Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ БОМБИТЕ КЕ ГО УБИЈАТ БОМБАШОТ ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев ги заострува односите со шарените револуционери?

[Image: Sarena-Revolucija-696x371.jpg]


30.05,2019 Пишува: Насер СЕЛМАНИ 
Минатата недела пратеникот и еден од нејекспонираните водачи на Шарената револуција, Павле Богоевски поднесе оставка поради објавена снимка во која се слуша како преку мобилен телефон нарачува некаква наркотична супстанца. Со тоа, Богоевски како носител на јавна функција покажа одредена доблест и демонстрираше сосема нова политичка култура, според која функционерите мора да понесат политичка одговорност кога ќе бидат фатени на дело како кршат закон. Неговиот гест остави посебно позитивен впечаток во јавноста бидејќи во минатото ние бевме навикнати на примери кога високи државни функционери, за кои постоеја сериозни индиции дека извршиле тешки кривични дела, не понесуваа одговорност.

ЌЕ ИМА ЛИ МЕТЛА И ЗА ДРУГИ ШАРЕНИ?

Оставката на Богоевски беше изнуден чекор бидејќи тој беше доведен пред свршен чин и немаше никаков маневарски простор да се извлече. Како истакнат граѓански активист, ако не поднесеше оставка, ќе ги погазеше сите принципи за кои жестоко се бореше за време на Шарената револуција. Тој, исто така, не успеа да го издржи ниту жестокиот притисок од опозицијата и јавноста, која со право го прозиваше постојано дека купување дрога, без разлика за која цел била набавена, го прави недостоен да ја извршува пратеничката функција. Освен тоа, Богоевски мораше да замине од парламентот затоа што беше оставен сам да се справува со оваа непријатна ситуација. Власта не се осмели сериозно да застане во негова одбрана затоа што стравуваше за нејзиниот рејтинг пред граѓаните или пак можеби посакуваше негова политичка елиминација.
Треба да бидеме многу наивни и неупатени да поверуваме дека политичката егзекуција на Богоевски е случаен инцидент, во кој е вклучен еден „нафуран“ вмровски таксист, кој решил да го сними компромитирачкиот разговор за да му се одмазди поради неговата улога во рушењето на режимот на Груевски. По се изгледа дека Богоевски е жртва на метлата на премиерот Зоран Заев, која беше најавена по вториот круг на претседателските избори, кога се виде дека СДСМ губи гласови во македонското избирачко тело. Останува дилемата дали метлата на Заев ќе го зафати само Богоевски или ќе ги опфати и сите останати шарени револуционери, со кои СДСМ од почетокот на формирањето на владата има тензични односи поради суштинските разлики во спроведувањето на реформите и моделот на владеење. Можеби Богоевски треба да послужи како пример за сите останати шарени револуционери, кои играа сериозна улога во рушењето на режимот на Груевски. Пораката е сериозна, ако не престанат одвнатре да ги спорат владините политики, тогаш ќе бидат потиснати од власта.

ВЛАСТА Е ФРУСТРИРАНА

Но, шарените револуционери не се така лесен залак за Заев, кој со еден потег го реши целото партиско раководство, кое демек само се повелкло со цел да си даде можност за ревитализација на партијата. Заев треба да биде свесен дека судирот со шарените ќе го води во директен судир со меѓународниот фактор, посебно со американската администрација и со поголемите земји на Европската унија, кои имаат сериозен удел во финансирањето на невладините организации од каде доаѓа Богоевски. Во СДСМ веројатно разбираат дека критиките на шарените револуционери за начинот на владеењето на новата власт, не се само нивни, туку и на земјите што ги финансираат нив. Затоа тој треба да биде внимателен со оние кои на еден или друг начин му помогнаа да дојде на власт.
Не се исклучува можноста Заев свесно да ги заострува односите со меѓународниот фактор. Тој со право смета дека владата на СДСМ заслужуваше поголема поддршка од западните сојузници, како политичка така и економска, со цел да го амортизира незадоволството на македонското граѓанство по болниот компромис за името со Грција. Владејачкото мнозинство посебно е фрустрирано што иако македонската влада беше подготвена да плати висока политичка цена за договорот со Грција, некои земји на Европската унија уште се мислат да поддржат започнување преговори за членство со Северна Македонија. Ако навистина Франција и Холандија не поддржат преговори за членство со Скопје, тогаш тоа сериозно ќе ја разниша позицијата на владата на Заев, која тешко ќе се одбрани од ударите на агресивната македонска опозиција.

