Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ ДОНЕСЕ ПОПИСОТ КОЈ Е НАЈАВЕН ЗА 2020 ГОДИНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,416
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Вицепремиерот Османи најави дека ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија

март 29, 2019

[Image: Screenshot_13-14-696x393.png]
Вицепремиерот Бујар Османи за за „Клан Македонија„ најави дека ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.
-Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции, рече Османи.
Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.
-И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не, истакна вицепремиерот.
29-03-2019, 09:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,416
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Во собраниска процедура со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ: Заев на шверцерски начин сака да го протурка законот за попис

09.06.2019 





Зоран Заев на шверцерски начин, без консултации одлучи да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце. Заев со тоа ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието на Република Македонија за суштински работи од кои што зависат бројни процеси во Република Македонија. Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот, тврдат од опозициската партија.

Quote:„Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните. Предлог-законот за Попис во петокот бил испратен од предлагачот- Министерството за правда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за сомнеж за содржината и за вистинските намери на Зоран Заев, велат од опозициската партија и одаваат дека уУште повеќе што законскиот предлог текст е испратен пред за него да има вистинска јавна расправа и дебата.

Quote:„Сега повторно на опозициските пратеници не им се остава доволно време за подготовка за вклучување во вистинска расправа по еден ваков важен законски текст во собраниските комисии. Кон сето ова може да се додадат и забуните во јавноста кои што беа креирани од власта, за тоа дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, како и прашањето кој се’ ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од Македонија во определен временски период?“, прашува Стоилковски.

Од опозициската партија предупредуваат:

Quote:„Доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси“.



ДПМНЕ држи пресови и ги осудува постапките на власта а седи во собранието и ги гласа законите кои ги осудува на пресови.

Оваа власт, поточно системот Курто и Мурто неможе да спроведе реален попис, затоа ке треба да се БОЈКОТИРА пописот!
10-06-2019, 04:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,416
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Владиниот предлог закон за попис кој требаше да се разгледува утре, привремено е стопиран!
Објавил: Данаил Михајловски | 9 јуни, 2019 

Собраниската седница за пописот откажана после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Фото/Текст извор: ©магазин
Одложена е утрешната седница на комисијата за европски прашања, на која требаше да се разгледува предлог-законот за попис, усогласен меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ. Предлог законот соджи една многу спорна одредба, вметната по барање на ДУИ, а тоа е дека “како жител на државата ќе се попише и нејзиниот државјанин кој, иако во моментот на пописот не е тука или е на привремен престој во странство, ќе биде регистриран доколку негов близок роднина на истата адреса го пријави неговиот единствен матичен број“. Тоа значи дека сите гастарбајтери и нивните семејства кои подолги години живеат и работат во Цирих, Базел, Љубљана или Чикаго, од страна на нивните роднини во Македонија, иако отсутни, ќе бидат попишани како жители на Тетово, Гостивар, Зајас или Арачиново. Со ваквата етно-политичка пописна норма, на пример, селото Колари (родното село на мајката на Али Ахмети), иако во моментов фактички има само околу 300-350 постојани жители, откако ќе се попишат и сите иселеници кои живеат во Швајцарија и Америка, заедно со нивните деца, фиктивно ќе испадне дека селото има 750-800 жители. Ваквите пописни податоци би биле неверодостојни, а Албанците во Македонија од 25% на последниот попис, вештачки би скокнале на 30%!
[Image: popis-eu-standard-regulativa-evropa-mk.j...C462&ssl=1]
Предлог законот за попис договорен меѓу СДСМ и ДУИ е спротивен на стандардите во ЕУ и регулативата 763/2008 која е усвоена од Европскиот парламент и објавена во Службениот весник на ЕУ. Членот 2 од оваа регулатива, која има законска важност во сите членки на ЕУ, како лице жител/население се дефинира секој кој има најмалку една година постојано присуство на одредена адреса, пред пописот во таа земја. 

Quote:На ваквиот сомнителен предлог закон усогласен меѓу СДСМ и ДУИ реагираше опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која, според зборовите на партискиот портпарол Наум Стоилковски, доколку законот биде протнат со злоупотреба на европското знаменце, без јавна дебата и без почитување на стандардите за попис на Евростат, може да повика на бојкот на пописот. Ваквата реакција, која исто така била пренесена и до неколку амбасади на земји членки на ЕУ во Македонија, ги замислила владините коалициони партнери, по што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му наредил на пратеникот Артан Груби да ја одложи утрешната седница на комисијата за европски прашања.

Извори блиски до ДУИ за Магазин брифираат дека сепак овој закон за попис мора да се донесе по секоја цена, бидејќи истиот на Али Ахмети му бил ветен од страна на премиерот Заев меѓу двата круга од претседателските избори, во замена за поголем број на гласови за победа на кандидатот Стево Пендаровски, а за возврат Заев побарал поддршка од ДУИ за измена на изборниот законик со една изборна единица, без цензус, модел со кој СДСМ се надева дека полесно ќе помине на следните парламентарни избори. Но, во овој момент кога Заев треба да се сретне со Меркел и да ја убедува дека земјата е политички стабилна и зрела за датум за преговори, на владеачкото мнозинство не му требаат дополнителни турбуленции со опозицијата во Собранието и затоа било решено со ова ветување за законот за попис да се почека уште некое време, барем додека траат лобирањата во Берлин, Париз и Брисел.
10-06-2019, 04:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,416
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Мицкоски: Недозволиво е само со матични броеви еден член на семејството да ги попишува сите други

10.06.2019
[Image: mickoski1-680x372.png]
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма ја коментираше актуелната тема околу спроведувањето на пописот во 2020 година.
Тој во повеќе наврати истакна дека е целосно недопустливо граѓаните да се попишуваат само со матичните броеви и да се отвори простор еден член на семејството да ги попишува сите други. Мицкоски посочи ваквото попишување на населението е  резултат на политичкиот пазар кој како што вели го донел Зоран Заев на власт.
-Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваат на брза трака во рамките на собранието да  ја протуркаат, ќе се попишуваат практично сите оние кои што имаат матичен број во Република Македонија, но не значи дека се државјани на Република Македонија и не значи дека еве тие луѓе се се уште живи, вели тој.
Мицкоски заклучи дека се знае каква е директивата на Еуростат и се знае како се врши попис на граѓаните и домаќинствата, односно не треба ништо ново да се измислува во Македонија.
-Се знае каква е директивата на Еуростат и се знае како се врши попис на домаќинства и граѓани во Република Македонија. И не треба да сме ние многу аналитични и да измислуваме нешто туку треба да го практицираме она кое што денеска современите европски држави го практикуваат кога го попишуваат населението и домаќинствата во нивните држави, заврши Мицкоски.
(This post was last modified: 11-06-2019, 02:24 PM by ЈорданПетровски.)
11-06-2019, 02:24 PM
Reply