Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БОЈКОТ НА ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ОБВРСКА НА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:БОЈКОТ НА ПРЕДСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Е ОБВРСКА НА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ!!


[Image: fc2062aef352f80dc2215f346ba9ce28_L.jpg]

ордан Петровски 09.02.2019
Комитетот за Демократизација на Македонија се залага за БОЈКОТ на председателските избори бидејки тоа е единствено решение со кое ке се покаже отпрот во држава каде што не функционира ниту една институција која треба да го штити Уставот, независноста на судовите, да ја штити изразената волја на гласачите преку избори и референдумот!
Председателските кандидат кои ветуваат дека ке променат се и сешто, од законот за јазици, преспанскиот договор, уставните измени, ЛАЖАТ! Такви ингеренции според Уставот на Р. Македонија нема Председателот на државата! Зато ке запрашам зар ке дозволите покрај премиер ЛАЖГО да имаме и Председател на држава ЛАЖГО!?
Нашите видувања ги препознавме, слободно можам да кажам дека се идентични со напишаното во фб статусот на професорката Каракамишева и затоа го цитирам подолу:

Quote:1. Граѓаните на референдумот од 30.09. не ја дозволија ниту промената на уставното име Северна Македонија, ниту го прифатија Преспанскиот договор. Одродената власт, преку заобиколување на граѓанската волја, продолжи да си ја тера зацртаната агенда во Владата па во Собранието. Видовме како беа донесени уставните амандмани, видовме политичка и лична дрскост каква што Македонската политика не памети до сега.
2. И покрај неуспешниот референдум, власта не ја запре забревтаната машинерија во практикувањето на политичкото насилство.
3. Прашајте се вие што мене ме прашувате дали мислите дека оваа авторитарна власт која целосно го има окупирано системот, сите институции, државни и локални органи, власт која е најпозната по криминали, по изборни криминали, по корупција, по убиства, по матни тендери, власт која најмалку ја интересира граѓанинот и неговите егзистенцијални интереси, прашајте се дали оваа власт која нема решено ниту еден кривичен предмет за полнењето на кутиите на референдумот и на локалните избори, за бугарски возови, за изборен поткуп, токму сега ќе се смилува на вашите прес-конференциски повици за одржување на фер и демократски избори и ќе дозволи да победи најдобриот кандидат? Ако така мислите или вие сте наивни и залутани во политиката, или имате некои други материјални или други лични интереси па ги убедувате граѓаните. Јас прво никого не убедувам, ниту разубедувам. Мојот став е мое право, и моето не гласање е исто така мое лично право. Секој што ми ампутира ваква активност нека се размисли што пишува и што говори, бидејќи граѓаните не се малолетни деца па некој да ги заведува што и како да прават, дали да гласаат, или да не гласаат. Тоа што некому не му излегува есапот на маса со есапот на терен не е мој проблем и нема да дозволам да ми го припишувате, или подобро лепите како мој проблем. Зошто народот веќе не верува на партиите не треба да се чудите. Толку многу прокоцкани шанси, толку многу прокоцкана доверба не знам дали некој воопшто добил. Вината е подеднаква на сите партии. Нема поголем или помал непријател кога го изгубивме најсветото, кога го прокоцкавте она што ни на сон не смееше да се чепне. Ама за вас изгледа ништо не е свето! Само фотељите и тендерите го вртат вашиот ум!
4. Во однос на комичните предлози да се шкртаат гласачките ливчиња имам само едно нешто да кажам, и шкртнатите ливчиња исто како и важечките се ставаат на контото на делегитимирањето на референдумот. Јасно е како бел ден која е целта на власта со овие избори. Целта е што повеќе излезени гласачи за поголемо понижување на референдумот од 30.09.Ако тогаш не успеаа да не домкнат на кутии сега преку разни убедувања на граѓаните целта е само една -да има голема излезност за да си ги исперат рацете од ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО! Јас во таква смислена игра чија што цел е апла видлива не учествувам.
5. Во однос на плашењето на граѓаните дека пратеникот Таљат ќе бил в.д. претседател не ја разбирам паниката и сеењето омраза. Прво, согласно со Уставот Таљат во случај да не се избере претседател на наредните избори ќе мора да распише нови претседателски избори многу брзо. Ако власта одлучи да прави уставни измени таа може тоа да го прави кога ќе посака (како што гледаме име ни избришаа, идентитет ни сменија, историја ни бришат). Да не се заборави дека од другата страна во случај да има победник на изборите, новиот претседател веднаш да му биде изгласан импичмент. И во таков случај повторно да го имаме вечниот Таљат. Оваа опција власта секогаш ја имала во раце. Меѓу двете одлуки, првата да распише нови избори и втората да почне постапка за промена на Уставот власта ќе треба да одбере, да, но при тоа не смее да се заборави дека оваа власг нема вечно да биде власт. Ќе треба да размислат неколку пати како евентуално новите решенија ќе им се одразат кога тие ќе бидат во опозиција. Од друга страна да не правиме плашило од ништо. Да не заборавиме дека сите партии кога беа на власт тактизираа со политиката на избор на претседателот на Републиката во Собрание и никогаш не се кревала некаква посебна галама. Јас ќе се навратам на мојата неколку пати изнесена теза дека Таљат ги потпиша сите акти до сега. Таљат е нелегален претседател на Собрание и во некое идно време кога ќе дојде до драстична промена на власта сите тие акти ќе бидат ПОНИШТЕНИ.
6. Да резимирам. Зошто не гласам?
Прво, затоа што не сакам со мојот глас да го фрлам во вода референдумот од 30.09 бидејќи тоа е клучната цел на сценаристот.
Второ, за да се излезе на избори треба да постојат елементарни услови за фер натпревар кои во државата не ги гледам. Нема независна изборна администрација, нема полиција во служба на граѓаните, нема независни медиуми, има обвинители и судии кои ја работат својата работа под диктат на СДС и ДУИ, има многу криминал, многу оружје, многу мафија.
Трето, одговорот на опозицијата за продаденото име, идентитет, историја го гледаме преку секојдневни пресконференции на кои се констатираат факти, но не се нудат одговори. Нема никаков активизам, никаков револт, никаква насока за покажување вистинска огорченост од она што ми се случува и од актуелните политики. Наместо тоа, гледаме млаки констатации и досадни фрази.
Четврто, народот веќе не сака да биде жртва, Доста жртви носеше на свој грб. Или партиите ќе се свестат и ќе понудат излез од ова лудило кое не мачи сите нас, или мојот глас веќе не го давам зијан. Излез од лудилото за жал не се претседателските избори.

КОГА ЌЕ СЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО ЌЕ ГО ПИШАМ МОЈОТ СТАВ ШТО ПОНАТАМУ.
СО 28 ГОДИШНАТА ПОЛИТИКА НА СИМНИ СЕ КУРТО ЗА ДА ДОЈДЕ МУРТО, НА ШТЕТА НА ДРЖАВАТА ОЧИГЛЕДНО МОРА ДА РАСЧИСТИМЕ, ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ!
ПОТРЕБЕН Е КОМПЛЕТЕН РЕСЕТ НА СИСТЕМОТ И НА ВРЕДНОСТИТЕ!




