Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ЗНАЕЛ АМА МОЛЧЕЛ ЕВТИН ОБИД ЗА СИМНУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Апсења за дефокусирање од рекетот, криминалот, неработењето и предавствата на власта

Nikola Gruevski·Saturday, June 29, 2019

“Со што и да ја покриваш нечистотијата, таа сепак останува нечистотија.“
Фјодор Достоевски

Вчерашното апсење како и сите претходни кон лица од опозицијата се политички нарачани и фабрикувани од СДСМ. Во исти манир како нивните комунистички предци по 1945-тата.

1. Ниту некој им верува ниту самите си веруваат дека ќе направат некој сериозен економски пресврт до следните избори како што најавија. Без подлога, еднократно во изборна година ќе зголемат плати во администрацијата, пензии, социјална помош и по некоја субвенција и горе долу тоа ќе е сѐ од “економските реформи и лекцијата по економија”. Таквите покачувања во многу потешки времиња, но со обмислена економска политика ние ги правевме на редовна база, плански, со точни пресметки и најавено со точни датуми неколку години однапред. Ова ќе биде ад хок, стихиен и очаен обид за собирање поени пред избори, па одкако ќе ги изгубат новата власт нека се снаоѓа.
Затоа како и претходно со старите удбашки методи се оди на нови и нови прогони, измислени кривични дела, фабрикувани случаи, апсења и изживувања.
Пренатрупани со афери, влегувајќи од грешка во грешка, се трудат со апсењата да постигнат два ефекти: првиот, да ја дефокусираат јавноста од секојдневните крупни и несватливи дури и за мали деца грешки и глупости кои актуелната влада ги креира секојдневно, да дефокусира од предавствата на националните интереси, непотизмот, неработењето, рекетот и криминалите со кои се преокупирани, и втората, да покаже некаква сила и важност со што всушност ги лечат своите комплекси и фрустрации од неуспесите на секое поле, освен сервилноста кон соседите каде што се покажаа многу “ефикасни”.
Има и трета, ама таа веќе не поминува кај народот: демек спроведуваат правна држава, во која тие се чесни, а опозицијата - криминалци и корумпирани.
Прочитани се веќе од сите, па дури и од нивните гласачи по тоа прашање.

2. Но дали знаете всушност зошто се уапсени оние 10-тина лица вчера?
Некаде прочитав немало аргументиран одговор. Па како ќе има кога тие што можат и знаат да аргументираат неправедно ги пикнаа во притвор токму за да не аргументираат пред јавноста.
Поранешната влада која ја предводев меѓу другото водеше политики кои создаваа сериозни растови во економијата дури и во години на светски, европски и домашни политички кризи.
Тие растови на економијата отворија 180.000 нови работни места што бројот на луѓе во Македонија кои се вработени го накачи од 560 на 740 илјади, пркосејки на многуте кризи кои ги набројав, а кои се погодија во нашиот мандат.
За таквото нешто спроведовме многу нови мерки и политики.
Една од мерките беше поттикнување на градежништвото, како јавното, така и приватното, како еден од сегментите кои го унапредуваат економскиот раст, но и растот на многу други гранки и отвораат нови работни места. Сектор кој влијае за унапредување на туризмот, индустријата, угостителството, земјоделството, услужните дејности и воопшто, на приватниот сектор, бидејќи секој нов изграден објект значи и нов бизнис, а најчесто освен привремените градежни работи значи и отворање на трајни нови работни места во ново изградените објекти, што и да се тие: хотели, трговски центри, деловни канцеларии, фабрики, земјоделски откупни центри, итн.

3. На почетокот на мандатот, како што пред изборите ветивме го сменивме законот и со новиот Закон, државна земја веќе можеше да се продаде само преку јавна лицитација со јавно електронско наддавање. Малку подоцна заради поттик на градењето се донесе закон со кој почетната цена може да биде 1 евро за метар квадратен, па потоа пазарот преку јавна електронска лицитација да ја одреди реалната пазарна цена во моментот, наместо тоа административно и субјективно да го прави државата.
Претходно, сите влади на Македонија продаваа исклучиво со директна спогодба по цена по договор и “лабави” правилници со ниски цени. Министерот за транспорт “во четири очи” со кој тој сака бизнисмен ја продаваше државната земја по ниски цени и тоа беше поле кое креираше многу можности за корупција.
Така на пример земјата за каде се изгради Рамстор во строгиот центар на Скопје некаде во 2003-тата се продаде по 25 евра квадрат со директна спогодба, а имаше и многу други такви “легендарни” зделки “во четири очи” без наддавање и уште сето тоа и со законска поткрепа. Такви закони сакаше СДСМ - такви имаше.
Затоа и сите претходни влади имаа афери за истото, ама не и судски, проблеми бидејќи законски си беа направиле да може да се продава државната земја со “договор во четири очи”.
Токму министерот Миле Јанакиески во 2006-тата го бранеше во парламентот новиот закон, со кој се стави крај на претходното “елдорадо” со државно земјиште.

4. Потоа детектиравме дека при продажбата на државна земја преку лицитација, земја на која некој би изградил нов објект од горе наброените можни области, некогаш има многу конкуренти и се достигнуваа многу повисоки цени, а некогаш само еден па цената остануваше пониска, односно еднаква на почетната.
Не само што ќе беше пониска, но забележавме и дека некои бизнисмени кои имаат повеќе слободни пари чекаа и купуваат баш такви локации, но потоа не градеа, ги купуваа за да ги чуваат за понатаму, можеби по десет или повеќе години одкако ќе завршат со некој штотуку почнат инвестициски циклус, или пак “кога ќе порасне синот”, а некои да остават и за внучето. “Ефтино е, нека се најде.”
Владата не беше задоволна од тоа и сакаше да ги поттикне оние кои купуваат државно земјиште во одреден рок да се обврзани да ја почнат градбата и да ја завршат исто така во законски одреден рок. Побрзо да се изградат нови фабрики, хотели, болници, деловни центри, откупни земјоделски центри итн. а не да стои празно неизградени најчесто пејсажно неуредено земјиште.
Или пак, ако не планираат да градат нека не купуваат, па ќе има втора, трета итн. лицитација, ќе се анимираат други, домашни и странски инвеститори, и така да се создадат услови за поголем број градби и отворање нови бизниси и работни места во разумен и реален рок, а со тоа и раст на економијата, извозот, повеќе туристи итн.
Од тие причини се предложи и усвои закон со кој новиот сопственик на државното земјиште ќе има рок да гради или истото ќе му биде одземено, а парите вратени, за да се овозможи ако не гради тој, некој друг да гради. Ако некој сака да си купи земја за вчера роденото внуче, нема проблем, има приватни локации за продажба во изобилие и таму нема рокови.

5. Сепак, бизнисот како и животот не секогаш е предвидлив па некои инвеститори ќе купеа земја на лицитација од државата со добар план за навремена градба, но по некое време работите во бизнисот ќе им се искомплицираа и неможеа да ги исполнат роковите.
Вчера упсените десетина лица се уапсени дека направиле некаква, а всушност непостоечка штета на државата бидејќи навреме во законскиот рок не им ги одземале некои 4 локации на тие што купиле и не изградиле.
Не ги знам деталите дали е така или не, и ако е така - зошто е така, но дури и да замислиме дека се е така како што вели власта, се прашувам каде е штетата и зошто апсење и медиумски спектакли за ваква работа.
Ако по закон треба некому да му се одземе земјата бидејќи навреме не почнал да гради, нека му се одземе. Ако владата одлучи потоа пак да ја продаде, нека ја продаде на нова лицитација. Ако пак одлучат да не ја продаваат, во ред.
Зошто ги апсат луѓето? Каква милионска штета направиле на државата што пропуштиле навреме (доколку е така) да им ја одземат на пример во 2015-та или 2016-та година таа неизградена земја на инвеститорите и да им ги вратат парите?
СДСМ е трета година на власт. Зошто не ги уапси и сегашниот министер за транспорт и новите службеници околу него што цели две години го правеле истото што претходно се случило: пропуштиле навреме да го одземат земјиштето и да ги вратат парите на тој кој го купил. Половина од 2017-та, цела 2018-та и половина од 2019-та новите власти не го одзеле земјиштето, а ги апсат оние што порано не го направиле истото. Зошто ако веќе за таква работа се апси, што е апсурд, со Јанакиески заедно не е и Сугарески? Ако доцнел Јанакиески, доцнел и Сугарески.
Која е штетата?
Земјата е тука. Никој никаде не може да ја однесе. Ништо не е променето, изградено или слично. Инвеститорот не направил никаков бизнис и профит со земјата. Решението е едноставно: “одземи ја земјата и затвори го случајот”.
Максимум казна може да е некоја полесна дисциплинска мерка за пропуст на некој службеник или опомена.
Која е добивката за приватниот сопственик од ненавремено раскинатиот договор и одземена земја? Оти, нели, ако државата загубила пари, некој добил. Никава. Дал пари на државата, не изградил ништо. Потоа, порано или подоцна, му се одзема земјата и му се враќаат парите.
Каде е тука криминалот? Кој и од што присвоил пари? Кој што украл?
Зошто е ова изживување со луѓето?

6. Дека е во прашање политичка хајка говори уште една работа.
Зошто е потребно лажење на медиумите од владината и партиска прес служба на СДСМ дека локацијата за објектот до плоштадот Македонија, популарно наречена “шпански скали” била продадена за ниска цена, кога е сосема спротивното.
На јавната електронска лицитација за таа локација постигната е една од највисоките цени во историјата на Македонија.
Три компании со сопственици од три различни држави (Албанија, Бугарија и Македонија) остро и амбициозно се наддавале, се бореле да дојдат до таа престижна локација за која во самиот тендер веќе имаше одредено како треба да изгледа објектот однадвор, бидејќи се работи за објект непосредно до централниот плоштад во главниот град.
Делумно од сеќавање што тогаш ми беше пренесено, делумно од проверка во текот на вчерашниот ден, знам дека на лицитацијата победува фирма на бизнисмен од Албанија за кој дознав дека над 30 години живеел, работел и водел бизнис во Париз, каде заминал како уметник, но набрзо влегол во бизнис и каде имал и своја фабрика за градежни и ентериерни елементи.
Истиот бизнисмен на патот кон аеродромот на Тирана, претходно изградил огромен и многу репрезентативен објект - хотел, од каде подоцна на враќање од посета во Тирана поминавајки покрај хотелот кој беше при крај со градба, од возилото од патот забележав дека повеќе наликува на дворец кој би бил составен дел на дворецот Версај кај Париз, одколку хотел изграден надвор од градот Тирана.
Од она што подоцна ми беше кажано, бизнисменот кој со својата фирма ја купи таа локација подоцна “заглавил” при барање на кредит од банка за градба на хотелот.
А еве и зошто. Сопственикот како што ми беше објаснето планирал, како и повеќето други во слична ситуација, земјиштето кое го купил да го заложи во банка за да добие кредит од банка со кој ќе го гради објектот во комбинација со сопствени средства, а подоцна од приходите на бизнисот на хотелот да го враќа кредитот. Колку што се сеќавам неговата фирма плати на државата околу 1.600.000 евра, за околу 600 квадратни метри локација. Тоа приближно е околу 2.660 евра за еден метар квадратен земја, наспроти на пример 25 евра за Рамстор неколку години претходно во времето на СДСМ.
Но неговиот (или на неговите вработени луѓе) превид бил што незнаеле дека кога државата продава земја со однапред одреден дизајн на објектот кој е составен дел на објавата на тендерот, согласно законот земјата веднаш се заложува кај државата се додека не го изгради објектот, како гаранција дека навистина таков објект ќе изгради, а не некој поинаков, кој на пример би бил и поевтин. Ако се изгради на пример друг многу поевтин, тоа би било еден вид измама кон другите фирми наддавачи на лицитацијата кои можеби би понудиле повеќе пари на наддавањето ако знаеле дека потоа може да изградат друг објект кој би ги чинел поевтино. На тој начин и заради таа причина инвеститорот не успеал да обезбеди кредит веднаш, но по победата на СДСМ во општина Центар веќе обезбедил средства, но тогаш наишол на административни пречки од новите власти во општината бидејќи не им се допаѓало што објектот имал историски стил - барок и ги потсетувал на ВМРО.

[Image: 66113867_10157495392697716_7189145319240...e=5DB2B6EF]

Дали потоа инвеститорот тужел или не, до каде е сета процедура, не ми е познато, но како и да е, нема никаква логика апсењето и лажењето дека земјата се продала за евтина цена, освен намерата за градење медиумска атмосфера за политичка хајка врз недолжни и невини луѓе.
Зошто апсење?
Уште пак и селективно, овие што во последните две години “дремеле” демек ништо не згрешиле. Или само затоа што се сега на власт?

7. Вака е со повеќето случаи кои се водат против луѓе од ВМРО.
Затоа велам: фабрикувани случаи. Местенки. Изживувања. Монструозност. Глумење борба против криминал и корупција со уништување судбини на невини луѓе кои работеле и создавале за Македонија. Само за да се покријат неуспесите, криминалот, рекетот, неработењето и секојдневните промашувања.
Миле Јанакиески трет пат го ставаат во притвор и секогаш со политичка нарачка од врвот на СДСМ. Затоа имаме проблеми за почеток на преговорите со ЕУ. Затоа што се глумат реформи, се глуми борба против криминал и корупција со малтретирање на оние кои градеа и работеа со полн елан за Македонија, додека пред очи новата власт рекетира и пљачкосува. Мислите тоа не го знаат од надвор?
Да ја подржуваат ова влада бидејќи ги прифати сите уцени на двата соседа по националните прашања, но истовремено се гнасат од тоа што секојдневно го гледаат и слушаат на теренот и што е спротивно од се она што јавно се декларира.

