Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕЛ ЧЕКА ДАДЕ ДОКАЗ ДЕКА БОМБАТА ЗА НЕШКОВСКИ Е СЕЧЕНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Првото видео е со коментарите на Заев.






Второто видео е без коментарите на Заев





Целата снимка од разговорот Јанкуловска Груевски:

https://rutube.ru/video/e7d38a8a147647bd...&bmstart=2

Quote:Maja Velichkova Macedonian

47 mins

Од снимката што Заев ја пушташе со Шарените ИСЧЕЗНАЛО:
- дека освен неверодостојниот записник, ПРОЦЕДУРАТА Е ЗАПАЗЕНА: истражен судија, препознавање, ПРОВЕРКА НА ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА ИЗЈАВАТА
- дека Груевски и дава наредба на Јанкулоска да ГИ ПРИВЕДАТ СО ЛИСИЦИ ПРИПАДНИЦИТЕ НА МВР ОД РЕДОВИТЕ НА ДПНЕ кои во Делчево влегле кај пратеник од СДСМ и ја влечеле неговата мајка. И и кажува од станица да ги носат на судење СВОИТЕ! - Што е доказ за ОБЈЕКТИВНОСТА ПРИ ПОСТАПКИТЕ НА ГРУЕВСКИ ВО СЛУЧАЈОТ, КОЈА СДС НЕ САКА ДА ЈА ПРЕЗЕНТИРА ВО ЈАВНОСТА
- дека Спасе и останатите проблематични членови од обезбедувањето на Груевски ТОЈ ОДАМНА ГИ ТРГНАЛ ЗАРАДИ НИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ


Quote:Robert Mileski
1 hr ·

Не заборавајте дека заради Заевата "бомба" за Нешковски, која е така составена да остави сосема поинаков впечаток за вмешаност на Груевски во целата работа (тој разговор е единствен кој Груевски го поврзува со случајот), а сега ја слушаме вистината, се случија страшните немири на 5 мај во кои имаше повредени десетици полицајци! Ако сакаме да изградиме правна држава, Заев во слободна Македонија за ова мора да одговара! Тој точно знаејќи што ќе се случи манипулираше со народот, спремен дури и да ги жртвува во протестите само за да дојде на власт!
12-07-2019, 03:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Не ке е лошо да се прочитаат текстовите:

-Денот потоа- од Милчин!

-Насилството како матрица- Гелески!

-МВР тоне се подлабоко- Трајаноски!!

-Проклети да сте- Ризаов


И така денеска после неколку години а особено после можноста да се слушне целиот разговор помеѓу Јанкуловска и Груевски да се добие слика за сите играчи во местенката на УДБа!!

Клинкнете на насловот и тој ке во одведе до текстовите: УБИСТВОТО НА МАРТИН НИЗ ПЕРАТА НА "БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА"
12-07-2019, 04:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Nikola Gruevski
19 hrs ·

Свесно манипулираше со народот...

Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.
Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.
Во таа криза ја гледаше својата шанса за доаѓање на власт, бидејќи поинаку беше инфериорен и беше и остана неконкурентен политичар надвор од локалното ниво, по речиси сите критериуми.
Ова не е прв ваков случај каде се гледа како манипулирал со снимките и со народот за да не прикаже во најлошо светло. Пред некоја недела се појави целовита снимка на веќе објавена снимка во скратена “Заева” верзија во која изоставил еден дел каде се гледа како наши високи функционери одбиле поткуп, кој Заев ни во сон не би го одбил.
Народот го измами со купишта вакви фабрикувани матерјали и измами.
Остана доследен само на ветувањето дека ќе ги прифати сите барања на соседите во однос на македонското национално прашање, а за возврат да добие поддршка да владее на ист начин како во што видовме како претходно владеел во Струмица. Но тоа ветување не беше кон народот чие мнозинство не можеше да поверува дека такво нешто е подготвен да направи исто како што многумина неверуваа дека е можно да монтирал снимени разговори за да добие ефект кој го посакува.
Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност.
Целта повторно монструозна и нечовечка: своите политички конкуренти да ги заглави по судови, притвори, затвори и да бидат уништени во секоја смисла. За да владее по неговиот испробан терк “едно евро за вицето” што подолго.
Баш фашистички монструозно.
Каков нечовек треба да е некој за вака да ги остварува своите цели?