Фб статус на професорката Тања Каракамишева!
(This post was last modified: 13-02-2019, 03:14 AM by ЈорданПетровски.)
13-02-2019, 03:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



13-02-2019, 03:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: image.png]





13-02-2019, 03:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:СДСМ РЕШИ ДА НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ЗАЕВ ЌЕ БАРА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ


13.02.2019
Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала реформите со предвремени избори, кажа портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов (Фото: принтскрин од видео)

СДСМ одлучи дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, а одлуката е донесена вечерва на седницата на Извршниот одбор (ИО), соопшти ноќва портпаролот на партијата Костадин Костадинов.
„Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти, фер и демократски претседателски избори на кои ќе победи СДСМ. Избори на кои ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните бараат резултати во реформите, во економијата. Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата. Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала реформите со предвремени избори“,  рече Костадинов.

ВМРО ДПМНЕ бараше предвремени парламентарни избори напролет заедно со претседателските избори.

Костадинов кажа дека ИО го овластил лидерот Зоран Заев да отвори разговори со (вон)парламентарните партии за да дојдат до единствен, заеднички консензуален кандидат за престојните претседателски избори.
Тој рече и дека на овој состанок на се отвори прашањето за промена на името на партијата во делот „на Македонија“ , согласно промената на името на државата во Република Северна Македонија, иако Заев пред почетокот на состанокот рече дека ќе се разговара и за таква можност.
13-02-2019, 03:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Отворено писмо на Јанко Бачев: Бојкотирањето на изборите е во корист на Зоран Заев и Али Ахмети


[Image: %D0%A4%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%...0%B0-5.jpg]
Feb 11 2019
Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки,
Почитувани граѓани на Републка Македонија,
По вчерашната одлука на Централниот комитет на Единствена Македонија, партијата да учествува на претседателските избори, имам силна обврска да одговорам зошто е потребно масовно  излегување на изборите оти бојкотот е во корист на Зоран Заев  и Али Ахмети.
Еве ги фактите за тоа:
Собранието на седницата од 9 јануари 2009 со донесувањето на амандманот XXXI на Уставот го намали цензусот на излезност на 40 отсто, односно, претседателот во вториот круг се избира со мнозинство од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Во Македонија во моментот има 1.806.336 избирачи и уште од сега е јасно дека во вториот круг ќе има излезност од 40 отсто (722.534 избирачи).
Пишувам за вториот круг од причина што, било кој кандидат не може да победи во првиот круг оти за тоа е потребно да освои мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно, еден кандидат да освои во првиот круг 903.169 гласови е неизводливо и затоа уште од сега е јасно дека се ќе се решава во втор круг.
Значи, со бојкотирањето овозможуваме Зоран Заев и Али Ахмети да изнесат на избори во вториот круг 722.534 избирачи што е сигурно дека ќе се случи и да победи нивниот кандидат кој добива петгодишен мандат, а што значи ова не треба посебно да се елаборира.
Меѓутоа, ете да претпоставиме дека бојкотот ќе биде успешен, односно, во вториот круг нема да излезат 722.534 избирачи. Тоа е пак во корист на Заев и Ахмети и можни се две ситуации.
Прво, да се повтори целата изборна постапка што ќе трае околу 6 месеци а за тоа време и во услови кога мандатот на Ѓорге Иванов завршува на 12 мај, функцијата претседател ја извршува претседателот на Собранието (член 82 од Уставот). Што значи Талат Џафери како претседател на државата на сите ни е јасно и не гледам причина за подетално образложение.
Второ, можно е власта кога веќе има двотретинско мнозинство да го промени уставниот модел и да избере претседател на државата во Собранието. Во таков случај многу е веројатно дека ќе се воведе и функцијата заменик претседател и во иднина ќе се ротираат Македонец и Албанец како претседател и заменик претседател. 
Со еден збор, бојкотирањето на изборите и доколку биде успешно и доколку биде неуспешно му помага само на Заев и Ахмети да имаат свој претседател во наредните пет години.
Затоа, потребно е масовно излегување на изборите и победа во вториот круг на кандидатот на опозицијата. Постои страв кај Македонците од поделеност, но, треба да се знае дека во првиот круг нека има и десет кандидати, погоре спомнав зошто во првиот круг ќе нема победник.
Битно е во вториот круг да влезе опозицискиот кандидат со определба веднаш по победата да започне постапка за поништување на договорот за промена на името, двојазичноста, враќање  на Македонија на изворните илинденски и асномски традиции…Во вториот круг каде ќе има само двајца кандидати, доколку Македонците и сите лојални граѓани масовно гласат, уште од сега сум сигурен дека ќе го победиме кандидатот на Заев и Ахмети.
За крај, збор-два и за стравот дека со гласањето на ливчето се признавал легитимитетот на власта, па изборите ќе биле фалсификувани…
Согласно договорот за промена на името сега започнува постапката за менување на личните документи, како на пример, лична карта и пасош. Значи, лицата кои велат дека бојкотираат бидејќи не признаваат легитимитет, сега ќе носат во џеб лична карта и пасош на Република Северна Македонија. Лудост е да се верува дека некој би можел да бојкотира и лична карта оти животот без лична карта/пасош ќе му стане пекол, ќе биде целосно блокиран во правниот промет без можност да оствари било какво законско право. А има ли поголемо признавање на легитимитетот на марионетската власт од лична карта/пасош со Северна Македонија во услови кога има кандидат за претседател кој е спремен да започне постапка сето тоа да се поништи!?
Околу можниот фалсификат, таква психоза се створи и за време на референдумот, па, не илезе така. Наместо да паничиме, еве повикувам да се јават доброволци и да овластиме на избирачките места не по еден, туку, ако треба и по тројца, па да видиме како ќе се фалсификува на денот на изборите во присуство на наши набљудувачи.
Се разбира, идеално е да ги покриеме со набљудувачи сите 3.478 избирачки места во 80-те општини доколку има спремни Македонци со големо „М“. Не е на одмет да спомнам дека согласно Изборниот законик како партија можеме да овластиме набљудувачи за разлика од референдумот, бидејќи, согласно Законот за референдум во избирачките одбори има само по тројца од администрација.
Како заклучок. Генерално, не е спорно дека е отворен патот на било која народна македонска власт во иднина да го поништи Договорот за промена на името. Но, во моментот бојкотирањето на претстојните избори е во корист само на Зоран Заев, Али Ахмети и нивните странски газди. Потребно е масовно да излеземе и да го подржиме кандидатот на опозицијата кој по победата започнува постапка за Македонија каква што ја посакуваме. Време е за претседател на Македонците а не на странците. Ние го правиме очекуваниот потег. На ред е народот!
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
13-02-2019, 03:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Ејгиди, ејгиди д-ре Јанко Бачев

[Image: 51832537_2549239641785416_45973521277177...e=5CF0A90E]

