Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ИМПЕРИЈАТА СОРОСОИДИ ПАК КЕ ГО КОНТРОЛИРА 100% ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВИСТИНСКАТА УЛОГА НА ГЕРОСКИ ВО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА „РЕКЕТ“ ИЛИ ИМПЕРИЈАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ!!

[Image: 8835fed4de3847a26822c5cc338a0cab_L.jpg]



Јордан Петовски 20.07.2019
Читајки ја порката на Героски до ФРИКИ и Кики:

Quote:Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа!


Ве молам, што побрзо обратете му се на вашиот шеф Зоран Заев, но и на јавниот обвинител. Помогнете и на истрагата. Вие тоа го можете. Знаете зошто.

Бранко Героски 20/07/2019
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.
Како се блиски? Еве вака, друже Заев.
Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.
И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.
Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.
Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.
Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.
Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:
– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.
Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:
– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).
Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.
 
[Image: image.png]


На кого му се закани Героски на 19.07.2019 дека во понеделник 22.07.19 ке ги обелодени нивните имиња? Оваа закана ми го потврди сомнежот дека Героски целава оваа приказна ја тера за да го спаси Заев од гневот на Фрики ако Заев сам реши преку Русковска да го/ја елиминира Фрики, односно да биде кривично гонет/а или само да понесе оставка на партиските и пратеничката функција. 
Фрики е лицето кое за Заев ја извојувала битката против Црвенковски и неговите подржувачи во партијата 2012-2014 година. Без помошта на Фрики Заев ке немал шанси да го елиминира Црвенковски и неговитре подржувачи. Таа елиминација на Црвенковски не е направена со обична молба „ајде Бранко замини си ти и твоите“ и Црвенковски како мало дете веднаш ја прифатил молбата!! Зар ке поверува некој дека Црвенковски и неговите така лесно се предале? Сигурно не!! Црвенковски за да се повлече морало да му биде предочен сериозен аргумент дека ако не послуша ке биде сериозно казнет!!
Дека целава игра е смислена уште пред да почне Героски со објавување на неговите писанија за говори фактот што обвинение за ОБВИНИТЕЛКАТА нема!! Значи оној кој може да го загрози Заев не е обвинет и за него нема притвор!!
Геровски сега истата варијатна ја предлага за Фрики и Кики. Па Героски им го составил и писмото на покајание, односно им праќа порака дека нема да бидат кривично гонети:

Quote:Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.

Што може да го натера Героски да ретерира од неговите сериозни предвидувања за Фрики и Кики кои ги навестуваше во насловите на неговите писанија: „Еве зошто власта е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија “,  „На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!“ па денеска да ја нуди нивната оставка како најголемата казна?? За мене е јасно што го натерало Героски!! Тоа е кожата на Заев и враќањето на Заев под патронажа на Црвенковски и Милчин, односно СОРОСОИДИТЕ!!
За изнесеново имам сериозни индиции дека е точно!!
(This post was last modified: 20-07-2019, 11:26 PM by ЈорданПетровски.)
20-07-2019, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Дескоска со новиот закон раскажува – како Боки 13 одработи за Заев и Рускоска!


[Image: darko-janevski.png]