СУДИР СО СТРАНЦИТЕ

Во такви околности, на Заев му преостануваат малку опции на располагање за да преживува политички. Веројатно спас ќе бара во популистички политики и реторики со цел да го набилда партискиот рејтинг пред извесните предвремени парламентарни избори, кои најверојатно ќе бидат распишани за пролет идната година. Може да се очекува тој да ја вжешти реториката против Европската унија, која секогаш знае да носи политички поени кај македонското гласачко тело. Заладувањето на односите со странците, Заев ќе го оддалечи од политички и економски реформи важни за консолидација на земјата и целата енергија ќе ја фокусира на изборната кампања. Можно е да го одврзе ќесето, да ги зголеми платите на администрацијата и на социјалните давачки, иако можеби во буџетот нема да има простор за тоа.
Ако Македонија не добие датум за преговори, можно е СДСМ за изборни потреби да ги заострува и односите со ДУИ. Евентуалниот судир со Ахмети, неминовно ќе ги заостри и меѓуетничките односи, кои како по обичај ќе се инструментализираат за лов на  гласови. Ваквото сценарио е реално ако се има предвид што Заев се сретна со бившиот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој ако по нешто се памети од времето на неговото владеење, тоа беше умешноста да фингира меѓуетнички инциденти, кои ги користеше за добивање гласови.
Судирот на Заев со странците е можен и поради уште една друга причина. Можеби има сознанија дека странски дипломати имаат тајни договори со македонската опозиција. ВМРО-ДПМНЕ не го спречи усвојувањето на договорот со Грција и помогна да се избере Стево Пендаровски за претседател на државата. Ваквата кооперативност на опозицијата некој треба некако да ја награди. Како, ако не побрзо да се врати на власт.
Ова песимистичко сценарио може да го спречи само ако Европската унија даде датум за преговори за членство со Северна Македонија. Во тој случај целата политичка енергија ќе биде насочена кон преговорите со Брисел. За нивно успешно водење ќе биде потребна поголема соработка меѓу власта и опозицијата, ништо чудно и во форма на голема коалиција после предвремените избори на почетокот на идната година.
(This post was last modified: 31-05-2019, 12:34 AM by ЈорданПетровски.)
30-05-2019, 09:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Зоран Божиновски бара да се гони Заев за дистрибуција на бомби


[Image: Screenshot_20190530-215241_Samsung-Inter...C188&ssl=1]

30.05.2019
Новинарот Зоран Божиновски кој е еден од најголемите критичари на Никола Груевски и неговата влада сега бара институциите да започнат прогон на премиерот Заев затоа што ги прекршил законите.
Божиновски тврди дека премиерот му дал прислушувани разговори.
Тој вчера на судот му предал докази дека Заев направил кривично дело поврзано со бомбите и затоа мора и тој да биде гонет како што тој бара прогон за други луѓе.

“Вчера дадов на СЈО и на судот во судска процедура, бомби кои ги добив од премиерот! Нека го гонат него институциите на кои се повикува! Или за него ЗАКОН НЕ ВАЖИ!?”, напиша Божиновски вечерва.

Новинарот што долго време беше во бегство и во протвор поради случајот “Шпион” вели дека со аудио бомбите на Заев се правела политичка трговија а со нивна помош е формирана и монструозна влада.

“Со нелегална опрема се прислушувало нелегално, прислушуваните разговори изнесени и предадени на повеќе лица, со нив правена и направена политичка трговија, составена монструозна пржинска влада, донесен мафијашки закон за прогон на секој кој ќе објави макар еден прислушуван разговор, премиер повикува растурени институции да гонеле објавувачи…”, напиша Божиновски кој материјалите ги предал на судот.
30-05-2019, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Ел Чека се закани: Меѓународна истрага за Диво Насеље или ќе објавам пострашни бомби


30.05.19  
Човекот кој од Чикаго на фејсбук-профилот Ел Чека овие два дена објави неколку, досега необјавени прислушувани разговори, главно меѓу функционерите на ДУИ, најавува продолжување на неговите активности ако државата не го спроведе она што ДУИ го вети, а тоа е меѓународна истрага за кумановските настани.


