Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ МОЛЊНИТЕ НА ИЛИЈА ГРОМОВНИК КЕ ГО ОДНЕСАТ ЗАЕВ И БАНДАТА ВО ИДРИЗОВО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ШОКАНТНО Повторно одекнуваат „бомби“, властите ништо не преземаат

[Image: 526278-prisusuvanje.jpg]

18/04/2019
На една од помалку познатите социјални мрежи, но и на каналот Ју тјуб, од лажен профил, повторно оддекнуваат „бомби“, односно нелегално прислушувани разговори помеѓу познати јавни личности. До овој момент, немаме никаква информација дека било кој од надлежните во земјава презема нешто против оваа појава, која е казнива според Кривичниот законик.
Плусинфо дознава дека „бомбите“ потекнуваат од истиот извор од кој потекнуваат и прислушуваните разговори кои, своевремено, беа емитувани на социјалната мрежа Фејсбук, од лажниот профил Никола Тесла.
Портали блиски до еден познат лик од раководството на ВМРО – ДПМНЕ, во моментов  објавуваат вести за новите „бомби“, а Плусинфо дознава дека истиот извор се подготвува да емитува нови прислушувани разговори во следните часови и денови.

PLUSINFO

Quote:Објавени нови “бомби”: Спасовски и Јанкулоска се договараат како да се постават пред медиумите?

[Image: oliver-spasovski-zoran-zaev-696x464.jpg]

18.04.2019
Пред неколку часа на интернет се појавија  четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“.
Во еден од разговорите наводно се гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкулоска, кои се договараат како да се постават пред медиумите.
Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

ФОКУС

Независниве Героски и  Јадранка ни на крај на умот немаат да прашаат !!
Што ке стори СЈО ако ги има разговорите кај нив и што ке стори ако ги нема , односно ако Заев не ги предал!!
Тоа е битното прашање
(This post was last modified: 18-04-2019, 10:33 PM by ЈорданПетровски.)
18-04-2019, 10:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Власта, Груевски знае дека Јово Превара зел мито 300 илјади евра ама не го гони институционално , туку се надева дека ке може да го уценува и тој ке носи одлуки според ниввна потреба.
Незнаењето скапо се плаќа, Јово Превара е избран од УДБа а не од Грујо или Заев и тој и служи на УДБа!
18-04-2019, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(18-04-2019, 10:32 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Quote:ШОКАНТНО Повторно одекнуваат „бомби“, властите ништо не преземаат

[Image: 526278-prisusuvanje.jpg]

18/04/2019
На една од помалку познатите социјални мрежи, но и на каналот Ју тјуб, од лажен профил, повторно оддекнуваат „бомби“, односно нелегално прислушувани разговори помеѓу познати јавни личности. До овој момент, немаме никаква информација дека било кој од надлежните во земјава презема нешто против оваа појава, која е казнива според Кривичниот законик.
Плусинфо дознава дека „бомбите“ потекнуваат од истиот извор од кој потекнуваат и прислушуваните разговори кои, своевремено, беа емитувани на социјалната мрежа Фејсбук, од лажниот профил Никола Тесла.
Портали блиски до еден познат лик од раководството на ВМРО – ДПМНЕ, во моментов  објавуваат вести за новите „бомби“, а Плусинфо дознава дека истиот извор се подготвува да емитува нови прислушувани разговори во следните часови и денови.

PLUSINFO

Независниве Героски и  Јадранка ни на крај на умот немаат да прашаат !!
Што ке стори СЈО ако ги има разговорите кај нив и што ке стори ако ги нема , односно ако Заев не ги предал!!
Тоа е битното прашање

[Image: image.png]
18-04-2019, 11:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Доказ дека Курто и Мурто ВАИСТИНА постојат.
Затоа БОЈКОТ е единственото решение за спас на Македонија!
пс. Коментаров „ Курто и Мурто ВАИСТИНА постојат“ , не е мој туку е позајмен од Alex Dishko!!
ппс. појаснив за да не бидам тужен за авторски прва [Image: 1f642.png]:) [Image: 1f642.png]
18-04-2019, 11:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

