Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЗАЕВ КЕ ЈА ПРЕЖИВЕЕ ОВАА БОМБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Не може некој да биде боксерска вреќа и да го правите салата: Заев нема да го разреши Рашковски


03.07.2019
Не гледам ароганција кај генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кога човекот јавно се извини, се извини до небо, тоа не е ароганција, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали ќе го разреши Рашковски.
Се работи за тендер кој е завршен во 2016 година и некој не сакал да го потпише, за тоа ќе има истрага и кривични. Рашковски имал апсолутно право да ги забрзува постапките.Секој кој е арогантен треба да понесе одговорност, но и да објасни. Не може некого да правите салата, тој има право да го заштити својот дигнитет. Не може некој да биде боксерска вреќа. Секој има право на човечко достоинство и право да го заштити своето достоинство- одговори Заев на прашањето дали Рашковски не е арогантен и кога најави тужби за новинари и медиуми.
Премиерот рече дека Владата нема никого да тужи.
03-07-2019, 02:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

(03-07-2019, 12:37 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Кажаното за Италинците .. исто како балканци. ЦИГАНИ е став на владата во случај владата да не го смени Рашковски!
 

[Image: 4.jpg]


Јордан Петровски 02.07.2019
Транскрипт од искажаното од Секретарот на Владата Драги Рашковски за Италијанците , која Драги Рашковски како ОВЛАСТЕН ПРЕДСТАВНИК НА ВЛАДАТА го искажал на 18 октомври 2018 година кога Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија Леонардо.

 
Quote:Со италијани лесно се договараш тешко исполнуваш, со Германците е обратно тешко се договараш, после лесно исполнуваш. Со италијаните ќе биде нема проблем, ама…исто како балканци. ЦИГАНИ


Денеска на прес конференцијата на која Драги Рашковски се обиде да ја симне вината од сопствениот грб но според мене направи за себеси и владата сериозен проблем кој несмее да помине туку така. Односно неможе да изостане за Драги Рашковски  политичка, дисциплинска - кривична одговорност.
Имено Драги Рашковски понуди докази дека тој бил ОФИЦИЈАЛЕН преставник на владата:

[Image: 6.jpg]
 
 
 
[Image: 7.jpg]


Значи Драги Рашковски ги ПРЕНЕСУВАЛ ставовите и мислењата на владата.
Па така и искажаното за Италинците ..... исто како балканци ЦИГАНИ е став на владата во случај владата да не го смени Драги Рашковски!!
Со оваа отпаѓаат сите закани за кривични пријави од страна на Рашковски за снимателот и објавувачот на раговорот, бидејки навредата кон Италинаите е искажана ПРЕД ПРЕДСТАВНИЦИТЕ на Италијанската фирма Леонардо!

Наравоучение за Рашковски и другите кои ке тргнат по неговиот пат:
Quote:Мајката не го тепала синот коцкар што ги изгубил парите на комар, туку го тепала што повторно отишол да се коцка за да се извади.
А синот наместо да се извадил изгубил уште. Така и Рашковски денеска според мене одговорноста за искажаната квалификација за Италијанците ја префрли врз владата и така се доведе во ситуација да мора да подесе морална и кривична одговорост за да владата се спаси од проблеми!!




Quote:Кој го врати Груевски

Темата дали Никола Груевски избегал во гепек или на шофершајбна е веќе излитена и отстапува пред неговата сѐ подолга сенка надвисната над Македонија.

Колумна на Арсим Зеколи.
   
