Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОВОР НА ОМРАЗА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Тенка е линијата меѓу говорот на омраза и слободата на изразување




Feb 15, 2019
Во Кривичниот законик има сосема доволно толкувања и санкции и за омразата и за говорот на омразата и за кривичните дела кои настануваат од омраза. Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и говорот на омраза
 
Пишува: Теофил Блажевски
 
Со последните измени и дополнувања на Кривичниот законик, извршени на крајот од 2018 година, овој главен казнен нормативен акт во државата станува покомплетен за справување на појавите поврзани со омразата. Тој и досега ја нормираше омразата, посебно говорот на омразата, но сега е додадена дефиниција.
Воедно се додадени зборовите „од омраза“ или „ако делото е сторено од омраза“, со што се санкционираат појасно кривични дела кои настануваат како последица од омразата.
 
ШТО Е ОМРАЗА?
Кривичниот законик беше изменет на крајот од декември, а измените беа објавени во Службен весник бр.248 на последниот ден од годината.
Со овие измени и дополнувања една од главните работи во врска со омразата беше појаснувањето, дефинирањето на тоа што е дело од омраза:
Член 122, став 42

Quote:
Како дело од омраза изречно предвидено со одредбите од овој Законик, се смета кривично дело против физичко или правно лице и со нив поврзани лица или имот кое е сторено во целост или делумно поради реална или претпоставена (замислена, вообразена) карактеристика или поврзаност на лицето што се однесува на раса, боја на кожа, националност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост, пол, родов идентитет, сексуална ориентација и политичко уверување.“.

Како што може да се види, покрај стандардните поделби на расна, национална, етничка припадност… и во оваа дефиниција останува дека делото од омраза може да биде сторено поради „политичко уверување“.
Овдека една мала дигресија. Ваквото дефинирање е важно и од етички, професионален стандард во новинарството, затоа што е во содејство со  Членот 10 од Кодексот на новинарите на Македонија се наведува дека говорот на омраза или дискриминацијата во медиумите е забраната по повеќе основи, меѓу кои и „политичка основа“. Кодексот не е закон,  но е најважниот акт од саморегулацијата и почитувањето на професионалните правила во новинарството, а е донесен уште во 2001 година.
 
ДЕЛА ОД ОМРАЗА ВО ПОВЕЌЕ ЧЛЕНОВИ
Во продолжение следуваат измените или дополнувањата на повеќе членови на КЗ кои се извршени со последните промени и каде е вметнат зборот омраза како мотив за сторување на кривичното дело:
  • Кај Убиство, чл. 123 – се додава и „од омраза“, запретена казна најмалку 10 години затвор.
  • Кај Телесна повреда, чл 130, и тешка телесна повреда (чл.131) се додаваат и зборовите „од омраза“, запретени казни од 6 месеци до 5 години.
  • Кај Присилба, чл. 139, се додава зборот „од омраза“, запретена казна од 6 месеци до 3 години.
  • Кај Противправно лишување од слобода, чл. 140, се додава и од омраза, запретена казна од 6 месеци до 3 години.
  • Кај Мачење и друго сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, чл.142, вметнат е зборот „или ако делото е сторено од омраза“, запретена казна од најмалку 4 години
  • Кај Загрозување на сигурноста, чл.144, се додаваат зборовите „или од омраза“, запретена казна од 3 месеци до 3 години.
  • Кај Спречување и смеќавање јавен собир , чл.155, се додадени зборовите „или од омраза“, запретена казна од до една година, а ако е службено лице од 3 месеци до 3 години)
  • Кај Силување, чл. 186, став 3 –, вметнато е „или од омраза“ и казната е 4 години
  • Кај Неукажување медицинска помош, Чл. 208 е вметната формулацијата „или од омраза“, казната во случај на смрт е од 6 месеци до 5 години
  • Кај Тешка кражба, чл. 236 и кај чл 237, разбојништво, чл 238 Разбојничка кражба – има вметнато став „од омраза“, казните се од една до 10 години.
  • Кај Оштетување туѓи предмети, чл. 243, вметант е ставот „од омраза’, казна од 6 месеци до пет години
  • Кај Изнуда, чл. 258, ставено е „или делото е сторено од омраза“, казната е 4 години затвор
  • Кај Насилство, чл. 386, ставено е „е сторено од омраза“, запретена казна од една до 5 години
  • Кај Сквернавење на гроб, чл. 400, ставено е „од омраза“, запретена казна од парична до 3 години
  • Кај Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, чл. 407-а, ставено е „со намера за поттикнување омраза“, запретена казна е од една до 5 години
 
