Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАНДИДАТИ КОИ КЕ УЧЕСТВУВААТ ВО ТРКАТА ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА Р.СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВМРО-ДПМНЕ ја избра Гордана Силјановска Давкова за претседателските избори


16.02.2019

[Image: Untitled.png1_.png]

ВМРО-ДПМНЕ го избра својот кандидат за претседател на државата.
Со 408 гласа, делегатите ја избраа професорката Гордана Силјановска Давкова.
-Гласањето се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија, велат од партијата.
Гласаа вкупно 519 делегати.
17-02-2019, 02:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Досие Гордана Силјановска Давкова


[Image: 20181019091706.png]


17 Февруари, 2019
Експертот за уставно право и професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ Гордана Силјановска Давкова и официјално е кандидатот со кој ВМРО ДПМНЕ како опозиција же настапи на претстојните претседателски избори. Поддршка на конвенцијата на партијата од која се кандидира и дадоа 408 делегати.
Запрашана дали, доколку издвојува победа на изборите, ќе положи заклетва пред Република Северна Македонија, таа истакна дека не е политичар, туку професор и дека во врска со тоа има добро познат став во јавноста.
 Според „методот“ кандидатурата на Силјановска се наметнува слично како во 2009 година кога група на припадници на академската заедница, писатели и експерти застанаа зад претседателот Иванов, кој подоцна ја доби довербата од ВМРО-ДПМНЕ на партиска конвенција. За Силјановска е тешко да се направи поврзаност со било која политичка партија во Македонија бидејќи секогаш била критички настроена кон секоја власт.
И претходно се очекуваше да се јави некое име од професорската фела кое ќе истрча со дресот на ВМРО-ДПМНЕ, особено во оваа рана предизборна фаза кога се прават партиските пресметки кој кандидат би имал најголеми шанси да ја однесе победата во мај.

Која е Гордана Силјановска Давкова?

Можеби малкумина денес знаат дека Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата. Докторирала со почести во 1993 година на Универзитетот во Љубљана. Основач е и на првиот Совет на европско движење во Македонија. Во периодот од 2012 до 2016 беше и член на Веницијанската комисија за малцински прашања. Денес е редовен професор на правниот факултет во Скопје, во Институтот за правни и политички науки. Автор е на над 200 научни трудови од областа на уставното право, како и член на бројни домашни и меѓународни институти и правни асоцијации.

Еден од лидерите на професорскиот пленум

Професорката по уставно право во жестоката 2014 година која ја одбележаа протестите на студентите, беше еден од најистакнатите членови на професорскиот пленум во обид да ја одбрани автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование. Таа беше дел и од протестот на професорите пред Собранието каде одржа одличен говор зошто предложеното законско решение е погрешно, ја критикуваше затвореноста на министерството за образование кое не ги консултираше експертите, а не се сложуваше ниту со недостигот на концепт како да се развива факултетското образование.
„Не верувам дека ќе треба овде да зборувам. Мислев дека ќе дојдат на факултетите, на универзитетите за таму низ дијалог да разговараме за реформата на високото образование… Не верував дека ќе треба овде да стојам зашто очекував да не поканат на Комисијата за образование, спорт и наука. Не не поканија. Не ми преостанува ништо друго освен овде да потсетам дека студентите ги учат дека политиката е дијалог. Дијалог не може да има ако ние сме овде, а тие се таму“ говореше Силјановска.
Мала криза пленумот доживеа кога поранешниот премиер Никола Груевски застана да разговара со професорите кои беа собрани за да одржат прес конференција. Постоеше мала конфузија и несмасна реакција бидејќи во тој момент јавноста, особено студентите очекуваа жестоко соочување на елоквентните професори против политичарот кој го сметаа за главен виновник за лошите реформи во образованието. Силјановска заедно со пленумот побара и од Иванов да стави вето доколку законот се изгласа во Собрание, но по големиот јавен притисок и издржливоста на пленумите кои прогласија автономна зона на факултетите, власта на ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот на почетокот на 2015 година.

