Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОБВИНЕНИЈА И ПРИТВОРИ ЗА „ОРГАНИЗАТОРИТЕ“ ЗА 27.04
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Обвинителството гони пет лица како организатори за настаните од 27 април



[Image: sobranie_incident_27_april_01-678x381.jpg]

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  вечерва преку соопштение информира дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Како што се наведува во соопштението, наодите од предистражната постапка укажале дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.
– Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите. Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, се вели во соопштението.
Од страна на надлежен јавен обвинител доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничените.
За вмешаност во настаните од 27 април попладнево беше приведен поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, а покарј него, како што објавија дел од медиумите, приведени се и поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристоски.
20-02-2019, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ЈО: Пет лица под истрага за 27 април, еден од осомничените донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието


Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство., велат од ЈО.

20/02/2019 

[Image: OJO-696x365.jpg]


По спроведена сеопсежна предистражна постапка, обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за настаните на и пред 27 април 2017 година за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а како осомничени се пет лица, соопшти вечерва Јавното обвинителство на РСМ.
Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.
Осомничените, како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите.
Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови.
Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените, соопштија од Јавното обвинителство.
20-02-2019, 08:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Вељановски, Јанакиески и Ристовски приведени за 27 април, осомничени и Груевски и Бошковски




20/02/2019 
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, ексминистрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за труд и социјална политика Спиро Ристовски, се лицата кои се приведени на распит како осомничени под сомнение дека се дел организаторите на упадот во Собранието.
Меѓутоа, најновите информации се дека Вељановски веќе си замина од судот бидејќи е актуелен пратеник и има имунитет. За да се спроведе распитот, а потоа и да има одлука за притвор, како што бара обвинителството, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.
Во истрагата осомничени се уште две лица, според неофицијални информации, тоа се експремиерот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и Никола Бошковски поранешен вработен во Тајната полиција, кој, пак, е во бегство во Грција, а е осомничен од СЈО за прислушувањето.
Од обвинителството објавија соопштение за истрагата, но официјално не соопштуваат идентитет на осомничените.
Отворањето на истрагата е непостредно пред завршувањето на судскиот процес за 27 април, во кој беа опфатени 33 лица, а по амнестијата останаа само 17. Утре за овој случај треба да дадат завршни зборови четворица обвинети, меѓу кои и Александар Василевски Нинџа кој отворено ги посочи сега осомничените, како и други лица, дека биле во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 27 април и координирале.
20-02-2019, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Трајко Вељановски си замина од судот, има имунитет


20/02/2019
Поранешниот собраниски претседател Трајко Вељановски, си замина од Кривичниот суд во Скопје каде беше повикан на распит како осомничен за дел од организаторите на настаните пред и по 27 април 2017 година.
За него и за ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се уште се во судот, обвинителството бара притвор.
Меѓутоа, Вељановски е актуелен пратеник и има пратенички имунитет, па за да се спроведе распит и потоа да има одлука дали ќе заврши во притвор или не, пратениците во Собранието треба да му го одземат имунитетот.
Во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничени се уште две лица и според неофицијални информации, станува збор за експремиерот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и Никола Бошковски поранешен вработен во Тајната полиција, кој, пак, е во бегство во Грција, а е осомничен од СЈО за прислушувањето.
20-02-2019, 08:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



20-02-2019, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Мицкоски до Заев: Апси, не ти се плашиме






20-02-2019, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Јанакиески и Ристовски одат во Шутка



20.02.2019
Судот вечерва им одреди притвор на поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Информацијата се уште е неофицијална и се чека потврда од Судот.
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој претходно беше приведен, од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет.
Основното јавно обвинителство ги сомничи организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април.
21-02-2019, 02:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Nikola Gruevski
2 hrs ·
Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.
Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.
Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.
Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.
Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.
За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.
Малку им е тоа.
Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.
Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици. Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота.
По којзнае кој пат ќе повторам.
Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена.
Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.
Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.
Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.
Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.
Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.
Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе...,, или ,,истрагата е тајна...,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.
Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.
За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ. Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.
Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање.
21-02-2019, 01:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Власта не бира методи: Јанакиески претепан во Шутка?!


21.02.2019
Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Засега нема детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиески, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот. Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација

Quote:Pjesëtari i Grupit të Kumanovës rrah rëndë Mile Janakievskin në burgun e Shutkës?


February 21, 2019

[Image: janakievski.jpg]

Burime të Gazetës Lajm kanë njoftuar se sot ka ndodhur një incident në burgun e Shutkës. Sipas tyre, pjesëtari i Grupit të Kumanovës me iniciale E.K. e ka rrahur ish ministrin e transportit dhe lidhjeve, Mile Janakievski. Falë intervenimit të autoriteteve të burgut, është penguar aksident më i rëndë.
Burimet tona nuk japin detaje se si ka ardhur deri te kontakti mes E.K. dhe Mile Janakievskit, por thonë se incidenti ka ndodhur në oborrin e burgut.
Zyrtarisht nuk ka ende as konfirmim e as demant ndaj këtij informacioni.


