Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Слободно кажи Македонија
Напишано од
Денко Малески
-
19/03/2019 08:43
5995

[Image: Denko-Maleski-696x365.jpg]
Се изгасија рефлекторите, вниманието на европската и светската политика отиде некаде на друго место, а ние останавме со последиците од решениот спор со јужниот сосед. Да, и решени, а не само нерешени спорови имаат последици. Сега знаеме дека решението на еден проблем отвора нови проблеми. Имено, животот поставува нови прашања а политичарите и граѓаните, деновиве, не се сигурни како да одговорат на нив. На пример, смееме ли, после Преспа, да кажеме „Македонија“? Од едно време кога устите и беа полни со „Македонија“, сега едвај го цедиме зборот низ заби. Стегнати во грч да не згрешат нешто, политичарите но и граѓаните кои не сакаат да и наштетат на државата, никако да се опуштат и да кажат Македонија, име кое ќе се наметне како краткото име за она официјалното од Преспанскиот договор: Република Северна Македонија. Кој вели така? Па, искуството од други држави со подолги официјални имиња, и тоа главно од практични причини. Никој нека не се замислува таков патриот па да тврди дека е првиот што има тешкотии преку јазикот да го протркала зборот Северна. Но никој и да не помислува да го руши кредибилитетот на државата, отфрлајќи го договорот што таа го потпишала. Најмалку сегашниот претседател или неговата истомисленичка во претседателската кампања. Особено затоа што „Северна“ е цената која ни ја наметна нашиот екстремен национализам кој во зборот „Македонија“ ја смести и целата античка грчка историја. Цената ни ја наметнаа оние кои не разбирајќи ги закономерностите на меѓународната политика мислеа и сеуште мислат дека секој народ може да си пишува историја каква што ќе си посака. Тоа, можеби може да го прави народот на Исланд, остров опколен со риби, но во светот, а особено на Балканот, не е така.
Либералните луѓе од двете страни на границата, Македонци и Грци, се најмалку виновни за „Северна“ и за сегашнава ситуација. Тие немаа проблем ниту со името „Македонија“ ниту со нашето словенско потекло. Грчките и македонските националисти беа тие кои го произведоа проблемот и сега се лутат на решението, а виновни им се либералните луѓе затоа што, за доброто на народите, денес го прифаќаат компромисот за кој се залагале од порано за да ги помират двата национализми. Затоа, треба да се повтори и да се запамети дека како реакција на националистичките политики кои ги водеше македонската држава изминатава деценија, го добивме официјално име кое ќе се користи и дома и кон други држави, име кое принудно ќе не потсетува дека има и друга вистина за Македонија. Грчката, на пример. На време да го направевме тоа доброволно, исполнувајќи го терминот Македонија со нашата вистинска, словенска содржина, крајот можеше да биде поинаков. Можеби ниту името немаше да биде проблем. Во анализа не еден мој текст за односите со нивната земја, бугарски научници тврдат дека ако почнавме со решавање на заедничката историја меѓу Македонија и Бугарија на начин на кој пишувам, прашање е дали ќе требаше да се смени името. Но, главата горе: никој не може да ни го одрече правото, во секојдневната комуникација дома, да се нарекуваме, просто: Македонија.
Суштината на договорот од Преспа е обврската да не лажеме повеќе за нашата историја, онака како што правевме во минатото, поставувајќи ги темелите на нашиот идентитет и култура во античка Грција. На крајот од преговорите, и договорот со Бугарија ќе не обврзе на истото: да не лажеме за своето „бугарско“ минато. Но, кога веќе сме се обврзале да не лажеме, тогаш сега слободно треба да ја зборуваме вистината. Зашто, само вистината за Македонија ќе ги ослободи сите заробени умови на Балканот. Како до вистината? Можам да напишам неколку редови од лично искуство.  Јас моето право на слободна мисла во потрага по вистината за Македонија го користам со децении наназад и морам да кажам дека е тоа едно огромно задоволство. Задоволство затоа што сега за прв пат точно разбирам што сакаше да ми каже татко ми кога велеше дека слободата се освојува а не се подарува. Јазикот ни го даде неговата генерација, освојувајќи ја така својата слобода. Во последната книга „Јазли“, татко ми, Владо Малески ќе напише: „Јазикот беше моето распетие. Македонскиот. Рацин восхитуваше, но не споможуваше, неговата поезија се напојуваше од народната та му се даде да состави поетски јазик, но за мојата идна проза – проблемска, мисловна, пролетерска, национална, полемичка…требаше да се качам на Олелија, од подножјата па нагоре…до кај што ќе имам сила да стигнам“. Ете, така го добивме јазикот.
Сепак, џабе ви е јазик (македонски или албански), ако немате што да кажете. Но, за да имате што да кажете, морате да ја освоите својата слобода со труд и во потрага по знаење. Од подножјето на Олелија па угоре, до кај што можете да стасате. Во потрага по знаење и вистина во областа на политичката мисла, децении на ред го правам тоа, пишувајќи страници и страници, повремено патувајќи и работејќи во средини во кои живеат други народи. Жалам само што животот е толку краток, „сон на една сенка“, инаку би посакал сето тоа да го повторам. Но, доказ дека можеби сум успеал е дека Албанците дома ја споделуваат мојата вистина за слободата, а либералните  Грци и Бугари, преку границите, ја споделуваат мојата вистина за Македонија. Останува уште моите размислувања за слободата и за македонската нација да ги разбере мојот народ: Македонскиот. И да научи да го цени трудот на секој оној кој што се обидел да се качи на Олелија. Вистина, онаа балканската ми вели дека никој не станал оџа во своето село, но јас не се откажувам.