12.02.2019
Не ми е јасно како уште при првата помисла на претседателските избори, ти, д-ре Јанко Бачев, кој себе си се сметаш за паметен и интелегентен, образуван доктор на науки и професор, веднаш не увиде дека самата таа помисла, као што велиш, е во корист на Зоран Заев и Али Ахмети. Како тоа не го увиде при донесување одлуката на Централниот комитет на Единствена Македонија, или барем на крајот, кога отвореното писмо го поставуваше на сајтот на твојата партија и кога си се пофалил со тоа колку многу медиуми ќе го пренесат, а се знае дека медиумите се под контрола на власта.
Ние од СеМакедонскиот Национален Совет МАКЕДОНИУМ, долго време соработувавме со вас задружени во Македонија бојкотира и Македонија блокира, но не се сеќаваме дека сме имале толку голема медиумска подршка како сега твоето писмо. Иако тогаш, за да не се распадне здружувањето, дозволивме да ја превземите речиси целата иницијатива, цело време имавме впечаток дека не саботирате и опструирате. Едвај издржавме до крајот и ве напуштивме. Се потврди дека сме биле сосема во право. Ти ќе треба да одговориш каде се криеше од почетокот на протестите скоро цела година и зошто не излезе од сам почеток, туку како и многу други калкулираше и чекаше погоден момент за да се појавиш јавно на протести.
Потврда за тоа е отвореното писмо, со кое го демаскирате вашето тогашно дејствување, а сега одите директно против придобивките од Референдумот од 30.септември и сакате да ја поништите јасно изразената волја на народот.
Како не ви е јасно: Учество во избори на кој се избира Претседател на Република Северна Македонија всушност значи прифаќање на преименувањето на државата и давање на легитимтет на Преспанската спогодба. Како не ви е јасно: Колку поголема излезност на изборите, толку поголема девалвација на Референдумот од 30.септември. Но, за да се разјаснат небулозите од отвореното писмо, да одиме по ред, како што е пишано во него, ред по ред:
Манипулирате со народот и го донесувате во заблуда тврдејќи дека нетреба да ги бојкотира распишаните избори за Претседател на Република Северна Македонија поради тоа што е намален цензусот за излезност во вториот круг од 50 на 40%. Изборите се бојкотираат уште во првиот круг и ирелевантен е цензусот за вториот, не е важно дали бил 50 а сега е 40%. Не треба ни да се дојде до втор круг. Важно е народот да игнорира секаков избор на институции на нелегалната Република Северна Македонија, поготово не за избор на нејзин Претседател.
Добро знаете дека штом граѓанин се потпише на гласачкиот список диретно значи дека ја прифаќа и ја верификува наметнатата Република Северна Македонија, па дури и избира нејзин Претседател. Ирелевантно е дали тој потпис е ставен на списокот на гласачи во првиот или од вториот круг на изборите. Ова неможе да не го знаете, но зошто пак повикувате на што поголема излезност? Многу лукаво го ставате народот пред свршен чин (и со тоа му всадувате в глава дека тоа е неминовно), како да е првиот круг апсолвиран и воопшто не се осврнувате на него туку веднаш претпоставувате што ќе биде ако бојкотот во вториот круг биде успешен и констатирате дека тоа е пак во корист на Заев и Ахмети и дека се можни се две ситуации. При аргументирањето на првата ситуација се повикувате на член 82 од Уставот, значи сте го прочитале и неговиот став 8 (кој гласи: Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.). Штом го знаето тоа значи знаете и дека лажно е вашето тврдење дека за да се повтори целата изборна постапка што ќе треба околу 6 месеци. Додека аргументацијата во првата точка ја доведуваше во прашање искреноста, аргументацијата за втората можност открива НИСОК КАПАЦИТЕТ за релевантно политичко расудување. Не постои партија која додека е на власт би донела закони од кои ќе трпи последици кога ќе стане опозиција. Заев и Ахмети како што гледаме ги продаваат државните интерси без око да им препне, но секогаш се будни да не си ги загрозат патриските и пред се своите лични интереси. Нив им треба Претседател по нивна мерка, но избран со поголем легалитет; за да неможе лесно да биде сменет после се поизвесните парламентарни избори. Ако воопшто помислуваат да го сменат Уставот и Претседател на државата да се избира во парламентот, имаат двотретинско мнозинство и негледам зошто тоа не би го направиле сега, туку после евентуелно неуспешниот втор круг. Така би биле многу покомотни отколку сега, кога постои реална опасност од бојкот на изборите. После и да сакаат ќе немаат време за тоа затоа што повторната постапка треба да заврши во рок од 40 денови.
Точно е тоа дека во првиот круг ќе нема победник, но ако не се бојкотира ќе има губитник. Тоа ќе бидат Македонците и Македонија. За победа не е доволно да не победи кандидатот на Заев и Ахмети, туку да ги победиме приврзаниците на Заев и Ахмети. Тоа ќе се постигне само со бојкот на претседателските изботи. Ќе мора да се распишат нови, но овој пат ЗАЕДНО со ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИБ, кога ќе има можност да се смени целиот политички амбиент во земјава, да се порази хунтата на власт, затоа што после ваквиот пораз и владеачките партии ќе бидат принудени да се ослободат од приврзаниците на актуелните раководства. Се согласуваме дека излезноста е пресудна. За тоа се свесни сите од владеачката номенкалура затоа и врбуваа толку многу кандидати да се номинираат на изборите за претседател. Секој кандидат со себе ќе донесе и свои гласачи. Излезноста е во пропорција со бројот на кандидати: колку повеќе кандидати - толку повеќе гласачи. Едноставна математика, поради која, г-дине д-ре Јанко Бачев, во ист кош ги ставаме сите кои учествуваат во избор за Претседател на Република Северна Македонија и позиција и опозиција.
Следствено на тоа и Единствена Македонија од денес почнавме да ја вбројуваме во поборниците за верификување на Престанската спогодба, без оглед што тоа воопшто не не радува. Битно било во вториот круг да влезе опозицискиот кандидат, зошто сте сигурни дека ќе победи во вториот круг преку масовното гласње, за кое се залагате. Па тоа е чиста ДЕМАГОГИЈА, зошто како може човек кој го прифатил постоењето на Република Северна Македонија и се кандидирел за нејзин Претседател, веднаш по победата да започне постапка за поништување на договорот за промена на името, двојазичноста и враќање на Македонија на изворните Илинденски и Асномски традиции?
Веќе се навикнавме на предизборни лаги... Овде гледаме друга димензија: величајќи ги идните чекори што опозицискот кандидат би ги превзел после изборот, всушност ставате привлечна мамка над стапицата во која ги мамите да пропаднат чесните Македонци. Невидена смелост и безобразлук. Ма кој граѓанин ќе го загризе тој горчлив залак, без оглед на тоа што е прелиен со највкусни преливи и обмотан со најшарен и најсветликав омот. Не е време за лажење и надлажување туку за осознавање и распознавање на вистинските вредности. Згора на тоа како може да се повикува на излезност и гласање за опозицискиот кандидат пред да знаете кој е тој? Нели си се запрашал што ќе биде ако кандидатите на позицијата и опозицијата се лице и наличје на иста монета, што е многу веројатно. Како може да пропагирате нешто пред добро да анализирате и обмислите дали со тоа не го мамите народот да падне во сопствената стапицата на добри желби. Со ова самиот потврдувате дека за бојкот референдумот си се залагал само декларативно (што цело време го чувствувавме, ама несакавме да прифатиме) со тоа што се народот го доведуваш пред свршен чин тврдејќи дека со тоа што во џебот ќе имаат лични документи на Република Северна Македонија, значело и нејзино признавање и прифаќање. Каква небулоза! Па и во најозлогласените режими и окупации народот во џебот носел документи за идентификација издадена од тој режим, без оглед на тоа што не го прифаќал и се борел со него. Нетреба човек да биде правник, а уште помалку доктор на науки за да знае дека личните документи се за сопствена, лична идентификација, а не за поистоветување со тој што ги издал. Зарем Евреите во концлогорите ја признавале и прифаќале власта што за нивна идентификација им тетовирала броеви на телото. Недоветна глупост.
Суштествена причина за неодржување на изборите е отсуство на најминимални услови за демократски избори; немањето независни медиуми; непостоење на неконтолирани обвинители и судии и толерирање на корупција, криминал и организирани криминални групи, мафија, многу нелегално оружје; основаниот сомнеж дека и самиот изборен процес ќе биде лажиран со полнење на кутии, што е потврдено до непокренување на ниу една постапка за нерегуларностите при извршување на референдумот. Овие недоследности неможе да ги компензираат членовите на избирачките одбори, без оглед на тоа колку и да се совесни и безгрешни. Туку спротивното, изборите ќе бидат лажирани без оглед на чесноста на членовите на избирачките одбори и комисии, па твоето тврдење го цениме за крајно инфантилно.
На крајот, после сето кажано, место заклучокот што ти го изведе неизбежно се поставува дилема дали навистина не си свесен за ова или така се правиш за да можиш да одработиш за други, туѓи интереси.
Ние, СеМакедонскиот Национален Совет- Македониум точно знаеме дека само со БОЈКОТ во услови на окупирана и киднапирана држава, не секакви, па дури и вакви фингирани претседателски избори во Република Северна , насилно преименувана, со политички интриги и измами од страна на ваква нелегитимна власт , нема да дадеме легитимитет на ова што Заев и останатите позиционери и фалшиви опозиционери им го стокмија на Македонија и Македонскиот народ. Маските паднаа , меѓу кои и твојата.
За СеМакедонскиот Национален Совет- Македониум ти си одамна прочитан и комплетната твоја агенда. Ти со ова му даваш легитимитет на Заев. Одете сега со Мицковски трчајте по цензус за Заев да си го легитимира криминалот.
Ние почнуваме кампања за комплетен и масовен бојкот на криминални избори за Претседател на Република Северна.
П.С. Оној што ќе чита заклетва за Претседател на Северната, пред да оди во собранието да го стори тоа, нека голтне лажица неквалитетен боров мед, за полесно да му се лизга зборот СЕВЕРНА и да нема проблеми кога ќе го изговара.
Ејгиди, ејгиди д-ре Јанко Бачев.
Скопје, 12.февруари.2019 год.
СеМакедонски Национален Совет – Македониум
Претс. Страшко Олумчев
13-02-2019, 03:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:СИЛЈАНОВСКА НА КОНВЕНЦИЈАТА: Бојкотот би бил погубен за државата


