Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ВС БОРЧЕ БОЈ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Borce Trajkovski
7 hrs · 

“Мериот“ системот признава партиски „измелезени“ новинари!
Наместо да се мачи да биде сериозен, Геро, треба да докаже дека “Мериот“ препораката за неговиот неверојатен лупинг во ставовите кон СЈО не постои. Во спротивно, ќе мора да живее со фактот од логичната претпоставка дека пресвртот во она што тој самиот го прогласувал за независно новинарство, ги насочувал младите колешки и колеги на правила, кодекси со нескршливи принципи, ќе му ја сруши децениската новинарска дејност како кула од карти, па на крајот од својата “блескава“ кариера, ќе остане тоа да им го должи само на “Мериот“ нарачателите, или, ако сакате, на “Тајниот комитет“ кај кој се’ може да се купи, па и Геро, а ако не може со малку, тогаш, може да се купи со многу пари, за да се заврти против СЈО, (не против Бубевски, не против Фетаи и Катица), Геро од поодамна е против концептот на работата на целото СЈО. Бранко Героски е против рак раната на криминалното дувло, на системот, кој, се сомневам дека го финансира, а јас си дозволувам да го наречам “Мериот“ - Систем. Ова не е дисквалификациска маана за Героски, да се разбереме. Ова е мизерна завршница на една тотално лажна новинарска кариера покриена со лично профитерство и интерсџиство, вешто задскривајќи се зад занаетот во кој развивањето на “пируетите“, “претумбациите“, “пресвртите“, му биле најзначајни во начинот на пишувањето, и секако, развиени до совршенство. Ова е крај со голем срам за еден самопрогласен новинарски бард...
Бљак...
П.С. Овој статус слободно може да го споделувате, да го објавувате на портали, да му го испраќате на Героски. Блокиран сум од лажниот новинарски бард во сите Македонии, ама требаше да се деси Северна, за да го одмрзнеме и разоткриеме... Тенкју... [Image: 1f642.png]:)