[Image: 19347012_303.jpg]
Веќе не се сеќавам дали беше „началничкото” урлање на Мијалков или „циганските уши” на Јанкуловска како директен повод, но добро се сеќавам на тогашната констатација дека во часот кога нивните одвратни гласови затрепереа низ етерот, во тој ист час падна Владата на Никола Груевски. А со неа и она малку од мистичноста на политиката која административната елита ја држи на една или две столици на Нушиќ повисоко од плебсот. Се што следеше потоа беше мачна, агонична претстава во која на Груевски однапред му беше јасен траги-крајот, а на Заев хепи-ендот.   
Треба ли да кажам? Ако веќе инсистирате ... Владата на Заев е падната, во часот кога низ етерот проструија пцостите и џингоизмите на негата десна рака. За очекување е што пропагандистите на Заев подмолно се обидуваат да темата околу тендерите ја истакнат и ја развлечат низ бирократски магли полни со „одговорност, процедури, судство” и ја избегнат капиталната тема на анархичната неказнливост во Кабинетот Заев. Не велам дека местењето тендери не е битно. Но во очите на јавноста и ушите на граѓаните, просташтвото на Рашковски е дамокловиот меч кој и пресуди на судбината на Владата, на ист начин како тоа беше случај со Јанкуловска. Се што ќе следи е мачна, агонична претстава во која на Заев однапред му е јасен траги-крајот. Но за кого ќе биде хепи-ендот? За тоа – подоцна.
Како луѓе, родени од грев, вулгарноста е нераскинлива природа на нашето постоење. Која сакаме да ја надминеме, но кон која напати се подлизнуваме во час на анимозен гнев или копулативна присност кон одредена личност. Но, од каде сета оваа поплава на вулгарност кај нашите лидери вперени кон цели групи и народи? Вулгаризација поради која нашиот лидерски crème-de-la-crème се тетерави на граница – или дури под неа – на вулгарноста на обичниот народ. Навредите на Рашковски вперени кон Роми, Италијани и – машала! – цела јужна хемисфера, се само последните од редица искази поради кои мораме сосема легитимно да се запрашаме дали сме водени од најгрозните и најболните меѓу нас? 
[Image: 49443676_401.jpg]
Македонофонската јавност сеуште остана закината за преслушување на (тековниот) рецитал на простотилак, вулгарност, поганост и душевна заболеност на Али Ахмети и Муса Џафери вперени кон цели градови, региони. Па тоа тетовчани и гостиварчани да ти биле вакви, па косовари онакви, па скопјани никакви, па муслимани секакви ... Да не набројувам и ве поштедам од менталната заболеност на Али и Муса според кои сите во регионот се предмет на постмев, а само широкиот задник на коњот на Шемо е тотемски достојно за нивно вљубено воодушевување, фалење и поклонување. Вократко, парада на дегенерација на двајца душевно фрустрирани од безначајноста на нивната селска забит и карактерна баналност. Која во невозможност да ја надминат, ја компензираат со постмешливост кон сите останати. Тоа е ДНК психата на Ахмети и Џафери, вирусно индуцирана во деструктивноста на ДУИ, инфекцијски пренесена врз албанското општество  во посебност и Македонија во целост.
Изразите на Заев вперени кон "мрчаторите” се недоволни за негово квалифицирање во истиот кампус на провинцијската банална интроманштина како наведените му партнери. Но по линија на дедукција, спремноста на Заев за употребување на такви колективно вперени хејтерства во јавноста е доволен и несомнен индикатор за квалитетот на неговиот вокабулар во приватноста. И посебно во друштво со неговиот муртински Муса, генерален-секретар на нашата Влада. Чии искази за Ромите потвдуваат дека моралниот кодекс на Рашковски и Јанкуловска е составен дел на курто-муртинскиот пакет на орвелијанскиот double-talk – едно за пред камери, друго за по канцеларии. Патем, само лицемерите можат да се најдат непријатно изненадени со несразмерниот молк на "невладинството” при пцостите на Јанкуловска и оние сега на Рашковски, взаемно вперени кон Ромите. Еднсотавно, се е предмет на грантовите, доскора како ефект на „Декадата на Ромите”, денес како происход на буџетите од „Месеците на Заев-Рашковски”.
Оваа невесела реалност на кантар-грантовски измерена „свест и одговорност” ја дешифрира бизарноста на употребувањето на терминот „Циган” како дехуманизирачка дефиниција на инфериорност и суб-човечност базирана врз расните теории на супремација. Интересното во употребната вредност на тој термин е што истиот се користи како двослоен, дуплиран рацизам, деградирачка компарација во однос на трети групации со што се цели конструкција на супремацистичка пирамида. Тоа е суштината на поганоста на Рашковски во користењето на терминот „цигани” во однос кон Италијаните и се што живее под екваторот како директна цел на навреда. Во таквата употреба на терминот, „циганството” е негаторски разнебитено и од најелементарната, наниска вредност на суб-хуманоста,  сведено на орудие, огледало вперено кон вистинскиот објект на потсмев и негација на човечноста.

