Венко Марковски продолжува да ги бранува духовите
По повод објавувањето на поемата на Венко Марковски во книжевното списание "Синтези", вчера во Скопје се одржа промоција на истото, која што се разви во дебата за ликот, делото и значењето на овој контроверзен поет
Во годините по осамостојувањето на Македонија неретко во книжевните кругови во Македонија се отвораше дебата за ликот, делото и значењето за македонската поезија на поетот Венко Марковски. На вчерашната промоција на новиот број на Синтези во која што е поместена неговата поема "Современи парадокси", која била причина за негово осудување и прогонство на Голи Оток во 1956 година, бидејќи се сметало дека претставува напад на личноста на Јосип Броз, повторно се разви дискусија. Академикот Гане Тодоровски, на промоцијата најави дека за расветлување на животните околности под кои Марковски заминал од Македонија, како и за проценување на значењето на неговата поезија за македонската литература, земајќи предвид дека тој творел на македонски јазик во ист временски период со Кочо Рацин, ќе претставува понатамошен предизвик за научниците и истражувачите во Македонија. Академик Тодоровски, на промоцијата најави дека тој подготвува книга за Венко Марковски во издание на Македонската академија на науки и уметности, во која ќе даде повеќе информации за животот и творештвото на Марковски.
Како што рече академикот Тодоровски, со оглед на тоа што историската граѓа за Марковски, кој припаѓа на така наречени дводомни автори кои пишувале и на македонски и на бугарски јазик, се уште е необработена, неизанализирана и не е развиена конструктивна дебата која ќе вроди со заклучок, неблагодарно е да се пишува на оваа тема паушално и без факти.
"Венко Марковски за мене е контроверзна личност. Тој и припаѓа на македонската литература во категорија на нејзините основоположници, но во подоцнешниот живот прави недоличен чин, родоотстапништво. Заминува за Бугарија и се откажува од своите корени, јазикот, нацијата...", рече академикот Гане Тодоровски на вчерашната прес-конференција.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...02040665F9
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________
http://www.cd-macedonia.com