Quote: Wrote:Заев: Објавивме се што знаевме за случајот со Мартин Нешковски


[Image: safe_image.php?d=AQCURcMWSAwFZbzW&w=540&...3LyD0GMxne]
12.07.2019
Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.
Секогаш кога има пакет на разговори или „бомби“, подвлече, кажуваме само дел од разговорот, а постојат уште разговори поврзани околу одреден момент.


Quote: Wrote:Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа“, одговори премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на локалитетот Стоби.




Одговорноста за неемитувањето на целиот разговор Заев се обидува да ја префрли на друг. А тоа се оние кои му ги давале „бомбите“ Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
12-07-2019, 04:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Nikola Gruevski

4 hrs

ПОВЕЌЕТО СНИМКИ ГИ КРАТЕЛ, А СУДОТ ДОБИЛ САМО ТРЕТИНА ОД МАТЕРЈАЛОТ

Заев вчера јавно во изјава потврди дека не само снимката поврзана со Мартин Нешковски, туку повеќето снимки кои и ги пушташе на јавноста во 2015 - ги крател.
При тоа одбегна да одговори зошто кога ја крател, ја скратил и монтирал на таков начин да создаде перцепција дека навистина јас и Јанкуловска сме сакале да прикриеме убиство.
Одговорот е јасен: за да дојде на власт. Ама ќе беше многу ако и тоа го признаеше. Ако еден ден има судење за оваа измама како резултат на која во болница завршија 40 повредени полицајци, признанието и каењето ќе му биде земено како олеснителна околност.
Ако во јавноста деновиве не се појавеше долгата верзија на снимката од која се слуша дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство или сторител, ќе останеше впечатокот од скратената снимка, но и од контекстот кој на снимката и го даде Заев пред да ја пушти во 2015 година , дека сме договарале како да го прикриеме убиството и сторителот.
Како и да е, Заев на јавноста и на судиите и обвинителите денес јасно им даде до знаење дека сечел, лепел, крател и со такви работи се занимавал.
Додатно кажа и дека тој поседувал и доставил до судот само една третина од снимките поврзани со случаите. Со тоа кажа дека има уште две третини од разговорите за сите случаи за кои се суди, кои ниту ги пуштил на јавноста ниту судот ги има на располагање па треба да носи пресуди на база на само една третина од разговорите.
Кратко кажано, Заев на јавноста и призна дека крател и манипулирал со повеќето снимки, дека помал дел од снимките за одделните случаи се во судот, поголем дел не, ама судот треба да му верува дека тоа што ним им го дал не е ниту кратено ниту монтирано, ниту пак во тие две третини други снимки има нешто кое како во овој случај создава комплетно различна слика. Судот треба да му верува “со врзани очи” без да провери преку вештачење на целовитоста и автентичноста на аудио матерјалните, кое се бараше но судот не го прифати, го одби.
За најмала сообраќајна несреќа со скршен жмигавец и фар, судот нарачува вештачења за судијата да е сигурен дека носи исправна одлука. Ама за тоа дали се кратени и монтирани снимките од Заев со кои е планирано да осудат стотици луѓе главно негови политички противници, судиите одлучија да нема вештачење.
Зошто?
Па затоа што веројатно знаат и тие дека ако ангажираат надворешни експерти-вештаци за аудио матерјалите ќе се констатира нешто со кое потоа нема да можат да ги донесат планираните и нарачани пресуди.
Така што, доколку судот и понатаму и после оваа снимка и јавното признание на Заев опстои на ставот дека аудио матерјалите ќе ги користат како доказ, без разлика на се, тогаш навистина тие ќе го заслужат епитетот од насловот на овој текст чии линк е закачен подолу.
Заев си призна и јавно си кажа. Ги остави судиите сами да мислат како да постапат. Неофицијалната нарачка од него до нив за осудителни пресуди врз основа на снимките не е повлечена, а јавно тој “се тргна настрана” признавајќи дека сечел, лепел и монтирал, а им доставил на судиите само по нешто од снимките.
Инаку, има уште најмалку три тешки законски прекршувања околу снимките заради кои судиите мораат да се ослободат од снимките како доказ за да не го кршат Законот.
Прво, овие снимки- т.н. докази, им се само копии, кое не е споредено со оргиналот.
Второ, нелегално се прибавени.
Трето, СДСМ ги има доставено до СЈО надвор од рокот предвиден во Законот за приватност.
Сега судиите се исправени пред дилемата: личниот кредибилитет и законско работење или нарачките на Заев спакувани со ред понуди за унапредување, вработувања на луѓе од семејството и слично и ред закани.
13-07-2019, 10:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ДАЛИ „ГЛАСОТ“ ОД ЕЛ ЧЕКА ЗА НЕШКОВСКИ КЕ ГО РАЗБУДИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ-ДАЛИ ЗАЕВ КЕ СЕ НАЈДЕ ВО ШУТКА

