Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОЈКОТ НА ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ОБВРСКА НА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21






Јас понудив видео на кое има материјали кои се преголемо обвинување за антивмровското и антидемократското делување на Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова после објавата на овие материјали треба сама да се повлече од председателската трка како кандидат на ВМРО ДПМНЕ.
Бидејки има собрано потписи таа може да си ја тера кандидатурата.
И онаа најбитното, ако сака партијата ДПМНЕ да почне да се враќа на идеалот на ВМРО ке треба да ја откаже подржката на Силјановска Давкова, односно да прогласи бојкот на изборите. Ако партијата ДПМНЕ остане со подршката на Силјановска Давкова таа ке се копромитира и ке признае дека е водена во моментов од УДБа!!
22-03-2019, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:
МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ



[Image: 1.jpg]
Почитувани,
На ден 16.03.2019 година, во Берлин се одржа средба на која беше разгледана и констатирана потребата за формирање на ново, обединувачко и прогресивно тело кое ќе се труди да ги артикулира интересите на Македонците. После исцрпна дискусија се дојде до заеднички став дека е потребен некој нов вид на здружување.
По тој повод, чест ни е да ве информираме дека за потребите на Македонците и македонскиот народ се формира „Македонски Национален Совет“.
Советот е формиран во следниот состав: Васко Белески, Роберт Кленкоски, Игор Механджијски, Роберт Милески, Оливер Тасески. Записничар: Слаѓана Гажарова.
Македонскиот Национален Совет, на својот прв состанок, во контекст на Преспанскиот договор кој ги тангира Македонците од целиот свет, ги зазеде следните долгорочни ставови:
1. Советот го отфрла преспанскиот договор и го смета за капитулација.
2. Советот во целост ја прифаќа изразената волја на македонскиот народ и другите граѓани на Република Македонија преку масовен бојкот на историскиот референдум од 30 септември 2018 година за отфрлање на наметнатото име.
3. Советот ја отфрла употребата на наметната географска додавка „северна“ и ќе делува во правец на зачувување на името Македонија без никакви додавки
Македонскиот Национален Совет на својот прв состанок, а во врска со претстојните претседателски избори во Македонија, ги зазеде следните ставови:
1. Советот го повикува македонскиот народ и сите други граѓани на РМ масовно да се вклучат и да излезат на гласање на претстојните претседателски избори и не препорачува бојкот од следниве причини:
а) Долгорочна цел на ДУИ е да ја поткопа институцијата Претседател на Република Македонија, бидејќи се свесни дека само оваа институција не им е на дофат. Токму затоа се трудат да наметнат за нив прифатлив начин при изборот на личноста, за подоцна да можат да влијаат врз неа.
б) Доколку не се исполни цензусот на претседателските избори, советот е на мислење дека СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ ќе преминат во фаза за промена на уставот во правец на укинување на постоечката институција Претседател на РМ, префрлајќи го изборот во Собранието на Република Македонија. Во таков случај ДУИ ќе постави услов, покрај двотретинско мнозинство за избор на Претседател, истиот да се ограничи и преку воведување на т.н. Бадинтерово мнозинство, со што во целост ќе се ослабне досегашната поставеност на институцијата Претседател, а тие во иднина ќе имаат круцијално влијание врз изборот.
в) Изборот на Претседател на Република Македонија преку негов директен непосреден избор од граѓаните дава посебна сила на оваа институција. Целта е таа сила да се неутрализира.
г) Советот разгледа уште едно можно сценарио. Доколку претседателските избори пропаднат, СДСМ и ДУИ заедно со нивните марионети одвоени од ВМРО-ДПМНЕ може да преминат во операција на намалување на цензусот за избор на Претседател и со тоа да се повторат претседателските избори.
2. Советот ги разгледа и понудените кандидати за функцијата Претседател на РМ, како и нивните погледи и ставови. Советот одлучи да го повика македонскиот народ и сите други граѓани на РМ на престојните претседателски избори својот глас да го дадат за Гордана Силјановска-Давкова. Советот застана зад нејзината номинација поради нејзиното ветување дека никогаш нема да ја користи наметнатата додавка „северна“, ќе се бори во секој поглед против таа додавка, и ќе формира експертски тим од светски признати правници кои ќе ги разгледаат случувањата кои доведоа до тоа да се наметне име од страна на друга држава врз народ и држава кои истото го отфрлиле на регуларен референдум. Исто така многу добар аргумент советот виде и во ветувањето дека Силјановска ќе се бори за повторно враќање на демократијата и правната држава во Македонија, нешта кои се целосно уништени од страна на сегашните властодршци. Македонскиот Национален Совет и посакува успех во кампањата и ѝ порачува никогаш да не отстапи од овие ветувања.
Појаснување: Нашиот став за и околу излегувањето на претседателските избори во април во никој случај не значат „легитимирање“ на додавката „Северна“, напротив, со тоа се означува почетокот на борбата против истата.
Македонскиот Национален Совет е отворен за соработка и ги охрабрува сите заинтересирани да се приклучат во заедничките цели и во исто време го повикува македонскиот народ и граѓаните на РМ да застанат зад нив и масовно да ги поддржат овие ставови.
(This post was last modified: 22-03-2019, 12:31 AM by ЈорданПетровски.)
22-03-2019, 12:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:И официјален документ за претседателските избори во која башибук творба ќе се одржат.