А сепак, нешто во сета приказна за користењето на терминот „Циган” едноставно не штима. Дотолку повеќе што во етно-идентитетска дескрипција самите Роми се комотно акомодирани во нивната прецизна дескрипција како - Роми. Што е повеќе од политички-коректна именка, туку е антрополошки пореална дескрипција на нивната генеза и потекло. Имено, генезата на самиот термин „циган” има многу помалку врска со самите Роми (по етно-антрополошка) линија, но по социо-полит-економска логика многу повеќе корелација со Рашковски или Јанкуловска. Имено, генезата на терминот „циган” не се поврзува со Ромите, туку со грчкиот средновековен термин (а)tsinganos, athinganos поврзан со еретичката секта на Фригиа и со буквален превод на „недопирливост, неприкосновеност”. Толку. Оставам на вас да донесете сопствен заклучок кој кај нас е Ром, а кој „циган”. Кој при  нас стигна пеејќи „Џелем-џелем”, а кој кукавички може да се сили и прчи додека дреме како недопирлив под заштита на "чадорот”.

Целата колумна тука: ДОЈЧЕ ВЕЛЕ
04-07-2019, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:РЕАКЦИЈА НА ЧЕПУЊОСКИ КОН ОБВИНУВАЊАТА НА РАШКОВСКИ

[Image: Kliment-CHepunoski.jpg]


04.07.2019
Со реакција за обвинувањата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кон него, се јави и разрешениот директор на техника во М-НАВ, на Климент Чепуњоски. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
- „Почитувани, во последните неколку дена, а особено на прес-конференција за печат, г-дин Рашковски изнесе цела низа на неосновани и невистинити обвинувања против мене.
Во насока на одбрана на мојата чест, углед и достоинство, а особено мирот на моето семејство, фактите и аргументите кои ги побиваат тврдењата на г-дин Рашковски ќе ги изнесам пред надлежните органи.“ – вели Чепуњоски во реакцијата.
(This post was last modified: 05-07-2019, 12:51 AM by ЈорданПетровски.)
05-07-2019, 12:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Нова аудио бомба за Драги Рашковски: Вечерва во 20:30 на „Лидер“

05.07.2019
Вечерва во 20:30, “Економски Лидер” ќе објави нови аудио снимки за спорната средба на генескекот на владата Драги Рашковски со италијанската компанија “Леноардо”.

На снимката има спорни делови кои даваат индиции за кршење на закони и кривични дела.
05-07-2019, 04:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Рашковски бара извинување и повлекување на текст објавен на expres.mk


July 5, 2019
[Image: .png?fit=300%2C194&ssl=1]

Генералниот секретар на Владата до expres.mk упати барање за извинување и јавно повлекување на текст
Во согласност со чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда (Сл.Весник на РМ бр.143 од 14.11.2012година) Рашковски бара Јавно Извинување на објавен текст на ден 28.06.2019година со наслов,, ,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра (Аудио + Транскрипт),, каде во насловот и целиот текст а особено со зборовите ,, ,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра (Аудио + Транскрипт) и зборовите ,, Во разговорот како што сами ќе забележите има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на генералниот секретар на Владата Драги Рашкоски,,, според него се изнесени невистинити информации кои содржат клевета и навреда, и повредуваат неговиот углед.
“Следствено на наведеното, а во врска на ублажување на штетата, по приемот на ова барање очекуваме во рокот определен со законот да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на текстот кои содржат клевета,навреда и повредуваат угледот на Драги Рашковски, како и истовремено да го тргнете предметниот текст од вашиот портал со наслов ,, ,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра”, пишува генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во дописот до expres.mk
Реакцијата на Рашковски се однесува на следниот текст