Жесток критичар на двојазичноста

Силјановска гостуваше во десетина емисиии во кои цврсто застана против новиот Закон за употреба на јазиците со кој де факто се воведува двојазичност во Македонија на повеќе нивоа вклучувајќи ги сите институции. Таа е еден од фронтмените заедно со професор Ванковска и академик Ќулафкова, за што добија и бројни етикети од медиумите, особено дека со нивните настапи ширеле „албанофобија“ и дека наводно биле блиски до политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Секако, Силјановска Давкова се противеше на ваквите инсинуации и во своите настапи користеше исклучително правни аргументи, особено за постапката во која беше донесен законот со европско знаменце.
„Ако моите родители биле тепани да пишуваат и зборуваат на српски јазик, ако баба ми и дедо ми исто така морале да зборуваат бугарски јазик едно време, таа асоцијација е лоша, а богами за владеење на Втората светска војна во западниот дел на Македонија и документите и актите биле на албански јазик. Значи заканите не можам да ги разберам бидејќи ние и од говорница чувме дека „Ако не сакате , ќе морате да го учите“, велеше Сиљановска Давкова.
Давкова не се согласуваше со подоцнежните драми Иванов да не го потпише законот, кој откако беше вратен со вето беше изгласан со апсолутно мнозинство, па така спикерот Џафери во невообичаена процедура која се уште се спори го парафираше и го испрати законот на објавување во Службен весник.

Борец против Преспанскиот договор

За неа Преспанскиот договор е неприфатлив и покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да и се мешаат дрско во внатрешните прашања и вели дека „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости (на парадата во Солун на 28 октомври н.з.) и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката „македонски“. Таа во обемна правна анализа на договорот за решавање на спорот за името потенцира и дека уставните измени кои се преземаа се недозволиви, грбо кршење на сите принципи, а дека се навлегува целосно во промена на „историјата, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, културата и образованието, политичкиот и административниот систем, УСТАВОТ, слободите и правата на човекот и граѓанинот“.

Ќе води ли независна политика како претседател?

Професорката Силјановска во своите јавни настапи затворската казна за екс премиерот Груевски кој сега е во бегство ја оцени како очекувана со оглед на тежината на кривичното дело и сметаше дека тој треба да заврши во затвор по правосилната пресуда. Нејзините претходни критики на неговата власт и заложбите во пленумот треба да и дадат доволно кредибилитет како личност која би се спротиставила на погрешни политики. Значајно за десничарското гласачко тело во Македонија е што нејзините ставови против законот за двојазичност и Преспанскиот договор се многу популарни, па така гласачите кои сакаат политичар кој стои зад националните позиции на Македонците би и дале доверба. Донекаде и неутралните, како и тие кои се разочарани од сите компромиси кои Македонија мораше да ги преземе на свој товар за да го одблокира евроатлантскиот пат, а не се водат од партиски директиви би можеле да ја земат во предвид Силјановска како „разумно“ решение на десницата за највисоката позиција во извршната власт. Секако, СДСМ и нивната коалиција ќе се обиди да ја прикаже Силјановска како застапник на погрешни политики, на кочничар на евроатлантските интеграции, па дури и затскриен националист кој не е конструктивен во политичкиот дијалог и реал партиската политика. Друг аргумент е дека со изборот на Силјановска би се повторило сценариото со Иванов и дека не ни е потребно нов „волк во јагнешка кожа“.
Сепак, Силјановска рече дека ќе бара поддршка и од СДСМ, но дали ќе ја добие ќе покаже изборниот исход.
Р.Ф.
(This post was last modified: 23-02-2019, 06:24 PM by ЈорданПетровски.)
17-02-2019, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Силјановска во рекордно време ги собра потребните потписи

[Image: Screenshot_20190223-171239_Video-Player....C381&ssl=1]


23.02.2019
Кандидатот за претседател на опозицијата Гордана Силјановска Давкова денеска во рекордно време за само неколку часа успеа да ги добие потребните најмалку 10 илјади потписи.
Таа им се заблагодари на сите граѓани кои го дале својот потпис за нејзината кандидатура за натпартиски претседател.
„За рекордни неколку часа се собрани потребните 10.000 потписи со што официјално станувам кандидат за претседател. Не можам да најдам зборови со кои би ја изразила благодарноста, за мене како во рациновата песна „Силно светнал ден“. Мислам дека е тоа е денот кога ќе започнеме заедничка битка за право и правда“, порача Силјановска.
Во изјавата таа цитира и стихови од Кочо Рацин.




23-02-2019, 06:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:712 делегати на СДСМ дадоа поддршка за Стево Пендаровски


[Image: stevo-382pw045zlxh822myr0oow.jpg]


