Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИВАНКА ИНА ВАСИЛЕВСКА ВС МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Иванка Ина Василевска Македонска
4 hrs ·

За сеачите на магла и останатите (не)удбашки и мошне (не)чесни лажни пророци кои врескаат Бојкотирам!

Ова писание ви е наменето вам, кои во најтешкото време за Македонија, облековте патриотска одора и гордо застанавте против промената на уставното име на Република Македонија. Токму вие, во моментов играте еднократна ролја со која го бетонирате патосот на кој хунтата ја плесна нашата унитарност, македонскиот идентитет и јазик и правото на самоопределување. Ви се обраќам вам бидејќи зад истата цел се темели и вашата и нашата борба. Но, очигледно е дека вие сте станале поголеми диктатори и од Заев и судите и осудувате како дедовците и татковците на дел од вашите големи патриоти во 1945-1953. Зошто го мислам ова? Тоа е така поради тоа што наместо да се преслушате и да прифатите дека битката за Македонија е можна само доколку сме сите обединети и дека во бој има само еден војсководец. Наместо тоа вие сите сте војсководци и го водите народот во бездна очигледно поради други интереси. Тоа е неприфатливо и нема добра намера во вашите активности. Во што се разликувате вие од пропагандата на оваа ненародна власт? Со вадење лажни документи од сомнителниот сајт Доказ каде за педесет евра и самиот Господ Бог може да биде прогласен за црн арамија??? Толку ви досега умот, толку ли сте се зацрниле што прифаќате валкани конструкции и со истите ги одвраќате луѓето се со цел да нанесете што поголема штета??? Тоа ли е опцијата, да воведете анархија и да сработите повторно на грбот на чесните граѓани... се чудам и не можам да ви се изначудам на умот... Тврдите дека јас сум соработувала со Ордановски за да му помогнам на мојот сопруг??? Еве можност директно да му се обратите нему и да го прашате дали воопшто некогаш сме престојувале во иста просторија, а не па да сме комуницирале. Вистината е една и единствена, таа нема ниту додавки, ниту придавки. Во поглед на мојата семејна заедница. Изминативе две години минавме низ сите девет круга на Пеколот. Доживеавме толку многу разочарувања и стресови кои трајно оставија белег и на нашите и на животите на нашите најблиски. Ни зедоа се освен љубовта и цврстата увереност дека немаме никогаш и никому направено зло и со истата стоиме двајцата на две нозе и чекориме со крената глава. Знаете ли зошто е тоа така? Секој еден во животот носи одлука по кој пат ќе тера. Ние сме одлучиле да останеме доследни на себе си и да не заборавиме кои сме и зошто сме тука. Не може секој да биде Борис, ниту пак Ина. Спинувате дека во аферата Шпион, само за него немало обвинение. Па зарем човекот кој ги држеше за уши сите политички елити во земјата и успеа преку политички анимираната сатира, со префинет хумор да го одржува духот на нацијата повеќе од деценија, мислите ли дека не пробаа и претходната и сегашната власт да му направат хаос во животот. Зарем мислите ли дека не ни е јасно зошто вашите пулени само него го прескокнаа кога Боби од Светски Македонски Конгрес дојде да донесе помош за притворените (Боби секогаш ќе биде еден од најдрагите личности кои сме ги запознале и високо го цениме). Зарем мислите дека јас, каква што ме дал Господ ќе се повлечам на сиот притисок и манипулации кои ги употребивте под надзор на менторите кои лошо ве советуваа за да го уништите Борис Дамовски. Ех мои браќа и сестри Македонци, ништо фајде нема од вашата злоба и вашите конструкции. Ништо добро не и правите ни на нашата убава татковина. Вие сте обични, али експрес Робеспјеровци и Дантоновци и абер немате ни од вистината ни од честа. Со туѓа енергија се китите и на туѓ грб градите Вавилонска кула. Господ нека ви прости, оти за нас сте прочитани!

[Image: safe_image.php?d=AQC_ARRFIYSNSsat&w=540&...KSjaiQvpu8]






(This post was last modified: 27-04-2019, 03:24 PM by ЈорданПетровски.)
27-04-2019, 03:24 PM
Reply