,,Генсекот” на Заев договара спорен тендер вреден 7 милиони евра (АУДИО+ТРАНСКРИПТ)


И Рашковски ја тера Грујовата. Вечерва ке му фрлат нова боба врзана за тендерот со Леонардо а тој бара извинување!



Quote:Нова аудио бомба за Драги Рашковски: Вечерва во 20:30 на „Лидер“

05.07.2019
Вечерва во 20:30, “Економски Лидер” ќе објави нови аудио снимки за спорната средба на генескекот на владата Драги Рашковски со италијанската компанија “Леноардо”.

На снимката има спорни делови кои даваат индиции за кршење на закони и кривични дела.
05-07-2019, 05:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:НОВА АУДИО БОМБА ЗА РАШКОВСКИ: Потивко! Не ни е дозволено да разговараме со „Леонардо“ – правите работи кои се предмет на истрага!



05.07.2019
Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот сеуште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот. Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“ која ја објавува „Економски Лидер“.
Откако минатата недела, порталот „Експрес“ објави аудио бомба во која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендер тежок 7 милиони евра за државната компанија М-НАВ и попатно користи расизам – утринава свиркач до редакцијата на „Лидер“ достави мемориски стик со аудио материјал на кој се содржат нови компромитирачки материјали кои даваат индиции за кршење на закони на Република Македонија и правила на ЕБРД.
Поради огромниот јавен интерес и сериозните индиции за кршење на закони на државава но и правила на Европската Банка за Обнова и Развој – доставениот материјал го објавуваме во целост.
Во снимката која беше доставена до нас, освен гласот на Рашковски се слушаат и тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.
Чапуњовски според снимениот материјал, му укажува на Рашковски дека не може да се прави записник за состанокот со компанијата „Леонардо“, затоа што тоа е против правилата на Банката (н.з се мисли на Европската Банка за Обнова и развој – која го финансира проектот). На неговата реакција се надоврзува и директорот Тасески.

Quote:– Ние не смееме да разговараме со нив пред да се прати „Letter of Award” (н.з. писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот). – му вели Тасески на Рашковски.

На ова, генсекот на владата, свесен дека е во центарот на нелегална активност, на Тасески му вели.

Quote:-Потивко, хахаха!






На прес конференцијата која Рашковски ја одржа во вторникот, откако Експрес го објави првиот дел од разговорот, тој го обвини Чапуњовски дека нелегално го снимил состанокот. Во вториот дел од снимката која ја објавуваме погоре , се слуша како тој пред претставниците на „Леонардо“, им наложува на претставниците на М-НАВ за „три дена“ да ја завршат работата и кршејќи ја одлуката на владата да се распише нов тендер, им наложува да го протне истиот затоа што „така се правело сегде во светот“.
Откако се слуша негодување од страна на Чапуњовски околу постапката и временската рамка, Рашковски со висок тон му вели да не го „дрибла“ и да ја заврши работата.

Quote:-Немојте да ме дриблате, и така правите работи кои што се предмет на истрага. – заканувачки им вели Рашковски на Тасески и Чапуњовски, свесен дека постои истрага за тендерот кој пробува да го протне.

