Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АМНЕСТИРАНИТЕ СЕ ВИНОВНИ АМА НЕ УЦЕНИЈА СО ГЛАСОВИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

[Image: vilma-ruskoska.jpg]

21 февруари, 2019Виктор Јованов
Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата, рече дека иако некои од обвинетите се амнестирани, тоа не значи дека не се виновни, туку, напротив, барањето за амнестија ја потврдува нивната вина.


Quote:– Да, лицата беа амнестирани, ама ние немаме амнезија. Тоа што некој беше амнестиран не значи дека не е виновен. Напротив. Нивното инсистирање по секоја цена да се донесе законот за амнестија значи само едно. Амнестираните и тоа како беа свесни колку се виновни. Со тој закон нè уценија сите нас како граѓани на оваа држава – рече Русковска.

Обвинителката исто така имаше коментар и на завршните зборови на Јане Ченто, кој рече дека од Обвинителството му било понудено да биде заштитен сведок во случајот. На ова Русковска одговори дека тоа не е точно. Напротив, повеќето од обвинетите сами се нуделе да бидат сведоци, но сите биле одбиени. Таа додаде дека единствениот заштитен сведок во случајот не бил осомничен ниту, пак, обвинет за крвавиот четврток.
– Обвинителството од ниту еден обвинет ниту, пак, до Јане Ченто не побарало да биде сведок во постапката. Адвокатот на Ченто во завршните зборови во недостиг на докази додаде историски момент. Обвинението на неговиот клиент го спореди со неправедно осудениот Методија Андонов – Ченто. Тоа што Ченто бил неправедно осуден не значи дека 7 негови колена нанапред не треба да одговараат за ништо – рече Русковска.
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал имаше коментар и на завршните зборови на бранителот на Мунир Пепиќ, кој рече дека упадот во Собранието не било терористичко загрозување на уставниот поредок, туку парламентарна демократија. На ова Русковска одговори со зборовите: „парламентарната демократија бара мирно предавање на власта“.
По овие зборови на Русковска, неколку бранители и обвинети се пријавија за збор поради што завршните зборови ќе продолжат утре кога и претседателката на судечкиот совет треба да даде датум за рочиште на кое ќе бидат изнесени пресудите за обвинетите за 27 април.



МАКФАКС




 Желба на власта да се смени името е основата заради која  виновните добија амнестија. Оваа изјава на обвинителката Рускоска е непобитен доказ за да оној кој ја наложил амнестијата , оние кои ја спровеле амнестијата, кога ке падне оваа власт се најдат во Идризово!
(This post was last modified: 21-02-2019, 10:19 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2019, 09:53 PM
Reply