[Image: 464b3f74fd6601955ccb022f610c3111_L.jpg]
Јордан Петровски 12.07.2019
Целата снимка од разговорот Јанкуловска Груевски која ја објави Ел Чека:

https://rutube.ru/video/e7d38a8a147647bd...&bmstart=2


После преслушувањето на снимката не ке е лошо да се прочитаат текстовите:

Quote:-Денот потоа- од Милчин!

-Насилството како матрица- Гелески!

-МВР тоне се подлабоко- Трајаноски!!

-Проклети да сте- Ризаов


И така денеска после неколку години а особено после можноста да се слушне целиот разговор помеѓу Јанкуловска и Груевски да се добие слика за сите играчи во местенката на УДБа!!

Клинкнете на насловот: УБИСТВОТО НА МАРТИН НИЗ ПЕРАТА НА "БОРЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА" и тој ке во одведе до текстовите  кои ги посочив. После преслушувањето на видеото на Ел Чека и читањето на текстовите кои ги посочив се надевам дека барем за малку ке е подигнат вашиот одбранбен механизам кон пораките кои ги праќаат  денеска лажните борци за човекови права и лажните независни медиумски работници!!

МАКЕДОНСИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР


Quote:КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како Заев го урна СЈО и дали треба да оди пред суд за Мартин Нешковски!?
/ 13.07.2019