8. Така е и со Митко Чавков кого Заев, од лична омраза, го осуди и затвори без никаква вина, како и другите полицајци од неговиот тим.
Така е и со останатите од 27-ми април, кои можеби удриле некого, но за тоа има далеку поблаги казни во Законот, доколку властите одеа со реална квалификација на делото.
Но, СДСМ неправедно, незаконски, лажно и мизерно се изживуваат во одмаздата кон сите и ги товарат со невистинита квалификација “терористи” за да го покријат својот фалсификат со незаконското назначување претседател на Собранието.
Сепак повеќето од тие луѓе кои лично не ги познавам, а ги запознав од медиумите следејќи го процесот против нив, настрана грешката со физичката пресметка кон пратениците што ја направија и што одамна јавно го осудив, иако е јасно дека СДСМ свесно ја предизвика нивната реакција, настрана што дел од нив јавно ме критикуваа, тие покажаа неверојатна цврстина, висок морал и силен интегритет бидејќи под многу уцени, закани, притисоци, изживувања кои сеуште траат, закани по нивното здравје и живот, уништување на нивните семејства, неприфатија валкани непристојни понуди за кои нашироко се зборува, со цел од нив да изнудат лажни изјави за други луѓе неправедно да се обвинат а за возврат тие да добијат олеснување. Таква тортура со истовремено такви понуди можат да издржат само вистински патриоти - идеалисти. Тоа е за почит.
Такви непристојни понуди добиваше и Миле Јанакиески, но и други неправедно обвинети уште додека бев во Македонија. Таква понуда добив и јас, за што говорев во едно неодамнешно интервју. Таков приода имаа и сеуште имаат и кон повеќе други луѓе под прогон. Еден ден се ова ќе се знае во детали, што од архивите, што од лични сведочења.

9. Така е и со сите од случаите на СЈО. Со селективно избрани и едитирани снимки кои по закон се нелегални докази бидејќи нелегално се прибавени и не им се утврди со вештачење целовитоста и автентичноста, местат, судат и осудуваат како државата, судот и обвинителството да е на татко им и забораваат дека кога ќе паднат, сите, и наредбодавателите и извршителите ќе одговараат за овие злодела.

10. Во меѓувреме ги бројат жртвите “на ангро” - “по случаи”, не по број на луѓе во еден случај, оти луѓето од противничкиот табор не ги третираат за луѓе, туку средство за добивање политички поени и глумење правда и правна држава додека тие да се изнакрадат.
Ова им бил 751-ви случај. Како да е ова сезона на лов, па колку дивеч е уловен. Забораваат дека ќе дојде и друга сезона на лов, каде народот гледајќи го тоа што го прават ќе им ја одземе моќта и нема да се тие ловџиите, а сепак ќе се тука... во природата.
02-07-2019, 10:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Nikola Gruevski
12 hrs ·

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и Договорот за ,,Пријателство,,


“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите”
Гоце Делчев (до Ефрем Каранов од 17 Октомври 1895г)
“Оној кој копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, или за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го подржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружуваат сите балкански народи.”
Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година, од историскиот роман на Димитар Талев “Илинден” –прв пат издаден во 1953г.во Бугарија
“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од Македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, одколку во Македонија...”
Писмо до Даме Груев
Дебатата за Гоце Делчев се чини е прилично задоцнета дебата. Исходот од таа дебата е политички решен, тој е познат од тогаш кога Зоран Заев – претседателот на СДСМ, во својство на Премиер, со голема радост, насмевка и гордост, со “две раце” на 1-ви август 2017 година во Владата во Скопје, го потпиша договорот за пријателство со Бугарија чии составен дел е комисијата за историја. Ова во време во кое Бугарија во секој момент може да не блокира на патот кон ЕУ ако македонските историчари не ги прифатат ставовите на бугарските колеги кои се важни за нивните политичари, колку и да имаат аргументи. Одлагање на прифаќањето на она што веќе е јасно дека е однапред политички договорено околу прашањето за историјата е можно само доколку во октомври не добиеме датум за преговори за членство во ЕУ заради неспроведените реформи и високата корупција во земјата. Особено доколку се решат за предвремени избори. Се разбира, СДСМ тоа ќе се обиде да ни го продава како некаков пркос и борба за националните интереси.
А дека таков договор ќе се потпише со таква содржина можеше да се наслути уште кога ВМРО-ДПМНЕ и покрај победата на изборите, во услови кога немаше 61 пратеник за самостојно обезбедување мнозинство, не состави влада во 2017.
Ми беше јасно од многу информации кои ги добивав помеѓу 2014 и 2017 година. Покрај другото, јас имав непотврдена информација дека претендентот за премиер на Македонија во посетите на официјална Софија давал снимки од телефонски разговори на членови на македонската влада. Таа информација ми се потврди подоцна, мислам по изборите во 2016г., кога во еден разговор со еден Бугарски европратеник во Брисел на која присуствуваа уште двајца мои соработници кои беа шокирани од она што го слушаа, истиот откако го пофали неговиот тогаш нов пријател, слично како денес што го фалат Пендаровски и кажувајќи дека е во редовна лична телефонска комуникација со него, не издржа и низ разговорот се пофали дека тие знаат се за нашите државни стратегии, планови, разговори и политики кон нив, бидејќи како што кажа, тој ги снабдил со мои и на моите соработници телефонски разговори по прашања поврзани и за кои би била заинтересирана Бугарија. Дури и си дозволи да ми раскажува што на таков начин дознале, но деталите за ова во друга прилика. Како во еден таков миг, човек да не се потсети на една позната мисла на Гоце Делчев од писмото до Никола Малешевски од 1897 година каде вели: “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствта на своите синови-изроди, како Македонскиот.” Во себе си помислив дека со години наивно сум верувал дека ваквите ликови и чинови, се дел само од македонската историја кога сеуште сме немале држава и што се овој човек е спремен да направи за да дојде до власт, моќ, влијание и пари.
Јасно беше што нашиот сосед бараше од нас и не беше тешко да се претпостави на што тој се обврзал штом влегол во една таква соработничка операција.
Претпоставувам дека истото го направил и со соседна Грција каде исто така беше чест посетител во таа година кога освен низ главниот, некогаш границата ја минуваше сам на спореден граничен премин, а подоцна слушнав и скриен по багажници.Тоа беше време кога на Грците веќе почна да им станува јасно дека наскоро можеби ќе добијат “бинго” какво што не сонувале. Мислам дека тој не беше единствен кој во тоа време границата ја минуваше на невообичаен начин. Бев информиран, а мислам и некои медиуми во тоа време го објавија тоа, дека и денешниот негов потпретседател во владата кој во зенитот на преговорите за името направи спектакуларна милионска продажба на својата фирма на државна грчка компанија, во некои специјални прилики со актовка со себе, границата ја минуваше пеш, без возило. Имајќи ја во обзир неговата имотна состојба, сигурен сум дека мотивите за тоа не беа од социјална природа.
Не случајно како никогаш претходно апелирав за некои работи во кампањата во 2016тата...Но, да се вратам на темата...
Дебатата на историчарите веќе ја превзедоа политичарите кои мошне брзо го загубија трпението. Министерката за надворешни работи на Бугарија која по образование е историчар веќе кажа свој став. По неа и премиерот на Бугарија. Свој став кажа и “нашиот” инсталиран министер за надворешни работи. Со изјавата дека тој не е историчар за да каже што бил Гоце Делчев и дека немало да бидеме заглавени во историјата, а потоа и дека требало “да зрееме”, се е кажано. Во политиката и дипломатијата не се гледа само што се кажало, туку и што се сакало да се каже и што се сакало да се постигне со кажаното, скриената, дискретната или индиректната порака или мисла. Како и обично во слични прилики, “нашиот”премиер почна и уште некое време ќе одглуми благ отпор, колку да каже да заличи дека се обидел и во негов манир да ни објасни дека сме имале дебата, завршила дебатата, па по неа треба да се свртиме кон иднината.
Неговата прва премиерска посета беше во Софија неколку дена откако го назначија за Премиер. Извори од неговото опкружување тогаш раскажуваа наоколу дека сакал уште тогаш, веднаш да се потпише договорот за да покаже “брз успех”. Негови блиски “добронамерници” го посоветувале дека не е најпаметно да го потпише без да покажат дека преговарале барем 2-3 месеци, па ги послушал, така што потпишувањето беше одредено да биде во пресрет на заедничкото чествување на Илинден односно положување венец на гробот на Гоце Делчев со бугарскиот премиер во Скопје.
Ова сегашно барање на Бугарија поврзано со Делчев е само логична последица на тој договор од август 2017та. И нема да остане само на Делчев. Делчев е само симболот. Ако се реши за најавторитетниот од тоа време и веројатно од целата современа македонска историја, тоа не само што ќе важи за сите негови соборци, туку и за целиот народ во тој период.И тоа соседите воопшто не го кријат. Нивните политичари отворено говорат за ова во нивните изјави деновиве.
Зарем некој мисли дека ние не можевме да го потпишеме договорот за пријателство со Бугарија ако прифатевме се што СДСМ прифати?
И обратно. Зарем мислите СДСМ не беше свесна дека ако го потпише договорот со Бугарија онака како што соседите бараа, ќе дојде до овој момент? Па, целта на договорот беше токму ова. “Пријателството” беше “обландата”, да звучи во јавноста поевропски, иако договори со вакви наслови се повеќе познати од времето на комунистичките режими. Всушност нашите соседи не криеја дека прашањето за историјата им е најважното во договорот.
Но, кога сте прифатиле да бидете марионетска власт, веќе очигледно со цел за да ве остават да рекетирате и крадете, ќе работите за туѓи, а не за интересите на својот народ и нација. Нормално, како и сите марионетски влади, истовремено ќе водите пропаганда дека работите за својот народ. И секој ден ќе го плукате и прогонувате тој кој не ја прифати вашата улога. Ќе го прогласите не само за насилник, терорист, криминалец, корумпиран, измамник, фашист и слично, туку и за “жив ѓавол” кој мора да се затвори и уништи, бидејќи го покажува вашето “грдо лицe во огледалото” низ кое ве гледа народот. Оттаму доаѓа опседнатоста. Но, настрана тоа.
Се наѕира една од можните стратегии на македонската страна: ,,Гоце бил Бугарин, но се борел за слободна Македонија,,.
Токму тоа е и тезата на нашиот источен сосед речиси три децении, всушност и многу подолго во некои нивни кругови: ,,до 02 август 1944 сите сме биле Бугари, Македонски Бугари, а нашите предци се бореле за втора бугарска држава- Македонија. Еден народ- две држави. Потоа во 1944 Србите свесни и веќе искусни дека не можат да не преобразат од Бугари во Срби, со терор ни го наметнале македонизмот, а Бугарија имала предавничка влада на комунистичкиот лидер Георги Димитров...,,. Тоа е горе-долу главната нивна теза.
Тезата пак која произлегува од изјавите на неколку наши политичари и историчари, меѓу кои и Стево Пендаровски е токму потврда на тезата на соседна Бугарија. Бугарија воопшто не спори дека Делчев и неговите соборци се бореле за автономија на Македонија во нејзините етнички и географски граници, само додаваат дека целта била втората фаза да е присоединување со Бугарија. Сепак нивното главно прашање е што биле тие, чии биле, кој народ се борел за Македонија во правец на докажувањето дека македонската нација е создадена во 1944 со создавањето на новата социјалистичка Југославија. Значи ако тргнат по овој пат “нашите” ќе прифатат тоа што и Бугарија го тврди, но во друго “пакување” и веројатно со ,,победничка,, реторика.
Сега само треба време. Не за созревање, туку како да смислат формулација со која ќе се прифати она што го бара Бугарија, а истовремено да се смисли некоја фраза, која ќе се продава на разочараното македонско гласачкото тело дека ете нешто сме спасиле и сме добиле во преговорите. Помалку веројатно, иако многу почесно, би било ако кажат поискрено: “мораме да прифатиме, по секоја цена....”
Сепак, пред за крај да поставам неколку прашања, да констатирам и една позитивна работа во сето ова. Нашите две европски земји сосетки вознесени од успехот со инсталираната марионетска влада така го водеа процесот што практично добија се што сакаа, над нивните очекувања. Не оставија ниту малку простор да личи дека имало компромис. Тоа е сигурен показател дека во иднина, кога Македонија ќе има подобри политички и меѓународни околности, кога и да е тоа, сите овие работи ќе претрпат ревизии и коректури.
Зошто?
Затоа што се што е со сила и уцена наметнато, а невистинито и нереално догорочно е осудено на неуспех.
Затоа што, на пример со овој договор ќе нема логичен одговор за многу прашања и коректурта ќе мора да дојде еден ден.
Јасно е дека декларирањето во времето на Гоце Делчев е според милет системот во Oсманслиската империја. Една црква-една нација. Тоа е еден вид наметнато административно правило во тоа време. Ако одиш во Егзархиската црква (бугарската) се декларираш Бугарин, ако одиш во Патриаршиската (грчката) се декларираш Грк. Трета опција речиси немало.
Ако си под Бугарска црква, одиш во училиште создадено од таа црква и не можеш да се декларираш за ништо друго освен за Бугарин, што и да мислиш, како и да се чуствуваш, колку и во тебе да е навлезена македонската национална свест. А што зборуваш надвор од тоа, каква припадност или посебност реално чуствуваш, што пропагираш кон твојата околината, во што веруваш, која е твојата идеја, кауза и за што се бориш е друго прашање.
Тоа декларирање освен во административните документи, понекогаш, по инерција создадена од долгогодишно користење, а произлезено од милет системот, каде Македонците-егзархисти биле нарекувани Бугари, била и во дел од комуникацијата помеѓу Македонските револуционери, но борбата и личната жртва била за тоа што реално се чуствувале. Тоа е и одговор на оние кои се повикуваат на неколку писма од Делчев до Никола Малешевски и слични такви документи.
Од тука, јасно е зошто на пример Борис Сарафов, кој како најблиски пријатели и соборци ги имал Гоце Делчев и Ѓорче Петров, и кој е затворан од бугарските власти пред да премине во организацијата,според милет системот на Османлиската империја секако морало да се декларира за Бугарин одејќи во Бугарска црква, училиште, офицерска школа во Софија итн. Но, тој изјавува: ,,Ние Македонците- не сме ни Срби, не сме ни Бугари, туку едноставно Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние сочуствуваме и со едните и со другите, и со Бугарите и со Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му бидеме благодарни, но Србите и Бугарите нека не заборават дека Македонија е само на Македонците,,.
Сарафов (роден 1872) и Делчев (роден 1874) учеле заедно во Софијската офицерска школа, а овој за тоа време исклучително храбар став јавно да се искаже подоцна станал лого на весникот “Македонски глас “на Македонската петроградска колонија на Димитрие Чуповски.
Јасно е дека Делчев, Сарафов и останатите соборци се современици на почетоците на повеќе деценискиот период на создавањето на македонската нација и тоа во многу сложени услови, без своја држава, или кнежество, автономија и слично. Бугарија која во голема мера благодарение на Русија, добива кнежество (планот на царска Русија тогаш е создавање на своја сателит држава) по руско-турската војна во 1878 година, со тоа добива и полуги (институции, пари, пропаганда, оружје, агентура...) со кои побрзо ја создава нацијата и свеста за неа кај населението. Додатно, а многу значајно имаат признаена црква, што во тоа време е многу значајно оружје во политичката пропаганда и создавањето на нација.Таа црква има јурисдикција и врз целата територија на географска Македонија каде нејзин главен конкурент е грчката црква, која исто како и бугарската си ја одработува и својата политичка агенда.
Гоце Делчев имал непомирлива борба против врховистичките чети. За тоа постојат многу писма и документи. Ако бил Бугарин, зошто се борел против врховистичките чети кои се експонент на бугарската политика кон Македонија. Во писмата ги нарекува ,,Генералски чети,,- алудирајки на офицерите кои се нивни членови.
Напуштањето на Софија во самиот финиш на завршувањето военото училиште по аферата со анонимните писма до воениот министер и санкциите заради тоа, е јасен доказ дека Делчев немал намера да прави воена кариера, туку да стане револуционер кој ќе се бори за автономна Македонија.
Во тој правец, треба да се потсетиме и на уставите на ВМРО (МРО, ТМОРО,ВМОРО,ВМРО), особено на член 1 и член 2 од Уставот на ВМОРО. Овде се гледа дека се работи за Македонска организација. Според член 1, ВМРО се бори за автономија на Македонија и Одринско, без да се споменува бугарска националност. Член 2 е уште подециден: ,,Организацијата им се спротиставува на стремежите за делба и завладување на тие области (м.з.се мисли на Македонија и Одринско) од која и да е држава,,. Значи, било која држава, дури и Бугарија. Првите Устави и Правилници на организацијата се составени токму од Делчев и Ѓорче Петров.
Гоце Делчев бил постојано присутен на теренот, исполнувајќи ги своите мисии, теренска работа, создавање на канали за пренос на оружје во Македонија, формирање чети и агитација за автономна Македонија. Неточни се тврдењата дека во тој период Бугарија ги снабдувала со оружје. Делчев сам си создавал врски за КУПУВАЊЕ на оружје. Значи КУПУВАЊЕ. Тоа обично се правело преку браќата Иванови, Македонци, трговци со оружје и Наум Туфекџиев, Македонец од Ресен. Дел од оружјето Делчев го обезбедувал и преку Сарафов од магацините на врховистите. Но Бугарија без пари не дала ниту една пушка. Целото оружје за ВМРО во тој период е купено со пари.
Единствено место во Бугарија каде престојувал Делчев била Софија и тоа затоа што бил задграничен претставник. Престојувал во хотел Батемберг или Славјанска беседа, живеел сиромашно, се хранел на места каде оделе македонски емигранти. Ако бил Бугарин, владата ќе помогнела со нешто. Живеел од пари на организацијата, ниту еден лев од Бугарската влада.
Еднаш побарал прием кај Бугарски премиер кој го одбил. За тоа има документ. Ако бил Бугарин, сигурно ќе бил примен од Бугарската влада.
Каков однос имала Бугарската влада доволно илустрира изјавата на Григор Начович (1845-1920), во различни мандати и години Бугарски дипломат, министер за надворешни работи, министер за внатрешни работи, министер за финасии, министер за трговија, градоначалник на Софија итн, кој изјавил дека ако во Македонија има востание има опасност во Бугарија да навалат 100,000 ,,голтари,, , како што ги нарекол Македонците.
Нашите иторичари ги знаат овие работи и многу повеќе во оваа смисла. Прашањето е колку ќе сакаат да го зачуваат својот личен интегритет, пред притисокот на политиката.
Македонија и Бугарија може слободно да се каже дека се два блиски народи по многу нешта. Кога не би била дневно политичката и медиумска пропаганда, би требало да сме најблиски со нив по многу параметри. Но, не може и несмее да се дозволи да се негира посебноста на Македонскиот народ од Бугарскиот народ, и денес и во минатото. И попусто очекуваат дека тоа може еднаш за секогаш да го направат со некакви договори под уцена со привремена марионетска влада во Македонија. Па ако не сме сега членки на НАТО и ЕУ, еден ден ќе бидеме. Со што тогаш ќе не уценуваат. Договорот со нив, исто како и оној со Грција е донесен со просто мнозинство во парламентот со 61 пратеник. За таквите меѓудржавни договори нема ниту гласање со двојно мнозинство (“Бадентер”) ниту двотретинско гласање. Не еден меѓудржавен договор сме изгласале досега. А и кога би имало, во политиката се е изводливо кога се носи во себе кај мнозинството народ чувството на неправда и искористеност под уцена. Пријатели не постапуваат вака со пријатели. А ако постапуваат, тогаш грешат.
Македонија и Бугарија имаат многу причини да бидат големи сојузници. Да се помагаат и подржуваат меѓусебе локално и меѓународно, а не да се уценуваат и да се “начекуваат” кога едната е во тесно, а другата во подобра позиција. Нема ништо “братско” во таквите постапки. Колку и сето ова некому во Бугарија да му изгледа како политички успех, колку и да ги носи чуството дека со оваа актулна власт во Македонија “им паднала секирата во мед” треба да знаат, тоа е само оддалечување на двата народа и дека Македонија нема да биде вечно “село без кучиња”.
Производот добиен од ситуација на уцена не остава простор за вечно затворање на отворените прашања. Затоа, меѓудругото, како премиер се борев за поправичен а со тоа и долгорочно одржлив односно траен договор за пријателство. Да небиде наместо за пријателство-договор за раздор и отворање нови проблеми, блокади, уцени, фрустрации, незадоволство, децениски несогласувања...
Јас некријам дека имам многу позитивни чувства кон Бугарскиот народ, иако дел од нивната политичко-медиумска пропаганда неправедно и лажно ме прикажува како некаков нивни непријател. Никогаш ниту еден лош збор не сум кажал за Бугарија, ниту јавно, ниту приватно, освен ако за зло не ми е земено што се борев за правдата, вистината и интересите на мојот народ-Македонците. Дури, немам некој отпор и кон нивните политичари кои отворено и најжестоко ме напаѓаат и кои борејќи се за нивната кауза, но и за дневно политички поени, прилично незграпно се обидуваат преку историјата и негирањето да се допаднат на нивното гласачко тело. Лоша стратегија.
Некако, како да сите насобрани фрустрации од се што ним непријатно им правеле низ децениите наназад некој поголеми и помоќни фактори од нив, а за кои не можеле да реагираат и сите притисоци, понижувања и порази кои ги доживувале низ тие процеси, како да сакаат да ги истурат и неправедно да покажат ,,сила,, на Македонија.
Кога историјата ќе ја превземат политичарите и ќе ја стават во политичко партиски цели со кои треба да се успее понижувајќи го и негирајќи го другиот, тоа веќе не е пријателско однесување и не оди во правец на посакуваните желби од договорот за пријателство. Не гледам што има европско во таа стратегија. Полесно е да најдат марионетска влада која се ќе им прифати и потпише. Невозможно е тоа да опстои на долг рок и да биде прифатено од Македонците во Република Македонија, независно на сите напори. Само ќе не оддалечи, наместо да не зближи.
Можеа и помудро.
02-07-2019, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Nikola Gruevski
55 mins ·