На прес конференцијата на која Рашковски беше практично разобличен од новинарите, тој се вадеше дека овој тендер бил доделен од ВМРО-ДПМНЕ, но работите изглегоа спротивни и се потврди дека договорот бил потпишан три месеци по неговата спорна средба. Во исто време, тој „до небо“ се извинуваше за расистичките термини кои ги користи на средбата. Со втората бомба, паѓаат во вода неговите тврдења дека „се е легално“, ако се има предвид дека и самиот знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со комнпанијата „Леонардо“, затоа што во моментот на состанокот сеуште тендерот официјално не е добиен.
Во исто време, на прес конференцијата Рашковски истакна дека и покрај тоа што нема надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, тоа го правел затоа што бил задолжен од владата. Како доказ дека му било наложено, на новинарите им достави документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на владата на кој му се дава таков налог.
По втората аудио-бомба, и понатаму се провлекува прашањето зошто Рашковски вака агресивно инсистирал „за три дена“ да се заврши работата и дали спорните проценти кои се споменуваат во првата бомба се всушност провизија за тендерот? Во исто време, се поставува прашањето дали споменувата провизија е причината поради која Рашковски кршел закони и правила на ЕБРД и се среќавал со „Леонардо“, пред да испрати писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот?
Љупчо Златев
06-07-2019, 12:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Заев станал и судија!!



Quote:Заев: Да ги видам снимките, па ќе одлучам дали да барам оставка од Рашковски

06/07/2019

[Image: zoran-zaev-2-696x365.jpg]
Дали секретарот на Владата, Драги Рашковски ќе понесе одговорност и ќе треба да поднесе оставка, премиерот Зоран Заев ќе одлучи откако ќе ги слушне снимките и ќе ги разгледа документите по втората објавена „бомба“ за случајот со „М-НАВ“.
– Јас таму видов дека се спомнуваат некои записници, што само по себе потврдува што е суштината на самите состаноци, но дозволете ми да ги видам аргументите, да ги видам снимките. Јас внимателно ја следам јавноста за сите овие постапки. Секако стојам на ставовите дека, како што реков, не треба никој што добил задача, чест и одговорност да извршува јавна функција или да биде сервис на граѓаните да биде, на некој начин, боксерска вреќа – рече денеска Заев.
Тој потенцира дека доколку Рашковски се огрешил, има закони според кои ќе одговара но, има, како што додаде, и етички дел, „треба да се знае каде поминува границата или не“.
– Транспарентен сум, секој ден сум на располагање и ги коментирам случаите и мислам дека така заздравува и се усовршува Република Северна Македонија и сите институции и општеството и ние како граѓани – напомена премиерот.
06-07-2019, 09:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Со снимките се доведува во заблуда јавноста и се руши угледот на МАК-НАВ!


06.07.2019


Quote:Во врска снимениот разговор на состанокот во канцеларијата на Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, на кој присуствуваа претставници на М-НАВ АД и Леонардо, на 18.10.2018 година, а истиот објавен од лицето кое е евидентно од втората аудио снимка, со исечоци е доведена во заблуда целокупната јавност во Република Северна Македонија и со тоа е нанесена и штета на угледот на М-НАВ, како во домашната, така и во меѓународната јавност. На состанокот се разговараше по три точки од дневен ред кои претходно беа договрени: надградба и одржување на постоечкиот Леонардо АТМ систем, со цел подобрување на перформансите на истиот, потоа како втора точка одржување на постоечкиот радар од Леонардо кој е еден од радарите за давање услуги во воздухопловната навигација и последна точка на дневен ред информација за статусот на набавката на новиот АТМ систем на барање на компанијата Леонардо, стои во соопштението.