[Image: 61517453_2187404544691873_47068127451005...70x838.jpg]

Во бомбите на Ел Чека се слушаат разговори наводно на високи функционери на ДУИ, почнувајќи од Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети…
Валдет Зекај, осуден на доживотна казна, Шефќет Халаќи и Сами Укшини или командант Соколи кои добија 40 години затвор за терористички напад во Диво Насеље, преку адвокатот Насер Рауфи барале да бидат известени медиумите дека тие ги поседуваат „бомбите“ . Тие наводно побарале од Ел Чека да ги објавува од Чикаго, каде што моментално живее.
На фејсбук-профилот Ел Чека има најави за уште поконтроверзни разговори на функционери од ДУИ, ако не се спроведе меѓународна истрага за овој случај.
Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако беше прашан за овие „бомби“ одби да даде каков било одговор
31-05-2019, 12:35 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Eл Чека до Ахмети: Твојот човек да се држи подалеку од моето семјство


[Image: 59737964_141700553633859_3382032307442417664_o.jpg]
30.05.2019
Човекот кој деновиве објавува „бомби“, претежно за функционери од ДУИ, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да се држи на страна од неговото семјство.


Quote:Да му кажеш на твојот човек да се држи подалеку од моето семјство, нема што да зборува со нив, ако почнете со закани спремајте се за бегање, вели во својот статус.
(This post was last modified: 31-05-2019, 12:58 AM by ЈорданПетровски.)
31-05-2019, 12:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Ел Чека со нови „бомби“: Или ќе бидат затворени криминалците од ДУИ, или Заев ќе падне!






31/05/2019
Продолжува објавувањето на „бомби“ на Фејсбук од стана на корисникот Ел Чека. Веќе неколку дена на неговиот профил има нелегално прислушувани материјали, во кои соговорници се функционери од партијата ДУИ. Утринава Ел Чека има објавено десетина бомби, и притоа најавувајќи дека ќе ги објави сите кои ги има, односно околу 6.000 на број.
„Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат, за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заев ќе падне!“, напиша утринава објавувачот на новите бомби.
Објавувачот вели дека не го крие својот идентите, и се наоѓа во Чикаго. МВР информираше дека го лоцираше него, и дека известено било обвинителството.
-Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста, велат од МВР.


[Image: el-cheka-fb.jpg]
31-05-2019, 12:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:“El Cheka” не запира, објави бомба и за пописот и Али Ахмети


May 31, 2019
[Image: Screenshot_20190531-092216_Facebook.jpg?...C250&ssl=1]


Меѓу новите неколку “бомби” што ги објави ноќеска и утринава профилот “Ел Чека” на Фејсбук има и една што се однесува на запрениот попис во 2011 година.
Во бомбата што ја објави Ел Чека вчера доцна навечер има разговор меѓу Али Ахмети и Муса Џафери во која се вели дека тие ќе ги загубат функционерските столици ако се открие колкав е вистинскиот број на граѓаните на Македонија.
Во другите бомби објавени во Чикаго, САД се зборува за Фазли Велиу, Агим Чеку, Фатмир Дехари за инвестиции, “приватизации” и други теми.
31-05-2019, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:„Бомбите" на Ел Чека отворија сомнеж дали во државата се уште се прислушува



[Image: o7ksf50bws5unugo6uvz.jpg]