ЈОГА МАЈСТОРИТЕ И ИЗГРАДЕНИОТ АВТОПАТ

[Image: 65941924_10157510739502716_7240826510389...e=5DBC40C4]
Да прашам, за тие што веќе го пробале?...како е новиот автопат Скопје-Штип??
Веќе неколку недели се вози низ него, па да прашам за оние кои го возеле или пак ги возеле: задоволни? ?
Се радувам што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”??‍♂️, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле? овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” ? завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават.????
Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г.Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех.Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав.
Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците.
По неколку години почнавме со првите активности. А кога ќе се почне нешто и ќе се заврши, па макар на крајот дошле на власт вакви “дрва за работа”? и деструктивци ?како овие хохштаплери ?сега.


Сепак, за последните 10-15 % од изградбата и тие имаат заслуга што ги завршија и јас сакам чесно да го кажам тоа. Несакам да бидам како нив. Од “немај каде” беше нивново, ама го завршија. Иако тие ќе се “пењават”?да не убедуваат дека наместо за Штип, трасата била промашена, па градбата тргнала за Зелениково, ама “нашиве спасители” го исправиле и уште и многу заштедиле итн, итн. ??
Се изнадржаа говори низ соседните земји на отворање патишта, па ајде нека “удрат” и еден говор за овој автопат, белким ќе ги фати “маја”.?
Стариот пат кон Штип секоја година носеше поголем број жртви, особено во зима на неколку “црни точки”. Со новиот треба да е како по аеродромска писта...?
Но, и стариот кој води од Штип кон Велес, го проширивме и од т.н. регионален пат со две коловозни ленти, го претворивме во експресен пат со четири коловозни ленти. Иако одамна е готов, немам против и таму “да удрат” по еден говор овие од неспособната влада, кои не започнаа ниту еден крупен проект, од почеток осмислен и подготвен од нив. ?️‍♂️
Голем труд за овој пат вложија Миле Јанакиески кому “за награда и благодарност” сега го малтретираат и се изживуваат со него по судови и затвори, Владо Пешевски, Зоран Ставрески, три директори на Државни патишта, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски и Александар Стојанов, сите нивни соработници и администрација под нив, но и други институции кои не се гледаат а без нив не се може, како на пример Катастер, Управата за имотно правни односи, Агенција за просторно планирање, проектантскиот куќи и повеќе други. Вакви проекти бараат тимска работа и многу стручност, посветеност, организација и координација, време и енергија. Честитки за сите?

[Image: 66246438_10157510739602716_3424560605455...e=5DC30D5B]
Без подршката со кредит со многу ниска камата од само 2% годишно од НР Кина, немаше да успее проектот, бидејќи сите други можни институционални кредитори не ни даваа согласност за кредит бидејќи по нивните интерни критериуми немало доволен број возила годишно. Немаше интерес ниту за јавно приватно партнерство. И тоа пробавме со меѓународен повик преку оглас во Фајненшел Тајмс. Благодарност до актуелниот кинески премиер и неговиот претходник но и до целата кинеската влада. Лично неколкупати ги молев да помогнат во повеќе наврати. Честитки и до изведувачот Синохидро и до македонските градежни компании кои всушност го изградија повеќе од половина. Најмногу честитки до сите вредни и стручни работници кои градеа на теренот.
Ова што ме прогонуваат на суд и што Заев наредил да ме осудат, не е за овој, туку за другиот автопат меѓу Кичево и Охрид кој во време на ВМРО се заврши над 50 осто. Обвинението ми е дека..., внимавајте..., сум вршел влијание на соработниците за неговата градба да биде побрзо и да заврши пред наредните парламентарни избори кои требаше ако беа редовни да се одржат во 2015 година, и тоа сум го правел со цел да остварам “корист” а користа отценија дека била дека тоа ќе сум добиел повеќе гласови на изборите. Овие рекетарите што сега се на власт, не ги интересира таква корист. По друга корист се тие.
Да, така ми гласи обвинението, а се “потепаа” на јавноста да и го престават дека било за корупција, проценти, провизии и слични лаги, со аудио матерјали извадени од контекст во кои се договара висината на гаранцијата за градбата. Снимки кои воопшто СЈО не ги предложи како докази во обвинението кон мене, а ги користеа само преку “независните” медиуми за политичко- пропагандни цели. Да не е трагично, би било само смешно.
Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат.
Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба?.
Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен! ??
?Поздрав од Будимпешта??
Видео 2014 година:



(This post was last modified: 05-07-2019, 10:24 AM by ЈорданПетровски.)
05-07-2019, 10:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Nikola Gruevski
14 hrs ·
Во сенка на мега корупцискит скандал на владата “Рекет” останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета.
1. Од она што видовме од медиумите главниот сведок во случајот “Рекет” во одсуство на домашни здрави и нормални институции, во ситуација кога мафијата си ја контролира државата или поточно кога државниот врв стои зад мафијата, бил принуден за да докаже под каков терор со изнуди се наоѓа, да се обрати до службата на една соседна земја со која тој имал добри лични релации и како што стои во медиумите бил и нејзин државјанин.
Ова значи дека комплетниот снимен компромитирачки матерјал за актуелното раководство на државата и владејачката партија вмешано во аферата го има службата на соседната земја. Мислам на целиот матерјал, а не само оној дел кој е објавен во јавноста.Тој компромитирачки матерјал може да го искористи за уцена на државниот врв на Македонија, пред се по однос на нови и дополнителни остапки по националните прашања, но и за други остапки на пример поврзани со енергетска зависност, превземање на значајни монополи и слично.
Ако досега се веруваше дека заради лични криминали, барање мито и слични активности, високите државни раководители се уценети од некои светски сили, сега веќе се чини се уценети и од соседни земји.
Секој ден повеќе опстанок на оваа уценета влада е огромен ризик за Македонија за нови изнудени отстапки.
2. Во екот на мега скандалот “Рекет” се случи уште еден мега скандал, кој самиот премиер исплашен дека можеби е сниман во телефонски разговор со преставник на друга партија, јавно го призна и го потврди со невешти обиди да го преиначи мотивот за истото.
Имено, поранешниот министер за правда, актуелен градоначалник на Сарај и одговорна личност во ДУИ за прашања поврзани со ресорот правда и правосудство-Блерим Беџети јавно медиумски обелодени дека “балканскиот крал на марихуаната” телефонски му вршел директен притисок за влијание во судскиот совет кај членовите од албанска националност, а со цел смена на актуелниот претседател на Врховниот суд. Ова во секоја земја во светот е голем скандал. А во Европа како континент со понапредна демократија е огромен скандал. Во било која земја членка на ЕУ, по едно вакво обвинување, обелоденување и потоа негово признание, Премиерот си поднесува оставка. Ова не може а да не го вклучи “црвениот аларм” кај луѓето задолжени да ја следат Македонија во Брисел и во главните градови на земјите членки и да направи голема штета на толку очекуваниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Среќна околност е што Европската Комисија има политички став, без обзир на сите слабости, да се отворат преговорите. Но, со обзир дека има и земји кои имаат негативен став кон ова прашање (несреќната околност), ова е давање на сериозен аргумент на тие земји, на кои аргументи непостои соодветен одговор. Секој од нив би можел да рече: “на кого барате да одобриме почеток на преговори за членство кога таму Премиерот јавно признава дека врши притисок на коалиционите партнери со цел да го смени и да си постави свој претседател на Врховниот суд”.
Едно пропуштање на возот за почеток на преговорите може да значи ново долго чекање и докажување. Тоа би направило огромна штета на почетокот на преговорите со ЕУ за кои истиот тој премиер го смени името на државата, историјата на нацијата и идентитетот на Mакедонскиот народ, а за да обезбеди мнозинство во Парламентот за промена на Уставот го направи најголемиот политички прогон во земјата по 1949 година, со бескурпулозно апсење и ослободување пратеници по потреба, нарачувајќи судски пресуди, притвори, фабрикувани случаи на политичките неистомисленици, итн.
Веќе институциите на три држави членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска, донесоа одлуки во кои јасно укажуваат на политички прогон, политички, а не криминални гонења, нефер судење, непостоечки квалификации во обвиненијта и пресудите во судовите во Македонија за кои десетици луѓе веќе се во затвор.
3. Трета значајна работа со огромни финасиски последици е што во сиот овој хаос, тргнувајќи од скандалозниот процес на промената на името, преку огромните скандали со непотизми, корупциски афери, незаконски работења, марихуани на премиерот, самододелени концесии на нови приватни хидроцентрали на вицепремиерот итн, па до криминалниот скандал “Рекет” некако бесшумно и во сенка поминаа неколку крупни намерни или ненамерни грешки во економските чекори на владата кои земјата по завршувањето на судските процеси и арбитражи постепено тргнувајќи од следните 7-8 месеци, па до три години од сега, може да ја чинат околу или над 1.500.000. 000 евра (со букви: една милијарда и петстотини милиони евра). Ваква сума не само што не се враќа од редовните приходи во Буџетот, туку ќе биде исклучително тешко за неа да се обезбедуваат и заеми бидејќи станува збор за износ кој е повеќе од една третина од вкупниот државен долг на Македонија. Како премиерот планира да ги исплати овие штети ќе видиме или можеби планот му е да земе што може и од овие процеси, па проблемот да го остави на новата влада по поразот на СДСМ на следните избори. Но, што и да се случи, парите ќе ги плати народот, порано или подоцна. Станува збор за четири случаи кои се покренати или се подготвуваат да се покренат пред меѓународен суд, а по одлуките на владата. Најголемиот случај од нив, можеби над две третини од овој износ, се очекува да биде одземената концесија за рудникот Иловица, која концесија е и дадена и земена од владите на СДСМ (поранешната на Бучковски и сегашната на Заев). Тука се и случаите со Казандол, слична проблематика како Иловица, сомнителниот случај за чудниот стрчај на Фени за кој веќе е покрената арбитража за намерен стрчај и Окта за која поранешната влада беше подготвила стратегија како да се спречи оваа тужба која произлегува од договорот, заради во изборите во 2016 не ја спроведе, ја остави на новата влада, која ја игнорираше како и се друго што им беше оставено подготвено и тужбата е веќе процесоирана. Тука е и една тужба од Макпетрол пред домашните судови која колку и да личи бесмислена, имајќи ја во предвид состојбата во судовите може да изненади.
Така, наместо. Македонија економски да се развива во следните 10 години, ќе треба да плаќаме за грешките на некомпетентни и корумпирани луѓе направени последните две години. Постојат основани сомнежи дека дел од овие случаи се свесно направени во договор со тужителот за на брз начин да се дојде до износ на пари за кој би требало 20 или повеќе години или кои би можеле да се спречат со чекори превземени од владата.
Доколку не се превземе нешто итно за неколку месеци, потоа ќе биде предоцна. Првите пресуди ќе почнат да пристигаат.
4. Големо коруптивно задолжување ќе биде и најавеното задолжувањето на државата на износ од 500 милиони евра кај приватни комерцијални банки за изградба на нов клинички центар во Ѓорче Петров. Овде каде имаме тендер за изградба без проект, со критериум при одлучување во кој 70% од поените одат на квалитет а само 30% на цената, што значи ќе одберат кого сакаат без разлика на цената, “од авион” се гледа дека се подготвува мега криминален проект. Проектот со Клиничкиот центар ќе беше завршен за 80 милиони евра, а заедно со опремата 120 милиони евра, ако од новата влада се спроведеше веќе потпишаниот договор за градба од април/мај 2017 година.
Се личи како да СДСМ е веќе свесен дека на следните избори ќе ја загуби власта и сега брза, по секоја цена набрзина да разграби што ќе стигне.
Секој ден повеќе опстанок на оваа криминална и корумпирана влада е огромена штета и ризик за Македонија и граѓаните.
За опозицијата е подобро изборите да се редовни за победата да е поголема а новата влада постабилна. Но за Македонија е најдобро изборите да се утре.

ВЕЧЕР ДОЗНАВА: Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 - “Тоа е политички прогон!“
11 Aug 2019 - 21:09

[Image: x4-toa-e-politichki-progon.jpg.pagespeed...c5dUby.jpg]
04-09-2019, 11:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Nikola Gruevski
11 hrs ·

На пазарот во Струмица има многу појасен критериум за се.

ЕДНО ЗБОРЕА, ОБРАТНО ПРАВАТ: ГРАДАТ ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ А ГИ СУДПЕНДИРАА КРИТРИИМИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СУДИИТЕ, КРШАТ ЗАКОНИ И ОДАТ НА ТЕЛЕВИЗИЈА ДА ГИ НАПАДНАТ ПРЕТХОДНИТЕ ЗА ОНА ШТО ГО НАПРАВИЛЕ ПРЕД 30 МИНУТИ.
Прекршени роковите во Законот за заштита на приватноста со цел да ги избришат своите компромитирачки матерјали.
Тајна понуда на Заев кон Јанева пред околу половина година.
Зградата на градот ќе се продава, ама не заради недоволен простор.
Прочитав некаде дека деновиве кога судскиот совет бирал судии имало очигледно лобирање по телефони кај речиси сите од нив. Па, потоа некаде напишале дека тоа било исто како во време на ВМРО.
Не, имаше многу слабости, но никогаш вака не било. За оние кои ги интересира темата, еве појаснување. За оние кои не ги интересира, има многу други можности да ги потрошат следните 10 минути.
Знам дека некои луѓе ќе коментираат со неверување, но ова е вистината.
Наследивме, судство, систем, пракса и закони каде станувањето судија и унапредувањето со децении, можеби и од секогаш беше речиси без никаков сериозен и објективен критериум или ако имаше критериуми тие беа субјективни и многу лабави и еластични, што речиси како и да ги немаше (од типот “истакнат правник” без прецизна и мерлива дефиниција што е тоа и слично).
Таквиот систем остава, би рекол и стимулира, простор за лобирање. Кога од 50 кандидати за едно унапредување, секој може да биде избран, односно на некој начин сите ги исполнуваат условите, природно следува лобирањето, не само на Балканот каде сето тоа е помалку софистицирано, туку и било каде.
Никој, ништо, никогаш, СУШТИНСКИ не променил во врска со тоа, и покрај многуте “реформи” во судството, се до големиот реформски пакет во ноември 2010 кој стапи на сила две години подоцна.
Очигледно никому не му одговарало во тој дел да има промена.
Во првите неколку години додека најмногу бев фокусиран на економските политики, сигурно и во тој период, пред стапувањето на сила на пакетот нови реформски закони, постоела можност да има лобирања и денешните критиките кон нас како тогашна политичка гарнитура во однос на назначувањата и унапредувањата на судии се однесуваат главно на тој период. Периодот пред промените, пред носењето и стапувањето на сила на еден голем пакет реформски закони во судството, со кои “тектонски” се поместија состојбите во областа на назначување судии и нивно унапредување. Не само на хартија туку и во пракса.
Практично нашето владеење во овој дел има две етапи: пред и по стапувањето на сила реформскиот пакет закони во судството.
Во 2009-та на моја иницијатива се формираше една поголема група експерти и преставници на институции и освен од нив се побараа предлози и мислења во писмена форма од 70-тина други авторитети во областа, тргнувајќи од поранешни и тогашни судии и обвинители, голем број адвокати, странски консултанти, универзитетски професори и други авторитети во областа, а на крајот сето тоа го помина и филтерот на ЕУ.
По една година работа се произведоа многу и многу крупни промени заради чии обем ќе се задржам само во делот на ова што е тема деновиве во јавноста-системот на унапредувањата.
За почеток со закон се одреди дека судија може да се стане само со претходно завршена две годишна АКАДЕМИЈА за судии и обвинители (претходно можеше и со и без тоа), за чии прием на таа Академија воведовме исто така јасни и мерливи критериуми и бројни сложени и без можност за лажирања, интервенции и сл. ТЕСТИРАЊА меѓу кои и стручен тест, тест за интегритет, психолошки тест, меѓународна диплома за познавање одредено ниво на англиски јазик , најмалку просек 8.00 на факултет, постдипломски студии и др.
Потоа прв пат со закон се воведе т.н. кариерно унапредување, поточно дека може да се стане судија најпрвин само во Основен суд, а не како претходно да може и директно во Апелација или Врховен суд (за ова и денес има дебати за и против, главно од проминентните адвокати чии аргумент е дека со долгото искуство се доволно квалификувани и дека доколку сакаат да преминат во судии нетреба академијата и кариерното унапредување да важи за нив).
Се пропиша дека мора да се поминат извесен број години, мислам најмалку четири години работа и искуство во тој Основен-првостепен суд, пред да може судијата да се квалификува да конкурира за унапредување.
За тоа, кој потоа ќе биде унапреден од повеќе можни кандидати, се воведоа многу ЈАСНИ И МЕРЛИВИ КРИТЕРИУМИ за унапредување на судиите, и што е најважно, по стапувањето на сила на законот доследно и БЕЗ НИТУ ЕДЕН ИСКЛУЧОК се почитуваа од страна на судскиот совет.
За жал, по доаѓањето на СДСМ на власт, судскиот совет под притисок на владата ПРЕКИНА ДА ГО ПРИМЕНУВА ЗАКОНОТ и критериумите во него и оттогаш судиите се бираат како што било децении наназад, независно дали некогаш бирал судии Судскиот совет или претходно Парламентот. Коментарите на противниците на оваа реформа беа дека било премногу регулирано како никаде на друго место, дека Судскиот совет ја загубил важноста и само можел да констатира, а не и да има право на избор и слично.
Никогаш дотогаш, до донесувањето на законите и нивната примена две години потоа, немало таква прецизна и детална регулатива, што веројатно на многумина не им одговараше така да остане и потрошив многу енергија и време да ги убедам противниците на реформата најпрвин во сопствените и коалиционите редови.
Се воведе БОДИРАЊЕТО. Секој судија низ секојдневната своја работа зависно од учинокот добива или губи одреден број бодови кои тој си ги знае во секој момент и секој друг судија ги знае тековно бодовите на секого. Се воведоа квантитативни и квалитативни критериуми.
Дел од КВАНТИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ беа бројот на изработени предмети, но со ТЕЖИНСКИ ФАКТОР, кој како методологија го изработија луѓе од фелата и на тоа никој не приговараше (не може исти бодови да се добиваат за случај на мала сообраќајна незгода со скршен фар и на комплицирано убиство или судење на поголема криминална банда, за кои секако треба многу повеќе работа, читање, енергија, потрошено време, ризици итн кај судијата).
Воведовме и КВАЛИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ, а едно од тоа беше дали пресудата е потврдена, преиначена или поништена од повисок суд, па согласно тоа се добиваа или губеа бодови.
Имаше и многу други, многу прецизно утврдени детали и процедури, кои и денес постојат во Законот, но по 31 мај 2017, наместо по неколкугодишна пракса да се зацврстат критериумите онаму каде се забележале слабости, со доаѓањето на власт на СДСМ, се случува обратен процес.
Не тврдам дека се било идеално обмислено и спроведено, но за прв пат секој чесен судија имаше зацртан правец и силно охрабрување со чесна и макотрпна работа, со мотив за давање отпор кон влијанија да може да напредува. Ова беше прва фаза на спроведување, а идејата беше по утврдување на слабостите по неколку годишна примена, со дополнителна легислатива да се зајакне овој систем и да стане уште поправичен и по мотивирачки за чесна и ефикасна работа на секој судија.
Што се случи?
Наместо како што претходно во сите ситуации при унапредувањата се почитуваа резултатите од бодирањата како резултат на работата на судиите, потоа, по 31 мај 2017 и смената на власта, речиси во ниту еден случај не се почитуваат.
Така, ако се почитуваа законите, немаше деновиве да има простор за лобирања и одлагање на седницата на судскиот совет. Но, немаше да може, ниту Заев, ниту било кој од власта да ветува и исполнува унапредувања на судии ако пресудат по нивна нарачка.
Ќе се знаеше кој од кандидатите има најмногу бодови, односно кој најмногу и најквалитетно сработил, тој оди напред во кариерата (повисок суд или претседател на судот во кој работи). Сега може, како што и веќе се практикува во последните две и половина години, не само првиот, туку првите 10 највисоко рангирани/бодирани судии кои конкурирале за унапредување да небидат избрани, а да се избере на пример единаесетиот и триесетиот за судии на Апелација или од Апелација во Врховниот суд. Значи, без дури да се промени Законот кој го донесовме во ноември 2010 година, а стапи на сила две години подоцна, со враќањето на СДСМ се врати старата пракса на избор на судии. Не вреди да се прозива обвинителството да отвори истрага за ова грубо непочитување на Законот за судови бидејќи нема да го направат тоа. Несмеат. Бидејќи истрагата ќе заврши во врвот на владата.
Кој е денес мотивот на судиите во една ваква ситуација да судат чесно, правично, брзо и согласно закон. Нема таков мотив веќе.
Но има нов мотив, да судат како што ќе им кажат тие кои имаат моќ да лобираат затоа што тоа е начинот како може да бидат наградени, односно унапредени. Неважно е колку предмети и за колку време ќе изработат, ниту пак како тие ќе поминат на повисоките судови.
Сличен систем една година подоцна воведовме и за вработување и унапредување во админситрацијата. Таму, бидејќи не е двотретинско законодавството, новата власт го смени Законот за администрација и критериумите драстично ги разлабавија за да се вработува и унапредуваат со субјективни одлуки.
Но, штом никому не му пречи ова, нека се тера така...
Кој неверува за ова што пишувам нека провери. Се е проверливо. Кој не сака да верува, нека плука и наведува.