18-04-2019, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

18-04-2019, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Со закон се забрани објавување на нови „бомби“, предвидена е и казна затвор

18/04/2019
[Image: prislusuvanje.jpg]
Четири нови „бомби“ денеска протекоа во јавноста, откако беа објавени на интернет, поточно на руска социјална мрежа. Станува збор за четири телефонски разговори насловени како: „Оливер и Гордана“, „Кочо и Саше“, „Фрчко и Алберт Муслиу“, и „БЦ и Дамјан Манчевски“.
Од СЈО веднаш посочија дека разговорите не се протечени од обвинителството.
По објавувањето на „бомбите“ се создаде дилема за тоа дали тие смеат да се споделуваат во јавноста, бидејќи во октомври 2015 година беше донесен Закон за заштита на приватноста. Во член 1 став 3 изречито се забранува нивно објавување.
“Со законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички или други цели и постапки.“
Подолу во Законот пак се предвидени и казни и тоа до една година затвор, напоменувајќи дека тоа важи за објавување на приватни разговори, а не важи за разговор кои се од јавен интерес.
„Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која што е прислушувана или тонски снимена ќе се казни со казна затвор до една година, доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот. Оваа одредба не се однесува на разговор или изјава од јавен интерес, се вели во членот 4, став 1.
Слична е и одредбата во став 2.
„Тој што ќе објави прислушувани или тонски снимени разговор, или делови од нив или транскрипти,  со кој се врши повреда на семејниот или приватниот живот ќе се казни со затвор од еден месец до една година,“ предвидува став 2.
Во став 3 пак е предвидена и парична казна за правното лице, а за одговорното лице казна затвор од еден месец до една година.
Иако од овие одредби се сфаќа дека казната следува само за оној што ќе објави бомби со приватна содржина, а не од јавен интерес, сепак, забуната е во тоа што во во погоре цитираниот став, член 1 став 3, се забранува објавување без да се разграничи дали разговорот е приватен или од јавен интерес.
Овој закон беше донесен и покрај сериозните забелешки на Венецијанската комисија,  од каде што посочуваа дека одредени одредби се премногу општи но и конфузни.
В.В.

Законот е јасен дека забраната важи само за објава на материјали кои ја нарушуваат приватноаста ама ФОКУС мора да ги одработи парите
19-04-2019, 12:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:
И СЈО и ОЈО ги истражуваат новите „бомби“ пуштени на слободен пазар

