Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.82 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОЛИ ОТОК-ОСТРОВ НА СМРТТА ОД ВЕНКО МАРКОВСКИ
Author Message
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#34

Ova e natpisot i linkot na Aleksandar Donski vo Makedonsko Sonce za Venko Markovski:



Aлександар ДОНСКИ: Историјата не е само минато
ВЕНКО МАРКОВСКИ - ОД МАКЕДОНИСТ ДО ТОДОР ЖИВКОВИСТ

- Малку е познато во јавноста дека Венко Марковски пред војната бил член на тајна македонска организација, чии членови себе си се декларирале како директни потомци на Филип и Александар Македонски!
- Во НОБ и по војната Марковски пишувал песни за Тито и за другите членови на КПМ, но и за Сталин, а подоцна и за Тодор Живков

Во овој текст нема да ги анализираме несомнените поетски вредности на македонскиот поет Венко Марковски, туку ќе укажеме на малку познати моменти од неговата рана политичка дејност. Така, на пример, малку е познат податокот дека Венко Марковски, пред војната, не само што бил истакнат конспиративен македонски национален деец, туку тој и практично членувал во раководството на една тајна македонска организација, чие членство се залагало за независна и обединета Македонија, со македонска нација и засебен македонски јазик. Она што е интересно е фактот дека членовите на оваа организација себе си се сметале како директни етнички потомци на Филип и на Александар Македонски!



ТАЈНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ММОР

Името на оваа македонска илегална организација било ММОР (модифициран збор од францускиот збор морт, што значи: смрт - според девизата: Смрт или слобода!) и таа дејствувала главно во триесеттите години. Во врска со залагањето на оваа организација за засебен македонски литературен јазик и за нивните идеи дека Македонците се директни етнички потомци на Филип и на Александар Македонски, сведоштво дал нејзиниот раководител Благоја Димитров од Скопје, кој во врска со ова изјавил:

Основна задача беше да се зборува на македонски, да се купуваат книги. Се формираа ќелии од по тројца членови и секоја таква ќелија си имаше своја библиотека. Имавме и книги за Александар Македонски и сето тоа го сметавме како наше.

Во врска со ваквите програмски и национални определби на ММОР, сведоштво дал и македонскиот национален деец Димче Аџимитрески од Прилеп, кој и самиот бил член на раководството на оваа тајна македонска организација:

Ние имавме една стара книга за Александар Македонски. Така ние се воспитувавме. Го сметавме за наш крал и сонувавме за такво кралство што некогаш тој го создал.

Рековме дека во најтесното раководство на оваа тајна македонска организација (покрај Аџимитрески и Димитров), тогаш се наоѓал и поетот Венко Марковски, како и Стојан Јовановски, а близок до организацијата бил и Коста Рацин.

Иако Венко Марковски по своето политичко убедување главно бил левичар, интересно е дека, кога некои членови од раководството на ММОР предложиле истата да стапи во преговори со КПМ, Марковски не се согласил со овој предлог и гласал против.

Инаку, во ноември 1934 година, организацијата ММОР била пробиена, а некои од нејзините членови биле уапсени од страна на великосрпската полиција.



БУГАРСКИ СВЕДОШТВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НА МАРКОВСКИ

Подоцна, Венко Марковски непосредно пред војната, во Бугарија, објавувал поезија на македонски јазик. Истакнатиот бугарски писател Ангел Тодоров, во 1939 година, напишал дека јазикот на кој пишува Марковски не е никакво бугарско наречје, туку засебен македонски јазик:

Венко Марковски не пишува на некое бугарско наречје, туку на еден локален говор, кој претендира да се развие во посебен, одделен национален јазик.

Подоцна, под диктат на бугаро-комунистичкиот режим Ангел Тодоров ја врти капата, па пишува пробугарски и антимакедонски статии.