Дарко ЈАНЕВСКИ 20.07.2019
Полека се исцртуваат рамките на целата операција со Орце Камчев, рекетот од Боки и улогата на Заев. Ако се сеќавате, по првичниот хаос, самата Рускоска рече дека Камчев пријавил кај Заев, а Заев кај неа. Што е фина тројка. Новите Чарлиеви ангели, наместо Катица, Фатиме и Ленче. И така тргна приказната која од Заев создава борец против корупцијата, а од Рускоска непристрасен, објективен и професионален јавен обвинител, наспроти правосудниот срам со „тероризмот“ за 27 април“.
Што имаме како финале? Вчера Министерството за правда го подели Предлог законот за Јавно обвинителство, кој, наводно е услов за да добиеме датум за преговори со ЕУ (по усвојувањето, треба да почне да важи од 15 септември оваа година), иако, на секогашниот Закон за ЈО не му фали ама баш ништо. И со зборови – ама баш ништо.
Во што е играта?
Законот за специјално обвинителство има рок на траење од пет години. Како војничка паштета и месен нарезок. Рокот истекува следната година во септември. Септември 2015-септември 2020 година. И само во шарлатанска држава како Македонија тоа е факт кој не се прима „на знаење“. Во тој Закон, на повеќемина веројатно им е познато, има одредба за неможност да се поднесуваат обвиненија по истекот на 18-те месеци од декември 2015 година кога Катица Јанева, без записник, ги прими снимките од Заев (без записник за да не се знае што е предадено, па да не се знае ни што евентуално ќе биде уништено, ако дојде тоа некогаш на дневен ред, иако во меѓувреме има направено десетици и десетици копии).
Како и да е, со постојниот Закон, СЈО би престанало да постои од септември наредната година. Тоа требаше да биде крај на приказната со рекет, уцени на луѓе, фабрикувани обвиненија, смешни докази, крај на приказната за метеорската партиско-обвинителска кариера на неписмениот состав на СЈО и на исто таквата кариера на Кацарска. Навистина, во Законот стои дека неговата важност може да се продолжува за „еднаш годишно“ (глупава формулација, која очигледно преведувачот од странски јазик, на кој беше напишан законот и поделен на нашите партии, не знаел правно да ја стокми), и за тоа се потребни 80 пратеници, кои Заев ги има благодарение на оние осум предавници од ВМРО.
Значи, Заев следната година можеше да го продолжи траењето на СЈО. Но, што би рекле Србите, секогаш има едно „али“ што на девојката среќата и ја „квари“.
Имено, тука се јавува приказната со распашаниот башибозук на Катица и СЈО што почнува да му пречи на главата на рекетот. Катица е искомпромитирана, всушност не само Катица, туку целиот состав на СЈО чии уцени од секаков вид веќе јавно се раскажуваат низ судските кулоари и потребен е нов обвинител. Плус, целата приказна со СЈО веќе станува опасна и за нејзините креатори, бидејќи неуставноста на овој орган едноставно го урна целиот систем. Надвор од контрола, Катица и нејзините правеа се што сакаа, по теркот на пијандури во некоја селска биртија кои се тепаат на првото „што ме гледаш бе, знаеш ли кој сум јас“ (па, ако можат тие, зошто да не можат и другите, од третата власт, но и од останатите две, кои и без тоа не беа под узда, па добивате општа оргија). Згора на тоа, таа и овој состав, покажаа апсолутна правна неписменост, и порано или подоцна, многу од пресудите кои се донесени и оние кои допрва ќе бидат донесени, ќе паднат. Постојат правни начини за тоа, да не ве гњавам сега. Со што се добива тотална компромитација на еден странски проект чија цел беше со помош на празноглавци да се постигне потпис со Грција. Сетете се само дека на првите прес конференции на СЈО беше присутен целиот западен дипломатски кор во земјата. Ене ви ги Бејли, Гарет и да не ги бројам, сите од ред со кренати мобилни за снимање во првиот ред пред Катица, и ене го рекетот за кој сите знаевме и без Орце. Е сега, не е баш пријатно кога утре во вашата земја некој, кој ве пратил овде како амбасадор, би ве прашал: „А зар ние, целата земја, застанавме зад овој бандитизам? Не можевте да им го смените името на друг начин?“
И така се доѓа до потребата Заев да се ослободи од Катица, да го исчисти патот за новата Катица, а тоа треба некој да го одработи. Нормално, во исто време, фино, без последици по неа. Сепак, она премногу знае.
Значи, на начин кој нема да ја загрози нејзината слобода, нити ќе и го наруши комодитетот што во овие години си го стекнала. Затоа и постапката на следење на рекетарите е пресечена на половина и не е изведена до крај, ниту пак тоа со рекетарите е направено како што треба (на пример, не е извршен претрес во станот во Орман во кој што живее Боки, фингиран е претрес кај Катица итн), за што веќе пишував.