Quote:ЕКСКЛУЗИВНО: Јанакиески е пренесен во болница, повреден и Спиро Ристовски – Заев се пресметува со притворените!

21.02.2019
Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во болница откако попладневно беше претепан во затворот во Шутка, од обвинети терористи за случајот Диво Насеље – дознава Економски Лидер од извори во затворот.
На Јанакиески му била скршена раката.
Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка притвор. И Спиро се здобил со повреди.
Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.
Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.
Извори на Лидер од Шутка, брифираат дека насилниците се фалеле дека го тепале Јанакиески за да му направат услуга на Заев.
(This post was last modified: 21-02-2019, 04:24 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2019, 04:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

НОВА ТВ:

Quote:8 септември“ по инцидентот во Шутка: Јанакиевски нема повреди


[Image: spiro-ristovski2-777x344.jpg]

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се заедно во притвор во Шутка, како осомничени за организатори за нападот во Собранието на 27 април денеска биле физички нападнати во затворот.
Инцидентот се случил за време на редовната прошетка во дворот на затворот, кога биле нападнати од притвореник за случајот Диво Насеље.
По ова, Миле Јанакиевски се пожалил на болки во главата и бил пренесен во болницата „8 септември“.
Од таму изјавија дека Јанакиевски бил прегледан, но не биле констатирани телесни повреди. Тој ќе биде вратен во Шутка.
Од затворот најавија официјално соопштение.

НОВА ТВ



Соопштението од затворот ке биде дека Јанакуевски сам се тепал или пак дека тој го тепал Е.К.
(This post was last modified: 21-02-2019, 10:17 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2019, 04:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Се огласи сопругата на Миле Јанакиески по инцидентот во Шутка


21.02.2019
Сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески кој синоќа беше приведен, денеска бил нападнат во затворот во Шутка, се огласи по инцидентот.
-Адвокатите ме известија дека дознале оти настанала некаква тепачка започната од некој од членовите на Диво насеље на која се приклучиле и некои други лица и бил нападнат Миле, во одбрана пристапил Спиро Ристовски и настанала некоја поголема тепачка. Не знам нешто подетално, но знам дека моментално се наоѓа во болница. За што конкретно се работи и за какви повреди, најверојатно на главата со контузии, немам никакви информации повеќе од тоа и чекам адвокатите во секој момент да ми се јават, истакна Сања Јанакиески за Сител Телевизија и додаде:
„До сега, искрено, веќе може се става во прашање безбедноста и животот на мојот сопруг во притворот каде што се наоѓа. Мерките за домашниот притвор се почитуваа максимално и наеднаш се сменија работите со што се загрозува животот на сопругот. Навистина сум загрижена и вознемирена“.
21-02-2019, 05:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Претепани поранешни министри, а Управата за извршување санкции и Народниот правобранител случајот го оставаат за утре

21.02.2019
Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во притворското одделение на затворот во Шутка.
КУРИР побара одговори од  Управата за извршување санкции и од канцеларијата на Народниот правобранител, но од двете места ни кажаа дека во 16 часот им истекло работното време и детали за случајот одбија да дадат.
Директорот на Управата Јовица Стојановиќ, во телефонски разговор за КУРИР вели дека е запознаен со случајот, но информации ќе има во текот на утрешниот ден.
-Дознав дека имало инцидент во притворското одделение. Кој бил учесник, јас не знам. Сега е завршено работното време, утре ќе пратам луѓе да го истражиме случајот, рече Стојановиќ во изјава за КУРИР.
Побаравме одговор и од канцеларијата на Народниот правобранител.
-Службите за односи со јавност работат до 16 часот. Побарајте ги утре после 8, ни одговорија од таму.
21-02-2019, 05:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски



 21 февруари, 2019

[Image: kostadinov.jpg]

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека се работи за сценарио зад кое стојат актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април“, рече Костадинов.
Според него, денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8 Септември“ е театар, а доказ за тоа е што Јанакиески не бил повреден. СДСМ го осуди насилството во затворот и оцени дека сценариото на ВМРО-ДПМНЕ не успеало поради брзата реакција од страна на надлежните.
 
