Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОВА НЕ Е КЕЈНЗ ТУКУ Е МАРКС
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,416
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

14 мај 2019, Скопје -
На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра), од кои во текот на месец мај ќе се врати износ од 2,9 милијарди денари (46,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,3 милијарди денари со камата од 0,80%, 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,70% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 3,20%.
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплатија во текот на месец мај се 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 219 милиони денари со камата од 4,60%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 425 милиони денари со камата од 2,10%, 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 550 милиони денари со камата од 1%, а пак утре се отплаќаат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1%, 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 160 милиони денари со камата од 4,60%, додека пак на 18.05.2019 се отплаќаат 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 535 милиони денари со камата од 2,10%.
Во текот на месец мај по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,9 милијарди денари или 46,9 милиони евра.

Министерство за финансии


Quote:Jovanco Spiroski
2 hrs ·

Владата продолжува со политиката на зголемување на долгот, на последната аукција се задолжи со 80 милиони ЕУР, од кои што 33.1 милиони ЕУР се нов долг (линкот долу). Ова според нив е во согласност со Кејнз, но да е тој жив на клоци ќе ги кренит, бидејќи во суштина ова не е Кејнз, него е Маркс. Кејнз пропагирал да се оди во дефицит САМО во услови на рецесија, а не постојано како сега. И за да се стимулира економскиот раст Кејнз пропагирал намалување на даноците, а не зголемување како сега.
Зошто е Маркс? Според марксистите што се претставуваат како економисти, зголеменото државно трошење го стимулира економскиот раст, што е погрешно. Не се создава нова вредност само со зголемено трошење, недостига размената, ја забораваат бидејќи немаат што да понудат. За да се финансира зголеменото државно трошење се зголемуваат даноците и другите државни давачки, и воедно зголемува долгот, што пак не носи кон зголемување на даноците. И сето тоа трошење на политичарите и другите државни паразити го плаќаат работните луѓе, бидејќи тие се тие што создаваат. Основната премиса на социјализмот се базира на трошењето пари што други ги заработиле.
Понатаму, не постои економска школа која што комплетно ја опишува економијата, и буквално никоја од школите не разбира како економијата функционира. Зошто и воопшто постојат толку економски школи кога економијата е една. Сега последно станува актуелна ММТ (Modern Monetary Theory) која пропагира дека владите може само да печатат нови пари за да ја покријат нивната зголемена потрошувачка. Секако оваа теорија е поддржана од марксистите што се претставуваат како економисти, бидејќи му дава уште поголема моќ на политичарите и го оправдува нивното трошење. Како оправдување се користи фактот дека со Квантитативното Олеснување (QE - Quantitative Easing) кое се спроведе од Централните Банки како одговор на последната глобална криза не се јави очекуваната инфлација. QE е досега најголемото зголемување на монетарната маса (печатење пари што би се рекло), а во суштина беше трампа, долг за кеш.
Што не разбираат марксистите во случајов е судирот помеѓу фискалната политика (Владите) и монетарната политика (Централните Банки). Како да се јави инфлација со зголемување на монетарната маса кога владите (политичарите) ги зголемуваат даноците и ја уништуваат светската економија создавајќи масивна дефлација. Во случајот на САД, бидејќи светот е во дефлационен тренд, а САД со Трамп се единствена економија од глобалните која што го држи светот во моментов, USD е најбарана валута, светот едноставно ги шмука доларите. Но, што кога тоа ќе се промени, целата теорија на ММТ паѓа во вода? Ок, пред да се дојде до тоа, USD ќе отиде на рекордно високо ниво, и само толку јакиот USD ќе го скрши глобалниот монетарен систем, веќе видено. САД никогаш, и сега, не сакале јак USD, за да се зголемат профитите на компаниите и има трговски суфицит, а тоа е можно со слаб USD.
НИКОЈ од политичарите и академиците не сака да го разбере аргументот дека долговите создадени од политичарите се основата на проблемот. И дека не е можно да се реши тој проблем со уште поголемо зголемување на долговите (постојани дефицити), или пак со печатење на нови пари. Ниту пак упорно луѓето не сакаат да разберат од историјата и сегашноста дека марксизмот НИКОГАШ не функционира.
Последиците се очигледни, рапидно зголемување на дефицитите и долговите. Тоа ќе повлекува девалвација на валутите, но очигледно сите валути не може да бидат девалвирани во исто време. Тоа ќе повлече појава на инфлација и политичарите на почетокот нема да ја разберат и дури прикажат како економски раст. Централните банки нема да може веќе да ги држат ниски каматните стапки. Инсолвентноста на владите, заедно со зголемувањето на монетарната маса (кое во ЕУ и Јапонија не запира) ќе ги колабираат пазарите на државни обврзници (ЕУ и Јапонија фактички веќе ги уништија сопствените пазари на обврзници), и раст на каматните стапки. Централните Банки потполно ќе ја изгубат моќта да ги контролираат каматните стапки. Финалната фаза на пропаст на марксизмот на западот, дефлациона имплозија на државните долгови, и пропаст на социјалистичките елементи (државните пензии, државните социјални фондови, фактички све што е изложено на државните долгови).
Македонија, ако драстично не се променат сегашните политики итаме забрзано во центарот на огромното невреме. И сме во уште понезавидна положба бидејќи Мкд е периферна економија, и фактички се нема развиено вистинска економија. Во основа економијата на Мкд се потпира на долгот на владата. Кога долгот ќе колабира, се руши кулата од карти. Има решение, како всушност да се излезе можеби дури и појак од наредната криза и фати од почеток следниот глобален бран на економски раст. Можеби е дури и подобро реформите да се спроведат после банкротот на владата, бидејќи тогаш полесно би поминале, тешко болниот не прашува кој е лекот. Но, кога и дали воопшто би се спровеле очајно потребните коренити реформи во Мкд??? Ако ние самите не го бараме тоа, СИГУРНО да не се очекува од досегашните политичари.
21-05-2019, 01:35 PM
Reply