Значи, имаме ситуација во која СЈО важи уште една година, може за уште една, но и ситуација во која е потребна нова Катица. И, ако Заев може да го продолжи животот на СЈО без ВМРО-ДПМНЕ, тој не може да најде нова Катица без партијата на Мицкоски. Имено, Законот е прецизен – за нов специјален обвинител потребна е согласност на четирите најголеми партии во Собранието. Така што 80-те гласа на Заев, заедно со оние на предавниците, не му вредат ништо, бидејќи не може да добие нова Катица (а старата му пречи) и СЈО би било блокирано. Посебно што тоа веќе е блокирано по мислењето на Врховниот суд дека обвиненијата по 18-те месеци не вредат повеќе од хартијата на која се пишувани.
Згора на тоа, дури и да се редовни изборите, тие кај и да е ќе дојдат (иако Заев има намера да ги пролонгира до јуни 2021), а како се ближи времето, така обвинителско-судските сончогледи ќе почнат да седат на две столици. До вчера му клечеа на Сашо, сега на Заев, а како минува времето, им се јавува саклма на душата. Можеби нема, но можеби „ќе го јадат“. За сите пари. Затоа почнуваат да пелтечат.
И тоа е проблем што Заев, кој наспроти сите еуфории кај неговите противници дека е готов, мора да го реши, бидејќи човекот нема намера така лесно да се предаде. Напротив, има намера да победи.  Впрочем, тој се уште има по некој ментор и надвор од границите кој го бутка и, иако е во жива кал, му вели – мрдај уште.
Така доаѓаме до притисокот дека мора да се донесе нов Закон за ЈО, а во негови рамки да се вклопи и СЈО. Истото СЈО кое беше наменски формирано и кое требаше да има рок на траење. Всушност, еднократна употреба. Е, тоа што Заев сега сака, а тука се и рековме и неговите ментори од странство, е СЈО да се вклопи во Уставот и да трае бесконечно. Затоа се создава таа некаква фама околу новиот закон за ЈО, демек е услов за ЕУ, тука кученцата добиваат налог да ја обработат јавноста, и ете, по неуспешните преговори со ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа предлог законот на Дескоска кој можеби наредната недела ќе биде пуштен во Собранието.
А со тој закон, новото СЈО на чие чело, Заев веќе ја постави Рускоска, спротивно и на сегашниот и на идниот закон за обвинителството (независен избор, нели?), предвидено е дека СЈО кое ќе се вика „ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција“, ќе има финансиска самостојност (остануваат четирите милиони евра годишно, ако не е и повеќе), остануваат односно продолжуваат предметите покренати во рамки на 18-те месеци (кои требаше да бидат завршени во разумниот рок од пет години, ако не никому ништо, и онака сме веќе Северна), но остануваат и продолжуваат и предметите односно истрагите и обвиненијата покренати по рокот од 18 месеци (член 106 став 2). Дескоска, односно предлог законот, имено вели, дека новото обвинителство ќе ги „преземе предметите од СЈО во фазата во која се наоѓаат“. Страотно срамно и страотно продолжување на корупцијта на правниот систем на Република Македонија.
Зашто, ако заради Грците ни се случи девастација во траење од неколку години, сега требаше да следи период на поправање на таа девастација, а не нејзино бесконечно траење по што ќе нема потреба некој да ја дели Македонија – таа едноставно сама ќе исчезне, ќе ја снема како гнила јаболка.
Сега со Рускоска добиваме нова порака – гукнете ли нешто (избор на Талат, уцени за измена на Уставот… било што) нема да ве гонат шарлатаните на Катица, туку Рускоска викана „тероризам. Јасно нели?
Ете, отприлика во кратки црти, тоа е една од клучните смисли на оваа афера, иако далеку од тоа дека аферата е измислена. Само, добро насочена. И уште поклучното, до неа немаше да дојде, ако не беа овие потреби на Заев. Едноставно, се ќе се забошотеше, или можеби шутраците рекетари ќе ги наместеа за нешто помалку битно. Колку да ги смират.
Како ова да се избегне? Па мислам дека за тоа не треба многу ум. Јасно е! Не треба белким да се црта, а за тоа и онака не ме бива. Но, катастрофата на Зев со тоа што се пофали дека веќе ја избрал Рускоска, иако ќе треба да ја избира Советот на обвинители, ја олеснува работата. Доклку се сака, се разбира!
Е, да, и за крајта, уште еднаш, демек Орце се јавил кај Заев и пријавил (телефоните можеби си ги размениле додека Орце во Шутка примал емисари, ама тоа можеби се само злобни гласини), а Заев кај Рускоска, ама снимките се од странска, а не од домашната служба. Милина од приказна. Нели?
Се разбира, за другите глупости на законот, во наредната прилика!
20-07-2019, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Ништо од ветеното објавување кои се Кики и Фрики!!  Необјавувањето на имињата според мене говори дека планот за спасување на кожата на Заев и враќањето на Заев под патронажа на Црвенковски и Милчин, односно СОРОСОИДИТЕ не поминува.