Quote:Branko Geroski
2 hrs · 


ИНФОРМАЦИЈА ЗА Г-ЃА КАТИЦА ЈАНЕВА, ШЕФИЦА НА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
Почитувана г-ѓа Јанева Kejty Jan,
Тргнувајќи од основаната претпоставка дека Вие сте врвен професионалец и неспорно авторитетна личност, си зедов слобода вака, јавно, со пост на Фејсбук, да Ве информирам за една работа која Ве засега и Вас и институцијата што ја водите.
Веројатно сте информирани дека јас, како слободен новинар, често коментирам прашања поврзани со статусот на Специјалното јавно обвинителство, перформансите и поведението на обвинителите, истрагите и обвиненијата и слично. Мислам дека во Волтеровски стил Вие ќе се согласите дека на тоа имам право, со оглед на фактот што нашиот Устав забранува цензура.
Во моите написи и јавни настапи (еден таков настап имав и вечерва на телевизијата 24 Вести, со госпоѓите Слаѓана Тасева и Ѓулистана Марковска и со водителката Душица Мрѓа), јас сум пословично критички расположен, но никогаш не навредувам, не клеветам и не се служам со говорот на омраза. Сепак, дел од јавноста е убедена дека јас "работам" против СЈО и дека имам некакви приватни проблеми со Вашата институција и особено со обвинителката Фетаи, што секако е апсолутно погрешна перцепција.
Јас, госпоѓо Јанева, сепак не се лутам поради таквите неосновани тврдења и измислици за мојата наводна "мисија" насочена против СЈО. Свесен сум дека голем дел од јавноста Ве доживува како еманација на новата правда (има правда, има мир) и во извесна смисла дури и како естрадна ѕвезда. Во такви околности, јас немам намера било кому да докажувам дека тезата дека моите критички написи се "напад врз СЈО" е ноторна глупост.
Но сепак, има еден проблем поради кој одлучив да Ви се обратам лично и јавно. Во Вашата институција е вработено лице (не ми е познато на која позиција и со какви работни задачи), кое е хиперактивно на Фејсбук и при тоа, природно, чувствува обврска да Ве брани Вас, обвинителките, институцијата и така и својот работен ангажман. Долго имав разбирање за тоа (човекот од нешто мора да живее), но кога тоа лице почна фреквентно да ме навредува и клевети, а со цел да избегнам непотребни кавги со некој со кој некогаш сум пријајтелувал, едноставно го блокирав на ФБ. Така нашата комуникација престана.
Но, вечерва добив информација дека Вашиот вработен продолжил со уште пожестоки навреди и тешки клевети на моја сметка. Така, на пример, тој тврди дека јас сум имал некакви "нарачатели" од "Мериот", дека сум бил купен со многу пари и слични сериозни обвинувања. Доколку сте заинтересирани, можам да Ви го проследам скандалозниот пост на Вашиот вработен. Тој во постот бара сите слободно да го споделуваат тој статус, за да ме "разоткриеле". Тој апел може да се протолкува не само како атак врз мојот углед, туку и како повик да се загрози мојата лична сигурност.
Бидејќи сте правник, госпоѓо Јанева, би сакал да Ве замолам на Вашиот вработен, кој со своето однесување на некој начин го претставува и СЈО, да му укажете дека клеветењето и навредувањето се казниви дела и дека во евентуална граѓанска парница, негова би била обврската да ги докажува своите гнасни лаги. Во оваа прилика јас нема да го тужам Вашиот вработен, но следната прилика, Ве уверувам, нема да ја пропуштам.
Веројатно се прашувате зошто Ви се обраќам Вам и зошто не се обидам работата да ј расправам со него лично. Од две причини:
Прво, верувајте, човекот не го разбира концептот на одговорност за јавно изречениот збор. Тој нема сопирачки. Своето присуство во СЈО и во близина на специјалните обвинители тој го доживува како своевидна дозвола за отстрел на сите за кои тој оценил дека го напаѓаат СЈО и дека се неразоткриени криминалци. Тој е како оној главниот лик во филмот "Балкански шпион". Ве молам, госпоѓо Јанева, помогнете му да сфати дека е во голема заблуда. Ако успеете, што вели нашиот народ, црква ќе изградите.
Второ, мора да постои некаков кодекс на поведение за Вашите вработени. Макар и непишан. Не верувам дека Вам лично Ви годи што ова лице се однесува вака кабадахиски, злоупотребувајќи го угледот на СЈО. Можеби грешам, но мислам дека имате и обврска да го предупредите човекот дека таквото поведение не е дозволено.
За крај, госпоѓо Јанева, би сакал јавно да Ви понудам нешто што не можете да го одбиете (еве, да прозвучам и јас малку мафијашки, како во филмот "Кум").
Ако имате ронка сомневање - ама баш ронка! - дека било што од она што го пишува Вашиот вработен е вистина, јас сум спремен на Вас лично, или на истражител што Вие ќе го определите, да Ви дадам детален отчет за сиот мој имот и за сите пари што ги заработувам. И не само јас, преземам обврска тоа да го сторат и членовите на моето најблиско семејство (сопругата, децата, родителите ми се упокоени). Вие знаете дека јас немам законска обврска за такво нешто, но заради Вас лично, јас сум спремен тоа да го сторам уште во текот на утрешниот ден.
И ветувам јавно: ако најдете било каков криминал или мое дејствие спротивно на законите, јас ќе ја прекинам мојата новинарска кариера и ќе се повлечам од јавниот живот (покрај тоа, веројатно ќе мора да одговарам и според некој закон). Но, ако не најдете ништо такво - а јас Ви тврдам дека нема да најдете! - Вие ќе го замолите Вашиот вработен да си замине од СЈО.
Мислам дека мојата понуда е фер и на Вас оставам да одлучите - или ќе ми поверувате безрезервно, или понудата ќе ја прифатите.
Пријателски поздрави, 
Бранко Героски,
новинар


Quote:Branko Geroski Госпоѓо Јанева, да дополнам нешто. Подзаконски акт на Законот за адмнистративни службеници е Кодексот. Членот 15 од тој Кодекс го регулира однесувањето на службениците во јавноста и во приватниот живот.