Lazgo Lazgo Lazgo
(This post was last modified: 21-02-2019, 09:22 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2019, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница
 

21 февруари, 2019

[Image: direktor.jpg]
По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот, тој се пожалил на болки, а директорот на затворот, Ѓоко Котевски, рече дека имал нагмечувања, но не и скршеници.
Ексминистерот Спиро Ристовски не се пожалил на болки, па затоа не бил испратен на прегледи во болница. Инцидентите биле одделни, а органите ќе утврдуваат кои биле причините и како се случиле. Првичните информации што ги соопшти Котевски се дека Јанакиески и Ристовски ги почнале вербалните расправии.
„Затвротот ги презеде сите активности извршителите да бидат санкционирани. Нашата управа ќе почне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст од страна на затворската полиција“, соопшти Котевски.
Според него, затворската полиција реагирала бргу. Деталите за тоа што се случило ќе се утврдува преку исказите на затворениците што биле сведоци на настанот, но и преку надзорните камери. Директорот на затворот рече дека ги осудува ваквите инциденти и потенцира дека ќе направат сè за да не се повторат во иднина.
„Нашата управа ќе почне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст и ако се утврди од страна на затворската полиција или другите служби, ќе бидат поведени соодветна истрага и дисциплинска одговорност“, додава Котевски.








Lazgo
Lazgo
Lazgo
(This post was last modified: 21-02-2019, 11:05 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2019, 09:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Министерството за правда најостро го осудува вербалниот и физичкиот инцидент во затворот Скопје

21/02/2019 1

Министерството за правда на Република Северна Македонија најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации, соопштија вечерва од ова Министерство.
Оттаму нагласуваат: Воедно, бараме и очекуваме сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.
21-02-2019, 10:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



21-02-2019, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор



21 февруари, 2019
[Image: kostov-makfax.jpg]

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
„Детаљно е извршен преглед вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди“, рече Костов и додаде дека оттука немало потреба за хоспитализација.
Поради податокот дека Јанакиески бил удиран по телото, од болницата препорачале 24-часовен надзор во затворот од страна на медицинско лице.
Претходно, директорот на затворот, Ѓоко Котевски рече дека Јанакиески имал нагмечувања, но не и скршеници.
 


21-02-2019, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

[Image: 52494497_502622810265355_670347929940131...e=5D1FFC95]


„Секој политичар кој е вмешан во оваа cтaпицa…и кој ќе ни падне во раце ќе биде иcтeпaн и ќе биде cкpшeн од ќoтeк од страна на било кој член на нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристовски беше бoкcувaн од Лирим Красничи, браво братучед. Миле Јанакиески беше бoкcувaн од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обелевте денес. Ние нема да престанеме во оваа биткa. Ниту еден албанец не се ocвeти за нас до денес и затоа ние сами ќе се ocвeтувaмe бидејќи сите ќе ни дојдат во зaтвopoт“
22-02-2019, 02:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

(21-02-2019, 01:58 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Nikola Gruevski
2 hrs ·
Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.


Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.
Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.
Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.
Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.
Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.
Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе...,, или ,,истрагата е тајна...,, и слични празни флоскули. Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.
Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.
За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ. Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.
Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање.



Quote:Рускоска: Груевски преку медиуми ги повикал граѓаните на протести


[Image: vilma-ruskoska.jpg]


21.02.2019
Никола Груевски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски го мобилизирале членството на ВМРО-ДПМНЕ за протестите од 27 април 2017 година пред законодавниот дом, рече шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска на денешната прес-конференција.
Никола Груевски, Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за истото дело во оваа истрага за настаните на и пред 27 април ќе се сомничи и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, кој е веќе во притвор.
Рускоска истакна дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку медиуми ги повикал граѓаните на протести.


Quote:Осомничениот Н.Г. како тогаш претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција цела партиска структура на таа политичка партија. Имаме и пораки. Дел се обезбедени. Бидејќи се работи за истражна постапка доказите ќе бидат испратени до судот затоа што според законот судот е тој што поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда, рече Рускоска.


Во ставањето во функција на партијата тука биле уште двајца осомничени, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Цело време, како што рече обвинителката, имало партиска координација со месните и општинските комитети на партијата за излегување на протестите кои се организираа периодот пред 27 април, како и повикување на масовност дента на упадот во Собранието.



Груевски повикал на протести, повикот не е доказ за вина!
Виновни се овие:
-Кој ги ОТВОРИЛЕ вратите ?
Се друго е манипулација и лага и Русковска и оние кои и ги нарачуваат обиненијата еден ден ке се соочат со правдата.
-Осомничениот Н.Г. како тогаш претседател на политичка партија ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети за таа цел ја ставиле во функција цела партиска структура на таа политичка партија.
(This post was last modified: 22-02-2019, 03:31 PM by ЈорданПетровски.)
22-02-2019, 03:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Еден во куќен притвор, другиот во Шутка, реши Осн. суд Скопје 1!



[Image: -Спиро.jpg]
22.02.2019
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 вечерва соопшти дека ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и мерката за пртивор ја преиначил во куќен притвор, додека жалбата на Спиро Ристовски е одбиена и тој останува во Шутка.
» Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска одржа јавна седница во присуство на странките.
По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија со кои: Жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП и се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот.
Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка, се вели во соопштението на онсовнииот суд Скопје 1
22-02-2019, 09:09 PM
Reply