Од М-НАВ АД Скопје велат дека набавката на АТМ (Air Traffic Management) системот како најважна компонента од договорот за заем со ЕБОР е водена во согласност со Политиките и правилата за набавка на ЕБОР и е започната во 2013 година, при што експерти од ЕБОР, независен консултант од Франција и Еуроконтрол се континуирано инволвирани во целиот процес. Изборот на најниско евалуирана суштествено подобна понуда која ги задоволува тендерските барања (lowest evaluated substantially responsive tenderer) е направен од страна на евалуациониот тим на М-НАВ АД и истиот е поднесен на 25.05.2017 до Управниот одбор, а Одлуката по однос на прифаќањето на истиот е донесена од страна на претходниот менаџмент на М-НАВ АД на 30.05.2017. Договорот е потпишан од страна на Леонардо, правен следбеник на Selex ES, на 28.11.2018, а од страна на трите директори, членови на Управниот одбор на М-НАВ АД е потпишан на 14.12.2018. Целокупната понудата од датумот на поднесување на евалуациониот извештај од страна на евалуациониот тим на ден 25.05.2017, до датумот на потпишување на договорот на ден 14.12.2018, е непроменета.
Во врска со набавката на АТМ системот, М-НАВ ги потврдува фактите изнесени на прес – конференцијата од страна на Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија одржана на 2 јули 2019 година со наведување на детална хронологија на целокупната тендерска постапка, како што следи:


Quote:Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) е стратешки финансиски партнер на М-НАВ АД која финансиски ги подржува развојните циклуси на М-НАВ АД од 1994 година. По претходно спроведена постапка за долгорочно задолжување кај меѓународна финансиска институција, истата спроведена во координација со Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски, М-НАВ АД Скопје на 24.09.2013 година потпиша Договор за заем со ЕБОР за финансирање на “Проектот за модернизација на М-НАВ/ Надградба на македонскиот систем за воздухопловна навигација – втора фаза“ без обезбедување со државна гаранција, во износ од 11.150.000,00 ЕУР кој воедно е четврта кредитна линија склучена со ЕБОР, при што сите постапки и процедури за набавка се спроведуваат согласно Политиките и правилата за набавка на ЕБОР (EBRD Procurement Policies and Rules), стои во соопштението.


Со Договорот за заем од 2013 година, како што велат од М-НАВ АД Скопје, се опфатени повеќе проектни компоненти за набавка на комуникациски системи, радарска и метео опрема, а како примарна компонента е набавка, инсталирање и тестирање на АТМ Систем вклучувајќи и техничко-оперативна сала за истиот.


Quote:ATM Системот е примарен систем преку кој се остварува основната услуга на М-НАВ АД Скопје – давање на услуги на воздухопловна навигација во воздушниот простор над Република Северна Македонија со цел безбедно, редовно и ефикасно одвивање на воздушниот сообраќај, поради што како избор за Проект менаџер е назначен Извршниот Директор на Секторот за воздухопловна навигација. Набавката на новиот АТМ систем поради комплексноста на системот, по инструкции од ЕБОР и во согласност со Политиките и правилата за набавка на ЕБОР е спроведена согласно процедурата за отворена набавка во две фази, стои во соопштението.


Од  М-НАВ АД посочуваат дека во континуирана соработка со независниот консултант од Франција и Еуроконтрол ја изготви Тендерската документација – Прва фаза и на 30-ти јули 2014г. доби официјално Известување за одобрување на тендерската документација – “No objection” од страна на ЕБОР, по што на 1-ви август 2014 г. e објавена Поканата за доставување на понуди за прва фаза т.е. само технички понуди. Беа подигнати 14 тендерски документации, а пристигнаа четири (4) технички понуди согласно објавениот повик.


Quote:Евалуациониот процес е водeн во континуирана соработка и координација со консултантите и Еуроконтрол. Извештајот за евалуација на пристигнатите технички понуди – Прва фаза со предлог на три (3) селектирани компании за учество во втора фаза се прати на финално одобрување и добивање на “No Objection” до ЕБОР во jули 2016 година. Од страна на ЕБОР, на 25.10.2016г. е добиено финално одобрување на Извештајот за евалуација – прва фаза и продолжување со втората фаза од тендерската постапка согласно кое на 31.10.2016г. се достави Покана за доставување на понуди (техничка и финансиска) за втората фаза до три компании. На оваа покана одговорија две (2) компании, а евалуацијата на пристигнатите две понуди – втора фаза исто така се одвиваше во континуирана соработка и координација со консултантите, ЕБОР и Еуроконтрол, се додава во соопштението.


