Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ПОЛКОВНИК ИЛИ „ПОКОЈНИК“-УАПСЕН КОКИ ?? ДАЛИ ЈАНЕВА КЕ БИДЕ УАПСЕНА??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41



23-07-2019, 10:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Сашо Василевски, разрешениот генерален директор на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне. објави порталот А1он.мк 



[Image: anketen-saso-vasilevski.png?resize=452%2C220&ssl=1]
[b](
фото: имотниот лист на Сашо Василевски каде е упишан и споменуваниот стан)
[/b]
Quote:Сашо Василевски е познат како човек кој што бил на високи позиции и за време на претходната владејачка гарнитура најпрвин како кадар на НСДП од Тито Петковски. За време на првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година бил заменик министер за правда, а потоа и долги години член на Комисијата за полагање на правосуден испит за оттаму за време на “режимот” да добие два мандата како член на Советот на Јавни обвинители, за во август 2017 година на општо изненадување беше именуван за генерален директор на МЕПСО. Со што го задолжил Василевски кој добивал функции за време на “режимот” премиерот Заев да го именува за генерален директор на така значајна функција како директор на МЕПСО ? Дали Василевски како член на Советот на Јавни обвинители имал блиска соработка со Заев и Јанева во врска со прислушкуваните материјали  и дали Јанева била клучниот линк за Василевски да добие висока позиција ?

Од преписот во скопскиот катастар до кој дошле новинарите од „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра. 
Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар. Што се крие во големата разлика во цената ? 


Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот.

Quote:Извори од СЈО за „А1 он“ велат дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен. Сите решенија од СЈО се со потпис на Јанева. Од скопскиот кривичен суд рекоа дека за овие прашања може да одговори само СЈО, но и од таму одговор на прашањата досега не доставија. 

А1 он“ дознава дека станот во скопски Карпош на улица Орце Николов Василевски го купил со кредит од банка од 55 илјади евра, а останатите ги доплатил. Станот е ставен под хипотека, а банката ѝ ги уплатила парите на фирмата на Главчев. Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар. Од катастарскиот лист може да се види дека е впишана и хипотека на име на фирмата „Бтон“ ДООЕЛ од Гевгелија, за чија што продажба на станот, согласност дала и управителката на фирмата на Главчев, Наталија Чурлинова. Истиот стан претходно фирмата на Главчев го купила од осомничениот бизнисмен Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“, но за сума од 113 илјади евра. „А1 он“ провери во имотната состојба на Василевски во антикорупциската комисија. Тој лани во ноември пријавил дека купил стан кој вреди 80.000 евра, но не навел адреса и квадратура. 
Сашо Василевски за „А1 он“ изјавил дека станот го нашол на оглас и дека градбата била стара и затоа сумата била пониска. Не знаел дека се планира станот да биде опфатен за замрзнување од СЈО.

Quote:„Сè ви е објавено, Тоа се јавни податоци. На оглас, како да го најдам? Стара градба е тоа, затоа е цената таква“.

Василевски е поранешен член на Советот на јавни обвинители, кога за шефица на СЈО беше избрана Катица Јанева.
Во истрагата за случајот „Поштенска банка“ беше замрзнат огромен имот, освен станот што го купил Василевски. Замрзнат беше имот на печатницата „Европа 92“ од Кочани, „Ноел“ од Гевгелија, „Ноел компани“, „Бентон“ од Гевгелија, „Туристико“ од Кочани. Од извори во СЈО дознаваме дека на Главчев со согласност на Обвинителството, судот му го вратил пасошот во оваа истрага.
23-07-2019, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

(23-07-2019, 10:27 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Quote:Aleksandar Kiracovski
about an hour ago


Трендот на лажни вести мора да запре. 
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.
За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини.
Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!
23-07-2019, 11:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:Азамов истакна дека бил погрешно информиран и се извини на порталот и на Кирацовски за неговата изјава.


Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2019 11:21

Азманов му се извини на Кирацовски


Фото/Текст извор: ©магазин.мк
Откако Кирацовски се закани со тужба за бизнисменот Зоран Азманов, и побара извинување од него, па тој реши да му се извини на порталот Доказ и на екс генералниот секретар на СДСМ за искажаните обвинувања во вчерашното интервју за инфомакс.мк.
Азамов истакна дека бил погрешно информиран и се извини на порталот и на Кирацовски за неговата изјава.