[Image: darko-janevski.png]
Дарко ЈАНЕВСКИ
Неколку дена срамен молк ја обвива државата по објавување на целосниот разговор меѓу Никола Груевски и Гордана Јанкуловкса и останатите по убиството на Мартин Нешковски. Молчат сите, залиени им се устите, освен префрлувањата кои тука и таму ќе ги изнесе некој на социјалните мрежи.
Но, молкот не се однесува на обичниот човек. Молкот се однесува на политиката, на политичарите, на правото, на оние т.н. експерти по кривично право кои, и во спална соба ни влегуваа пред неколку години во времето на шарената револуција, на оние т.н. шарени адвокати кои во истото време со т.н. експерти од „онаа работа“ не ни се симнуваа додека не беше урнат Груевски, молкот се однесува на МАНУ, на Обвинителството на Јовевски, на фамозната Рускоска, на кремот во оваа држава – „невладините“ паразити кои види чудо, немаат проект со странски пари за овој случај иако беше јасен од самиот почеток, молкот се однесува на шљамот новинарски од удбашката ергела порано вгнездена во НИП-от, а оттаму распослана низ државата и западните амбасадите кои со две раце ги прифатија некогашните комунисти и удбашчиња (со логиката, ги земаме дека тие се научени да слушаат и да бидат покорни кученца) за сега со таа ергела да глумат слобода на медиуми, на оргазмична радост на вмровчињата кои никогаш не се ослободија од комплексот на пониска вредност кон некогашните извршители на ЦК. Молкот се однесува и на…, всушност беспредметно е натаму да набројувам, оти листата нема да има крај, во оваа држава во која моронизмот и некрофилијата ти влегуваат во си-ви-то и се препорака за се и сешто, само не за тоа што треба.
Заев одржа прес конференција на 5 мај 2015 година на која емитуваше три минутна снимка со која се креира лажна вистина. Се креира лага дека тогашната власт се обидела да го прикрие убиството. И по тие три минути на т.н. „бомба“ во која Заев ги извади коските на несреќното дете и ги фрли по скопските улици, следеа демонстрации во кои беа повредени 40 полицајци. За насилниците се водеа кривични постапки и некои од нив веројатно уште траат.
Не треба многу ум, доволно е да бидеш специјален или обичен јавен обвинител, за да сфатиш, посебно сега кога се појави 12-минутната снимка со сосема поинаква вистиа од таа на Заев, Шеќеринска и сите кои стоеја зад „вождот“ на таа прес конференција, дека Заев манипулирал со вистината, ги злоупотребил чувствата на роднините на Нешковски и на јавноста, на илјадници Македонци, од кои некои сторија кривично дело. Тоа во кривичното право се вика „поттикнување“. Или поинаку кажано, кривично дело сторил и тој што удрил на полицијата, но и тој што го поттикнал да удри и да стори кривично дело.
Кривично-правната врска меѓу прес конференција на Заев и насилните демонстрации сосема е јасна. Се гледа како што се гледа Сонцето среде летен ден без облаци. Деновиве многумина од демонстрантите и од шарените шаренаици, самите признаваат дека да не била таа снимка, немало да има ни демонстрации. Самите признаваат дека биле изманипулирани, излажани, искористени за, што би рекле од СЈО, „да се оствари лукративна цел“, а таа е Заев и неговата камарила да дојдат на власт. Се сеќавате, во друг предмет, Груевски не го гонат дека зел провизија од Кинезите туку дека имал „лукративна цел“ – автопатот побргу да се изгради за тој да победи на избори. Како што веројатно се сеќавате дека постои предмет за „шамарите во општина Центар“ во кој се гони и за поттикнување за насилство кое се состоело во тоа што некои вработени во општината биле потресени од, како што стои во Обвинителниот предлог на СЈО прифатен од Судот, цитирам: „…ќе Ви го ставам во уста (појма немам зошто писмените специјалци тоа „Ви“ го напишале со големо „В“?), комуњару, гомно комунистичко, косовци, удбаши…“ итн.
Од друга страна, точно е дека Заев никому не рече да повреди полицајци, никого не натера да стори кривично дело, но таа логика е кафеанска. Наспроти тоа, еве да видиме како тоа стои кај српскиот професор Милош Марковиќ, а можете да проверите кај било кој друг експерт по кривично правна материја (овие нашиве не сакам да го споменам, не пак да ги цитирам, па затоа одам во соседството):
За да постои поттикнување во овој случај, доволно е некого да доведеш во заблуда. И тоа, се чини, не е спорно. Попрецизно и пошироко кажано, поттикнувањето постои тогаш „кога на друг се влијае, кога друг се наведува да донесе одлука за извршување кривично дело“.
И понатаму „дејството на поттикнувачот мора да биде насоечено кон тоа кај поттикнатиот да се зацврсти одлуката да преземе дејствие со кое ќе биде предизвикана последицата“ (демонстрации против „режимот“ со последица дека при нив беше употребено насилство кон полицијата која имаше наредба да биде крајно воздражана, наспроти бесната толпа).
Кое дејствие би било погодно за да се смета дека кај Заев и неговите постои поттикнување? Според Марковиќ, секое кое се движи во распонот меѓу благо убедување, па се до некоја форма на принуда. Според истиот автор, во тој распон спаѓа и „доведување во заблуда“ на поттикнатиот (тие што извршија насилство), а во овој случај тоа би било тврдењето, поткрепено со снимката дека власта се обидела да го забошоти убиството на едно дете и дека затоа мора да падне, да се урне (таа заблуда меѓутоа нема карактер насилниците да ги ослободи од вина бидејќи не постои заблуда која може да ви дозволи да нападнете полицајци, совен евентуално крајна нужда, а тука такво нешто нема). Со други зборови, ако кај нив Заев не создал заблуда дека имало обид да се сокрие смртта на детото, не би имало ни повредени полицајци, однсоно насилни дмонстрации. Поцврста врска меѓу поттикнувачот Заев и поттикнатите насилници на демонстрациите, здравје!
Тоа го покрива и барањето на теоријата дека поттикнувањето мора да се однесува на „конкретно кривично дело“. Имено, како се урива еден режим кој се обидел да сокрие убиство на дете? Со насилство, се разбира. Да не ја заборавивте потпалувачката реторика на Заев, на СДСМ и на нивните гавази од тоа време, сите тие заедно здружени во едно големо некрофилско друштво? Следеа демонстрации, понатаму и сами знаете.
Оттука, фрапира молкот поврзан со тоа дека Заев и сите тие од СДСМ кои учествуваа во оваа некрофилија со Мартин Нешковски не се гонети од Обвинителството на Јовевски. И тоа веднаш, во овие неколку дена.  Ама, подобро е да си молчиме, нели обвинители?
Вториот моменет е дека со 12-минутната снимка се урива целиот концепт врз кој почива постоењето и делувањето н СЈО. СЈО е основано за гонење врз основа на нелегалните снимки и независно од тоа што како доказ подоцна е обезбедено, тоа не го менува фактот дека тие биле „сечени, лепени и монтирани“ (ако така било за Нешковски, можете да замислите како е за другите случаи), и дека во ниту еден случај од надлежните судии и совети не беше дозволено да се провери дали снимките се целосни, дали не се „сечени, лепени и монтирани“.
Всушност, со оваа 12 минута снимка се урива базата, темелот врз кој почива неуставното СЈО (како правото Шкариќу?), бидејќи никој не знае дали снимките што Заев ги предал не се претходно сечени и монтирани, како што никој не знае дали Катица и нејзините ја говорат вистината кога велат дека се што е битно чуле и дека нема ништо спорно во нивните постапки. Фактот што СЈО немаше поведено постапка против никој од таа снимка за Мартин Нешковски не менува ништо во ова, бидејќи убиецот беше експресно затворен, па немаше дело.
Но, и ова е сложено нели? Ај, и онака е сабота, ден кој обично доаѓа по петок, а е пред недела кога чека правосмукалата и „виледа“ крпата. Па така, убава Ви ноќ, зомбиевци!