[Image: image.jpg]





Ние Македонците таква не познаваме, а оние кои се препознават во истата, патот им е отворен и осигуран во бездна завршување. Само потоа враќање назад нема...

Победа на легитимниот дел од процесот: Народот
1. Референдум јок северна;
2. Изборна кампања на парламентарните 2016, јок програма северна;
3. Очекувана идна победа на Бојкот ПИ;

Победа на нелегитимниот дел од процесот: хунта и парламентарци
1. Насилно потплатени парламентарци и 2/3;
2. Насилно донесен Џафери ;
3. “Насилно” во скутот на Сорос и остала багра со цел бришење на Мк

Најголемо оружје на народот македонски : легитимност и референдум -прва фаза;
Бојкот на ПИ- втора фаза

# Бојкотирам северна
# Бојкотирам претседателски




ИНСТИТУЦИОНАЛНА ШИЗОФРЕНИЈА ?! Заклучокот го објавува Државната изборна комисија на " СЕВЕРНА " , а потписот на председателот Оливер Деркоски оверен со печат РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА. Прашање - за и во која држава се организираат претседателски избори. За ова ЛУДИЛО лекот еден и единствен - БОЈКОТ !
(This post was last modified: 22-03-2019, 02:24 PM by ЈорданПетровски.)
22-03-2019, 02:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Igor Serafimovski
1 hr ·

ДПМНЕ извлече едвај 10-15% од последното ажурирање на членството, сигурен знак за пропаднати избори

