Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ БЛИЖИ 20.06, ДАЛИ КЕ ИМА ИЛИ КЕ НЕМА ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1








(This post was last modified: 13-05-2019, 10:46 PM by ЈорданПетровски.)
13-05-2019, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



13-05-2019, 10:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(13-05-2019, 10:40 PM)ЈорданПетровски Wrote:





13-05-2019, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ЕУ ЌЕ ИСПОРАЧА ДАТУМ ВО ЈУНИ ИЛИ ЈУЛИ, МЕРКЕЛ НЕ Е ПРОТИВ, ВЕЛИ ЗАЕВ

7 јуни 2019

[Image: zaev-merkel-makron-2389893289.jpg]
Зоран Заев со Ангела Меркел и Емануел Макрон на состанокот со лидерите од Западен Балкан во Берлин на 30 април. (Фото: Влада на РСМ)

Информацијата дека германската канцеларка Ангела Меркел е против доделување датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија е стара, рече премиерот Зоран Заев на отворањето на реновираниот оддел на Клиниката за пластична хирургија, коментирајќи ја веста објавена од повеќе медиуми, повикувајќи се на „Зидојче Цајтунг“.
Тој кажа дека очекува во јуни или јули да добиеме датум за преговори за членство во ЕУ и дека тоа е достижно.

„Разговаравме со пратениците од парламентарното мнозинство и самите се свесни дека тоа нема да биде одржливо ако не добиеме датум. Но, оптимист сум дека ЕУ ќе испорача. Одам следната недела на средба со канцеларката Ангела Меркел, која беше тука и за референдумот да ни даде поддршка, и таа не е против“, рече Заев.


На прашањето дали ќе преговара и со опозицијата ако не добиеме датум, тој кажа дека за тоа треба да има разговори и дебата дали ќе се оди на избори.
„Изборите не се добри за економијата, и кога сите ни даваат ветер во грб, треба да ја искористиме шансата“, кажа Заев.
На новинарското прашање дали можеби Македонија ќе биде оставена да ја чека Албанија за датум за преговори, премиерот рече:
„Албанија е наш голем пријател убаво е да одевме заедно, да а си помагаме. Верувам дека ќе се донесе одлука и за двете земји, но ниту една земја не смее да биде закочена поради екстерни околности кои не зависат од самата земја. Правилата на Европската Унија се јасни, ако земјата испорача треба и Европа да испорача. Мерит систем постои за секоја земја. Не сме позаслужни никогаш повеќе од сега. 15 години нашата земја чека“.
Е. БОЧВАРОСКА


САКАМДАКАЖАМ.МК
08-06-2019, 12:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Заев: Меркел не е против, веста е стара – ЕУ ќе испорача датум во јуни или јули


7.06.19   
[Image: D0B7D0B0D0B5D0B2-D0BCD0B5D180D0BAD0B5D0B...BED0BD.jpg]
„Информацијата дека германската канцеларка Ангела Меркел е против доделување датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија е стара“ изјави премиерот Заев во врска со веста објавена од повеќе медиуми, повикувајќи се на „Зидојче Цајтунг“.
Премиерот очекува во јуни или јули да добиеме датум за преговори за членство во ЕУ и изјави дека тоа е достижно.

Ако некој заслужил  да се вклучи во интеграциите на ЕУ, тоа е Република Северна Македонија. Тоа го кажуваат сите земји членки.  Јас ги разбирам регионалните аспекти, овие денови се многу важни. Наредната недела ќе имаме средба со Меркел – ние сме сериозни партнерски земји, Германија е стратешки партнер и верувам дека ќе се донесат позитивни одлуки
Кацеларката Меркел може да го смета успехот на Северна Македонија за свое дело.Таа беше тука пред референдумот, на денот на независноста, даде поддршка на ваквите процеси верувам дека низ разговорите ќе ги најдеме нашите следни чекори“, кажа Заев при денешната посета на Клиниката за пластична хирургија.
Во случај да одлучи да го врати мандатот, Заев кажа дека има неколку опции – или предвремени избори кои не се добри за економијата или добивање на нов мандат од претседателот.
„Во ваков случај, самиот мандатар ги прави анализите за тоа кој ќе ја сочинува Владата, и како личности и како политички субјекти – тоа ќе зависи од суштината на самата дебата ако дојде до враќање на мандатот“, рече Заев.