Законот за СЈО посебно не ги дефинира службениците во Вашата институција. Значи, тие се јавнообвибителски службеници, согласно член 3 од Законот за јавнообвинителска служба. Таму се детално опишани.

Е сега, Ве молам прочитајте го член 73 од Законот за административни службеници. Прекршувањето на Кодексот што го спомнав, во овој член се третира како дисциплински престап. За кој има прилично строги казнени одредби.

Да заклучам: Ве молам, добро проучете го член 15 од Кодексот. И објаснете му го на лицето за кое станува збор.

А Вас ве потсетувам дека овие законски одредби Ве обврзуваат во случајов да постапувате. Ве молам, постапете мајчински, нежно ама строго.
29-03-2019, 02:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,286
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Героски: Госпоѓо Катица Јанева, Ве очекувам, треба да разговараме за поведението на Вашиот доставувач!

Јавно, на Фејсбук, ја известив специјалната обвинителка Катица Јанева за жестоките навреди и клевети што вработен во СЈО (доставувач) ми ги упати во пост на ФБ и ѝ понудив да ѝ дадам отчет за сиот мој имот и за моите приходи, кои клеветникот ги доведува под сомнеж. Клеветничкиот пост во меѓувреме е повлечен, со објаснување дека „пораката стасала до целта“. Чија порака? На госпоѓа Јанева ѝ го испратив текстот на доставувачот што содржи навреди и клевети и ѝ го испратив и мојот телефонски број. Очекувам да бидам повикан на разговор, за да се расчистат непријатностите што ги предизвика нејзиниот неодговорен службеник, во обид да го повреди мојот углед.   
Напишано од
 Бранко Героски
 -