16.02.2019

[Image: siljanovska2-640x397-360x223.jpg]

Мојот  татко се бореше за Република Македонија а не за Северна, истакна професорката Гордана Силјановска во своето претставување за кандидат за претседател. Според неа, секоја нација има право на самоопределување, а сегашната наша географија е резултат на анексиите.
„Идентитетот е во придавката“, потенцираше Силјановска.
Таа смета дека е лошо да ги бојкотираме изборите и дека овие избори се можност да се делегитимира власта. Тоа би било погубно за државата и ќе отвори можност Талат Џафери да биде на чело на државата. Но, она за што треба да се размислува е да се тргне цензусот во вториот круг на претседателските избори.
Според Силјановска, мора да се намали бројот на министерствата и на заменичките места бидејќи е срамота Македонија да има повеќе министерства од Швајцарија.
Формирање на експертски тим на домашни и на странски професори по меѓународно јавно право, за да го отвориме прашањето за Македонија пред меѓународните институции.
-Сигурна сум дека мојот глас во овие две години допре до луѓе кои можеби никогаш не гласале на избори, биле аполитични, неутрални или до луѓе кои биле членови на некоја партија која е на власт, но сфатија дека има нешто посилно од партијата и од привилигиите дека тоа е Македонија. Ова е вистинскиот момент да се делигитимира власта која создаде хибриден режим во кој Македонија стана скандалозна земја – додаде професорката, која вели дека не верува дека секоја цел може да оправда секое средство. Само македонскиот народ заради Македонија може да биде највисоката цел.
17-02-2019, 02:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Христијан Мицкоски, на конвенцијата во Струга

-Власта која е со изгубена поддршка од народот пристапува кон стратегија за поттикнување и храбрење на бојкот на изборите како и на поделба на десното гласачко тело. Плодната почва за тоа ја наоѓа во спонзорираните поединци кои се на услуга на власта, а кои треба да делуваат како истурена постава за разјадување на десното ткиво. Свесен сум дека има и поединци кои разочарани од вкупниот амбиент и катастрофалната и неуспешна политика на владата автентично повикуваат на бојкот на изборите, но треба да знаат дека тие, како и оние платени подбуцнувачи и слуги на Зоран Заев и СДСМ кои повикуваат на бојкот, го деморализираат или шират дефетизам во рамките на десното гласачки ткиво дека тоа оди единствено на контото на власта на Заев, свесно или несвесно стануваат ништо повеќе од слуги на Зоран Заев и СДСМ и одработуваат во функција на задржување на оваа недемократска и неспособна влада, порача Мицкоски.
17-02-2019, 03:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(17-02-2019, 03:10 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Христијан Мицкоски, на конвенцијата во Струга

-Власта која е со изгубена поддршка од народот пристапува кон стратегија за поттикнување и храбрење на бојкот на изборите како и на поделба на десното гласачко тело. Плодната почва за тоа ја наоѓа во спонзорираните поединци кои се на услуга на власта, а кои треба да делуваат како истурена постава за разјадување на десното ткиво. Свесен сум дека има и поединци кои разочарани од вкупниот амбиент и катастрофалната и неуспешна политика на владата автентично повикуваат на бојкот на изборите, но треба да знаат дека тие, како и оние платени подбуцнувачи и слуги на Зоран Заев и СДСМ кои повикуваат на бојкот, го деморализираат или шират дефетизам во рамките на десното гласачки ткиво дека тоа оди единствено на контото на власта на Заев, свесно или несвесно стануваат ништо повеќе од слуги на Зоран Заев и СДСМ и одработуваат во функција на задржување на оваа недемократска и неспособна влада, порача Мицкоски.