Александар Самарџиски 19/04/2019
[Image: SJO-specijalno-javno-obvinitelstvo-katica1-696x365.jpg]
И Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и редовното ќе се занимаваат со новите „бомби“ кои вчера одекнаа на руската социјална мрежа vk.com, најавуваат од двете институции.
Согласно своите надлежности и МВР учествува во истрагата.
Четирите аудио сними се објавени од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Скопје велат дека ќе испитаат сѐ што е поврзано со вчерашното објавување.
Од СЈО, пак, најавуваат дека ќе ги анализираат содржините на овие материјали, но тврдат дека нема никакви шанси тие да протекле откај нив.
– Гарантираме дека материјалите не се излезени од кај нас. Ние ги чуваме со највисок степен на заштита – велат оттаму.
Аудио-снимки, но на Јутјуб и други социјални мрежи, се објавуваа и порано, а од СЈО изминатите години вршеа претреси за да пронајдат нови „бомби“ кои се наоѓаат на „слободниот пазар“. И пронајдоа, дури над 100.000 фајлови, како што се споменува во еден од шестмесечните извештаи кои редовно ги објавува специјалната обвинителка Катица Јанева.
Но очигледно е дека сѐ уште постојат „слободни“ снимени телефонски разговори, бидејќи два дена пред вчера објавените четири снимки, на истата мрежа биле објавени уште два други разговори.
На 5 април, пак, на трибина во Прилеп, јавно беа пуштани аудио-снимки, а настанот се пренесуваше во живо на Фејсбук. На тоа видео, како говорник можеше да се забележи Љупчо Палевски. Тој и уште две други лица од Прилеп и од Битола, тогаш беа задржани во прилепската полиција, а МВР најави и кривични пријави за неовластено прислушување и тонско снимање.
За овој случај, прашавме и во Обвинителството, а оттаму велат дека прилепските обвинители веќе го истражуваат случајот, обезбедиле дел од доказниот материјал кој се анализира и вештачи.
Истрагите и за инволвираните во настанот во Прилеп, како и за анонимецот „Илија Громовник“ треба да покажат дали има некаква поврзаност меѓу двата случаи.
Како што објавивме вчера, според нашите информации „бомбите“ објавени вчера потекнуваат од истиот извор од кој потекнуваат и прислушуваните разговори кои, своевремено, беа емитувани на социјалната мрежа Фејсбук, од лажниот профил „Никола Тесла“. Ваквите појави се казниви со Кривичниот законик.
А, ако ова се „бомби“ кои потекнуваат од нелегалното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година, тогаш нивното објавување е забрането и според Законот за заштита на приватноста, донесен во 2015 година.
Со овој закон се забрани поседување, обработка и објавување на сите нелегално снимени разговори, вклучувајќи и нивно користење во изборен процес. За оние разговори кои се приватни, предвидена е и затворска казна до една година.

Палевски следното посипување на Героски несмее да го прави со боја ! Мора да употреби г*омна , бидејки само така може г*омното Героски да го уништи, бидејки што ке го помеша со голема количина на г*омна и Геро ке е само капка во морето од г*омна!
19-04-2019, 03:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(18-04-2019, 10:32 PM)ЈорданПетровски Wrote:

19-04-2019, 04:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

19-04-2019, 05:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Заев- Дел од новите „бомби“ се од материјалот предаден во СЈО

[Image: %D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B23-1.jpg]

19.04.2019
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека дел од објавените разговори во изминативе денови што ги слушнал се дел од пакетот материјали што ги предал во СЈО и оти е важно што МВР и Јавното обвинителство постапуваат по нив согласно своите надлежности.

“Знам дека пред недела, две, исто така, имаше емитување на бомби што задираат и во приватноста и е поднесена соодветна кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. Ако се повторуваат ваквите работи законот е јасен околу ова како постапуваат институциите. За мене е значајно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушкување, и го имало на други страни”, рече Заев.
19-04-2019, 09:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:НОВА БОМБА : Пратеник нарачува кокаин

Нов прислушкуван разговор е објавен на веб страницата “вк.ком”, од лицето кое се претставува како Илија Громовник.

Во разговорот се слуша гласот на пратеник кој е дел од коалицијата на СДСМ, но не и гласот на соговорникот.

Најпрво, пратеникот користи пцости, а потоа де слуша како тој бара да му донесат “половина килограм”, но не се знае што точно.

Објавувачот во наслов пишал “Пајо летва пијан нарачува кокаин”.

Останува непознато кој стои зад името “Илија Громовник”, каде се објавуваат приватните разговори.

(This post was last modified: 15-05-2019, 01:58 AM by ЈорданПетровски.)
14-05-2019, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(14-05-2019, 11:05 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:НОВА БОМБА : Пратеник нарачува кокаин

Нов прислушкуван разговор е објавен на веб страницата “вк.ком”, од лицето кое се претставува како Илија Громовник.

Во разговорот се слуша гласот на пратеник кој е дел од коалицијата на СДСМ, но не и гласот на соговорникот.

Најпрво, пратеникот користи пцости, а потоа де слуша како тој бара да му донесат “половина килограм”, но не се знае што точно.

Објавувачот во наслов пишал “Пајо летва пијан нарачува кокаин”.

Останува непознато кој стои зад името “Илија Громовник”, каде се објавуваат приватните разговори.