29/03/2019

[b]Доцна синоќа (четврток, 28 март), на Фејсбук напишав пост под наслов „Информација за г-ѓа Катица Јанева, шефица на Специјалното јавно обвинителство“. Ова е текстот на тој пост:[/b]
Почитувана г-ѓа Јанева
Тргнувајќи од основаната претпоставка дека Вие сте врвен професионалец и неспорно авторитетна личност, си зедов слобода вака, јавно, со пост на Фејсбук, да Ве информирам за една работа која Ве засега и Вас и институцијата што ја водите.
Веројатно сте информирани дека јас, како слободен новинар, често коментирам прашања поврзани со статусот на Специјалното јавно обвинителство, перформансите и поведението на обвинителите, истрагите и обвиненијата и слично. Мислам дека во Волтеровски стил Вие ќе се согласите дека на тоа имам право, со оглед на фактот што нашиот Устав забранува цензура.
Во моите написи и јавни настапи (еден таков настап имав и вечерва на телевизијата 24 Вести, со госпоѓите Слаѓана Тасева и Ѓулистана Марковска и со водителката Душица Мрѓа), јас сум пословично критички расположен, но никогаш не навредувам, не клеветам и не се служам со говорот на омраза. Сепак, дел од јавноста е убедена дека јас „работам“ против СЈО и дека имам некакви приватни проблеми со Вашата институција и особено со обвинителката Фетаи, што секако е апсолутно погрешна перцепција.
Јас, госпоѓо Јанева, сепак не се лутам поради таквите неосновани тврдења и измислици за мојата наводна „мисија“ насочена против СЈО. Свесен сум дека голем дел од јавноста Ве доживува како еманација на новата правда (има правда, има мир) и во извесна смисла дури и како естрадна ѕвезда. Во такви околности, јас немам намера било кому да докажувам дека тезата дека моите критички написи се „напад врз СЈО“” е ноторна глупост.
Но сепак, има еден проблем поради кој одлучив да Ви се обратам лично и јавно. Во Вашата институција е вработено лице (не ми е познато на која позиција и со какви работни задачи), кое е хиперактивно на Фејсбук и при тоа, природно, чувствува обврска да Ве брани Вас, обвинителките, институцијата и така и својот работен ангажман. Долго имав разбирање за тоа (човекот од нешто мора да живее), но кога тоа лице почна фреквентно да ме навредува и клевети, а со цел да избегнам непотребни кавги со некој со кој некогаш сум пријателувал, едноставно го блокирав на ФБ. Така нашата комуникација престана.
Но, вечерва добив информација дека Вашиот вработен продолжил со уште пожестоки навреди и тешки клевети на моја сметка. Така, на пример, тој тврди дека јас сум имал некакви „нарачатели“ од „Мериот“, дека сум бил купен со многу пари и слични сериозни обвинувања. Доколку сте заинтересирани, можам да Ви го проследам скандалозниот пост на Вашиот вработен. Тој во постот бара сите слободно да го споделуваат тој статус, за да ме „разоткриеле“. Тој апел може да се протолкува не само како атак врз мојот углед, туку и како повик да се загрози мојата лична сигурност.
Бидејќи сте правник, госпоѓо Јанева, би сакал да Ве замолам на Вашиот вработен, кој со своето однесување на некој начин го претставува и СЈО, да му укажете дека клеветењето и навредувањето се казниви дела и дека во евентуална граѓанска парница, негова би била обврската да ги докажува своите гнасни лаги. Во оваа прилика јас нема да го тужам Вашиот вработен, но следната прилика, Ве уверувам, нема да ја пропуштам.
Веројатно се прашувате зошто Ви се обраќам Вам и зошто не се обидам работата да ја расправам со него лично. Од две причини:
Прво, верувајте, човекот не го разбира концептот на одговорност за јавно изречениот збор. Тој нема сопирачки. Своето присуство во СЈО и во близина на специјалните обвинители тој го доживува како своевидна дозвола за отстрел на сите за кои тој оценил дека го напаѓаат СЈО и дека се неразоткриени криминалци. Тој е како оној главниот лик во филмот „Балкански шпион“. Ве молам, госпоѓо Јанева, помогнете му да сфати дека е во голема заблуда. Ако успеете, што вели нашиот народ, црква ќе изградите.
Второ, мора да постои некаков кодекс на поведение за Вашите вработени. Макар и непишан. Не верувам дека Вам лично Ви годи што ова лице се однесува вака кабадахиски, злоупотребувајќи го угледот на СЈО. Можеби грешам, но мислам дека имате и обврска да го предупредите човекот дека таквото поведение не е дозволено.
За крај, госпоѓо Јанева, би сакал јавно да Ви понудам нешто што не можете да го одбиете (еве, да прозвучам и јас малку мафијашки, како во филмот „Кум“).
Ако имате ронка сомневање – ама баш ронка! – дека било што од она што го пишува Вашиот вработен е вистина, јас сум спремен на Вас лично, или на истражител што Вие ќе го определите, да Ви дадам детален отчет за сиот мој имот и за сите пари што ги заработувам. И не само јас, преземам обврска тоа да го сторат и членовите на моето најблиско семејство (сопругата, децата, родителите ми се упокоени). Вие знаете дека јас немам законска обврска за такво нешто, но заради Вас лично, јас сум спремен тоа да го сторам уште во текот на утрешниот ден.