ЛИБЕРТАС
08-06-2019, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



08-06-2019, 12:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(08-06-2019, 12:17 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Заев: Меркел не е против, веста е стара – ЕУ ќе испорача датум во јуни или јули


7.06.19   
[Image: D0B7D0B0D0B5D0B2-D0BCD0B5D180D0BAD0B5D0B...BED0BD.jpg]
„Информацијата дека германската канцеларка Ангела Меркел е против доделување датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија е стара“ изјави премиерот Заев во врска со веста објавена од повеќе медиуми, повикувајќи се на „Зидојче Цајтунг“.
Премиерот очекува во јуни или јули да добиеме датум за преговори за членство во ЕУ и изјави дека тоа е достижно.

Ако некој заслужил  да се вклучи во интеграциите на ЕУ, тоа е Република Северна Македонија. Тоа го кажуваат сите земји членки.  Јас ги разбирам регионалните аспекти, овие денови се многу важни. Наредната недела ќе имаме средба со Меркел – ние сме сериозни партнерски земји, Германија е стратешки партнер и верувам дека ќе се донесат позитивни одлуки
Кацеларката Меркел може да го смета успехот на Северна Македонија за свое дело.Таа беше тука пред референдумот, на денот на независноста, даде поддршка на ваквите процеси верувам дека низ разговорите ќе ги најдеме нашите следни чекори“, кажа Заев при денешната посета на Клиниката за пластична хирургија.
Во случај да одлучи да го врати мандатот, Заев кажа дека има неколку опции – или предвремени избори кои не се добри за економијата или добивање на нов мандат од претседателот.
„Во ваков случај, самиот мандатар ги прави анализите за тоа кој ќе ја сочинува Владата, и како личности и како политички субјекти – тоа ќе зависи од суштината на самата дебата ако дојде до враќање на мандатот“, рече Заев.

ЛИБЕРТАС







Quote:Зиддојче цајтунг: Меркел рекла „не“ за брз датум за Северна Македонија


Германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Северна Македонија за приклучување во Унијата, пишува весникот „Зиддојче цајтунг“.
   
[Image: 48774678_303.jpg]

07.06.2019
Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.
„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер - СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на 'отворни уши' кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддојче цајтунг“.
Евроинтеграцијата на Северна Македонија вчера предизвика жестока полемика и на пленарната седница на Бундестагот, која всушност беше посветена на ратификацијата на протоколот за членство на РСМ во НАТО. Пратениците со мнозинство гласови се изјаснија за прием на РСМ во алијансата, но во дебатата се препукуваа околу датумот за преговори за приклучување во ЕУ.
„Мојот сомнеж е дека Канцлерамтот (канцеларијата на Меркел) и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ", рече пратеникот на опозициските Зелени, Јирген Тритин, потсетувајќи дека Европската комисија донела јасна препорака за почеток на преговорите. Критикувајќи ја таквата политика, Тритин праша дали некој сака Северна Македонија да влезе само во НАТО, но не и во ЕУ, и дали нејзините граѓани треба да се третираат како „Европејци од втора класа".

Повеќе: Кавга во Бундестагот околу ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија

На Тритин му реплицираше пратеницикот на ЦДУ, Кристијан Шмит, кој оцени дека ставовите на Тритин немаат „врска со реалноста", дополнувајќи дека „членството на Северна Македонија во НАТО е готова работа без оглед кој е на власт во Грција". Според Шмит, Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, но тој потенцираше дека Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми", поради што е потребно подолго време да се простудира извештајот на ЕК.