Quote:Другарчиња, завршив со Фрики и со Кики, наскоро одиме на некст левел!


Завршив и со бедниот извршител Коки. Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер. Доаѓа време да ви раскажувам за вистинските фраери и за улогата на Каки, Зики, Трики, Раки, Шеки, Џеки, Жаки... Ма лупам онака без врска. Колегите нека ја анализираат (без)вредноста на мојот езоповски јазик, а јас ќе ви раскажувам нови вистински приказни, од кои косата на главите ќе ви се крене! Ако не ме претекне вистината излезена на бело видело...

Бранко Героски 22/07/2019
До овој момент, немам информации дека Фрики и Кики, високи функционери во власта и во владејачката партија, одлучиле да преземат политичка одговорност за својата блискост со главниот актер на аферата за милионскиот рекет и да понудат соработка со јавниот обвинител. Ако го сториле тоа, нека ми простат за неинформираноста. Ако, пак, се оглушиле на мојот апел, ќе повторам – нивното одбивање да го сторат тоа објективно ја отежнува и ја забавува истрагата.
Наместо тоа, гледам, се покренува нова хајка против мене, со класични измислици и клевети (стари и нови), но и со обиди и од новинарско-етички аспект да се доведе во прашање мојот обид со серија написи да посведочам дека во Македонија е на дело страшен рекет, со инволвираност на СЈО, со злоупотреба на нелегално прислушувани материјали, како и со вмешаност на високи функционери од власта (не се само Кики и Фрики, има и други), а сето тоа во услови на една невидена новинарска омерта.
Не сум наивен. Бев свесен за тоа дека рекетарската банда и луѓето загрозени од акцијата на органите на прогонот еден ден ќе посакаат да ми се одмаздат. И дека во обидот да ми наштетат ќе се употреби сѐ што се има на располагање – стравот на некои мои колеги и лутината што останаа без убавите тезги, пизмата на некои ликови од парамедиумите и од социјалните мрежи, професионалната љубомора и лошите карактери на луѓе кои не можат да поднесат туѓ успех, но и мојата бескомпромисна индивидуалност поради која тешко склопувам непринципиелни коалиции и уште потешко се конформирам.
Од тој аспект, спремен сум на сѐ и спокоен сум. Зошто и не би бил? Никого не сум рекетирал. Никого не сум уценувал. Не сум крадел. Никому ништо не должам. Досега во животот ни кредит немам земено за ништо. Непоткуплив сум! Единствено нешто што ме „корумпира“ е другарството, лојалноста кон луѓето со кои „од иста вреќа сол сме јале“, човечноста. Го сметам тоа за доблест, иако често се испоставува дека е моја голема маана.
Како и да е, нема да дозволам да успее овој обид вниманието на јавноста да се оттргне од познатите и од скриените актери на милионскот „бомбашки“ рекет и да се насочи кон мене. Нема да учествувам во тој план за дефокусирање и за разводнување на скандалот и да придонесам јас да бидам централна тема. Иако ја разбирам тежината со која се соочуваат партијата на власт и особено нејзиниот лидер Зоран Заев.
Во моите досегашни написи и особено во претходната колумна, на Заев и на квалификуваните читатели им дадов јасни назнаки за тоа кои би можеле да бидат личностите што јас ги именував како Фрики и Кики. Искрено, после ова, не очекував во СДСМ да продолжат да глумат лудило. И да се надеваат дека јас, како последна будалетинка, со име и со презиме ќе ги именувам, за тие да покренат тужби, пропагандата на власта да се пушти во погон и да се постигне целта – наместо за рекетарската банда, да се „дебатира“ за мене.
Во ред, ако Заев не знае кои се Фрики и Кики, фацилитаторите на милионскиот рекет, ако СДСМ не сака да се „прочисти“ од ова страшно зло (како што вети во декларацијата), јас сум спремен да одам понатаму. Не, не, тоа „понатаму“ не е соопштување на имињата на Фрики и на Кики. Јас со нив завршив. Ги знаете сите, нема потреба да им давам можност да ме гњават со тужби. Не, другарки и другарчиња, сега ќе одиме на некст левел!
Што значи тоа?
Тоа значи дека ако во меѓувреме не се случи сериозна разврска, во август ќе ве забавувам со нова серија приказни, овој пат за заднината на милионскиот рекет. Белким не поверувавте дека онаа ботоксирана несреќа е главниот фраер во „бомбашкиот“ рекет, а не само беден извршител! Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала се потресла целата влада и е активирана обвинителска артителија од највисок калибар. Белким не сте толку наивни за да се излажете дека поради тој рекетар е растурено целото СЈО, гордоста на Шарената револуција и најголемата американска политичка инвестиција во Македонија. И дека цената за тоа ќе ја плати само еден глупав аматер…
Ајде луѓе, мислете малку со главите! Ова не е ријалити шоу. „Бомбашкиот рекет“ е голем скандал, голема приказна. „Нуклеарна“ бомба. Од разврската на аферата зависи и опстанокот на оваа власт. Во моите нови приказни ќе се обидам да ви раскажам зошто. И секако, пак ќе користам измислени имиња. Дали тоа ќе бидат Каки, Зики, Трики, Раки, Шеки, Џеки, Жаки (лупам онака без врска) или и некои други ликови, ќе видиме. Колегите нека ја анализираат (без)вредноста на мојот езоповски јазик, а јас ќе ви раскажувам вистински приказни од кои косата на главите ќе ви се крене!
Но, пред тоа, од почит кон премиерот Заев и кон неговата смелост прв да го пријави рекетот уште во април, но и од почит кон СДСМ, партијата за чие доаѓање на власт има и еден мал промил мој личен придонес, во првите денови од август ќе очекувам да бидам повикан на пријателски разговор кај премиерот Заев (не знам како функционираат новите протоколи, па еве јавно се пријавувам за средба, а ќе се пријавам и во кабинетот). Не барам ништо од него, сакам само да му објаснам зошто е толку важно тој сам да ја разреши оваа криза, на единствениот можен начин – така како што Александар Велики го пресече Гордиевиот јазол (да украдеме и ние нешто од светската историја).
Всушност, оној што треба сега да оди на некст левел – ако може, ако умее, ако не е безнадежно заглавен на првото ниво, или со намера да го „исконтролира“ овој корупциски „Чернобил“ – оној што треба да го подигне влогот, е токму Заев. Како што често вели тој, сега е моментот да заигра „ол ин“.
Тоа е тоа, другарчиња. A man’s got to do what a man’s got to do!
22-07-2019, 02:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(22-07-2019, 02:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Ништо од ветеното објавување кои се Кики и Фрики!!  Необјавувањето на имињата според мене говори дека планот за спасување на кожата на Заев и враќањето на Заев под патронажа на Црвенковски и Милчин, односно СОРОСОИДИТЕ не поминува.


