Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Naj dobroto od Makedonija - Synthesis
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

Синтезис настапи во Лондон



Сношти во клубот Рич Микс во Лондон, концерт одржа македонскиот состав Синтезис.
Тие настапија во една прилично интимна атмосфера, во сала со капацитет од 100-тина души која брзо се наполни со љубители на музиката, а наскоро и со топлите звуци од сончевата Македонија.

Иако повеќето од гостите беа Македонци кои живеат во Лондон, меѓу посетителите можеа да се забележат и одреден број Англичани, меѓу кои и неколку музичари.

Тие беа заинтересирани, се разбира, за македонските неправилни ритми, кои се фасцинантни за посериозните музичари од оваа страна на Дунавот.

Кавалите, гајдите и зурлите на Гоце Димовски, како и тамбурските мајстории на Марјан Јовановски, заедно со вокалните изведби на Анета, Билјана и Мирјана во малиот простор создадоа навистина пријатно раположение на кое ние присутните реагиравме со искрени аплаузи.

Исто така познатиот Шуте, според вашиот известувач најдобриот тапанар во Македонија, ни приреди слатка музичка гозба со својот мал соло настап во рамките на концертот заедно со неговиот колега Гоце Узуновски.

Во последниот настап во рамките на мини-турнеата на групата кој опфати четири концерти во Канада и еден во Обединетот Кралство, Синтезис се претставија со стегнат и професионален звук и голем мајсторлук.

Тие веќе 15 години работат заедно и на самиот концерт не' потсетија за нивните настапи со Симфонисткиот Оркестар на Сајгон, Виетнам, како и шпанската Филхармонија

Синтезис се враќаат во Македонија, каде по кус одмор започнуваат со подготовките за снимање музика за една германска документарна емисија која ќе го истражува патот на христијанството во Македонија, од почетоците со светиот Апостол Павле до денес.

За летово имаат планирани настапи по Грција и Шпанија. Сите овие концерти, вклучувајки го и вечерашниов се дел од нивната глобална промоција на албумот Idenity, издаден кон почетокот на годинава.



Navistina Sintezis e grupa koja naj dobro ja pretstavuva Makedonija.
11-06-2010, 03:21 AM
Reply
demmian
Unregistered

 
#2

Нема ниеден народ на Балканот кој не ни рекол браво за толку добрата народна македонска музика што ја имаме...
Подолу читајте коментари:




26-10-2010, 01:52 AM
Reply
demmian
Unregistered

 
#3



26-10-2010, 01:53 AM
Reply