[Image: 52381273_2220941517927181_40550714209405...e=5CEC3E11]
17-02-2019, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Тања Каракамишева
5 hrs ·
Заев има одврзани раце од најважниот фактор во меѓународната заедница да прави со државата што сака, така?
Овој факт сите го имаме заклучено веќе неколку пати. Сите гледаме како СЕ му проаѓа. Не ферма ниту Устав, ниту закон и никој за ништо му нема преречено, ниту му се има спротивставено.
Е сега, во една ваква констелација на односи кога се има крајно нерамноправна битка на терен по сите основи ја прашувам отворено опозицијата која ги тера граѓаните да излезат на избори, КОЈ ЌЕ ГО СПРЕЧИ ЗАЕВ да си полни кутии на претседателските избори уште рано сабајле па се до 19 часот?
КОЈ? Вашите набљудувачи? Вашите членови во изборните органи? Дерковски? Кој?
Да не се залажувате, Заев нема да ја направи истата грешка како со референдумот да полни кутии од 17ч па натаму. Сега ќе си почне уште од 7 часот сабајле и ќе си тера до 19ч. Никој ниту ќе види ниту ќе примети. СТРАНЦИТЕ ЌЕ СИ ТЕРААТ БИЗНИСОТ!
И кој ќе изгуби? ПАК НАРОДОТ!
18-02-2019, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:САМО СО ОТВОРЕНА БОРБА СЕ РУШИ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ


[Image: da89514e409822180ac867ab6712269d_L.jpg]

Јордан Петровски 17.01.2019
Quote:Кога на Александар Македонски му предложиле неговите советници ноќе да ја нападне војската на персискиот цар Дарие, тој одговорил: „Јас не крадам победа“. Некои оваа го сметале за лесноумност на Александар, но Александар имал правилна проценка. Така силен непријател, како што е Дарие, нема да капитулира заради материјални загуби и загуби во луѓе.
Дарие поседувал огромни ресурси па секоја загуба лесно би ја надоместил.
Тој единствено било можно да се победи само со кршењето на неговиот борбен дух а тоа можело да се постигне ЕДИНСТВЕНО СО ОТВОРЕНА БОРБА.


Да се обидам оваа да го преведам на денешната ситуација во Македонија.
Дарие е Заев, односно УДБа .
Александар се Македонците кои сакаат да го урнат тоталитарниот комунистички систем.

И да победи кандидатот на опозицијата на председателските избори, без разлика дали тоа ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ или некој за кого ќе соберат 10 илјади потписи, власта на Заев, односно УДБа, нема да и се заниша ни за милиметар. Тоа го видовме од предвремените избори во декември 2016 па навака!! Именувањето на Таљат, носењето на законот за албански јазик, преговорите за името и Преспанскиот договор, референдумот, уставните промени.
Што ако Председтелот Иванов не ги потпиша? Тие сите влегоа во сила!
Значи што ако Заев ги изгуби тие битки кога Заев –УДБа секоја „загуба“ ја потполнуваа со кршење на уставот и законите! Значи без отворена борба, а тоа е парализа на системот која единствено е можна со БОЈКОТ на председателските избори, повлекување на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од Собранието, повлекување на сите градоначалници и советници од општиснките совети, нема да има суштински промени. Само така маже да се издејствува мирно, односно демократско рушење на системот кој сега е олицетворен во Заев.
пс. ако Мицкоски влезе во предсеателската изборната трка која и на врапците им е јасно дека ќе ја загуби ке стане јасно дека и тој е дел од војската на Дарие, односно УДБа!!
Нешто што сум напишал на 28.04.2014 година, кога се водеше битката против тоталитаризмот на Груевски:


Quote:ппс.  Битно прашање е кој, која политичка партија може да води со Груевски отворена борба со која ке му го скрши борбениот дух.

По мое длабоко убедување таква партија ниту пак движење во Македонија во моментов не постои. 

СДСМ не може заради тоа што тие не дозволија да заживее демократијата. Тие не дозволија да се раскине со комунистичкиот менталитет.

Затоа првин тие мора да го признаат јавно тој грев па потоа да ги осудат своите членови кои биле носители на попречувањето на заживување на демократските процеси во Македонија!

Луѓе кои се директни виновници за продолжување на комунистичката пракса на владеење, владеење со непочитување на Уставот и институциите на државата. Луѓе кои се виновни за несанкционирање на криминал, ангажирање на криминалци во структнурите на тајната полиција НЕМОЖЕ да го обвинуваат денеска Груевски за непочитување на Уставот, нефункционирање на институциите на државата за криминал И СО ТОА да му го ослабат борбенииот дух.
Ако граѓаните на Македонија сакаат да ја добијат битката против Груевски мора да ја ги препознаат вистинските ДЕМОКРАТИ, луѓе кои подеднакво го осудуваат НАЦИОНАЛ СОЦИЈАЛИЗМОТ И КОМУНИЗМОТ и да застанат зад нив.



После скоро 5 години се наоѓаме во иста ситуација само што сега битката се води против Заев, човекот кој ветуваше дека ке донесе демократија, еднаквост пред законот 
 
18-02-2019, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Во 2016 год., 20.629 гласачи се пријавиле за гласање во 41 дипломатско претставништво.

Во 2019 год. бројот е 668 гласачи!

[Image: 53588161_2236669246416966_83065008997489...e=5D249FC6]
10-03-2019, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

[Image: image.png]
10-03-2019, 11:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Заев и Мицкоски се сопнаа на Катица Јанева

[Image: EC21164B-4D4C-4628-AB9B-C9D4C0C804CD_w1023_r1_s.jpg]

11.03.2019
Заев смета дека треба да остане истиот тим на СЈО, додека Мицкоски е за продолжување на работа на ова обвинителство, но без Јанева и тимот. Заев ветува кристално чисти избори, Мицкоски вели дека засега нема гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но затоа била и оваа средба.
Тимот на СЈО треба да остане, изјави премиерот Зоран Заев по средбата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев очекува законот да биде донесен консензуално и како што вели, и покрај тоа што не сака да робува на рокови, сепак законот за јавно обвинителство треба да се донесе до крајот на март, оти потоа Собранието нема да работи поради претседателските избори.
Заев рече дека поддржува продолжување на работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим и оти со новиот закон нејзиниот мандат ќе биде продолжен само за половина година, а потоа ќе има конкурс за избор на нов специјален обвинител. Тој рече дека верува и го поддржува СЈО, зашто тоа било искрата за враќање на надежта во правната држава.
Во однос на тоа што реформските закони се услов Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, Заев рече дека земјата е исправена пред сериозни историски одлуки и оти секој треба да ја носи својата одговорност.
„Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство, се надевам дека тоа ќе биде со консензус, но законот се носи со двотретинско мнозинство. Моја искрена желба е тоа да се случи со консензус. Ако не, ќе сторам сè да обезбедиме двотретинско мнозинство и за Законот за јавно обвинителство и за секој од реформските закони во рамките на можностите. Може ќе успееме, може нема да успееме, но нема повредна работа во моментов, покрај квалитетот на животот на граѓаните, паралелно да ги отвориме поглавјата со ЕУ“, рече Заев.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, поддржува продолжување на работата на СЈО, но не ја поддржува специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. Од утре ќе се формираат работни групи кои ќе работат на „супстанцата“ на Предлог-законот за јавното обвинителство, но и на другите реформски закони, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средба со Заев. Повеќе од два ипол часа траеше средба меѓу нив во Владата. По средбата, Мицкоски изјави дека разговорот може да го подели на два дела, едниот се однесувал на обезбедување услови за фер избори, а вториот на реформските закони, неопходни земјата да добие датум за преговори со ЕУ.
Мицкоски вели дека предлог текстот на законот за јавно обвинителство го добиле во четвртокот и немало многу време да се посветат на него, но дека принципиелно се за разговори за ова прашање, па токму затоа работни групи од утре ќе почнат подетално да го разгледуваат.
„Но овој специјален јавен обвинител со тимот не смее да ја добие довербата, оти не ја оправдаа и ја злоупотребија, не треба да ја добие довербата. Ние сме за преговори на партиско ниво за содржината на законот, се договоривме од утре да се формираат групи и да дискутираат“, рече Мицкоски.
Според него СЈО треба да има и проширени надлежности за да може да истражува и случаи на приватизации од транзицијата, кои, како што рече, 27 години ја фрустираат јавноста.
Тој вели дека го изнел предлогот јавен обвинител да се бира на предлог на опозицијата и дека за ова прашање може да се направи компромис, односно да почекаат неколку месеци.