DW.COM



Кој лаже Заев или дојче Веле, односно Зиддојче цајтунг??
08-06-2019, 12:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Заев: Уверени сме дека годинава ќе почнеме преговори за членство со ЕУ ВИДЕО





13/06/2019
По денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел уверени сме дека оваа година започнуваме преговори за членство со Европската Унија. Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното, следува позитивна согласност на Бундестагот во септември за прифаќање на препораката на Европската Комисија за почеток на преговори, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Берлин.
– Со канцеларката Меркел имавме срдечна и пријателска средба, каква што личи меѓу земји стратешки партнери по многу прашања од заеднички интерес. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.
Од наша страна потврдивме дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан. На средбата нагласивме дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.
Силно сме уверени дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора, изјави премиерот Заев по средбата со канцеларката Меркел во Берлин.
13-06-2019, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:ЦДУ: Не разбираме што е проблем одложувањето за три месеци, поглавјата ќе се отворат во декември

13/06/2019 12:38
Од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“.
– Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот – тврди пратеникот на ЦДУ Јохан Вадефуп.
Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот, пренесува Дојче веле.
Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.
– Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле Да“ – вели германскиот пратеник.
13-06-2019, 03:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:360 Степени“ од Берлин: Заклучок во јуни, одлука во октомври, првите поглавја во декември



13.06.2019
По средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев најизвесна се чини опцијата дека одлуката за почеток на преговори со земјава ќе биде донесена во октомври, иако останува мала можност за одлука уште летово.
Меркел му рекла на Заев дека С. Македонија испорачала и дека таа е многу позитивна за досието на земјава. Канцеларката најавила дека Бундестагот најдоцна во септември ќе одобри почеток на преговори со С. Македонија.
  • [Image: 01-1-1024x683.jpg]
  • [Image: 02-1-1024x683.jpg]
  • [Image: 03-1-1024x683.jpg]
  • [Image: 04-1-1024x683.jpg]
  • [Image: 05-1-1024x683.jpg]
Од македонска страна било речено дека земјава во Германија и Меркел има голем поддржувач и стратешки партнер и дека останува увереноста за почнување на преговорите до крајот на годинава.
Останува отворено прашањето каков заклучок ќе добие Северна Македонија на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, предвиден за 18 јуни, кога точката ќе се најде на дневен ред пред министрите на земјите-членки.
Официјалното владино соопштение е со повоздржан тон и во него пишува дека „канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата“.

пишува во владиното соопштение. Wrote:„Претседателот на Владата Заев нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември. … Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора“,

Од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел се уште повоздржани кон јавноста. На интернет-сајтот на германската федерална влада средбата е ставена во контекст на стабилизирање на Балканот, со додавка дека фокусот на дискусијата биле прашања од надворешната и европската политика.
[Image: soopstvenie-merkel.png]сегмент од соопштението на германската федерална влада по средбата на Ангела Меркел со Зоран Заев

пишува во соопштението од кабинетот на Меркел, по средбата со Заев. Wrote:„Заедно со Франција, Германија си ја постави целта да ја зајакне стабилноста на Западниот Балкан. Важен камен-темелник беше спогодбата за спорот за името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската република го прифати името Северна Македонија од 12 февруари 2019, со што го затвори нејзиниот спор со Грција кој опстојуваше од 1991. Исто така, во април, премиерот Зоран Заев присуствуваше на состанокот за Западен Балкан, кој се одржа на покана на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон“

ЦДУ: Не разбираме зошто одложување од три месеци е толкав проблем
Претставник на партијата ЦДУ на канцеларката Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ вели дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“.
[Image: johann-wadephul.jpg]
„Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот“, вели пратеникот на ЦДУ-ЦСУ, Јохан Вадефуп.
Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот.
Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.
„Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле – да“, вели германскиот пратеник.