П.С. Неодамна објавив дека две недели пред апсењето Катица Јанева го задолжила обвинителот Пеливанов да преслушува снимки поврзани со Заев. Ми пренесоа дека имало реакции дека тоа не е точно, по што извршив дополнителна проверка и имам мала исправка. Имено, при пренесувањето на информацијата ми беше кажано дека нејзин близок соработник по потекло од Кавадарци го правел тоа заради што така напишав. Всушност, друг нејзин близок соработник од Кавадарци ја добил таа должност, еден од истражителите, извесен Атанас. И не две недели, туку еден до два месеци пред апсењето.
Но, поентата беше дека попусто го правеле тоа, затоа што Заев претходно, пред да ги предаде матерјалите во СЈО внимателно ги остранил сите компромитирачки за него снимки. Токму затоа и имаше огромно доцнење со предавањето на снимките на СЈО. Формално се предадоа еден месец по истекот на законскиот краен рок, согласно Законот за заштита на приватноста. Овој закон Заев одлично го знаеше бидејќи само една недела пред неговото донесување лично учествуваше во неговата подготовка и прифаќање одејќи во детали член по член.
Тоа е формалното предавање на аудио матерјалите. Неформално уште околу половина месец подоцна, кон средината на јануари, една вечер во фабриката за правење керамиди на Заеви ,,Еленица” во Струмица, Заев ги има предадено на Јанева лично на рака.
Потребата внимателно да острани се што е компромитирачки за него беше посилна од факот што порано или подоцна сите незаконски прибавени аудио матерјали во форма на копија и не споредена со оргиналот, како и не вештачени, ќе паднат во судска постапка во земјата или во Стразбург. Меѓудругото и заради прекршување токму на роковите за предавање на аудио матерјалите во Законот за заштита на приватноста.

П.С.2. Некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинетот со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер. Секогаш претходно Јанева доаѓа од официјалниот влез на владата. По средбата Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО со неа на чело. Предлогот бил, таа да се повлече за СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката со друг нивни човек на чело, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.
Јанева, која меѓудругото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: “ако одам јас, ќе одиш и ти”, што засега како што сите знаеме не е така. Сепак, Заев знае на што мислела кога го рекла тоа...
П.С.3. Неточна е информацијата дека зградата на град Скопје е премала да ги собере сите вработени, па од таа причина ќе се продава. Од разговорите со надлежните во минатото знам дека димензионирана е според потребите на Градот, плус со одредена резерва во просторот. Од тие причини, за да има повеќе резервен простор салата за седниците на Советот на градот била ставена во соседната зграда на “Водовод и канализација”, ЈП чии основач е градот Скопје. Информацијата дека зградата која е на 100 метри воздушно од владата, не е во центарот на градот нема да ја коментирам, бидејќи деновиве беше доволно изложена на подсмев во јавноста. Во зградата има дури и простор и за бројните новопримени партиски војници на СДСМ.



Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
(This post was last modified: 07-10-2019, 09:22 PM by ЈорданПетровски.)
07-10-2019, 09:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Nikola Gruevski
Yesterday at 1:56 PM ·

Исходот од изборите, лагите и Јемен

1. Најголем предизвик и најголем ризик на следните избори за опозицијата ќе биде да се спречат изборните измами кои власта со сигурност ќе се обиде да ги направи, односно да ги повтори од локалните избори, сметајќи дека меѓународната заедница после двата договора со соседите и промената на името, уште згора на се и доцнењето со датумот за преговори, ќе прогледа низ прсти на тоа и ќе и признае изборите со мали забелешки.
Од ова ќе зависи дали ќе има промена на власта. Доколку ова се спречи, доколку се спречи она што го направија на локалните избори во Октомври 2017 година (масовен поткуп на посиромашните гласачи - околу 100 илјади гласачи, закани, уцени и притисоци поединечно на околу 50 илјади луѓе, т.н. бугарски возови, поткуп, закана или уцена на набљудувачите на партиите и на изборните комисии, и.т.н.), тогаш, под претпоставка дека опозицијата ќе понуди квалитетна програма, кадар и кампања ќе ги добие изборите. Ова го знае и власта и затоа реши да оди на предвремени избори додека сеуште се свежи сеќавањата на меѓународната заедница за договорите, името, уставот и сл.
Се' друго е веќе антиципирано од мнозинството гласачи, од типот зголемени плати, пензии, социјалниа помош, субвенции, датум за преговори во март или во мај, членство во НАТО, изнудени пресуди, нови измислени афери, црна кампања и слично.
2. Лажните вести и генерално лажењето, станаа национален спорт во земјата.
Ме прогласија за мозок на прислушувањата кои самите тие ги организирале.
Ме осомничија дека сум се договорил со Заев за да дојдам во Унгарија и плус дека со Заев сум договорил да ми застари кривичното гонење за еден предмет каде сум обвинет дека сум сакал патот да се изгради побрзо за да добијам корист на изборите со повеќе гласови од гласачите.
Други пак оценија дека гонењето застарело бидејќи сум дошол во Унгарија, независно што ниту едно одлагање на рочиште не се случи заради тоа, а судењето е до пола.
Сум земал адвокат Албанец за да ги одолговлекувам предметите во суд.
Сум бил пред женење со некоја Унгарка.
Сум ги условувал пратениците да гласаат за промена на името.
Сум издавал државни тајни на унгарците за азилот.
Сум го раководел актуелното раководство на ВМРО од Будимпешта.
Сум и' ги направил најголемите злодела на Македонија.
Сум имал пет милијарди евра, две милијарди евра, милиони, билиони, трилиони....
И стотици и стотици други вакви работи.
И којзнае уште колку гадости нема да измислат во претстојните месеци во борбата за власт и читаност.
Лага до лага.
Па си ги преземаат меѓусебе различни медиуми лажните вести или лажните изјави, без никакви факти и докази. Се цитираат небаре некој открил несоборливи докази. Измамници и шарлатани го имаат окупирано медиумскиот простор до бескрај, а народот како да се навикна на сето ова. Па и многу од нас кои сме предмет на лажните вести, како да се навикнавме и почнавме да ги игнорираме.
Па се водат цели дебати, емисии, “експерти”, колумни, коментари, тези... со денови и недели... и се на лажна основа и лажна вест.
За докази, аргументи, факти веќе никој не ни помислува. Ни тие што пишуваат, а делумно и тие што читаат. Старомодно стана докажувањето?.
Ќе помине и ова време, но што болест ќе беше ова? Болест ли е, интерес ли е, или незрелост, или собирање кликови и зголемување читаност, или злоба и фрустрација од лична нереализираност, или некој мислат дека вака се води политика и се добива доверба, или се заедно.
Политиката во Македонија се претвора во натпревар на лажни вести, лажни етикети, навреди, обвинувања и интриги. И кој поуверливо ќе го направи тоа. За друго очигледно ќе почекаме. Колку помалку се создаваат позитивни работи во општеството толку повеќе растат и медиумскиот простор се пополнува со лажните вести и лажењето на јавните личности. Наместо конкретна понуда за народот, секој ден вака. Наместо борба со идеи и визија, борба со лаги и лажни вести. Секој против секого и без некоја продлабоченост макар и во лагите.
И секој ден вака. Неуморно и посветено. А наоѓаат и почва за ова. И после толку откриени лаги, илјадници луѓе сеуште земаат здраво за готово се што ќе им пишат и сервираат, па уште и денот им минува во коментирање на тоа.
Треба да одвојувам секој ден по неколку часа, со ова да се занимавам и да демантирам. И да станам како нив.
Каква држава станавме...
И не е само со мене вака, проблемот е поширок, иако нескромно ќе кажам дека сум еден од омилените за вакви нешта?
3.Унгарија изгради нов националнен стадион за околу 68 илјади гледачи - Пушкаш арена. Се чека Жерновски ?? да каже дали ќе падне ?.
(This post was last modified: 18-11-2019, 01:10 AM by ЈорданПетровски.)
18-11-2019, 01:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Nikola Gruevski
5 hrs ·
Вирусите на трендерот
Со жалење ги проследувам настапите на некои македонски политичари како последните на Стево Пендаровски, актуелен Претседател на Македонија.
Влечејќи една историска паралела не можам, а да не се потсетам на многуте такви кои продефилирале и потоа се заборавиле во македонската историја кои сакајќи да се допаднат и додворат на помоќните соседи, и самите себе и други политичари или во тие времиња револуционери од Македонија ги обвинуваат и се обвинуваат за се и сешто.
Некои тоа додворување го правеле кон Србија, некои кон Бугарија, некои кон Грција, Албанија итн а “наш Стево” кон кој ќе стигне.
Исто така гледам дека сериозно го фатиле два “вируса” истовремено од неговите колеги од СДСМ каде и реално припаѓа независно колку да сака да го доживуваме како “независен”.
Едниот “вирус” е опсесијата со мене, која е веќе очигледна во секој негов настап. Вториот вирус е говорењето невистини, а преку тоа и манипулирање.
Овие симптоми Пендаровски ги пројави уште во изборната претседателска кампања. Тогаш ги игнорирав и мислев дека можеби се привремени и ќе траат дваесетина дена, но сега е веќе јасно дека се хронични и тешко излечиви.
Затоа, барем повремено ќе одговорам на шупливите тези, невистини и манипулации, во кои кога онака како во транс ги кажува со целата сериозност во ликот, мислиш дека и самиот верува во нив...
Патем речено, понекогаш несвесно или можеби свесно, знае да ја каже вистината, па во тој контекст имам разбирање зошто цели 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога не беше Претседател на Македонија, дури и по поразот на претходните претседателски избори, немал ниту намера, ниту обид да си замине од Македонија во странство, а сега откако дојде СДСМ, а тој стана Претседател сподели со јавноста на целиот Балкан и пошироко со светот дека да не бил претседател и тој сега би си заминал од Македонија.
Најдоброто објаснување на ова негово чувство се чита од неодамна објавениот податок за иселувањата прикажан во следниот графикон објавен деновиве низ социјалните мрежи.

[Image: 78457580_10157926078537716_3474393096651...e=5E8B32D0]

Давајќи интервју за бугарската БГНЕС од оние парчиња кои се објавени како делови од интервјуто, склучениот договор за пријателство со Бугарија го престави како извлекување од изолација на Македонија од страна на Премиерот Бојко Борисов. Со овој договор да потсетам дека прифативме да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија. Прифативме дека имаме сопствена историја само после 2 август 1944 година. Не добивме признавање на македонскиот јазик кој и понатаму со пријателскиот договор за пријателска Бугарија останува еден од дијалектите на Бугарскиот јазик а во официјалната комуникација продолжува да се нарекува “македонски” но со додавката “според Уставот на Македонија”. Прифативме со комисијата за ревизија на историјата дека (ова е прашање на време), фразата во договорот “заедничка историја” всушност ќе значи бугарска историја. Не е тајна дека Илинденското востание, Бугарија не го претставува како заедничко востание со Македонците, туку како бугарско востание, односно востание на бугарскиот народ во Македонија. По името на Гоце Делчев и Јане Сандански имаат имиња на градови. Слушнавме и дека 11 Октомври нашите соседи го сметаат за битка помеѓу идеолошки спротиставените страни на левицата и десницата на бугарското население во Македонија. Пендаровски, а и македонското народ допрва ќе видат што сме прифатиле со договорот со кој Борисов не извлекол од изолација. Не знам дали Пендаровски не приметува дека до пред потпишувањето на договорот соседите се бореа за фразата “заедничка историја”. Сега ние се бориме за тоа. Ние се бориме Делчев да е заеднички а не само бугарски револуционер, на пример.
Впрочем неодамнешната резолуција на Бугарскиот парламент, прифатена од сите партии во парламентот до многу нови барања од кои се изненадени и најголемите подржувачи на бугарската кауза во Македонија, најавува во кој правец ќе се движи натамошното “извлекување од изолација”.
После овие ласкави комплименти Премиерот на Бугарија разбирливо јавно му се заблагодари, што е сосема нормално кога некого ќе го поразите “до колена” а тој потоа ве воздигнува колку сте му помогнале и колку тие што претходно давале отпор биле лоши. Верувам дека премиерот Борисов потсмевнувајки се во себе во духот на познатото поздравување од Пендаровски си рекол: “Љубави”...се претера... “.
Понатаму раскажува дека овој светол чин на “извлекување од изолација” се случил откако Македонија само што била излезена од еден “ригиден автократски режим на Никола Груевски” кој не бил само антизападен и антиалбански, туку бил и антибугарски настроен, опишувајќи дека во тоа време се што доаѓало од Софија било како во најлошите денови од комунизмот кога се кажувале вицови за Бугарите и сме се исмевале со бугарскиот народ. Сето тоа било реставрирано во времето кога јас бев премиер.
Боже, боже...
Па забрефтано како во транс продолжува дека Бугарија како држава, во времето на Никола Груевски не постоела.
Потоа изразува чудење дека организацијата која тврди дека е историски наследник на историското, како што тој вели “ВЕМЕРО”, отишла со таква антибугарска реторика и конкретно постапување.
На крај уште фалејќи се дека како експерт и професор одамна така зборел на студентите “закуцува” со уште една теза на која не знае човек дали да се смее или да се загрижи за нивото на познавање на историја на човек кој врши таква функција, велејќи дека најголема историска девијација било “лидерот на историското ВМРО Белград да му е поблизок од Софија”.
Подоцна кажува дека освен пристаништето во Грција (незнам зошто не Грција, туку пристаништето), Бугарија е нашата најблиска врата спрема Европа. Понатаму има и други трули тези и невистини, од типот дека било тешко да се направи договорот за пријателство, иако не објасни што е тешкото во едно двомесечно глумење преговори да прифатиш се што другата страна ќе те услови...