Quote:Непремостлив јаз меѓу Македонците?
Напишано од
Денко Малески
-
25/03/2019 11:08
4350

[Image: Denko-Maleski-696x365.jpg]
Деновиве, пријател со своите критички забелешки за она што сум го напишал, ми го упропасти утрото, ако не и денот. Ме обвини за ширење на лажен ентузијазам околу судбината на државата со текстот „Слободно речи Македонија“. Заклучокот од неговата аргументација е дека, по прогласувањето на новата северно-македонска нација (!?) тој се прашува дали Македонците ќе успеат да го надминат внатрешниот етнички конфликт. За жал, неговото мислење е дека нема. Вели дека е создаден непремостлив јаз во македонското ткиво и тоа, отсега натаму само ќе одумира. Се надева само дека нема да ја доживее неговата дефинитивна смрт. Значи, дека тој ќе умре пред да умре нацијата.
Загрижено се прашав зошто не можам да ја видам оваа смртна опасност по нашата нација која доаѓа од Преспанскиот договор? Па, нашата нација, македонска и нашиот јазик македонски, според словото на Преспанскиот договор, ќе бидат промовирана во друштвото на двата сојуза на Западниот свет: НАТО и ЕУ. Таквата меѓународна афирмација е веројатно најзначајната во историјата на нашиот народ од Втората светска војна наваму. Околностите во кои е создавана нашата нација и нашиот јазик, од годините кога генерацијата наши татковци и дедовци собирала зборови по селата за да го кодифицираат македонскиот литературен јазик во 1944, до неговото меѓународно признавање во шеесеттите, кога е запишан на листата на европските јазици, никогаш не биле лесни, но биле херојски и доблесни. Но, зарем ова денес се најтешките околности за нацијата? И каде е ентузијазмот со кој е создадена оваа нација и јазик? Во која фотеља заспал?
Преспанскиот договор, со кој се крева грчката блокада на афирмацијата на македонскиот јазик и нација, е дострел кој го разбираат само оние кои ја знаат поранешната политика на Грција, раководена од начелото „what they do you undo“, „она што (Македонците) ќе го направат, растурете го“. Особено на дипломатско или на културно поле, каде што се водеше војна против нас. Сега, тој тежок период го надминавме. Ништо веќе не ни стои на патот да го освоиме светот ако сакаме. Со своите културни, уметнички или научни дела, се разбира. Но, светот не ни е крив што не можеме да си ја спастриме сопствената куќа: што сме неединствени, што имаме слаба демократија, економија, судство, образование, здравство, политичка мисла и сето останато. Ниту, пак, има лек од надвор, затоа што никој не може да нѐ спаси од нас самите. Но, сега, како дел од западните сојузи, ја имаме шансата сето тоа да го исправиме. Без тие сојузи, шанса – немаме. Кога би можеле обединети да се соочиме со овие европски предизвици, работите би оделе многу побрзо, но, за жал, ние сме длабоко поделено општество. Толку поделени што сега власта и опозицијата си го прават дома она што ни го правеа Грците на меѓународен план: што едниот ќе го направи, другиот да го растури. Пријателот правник е загрижен дали нашата македонска (северно-македонска) нација, ќе го надмине внатрешниот етнички конфликт. Што е изворот на тој конфликт, околу што се расправаат Македонците? И кој е непремостливиот јаз кој може да доведе до смрт на нацијата? Преспанскиот договор со кој ни се отвора патот кон членство во НАТО и во ЕУ? Не. Одговорот е многу поедноставен и е запишан во сите историски читанки: борбата за власт. Преспанскиот договор е само последниот добар изговор да продолжи и да се интензивира партиската војна која трае од 1991 година и која го кочи напредокот на државата. Војната е човековата природна состојба, за сѐ друго треба цивилизација која бара напор да се менуваме. Ние немаме демократски систем, ниту сакаме да го изградиме, затоа што, да повторам една изветвена фраза, за танго се потребни