13-06-2019, 03:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

[Image: makedonija_eu_znaminja_01-678x381.jpg]


18.06.2019
Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава Вести, Политика Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург. Оваа верзија бележи ситни промени, како поздравувањето на договорот од Преспа, на што инсистираа поддржувачите на Северна Македонија во Советот, и елемент кој внесува мала разлика во споредба со заклучокот за Албанија. Сепак, земјите членки не успеваат да се договорат за датум за почеток на преговори, и повторно ветуваат да се навратат на ова прашање најдоцна во октомври годинава. -Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и добро ја зема на знаење препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација и направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот. Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година, гласи последната верзија на заклучокот за Северна Македонија. Со исклучок на Преспанскиот договор, заклучокот за Албанија е потполно ист. Источноевропските земји најсилно се залагале за отворање на преговорите со двете земји без никакво одлагање, но отпорот од Франција, Германија и други западни земји останува преголем. Предлозите на земјите кои и се наклонети на Северна Македонија не биле задржани – ниту споменувањето на преговарачка рамка, ниту на прва меѓувладина конференција, што ќе беше појасен сигнал за европската заложба кон проширувањето и барем еднакво силна порака како и ланските заклучоци, каде се споменуваше меѓувладината конференција и се нудеше подготвителен скрининг. Дипломатски извори за МИА велат дека овој заклучок е најдобриот можен компромис со оглед на длабоките несогласувања помеѓу земјите членки на Унијата околу проширувањето, но дека оваа формулација „не носи автоматизам“ за есенската одлука.

18-06-2019, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(18-06-2019, 10:23 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

[Image: makedonija_eu_znaminja_01-678x381.jpg]


18.06.2019
Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава Вести, Политика Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург. Оваа верзија бележи ситни промени, како поздравувањето на договорот од Преспа, на што инсистираа поддржувачите на Северна Македонија во Советот, и елемент кој внесува мала разлика во споредба со заклучокот за Албанија. Сепак, земјите членки не успеваат да се договорат за датум за почеток на преговори, и повторно ветуваат да се навратат на ова прашање најдоцна во октомври годинава. -Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и добро ја зема на знаење препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација и направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот. Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година, гласи последната верзија на заклучокот за Северна Македонија. Со исклучок на Преспанскиот договор, заклучокот за Албанија е потполно ист. Источноевропските земји најсилно се залагале за отворање на преговорите со двете земји без никакво одлагање, но отпорот од Франција, Германија и други западни земји останува преголем. Предлозите на земјите кои и се наклонети на Северна Македонија не биле задржани – ниту споменувањето на преговарачка рамка, ниту на прва меѓувладина конференција, што ќе беше појасен сигнал за европската заложба кон проширувањето и барем еднакво силна порака како и ланските заклучоци, каде се споменуваше меѓувладината конференција и се нудеше подготвителен скрининг. Дипломатски извори за МИА велат дека овој заклучок е најдобриот можен компромис со оглед на длабоките несогласувања помеѓу земјите членки на Унијата околу проширувањето, но дека оваа формулација „не носи автоматизам“ за есенската одлука.




Еве како одело гласањето!!



[Image: image.jpg]



Значи повеке од половината држави членки на ЕУ НЕ СЕ ЗА ТОА СЕВЕНАМАКЕДОНИА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ!
19-06-2019, 02:46 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,449
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#13

Значи повеке од половината држави членки на ЕУ НЕ СЕ ЗА ТОА СЕВЕНАМАКЕДОНИА ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ!