1.Прво околу историски дел.
ВМРО не припаѓала никому освен на народот и нејзините членови, војводи и комити. Ставајќи го во своето име зборот “внатрешна” лидерите на организацијата објаснуваат дека со тоа се нагласува дека таа не припаѓа на ниту една од соседните земји и дека со внатрешни сили ќе ја извојува слободата.
Не случајно во уставот на ВМОРО во членот 2 стои:
Организацијата им се спротиставува на стремежите за делба и освојување на тие области од која и да е држава.
Да, особено во втората половина од своето дејствување, организацијата се бори за ослободување на вардарскиот и егејскиот дел на Македонија под Српска и Грчка власт и речиси секогаш напаѓа легитимни цели на тие територии (полиција, војска, високи политичари на власт, ренегати, предавници и шпиони). Со Србија е во вистинска војна секојдневно нанесувајќи и огромни загуби, како и Србија кон нив. Да, ВМРО знаеле и да облечат бугарска воена униформа и да војуваат во состав на бугарската армија тогаш кога верувале дека по таа заеднички добиена битка, на тој начин ќе ја остварат својата цел и кауза. Соработувале и со Германија, Австроунгарија, Италија итн. секогаш со една цел, реализација на планот за слобода и автономија.
Но, кога Бугарија знаела да и застане на патот, организацијата знаела да се пресмета и со неа и со нејзините раководители.
Превземањето на Ќустендил и засрамувањето на бугарските полициски и воени власти, суровата физичка ликвидација на еден премиер(Стамболиски) и два министри за внатрешни работи на Бугарија, и многу други авторитети, како и многу други слични настани од тој период, укажуваат дека се додека Бугарија ја оставала организацијата непречено да се бори за својата легитимна цел (за што пак Бугарија често си имала свои други тајни цели и планови), ВМРО била во добри односи со неа, но кога ќе и застанела на патот во реализација на каузата, или кога била нападната, ВМРО и те како знаела да се пресмета со бугарската држава при што и загубите не биле само на страна на Бугарија туку и на страна на ВМРО со многу убиени и уапсени нејзини членови и раководители.
Впрочем, токму Бугарија го има ставано во затвор Тодор Александров, Александар Протогеров, кои по некое време успеале да избегаат од затворот и многу други дејци на организацијата. Токму Бугарија му одредува 9 смртни пресуди на Иван Михајлов по кои тој емигрира и токму Бугарија на крајот во 1934 година со својата полиција и војска го уништува ВМРО, преку бројни убиства, затворања и прогони.
Секако, тоа е под притисок и влијание на Југославија, но Бугарија е извршител на сето тоа и тоа е факт.
Оттука, ВМРО во различни периоди има различни односи со Бугарија и е блиска тогаш кога Бугарија не се спротиставува на нејзините цели и кауза. И истото важи за сите држави.

продолжува
(This post was last modified: 06-12-2019, 07:14 PM by ЈорданПетровски.)
06-12-2019, 07:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:2.По истата аналогија дејствувавме и ние.
Во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ ние се трудевме да бидеме во добри односи со сите соседи, но не по цена на националните прашања, негирањето на македонскиот јазик, малцинство, идентитет, од страна Грција и името, итн.
Секоја влада, а особено на мали и ранливи држави како Македонија би сакала мир и најдобри можни односи со соседите, па така и ние.
Гледано според бројот на средби, веројатно имавме приближно ист број на средби со Србија и Бугарија, дел од нив во Софија/Ќустендил и Скопје, дел во рамките на други настани како во Брисел, Келн/Бон, Букурешт, и повеќе други градови каде сме се наоѓале на други политички настани, но сме реализирале многу сериозни средби и разговори.
Оттука, тезата на Пендаровски, дека Бугарија непостоела во нашата надворешна политика е чиста лага. Единствено точно е што не се согласивме да потпишеме договор со кој иако кажано со по дипломатски вокабулар во истиот, ќе прифатиме дека до 1944 година сите наши претци биле Бугари, јазикот бил Бугарски итн, и токму тоа создаваше тензија во меѓусебните односи.
Лага е дека сме воделе антибугарска политика, освен ако нашето инсистирање да го признаат македонскиот јазик, историја и посебност не ги смета Пендаровски за антибугарска политика.
Напротив, со сите сили се трудевме да ги доближиме односите со Бугарија што повеќе, но секогаш пред нас стоеше уцената која Пендаровци ја прифатија и ја сметаат за сопствен триумф.
Непостои ниту една моја негативна изјава, ниту на било кој преставник на владата со која раководев против Бугарија или нејзините челници. Ако има таква нека ја најде и објави.
Причината заради која бевме прогласени за антибугарска влада од бугарските националисти, која потоа ја наметнаа и кај официјалните власти и која Пендаровски ја прифаќа и афирмира, заради која односите не беа на највисоко ниво на доверба и заради која не се потпиша договорот за пријателство беа само оние 3-4 точки во договорот поврзани со историјата, малцинството и јазикот кои ние не прифативме да ги потпишеме а сегашната гарнитура на власт прифати и заради кои во иднина Македонија ќе прифаќа многу други остапки врзани со веќе прифатеното.

3.Има уште многу нешта од овој дел кои ќе ги прескокнам, од типот дека ако се направел автопатот кон Бугарија досега, многу полесно ќе се расчистеле историските магли, или дека од Скопје до Солун се стасува за саат и пол, па дека ние не сме правеле амбиент до сега, не сфаќајки дека услов за амбиент беше да ги прифатиме барањата на Бугарија поврзани со идентитетот, јазикот, нацијата, малцинството...па дека сме ја злоупотребиле лустрацијата заборавајќи дека сите документи заради кој некој беше лустриран беа јавно објавени и достапни на интернет па секој можеше сам да прочита и да се увери дали отценката и одлуката на комисијата била исправна или не, а лустрираните секако имаа право и на постапка до судовите.

4.Со Бугарија треба да имаме блиски односи, бидејќи сме соседи и блиски народи, по многу нешта со векови поврзани и сме без посериозни јазични бариери. Треба да се гради инфраструктурата како што ние еднострано ја почнавме градбата на железницата кон Бугарија а со светската банка постигнавме договор за финасирање на експресен пат и направивме и целосен проект за тоа. Пред објавувањето на тендерот за изведувач на градбата се смени власта и тоа колку што знам остана таму каде го оставивме. Изградивме и посериозно енергетски поврзување(далеководот Црвена Могила - Штип).
Треба меѓусебно да се помагаме и соработуваме и денес и во иднина како партнери во НАТО и ЕУ.
И сето тоа е неспорно. Спорно е само што услов за сето тоа беа спорните 3-4 точки од договорот за пријателство кои актуелната власт одлучи да ги прифати. Граѓаните на Македонија и идните генерации нека ценат кој бил во право.

5.Тешки небулози се и тврдењата дека сме биле антизападна и антиалбанска влада.
Како тоа на таа антизападна влада во 2008 јавно и признаа дека ги исполнила сите критериуми за членство во НАТО и дека тоа ќе се случи штом ќе се реши прашањето за името? Влада која раководеше држава која беше де факто дел од НАТО со своите војници во сите мисии на НАТО.
Како тоа во 2009та година, а потоа секоја наредна година ЕК на таа “антизападна влада”, заедно со позитивниот извештај даваше препораки до европскиот совет дека Македонија ги исполнува критериумите да ги започне преговорите со ЕУ за полноправно членство и дека треба да се одреди датум за почеток на тие преговори. Дали антизападна влада тоа може да го постигне? “Антизападна влада” која изработи визна либерализација со ЕУ.
Нашето “антизападнаштво” произлезе само затоа што не ги прифаќавме условите кои сегашните “прозападни” политички елити ги прифатија пред се со преспанскиот договор со Грција и уставните измени а потоа и со договорот со Бугарија.
Затоа, бранејќи ги националните и државни интереси ние си навлековме куп проблеми и етикети за се и сешто иако правевме најмалку десет пати повеќе реформи од сегашната влада која одкако ги прифати сите услови на Грција и Бугарија за награда ги доби најдобрите епитети од Брисел(од ЕУ и НАТО), но на штета на националните интереси на македонскиот народ.

6.ВМРО никогаш не било ни антиалбанско но знаело соодветно да одговори на радикални вооружени групи нелегално влезени на македонската територија и со терористички намери и конкретни планови за тоа.
Гледано историски ВМРО имало континуирана соработка со Албанците на просторот на Македонија, па дури заеднички има организирано востание со нив во 1913 година(охридско-дебарското востание).
Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ албанскиот народ, секој Албанец во Македонија само добиваше.
Прв пат Албанците земјоделци добија субвенции, прв пат пензионерите Албанци видоа континуирано растење на пензиите и стандардот, прв пат невработените Албанци добија гринфилд инвестиции-нови фабрики во кои масовно се вработуваа, процентот на застапеност во јавниот сектор се дуплираше од 10 на 20 осто, просечната плата во нашиот мандат се дуплираше. Албанците во Македонија добија свои празници како неработни денови, а имаа и најголема можност за афирмација на она кое им следува по уставот поврзано со јазикот, културата образованието, како новиот универзитет Мајка Тереза на пример, итн.
Тоа што со години некој водеше црна пропаганда и демонизирање преку албанските медиуми на ВМРО, за во даден момент да може СДСМ барем да се доближи по бројот на гласови до ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и лажејќи многу Албанци да гласаат за нив, тоа е друга тема за друга прилика.


продолжува
(This post was last modified: 06-12-2019, 07:10 PM by ЈорданПетровски.)
06-12-2019, 07:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:7.Не кажа Пендаровски со што сме се исмевале на Бугарија и какви тоа вицови сме правеле како во комунизмот, бидејќи такво нешто не постои.
Човекот си го измисли тоа и мртов озбилен си го кажа.
Ако случајно мисли на филмот “Трето полувреме” претпоставувам знае дека премиер, па ни министер, не читаат филмски сценарија за кои филсмкиот фонд доделува подршка. Но, дури и за тие што читале, неразбирам дали Пендаровски смета дека трагедијата на Евреите во Македонија сами си ја направиле? Сами рано наутро во ист ден излегле од домовите и се качиле во возовите за Треблинка? Чија власт присилно ги изнела од домовите и ги депортирала? А тоа беше главната причина за реакција на официјална Бугарија, чие општество очигледно не беше претходно низ децениите подготвено за вакво соочување со историските грешки и заблуди на дел од нивните предци.

8.Гледате какви стандарди има Пендаровски?
Тоа било ригиден автократски режим.
Во денешната власт во која е и самиот тој и која за Пендаровски не е “ригиден автократски режим” првиот човек на извршната власт на државата две недели однапред јавно соопштува дека судот ќе го прогласи за виновен неговиот претходник (мај 2018). Подоцна јавно признава дека ургирал кај политичките преставници на коалициониот партнер за смена на претседател на врховен суд, по што таа смена се реализира.
Целокупната извршна власт, вклучувајќи го и самиот Пендаровски кој исто така е дел од извршната власт, порачуваат јавно на уставниот суд како треба да одлучи за ова или за она. Тие не коментираат одлуки на судот туку јавно ги нарачуваат.Можеме само да замислиме какви пораки добиле уставните судии приватно од овие лица.
Јавно и секој ден им се закануваат на судиите во основните, апелациските и врховниот суд со разрешувања, ветинзи, целосни реизбори и слично и сето тоа е за нив демократски.
Се назначуваат претседатели на судови и се унапредуваат судии надвор од Законот кој одредува предност за судиите со најмногу бодови засновани на нивната работа и резултати.
Судиите под притисок на извршната власт држат во затвор десетици лица со непостоечко дело тероризам, за што категорично негативно се изјасни и врховниот суд на Шведска, но што има да се следи Шведска кога ние го имаме Пендаровски. Тој и неговите се сега “врховниот суд на Шведска” во Македонија.
По судови и без докази се прогонуваат стотици членови на опозицијата, а Пендаровски тоа го продава како наводна борба со криминалот а вистинскиот криминал кој се одвива во моментот, рекетот и незаконското работење никој несмее да го дискутира и се прави обид да се сведе само на неколку личности кои до вчера ни ги преставува како ангели.
Сите поважни телевизии се под закана после кај нив влезените контроли и одземена документација од обвинителството. Претходно, за пример на другите медиумски газди еден сопственик на телевизија критички настроена кон власта се стави во затвор.
Сега веќе нетреба да се чекаат пресудите на политичките неистомисленици или конкуренти. Доволно е да се следат контролираните медиумите и тие кажуваат кој како ќе помине на суд. Тие кои имаат задача да ја подготват јавноста за нарача таа пресуда кај судијата за јавноста на крај да му аплаудира на судијата што го осудил “грешникот”. Па нив веќе и самите судии кои судат ги следат при носењето на одлуките. Пресудите јавно им се диктираат на судиите кои само треба да ги соопштат во судницата.
На локалните избори организирани од оваа власт имаше масовен поткуп на гласачи со директна асистенција на полицијата, поткуп и уцени на набљудувачите и изборните комисии, т.н. “бугарски возови” и масовни уцени, закани и заплашувања со посета на домовите на илјадници гласачи главно подржувачи на опозицијата со укажување или за кого да гласаат или да си седат дома на денот на гласањето.
Тој смета дека е правилно висок функционер на судот јавно да му се каже како треба да пресуди и се е тоа во ред, а поранешната власт била “ригиден
автократски режим”.