Истакнатиот бугарски критичар Гана Т. Павлова истата (1939 година) изјавила дека јазикот на кој пишувал Марковски одвај можела да го разбере, за што & била потребна извесна помош:

Признавам дека песните на Венко Марковски доста ме измачија во однос на јазикот и без извесна помош не би ги разбрала наполно.

Во врска со јазикот на кој пишувал Венко Марковски, се огласил и академик Тодор Павлов. Во истата 1939 година, Павлов запишал:

Оваа поезија и овој јазик можат да ја играат и ќе ја играат улогата на првокласно средство за закрепнување на борбената народномакедонска свест и на вистинскиот прогресивен македонски патриотизам, завештан на секој Македонец од сите наши просветители и револуционери.

Со оваа промакедонска изјава, дадена уште пред војната, и академик Тодор Павлов (инаку роден штипјанец) отпаѓа од великобугарскиот арсенал како нивен цврст бедем. Секако дека Павлов давал слични изјави и веднаш по војната, иако себе си главно се декларирал како Бугарин и бил член на Бугарската академија на науките.

Поради тоа што пишувал на македонски јазик, од страна на бугарската држава на Венко Марковски му била укината стипендијата.

Во тајниот извештај од Министерството за надворешни работи на Кралството Југославија, напишан на 06.03.1940 година, во врска со излегувањето на двете први стихозбирки од Венко Марковски, објавени во Бугарија, помеѓу другото, пишува:

Венко Марковски, спротивно на желбите на Бугарското министерство за просвета, издал две стихозбирки на македонски дијалект. Поради тоа бил повикан во Министерството за просвета, каде што му било соопштено дека ќе му се одземе стипендијата ако продолжи да пишува на чист македонски дијалект. Марковски одговорил дека неговите сонародници не би ги разбрале песните во колку би ги пишувал на бугарски јазик, а неговите песни им се наменети ним. Министтерството за просвета тогаш му ја одзело стипендијата и тој се нашол на улица... Марковски инаку е противник на ВМРО.

За поезијата на Венко Марковски бугарскиот поет Христо Радевски, во 1944 година напишал:

Тој е македонски поет и речиси сите негови дела се напишани на македонски јазик, на јазикот што нашите големобугарски шовинисти го сметаат за бугарско наречје, како и Македонија што ја сметаат за бугарска провинција. Венко Марковски уште пред години, во времето на шовинистичкиот бес кај нас, излезе со својата поезија и демонстративно изјави дека Македонците и македонскиот јазик се самостоен народ со свој јазик.



МАРКОВСКИ ПЕЕ ЗА ТИТО!

За време на Втората светска војна, во истата 1944 година, Венко Марковски напишал стихови, посветени на - Тито!Во стиховите Марковски пее:

На тебе друже Тито песнава ја праќам,

под знамето на Гоце родена е в Штаб,

се роди в рана есен, на први листокап,

Овие стихови претставуваат фрагмент од епот Партизани, објавен како издание на НОВ и ПО на Македонија.

Во збирката Орлите на Македонија (1945 год), која збирка била објавена во 2000 тираж, Марковски објавува песни посветени на македонските национални борци и партизани: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски - Питу, Христијан Тодоровски - Карпош, Вера Циривири - Трена, Кире Гавриловски - Јане, Круме Волнаровски - Коле, Димче Ангелов - Габерот, Димче Мирчев, Киро Кристев, Манчо Малимановски, Стојан Сукуловски и други. Во песните тој жестоко ги напаѓа фашистите, а ги велича партизаните и КПМ (но и Сталин). Бугарскиот фашистички окупатор Венко Марковски погрдно го нарекува како болгарски орди. Така на пример, во песната посветена на Христијан Тодоровски - Карпош, Марковски пее:

Се разбиват пруги, стациони горат

участоци летат, а возој са в дим.

Со Дражини банди, со болгарски орди,

со Германци в бој са от првите дни.

Ако се знае дека терминот орди означува примитивна средновековна војска, тогаш нарекувањето на бугарската фашистичка војска како болгарски орди претставува една од најжестоките негативни квалификации на оваа војска, дадена кога и да е, од страна на еден македонски поет. Секако дека така е и со четниците на Дража Михајловиќ, кои овде се наречени како банди.