двајца. Не сакаме да изградиме систем кој ќе овозможи безболна промена на политиките со промената на власта и контрола над секој облик на владеење со други. Наликуваме на некаква држава од средниот век во која по смртта на владетелот, настанувал хаос и пресметка на разни политички фракции во борба за гола власт. Тоа е модерно продолжение на онаа борба во која, во минатите времиња, татко убивал син, а брат брата не жалел. Денешните Македонци, неспособни за демократско поведение, за договори и компромиси, крвнички се расправаат околу тоа кој ќе владее и тоа е тој „непремостлив јаз“ кој може да ја уништи државата и нацијата. Политичари настрвени и назабени за власт.
Тоа е тој „непремостливиот јаз“ а не Договорот од Преспа. Приговорот е дека такви одлуки се носат со консензус, вели опозицијата, претседателот на државата и нивниот претседателски кандидат. Има ли некој кој не знае дека таквите одлуки се носат со консензус? Да, таквите големи одлуки се носат со консензус. Ама, се носат! Не се зборува само дека се носат со консензус, како што правеа нашите политичари цели триесет години. Зашто, кога на државата ќе ѝ истече времето како последица на променетите меѓународни околности, тогаш одлуките како Преспа, од кои зависи регионалниот мир и интересите на големите сили, едноставно – се носат. Консензус или неконсензус и по секоја цена –  со купени или продадени пратеници и сѐ друго што можете да замислите што се отклонува од идеалот на правото и на правдата. На сцена настапуваат силата и интересите. И ние уште ништо не сме виделе од тој застрашувачки арсенал во нашата земја. Не ви се допаѓа светот? Ни мене. Но, таков е светот во кој живееме и секој кој се осмелува да води држава треба да го знае тоа.
Значи, основниот проблем е што нашите партии не умеат да произведат решенија преку консензус. Така беше на почетокот од независноста, при приемот во ОН, така е и сега, при приемот во НАТО и во ЕУ. Е, вакво неодговорно поведение во политиката, кое гледа сѐ низ призмата на борба за власт, може да убие цела нација. Во демократска држава, каде што има дијалог, консензус, таквиот фатален исход е невозможен. Тука се крие вистинската опасност по државата и народот, не во овој или оној член од Преспанскиот договор. Но, погледнете еден екстремен случај, за да стане појасно. Случајот со Сирија. Таму, борбата за власт ја отепа и државата и нацијата. Мислите, Македонија е нешто друго. Размислете уште еднаш… Принципот е ист, само последиците се поинакви. Со оваа наша политичка култура, да не сме во Европа, туку некаде на Блискиот Исток, лесно можам да ја замислам Македонија како Сирија.
А, замислете сега една манифестација на единство која би ја восхитила Европа: еден милион Македонци во поддршка на еден заеднички претседателски кандидат, обединети, храбро прифаќајќи ги новите реалности од Преспанскиот договор, решени од земјата да направат просперитетна, слободна и правна држава, на кои им се придружуваат Албанците и другите етнички заедници. За ова, партиите одбиваат и да размислат: ќе се колат и натаму. За Преспа? Лага. Преспа е само изговор за една немилосрдна битка за власт и за одличја.
27-03-2019, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

-Особено затоа што „Северна“ е цената која ни ја наметна нашиот екстремен национализам кој во зборот „Македонија“ ја смести и целата античка грчка историја.

Денко заборава или не смета за малоумни па не говори дека тој е КРЕАТОРОТ на смената на името. Името е сменето 1993 година. Ако причината била екстремниот национализам тогаш тој национализам го ширела власта во која тој бил дел.

За оние што незнаат да потсетам кој  екстремен нацинализам ширел двоецот Глигоров Малевски, па ке цитирам една изјава на Малевски




[Image: Photograph-190.jpg]
27-03-2019, 10:11 PM
Reply