8. И конечно некоректниот настап на Пендаровски го видовме кога по одлуката на уставниот суд да покрене иницијатива која се однесува на прекинот на поголем број судски постапки кои ги направи претседателот Иванов, веднаш побрза, без никакви аргументи, докази па дури ни индиции, да ме прогласи мене дека стојам зад тоа, што секако е невистина. Тој дури отиде до таму што јавно почна да ми испраќа пораки, како и на судиите. Сам со себе си дискутираше.
Пендаровски не личи на претседател-државник, туку на старомоден балкански партиски водач кој политиката ја разбира дека нетреба ништо да се работи и сработи туку секој ден да се даваат некакви изјави и да се напаѓа со или без аргументи и докази. Стереотип на политичар за кој вистината не е важна, туку колку реторички поубедливо ќе се каже лагата или фикцијата,што почесто нешто да се говори за да се биде присутен секојдневно а тоа во моментот да звучи интересно.
Јас често давав изјави. Но, имаше причина. Еден ден реновирана болница, друг ден градба на гасовод, трет ден градба на пат, четврт ден намалени даноци, пети ден укинати визи за ЕУ, шести ден нов закон за бесплатни учебници за учениците, седми ден нова фабрика, осми ден прв пат воведена минимална плата, девети ден ново училиште, десети ден покачени пензии...итн.
Која е смислата на изјави полни со реторичка гимнастика во политиката а без ново додадена вредност, исполнета со лажни тези, шупливи тези и празни фрази и неточни информации, заснована исклучиво на себевеличење, обвинувања и етикети на противникот?
Која е смислата на изјави со ранливи тези кои можат да опстојат само доколку луѓето имаат проблем со памтењето. На пример драматурско повторување дека е против аболиција на политичари. Таа негова теза би имала смисла ако самиот тој небеше носител на листа на партија предводена токму од политичар кој добил аболиција.
Тоа е кога за некој важно е да се зборува само нешто што му се чини дека е во тренд и ќе има корист од тоа. Ако е во тренд некој или нешто да се напаѓа-напаѓај, ако е во тренд од нешто да се огради-огради се. А ако тие две работи се спротиставени, или спротивни на некои поранешни постапки, надевај се дека народот заборавил.
Дали ќе се извини за тоа и за сите други изнесени невистини? Не, тој е во сериозна фаза на “забегување” и мислам ќе оди во обратна насока.
Навистина недолично е за еден човек кој обавува ваква функција да зборува невистини, да излегува во јавност со непроверени работи, да манипулира со јавноста, да етикетира, па макар и за некој кој не му е политички омилен. Добро е да се градат добри релации со соседите но достоинствено и чувајќи го својот суверенизам и национални интереси.
Опседнатоста со мене неможам да ја ставам во истата категорија бидејќи е најчесто нешто што човек неможе да го контролира.

П.С. Враќањето на проектот купи куќа купи стан, исто како и враќањето на рамниот данок е чекор кој треба да се поздрави после талкање цели две три години и загубеното време.

П.С.2.Наместо субвенции за половни автомобили потребни се субвенции за електрични автомобили, паралелно со законодавство кое ќе ги обврзе бензинските пумпи, паркинзите каде се наплаќа и катните гаражи да инсталираат полначи на струја за овие возила и соодветна друга опрема. Оние кои и покрај субвенциите неможат да си дозволат да купат таков автомобил, би помогнале субвенции/ваучери за плински уреди особено на оние со Еуро 0,1,2 и 3 што ќе помогне и за почист воздух и за сериозни заштеди за финансиски заштеди на возачот.
Но, уште поважно е итно проширување на мрежата на парно греење насекаде низ Скопје каде ја нема и правење таква мрежа и во другите загадени градови. Онаму каде нема да може да се инсталира парно греење, особено во оние места каде ќе нема пристап до гас, замена може да се субвенции на уреди за греење на палети, но со многу посериозни износи од сегашните во буџетот. Загадувањето од греењето е околу 2/3 од целото загадување на воздухот.
06-12-2019, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Nikola Gruevski
21 mins ·
По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една.
Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува.
Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини.
Пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјави дека сум приватизирал фабрика за оружје во Србија. ОЈО веднаш побрза да објави дека за ова започнуваат истрага. Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага. Самата објава дека ќе има истрага за нешто кај многумина создава сомнеж дека нешто се случило. Затоа, коректно е да се објават и резултатите од таа истрага.
И уште нешто околу интервјуто на Десковска која изнесе неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ, на наводен неетички обид на мој адвокат.
Јас немам од мене ангажиран адвокат во Македонија за случаите на СЈО повеќе од една година. Тие адвокати кои порано сум ги ангажирал, имале, имаат и ќе имаат илјадници други клиенти чии интереси ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат.
Не личи на министер за правда кој претендира да биде сфатен сериозно да ја манипулира јавноста со фрази од типот “адвокатот на Груевски” направил ова или она, кога добро знае дека над една година немам ангажирано адвокат, а дека тие кои некогаш сум ги ангажирал денес бранат права и застапуваат многу други клиенти.
Десковска може што сака да мисли и зборува за мене, но не личи да манипулира со јавноста создавајќи лажна слика и перцепција дека јас сум ангажирал адвокат сега да поведе некоја постапка во некаква моја корист.
Ако пак има доказ за такво нешто, ја повикувам да го објави.
Всушност, тоа е исто како денес некој за нејзиниот сопруг да каже: “правниот соработник на Груевски (владата на Груевски) по прашањето поврзано со процесот кој Македонија го водеше против Грција во Хаг, денес направи ... “ ...тоа и тоа... Креирајќи перцепција дека ако некогаш нејзиниот сопруг, на професионална база, соработувал со владата која ја предводев и со мене лично како Премиер по одредени прашања за кои имал експертиза, ги застапувал интересите на државата и во тоа време си го завршил својот професионален дел во правец на одбрана на името и националниот идентитет, за што му бил платен хонорар, дека тој сега за сите негови чекори понатаму треба да се поверзува со мене.
Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен. Не е доволно само сериозно да изгледа. Народот ги цени зборовите и делата, фактите, искреноста, лагите и вистината а не само дали звучеле сериозно кажано кога се кажале.
А за барањето на извесен адвокат по националност Албанец, судот да му преведе се' на Албански јазик, ја упатувам на самата себе како висок функционер на СДСМ и министер за правда. Тие на неуставен начин донесоа таков закон, а не јас. Кога предупредував во парламентот, кога реагирав на неуставното работење на парламентот и неуставниот закон за јазиците, каде беше тогаш Рената Десковска? Молчеше! Функцијата и привилегиите и беа помили од интегритетот.
Нека се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг.
14-12-2019, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Nikola Gruevski
1 hr ·
Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.
Овој олигарх својата моќ ја создаде со користење на многу слабости на системот уште пред моето доаѓање на премиерската функција.
Од скромен и непознат релативно мал бизнисмен со мала градежна фирма успеал на некој начин да издејствува дозвола од државните органи да отвори универзитет каде според повеќе сведоштва забележани се случаи каде некои се спремни добро да платат за да дојдат до диплома.
Според информациите, се чини незаконската градба му била нормална работа, па и објектот на универзитетот му бил дива градба која успеал и како таква да ја стави под хипотека во една банка за кредит.
Ова се работи кои обвинителството ако сака може да спроведе истрага, да ги провери и разоткрие.
Подоцна на сцена стапува и силната медиумска подршка преку убедливо најмоќниот медиум во тоа време сопственост на неговиот поранешен сват исто така инволвиран во повеќеслоен милионски криминал за кој подоцна беше во затвор.
На крајот моќта ја заокружува и преку формирање партија со која го употребува гласачкото тело за да дојде до пратеничка положба како инструмент за освојување на поголема финасиска моќ и влијание.
Во фазата кога јас станав Премиер тој веќе во најголема мера ја беше изградил својата бизнис империја, а јас секако споделувам вина што институциите во времето кога бев премиер недоволно се фокусираа да го истражат неговото минато и да го разоткријат и докажат овој концепт на правење бизнис.
Сепак со стопирањето на дивата градба на објектот Космос, општината Гази Баба покажа дека правото во Македонија во тоа време за актуелни случаи функционира дури и кога станува збор за високо политичко лице-пратеник и претседател на парламентарна партија во тоа време.
Законот предвидува 10 години осуда за кривична одговорност за градење ваква дивоградба како Космос и наместо овој човек да го добие заслуженото, со политичка подршка и разни нему својствени методи, одкако ги загуби сите судски спорови за дивоградбата Косомос, успеа да дојде во ситуација да се представува жртва наместо престапник на Законот кој треба да е изнесен пред суд. Успеа да дојде и во ситуација да бара оштета од државата во вредност од 40 милиони евра, наместо да биде осуден за нелегално градење. Успеа да биде газда на универзитет, наместо државниот систем да направи истрага за начинот како ги заработил парите преку универзитетот и да сноси одговорност за она за што заслужува.
Згора на тоа велат дека на тој начин има влијание и контрола на голем број универзитетски професори и интелектуалци ставајќи ги некои од нив во ситуација јавно, политички, правно, пред студенти, медиумски, своите познанстава и личен авторитет да ги ставаат во негова заштита, кој кога зборува се прашувате како ли завршил средно училиште, а за повеќе од тоа неможете ни да помислите.
Со доаѓањето на власт на СДСМ овој човек за кого велат дека е голем љубител и посетител на казината низ Европа и светот, најпрвин успеа преку СЈО да му биде повлечено обвинението за дивоградбата Косомос, која службениците на општината Гази Баба навреме ја открија и со почитување на Законот ја стопираа.
Дека е дивоградба, самиот Цановски потврдил и писмено, барајќи од истата општина одкако го открила неговиот криминал во овој проект, да му биде промената градежната дозвола и да му биде прилагодена на дивоградбата.
Човек кој е чесен, кој е во право, кој работел законски, кој знае дека правдата е на негова страна, кој градел исправно и по закон, никогаш не би потпишал вакво барање со кое признава дека градел незаконски и моли тоа да му се прифати и озакони. Но Фијат потпишал и го доставил до општината Гази Баба.
Да, практично одкако не му успеале сите обиди за решавање на проблемот кој свесно си го создал кршејќи го Законот и алчно обидувајќи се да заработи повеќе пари, се одлучил да проба да го реши преку барање од општината незаконската градба да ја озакони и веројатно верувајки дека пратеничката функција, медиумското влијание, влијанието на интелектуалците кои ги контролира и политиката ќе му помогнат во тоа.
Но одговорот на општината чии службеници наместо да бидат наградени денес се прогонувани, бил дека непостои законска можност да се смени градежната дозвола бидејќи таа произлегува од Законот, од усвоениот ДУП и од правилникот донесен заедно со него.
Затоа, по формирањето на СЈО, овој снаодлив олигарх брзо нашол заеднички јазик со Катица Јанева, кај која видовме како одат работите, па истата експресно го повлече обвинението на обвинителството во судот кој на чуден начин неколку години го чуваше овој предмет “во фиока”, претпоставувам со многу добра причина која само Фијат ја знае.
Истовремено, плод на таа “родена нова љубов” меѓу Фијат и Катица беше и отворањето на случајот ТНТ, од кој од она што веќе и јавноста го говори, планот е со незаконско судење, да се дојде до огромен милионски износ на незаконско обештетување кој потоа би се распределил на сите кои помогнале во овој грандиозен криминален проект за незаконско испумпување милиони евра од државниот буџет, за чија реализација потребно е најпрвин неправедно обвинетите во фабрикуваниот случај ТНТ да се прогласат за виновни и осудат.
Нервозен што неправдата наидува на пречки и на отпор, на очигледно несогласување на поединци да бидат дел од едно вакво злосторничко здружување, Фијат Цановски денес даде кратка изјава со многу лаги и навреди во неа: дека се сомневал дека јас сум поткупил поротничка, дека сум му ја срушил зградата, сум бил на чело на мафија, се сум диктирал од Будимпешта и други лаги и невистини кои не за прв пат ги искажува.
И за крај да кажам, да не биде дека не е кажано.
Од она што го имам дознаено олигархот охрабрен од тоа што е дел од власта и веројатно во дослух со истата, на истите темели на Косомос повторно гради зграда, а криминалот и дивоградбата е токму во тие темели и подземни гаражи.
Тој веројатно се надева дека додека е на власт ќе изгради и продаде, па потоа ќе се заборави.
Да потсетам дека повлекувањето на претходното обвинение за дивоградба не е ниту застарено, ниту конечно.
А за новата градба, секако државата одкако ќе се реформира и ќе добие власт која работи по закон може да отвори нов случај и конечно овој транзициски лик да заврши таму каде одамна требаше да биде.
699Виктор Т. Кржески, Dime Kostov and 697 others
56 Comments22 Shares
  • [Image: 26993769_1556777957739957_23707678165091...e=5E932CAC]
    Jordan Petrovski Вие Груевски можете со едно интервју да ја срушите оваа власт и што е уште побитно да ги срушите и оние кои ја држат Македонија заробена сиве овие 30, односно 75 години. Да го сторите онаа што не го сторивте за десет те години власт.
    Се надевам се сеќавате што ви предскажав на нашата прва средба во Њу Џерси? Тогаш не го послушавте моето предупредување.
13-01-2020, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Nikola Gruevski
1 hr ·

За пратеникот - бизнисмен, за “Рекет” и за лустрацијата

1. Пратеникот-бизнисмен кој деновиве позачестено се занимава со мене, откако барем засега не успеа преку судството да ја “олесни” државата за 40 милиони евра, е пример за човек кој својата функција пратеник и политичар единствено ја подразбира како корисно средство за водење бизнис и правење пари.
Впрочем, не паметам да сум го видел на говорница или било кое собраниско тело јавно да ги претстави тие што го гласале и го пратиле за пратеник во собранието.
Очигледно е дека овој пратеник мандатот го користеше исклучиво за приватни потреби и можеби претставува пример од чие однесување треба да произлезат измени на Деловникот за работа на собранието.
Не знам дали земал некој тендер или не, но ќе кажам еден од многуте слични примери, па јавно прашувам дали е нормално пратеник кој истовремено е и бизнисмен, да оди по владини кабинети и да бара интервенции од политичари до одредени државни тела и органи за да му дозволат да отвори медицински факултет?
И дали е нормално, освен ако тоа не е вистина, кога на овој пратеник ќе му се кажело дека тоа што го бара не е можно, наместо да си замине, да се налути, да се навреди и да збесне кога ќе му се одговори дека за такво нешто не може да му се излезе во пресрет, прво заради принципиелни причини за немешање во надлежностите и работата на државните органи, а второ затоа што не би требало животи да спасува некој лекар кој завршил на факултет на кој секако може да се земе диплома со учење но и без тоа, бидејќи за газдата и така е можно.

2. Во врска со во последно време распространетите шпекулации дека сум имал некакви средби со лицето Бојан Јовановски во Будимпешта, а во контекст на случајот “Рекет”, сакам да демантирам дека тоа е неточно.
Според таа неверојатно измислена приказна, излегува дека јас сум ја контролирал и актуелната влада, нивни високи функционери и нивната верна 1Тв, која патем речено мене континуирано и најжестоко ме критикуваше...
Вистината е дека никогаш во животот не сум го сретнал ниту сум имал било каков посреден или непосреден контакт или комуникација со лицето Бојан Јовановски.
Бидејќи во шпекулативните приказни се спомнува и името на претседателот на Р.Србија, Александар Вучиќ, како и некакви српски служби, демантирам било каква комуникација со г. Вучиќ на оваа тема, било кога, или било каква соработка со српски или било чии други служби на било која тема.
Ако досега покрај политичкиот прогон, речиси секојдневно се соочувам и со изнесување лаги, шпекулации, клевети, невистини, манипулации, притисоци, малтретирања и уцени на мои блиски соработници за изнудување нивно лажно сведочење против мене и сл., можам само да замислам што се' ќе следува и што треба да очекувам во следните три месеци до изборите.
Народот треба да внимава за што и кому ќе верува. Актуелната власт во заминување ќе ги искористи сите нечесни и незаконски методи за да остане на власт користејќи лажна пропаганда која ќе има задача да шири лаги и невистини, ќе дава лажни ветувања на гласачите, ќе врши притисоци и уцени, ќе отвораат и водат лажни политички мотивирани истраги, ќе поднесуваат исто такви обвиненија, ќе врши притисоци за нарачани пресуди, ќе апсат неистомисленици и ќе одат дотаму што ќе врши масовен поткуп на гласови до обиди за лажирање на изборите.