И ветувам јавно: ако најдете било каков криминал или мое дејствие спротивно на законите, јас ќе ја прекинам мојата новинарска кариера и ќе се повлечам од јавниот живот (покрај тоа, веројатно ќе мора да одговарам и според некој закон). Но, ако не најдете ништо такво – а јас Ви тврдам дека нема да најдете! – Вие ќе го замолите Вашиот вработен да си замине од СЈО.
Мислам дека мојата понуда е фер и на Вас оставам да одлучите – или ќе ми поверувате безрезервно, или понудата ќе ја прифатите.
Пријателски поздрави,
Бранко Героски,
новинар
[b]Во дополнение на овој пост, со коментар, повторно ѝ се обратив на госпоѓа Јанева, со замолница да постапи според прописите кои го уредуваат однесувањето на јавнообвинителските службеници. Ова е текстот на тој коментар:[/b]
Госпоѓо Јанева, да дополнам нешто. Подзаконски акт на Законот за административни службеници е Кодексот. Членот 15 од тој Кодекс го регулира однесувањето на службениците во јавноста и во приватниот живот.
Законот за СЈО посебно не ги дефинира службениците во Вашата институција. Значи, тие се јавнообвинителски службеници, согласно член 3 од Законот за јавнообвинителска служба. Таму се детално опишани.
Е сега, Ве молам прочитајте го член 73 од Законот за административни службеници. Прекршувањето на Кодексот што го спомнав, во овој член се третира како дисциплински престап. За кој има прилично строги казнени одредби.
Да заклучам: Ве молам, добро проучете го член 15 од Кодексот. И објаснете му го на лицето за кое станува збор.
А Вас ве потсетувам дека овие законски одредби Ве обврзуваат во случајов да постапувате. Ве молам, постапете мајчински, нежно ама строго.
[b]Претпладнево (петок, 29 март) дознав дека лицето кое ме наклевети го избришало својот статус и со нов пост ја објаснило својата постапка. Во врска со тоа, со нов коментар, повторно ѝ се обратив на госпоѓа Јанева. Еве го текстот на тој коментар:
[/b]
Госпоѓо Јанева, известен сум дека лицето вработено во СЈО, за чие поведение Ве информирав, го избришало својот статус од неговиот профил на Фејсбук (тој бришењето го нарекува „архивирање“) и смета дека со тоа завршило работа. Не знам дали тоа се случило под Ваше влијание, но не е битно. Во новиот статус, во кој ја „објаснува“ својата постапка, лицето повторно лаже и се однесува недолично, а го оспорува и Кодексот за поведение на административните службеници.
Имено, лицето, очигледно исплашено од сознанието за тежината на деликтот што го сторило, изнесените навреди и тешки клевети на моја сметка сега ги нарекува „претпоставки“ кои биле испровоцирани од некакви мои „инсинуации“. Изгледа дека некој правно недоволно писмен го поучил лицето така да постапи.
Драга обвинителке, јас Ви понудив да Ви го проследам постот на Вашиот вработен, за лично да се уверите дека не станува збор за никакви „претпоставки“ (тоа сега е вадење поради можна тужба од моја страна), туку за директни обвинувања. Сега тоа ќе го сторам и тој пост ќе Ви го испратам во Инбокс.
Дополнително, лицето тврди се фали дека „пораката стасала до целта“. Би сакал да знам чија е таа порака. Од СЈО? Ваша лична?
Лицето е вознемирено од мојата фер понуда до Вас, која ја доживеал како понуда за трампа – мојата чест за неговата бедна плата како доставувач во СЈО (ете, разбравме што работел човекот и со каков мотив). Добро, ако е така, јас веднаш ќе ја видоизменам понудата на Вас лично да Ви дадам отчет за мојот имот и за моите приходи – Ве ослободувам од обврската, откако ќе ја дознаете вистината, односно откако ќе дознаете дека Вашиот доставувач бедно лаже, од него да побарате да го напушти СЈО. Слободно да си го задржите.
Е од ова пофер мислам дека не може, нели?
Госпоѓо Јанева, имам разбирање и за фактот што засега не прифаќате со мене да комуницирате вака јавно, за поведението на едно лице кое веројатно и не заслужува такво внимание, но кое сепак е Ваш вработен. Тогаш, ми останува само да Ве замолам да ме побарате директно (по телефон, на пример), за да ме известите дали било што преземате во врска со овој случај и секако, дали ја прифаќате мојата понуда. Мојот број го знаете, а ако сте го заборавиле, ќе ви го пратам во Инбокс.
Поздрав,
Героски[url=https://www.facebook.com/ufi/reaction/profile/browser/?ft_ent_identifier=ZmVlZGJhY2s6MjEwMjE3OTEwOTkwMzc3Mw%3D%3D&av=100003351133662][/url]
[b]Постот на доставувачот на СЈО, кој содржи тешки навреди и клевети за мене, веќе ѝ го испратив на специјалната обвинителка Катица Јанева. Ѝ го испратив и мојот телефонски број. Во очекување сум да ми се јави (или, евентуално, да ми испрати порака јас да ѝ се јавам), за да добијам одговор на моите прашања. Убеден сум дека со еден разговор со една цивилизирана и умна жена овој проблем може да се реши, за да избегнеме понатамошни непријатности. На задоволство и на нејзиниот исплашен доставувач.[/b]
30-03-2019, 02:53 AM
Reply