Заев, пак, рече дека ваква опозиција, „којашто не носела свои ставови за својата земја, а требала да оформи ставови“, не може да биде предлагач на јавниот обвинител. Тој додаде дека тоа било нивно изборни ветување и оти се надева дека ќе има „достоинствена и конструктивна“ опозиција за да биде овластен предлагач на јавниот обвинител

Што се однесува пак до разговорите за претстојните претседателски избори, Мицкоски вели дека ги изнел сите забелешки и стравувања за изборниот процес. Тој вели дека засега нема гаранција дека процесот ќе биде фер и демократски, но затоа била и оваа средба.
„Ги изнесовме нашите забелешки дека чувствуваме дека има вештачки вработувања во локалната и државната управа, дека сето тоа не води кон релаксирање на состојбата пред претседателските избори, има трансфери од буџетот коишто се наменски, имаат цел да таргетираат одредени целни групи коишто ќе бидат во функција на кандидатот поддржан од страна на владата, имаме промотивни активности коишто навистина не се исто така во функција на релаксирање на состојбата. Укажавме на оние случувања од референдумот за гласање за 2,4 секунди, излезност од 95 проценти“, рече Мицкоски.
И Мицкоски и Заев тврдат дека тие се фаворите на претстојните избори. Заев вели дека доколку опозицијата бара ќе се обезбедат и дополнителен број на набљудувачи, оти сака изборите да бидат кристално чисти.
Договорено е оперативна комуникација меѓу изборните штабови на кандидатите за претседател на владејачката коалиција и на ВМРО-ДПМНЕ. А Мицкоски се надева дека ќе им се придружи и штабот на Блерим Река.




Quote:Заев – Ваква опозиција не може да биде овластен предлагач на јавниот обвинител


[Image: DFFF9B66-F8FC-487A-A402-56DF1C745124_w1023_r1_s.jpg]

11.03.2019
Премиерот Зоран Заев, по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не го прифатиле барањето за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, затоа што „ваква опозиција“ не може да биде овластен предлагач.

„Ваква опозиција, којашто не носела свои ставови за својата земја, а требала да оформи ставови, со ваков однос каков што е, апсолутно ние не прифаќаме да биде предлагач на јавниот обвинител во Република Северна Македонија“, рече Заев.

Тој додаде дека тоа било нивно изборни ветување и оти се надева дека ќе има „достоинствена и конструктивна“ опозиција за да биде овластен предлагач на јавниот обвинител.



Зар после ваква изјава Мицкоски сеуште нема да повика на БОЈКОТ на Председателските избори на оставки на пратениците во Републичкото  Собранието, на оставки на советниците, градоначалниците.
11-03-2019, 01:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Оливер Дерковски: Ако и во првиот круг нема 40% излезеност, тогаш ќе има нови избори



[Image: derkovski.jpg]

13.01.2019

ПРЕС24: Излезноста е критериум за избор на Претседател во вториот круг, но хипотетички ако во првиот круг излезеноста е под уставните 40%, дали тоа може да го стави под знак прашални легитимитетот на целиот изборен процес и што во една таква ситуација?

ДЕРКОСКИ:  Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена.
14-03-2019, 12:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



14-03-2019, 03:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите


[Image: Han-Mogerini-Zaev.jpg]



19.03.2019
Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти, јави дописничката на МИА од Брисел по петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) со кој претседаваше премиерот Зоран Заев денеска во Брисел.
-Целта на Европската комисија е Северна Македонија да добие зелено светло од земјите членки на ЕУ во јуни за старт на преговори, но за тоа ќе биде важно земјата да го задржи реформското темпо, истакна еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес конференцијата по завршување советот.
-Морам уште еднаш да им се обратам на сите во земјата, ова може да се случи само ако е меѓупартиска, национална цел и ова го вклучува учеството во изборите, било кои избори, изборите идниот месец, учество на сите страни, секоја страна треба да покаже демократска зрелост, има многу прилики за политички битки и преговори, но кога станува збор за оваа национална цел, мислам дека постои обврска, одговорност за сите страни да придонесат за тоа, а не да го стават ова во опасност во последен момент, изјави Хан.
Од ЕК не коментираат дали станува збор за предупредување до опозицијата за можен бојкот на вториот круг на претседателските избори, но и од Хан и од Могерини беше ставено јасно на знаење дека ЕУ од блиску ќе го набљудува изборниот процес во април и во мај. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, исто така побара целосно учество во процесите на демократските институции на земјата.
-Нашите земји членки сигурно ќе го разгледуваат ова како знак на стабилност и нормалност на демократијата, целосно се согласувам со тоа што го кажа комесарот Хан и ги повикувам сите да ги искористат демократските средства што им се на располагање во земјата, рече Могерини.
Иако постои голема желба од европска страна за почеток на преговорите, земјата сѐ уште треба да ги исполни во целост сите услови поставени минатата година: борба против корупцијата, правосудството, разузнавачките служби и реформата на јавната администрација. Сите овие пораки уште еднаш му биле пренесени на македонскиот премиер на денешниот состанок, вклучително и потребата да се одговори на “перцепцијата на јавноста“ во однос на наводите за непотизам во јавната администрација. Секако, ЕУ ќе инсистира на имплементација на реформите, што се смета за слаба точка во земјите во регионот.
Франција, пак, за сега е сѐ уште многу тврда во однос на отворањето преговори, иако високата претставничка одбива да покажува со прст кон индивидуални земји членки.
-Никогаш не споменувам една земја, тоа е одлука што ја носи Советот, рече Могерини.
Јасно е, меѓутоа, дека оваа година, доколку нема поголеми пропусти во реформите и за време на изборите, дека ќе биде многу потешко за една или неколку земји членки да ја блокираат одлуката за старт на преговори. Дипломатски извори во Брисел за МИА потенцираат и дека Холандија би можела да го омекне својот став, со што Франција би била поизолирана од лани. Белгија, која минатата година беше солидарна со Париз, исто така покажува знаци на омекнување и смета дека спроведувањето на Преспанскиот договор треба да биде награден, како што укажа шефот на белгиската дипломатија вчера во изјава за МИА. За разлика од минатата година, важно е и дека Преспанскиот договор е сега ратификуван и се спроведува.
Франција стравува пред сѐ за реакциите во домашната јавност, иако, како што потсетуваат дипломатски извори за МИА, повеќето француски граѓани веќе заборавија дека Црна Гора и Србија се во процес на преговори со ЕУ. Останува дека самата одлука во Советот не ЕУ ќе и даде аргументи на екстремната десница.
Могерини и Хан не одговорија ни дали е извесно дека одлуката за преговори ќе се носи во јуни. Иако мнозинство земји членки и Европската комисија притискаат да биде во јуни, не е исклучено одлагање до септември, посебно доколку германскиот Парламент нема време да ја одобри одлуката
19-03-2019, 10:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(19-03-2019, 10:23 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЕУ предупредува против потенцијален бојкот на изборите