ДЕНЕШЕН
14-07-2019, 12:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:На денешна прес конференција во Владата на Република Македонија, на која се обрати Зоран Заев, премиерот одговараше дали ќе понесе одговорнocт за малинулациjaта со јавноста при емитувањето на бomбите и ,,Вистината за Македонија” на прашање на Инфомакс.






Имено главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски запраша дали Заев планира да понесе одговорност поради лепењето, сечењето и монтирањето на нeeлегално прислушуваните материјали со цел да се наметне лaaжна перцепција во јавност дека некој од претходната власт сторил некаков си kpиминал. Ова прашање се актуелизираше во јавност откако Ел Чека го објави целиот 12 и пол минутен разговор помеѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
На прашањето поставено од уредникот на Инфомакс, Заев даде испрцен одговор, но притоа и призна неколку работи. Најпрвин Зоран Заев ја призна афтентичноста на разговорот кој го емитуваше Ел Чека, а со тоа призна дека истите тие разговори ги поседувал и тој, односно бomбите кои сега се наоѓаат кај Ел Чека се истите кои ги имал Зоран Заев.
Со ова Заев призна дека самиот тој заедно со неговите сопартијци од СДСМ ги селектирале разговорите, ги сечеле и монтирале за да предизвикаат што поголема реакција во јавноста, а бomбата за Нешковски пак предизвика таква реакција во јавноста што се организираа нacилни пpoтести во кои беа повpeдени 40 полицajци.
Друго нешто кое Заев го призна во една реченица е дека Груевски барал затвop за Игор Спасов во времетраење од 30 години, односно како што вели самиот во снимката ,,30-ка со кромид”, а не како што тврди Заев дека претходната власт се обидувала да coкрие yбиcтво. Премиерот сакаше овој дел од разговорот на денешната прес конференција како притиcoк врз cyдството за носење на пpecуда, но притоа заборави дека Спасов не беше ocyден на 30 години туку на 14 години и 6 месеци затвop, а неколку месеци откако Зоран Заев седна во премиерската фотелја тој беше пyштeн од затвop поради здpaвствени пpoблеми.
(This post was last modified: 15-07-2019, 04:25 PM by ЈорданПетровски.)
15-07-2019, 04:24 PM
Reply