Quote:Другарчиња, завршив со Фрики и со Кики, наскоро одиме на некст левел!


Бранко Героски 22/07/2019

Но, пред тоа, од почит кон премиерот Заев и кон неговата смелост прв да го пријави рекетот уште во април, но и од почит кон СДСМ, партијата за чие доаѓање на власт има и еден мал промил мој личен придонес, во првите денови од август ќе очекувам да бидам повикан на пријателски разговор кај премиерот Заев (не знам како функционираат новите протоколи, па еве јавно се пријавувам за средба, а ќе се пријавам и во кабинетот). Не барам ништо од него, сакам само да му објаснам зошто е толку важно тој сам да ја разреши оваа криза, на единствениот можен начин – така како што Александар Велики го пресече Гордиевиот јазол (да украдеме и ние нешто од светската историја).



Героски пред да ги обајвува новите „бомби“ за Каки, Зики, Трики, Раки, Шеки, Џеки, Жаки, ...ке се обиде да го „вразуми“ Заев за да се врати под закрила на Мичкин и соросоидната банда!!
23-07-2019, 07:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(20-07-2019, 11:24 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ВИСТИНСКАТА УЛОГА НА ГЕРОСКИ ВО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА „РЕКЕТ“ ИЛИ ИМПЕРИЈАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ!!

[Image: 8835fed4de3847a26822c5cc338a0cab_L.jpg]



Јордан Петовски 20.07.2019
Читајки ја порката на Героски до ФРИКИ и Кики:

Quote:Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа!


Ве молам, што побрзо обратете му се на вашиот шеф Зоран Заев, но и на јавниот обвинител. Помогнете и на истрагата. Вие тоа го можете. Знаете зошто.

Бранко Героски 20/07/2019
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.
Како се блиски? Еве вака, друже Заев.
Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.
И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.
Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.
Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.
Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.
Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:
– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.
Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:
– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).
Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.
 