[Image: Han-Mogerini-Zaev.jpg]



19.03.2019
Учеството во изборните процеси ќе биде од суштинска важност за проценката за старт на преговори во јуни, европските челници ги повикаа и власта и опозицијата на одговорност во пресрет на претседателските избори, што ќе мораат да бидат кристално чисти, јави дописничката на МИА од Брисел по петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација (ССА) со кој претседаваше премиерот Зоран Заев денеска во Брисел.
-Целта на Европската комисија е Северна Македонија да добие зелено светло од земјите членки на ЕУ во јуни за старт на преговори, но за тоа ќе биде важно земјата да го задржи реформското темпо, истакна еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на прес конференцијата по завршување советот.
-Морам уште еднаш да им се обратам на сите во земјата, ова може да се случи само ако е меѓупартиска, национална цел и ова го вклучува учеството во изборите, било кои избори, изборите идниот месец, учество на сите страни, секоја страна треба да покаже демократска зрелост, има многу прилики за политички битки и преговори, но кога станува збор за оваа национална цел, мислам дека постои обврска, одговорност за сите страни да придонесат за тоа, а не да го стават ова во опасност во последен момент, изјави Хан.
Од ЕК не коментираат дали станува збор за предупредување до опозицијата за можен бојкот на вториот круг на претседателските избори, но и од Хан и од Могерини беше ставено јасно на знаење дека ЕУ од блиску ќе го набљудува изборниот процес во април и во мај. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, исто така побара целосно учество во процесите на демократските институции на земјата.
-Нашите земји членки сигурно ќе го разгледуваат ова како знак на стабилност и нормалност на демократијата, целосно се согласувам со тоа што го кажа комесарот Хан и ги повикувам сите да ги искористат демократските средства што им се на располагање во земјата, рече Могерини.
Иако постои голема желба од европска страна за почеток на преговорите, земјата сѐ уште треба да ги исполни во целост сите услови поставени минатата година: борба против корупцијата, правосудството, разузнавачките служби и реформата на јавната администрација. Сите овие пораки уште еднаш му биле пренесени на македонскиот премиер на денешниот состанок, вклучително и потребата да се одговори на “перцепцијата на јавноста“ во однос на наводите за непотизам во јавната администрација. Секако, ЕУ ќе инсистира на имплементација на реформите, што се смета за слаба точка во земјите во регионот.
Франција, пак, за сега е сѐ уште многу тврда во однос на отворањето преговори, иако високата претставничка одбива да покажува со прст кон индивидуални земји членки.
-Никогаш не споменувам една земја, тоа е одлука што ја носи Советот, рече Могерини.
Јасно е, меѓутоа, дека оваа година, доколку нема поголеми пропусти во реформите и за време на изборите, дека ќе биде многу потешко за една или неколку земји членки да ја блокираат одлуката за старт на преговори. Дипломатски извори во Брисел за МИА потенцираат и дека Холандија би можела да го омекне својот став, со што Франција би била поизолирана од лани. Белгија, која минатата година беше солидарна со Париз, исто така покажува знаци на омекнување и смета дека спроведувањето на Преспанскиот договор треба да биде награден, како што укажа шефот на белгиската дипломатија вчера во изјава за МИА. За разлика од минатата година, важно е и дека Преспанскиот договор е сега ратификуван и се спроведува.
Франција стравува пред сѐ за реакциите во домашната јавност, иако, како што потсетуваат дипломатски извори за МИА, повеќето француски граѓани веќе заборавија дека Црна Гора и Србија се во процес на преговори со ЕУ. Останува дека самата одлука во Советот не ЕУ ќе и даде аргументи на екстремната десница.
Могерини и Хан не одговорија ни дали е извесно дека одлуката за преговори ќе се носи во јуни. Иако мнозинство земји членки и Европската комисија притискаат да биде во јуни, не е исклучено одлагање до септември, посебно доколку германскиот Парламент нема време да ја одобри одлуката





[Image: image.png]
20-03-2019, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Република Северна Македонија како црвена крпа кон која јуриша Македонскиот народ


Posted by Марјан Попески on 19 март, 2019 in Меѓународно право, Мисла, Човекови права | 0 Comments

Кога треба да се одлучи помеѓу народот, или државата, секогаш треба да се одлучиме за народот. Државата е институција во која што живее и се развива народот. Доколку државата престане да ги исполнува овие услови таа треба да се сруши.[1]

Особено Република Северна Македонија, која што претставува негација на Македонскиот народ.[2]
Македонскиот народ интуитивно е свесен дека е укинат, како секој човек што е свесен за сите филозофски вистини: а тие да се внесат во неговото апстрактно знаење, во рефлексијата, тоа е работа на филозоф, кој ниту треба, ниту може, нешто повеќе да направи.[3] 
 