Во песната за Кузман Јосифовски - Питу, Марковски пее за ЦК на КПМ:

Во борбата крстен смел орел на Це-Ка

на младата војска во главниот Штаб,

во љубовта широк ко рамнинска река,

во верата корав ко столетен даб.

Понатаму, во истата песна, Марковски пее и за Сталин:

На рамења стреснал непокорна глава

го облива слонце на вечниот мај,

со сталинска љубов он светот го завил,

и чекори тврдо по родниот крај.

И во песната за македонските партизани Кире Гавриловски и Круме Волнаровски, Венко Марковски, повторно пее за Тито и за Сталин:

Каде се чуло војник на Тита,

пушка да фрли, пленик да падне,

не стра не плаши, наши са дните

на бој ве викам подлеци гадни.

И понатаму:

Виорот силен иде од Исток,

збоднал коњ алов другарот Сталин,

нашите дни са есени листој,

вас смрт ве чека и страшни векој.

И понатаму:

И пее смело поздрави праќа

На Јосиф Сталин, на маршал Тито,

на својот народ, на своите браќа

и в бој ги вика еден до сите.

Во песната за Вера Цири Вири-Трена, Марковски повторно пее за КПМ:

Мојата вера е жар што гори,

смрт не ја гасне на земја,

Ка Пе Ем в бојот крепост ме стори,

и дух ми даде за борба.

Секако дека ова не се единствените песни на Венко Марковски, во кои тој ги велича партизаните, Тито и КПМ (но и Сталин), а пишувал и други песни со македонска национална содржина. Подоцна, меѓутоа, Венко Марковски, откако бега во Бугарија, почнува да објавува песни со анти-македонска содржина и да го велича Тодор Живков. Овде не сакам да навлегувам во анализирање на причините за бегството на Венко Марковски од Македонија (кои веројатно во голема мера биле оправдани, ако се знае карактерот на југословенскиот тоталитарен комунистички режим), но факт е дека и тој ја доживеал трагичната судбина на мнозина тогашни интелектуалци, кои биле принудени (било поради својот личен опстанок, било поради директен притисок од страна на тоталитарните режими) да го продаваат својот талент на политиката. Венко Марковски несомнено е талентиран поет и ние треба со почит да се однесуваме кон неговите македонски национални пројави, но македонските бугаромани треба конечно да престанат подмолно да го користат овој трагичен поет за своите антимакедонски ставови. Македонските бугаромани денес ги цитираат пробугарските и антимакедонски изјави на Венко Марковски што ги давал пред крајот на својот живот за време на бугарскиот комунистички режим, но според овде наведените цитати, повеќе од очигледно е дека бугароманите воопшто не треба да сметаат на Венко Марковски како на свој ,,цврст бедем".
07-11-2010, 05:03 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by Пат - 10-06-2010, 03:26 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 10-06-2010, 03:42 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by Пат - 10-06-2010, 05:31 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 10-06-2010, 03:45 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by Пат - 10-06-2010, 05:48 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 10-06-2010, 06:30 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by Пат - 10-06-2010, 06:37 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 10-06-2010, 06:53 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 12-06-2010, 02:55 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 10-06-2010, 08:13 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by Пат - 10-06-2010, 08:52 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 11-06-2010, 12:47 AM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by афион - 10-06-2010, 10:13 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by афион - 10-06-2010, 10:16 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 12-06-2010, 02:51 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 12-06-2010, 04:04 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 14-06-2010, 04:08 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 16-06-2010, 01:35 AM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 18-06-2010, 05:11 PM
RE: Goli Otok-Ostrov na Smrtta - by basilius_2 - 21-06-2010, 07:13 PM
RE: ГОЛИ ОТОК-ОСТРОВ НА СМРТТА ОД ВЕНКО МАРКОВСКИ - by basilius_2 - 07-11-2010, 05:03 PM