Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Силјановска Давкова
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



23-04-2019, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(23-04-2019, 01:39 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Силјановска Давкова вели:

-„Средби со сите оние кои го бојкотирале првиот круг гласање поради промената на името, но и со незадоволните од шарената револуција најави вчера кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова“
БОЈКОТИРАМ се незадоволни од кандидирањето на Силјановска Давкова заради нејзиното политичко делување од 1989 па до 2016 година. Според листата на најавени „БОЈКОТИРАЧИ“ со кои Силјановска Давкова ке дискутира за да нема БОЈКОТ, очекувам дека ке се појави и ОМД со Мето Коловски како представник на БОЈКОТ од диаспората!! [Image: 1f642.png]:)

Ке го цитирам повторно - Шопенхауер:


Quote:„Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив мораат да се плашат од секоја вистина“

Го цитирам Шопенхауер, бидејки Силјанивска Давкова мисли, се надсева дека ке направи фингирана дебата, дебата во која никој нема да го спомене фактот дека нејзиното политичко минато е полно со докази дека работела против ВМРО ДПМНЕ, против зачувување наимето .........
Затоа ке ја потсетам Силјановска Давкова на приказната за Царот Тројан .....

пс. за оние што не ја знаат приказната:


Quote:Имало некој цар по име Тројан, кој имал козји уши. Секој ден доаѓал по еден бербер за да го бричи. После бричењето, царот секој од нив ги прашувал што виделе. Секој одговарал: козји уши. Потоа царот наредувал да ги убијат. Дошло ред на еден бербер кој одговорил дека ништо не видел. Потоа, како поминувало времето тајната започнала се повеќе да го измачува. Неговиот масјтор постојано го прашувал што му е. На тоа момчето одговорил: -Да можам да му кажам на некој, одма би ми било полесно. Потоа мајсторот му предложил. -Кажи ми мене, јас на никој нема да кажам, ако не сакаш мене, излези надвор, ископај дупка и пикни ја главата, три пати кажи што те мачи, па потоа повторно закопај ја. После извесно време од таа дупка изникнало дрво, мештаните од него направиле инструмент за свирење и кога започнале да свират, излегувал глас: Царот Тројан има козји уши.
23-04-2019, 11:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Силјановска Давкова задоволна од првиот круг, ќе ги бара гласовите и на бојкотирачите и на разочараните од власта

22.04.2019
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е задоволна од резултатот од првиот круг од претседателските избори. Смета дека ова за неа е квантен скок во политиката, додека пак СДСМ и Заев доживеале квантен пад од последните избори односно изгубиле дури 40 проценти од гласачите споредбено со минатите локални избори. Затоа, вели, СДСМ и Зоран Заев имаат криза на легитимитетот.
Таа во гостување во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека апстиненцијата е поголема во албанските средини бидејќи, како што рече,  Албанците веќе не дозволуваат никој, па ниту премиерот Зоран Заев, да прави трговија со нивните гласови.
-Апстиненцијата може да се гледа од повеќе агли. Прво, факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини отколку во македонските, а јасно ни е зошто. Зашто по појавата на еден граѓански ориентиран, едуциран кандидат каков што беше Блерим Река, Албанците односно албанските гласови не се согласуваат веќе да служат нивните гласови за етнопартиска трговија, туку се спротивставија на тоа, додаде Силјановска Давкова.
Таа посочува  дека има намера да разговара со приврзаниците на Бојкотирам да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.
-Јас мислам дека ќе има цензус, иако се разбира дека дел од граѓаните не сакаат ни да помислат да излезат на гласање поради името, тоа се оние од бојкотирам, а кон нив се приклучи и дијаспората. Но, јас имам намера отворено да разговарам со приврзаниците на бојкотирам, да им објаснам дека нема цел неколкукратното бојкотирање, дека проблемот со името на легален начин се решава внатре во институциите и ќе ги повикам да гласаат на изборите, вели Силјановска Давкова.
Таа ги повика и сите револтирани и разочарани граѓани од владата на СДСМ и Заев да ја поддржат бидејќи, како што рече, позади неа нема никаков политички багаж и смета дека може да биде новина во политичкиот живот.
-Ќе ги повикам и повторно и разочараните од СДСМ, оние од шарената револуција кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Силјановска Давкова и немам зад себе никаков политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот, рече таа.
Според неа, министрите ја ставиле власта во служба на партијата.
-Технологијата на владеењето на оваа власт особено јасно манифесирана за време на референдумот исто така исплаши дел од граѓаните и тие не излегоа на избори зошто јасно ни е нас како се однесуваат со државната и јавната администрација. Само да дадам еден пример непознат феномен е за време на кампања за претседателски избори да учествуваат министерка за одбрана, министер за внатрешни работи, па и премиер, така тие ја прегазија линијата помеѓу државата и партијата или партијата ја направија држава, или на крајот тоа би значело држава тоа сум јас кога е премиерот во прашање, вели Силјановска Давкова.
Таа и за време на кампањата во првиот круг од претседателските избори пред граѓаните изјавуваше дека премиерот и министрите имаат јавни функции и дека не треба да присуствуваат на собири, бидејќи според Изборниот законик тоа е недозволиво.
24-04-2019, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4








Обраќање до тие што бојкотираат/апстинираат 1. По свое ќе делувам, нема да бидам ни 101 ни 102% на тој што ме поддржал, туку ќе бидам 100% своја.  Lazgo Lazgo Lazgo
26-04-2019, 12:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Jordan Petrovski shared a link.
Admin · April 23 at 5:37 PM · tagAdd Topics
Силјановска Давкова вели:
-„Средби со сите оние кои го бојкотирале првиот круг гласање поради промената на името, но и со незадоволните од шарената револуција најави вчера кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова“
БОЈКОТИРАМ се незадоволни од кандидирањето на Силјановска Давкова заради нејзиното политичко делување од 1989 па до 2016 година. Според листата на најавени „БОЈКОТИРАЧИ“ со кои Силјановска Давкова ке дискутира за да нема БОЈКОТ, очекувам дека ке се појави и ОМД со Мето Коловски како представник на БОЈКОТ од диаспората!! [Image: 1f642.png]:)
Ке го цитирам повторно - Шопенхауер
„Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив мораат да се плашат од секоја вистина“
Го цитирам Шопенхауер, бидејки Силјанивска Давкова мисли, се надсева дека ке направи фингирана дебата, дебата во која никој нема да го спомене фактот дека нејзиното политичко минато е полно со докази дека работела против ВМРО ДПМНЕ, против зачувување наимето .........
Затоа ке ја потсетам Силјановска Давкова на приказната за Царот Тројан .....
пс. за оние што не ја знаат приказната:
Имало некој цар по име Тројан, кој имал козји уши. Секој ден доаѓал по еден бербер за да го бричи. После бричењето, царот секој од нив ги прашувал што виделе. Секој одговарал: козји уши. Потоа царот наредувал да ги убијат. Дошло ред на еден бербер кој одговорил дека ништо не видел. Потоа, како поминувало времето тајната започнала се повеќе да го измачува. Неговиот масјтор постојано го прашувал што му е. На тоа момчето одговорил: -Да можам да му кажам на некој, одма би ми било полесно. Потоа мајсторот му предложил. -Кажи ми мене, јас на никој нема да кажам, ако не сакаш мене, излези надвор, ископај дупка и пикни ја главата, три пати кажи што те мачи, па потоа повторно закопај ја. После извесно време од таа дупка изникнало дрво, мештаните од него направиле инструмент за свирење и кога започнале да свират, излегувал глас: Царот Тројан има козји уши.
07-05-2019, 02:19 PM
Reply