Македонија ќе влезе во ЕУ како дел од поголема Грција, како дел од Природна Албанија и како дел од Сан Стефанска Б’лгарија.
Благодарејќи на Титовата комунистичко-терористичка номенклатура во Скопје.
Шкипетарите си го Бараат своето Договорено меѓу Амброз, Димитров и Хоџа.
 Зошто и ден денес во Србија постои град како Димитровград а не се преименува во Цариброд?
Затоа што во Белград се дебело устоличени комунистите кои си имаат свој договор со Хоџистите и Димитристите од Софија, а нашите локални банди се само извршители.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
19-06-2019, 07:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Cvetin Chilimanov
5 hrs ·

Стварно бе значи лаже без усул. Хан вчера на пресот рече дека „малцинство држави“ имало забелешки за отварањето преговори со Македонија. Црпнатиот денес вика дека никој не бил против. Значи што, Хан лаже, Антонио лаже? Ако не биле против, што не ти дадоа преговори? И кога Грција сама беше против, заклучокот на крај гласеше дека сите земји се едногласни во тоа дека заклучокот е негативен. Можеби некој министер ќе излезеше со издвоено мислење за да собере политички поени дома или да ни изрази сочуство, но штом една земја е против, тогаш се носи едногласен заклучок дека нема позитивна одлука. Французите веќе отворено се изјаснуваат дека се против и секое проширување на унијата го прогласуваат како заговор на Британците, кои ете, си одат од ЕУ, ама сакаат заминување да ја направат Унијата нефункционална така што ќе и натопорат уште еден куп сиромашни балкански земји. Лаже како што лажеше дека ќе поднесе оставка (му покажаа од ЕУ колку им е гајле ако си оди и ако ВМРО се врати на власт), како што лажеше за датумот во јуни. Ќе го влечкаат ова на секои 2-3 месеци со нови лаги и ветувања. Домашното спроведување на договорот од Преспа е директно поврзано со отворање на преговори со ЕУ. Мора веднаш да престанеме со користење на „северна“, додека не ни дадат преговори (а богами ни тогаш)


https://audiovisual.ec.europa.eu/en/vide...ATzfcoPtUM
19-06-2019, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(19-06-2019, 10:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Cvetin Chilimanov
5 hrs ·

Стварно бе значи лаже без усул. Хан вчера на пресот рече дека „малцинство држави“ имало забелешки за отварањето преговори со Македонија. Црпнатиот денес вика дека никој не бил против. Значи што, Хан лаже, Антонио лаже? Ако не биле против, што не ти дадоа преговори? И кога Грција сама беше против, заклучокот на крај гласеше дека сите земји се едногласни во тоа дека заклучокот е негативен. Можеби некој министер ќе излезеше со издвоено мислење за да собере политички поени дома или да ни изрази сочуство, но штом една земја е против, тогаш се носи едногласен заклучок дека нема позитивна одлука. Французите веќе отворено се изјаснуваат дека се против и секое проширување на унијата го прогласуваат како заговор на Британците, кои ете, си одат од ЕУ, ама сакаат заминување да ја направат Унијата нефункционална така што ќе и натопорат уште еден куп сиромашни балкански земји. Лаже како што лажеше дека ќе поднесе оставка (му покажаа од ЕУ колку им е гајле ако си оди и ако ВМРО се врати на власт), како што лажеше за датумот во јуни. Ќе го влечкаат ова на секои 2-3 месеци со нови лаги и ветувања. Домашното спроведување на договорот од Преспа е директно поврзано со отворање на преговори со ЕУ. Мора веднаш да престанеме со користење на „северна“, додека не ни дадат преговори (а богами ни тогаш)


https://audiovisual.ec.europa.eu/en/vide...ATzfcoPtUM



Заев во видеово го демантира Хан!!



19-06-2019, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:L’élargissement de l’UE aux Balkans bloqué par Paris, Berlin et La Haye

L’Albanie et la Macédoine du Nord se sont vu refuser, mardi, l’ouverture de négociations d’adhésion.