[Image: image.png]


На кого му се закани Героски на 19.07.2019 дека во понеделник 22.07.19 ке ги обелодени нивните имиња? Оваа закана ми го потврди сомнежот дека Героски целава оваа приказна ја тера за да го спаси Заев од гневот на Фрики ако Заев сам реши преку Русковска да го/ја елиминира Фрики, односно да биде кривично гонет/а или само да понесе оставка на партиските и пратеничката функција. 
Фрики е лицето кое за Заев ја извојувала битката против Црвенковски и неговите подржувачи во партијата 2012-2014 година. Без помошта на Фрики Заев ке немал шанси да го елиминира Црвенковски и неговитре подржувачи. Таа елиминација на Црвенковски не е направена со обична молба „ајде Бранко замини си ти и твоите“ и Црвенковски како мало дете веднаш ја прифатил молбата!! Зар ке поверува некој дека Црвенковски и неговите така лесно се предале? Сигурно не!! Црвенковски за да се повлече морало да му биде предочен сериозен аргумент дека ако не послуша ке биде сериозно казнет!!
Дека целава игра е смислена уште пред да почне Героски со објавување на неговите писанија за говори фактот што обвинение за ОБВИНИТЕЛКАТА нема!! Значи оној кој може да го загрози Заев не е обвинет и за него нема притвор!!
Геровски сега истата варијатна ја предлага за Фрики и Кики. Па Героски им го составил и писмото на покајание, односно им праќа порака дека нема да бидат кривично гонети:

Quote:Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.

Што може да го натера Героски да ретерира од неговите сериозни предвидувања за Фрики и Кики кои ги навестуваше во насловите на неговите писанија: „Еве зошто власта е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија “,  „На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!“ па денеска да ја нуди нивната оставка како најголемата казна?? За мене е јасно што го натерало Героски!! Тоа е кожата на Заев и враќањето на Заев под патронажа на Црвенковски и Милчин, односно СОРОСОИДИТЕ!!
За изнесеново имам сериозни индиции дека е точно!!



Потврда дека оваа што сум го напишал е точно!!




[Image: image.jpg]
20-08-2019, 01:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:СДСМ нема време за чекање. Сѐ што мора да се случи треба да се случи не утре или следниот месец, туку уште вечерва, на најавената седница на Централниот одбор на СДСМ. Оставките на неколку кадри директно поврзани со осомничениот Бојан Јовановски и извинувањето на еден суетен лидер до партиската база и до симпатизерите на СДСМ, се цената што треба веднаш да се плати, во обид да се создаде вечаток дека владејачката партија искрено и енергично се бори за расчистување на аферата „Рекет“

Целата колумна -ПОРАКА на линкот: Вечер како создадена за оставки на Бихаќка

Небарањето оставка од Заев е само потврда на онаа што го напипав во мојот текст:ВИСТИНСКАТА УЛОГА НА ГЕРОСКИ ВО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА „РЕКЕТ“ ИЛИ ИМПЕРИЈАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ!!
22-08-2019, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Најавува ли сопругот на Ременска и прв антитерорист апсења од понеделник


August 23, 2019
[Image: frose-520x333.jpg?resize=520%2C333&ssl=1]

Серија таинствени пораки на Фејсбук го запалија алармот во јавноста дека од понеделник МВР и Владата планираат серија апсења.
Причина за загриженоста дека власта може да влезе во процес на приведувања за да ја дефокусира јавноста од аферите Рекет, Дудуш и Леонардо е шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски.
Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.
Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник.
Во првата порака Ременски вели:


Quote:“Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски.
Веднаш по првата порака тој дава дообјаснување:
“Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”.
Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и “Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.


Што значи најавата дека државата ќе употреби “жестина и без пренемагање”, шефот на македонскиот антитероризам допрва ќе треба да открие пред јавноста.
Сопругата на првиот македонски антитерорист која е петта по ранг македонски функционер вчера не беше повторно избрана за потпретседател на владеачката СДСМ.
Досега во демократската историја на европските полиции не се случило шеф на Антитероризам во некоја држава јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења.




Кога несмее по магарето- ИМПЕРИЈАТА и телалот Героски, СДССМ ке удира по самарот!