ГОВОР НА ОМРАЗА
Дефиниции на говорот на омраза има повеќе и се издадени и од Совет на Европа и од ОБСЕ и од други меѓународни организации. Накратко говор на омраза би бил радикален говор пред се против групи, а не поединци или ако се навредува поединец за да се стигне до групата и кој содржи поттикнување и хушкање на насилство.
Говорот на омраза, иако не со тоа име, беше санкциониран во Кривичниот законик со Чл. 319.
Делото е насловено како „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, каде што запретената казна е од една до 5 години, а во случај на потешки последици дури до 10 години  затвор:


Quote:
Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други симболи, со палење, уништување или на друг начин оштетување на знаме на Република Македонија или знамиња на други држави, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг дискриминаторен начин, непосредно или посредно, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.


Во Член 394-г е санкциониран и говорот на омраза преку компјутерски системи, но и преку средства за јавно информирање. Делото е насловено Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Запретената казна е од една до 5 години, а при потешки последици до 10 години.
Конечно постои дело Расна и друга дискриминација, нормирано во Член 417, каде што запретената казна е од 6 месеци до пет години, вклучувајќи го и оној кој врши прогонување на поединец или организација која се бори против дискриминацијата по која било основа.
Како што може да се види Кривичниот законик е доволно „опремен“ со членови кои го санкционираат и говорот на омразата и делата од омраза. Ефектите од вака запретените казни може да се почувствуваат во општеството само доколку обвинителствата и полицијата поефикасно си ја извршуваат работата
Сепак, секогаш треба да се внимава на балансот што мора да постои помеѓу уставно гарантираното право на слобода на говор и недозволениот говор на омраза, кој потоа може да создаде и криминал од омраза. Слободата на говор не смее да биде загрозена, исто како што и не смее да биде злоупотребувана.
 
18-02-2019, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

[Image: vankovska-new-web-bio.jpg]


18 февруари, 2019 Кристијан Ландов
Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај селото Ласкарци пред неколку дена. Ванковска за „Макфакс“ вели дека единствено нешто што ги поврзува двата настана се смртта на луѓе од разна етничка припадност. Кога Ванковска го објави статусот „Каква трагедија и иронија: Карпалак!“, порака со закани добила и ќерка ѝ. За пораката, професорката вели: „На ќерка ми ѝ пратија заканувачка порака со фотографија од нејзиното синче, кое е пречкртано и на кое му се посакува смрт“. Ванковска смета дека не треба да се извини, освен ако некој од членовите на семејствата и жртвите нејзиниот статус не го сфатиле како атака врз нив. Својата грешка ја гледа во тоа што го употребила изразот иронија, кој јавноста не го разбрала.
„Местата како Карпалак ги третираме како места на страдање и помен за загинатите, без оглед што биле во времето на војните или конфликтите. Значи, Карпалак е место на страдање веќе 18 години, но место што е табу и ставено под плаштот на заборавот. Единствена нишка што ги поврзува двата настана е што и тогаш и сега се соочивме со ужасна смрт на луѓе со разна етничка припадност. Заклучокот е: сите сме во ист автобус, ја делиме судбината. Јас можам само јавно да признам дека требаше да бидам свесна оти на голем дел од јавноста понекогаш треба да ѝ се нацрта, дека не треба да употребувам изрази што се тешко разбирливи и подложни на разни манипулации. Грешката ја поправив, но велам, до овој момент линчот не запира; ќе помисли човек дека јас сум одговорна за смртта на тие луѓе! Што вели една изрека, зборовите што јас ги кажувам зборуваат за мене; она како ти ги интерпретираш“, смета Ванковска.
Таа додава дека нејзина грешка како професор е што употребила израз – иронија, кој малкумина го разбираат, а тоа било искористено за нејзин јавен линч. Ванковска тврди дека медиумите први го почнале линчот, без лично да ја прашаат за значењето на зборовите. Таа во изминатите денови добила стотици закани, клевети, највулгарни напади.
„Кога го употребив зборот иронија, мислев на иронија на судбината, а тоа беше изедначено со потсмев/злорадост, а Карпалак – е место за кое не се зборува. Тоа е место на кое спомен-плочата на загинатите луѓе не останува ни еден ден, без да биде вандализирана. Мојата прва мисла беше – дали, конечно, ова кобно место на погибел ќе стане место на оддавање почит за загинатите, место на кое заеднички ќе ги жалиме сите?“, додава професорката.
Ванковска изминативе денови добивала закани дека, како што вели, „ќе ја стават во ковчег“. Таа поднела пријава до МВР. За пријавата против неа што ја поднесе МВР, вели дека е жално што најавата во медиумите дошла од министерот Оливер Спасовски оти Обвинителството е надлежно да утврди дали постојат индиции и докази, па потоа да отвори постапка.
„Доколку се отвори постапка, ќе побарам и вештачење од респектирани лингвисти, писатели, професори по книжевност и слично, кои ќе треба пред судот да го елаборираат значењето на зборот иронија и ако може да погодат што сакала авторката да каже во трите збора на ‘Фејсбук’. За медиумската хајка на која сум изложена, веќе ги информирав странските колеги и новинари, кои со мене комуницираат со години, како и претставници на релевантни меѓународни организации. Во реакциите со кои од наводна хуманост и сочувство сум нападната има повеќе говор на омраза од што и да било некогаш кажано или напишано од мене“, тврди Ванковска.
 