Уште една изборна победа за народот, е единствената логична последица од погубната политика на т.н. власт но и на т.н. опозиција. Народот веќе им сврте грб на досегашните изборни фаворити, па на следните претседателски избори очекувањето е партиските кандидати да изгубат од народот уште во првиот круг. Организаторите на бојкотот уште сега планираат победничка прослава. За оваа констатација не се потребни обемни анализи, доволно е да се сумираат резултатите од референдумот, како и од претходните два изборни циклуси. Секако во оваа куса анализа осврт ќе направиме на реалната, неофицијална излезност, но и на онаа официјалната но нереална. Од каде сега ова? При секое гласање во Македонија имаме реална излезност за која никој точно не знае колкава е. Бројките што ги објавува ДИК се официјални, но нереални. Овие конечни и официјални резултати се збирот од реалната излезност плус фалсификатот што се прави. Имено пред секои избори слушаме обвинувања и калкулации за фантомски гласови, колони на автобуси од Албанија и Косово, авантуристички гласачки ливчиња кои шетаат од град во град, но и бугарски возови, кои рака на срце се од последната генерација па со брзина на светлината ги полнат кутиите. Правната разрешница за очигледните фалсификати не ја здогледа светлината на денот. Сеуште чека во темните и прашливи фиоки на нашето до коска корумпирано судство.
На референдумот одржан минатата година, и покрај сите максимални меѓународни притисоци и ветувања, како и сите домашни закани, подмитувања, купувања и прекумерни вработувања, заедно со сите ултрабрзи полнења на кутии, но и дебело подмачканите молитви по џамиите, официјално излегоа 660 илјади или 36% од гласачите. Неофицијалната, но реална, бројка е најмалку 10% испод тоа, односно околу 480 илјади или 26%. Реалната бројка (480к) е максимумот што „владеачката“ коалиција (предавничката свита околу Заев заедно со вечно обесправеното малцинство) можеше само во тој момент да ја извади. Велам максимум само во тој момент, затоа што западните олеснувачи на македонското уништување кулминираа со својата креативност од една страна, а носот на нашиот пинокио, во својство на премиер, неколку пати ја обиколи планетата. Се ветуваа од вработувања, пензии, ивестиции па се до мед и млеко, но народот одамна ја прочита играта, и си остана дома. Реално, оваа ѓаволска коалиција на предстојните избори би можела да извади максимум 350к, бидејќи западните олеснувачи, сега веќе избламирани од претходното патешествие, нема да се појават. Но тука е и факторот на разочарани пензионери, затворени фирми, неисполнети изборни ветувања и сеуште невработени членови кои конечно сватија дека по тројца на едно административно столче не може да седат, а уште помалку плата да земаат. Во оваа референдумска бројка се влезени и дел од вмровските гласачи, уценети со административните работни места. Официјалната бројка ќе зависи од креативноста на изборните криминалци, како и од филмот што папата ќе го режира на предстојната посета, за кој повеќе од сигурно ќе раскажува на македонски јазик.
Кај т.н. опозиција состојбата е за жалење. Некогаш најголемата патриотска партија ДПМНЕ, сега воопшто не е голема а уште помалку е патриотска. За ова веќе на големо се зборува, особено после неуспешното ажурирање на членството, кое извлече едвај 10-15% од последното пребројување. Членовите не се излажаа по новите и сјајни членски книшки, налик на банкарски картички, но без кеш на нив. Огромната демотивираност се должи на катастрофалните кадровски политики, погубната стратегија околу главната партиска идеологија, македонштината, нестатутарниот „избор“ на претседателот, но и неговата непопуларност. Имено Мицковски е по се изгледа единствениот лидер на партија во регионот, на кој рејтингот почна да му паѓа уште пред да го изберат, а истиот максимално се потруди да го задржи трендот до денеска. Како показател на стрмоглавиот пад на популарноста на оваа партија можеме да ги земеме последните локални избори, на кои бројот на освоените општини слободно може да се сврсти во статистичка грешка, односно „владеачката“ коалиција победи скоро во сите. Избирачкото тело на оваа партија воопшто нема да го мотивира ниту сегашната кандидатка за претседател, која е со крајно сомнително идеолошко минато и нејасна визија за иднината. Природата на овие избори воопшто не е кариеристичка, односно од победата или поразот воопшто нема да зависат кариерите на партиските активисти, појава која за жал е главниот мотор за агитаторските активности. Впрочем кадровската политика на оваа партија во последните 20 години придонесе да патриотското членство биде заменето со верни кариеристи, за кои единствена мотивација претставува личната корист. Земајќи ги сите фактори во предвид, бројката што на овие избори, дпмне ќе ја изваде е некаде од 50 па до максимални 100 илјади гласови. Во прилог на ова оди и фактот што западните олеснувачи на македонското уништување прават сѐ за да се избрише сѐ што е македонско, тука секако спаѓа и славното ВМРО. Ова на терен се гледа со невмровскиот состав на раководството на партијата, на кои поважно им е да се сликаат со македонските непријатели отколку да го поддржат својот народ во борбата за опстанок. Кулминација беше откажувањето од уставобранителите. Дури и најоптимистичките патриотски члениви не можат да го простат продавањето на сопствените пратеници во собранието, со цел соучество во геноцидот врз Македонците.
Реалните максимални 350 илјади од криминалната банда која моментално ја узурпира власта во Македонија, заедно со максималните 100 илјади од квази опозиционата дпмне, прават заедно максимално околу 25% од граѓаните со право на глас, бројка која е далеку од потребните 40%, како минимум за цензус на претседателските избори. Ова е реалната ситуација. За официјалната бројка не можеме да претпоставуваме, бидејќи во игра се сите недозволени криминални средства, добро уиграната фалсификаторска екипа од претходните неколку изборни циклуси но и западната логистика со спремени вреќи долари.
Сето ова македонскиот народ многу добро го знае, што ќе претставува уште еден огромен мотив во носењето на одлука за бојкот на овие избори, односно смалување на тие максимални 25%, а преку тоа и праќање порака дека е доста од квазиизбори диктирани од надвор а во корист на криминалната балканска багра. Ова не се избори за претседател, туку борба на чесниот народ со криминалните политички елити, кои наместо да им служат на своите, служат на туѓите интереси. Затоа народот ќе бојкотира, се до формирање на експертска влада и демократизирање на политичкиот систем, односно ослободување на политичкиот простор од нови народни партии кои конечно ќе го вратат суверенитетот на народот. #БОЈКОТпи #РОДИНА #БОЈКОТсистем
24-03-2019, 11:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Демократски сојуз: Бојкотот на изборите е антидржавен чин