Ирена Каревска31.05.2019

Новите телефонски разговори, кои на Фејсбук ги објавува лице под псевдонимот Ел Чека отворија сомнеж дали во државата се уште се прислушува. Во „бомбите" во кои во најголем дел таргет се функционери од ДУИ, има индиции за настани кои се случиле и по формирањето на СЈО и ОТА, посочуваат дел од познавачите, и ги повикуваат органите на прогонот да направат темелна истрага и да откријат дали и кој прислушува.
„Дел од овие бомби коишто се објавуваат се индиција за тоа, бидејќи ова е нов материјал, не е од пред десет, пет години. (Наташа: Нов материјал мислите од аспект на необјавени бомби или од аспект на тајмингот кога се снимени?) Од аспект на тајмингот, затоа што темите кои се третирани дел од нив се постари, но дел од нив се и после периодот којшто беше категоризиран во следењето на комуникациите и за што беше формирано и СЈО." - вели Шпетим Љатифи - универзитетски професор.
Eкспертите потенцираат дека мора да се истражи кој се` во државата поседува апарати се следење комуникации, но и како се користат државните системи за прислушување.
„Ќе се објавуваат и во иднина, затоа што тој процес државата сега дефинитивно не го прави, но треба државните служби да размислат дали има некој којшто тоа го прави неовластено, а бидејќи тие снимки не се така одамна, може да заклучиме дека дури и по формирањето на ОТА се уште продолжило во некои црни центри таква работа." - вели Никола Дујовски - декан на Факултетот за безбедност.
Од МВР децидни се дека нема нелегално прислушување со државните системи, а за сите други прашања, детали најавуваат откако во соработката со Обвинителството ќе ги истражат новите „бомби“.
Во меѓувреме, Ел Чека пак, во видео обраќање во јавноста, вели снимките ги добил од осуденици во случајот Диво Насеље. Неговиот фејсбук профил се уште е јавно достапен, каде продолжува да објавува нови „бомби“, заканувајќи се дека нема да престане, се дури не се отвори меѓународна истрага за кумановските настани.







Се прислушкува од службите .
Како што имаше свиркачи кои „свиркаа“ во корист на СДСМ нормално е да има и свиркачи кои ке прават „бомби“ во корист на други!
Кога безбедносните служби се пополнуват со партиски војници најнормална е вака појава!
(This post was last modified: 31-05-2019, 05:49 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2019, 05:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ЕЛ ЧЕКА СО ПОРАКА ДО ЗАЕВ: Ќе седнам на обвинителна клупа за „бомбите“, ако со мене седнеш и ти


[Image: el-cheka.png]


31.05.2019
Кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој преку Фејсбук објавува „бомби“ за функционери на ДУИ денеска со порака до Зоран Заев:
„Што се однесува до обвиненијата што се покренаа против мене поради објавувањето на неколку прислушувања на твоите владини колеги, подготвен да се вратам во државата што вие ја украдовте од нас и да излезам пред правдата, но под еден услов:
Ако и двајцата седнеме пред судот како што и двајцата сме го сториле истиот криминал, ти пред неколку години јас сега!
Ако сакаш да играме тогаш почнуваме да играме, бидејќи мојот тренер има тактика што не знае загуба!
Со почит Ел Чека“.
31-05-2019, 05:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Ел Чека: Како беше убиен Харун Алиу и кој е македонскиот полицаец убиен во Косово?


June 1, 2019
[Image: 9DD45B2A-C4FB-4306-9C85-1E59C1F4C423_w10...60x540.jpg]


Кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој преку Фејсбук објавува „бомби“ за функционери на ДУИ се огласи денеска повторно на социјалната мрежа. Тој пред неколку минути напиша дека наскоро ќе се знае вистината за убиството на Харун Алиу, поранешен лидер на партијата Национална алтернатива, кој важеше и за мозокот на АНА, а кој беше убиен во полициска акција во Радуша во 2010 година. Чека прашува и кој е убиениот македонски полицаец на Косово и зошто државата го скрила тоа убиство.
„Сведок ќе раскаже за стапицата на Харун Алиу, каде што ќе ја имаме целата историја на тој настан, местото каде што тие беа убиени, колку лица беа, како татко му го снабди со пиштол што беше купен во Урошевац 4 дена пред да биде херојски убиен, кој беше петтиот човек кој беше убиен и повреден во скопската населба “Мавровска” неколку дена пред тоа, кој беше македонски полицаец кој беше убиен од размена на оружје во близина на Елез Хан и зошто македонската држава ја скрила жртвата, зошто Харун Али го сметал Али Ахмети за главен непријател?
За сите овие, ќе имаме одговор на некој кој се уште има отворени рани од куршумите на државната разузнавачка служба“ напиша Ел Чека.