03.03.2019
Со 712 гласа „за„ и ниту еден против, делегатите на конгресот на СДСМ ја потврдија одлуката на партиските лидери, Стево Пендаровски да биде заеднички кандидат за владејачката коалиција. Ниту еден делегат не беше против, а 71 беа отсутни. Пендаровски рече дека е чест што 31 партија и сите етнички заедници застанаа зад него. Се заблагодари за преседанот, да му се даде втора шанса иако изгуби на претходните избори во 2014-та година.
Мгстон Стево Пендаровски, кандидат за претседател
Пендаровски на конгресот дојде во придружба на премиерот и двајцата министри, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, кои беа исто така фаворити за претседателски кандидат. Седнаа во првиот ред, веднаш до него, со што му дадоа поддршка.
Конгресот траеше релативно кратко, неполни два ипол часа, со долги паузи. На една од паузите, Пендаровски отиде до Тетово, каде истовремено се одржуваше седница на Централното претседателство на ДУИ. Во кусото обраќање рече дека е крајно време да завршат етничките поделби.
Поддршката од ДУИ исто така беше едногласна.
По кандидатурата, следуваат формалните аспекти.
Најсилниот против-кандидат на Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова,покрај пратеничките, собра и 10 илјади граѓански потписи.На кандидатот на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река му недостигаат 30 пратенички потписи, па ќе мора да собира потписи од граѓани, за да поднесе кандидатура во ДИК.





(This post was last modified: 09-03-2019, 01:12 PM by ЈорданПетровски.)
09-03-2019, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



09-03-2019, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пендаровски вечерва пријавил дека бил следен од тајните служби


08.03.2019
Стево Пендаровски вечерва во СВР Скопје пријавил дека бил следен од тајни служби блиски до опозицијата, дознава МКД.мк. По вчерашната изјава на Пендаровски дека бил следен, денеска МВР го повика претседателскиот кандидат на владеачката коалиција да ги сподели своите сознанија со полициските органи.

Quote:-Очекуваме за сознанијата што вели дека ги има да достави соодветна пријава до полицијата, изјавија денеска од МВР, по што вечерва Пендаровски тоа и го сторил.


Пендаровски во двете последни интервјуа се пожали дека има сознанија дека веќе 10 дена го следеле тајни служби, блиски до опозицијата и дека доказ за тоа биле три фотографии од него објавени на социјалните мрежи.
Опозицијата реагираше дека Пендаровски креира основ по кој судот ќе издаде наредби за да бидат следени функционери на ВМРО-ДПМНЕ во периодот пред изборите. ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата на Пендаровски дека во Македонија се шетаат тајни служби смета дека се дел од внатрешните борби во владејачките кругови, односно на анимозитетот кој наводно постоел меѓу претседателскиот кандидат на власта и Оливер Спасовски, кој според опозицијата извисил во претседателската трка.
На оваа изјава на Пендаровски, реагираше и кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. „Се прашувам ако некој кој речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели се чуствува небезбеден, што да очекуваме ние останите противкандидати за претседател на Република Македонија“, напиша Силјановска.





(This post was last modified: 09-03-2019, 01:14 PM by ЈорданПетровски.)
09-03-2019, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



09-03-2019, 12:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



09-03-2019, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9



09-03-2019, 01:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Блерим Река ја потврди кандидатурата за претседател – ја очекува поддршката од Беса и Алијанса за Албанците






Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот Фејсбук профил ја потврди веста која утрово се појави на медиумите на албански јазик, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.


Quote:-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, пишува професорот Река во својот профил.


Инаку, како што јавува весникот “Коха“, професорот Река, се очекува да ја добие поддршката на Алијанса за Албанците и на Движењето Беса.
09-03-2019, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(09-03-2019, 01:17 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Quote:Земјата е безбедна, некој само го фотографирал возилото на Пендаровски


9 март, 2019
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски не бил следен, туку некој му го фотографирал возилото од љубопитство, изјави премиерот Зоран Заев и тврди дека земјата е стабилна и безбедна, а информацијата дека Пендаровски бил следен е инструирана од некои квазипатриотски друштва.
„Земјата е безбедна и утврдивме дека некој сакал да претстави некоја лажна слика за овој настан, кога станувало збор само за фотографирање на возилото на Пендаровски. За жал и натаму има луѓе кои сакаат лажно да претстават некои информации. Тоа се некои квазипатриотски друштва, и тие луѓе се влезени во некои филмови“, рече Заев.
09-03-2019, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,223
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(09-03-2019, 11:05 PM)ЈорданПетровски Wrote: Земјата е безбедна, некој само го фотографирал возилото на Пендаровски


9 март, 2019
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски не бил следен, туку некој му го фотографирал возилото од љубопитство, изјави премиерот Зоран Заев и тврди дека земјата е стабилна и безбедна, а информацијата дека Пендаровски бил следен е инструирана од некои квазипатриотски друштва.
„Земјата е безбедна и утврдивме дека некој сакал да претстави некоја лажна слика за овој настан, кога станувало збор само за фотографирање на возилото на Пендаровски. За жал и натаму има луѓе кои сакаат лажно да претстават некои информации. Тоа се некои квазипатриотски друштва, и тие луѓе се влезени во некои филмови“, рече Заев.





10-03-2019, 02:07 PM
Reply