27/03/2019


Демократски сојуз повикува на политички консензус за одржување фер, демократски и чисти претседателски услови, како гаранција за успешност на изборите.
– Партиите и коалициите кои стојат зад претседателските кандидати да преземат одговорност дека ќе опстојат во изборниот процес, во спротивно, треба да понесат политичка и друг вид на одговорност. Бојкот на изборите во вториот изборен круг ќе значи антидржавен чин со катастрофални последици за иднината на државата – соопшти партијата.
ДС бара консензус и за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое според нив, треба да продолжи со целосен капацитет, а прислушуваните разговори и натаму треба да бидат доказ во постапките, во спротивно, Врховниот суд, со право ќе ги изземе од доказите и во предметите во кои досега се користени.
– Концептот за реформи во тајните служби  треба да се заокружи со коренити организациски и кадровски промени во разузнавачките и контраразузнавачките служби. Мора да се изгради систем за целосна департизација на државните институции, почнувајќи од приемот на работа во администрацијата. Партизацијата разорно делува врз ефикасноста на државните институции и владеењето на правото – велат од ДС.
Партијата повикува  да престанат партиските договарања преку селективна правда, амнестии и други лукративни цели, а наводно во интерес на  повисоки цели.
27-03-2019, 10:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

[Image: 56317664_1578380608986355_44820015081492...e=5D4028FD]
06-04-2019, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27



13-04-2019, 12:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

(This post was last modified: 16-04-2019, 01:05 AM by ЈорданПетровски.)
16-04-2019, 12:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Gorazd Rosoklija
9 hrs ·

БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Референдумот не го бојкотиравме заради сомневање дека резултатите ќе бидат ЗА, туку затоа што знаевме дека власта ќе го фалсификува.
Тоа и се случи.
Го фалсификуваа, го интерпретираа во своја полза, со потписи и гласови на криминалци објавија дека го промениле идентитетот на македонската нација спротивно од волјата на Македонците.
Сѐ што направија е незаконско и утре, од легална и легитимна власт, ќе биде отфрлено!
Истото ќе се случи и сега со изборот на претседател.
Кого и да изберат ќе значи дека тој е одобрениот од Меѓународниот. Неговата задача е да го стави својот потпис врз македонскиот епитаф.
Дали таквиот претседател ќе ви импонира? Ќе го штити македонскиот интерес? Еднава беше министер во периодот на најголемата пљачка во и на Македонија, приватизацијата? Тогаш молчела пред Бранко, се согласувала со пљачката, сега ќе се спротивстави на ,,меѓународниот” и на политиката на партијата која ја предлага, не на вербално декларираната политика, туку на таа што ВМРО-ДПМНЕ активно ја спроведува?
Другиов кандидат е толку бесмислен што ве оневозможува да напишете осмислена анализа.
Верувањето во невозможното му причинува краткотрајна радост на скромноумниот.
Сега имаме претседателски избори кои ќе ги организира истата власт.
Криминална, насилна, со истите коалициони партнери со кои ги полнеа кутиите на референдумот.
Значи, на истата власт која ја бојкотиравме заради криминалност и нечесност кога го организираше реферндумот, а бојкотот покажа дека оваа власт е не само незаконска туку и без легитимитет кај мнозинството Македонци, со нашето излегување на избори за претседател, личност претходно одобрена од истите ,,меѓународни” кои ја направија програмата за бришење на македонската нација, на таа власт треба да и дадеме легитимитет и да ги ,,проголтаме” сите досега од неа донесени одлуки, одлуки со кои се спроведува еден план:
Die Endlösung der Makedonische Frage!
Финално решение на македонското прашање со бришење на македонскиот народ од негово постоење!
Сакате да учествувате во тоа? Изборот е ваш.
Гласачот пред себе ќе има двајца идентични кандидати. Двајцата партиски, двајцата предложени од партии кои соработуваат во националното предавство. Каде е тука воспоставувањето нормалност?
,,Нормалноста“ ќе биде само во македонските и во странските медиуми: дека сме демократска земја во која Македонците прифатиле дека не постојат како македонска нација.
Излегувањето да гласаме за претседател, ќе го направи покомплицирано и потешко враќањето на нормалноста во Република Македонија.
Третиот елемент за бојкот би било чувството на достоинство и злоупотребата на нашиот глас во гласачката кутија, било како глас кој допринесува да се исполни цензусот, било како глас кој ќе биде фалсификуван.
Јас нема да дозволам мојот глас да биде нивни соучесник во злосторот врз мојот народ, а секој ќе одлучи за себе.
Излезот е во парламентарни избори и демократска власт која ќе се залага за тоа за што ќе биде избрана: интересот на земјата и народот во неа. До тогаш ќе ја бојкотираме оваа власт, секогаш кога ќе не повика да гласаме на од неа ,,организирани” избори!
Значаен број Македонци кои ќе бојкотираат, сигурен сум во тоа, не може да биде игнориран. Имаме и ние пријатели надвор од Македонија, а има и чесни луѓе во медиумите, во универзитетите и во политичкиот живот во САД, како и на другите континенти.
Во моментот кога ќе заврши приказната со нашиот прием во НАТО, ќе исчезне американската поддршка на корумпираниот режим во Македонија. Тогаш, бојкотот на референдумот и на претседателските избори ќе добие на значење.
Резултатите од бојкотот на референдумот и на претседателските избори, покрај незаконските одлуки на уценетото, поткупено, корумпирано и криминално собрание, ќе бидат основа за оспорување на одлуките на оваа власт и на тие што ќе ги потпише идниот претседател кој ќе биде отповикан со оглед дека ќе биде избран на фалсификувани избори.
Следната демократска власт, ќе спроведе избор за претседател или ќе донесе одлука да ја укине функцијата бидејќи се покажа како сосема непотребна, а скапа.
18-04-2019, 10:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Gorazd Rosoklija


ДОСТОИНСТВЕН МАКЕДОНЕЦ ИЛИ КУКЛА НА КОНЕЦ ВО ОБЕЗЛИЧЕНА ТОЛПА



Бојкотот на претседателските избори нема никаква врска со раководствата на партиите, како што немаше врска ниту бојкотот на реферндумот и така треба да остане за бојкотот да биде успешен.
Тоа што разно разни партиски раководства се придружуваат на бојкотот роден како спонтано народно движење на отпор, за тие да добијат политички поени, не ги прави ниту дел на отпорот ниту потребни на отпорот. Почесто се штетни отколку полезни.
Проблемот со сите партии е ист.
Доаѓањето на власт не го гледаат преку гласот на народот туку преку Меѓународниот кој им ги одредува владините коалиции. Заради тоа, партиите го исполнуваат меѓународниот диктат, бришејќи ја од постоење македонската нација.
Кон ваквото однесување придонесува културната неедуцираност на партиските раководства, националната невоспитаност или немање вградено чувство на лично и национално достоинство (ароганцијата во нивното однесување тоа најдобро го потврдува), како и криминалите во кои се вовлечени и искомпромитирани, а тоа значи уценети и уплашени.
Сè до влезот во НАТО, таквите ќе бидат на македонската политичка сцена затоа што ја имаат поддршката на Меѓународниот за да спроведуваат политики погубни за Македонците.
Само бојкотот на народот е вистинскиот отпор и основа за после НАТО да се фромира влада на неискомпромитирана политичка елита со која земјата ќе ги лекува раните или ќе ги крпи, и ќе оди напред со нови луѓе и нови идеи.
Македнецот со чувство на лична вредност и достоинство, не може да биде заведен од партиските пропаганди, уште помалку може да биде индоктриниран од партиските глуперди и нивните медиуми, или од меѓународни анонимуси кои само во Македонија добиваат статус на респектабилни личности.
Ним им треба наше учество како гласачи, за да ги направиме легитимни нивните одлуки за наше непостоење.
Македонците нема послушно да ја наведнат главата и денот ќе го минат со своите семејства, наместо на гласачка лента која обезличени луѓе води на кланица.
18-04-2019, 10:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Gorazd Rosoklija
April 15 at 9:06 AM ·