Quote:Богоевски: Не нарачував кокаин, туку масло од канабис

15.05.2019
Пратеникот, Павле Богоевски, потврди дека е негов гласот на снимката, која беше вчера објавена на социјалните мрежи како нова „бомба“. Богоевски објави статус на својот фејсбук профил каде, спротивно на тврдењето на снимката, вели дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис за негова блиска личност.
Го пренесуваме статусот во целост:

Quote:Почитувани,
Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати.
Би сакал да расчистам неколку работи:
Дали тоа е мојот глас на снимката?
Да.
Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?
Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.
Немам никаква намера да се правам светец, ниту да глумам дека сум изненаден зошто мојот политички противник одбра токму вака да ме нападне. Ама немам намера ниту да се правдам за мојот приватен живот. Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст.
Исто така, очекувам службите многу сериозно да го истражат овој случај. Ова не е снимка од телефонски разговор кој некако „протекол“. Поради тоа, не подложи на заштита согласно Законот за заштита на приватноста од 2015г., кој се однесува на снимките по кои постапува СЈО. Но, ова е Неовластено прислушкување и тонско снимање, предвидено со чл. 151 од Кривичниот законик и очекувам дека сторителот ќе биде изведен пред правдата.
п.с. Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните!, порача Богоевски.

[Image: 60157954_10157229389999110_8057227264246...e=5D5124A9]
(This post was last modified: 15-05-2019, 02:05 PM by ЈорданПетровски.)
15-05-2019, 12:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Ljupcho Zlatev
11 mins ·

Пајо друже, во маслото за канабис нема жаргонска мерка единица "пола" (се мисли на грам), туку се мери во "кубици".
Дополнително, производството и продажбата на масло од канабис е регулирано со закон а очигледно според неговото тврдење, Пајо купувал на црно што е исто како да купувал дрога.
За набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор - ајде Пајо, пријави се во обвинителство и придружи им се. Откриј кој го произведува, нека лежи и тој.
Така да друже, не лажи. Си земал пола грам бело за 2500 денари и тоа е тоа... Сега дај си оставка, пошто наркомани не ни требаат во политика - тоа нема врска со приватност (како што велиш), туку има врска со трезвеност да се обавува јавна функција.

Bravo Bravo Bravo
15-05-2019, 12:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(15-05-2019, 12:21 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:[Image: 60157954_10157229389999110_8057227264246...e=5D5124A9]

Quote:Богоевски се пријавил себе и еден непознат сторител во полиција

[Image: pavle-bogoevski-1000x600.jpg]

15.05.2019
Пратеникот Павле Богоевски во полициската станица Центар, се пријави самиот но и непознат сторител, односно авторот на постот на руската социјална мрежа ВК кој тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин.
Разговорот од 41 секунда беше објавен на профил со име Илија Громовник.
Богоевски претходно на Фејсбук напиша не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави дека бил нелегално сниман од страна на таксист кого не го памти.
Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање.
Според него разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија.
15-05-2019, 11:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:МВР ќе го бара Илија Громовник, ОЈО го презема случајот Богоевски

16.05.2019
Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот Илија Громовник кој ја објави снимката на пратеникот Павле Богоевски, а на која наводно се слуша како народниот избраник нарачува кокаин.
Од таму најавуваат дека се можни истраги и за пријавата на Богоевски за неовластено снимање од страна на таксист, но и за содржината на снимката.
Основното јавно обвинителство Скопје го очекува известувањето од Министерството за внатрешни работи во врска со наводите кои ги пријавил пратеникот во полициска станица, со пропратна документација.
 Околу содржината на снимениот разговор исто така ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело, соопштуваат од обвинителството.
Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот Илија Громовник кој ја објави снимката на пратеникот Павле Богоевски, а на која наводно се слуша како народниот избраник нарачува кокаин.
Од таму најавуваат дека се можни истраги и за пријавата на Богоевски за неовластено снимање од страна на таксист, но и за содржината на снимката.
 
16-05-2019, 04:37 PM
Reply