни, ниту смееме да ги иззмеме дури и турските селани. Ние ја сметаме турската Влада како наш единствен непријател, и сите оние коишто се декларираат себе си како наши противници дали како отворени непријатели или како шпиони, и сите оние коишто напаѓаат старици и старци, и беспомошни деца наместо да не напаѓаат нас. Против нив ги усмеруваме нашите удари и против нив ќе ја спроведеме нашата одмазада.“
    [Image: 67142178_2304407322977013_67711516158659...e=5DA2F417]


Quote:Jordan Petrovski Еве малку од книгата:

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=3766

forum.kotle.ca
КОЈ НА КОГО ВРШЕЛ ГЕНОЦИД ИЛИ КАКО И ОД КОГО АЛБАНЦИТЕ ЈА…
КОЈ НА КОГО ВРШЕЛ ГЕНОЦИД ИЛИ КАКО И ОД КОГО АЛБАНЦИТЕ ЈА „ОСЛОБОДУВАЛЕ“ МАКЕДОНИЈА

Quote:Ivan Johnson Micevski Kako ne vi zdosadi seushte da shirite megunacionalna omraza i meguetnicko netrpenie.Zarem Bosna,Hrvatska i Makedonija 2001 ne vi se nekoj poucen reper?SRAMNO,BEZOBZIRNO I OPASNO!


Quote:Xhabir Deralla Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток
[/url]
Quote:Xhabir Deralla Не знам како ова придонесува кон темата. Знаеме што е Илинденското востание и знаеме како и зошто македонската држава го слави. Сѐ друго е радикален етнонационализам

Quote:[url=https://www.facebook.com/xhabir.deralla]Xhabir Deralla Повелете, уште еднаш, мојата изјава: Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток

Quote:Jordan Petrovski Xhabir Deralla вистината не смее да се сокрива!! Соживот граден на лаги никаде не опстанал. Од распадот на Југославија и лажното братство и единство/соживот не извлековме поука.
Крушевски Манифест во форма во која вие го презентирате а и официјалната Македонско историја, господине Дерала не постои.
Скенираното писмо кое го прикачив погоре а кое од Востаниците е упатено до Туците во селата околу Крушево и кое има за цел да им објасни на Турците дека востанието не е протв нив и дека тие нема да бидат напаѓани.
Господине Дерала побарајте на интернет податоци на Хенри Ноел Брајлсфорд па ке дознаете дека тој е сведок на се онаа за што пишува и затоа неговата книга е од непроценлива вредност за да се осознаат настаните од тоа време. За жал книгата до ден денеска не била достапна на читачката публика на Македонски јазик во Македонија.
Негледам причина за вашата возбуда и лепење на етикета за радикален етнонационализам.

Quote:Jordan Petrovski Ivan Johnson Micevski како и што очекував мојот по службена линија следач се јави и една историска вистина се обидува да ја карактеризира како ширење: „megunacionalna omraza i meguetnicko netrpenie“

Спред тебе Јохнсон, Евреите се најголеми ширачи на „megunacionalna omraza i meguetnicko netrpenie“!!
22-07-2019, 05:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,742
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Xhabir Deralla Како може некој да каже за некого дека лаже ако цитира еден извор, а тој ако цитира друг, дека тоа е вистина? А притоа и темата ја промашуваат целосно. Не ги разбирам луѓето.


Quote:Jordan Petrovski Оваа ваше мислење досега не ми беше достапно па затоа и не можев да прочитам а со тоа ниту да ви одговорам
Изворот кој јас го цититам е веродостоен 100% затоа што се работи за извор кој бил директен сведок на случувањата.
За Манифестот кои вие го нудите е потврдено дека не е оргинал туку дека е пишуван за драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година., тогаш е објавен!!

Еве ја содржината:

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода...

Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите...

Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!

Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Прочитајте го Брајлсфорд, онаа што јас го скенирав и чиј превод е следниот и ке ви стане јасно дека од тука и превен Манифестот!

„Се креваме на востание против тиранијата и варваризмот: делуваме во име на слободата и хуманоста; нашата дејност е над сите предрасуди на националност или народност. Затоа треба да ги сметаме за браќа сите оние коишто страдаат во мрачната Империја на Султанот. Денес сите христијански населенија се мизерни, ниту смееме да ги иззмеме дури и турските селани. Ние ја сметаме турската Влада како наш единствен непријател, и сите оние коишто се декларираат себе си како наши противници дали како отворени непријатели или како шпиони, и сите оние коишто напаѓаат старици и старци, и беспомошни деца наместо да не напаѓаат нас. Против нив ги усмеруваме нашите удари и против нив ќе ја спроведеме нашата одмазада.“

пс. немора да ме разберете мене но потрудетесе да ја разберете / прифатите вистината.
22-07-2019, 10:46 PM
Reply