Quote:Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс.


Извинувањето доаѓа откако „Доказмк“ му забележал на Азамов што го посочил Александар Кирацовски за наводно влијание врз уредувачката политика на порталот.
Бизнисменот Азамов во јавно во интервју обвини дека наводно бил рекетиран од поранешниот генерален секретар на владеачката партија.
Пратеникот Александар Кирацовски на социјалните мрежи напиша дека на хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината, мора да се стави крај.


Quote:„Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.
27-07-2019, 10:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Случај „Рекет“: Битолски бизнисмен платил 750 илјади евра за идеја за социјални станови

27.07.2019
Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал. Трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра. Дополнително сомнеж предизвикале учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.
Кога парите легнале на сметката, банката согласно законските обврски за спречување на перење на пари ги алармирале надлежните финансиски истражни органи. Тие отвориле постапка. Бабата на чија сметка стигнале парите пак заминала во една експозитура откако во централата на банката најавила подигање на целата сума. Пред да ги подигне парите. Првин платила данок од 10 проценти – со што алармот стигнал и до УЈП. Кога жената отишла да го подигне кешот, носела торба, а вработените првин мислеле дека таа е дојдена да си ја подигне пензијата, но потоа сфатиле дека станува збор за огромна сума која веќе им била доставена. Веднаш по излегувањето бабата со торба пари се качила во автомобил и заминала.
Истражните финансиски органи отвориле постапка и на распит ги викнале и бабата примател на парите и претставникот на фирмата која ги уплатила 750-те илјади евра. И двајцата имале иста приказна за причините за големата трансакција. И бизнисменот и скопјанката од меѓунаордниот сојуз кажале дека парите се дадени поради идејата за изградба на социјални станови, која ја промовирала жената на ден на идеи во владата предводена од екс премиерот Никола Груевски.
Неколкупати поранешната влада организираше викенд акции наречени „Ден на идеи“, на кои тогашните министри и премиерот разговараа со граѓани кои претставуваа сопствени идеи за определена состојба во државата. На тие манифестации, скопската пензионерка ја кажала идејата за изградба на социјални станови која била оценета како интересна и изводлива. Бизнисменот тврдел дека со парите всушност ја преземал идејата која подоцна била станала и проект на Меѓуанордниот сојуз на Боки 13, каде членувала и скопјанката која ги извлекла парите во кеш.
Во истрагата двапати исказ давал и Јовановски, кој тврдел дека станува збор за заеднички проект и дека парите биле уплатени преку лично име поради сопственоста на идејата. Истражителите се сомневале и на рекет, но бизнисменот тврдел дека станува збор за заеднички проект со меѓународното здружение, проект кој треба да заврши до 2020-та година. Имало и сомнежи дека бизнисменот само се обидува да извлече пари, но тоа е отфрлено затоа што поради рамниот данок и волку големи суми се оданочуваат со иста стапка од 10 проценти како што бил и данокот уплатен од бабата со идеја.
Поради исказите на вмешаните во трансакцијата, истрагата е оставена без завршеток, односно без осомничени, а ќе може да се отвори единствено доколку до 2020-та година не заврши проектот со социјални станови во Битола кој во моментот не е тргнат од нула. За овој проект дури и битолската градоначалничка Наташа Петровска имала состанок со Боки 13, но не ги прифатила условите на сега првоосомничениот за рекет. Градоначалничката вчера даде и исказ во истрагата на обвинителството.
Од обвинителството не откриваат детали за првичната истрага со 750.000 евра, и на кој начин ќе се користат тие сознанија во актуелната истрага.  