На 30 мај 2017 година претходниот Управен одбор на М-НАВ АД, како што е наведено во соопштението, го одобрува Извештајот за евалуација – втора фаза изготвен од Евалуационата комисија на М-НАВ АД и истиот на 6-ти јуни 2017 г. е испратен до ЕБОР на одобрување, со предлог да се прифати понудата на LEONARDO S.p.A. како најниско евалуирана суштествено подобна понуда која ги задоволува тендерските барања (Lowest Evaluated Substantionaly Responsive Tenderer).


Quote:Воедно, од страна на независниот консултант, на 7-ми јуни 2017 г. е доставено Писмо до ЕБОР со кое целосно потврдуваат дека севкупниот процес на евалуација (прва и втора фаза) е согласно Политиките и правилата за набавка на ЕБОР вклучувајќи го и предлогот да се прифати понудата на LEONARDO S.p.A. На 31.07.2017 година од ЕБОР е добиено финално одобрување “NO OBJECTION” на истиот. Во меѓувреме, Владата на Република Северна Македонија на 63-тата Седница одржана на 10.04.2018 г., по точка 68 донесе Заклучок да се ретендерира набавката на АТМ системот со изземање на зградата (техничко оперативната сала) од истиот која ќе се набави од сопствени средства на нова локација, но по добиениот Извештај од Бирото за судско вештачење дека вредноста на понудената цена за изградба на АТМ техничко-оперативната сала е во рамки на пазарните вредности, Владата на Република Северна Македонија на 96-тата Седница одржана на 22.10.2018г. донесе Заклучок да престанат да важат заклучоците по точка 68 од 63-тата Седница во однос на проектот за набавка на нов АТМ систем вклучувајќи и техничко оперативна сала за истиот. Letter of Award (Писмо за прифаќање на понудата) М-НАВ АД достави до компанијата LEONARDO S.p.A. на ден 31.10.2018г. во периодот на важност на понудата, следејќи ги Заклучоците на Владата на РСМ и согласно кое, потпишан е Договор за набавка, инсталирање и тестирање на АТМ систем вклучувајќи и техничко оперативна сала на 28.11.2018г. од страна на компанијата LEONARDO S.p.A., а на 14.12.2018 година истиот е потпишан и од страна на тројцата директори на М-НАВ АД, се наведува во соопштението.


Последователно и согласно Политиките и правилата за набавка на ЕБОР како и условите утврдени во тендерската документација, М-НАВ АД на 18.12.2018 година, како што стои во соопштението, достави Известување за неприфаќање на понудата (Notification of Not Award) до втората компанија учесник во втората фаза од тендерската постапка и воедно во врска со истото ги повика на консултативен состанок кој се одржа на 23.01.2019г. На состанокот беа образложени причините за неприфаќање на нивната понуда, а на 06.02.2019 г. од нивна страна е добиено официјално Писмо во кое потврдуваат дека одредени пропусти се направени при изготвувањето на нивната понуда, истовремено со надеж за соработка на идни проекти на М-НАВ АД со што целиот процес и формално е затворен. Како резултат на прифаќање на забелешките, втората компанија учесник во втората фаза не поднесе жалба.
Од М-НАВ АД Скопје велат дека ќе соработуваат со сите органи во Република Северна Македонија и ќе ги достават сите барани документи во постапките кои се водат или ќе бидат водени.


Quote:М-НАВ ќе ги употреби сите законски средства и ќе преземе соодветни мерки против сите лица кои го нарушиле или ќе го нарушат угледот и реномето на компанијата во меѓународната и домашната јавност, во најзначајните моменти за евроинтеграциските процеси на нашата држава. Истовремено го задржуваме и правото за водење на постапки за надомест на штета доколку таква ни биде причината, се наведува во соопштението од М-НАВ АД Скопје.
07-07-2019, 12:08 AM
Reply