[Image: Untitled-300x291.jpg]


Претходно Ел Чека постираше нови пет „бомби“, а повторно се однесуваат на Али Ахмети и Блерим Беџети, а во едно од снимките се зборува за наводни закани кон „Алсат“ телевизија и весникот „Коха“.
Вчера кичевецот од Чикаго му пораша на Зоран Заев дека ќе се врати во земјава да му судат за „бомбите“, но само ако на обвинителната клупа седне и премиерот со него.
01-06-2019, 04:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:„Ел Чека“ ќе одговара за неовластено прислушкување и тонско снимање

03.06.2019
Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување  согласно член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривична постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава против едно лице за сторени кривични дела – Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 2 во врска со став 1 и за кривично дело – Неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик.
Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во Кичевското село Турин, но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот Фејсбук профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.
По проучување на наводите во кривичната  пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство.
Во меѓувреме, а имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија  во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали.
03-06-2019, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Бомбите на Ел Чека „мирисаат“ на СЈО и СДСМ

[Image: PSP-1200x630.jpg]

05.06.2019
Бомбите што ги објавува Ел Чека се дел од пакетот што ги поседуваше СДСМ, тврди специјалната обвинителка Катица Јанева. Дали сите разговори објавени од Ел Чека се истите што се и во депото на специјалното обвинителство, Јанева ќе може да потврди откако разговорите ќе биле преведени, бидејќи се на албански јазик.
– Има дел што е детектирано кај нас, а дел не. Така што бараме во тие разговори дали има, повеќето се на албански јазик треба да се преведат. Има дел од нив што ги има СЈО – рече Јанева.
Како бомбите стигнале до Ел Чека, односно како завршиле на пазарот во Косово нема одговор. Јанева не може ниту да гарантира дека не се изнесени од СЈО
-Дали може да гарантирате дека не се изнесени од СЈО?
-Не, не можам да гарантирам, тоа се уште се истражува.
Сега се наметнува прашањето кој има копии од нелегално прислушуваните материјали, досега и Јанева и премиерот Зоран Заев тврдеа дека сите бомби што ги имала тогашната опозиција се во депото на СЈО.
Пред една недела, на фејсбук профил на извесен ЕЛ Чека почнаа секојдневно да се објавуваат бомби за функционери на ДУИ. Таканаречениот анонимус тврди дека прислушуваните разговори ги добил од обвинетите за тероризам за кумановското Диво Насеље. Ел Чека и на македонските власти и на Интегративците им порача дека, од ништо не се плаши и ќе продолжи со објавување на нелегално прислушуваните разговори.
Катерина Гетева




05-06-2019, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Заев: 100% гарантирам - Ел Чека не „пука" со бомбите на СДСМ


[Image: zaevisplasen.png?itok=Th3nX_c9]
Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека бомбите не се излезени од СДСМ.
 
 
Посочи дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.
 
 
– Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува, изјави Заев.
 
Претходно од Владата рекоа дека немаат коментар за бомбите, додека од СЈО по изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева, која рече дека не може да гарантира дали бомбите кои периодов ги објавува Ел Чека, се истите од СЈО, рекоа дека била погрешно протолкувана и дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага.
- „И во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите", велат од таму.
За потсетување, Ел чека објави 10 бомби од ДУИ и се закани дека ќе објави 6.000 нови бомби.
- Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на албански јазик.




Кога Заев гарантира дека не се од него, тогаш 102, 7% се од него бомбите кои ги емитува ЕЛ ЧЕКА!!
06-06-2019, 11:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Одекна нова „бомба“, овојпат за „Монструм

08.06.2019
Разговорот е за апсењето за случајот „Монструм“ и со цел пропаганда дека наводно убијците избегале кон Косово!
Klani Zajazit објави нова „бомба“. Според сајтот, видеото е обезбедено од Сами Укшини (Соколи), Вал Зека, Шек Халаќи и Ел Чека
„Во разговорот се слушаат гласовите на Орце Камчев, близок соработник на Мијалков, олигарх во Македонија, на кого му е даден пасошот од органите на РСМ иако е во процес, како и Оливера Трајковска главен уредник на една ТВ во Македонија!
Разговорот е за апсењето за случајот „Монструм“ и со цел пропаганда дека наводно убијците избегале кон Косово! Тука јасно се гледа како преку новинари тие прават лажни вести и за убијците на младите Македонци кои велат дека се од Грција и Бугарија!
Зошто македонската држава му даде пасош на Орце Камчев кога знае дека тој човек е криминалец од прва рака?“, пишува Klani Zajazit.
08-06-2019, 02:30 PM
Reply