Има Македонци кои се истакнуваат со тоа интуитивно сознание, но, само мојот докторат, фељтони и колумни за името, претставуваат приведување во свеста на Македонците на тие вистини. Преку моето дело, тие се внесуваат во апстрактното знаење. Во размислувањето на Македонците.
Без оваа моја филозофска способност, Македонскиот народ личи на бик во арена, на кој што предавниците и Западот му ја покажуваат Република Северна Македонија, на која што Македонскиот народ јуриша како бик на црвена марама.
Да, но предавниците и Западот покрај црвената марама имаат и меч и нож, како секој тореадор. Бикот е веќе смртно ранет, а тореадорот дополнително го мрцвари на задоволство на западната публика.
Зошто оваа метафора?
Затоа што само со бојкотирање на претседателските избори, на смртно ранетиот Македонски народ  ќе му се зададе само уште еден убод од тореадорот. Дополнително мрцварење. Потоа тореадорот ќе му спроведе локални избори во две три општини на Република Северна Македонија. Бикот пак ќе нападне со бојкотирање, меѓутоа сега веќе пред смрт, поради бројните убоди на тореадорот. Потоа тореадорот ќе му спроведе парламентарни избори во Република Северна Македонија. Бикот повторно ќе бојкотира, сега со последните сили и тореадорот ќе го убие. Постојаното бојкотирање на Република Северна Македонија е постојано залетување на бикот кон црвената марама.
Ерго, шансите Македонскиот народ да победи само со бојкотирање, се колку и шансите на бикот да го победи тореадорот кој има црвена марама, меч, нож и ум.
Што треба да се направи за да се спаси Македонскиот народ?
Прво, треба да се бојкотираат претседателските избори за тие да бидат неуспешни.
За оваа работа да биде успешна, треба да се координираат неколку личности кои имаат силна македонска волја за спас на Македонскиот народ. На ум ги имам д-р Горазд Росоклија, Љупчо Палевски, Миленко Неделкоски[4]со класната[5], д-р Солза Грчева, Александар Пандов, Јордан Петровски, Виолета Македонска Тировска.
Второ, горенаведените веднаш по неуспешните претседателски избори да формираат политичка партија под името Партија на Македонскиот народ.
Зошто?
За да се отстранат двете заблуди на Македонскиот народ; ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Бидејќи душата не може да има корист од вистината, се додека не се отстранат двете заблуди (Платон). 
Трето, да се употреби моето правно средство што го предложив во колумна пред десетина години. Знаев дека ќе има предавство од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ па предвидов правно средство што поединци Македонци можат да го поднесат против Македонија.
Правното средство се поднесува до Одборот за човекови права на ОН, заради заштита на правото на самоопределување предвидено во член 1 од Пактот за граѓански и други политички права. Одборот е орган на ОН за спроведување на Пактот за граѓански и други политички права, формиран со Протоколот. Во него членуваат 18 врвни правници од целиот свет, кои го претставуваат своето знаење, а не земјите од кои доаѓаат. Одлуката нема задолжително дејство, но државите ги почитуваат одлуките на Одборот за човекови права.
Материјал за правното средство има во моите фељтони од 2017 и 2018 година. Бидејќи “Нова Македонија” избриша се’што имам напишано, наскоро ќе излезе книга што сам ја финансирав.
За да се состави ова правно средство против Република Северна Македонија за кршење на правото на самоопределување, потребна е стручна екипа од десет Македонци, со највисоко научно звање, не помлади од педесет години. Шест правници од кои што тројца ќе знаат одлично да пишуваат англиски, двајца филозофи и двајца историчари.
Правното средство против Република Северна Македонија треба да се подготви веднаш по пропаднатите претседателски избори. За трошоците и награда на оваа група научници би биле потребни шеесет до сто илјади евра. Средствата да се соберат со донации од едно, до најмногу сто евра. Оваа работа треба да ја заврши дијаспората, бидејќи Република Северна Македонија ќе врши притисоци врз Македонскиот народ. Дијаспората да го преведе мојот докторат од словенечки на одличен англиски и да го шири на Запад. Како аргумент дека меѓународното право е на наша страна. Преводот мора да го направи правник со одлично познавање на англискиот, а мајчин да му е словенечкиот.
Четврто, Партијата на Македонскиот народ да стапи во контакт со пријателска земја, која што ќе ја тужи Грција пред Меѓународниот суд на правдата, заради кршење на правото на самоопределување со Времената и Преспанскиот.
Имено, во докторатот докажувам дека правото на самоопределување е норма ius cogensи има дејство erga omnes. Во докторатот докажувам дека за правото на самоопределување постои actio popularis, што значи било која членка на ОН може да ја тужи Грција за ништовност на Времената и Преспанскиот.
Петто, Партијата на Македонскиот народ да учествува на идните парламентарните избори што ќе ги организира Република Северна Македонија, со основна цел освојување на власта во Република Северна Македонија. Со поднесувањето на правното средство до Одборот за човекови права против Република Северна Македонија, Партијата на Македонскиот народ ја спречила легализацијата на Република Северна Македонија. Со победа на парламентарните избори ќе бидат отстранети двете заблуди, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Шесто, Партијата на Македонскиот народ по освојувањето на власта, веднаш ќе го промени Уставот и ќе го врати името Република Македонија. Истовремено ќе поднесе тужба против Грција за ништовност на Времената и Преспанската (плод на затруено дрво), со употреба на моето правно средство од докторатот, кое условно е наречено ius cogens. Доколку претходно некоја пријателска земја вложила actio popularis против Грција врз основа на моето правно средство, Република Македонија[6]ќе се придружи кон тужбата.
Лојалните малцинства во Република Македонија, со новиот устав на Република Македонија ќе ги добијат сите права од член 27 од Пактот за граѓански и други политички права.
Седмо, Република Македонија ќе ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Доколку тужбата (или претходно actio popularis), биде успешна, си остануваме Република Македонија. Бидејќи правото на самоопределување има дејство erga omnes (пресудата на Меѓународниот суд на правдата Источен Тимор од 1995) меѓународниот проблем со името е решен. И Грција ќе мора да не нарекува Република Македонија.
Седмо, доколку некоја членка од Советот за безбедност со право на вето се повикува на резолуциите, или стави вето, Република Македонија ќе го употреби моето правно средство од докторатот и ќе го тужи Советот за безбедност пред Меѓународниот суд на правдата, барајќи ништовност на резолуциите за Македонија и евентуалното вето, врз основа на правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens. И ова правно средство е дел од докторатот и е потврдено од врвот на словенечката наука.
 
Сево ова што го предлагам е одобрено од ЕУ, односно во докторатот одбранет во Љубљана, пред врвот на словенечката наука.
Од лани, 27. септември, правото на самоопредлување и моето правно средство го побара во ООН и Претседателот д-р Ѓорге Иванов, откако официјално ме повика и го советував писмено и усно. Воопшто повеќе не ја споменува пресудата[7]  и д-р Дескоски, ниту пак д-р Јанев. Претседателот д-р Иванов ова не го има кажано јавно, но мене ми состави писмена исправа од која се гледа дека ова што го зборувам е вистина. Тоа е релативно чесно, но почесно е јавно да каже дека јас го советував за правото на самоопределување и правното средство за правото на самоопределување.
И д-р Груески од пред еден месец зборува за правото на самоопредлување како нова парадигма, но интелектуално нечесно, мене не ме спомнува.
И д-р Гордана Силјаноска, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, зборува за правото на самоопределување и мојот [8]ius cogens, а интелектуално нечесно, не го споменува моето име. До пред три месеци го заговараше решението на д-р Игор Јанев и беше на врвот од тие 200 што се потпишаа за примена на решението на д-р Игор Јанев, а сега наеднаш се просветли и тврди дека правото на самоопредлување е решение за проблемот.
Ерго.
Се’е тука и како што треба.
Ајде цивилизирано да докажеме дека сме вредни да го носиме името.
Дека сме потомци на Александар Македонски. Најголемиот човек на сите времиња, ученик на најголемиот ум, Гркот Аристотел.
 



Bravo Bravo
20-03-2019, 09:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



21-03-2019, 02:09 PM
Reply