НЕНАДЕЈНО, А ОЧЕКУВАНО, ИМ ЗАТРЕБА И МАКЕДОНЕЦОТ, ЗА КРАТКО

Власта повикува на помирување, поточно, бара да биде амнестирана за криминалите кои се во тек, како и за извршеното национално предавство.
,,Опозицијата” повикува на национално обединување околу нив и нивниот кандидат, за да станат некаква власт, повикуваат на национално обединување на нација чие непостоење поддржаа во собранието.
Некој да им каже дека народ и нација се помируваат и обединуваат околу идеја, околу визија на лидерство со морал и интелект таа визија да ја реализира, не околу криминалци, не во поддршка на национално предавство, не околу личности како нив!
#bojkot #бојкот





18-04-2019, 10:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote:Лука Александров
12 mins ·

Пред да настапи предизборен молк!

Ние Македонските патриоти од целиот свет изјавуваме и најавуваме !!!
Имено по долга анализа ваквата наша одлука се темели врз неколку основи:
1.Како прво избори организирани во режија на зоран заев инаку најголемиот душман на Македонија се сомневаме дека би биле фер и демократски
2.Како второ изборот на кандидатите не се во склад со нашите очекуванја и сметаме дека не се вистински репрезенти на Македонскиот Народ,нема доследно да ги бранат Македонските интереси и воопшто интересите на Македонскиот Народ
3.Како трето ние сме многу зачудени од тоа што нашата матична партија воопшто не завзема страна за референдумот кој беше плебисцит на народната волја а уште помалку немо гледаше кога се уништуваше државата и се девастираше се што е Македонско А сега за овие таканаречи ги изброи се вклучува цела машинерија за да се легализира нешто нелегално!!!!??!!!
4.многу не зачуди тоа што нашата матична партија воопшто и прифати да излезе на вакви избори без да се изгласа пржинска влада а и без да се организираат заедно со овие избори и парламентарни избори
5.Како петто и последно нема потреба повеке да ја шириме елаборацијата зошто Македонските Патриоти завземавме ваков став е тоа што нашата партија свесно и намерно сака да ги злоупотреби истите тие од кои што се откажа во сите преговори со октроираната власт а понуди двотретинско мнозинство да се изгласа сеопшта амнестија за иЗродите кои го сменија името на државата наспроти АМНЕСТИЈАТА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ЗА КОИ НЕ МРДНА СО МАЛ ПРСТ!!!!!!
Па од ова место сакаме да го прашаме раководството на нашата матична партија:

ДАЛИ ОВА КУКАВИЧЈЕ ЈАЈЦЕ ШТО ГО ПОДМЕТНУВАТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД АКО НЕ ВИ ПОМИНЕ СТЕ СПРЕМНИ ДА СИ ПОНЕСЕТЕ ОДГОВОРНОСТ ПАРТИЈАТА ДА СЕ РЕОРГАНИЗИРА И ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ ПАРТИЈАТА ДА ЈА ПРЕВЗЕМАТ ВИСТИНСКИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ?
А НАШАТА ОПЦИЈА ЗА БОЈКОТ НА СЕ ШТО Е НЕМАКЕДОНСКО КЕ ПОБЕДИ!!!