3. Во врска со актуелните дискусии и обвинувања дека нечии лустрации лично сум ги нарачувал, сакам јавно да изјавам дека никогаш од ниту еден член на комисијата за лустрација не сум побарал конкретно лице да биде или да не биде лустрирано.
Да се нарача за човек што е невин да се лустрира и прогласи за кодош е еднаков голем злостор со злосторот кој го правеле самите кодоши и соработници на службите за време на комунистичкиот режим и такво нешто е не можам ни да помислам.
Имав доверба во комисијата и никогаш не сум побарал од истата такви неетички и незаконски дејствија за никого, независно дали бил мој политички поддржувач или најголем можен политички противник.
Гледано од личен и приватен аспект, трудејќи се да не се мешам во една таква болна и чувствителна тема, можам да кажам дека лустрацијата и моето не вмешување во истата, само ми наруши едно повеќедецениско пријателство со човек чиј брат беше лустриран, но и три други пријателства со луѓе со кои имав добра комуникација и соработка не знаејќи за нивните активности во минатото и дека по извесен период ќе бидат лустрирани од државната комисија.
Затоа денес, со крената глава и гледајќи во очи секого, можам секому кој ме обвинува да му кажам дека лаже и неосновано ме обвинува.
Кога тоа би го направил, кога би почнал да нарачувам било какви одлуки на комисијата за било кого, би се довел во положба да сум ист и поголем, не само од комунистите во комунизмот, но и тие кои денес се преименувани како социјалдемократи.
Тоа не би си го дозволил.
Денес прочитав еден текст на прераскажано сведоштво од дејствувањето на комунистите.
Еуфоријата, бесчувствителноста, нечовечноста, злоупотребите на моќта и злобата со која тогаш дејствувале се чувствува и денес и линкот од овој текст објавен на социјалните мрежи го ставам во овој текст.
Вистинска штета е што лустрацијата не се случи во раните деведесетти години од минатиот век.
Всушност тогаш, сеуште не беше доцна, освен лустрација за кодошите и соработниците да има и судски процеси за наредбодавачите и извршителите за направените злодела, убиства, тортури, мачења, монтирани судски процеси со незаслужени убиства, затворања и уништувања на луѓе кои не се согласувале со комунистичкиот режим или сонувале за самостојна држава Македонија, па затоа им ги уништиле животите и семејствата. Затоа денес, откако нивните претходници останаа неказнети, се повторуваат некои злодела од актуелната власт.
Мојот денешен политички прогон како и прогонот на моите соработници со кривично правни методи преку актуелните кривични постапки во Република Македонија, ги сфаќам само и на единствен начин, повторување на практиките од минатото, на тие кои не се истомисленици со сегашноста, со цел да се уништи нивниот и животот на нивните семејства, не со отворени ликвидации како во минатото, но со физичко отстранување од политичката и социјална средина, за да продолжат да владеат тие што владееле во минатото, а за жал и денес, нивните потомци.
15-01-2020, 09:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Nikola Gruevski
12 hrs ·

Нано Ружин
Деновиве во интервју за една телевизија Нано Ружин беседел дека новите правила за процесот за проширувања Макрон ги смислил “заради такви како мене” , односно да не му се појавеле како што вели Нано, “диктаторчиња како Груевски”.
Нано Ружин паметам дека своевремено молеше да остане мој соработник што подолго и тогаш говореше спротивно од ова. Тој си знае кога лажеше, тогаш или сега.
Како и да е, со оваа изјава Нано има повеќе цели, од кои примарна во моментот е да му се додвори на неговиот актуелен газда Фијат Цановски во време кога овој “елоквентен” бизнисмен јавно се конфронтора со мене со изјави и статуси, крајно разочаран што му се одложило планираното “пљачкосување” на државниот и народен буџет преку судскиоте органи, за околу 40 милиони евра, преку криминална шема на “поделба на пленот” со сите актери кои треба да помогнат во оваа валкана операција на грбот на народот.
Познавајки го Нано, намерно велам “неговиот газда” а не газдата на универзитет каде Нано е ректор, кој додека постоеше А1 телевизија на јавноста и се презентираше за најдобар универзитет во Македонија, но кога за прв пат дојдоа евалуаторите од универзотетот во Шанг Хај (најпознат во светот по рангирања универзитети на светско ниво), со цел да направат домашно рангирање на универзитетите, истиот го рангираа многу далеку од најдобрите. Тогаш се шегувавме дека тие од Шанг Хај најверојатно не следат А1 телевизија и сигурно се запознале со газдата на универзитетот.
Па така, повторното појавување во јавност и нападите кон мене од страна на Нано, ме присетија на годините кога ми беше непријатно да седам покрај Нано и да ги слушам неговите непрекинати, хиперболизирани, лицемерни и додворувачки поетични пофалби како за мене, така и за владата која ја предводев, “лигавења” кои единствено можат да се мерат со истите од тогашниот амбасадор Никола Димитров.
Тие сеанси на Нано скоро секогаш на крајот завршуваа со некоја “длабока” причина заради која ние требаше да се согласиме тој да се “жртвува за Македонија и за нејзината реформска влада” барем уште една година како амбасадор на Република Македонија во НАТО, во Брисел.
Упикувач и вовлекувач од редок вид. Срам - нула. Интегритет-никаков. Образ-ѓон. Драмски лик. Може во секој миг да влета во некоја политичко-сатирична пиеса на Нушиќ или Гогољ и одлично се вклопи во улога на дворски поданик или некој од оние користољубиви опкужувачи на некој кој има одредена моќ, и при тоа просто да не приметиш дека е уфрлен во пиесата.
Нема многу такви трагични и истовремено комични ликови на македонската политичка сцена каков што е Нано Ружин, една “дилајла” од редок калибар.
Патолошки зависен од функција, особено амбасадорска, но не би одбил никаква, каква и да му се понуди.
Одлучен и ,,родено дете,, да продаде за да е на функција и секогаш спремен “сериозно” да ја објасни оправданоста на таа постапка. Моралните вредности кога треба да добие или продолжи функција за него имаат тежина и важност како мало парче тоалетна хартија.
Се сеќавам дека во 2002 година кога тогашното водство на ВМРО-ДПМНЕ му понуди да стане амбасадор во НАТО (нешто за што тој претходно неформално по разни канали молел и лобирал), Нано без око да му трепне си ја напушти партијата СДСМ чии пратеник претходно беше, и “ја грабна функцијата со две раце”, па оттрча како амбасадор на НАТО во Брисел.
Од СДСМ веднаш го исклучија од партијата, а овој “патолошки фотељаш” се правдаше дека партијата(СДСМ) не му била доволно демократска и дека небиле за НАТО, а дека тој бил.
Нормално, претходно тоа никогаш го немаше кажано се додека додека не доби понуда за амбасадор од ВМРО.
Штом ја доби функцијата во 2002 година беше спремен се да каже и направи. Одеднаш стана сојузник, истомисленик и подржувач, на оние кои претходно ги презираше и јавно напаѓаше. Заборави и на партија и на идеологија, и на пратеничка функција, и на Бранко, и на Радмила, и на образ, и на се. Таков “безрбетник” и ситен интересџија ретко се среќава.
Паметам како тогашните политички челници во ВМРО-ДПМНЕ си правеа мајтап на негова сметка, од типот каков кариерист и муватор е типов, и што се им зборел против СДСМ чии актуелен пратеник беше во тоа време, кога намирисал функција понудена од конкурентската партија која до вчера јавно ја плукаше.
Во ВМРО, оние кои во тоа време, во 2002 година во партијата решаваа за кадровски политички решенија, некако им одговараше сето тоа, бидејки веруваа дека прават расцеп во опозицијата. Всушност само им помогнаа да исчистат еден лик со карактерни особини на стаорец, од многуте кои ги имаа и ги имаат и денес, чија водилка е само личниот интерес, функцијата и парите.
Кога јас станав премиер паметам како на сите можни начини молеше и се “гребеше” да му продолжиме уште некоја година објаснувајки колку многу баш тогаш е важно да остане таму за да се заврши работата со НАТО бидејки имал многу јаки позиции внатре во алијансата и многу го ценеле.
Врбуваше луѓе таму за да го фалат пред нас дека имаме одличен, нај-нај најдобар амбасадор, ни раскажуваше на долго и широко како се бори за Македонија и особено за тогаш новата влада, дека многу се бори да не прифатат во НАТО под уставното име, и кај да е може ќе ја биде, колку грците се за никаде, ама како тој редовно ги надмудрува, колку нашата влада паметно се поставува,.... филмови, филмови...... Се што мислеше дека сакаме да чуеме.
Незнам што ги лажеше за да не го разрешат и вратат од амбасадор Бранко, Хари и Бучко кога дојдоа на власт во 2002рата, сигурно ги воздигнувал до небески височини, ама знам дека потоа мене ми говореше се најлошо за нив, дека го уништиле СДСМ, дека е среќен што го исклучиле, дека ја уништиле и државата, дека и во НАТО се најлошо зборат за нив...итн
Се сеќавам дека главна фора му беше да ме начека во кола кога ќе стигнев во Брисел на аеродром, и наместо да каже нешто за средбата на која одам, тој прво силно се фалеше колку се бори за новата влада која ја предводев, како воодушевено раскажува за нашите реформи (раскажувсјки цели дијалози и реплики од разговорите кои ги имал), колку се бори за да добиеме покана за членство во НАТО, колку многу таму го ценат и почитуваат, за потоа по скоро саат монолог да замоли ако може да му продолжиме уште некоја година, оти сите ги знаел таму, многу го почитувале, многу бил влијателен и ќе издејствувал, да ги притиснат грците и да добиеме покана за НАТО. Сум сретнал и по некој друг амбасадор-давеж, ама давеж и вовлекувач од калиброт на Нано мислам не се заборава.
За него се збореше дека го користи дипломатскиот статус да купува и брзо да продава коли и гуми за коли со користење на дипломатските можности за неплаќање данок, за да заработи на разликата на неплатен данок, нешто што веќе го беа регистрирале и домашните власти и неформално беа укажале, кои колку што се сеќавам од раскажувањата на неговите надредени, дадоа дознание дека ако така продолжи може да реагираат. Тој го негираше тоа, а ние заглавени во секојдневната работа и проблеми не се продлабочивме во “инвентивниот”начин за правење профит со брукање на државата од таа амбасадорската функција.
Нашиот главен проблем беше што брзо одкако влеговме во владата, се претрупавме со работа и проекти, па не доволно внимание обрнувавме на некои ситни измамници улизувачки типови кои само ги интересираа личната придобивка и кои се подготвени на се, само да ја остварат личната цел.
Една од “легендарните епизоди” со Нано е кога во Букурешт траеше самитот неформално проструи информација дека Македонија не добила покана, Нано ни кажа дека ќе оди кај некој негов многу близок, добро информиран и влијателен пријател од дипломатите или од водството во НАТО да ја провери информацијата.
По 15тина минути го гледаме доаѓа безмалку со трчање. Вели: обратно е, донеле одлука да не поканат!!! Пријателот ми кажа. Сигурна информација!!!
Ние сите во делегацијата му поверувавме и за кратко се израдувавме.
Тогаш почнавме да гледаме дека имаме амбасадор кој е тежок “шарлатан” и кој цело време лажно се преставува пред нас и глуми добро информиран меѓу луѓе со искрен пристап кои наивно му веруваа.
Вака-така не само што си продолжи да биде амбасадор 2-3 години по завршување на мандатот, туку и жена му некако стана в.д. амбасадор во Мадрид, исто така ако добро паметам 2-3 години, во исто време додека тој беше во Нато во Брисел. Така што брачниот пар Ружин со задоволство во тандем работеа за владата предводена од мене, која денес Нано ја плука со најпогрдни зборови.
Како што сега ме напаѓа мене, така кога бев премиер ги напаѓаше челниците на СДСМ.
Затоа велам, вакви траги-комични ликови се редок вид.
Тоа е лик кој може да биде школски пример за тоа какви луѓе и какви карактери пред се, не треба да бидат во политиката и дипломатијата и добро е што веќе не е. Затоа сега си нашол нови муштерии во приватниот бизнис, како Фијат што му е сега.
Кога се врати во Македонија, веднаш се вклучи во ЛДП, нормално, за да добие нешто. И тие се налепија на неговите уверливи лаги и за кусо време го одбраа за нивни кандидат за претседател на Македонија.
Тој веднаш се трансформираше за 180 степени и почна силно да не напаѓа речиси како денес.
Арно ама, кога дојде време за собирање на законски потребните 10 илјади потписи како услов за да биде кандидиран, тој заедно со цела партија ЛДП не успеа да соберат ни 2 илјади потписи за “умниот” кандидат.
И тогаш се сети на старите ,,пријатели,,. Не му пречеше што во меѓувреме не нарече диктатори, режим, антинато ориентирани, криминалци, насилници, авторитарна власт, диктаторска итн.
Тропна на вратата на ВМРО-ДПМНЕ: ,,ве молам соберете ми потписи. Јас и онака ќе земам сдсмовски гласови а не ваши,,.
Кога еден мој соработник тогаш ми го пренесе неговото барање, го прашав: “добро, не му е срам на човекот? Ѓон образ...”
Веднаш потоа се сетив дека кога станува збор за личен интерес, Нано е опериран од срам, и дека навистина вмровците никогаш не би гласале за една ваква “дилајла” и трагикомичен лик....
За се понатаму и за многу други детали, во некоја друга прилика.



Вакви текстови може да пишува човек кој не бил ДЕСЕТ години на власт!
18-01-2020, 02:21 AM
Reply