[Image: image.jpg]


За оние што не се во тек:



Quote:Случајот „Афис“ фати пајажина, и по четири години се уште е во предистражна постапка

15/06/2017


Дури четири години и два месеци кривичната пријава која до Обвинителството за организиран криминал ја поднесе пратеничката [b]Фросина Ременски[/b] за аферата „Афис“ се чува во фиока. По изминатиот временски рок слободно може да се заклучи дека предметот се чува во фиока бидејќи на прашањето во која фаза е истрагата за овој случај, од обвинителството добивме одговор дека се уште е во предистражна постапка.
-Предметот за кој покажувате интерес познат во јавноста како „Афис“ е во предистражна постапка, се работи на прибирање и анализирање на писмената документација, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството.
Кривичната пријава Ременски ја поднесе на 4 април 2013 година, кога како продеканка на Факултетот за безбедност увидела дека исчезнале три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на елеконтронските комуникации. Тогаш таа обелодени дека опремата се набавила во рамки на големиот проект на владата за осовременување на Универзитетите, но овие лаборатории никогаш не стасале на Факултетот за безбедност.
Документацијата што Ременски ја приложила во обвинителството потврдува дека Министерството за образование и наука платило три уреди во вредност од 2,5 милиони евра, но само на еден му се знае трагата, тој што го поседува Министерството за внатрешни работи (МВР), иако претходно бил наменет за Факултетот за безбедност.
 
Ременски пред една година истакна дека по пријавата не се постапува бидејќи се врши притисок врз обвинителката. Според неа, и покрај црвстите докази кои го има доставено до обвинителството, случајот не се поместува од мртва точка. Таа обвинува дека се вршат опструкции поради фактот што цело време се менуваат истражителите од МВР кои го водат случајот, како и фактот што информациите кои ги даваат институциите се менуваат во текот на годините.
–Добив уверување дека сите активности кои се преземаат од страна на обвинителството и дополнетото доставување на информации од мене како пријавител тогаш во вршење на должност продекан и професор на факултетот за безбедност, ќе заврши со обвинение во кое што би имало најмалку 20 обвинтети лица, со што се вклучени и актуелни министри и актуелни вицепремиери во владата заради фактот што во минатото извршувале и други функции во владата, исткна пред една година Ременски.
Медиумите претходно објавуваа дека во овој случај се опфатени поранешниот вицепремиер [b]Владимир Пешевски[/b] и поранешниот министер за финансии, [b]Зоран Ставрески[/b].
Пешевски потпишал одлука на владата, преку која опремата се пренесува на Факултетот за безбденост на трајно користење без надомест, а во која се наложува МОН и деканот на факултетот за безбедност да склучат договор за правата и обврските околу поремата. Сепак, владата два месеца по одлуката носи нова одлука, овојпат потпишана од Ставрески, со која опремата која никогаш не стигнала до факултетот за безбедност се одзема и се дава на трајно користење на Министерството за внатрешни работи.
Но, наместо со обвинение очигледно е дека случајот фати пајажина. Затоа се обидовме да стапиме во контакт и со обвинителката која го „работи“ предметот, [b]Гордана Смаќовска[/b], но таа не одговори на нашиот телефонски повик и смс порака. Како што дознаваме Смаќовска од неодамна, заедно со уште тројца обвинители од Одделението за организиран криминал, е ангажирана и по предмети за случувањата на Крвавиот четврток во Собранието, на 27 април.
Додека пак овој случај се чува во фиока, Ременски и нејзиниот сопруг низ годините се соочија со голем број опструкции. Тие цели три години биле нелегално прислушувани, и тоа откако ја открила аферата, а потоа беше и разрешена од позицијата Продекан на за настава на Факултетот за безбедност. Нејзиниот сопруг, пак, со години беше деградиран во институцијата каде што работи, Министерството за внатрешни работи.
[b]Валентина Вурмо[/b]







Би требело да се очекува апсење на Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Гордана Смаќовска??!!
Ваквиот потег е 1000% погрешен за да се добире датум за почеток на преговори во Октомври а потоа и за СДССМ. Наместо СДССМ да се фаќа за сламка барајки спас од сигурно давење, бидејки сламката неможе да биде доволана за спасување!!  СДССМ ако сака да не се удави треба да ги откачи оловните тегови од нозете кои ги влечат вртоглаво кон дното и давењето - оловните тегови се заштитата на Заев, Кики, Фрики и другите !
23-08-2019, 11:58 PM
Reply