Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЛИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Ilija Maksimovski
April 19 at 3:52 AM ·

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ЌЕ СЕ ПОВТОРУВААТ !


[Image: 57257066_1224937770995312_36737337043640...e=5D2EB2C3][Image: 57303260_1224939984328424_63967514998331...e=5D2DB7DF]

СИЛЈАНОВСКА -ДАВКОВА И ПЕНДАРОВСКИ СO СПОРНО КОМУНИСТИЧКО ПОЛИТИЧКО МИНАТО НЕ „ПОМИНУВААТ „ НИТУ ВО ЕУ и НАТО !


Покрај комичната и за гласачите навредлива „ мистер Бин „ кампања и глумење добродушна женичка Гордана Силјановска –Давкова се изгуби во времето и просторот а Стево Пендаровски во маалските финти, во обидите да ги навлечат гласачите и јавноста како едвај да чекаа да заврши кампањата ! Но, двајцата и единствени (?) кандидати за Претседател на (Северна(?)) Република Македонија го имаат и комунизмот како најсериозен проблем во своето политичко минато, иако, случајно или намерно тоа никој не го спомнува ! И тоа не македонскиот дел од комунизмот во историјата како идеологија и дел од националната борба за создавање национална македонска држава, туку, како политичка злоупотреба во 50 – сетите и 90 – сетите години на минатиот век , кога многумина, вклучително и овие двајца со нивната политичка камарилна околина наместо демократска реформа учествуваа во распарчување и разграбување на делот од македонската државност во Социјалистичка Република Македонија а потоа и Република Македонија !Последиците од тоа владеење и подоцнежното од ДПМНЕ сега на Мицковски се рушевини од фабрики и празни села и квартови по македонските градови !


[Image: 57503414_1224934194329003_11861665486376...e=5D3DD7C4]
Покрај тоа што во обичниот резон на јавноста и најобичниот граѓанин како гласач од кој се бара со својот глас на некој од овие двајца да им го пренесе правото да управува со државата во негово име а со тоа и да ги трошат парите на граѓаните, не може да се спомене ниту едно дело или потег по кој се паметат за општото добро, кандидатите Пендаровски и Силјановска - Давкова имаат и сериозни проблеми со традиционалните и актуелните принципи на ЕУ и НАТО ! Иако со сите сили се колнат и се обидуваат да убедат дека ја подржуваат ги припаѓаат кон тие политички, одбрамбени и државни концепти !
Гордана Силјановска - Давкова која сега воскреснувачки се преставува како „ внука на дедо и Стојко комитата „, во политичката транзиција која во државава беше разбрана и спроведена како општ грабеж остана запаметена како транзициски актер кој од обичен асистент на факултет ја поставиле за министер без ресор во комунистичката влада, па бидејќи „без ресор „ , немала што да работи, се бавела со продажба, но и шверц на цигари и акцизна стока за милионски суми. Во тие години и идејата на ВМРО во која сега Гордана се колне и партијата ДПМНЕ која сега ја кандидираше, дотогашните југословенско – македонски комунисти меѓу кои и владата, партијата СДСМ и постјугословенските идеолози и Силјановска - Давкова лично, ја означуваа со еден слоган „ Не се мијам не се бричам за на ВМРО да личам „ ! По тоа време на политичката активност на кандидатката Гордана Силјановска – Давкова која по мандатот на министер без ресор , но, за шверц главно на цигари и виски, но и високопрофитни стоки кои на Белград му беа потребни за водењето на војната во Хрватска и Босна и Херцеговина, таа се повлече во спокојот и задоволството на работата со студентите ! Останува отворено прашањето како Силјановска – Давкова мисли дека токму структурите на НАТО и ЕУ ја заборавиле нејзината „ работа „ со Белград и црната берза,. . .или токму тука лежи зајакот !?


[Image: 57403906_1224938407661915_88633007735350...e=5D3FD712]


Стево Пендаровски, во психолошкиот профил, како дете и младо момче е познат по тоа што додека играл на улица или по скопските дискотеки никој не смеел да го погледне накриво бидејќи бил син на висок полициски функционер во југословенската комунистичка полиција која беше страв и трепет за обичниот човек. Потоа и самиот стана дел од истиот полициски апарат и администрација . И сето тоа може некако и да се сфати и прифати како нормално за еден човек кој си ја одбрал професијата .
Но подоцна , токму во привидното и лажно растурање на политичко – полицискиот апарат на еднопартиската комунистичка власт свое место најде и Стево Пендаровски како единка и наводно почнаа процесите на демократизација на македонскиот дел од некогашната југословенска држава. Но, додека државите во некогаш одвоената источна Европа отидоа пред нас со децении а кои и покрај декларациите, се обидуваат да имаат што помалку контакти со нас, . . . нашата државна структура остана колонија за ефтина , иако образована работна сила од која за последните 20 години побегнале околу половина милион луѓе. И токму полициско- политичките структури во кои работел и со кои се преставува кандидатот Стево Пендаровски, со години наназад се центарот на сите видови криминал во државава. Корупција, наркомафија, економски криминал, организиран криминал, тероризам . . . !!! И сеуште актуелните афери околу „бомбите „ на Заев и „ крвавиот четврток „ почнале и се работат во и околу МВР и останатиот дел на безбедносниот сектор каде целиот свој работен век го поминал Пендаровски, кој колку и да сака не може да негира дека бил дел од тој криминален корумпиран апарат , макар и од позиција на советник за национална безбедност на двајца претседатели Црвенковски и Трајковски, односно обратно ! ?
НАТО и ЕУ во кои, иако на големи тапани се чука и знамиња се веат, не сме членки, со проект, директива и услов ни наметнуваат процес на ветинг на безбедносните структури и сите вработени во нив. Наједноставно, „ ветинг „ значи никој што има било каква темна точка во професионалниот или личниот живот од позиција на криминал или кршење на законот не може да работи во безбедносниот сектор! Бидејќи, како некој кој како млад човек бил малолетнички деликвент, или на пример обивал локални трафики или растурал „ мали „ количини „трефка „ . .. подоцна ќе биде инспектор во полиција ? На повисоко ниво тоа би значело како надежен локален маалски криминалец и насилник подоцна ќе ја штити државата од организиран криминал или тероризам ?
За конкретните „кандидати „ Пендаровски и Силјановска – Давкова би значело следново?
Како Пендаровски на кого му се провлекуваше организираниот криминал во време на владата на Бранко Црвенковски и Кабинетот на Борис Трајковски, или,. . . Силјановска – Давкова како документирана некогашна министерка – газдарица на шверцерски фри шоп како дел од мрежа на стратегиски криминал и за воени потреби - ќе соработува и координира со НАТО и ЕУ на кои првиот услов за контакт и со лица и држави е борбата против организираниот криминал ?
Секако, покрај прашањето зошто кандидатите покрај поразителната содржина и тек на претседателската кампања и самите не се повлекоа е тезата дека - пострашно од пропаѓањето на еден циклус на избори е за Претседател на државата да дојде личност со криминално досие па „ветингот „ на кој ќе бидат сигурно подложени и Силјановска – Давкова и Пендаровски да покаже дека изборот бил – страшна грешка ! ?
22-04-2019, 01:13 PM
Reply