[Image: 57484805_2163120257099865_16806036819694...e=5D2E6EB6]




Bravo Bravo
(This post was last modified: 19-04-2019, 04:55 PM by ЈорданПетровски.)
19-04-2019, 04:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:Gorazd Rosoklija
9 hrs ·

ЗА БЕСРАМНОСТА НА ПАТЕТИЧНО БИЗАРНИТЕ И НИВНАТА ЖЕД ЗА ВЛАСТ


Бизарно е кога претпоставена и умислена македонска интелектуална елита, во суштина мали луѓе со големи претензии, учествува во национално предавство.
Бизарно е кога во жед за власт, окорели комуњари се ставаат на листата на партија против која се бореле цел живот. Ниту идеологија ниту достоинство од двете страни, само бесрамна бизарност која е ретка дури и за Македонија.
Бизарно е кога жестоки противници и критичари на НАТО, прифаќаат да бидат предложени за највисока функција, од партија чија основна цел е Македонија во НАТО.
Бизарно е кога министер кој соучествувал во најголемата пљачка на националното богатство, приватизацијата, се прикажува како спасител на македонската нација чие непостоење прифатил со самото кандидирање за претседател на монстуозната северна творба.
Бизарно е кога тој кандидат за претседател, тотален научен анонимус, се прикажува како светски афирмиран научник кој ќе организира научни дебати за македонскиот идентитет, со светска класа експерти.
Претпоставувам границите на нивниот интелектуален свет, светот со кој ќе дебатираат, се во триаголникот Скопје-Врање-Ќустендил.
Патетично и срамно е нивното соучесништво во предавството на македонската нација, но срамот заради ваквото предавство е за личности со љубов и респект кон сопствениот народ, не за личности чија љубов е исклучиво кон самите себе и кон моќта на функцијата.
Овие ги направи безобѕирни самата можност да се власт! Не можам ни да замислам каква власт би биле?
Претпоставувам, бизарно патетично безобѕирни во владеењето, а можеби и комични.
Или допрва ќе почнат да го сакаат сопствениот народ и ќе почнат да прават за него, правење кое го пропуштиле повеќе од половина век? ? ? ?
Отпорот манифестиран со бојкот е сенародно движење на Македонци со национално чувство и лично достоинство, Македонци кои не можат да бидат заплашени, уценети или поткупени



Bravo Bravo
20-04-2019, 02:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,658
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Кривична Одговорност ЗА Квислинзите
Sponsored ·