Par Jean-Pierre Stroobants Publié hier à 12h06, mis à jour hier à 16h24

 [Image: f3b26b4_d7150a280abd42feba099f72122bd362...d362-0.jpg]
Le président de la Commission européenne, Jean-Claude Juncker, le 18 juin à Bruxelles. Virginia Mayo / AP
La Macédoine du Nord et l’Albanie, candidates reconnues à l’entrée dans l’Union européenne, attendront encore, même si la porte qu’ils espéraient voir s’entrouvrir ce printemps ne devait mener qu’à de toutes premières discussions. Face à une décision qui aurait eu, à leurs yeux, une portée par trop symbolique, la France, l’Allemagne et les Pays-Bas, notamment, n’ont pas approuvé, mardi 18 juin, à Luxembourg, le principe du démarrage de négociations d’adhésion. Celui-ci requérait l’unanimité des Vingt-Huit.

Целиот текст:ЛА МОНД



Секоја лага на Заев и неговите слепи подржувачи кратко трае!!

Превод од гугл:
Проширувањето на ЕУ на Балканот го блокираа Париз, Берлин и Хаг
Албанија и Северна Македонија беа отфрлени во вторникот на отворањето на пристапните преговори.
Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, сé уште ќе почекаат, дури и ако вратата што се надеваа да ја отвори оваа пролет треба само да доведе до рани дискусии. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не го одобрија принципот на отпочнување на одлука која би била премногу симболична по нив. пристапни преговори. Ова бара едногласност на дваесет и осум.
(This post was last modified: 20-06-2019, 09:16 PM by ЈорданПетровски.)
20-06-2019, 09:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:НОВАТА ЦРПКОВА ГАРАНЦИЈА-НАПИСМЕНО!!!?

Бобан Нонковиќ - ДУДИНКА
.”Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот го поздравува историскиот и досега невиден Преспански договор и ја нотира препораката на Комисијата за отпочнување на пристапни преговори со Република Северна Македонија и Албанија врз основа на позитивната оценка за постигнатиот напредок и за исполнување од условите утврдени од Советот. Во светлината на ограниченото време на располагање и важноста на предметот, СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ОВА ПРАШАЊЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЈАСНА И СУШТИНСКА ОДЛУКА ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО И НАЈДОЦНА ДО ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА.”
“Reaffirming its conclusions of 26 June 2018, the Council welcomes the historic and unprecedented Prespa Agreement and takes good note of the Commission’s recommendation to open accession negotiations with the Republic of North Macedonia and Albania based on its positive evaluation of the progress made and of the fulfilment of the conditions identified by the Council. In light of the limited time available and the importance of the matter, the Council will revert to the issue with a view to reaching a clear and substantive decision as soon as possible and no later than October 2019.”
* Фотографиите се скриншот од официјалната одлука на Советот на Европската унија, објавена на интернет-страницата на Советот, при што клучниот дел во однос на непостоечкиот датум за датум за фашистичкиот проект “Северна” е заокружен со црвено, а англискиот дел во целост пренесен и со точен превод на македонски јазик во овој пост.
** Одлуките во рамки на Советот на ЕУ се носат со едногласност, па иако досега единствена пречка за отворање на пристапните преговори на Унијата со Македонија беше само Грција (поради проблемот што го имаа со името на македонската држава), досега Македонија беше блокирана едногласно од сите земји-членки на ЕУ.
Сега, против почеток на преговори со фашистичката творба “Северна” беа Германија и Франција (поради замореност од проширување, овие два носечки столба на Унијата повеќе не сакаат да се примаат нови членки, туку инсистираат на регионализација на Балканот, па на овој начин им покажуваат на земјите-кандидати дека се непосакувани во “големото друштво”, но и на своите граѓани дека е ставен крај на приемот на нови членки), а против беше и Кралството Холандија (експлицитно поради катастрофалната состојба со не-владеење на правото и партизираното и контролирано судство во наци-творбата “Северна”).
Со овие три држави, останатите 25 земји-членки на ЕУ мораа да се солидаризираат за да се донесе горе-наведениот заклучок во однос на точката “проширување” на Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија.
*** Горенаведениот заклучок експлицитно наведува дека ЕУ-земјите ќе се вратат на прашањето за отворање на пристапните преговори со проектот “Северна” и со Албанија и дека ќе донесат појасна одлука во октомври оваа година. Никаде, ама НИКАДЕ нема дека тогаш со сигурност ќе се одреди датум и дека творбата “Северна” ќе почне да преговара со Брисел во декември 2019-та (како што окупациската власт во Македонија денес тоа го спинува во јавноста, а шкопената опозиција тоа не го користи да го растури и урне окупаторот, туку напротив, дури и му се нуди да му помогне на фашистичкиот окупатор за истиот да биде награден за ѕверското владеење и разнебитување на македонската држава и народ).
**** Освен овој документ (види скриншот), не постои НИТУ ЕДЕН официјален, пишан документ на и во име на Европската унија, ниту на некоја од нејзините 28. земји-членки, кој нешто би гарантирал и ветувал во однос на замрзнатиот процес на проширување на Унијата (како што денес брутално излажа квинслишкиот премиер Заев)!
#НикогашСеверна #Само
#МАКЕДОНИЈА #Вечна
[Image: 64488648_2289730431280938_57307332705895...e=5DBDA3EA]
(This post was last modified: 24-06-2019, 03:20 PM by ЈорданПетровски.)
20-06-2019, 11:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Амбасадорот на Франција, Тимоние: имате проблеми со УНЕСКО во Охрид, имате многу корупција, имате проблеми во образованието!