18-02-2019, 10:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,338
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Член на Левица дефинира говор на омраза-,,сѐ што ќе кажете против посилниот од себе, не е говор на омраза“


јули 28, 2018

[Image: maxresdefault-3-696x392.jpg]

Членот на ,,Левица“, Гораст Муратовски, на порталот за левичарски ставови антропол.мк , ,,дефинира“ што е говор на омраза. Просто кажано, ако сте послаби од некого или нешто, сѐ што ќе кажете против него не е говор на омраза. Па така, според овој левичар:
,, Доколку било каква омраза е искажана, но без никаква можност таа омраза да се преточи во дела, таа не е опасна по физичката сигурност на ниедна индивидуа па нема зошто на нас, обичниот народ, да ни се јави потреба да ја казнуваме. Тука доаѓа на ум цитатот на афро-американскиот револуционер и борец за човекови права Стоукли Кармајкл: “Ако белецот сака да ме линчува, тоа е негов проблем. Ако тој има моќ да ме линчува, тоа е веќе мој проблем. Расизмот не е прашање на став, туку прашање на моќ”
Како пример за ова во Македонија, би можеле да ги земеме Ромите и говорот на омраза према нив. Кога некој Ром или Ромка би изјавил/а нешто со омраза према македонскиот етникум, тоа не би било говор на омраза. Бидејќи, очигледно, нема ниту еден ромски политички ентитет/организација (пример Амди Бајрам) политичко-економска моќ да опустоши заедница во која претежно живеат етнички македонци (пример општина Карпош), ниту пак таму да ги укине некои од основните услови на заедницата (пример училишта, живеалишта, вода, канализација и сл.). Обратното, за жал, не важи, како што една кратка прошетка низ ромските населби и разговарање со жителите веднаш покажува. Слично е со динамиката на моќ помеѓу мажите и жените.
Се разбира, ова не важи и за владеачката класа/елита. Додека мотивот на нас, обичниот народ, би бил заштита на послабите елементи меѓу нас, власта има сосема друг – казнување на неистомисленици. Ова е очигледно од самиот факт што уредникот на провладиниот весник Слободен Печат не е меѓу гонетите за говор на омраза. Слободен Печат објави фотографија на насловна страна од сиромашна жена и се исмеваше со фактот што таа е пресиромашна за да се грижи за своето здравје (во конкретниот случај здравјето на своите заби). Ова Е говор на омраза (класизам), бидејќи таквата реторика носи до дехуманизација на најсиромашните слоеви на работничката класа во очите на тие што се малку постабилни финансиски или/и се дел од  владеачките слоеви. Дополнително е извршено од лакеј на владеачката класа чии интереси се јасни и по неговите пишувања и од државните финансии што ги добива. Како ефект од тоа, ако поминеше без јавна критика ќе беше можноста на власта полесно (со помал отпор) да спроведува политики против сиромашните поради нивната дехуманизираност.
Од друга страна, Миленко (како највлијателен меѓу потенцијално гонетите), кој иако напиша грозоморни работи, не изврши говор на омраза. Македонија е, сакале ние или не, далеку послаба од Грција во светот, слично како Ромите од Македонците во Македонија. Дури ни кога некој помоќен од Миленко би напишал нешто такво, пример премиерот како “главата” на извршната власт или пак претседателот како врховен командант на воените сили, не би било говор на омраза. Нашата власт таквите реторички напади не би можела да ги преточи во економски, дипломатски, а најмалку воени па колку и да сака“-пишува овој левичар.
18-02-2019, 10:56 PM
Reply