ЧАРЕ ЗА ВТОРИОТ КРУГ


Навивачите на ДПМ(С)НЕ велат дека бојкотирачите не нуделе решение за тоа како да се сруши хунтата, па еве барем во мое име да повторам едно предлог-решение што е објавено на 19ти Февруари 2019 (и повеќа пати од тогаш во разни форми), а не е предоцна да се примени за вториот круг на Претседателските избори:
“ВМРО-ДПМНЕ и Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова можат многу лесно да ги обединат силите на отпорот против Северната окупаторска дивотворба. Нека кажат јасно дека не ја признаваат ‘Северна Македонија’ и ќе се раководат исклучиво според Уставот на Република Македонија, според кој актуелните пратеници и актуелниот Претседател на државата го добија својот мандат. Дека не ги признаваат уставните амандмани и закони кои се донесени спротивно на темелите и неменливите одредби на македонскиот Устав и спротивно на законодавните процедури усвоени во согласност со тој Устав.
Тоа, меѓу другото, значи непризнавање на ‘државата’ ОСНОВАНА со новиот устав, кој претставува нелегално рушење на Уставот на Република Македонија, како и непризнавање на ‘Законот’ за двојазичност, кој исто така се коси со Уставот. Ако тоа го направат, ќе се неутрализира стравот дека на овие избори Сиљановска ќе служи за легитимизирање на Северната окупаторска дивотворба.
Ако Сиљановска ги изгуби изборите во такви услови, тоа нема да значи дека народот се определил за Северната, бидејќи знаејќи како владее оваа квислиншко-балистичка банда, несомнено ќе ги делегитимизира изборите со злоупотреби на државни пари за кампањи, со злоупотреба на моќта врз медиумите, со уцени, закани и врбувања во однос на вработувања, како во државниот, така и во приватниот сектор, со заплашувања, со измамнички кампањи, со полнење кутии во име на други гласачи ... Дури и на фер избори да изгуби, тоа нема да значи легитимитет за Северната, бидејќи е создадена од пратеници без соодветна уставна јурисдикција или демократско овластување за таква одлука и во конфликт со меѓународните закони за заштита на правата на малцинствата, односно на поединецот како најосновно малцинство. Но ако Сиљановска настапува со признавање на ‘Северна Македонија’, што веќе индиректно се случи со честитањето на протоколот за влез на Северната во НАТО, дивотворбата ќе добие привиден демократски легитимитет независно од тоа кој ќе победи или изгуби на изборите.”
За горниот пристап добив поддршка од скоро сите застапници на бојкот што ги познавам. Колаборационистите го изигнорираа и продолжија уште подиректно да тврдат дека криминално усвоениот устав на Северната дивотворба е правно задолжителен, наспроти она што го зборуваа помеѓу референдумот и мафијашкиот парламентарен процес на ОСНОВАЊЕ на ‘Република Северна Македонија’, со кој Сиљановска тогаш велеше дека пратениците направиле низа кривични дела. Избраа да си се погазат себеси, но и да ја погазат Република Македонија и нејзините суверени граѓани, додворувајќи се на странски емисари.
Пристапот кој го предложив уште кога во Февруари стана очевидна капитулацијата на ДПМНЕ и Сиљановска, а со кој можеше да се спречи катастрофалната поделба што ја видовме од првиот круг на изборите, не е само мој личен став. Тоа е доследност на се што сме разговарале со Hristijan Mickoski и активисти на ДПМНЕ додека соработувавме за референдумот и додека јавно ги поддржував во чистката на расипничката банда на Сашко Мијалков, вклучувајќи ги петтоколонашките пратеници што беа исклучени од партијата по гласањето за нелегитимниот устав, а за кои Мицкоски неодамна изјави дека ‘би бил незрел политичар’ ако ја исклучи можноста за нивно враќање (знаеме со какви пресуди вистинските вмровци би ја исклучиле таа можност). Наместо тоа, Мицкоски и оние кои не разликуваат помеѓу партија во служба на кауза и кауза во служба на партија, избраа капитулација и нечесен спин дека бојкотитачите не нудат РЕШЕНИЕ или АЛТЕРНАТИВА, како што спинувааа СДС и исклучените пратеници за референдумот.
РЕШЕНИЕ на присилното наметнување на нелегитимната ‘Република Северна Македонија’ и нејзиниот нелегитимен устав е нивно НЕПРИЗНАВАЊЕ.
АЛТЕРНАТИВАТА е почитување и одбрана на суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и нејзиниот невалидно укинат Устав.
Народот тоа ви го потврди на свој начин и на ланскиот референдум и во првиот круг на изборите за Северен Претседател.
Вашата партија и кандидатка имаат уште една прилика, пред вториот круг, да се определат дали:
1. ќе ја бранат Република Македонија, со нејзиниот единствен валиден Устав, од криминалните рушители, силувачи и пљакаши и ќе ја почитуваат волјата на нејзините суверени граѓани;
или
2. ќе се обидуваат и понатаму полесно да се пригребат до узурпирани државни фотељи и пари, служејќи на странски неомперијалисти и наддавајќи се со СДС за гласовите на етносепаратистите, за да добијат ‘техничка победа’ со мнозинство гласови од малцинството гласачи (под 50%) што ќе изглезат на гласање.
Ако го изберат второто, не само што не треба да очекуваат бојкотирачите од првиот круг да се предомислат за вториот, туку нека размислат дали при парламентарните избори ќе треба да прават подиректна коалиција со СДС/ДУИ за да останат и понатаму во системот на паразитско силување, пљачкање и распродавање на државата, во кој соучествуваат најмалку 22 години (оние што ставија партиски дресови на ВМРО-ДПМНЕ откако Љубчо се здружи со Ѓаволот во 1995та или после тоа, соучествуваат уште подолго). Ако го изберат вториот пат, нека размислат добро дали до тогаш низ измамништвото ќе прогледаат уште повеќе заблудени Македонци кои сега гласаат за нив од дезориентиран патриотизам. И дали сите ќе ги собере Будимпешта. Затоа што вака, дури и неправедно некој да ги суди, нема да остане кој да ги брани.
Милостив и толерантен е македонскиот народ. Затоа досега им даде премногу предупредувања.
#бојкотирамПредавство #бојкотирам #bojkotiram


[Image: 57623769_2464968536856307_90906933244859...e=5D6FD813]
26-04-2019, 04:40 AM
Reply