Објавил: Данаил Михајловски | 24 јуни, 2019 

Амбасадорот Тимоние: Имате многу корупција и проблеми, ќе биде тешко за датум!

[Image: -e1541488542527.jpg]
Македонија
Актуелно
Фото/Текст извор: ©магазин
Францускиот амбасадор Тимоние денес предизвика изненадување во “Холидеј Ин“, каде во својот настап индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври. На работниот семинар за администрацијата учествуваше и министерот Дамјан Манчевски, а претседавач беше новинарот Васко Попетревски.

Quote:Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен.

На ова модераторот Васко Попетрески, новинар во ТВ Алсат, му постави прашање на амбасадорот: “Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!“
На ваквото прашање амбасадорот Тимоние одговори кратко и отсечно: “Па еднаш се изглупиравме, по втор пат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив“. По својот говор, Тимоние на сред конференција стана и ја напушти салата во Холидеј Ин.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, молчеше на овие констатации и ниту зема збор, ниту му реплицираше на францускиот амбасадор. Денес пак токму заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка токму заради немањето на реформи во образованието, и големите проблеми во тој ресор.
24-06-2019, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Неочекувана изјава на Борисов: Македонците нема да добијат покана за преговои со ЕУ во блиска иднина

јули 1, 2019
Бугарскиот премиер Бојко Борисов најавува дека Македонија и другите земји од Западен Балкан нема да добијат преговори со ЕУ во блиска иднина. Среде разговорите за избор на нови европски власти, коментирајќи дека Бугарката Кристалина Георгиева отпаднала од трката за заменик на Федерика Могерини на местото висок претставник за надворешна политика, Борисов рече дека многу веројатно нема да има покана за земјите од регионот, а Бугарија не сака да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето!

-Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И тогаш – Косоварите, Албанците, Македонците, Србите… ќе речат дека заради Бугарката не добиле покана, изјави Борисов во Брисел.



(This post was last modified: 02-07-2019, 01:03 AM by ЈорданПетровски.)
02-07-2019, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,613
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

July 1, 2019

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе блокира секакво проширување на Европската унија, откако земјите членки не успеаја да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата. – Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секаково проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ, изјави денеска Макрон. Изјавата на Макрон доаѓа откако лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по 18-часовни разговори го прекинаа Самитот започнат синоќа и неговото продолжение претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го закажаа за утре. Западните медиуми потсетуваат дека одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија е одложена за октомври. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во мај предупреди дека доколку со овие две земји наскоро не почнат преговори за членство тоа „ќе ја поткопа стабилноста и сериозно ќе наштети на натамошните реформи“.

02-07-2019, 01:27 AM
Reply