Миомир Серафиновиќ
27-07-2019, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:Branko Geroski
2 hrs · 


ОДГОВОРИ НА СЕДУМТЕ НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ШТО МИ ГИ ПОСТАВУВААТ ВО ВРСКА СО МОЈОТ ОДНОС КОН АФЕРАТА "РЕКЕТ"

Во неколку коментари на различни постови, Aleksandar Icokaev и некои други ФБ пријатели поставуваат важни прашања кои се однесуваат на мојот личен однос кон аферата "Рекет". Игнорирајќи ги навредите и клеветите, со задоволство ќе одговорам на седумте прашања што ги сметам за најрелевантни:
Прво, иако како и повеќе новинари знаев за постоењето на видео и аудио снимките што ги објави италијанскиот медиум "Ла Верита", јас лично ги немам слушнато додека не беа објавени. И не само тие снимки - самиот Заев многу добро знае дека никогаш немам слушнато ниту една снимка од неговиот сет "бомби", пред да ги објави јавно. Зошто? Затоа што знам што значи да се поседува или да се слуша ваков материјал пред да биде објавен - бомбата ноже да ти експлодира в рака! Затоа во моите написи во јуни, со кои ја обелоденив аферата, нема никаков опис на содржината на овие снимки, туку само предупредување дека постои цврст доказен материјал за рекетот, што се покажа како точно.
Второ, снимките датираат од февруари годинава, Заев дознава и пријавува во април (така вели, но би сакал да видам некаков записник од тоа пријавување во Јавното обвинителство), а јас за Коки, Кики, Фрики другуте почнувам да пишувам дури во јуни. Приказните ги склопив од повеќе извори и засега не се уверливо демантирани. Моите извори, се разбира, нема да ги откријам. Тоа е моја етичка обврска.
Трето, се разбира дека прв пат слушам и за италијанскиот новинар и за "Ла Верита". Со осомничениот Бојан Јовановски си имаме кажано едно "здраво" пред 1ТВ на моето гостување во премиерната емисија на Сашо Ордановски. Тоа е сė. Колумната на Боки 13 во "Слободен печат" ја нарача и ја менаџираше тогашниот директор Кошевалиски, со моја согласност, секако. Осомничениот Зоран Милевски Кичеец воопшто не го познавам. Од вечерта пред првото апсење за "Империја" до денес со Орце Камчев се имам видено на кратко два пати и немаме разговарано ни за "Империја" ни за "Рекет". Од неговите соработници еднаш побарав и добив изјава за аферата, што ја објавив во една од колумните. Тоа е сė во врска со моите контакти со главните актери.
Четврто, сите докази кои ги спомнав во моите колумни беа објавени од други медиуми во месец јули, кога беа уапсени осомничените, а јас бев на годишен одмор надвор од Македонија. Станува збор за двата спорни договора на Меѓународен сојуз со две градежни фирми, неколку меморандуми и неколку дописи. Дополнително, во врска со ова, објавени се искази и текстови кои ги потврдија наводите во моите приказни. Други важни докази не поседувам.
Петто, сė што знам и дознавам во врска со аферата "Рекет" го споделувам со моите читатели. Така било до сега, така ќе биде и во иднина. Го правам тоа не за "лична корист" или да се правам важен - никој за тоа не ми платил ни денар, а слава новинарска, фала богу, не ми недостасува - туку поради мојата обврска кон јавноста. Таа, јавноста, има право да знае. Моите извори ми веруваат. Затоа, чувствувам обврска да пишувам. А органите на прогонот можат да читаат и да реагираат по допрен глас.
Шесто, лага е дека сум сакал да се видам со Заев за да му кажам детаљи или докази за "Рекет" за да не ги објавувам. Јас не тргувам со информации и со влијание. Видовме на снимките кој го прави тоа и кој се фали дека за рекетот зборувал со Заев. Тој лик го инволвира Заев во скандалот (имам чувство дека допрва тоа ќе го прави). Јас не сум виновен поради тоа. Тој лик е другарче на многу другарки и другарчиња на Зоран Заев. Од нив премиерот да си го бара одговорот на прашањето кој му ја руши владата. Освен тој самиот.
И седмо, јас лично на ниту еден начин не сум инсајдер или дополнително инволвиран во аферата "Рекет". Од самиот почеток, кога ја отворив, одлучив да одржам професионална дистанца кон инволвираните и успеав во тоа. Така ќе биде и во иднина.
ПС. Знам дека после овој пост ќе има лавина коментари. Спремен сум да одговорам на било кое битно прашање. Но, сите хејтања и инсинуации ќе ги бришам, а авторите ќе ги блокирам, во рамките на мојата нова политика на одржување хигиена на мојот ѕид на Фејсбук.
14-08-2019, 11:43 PM
Reply