Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАТОТ ДО ЕКОНОМСКА БЛАГОСОСТОЈБА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:После 28 години неуспех, време е Владата да се повлече од економијата

[Image: ako-sakaat-siromashtija-ete-im-siromasht...00x420.jpg]



Ситуацијата во која живееме е последица на празноверието дека Владата може да создаде просперитет, повисок животен стадард, дека е должна и способна да ни најде работа, да ни го обезебеди бесплатно се она што ќе го прогласиме за „основна потреба“. Секој проблем кој денес го живеете, секој апсурд пред кој се крстите или смеете, сите нелогични случувања, изјави, настани во кои се вплеткани нашите политичари од власта… се всушност последица на нашите/ овдешните празноверија за кои зборувам.

28 години јавни тролови и илјадници политички обиди за државното здравство да профункционра во систем кој се грижи за сите нас подеднакво, се паднати во вода. Потрошени се милијарди долари/евра, а резултатот го нема ни на видик…ниту пак некогаш ќе го има. Одприлика истото го имате и со образованието, индустријата, патната и железничката инфраструктура, пензиите, животната околина, безбедноста…
Она што го бараме од државата денес, го работи рекордна јавна администрација, додека проблемите не биле никогаш полоши. Колку повеќе државата одзема од нас, толку ни се поголеми даноците, толку ни е поскап животот, послабо работат фирмите, ослабува целото стопанство…и на секој први во месецот делиме се помал и помал колач.
Уште колку ли ќе ни треба да сватиме дека државата/владата ПРОПАДНА, НЕ УСПЕА да создаде повисок животен стандард, поквалитетен живот, дека неможе да понуди поквалитетни услуги…односно дека се што дојде во рацете на државата е уништено од корупција, непотизам, неспособност… се што државата почна да „поправа“ остана засекогаш нефункционално?
Но дека во државава не е се така црно, дека има одредени сериозни поместувања нанапред, дека има просперитет од кој сите ние имаме бенефит…доказ е прватниот сектор. И тоа оној приватен сектор кој не е зависен од наместени тендери или монопол. Напредокот на телекомуникациите, на пример, НЕ е дело на ниедна Влада.
Драстичниот пад на цените, и рапидниот пораст на квалитетот во телекомуникациите, колку сака нека е увезен…го нема направено ниеден министер, ниеден директор, никаков државен службеник.. Доколку некоја Влада направила нешто добро на тоа поле, е што создала барем малку од малку либерализиран пазар, на кој приватните понудувачи се обидуваат да не добијат со се пониски цени, и се подобар квалитет. Она што добро го направиле Владите во телекомуникациите, е што ги тргнале рацете од таквиот бизнис…колку толку.
Но за жал, и во телекомуникациите не е се така розово. Одкако е воведен АЕК, одкако државата делумно се вмеша во таквиот бизнис, цените паѓаат со послаб интензитет, односно квалитетот расте со послаб интенитет.
Заклучокот е дека: Колку Владата помалку ја има во економијата, толку е растот побрз, толку се луѓето позадоволни.
Доказ за тоа ви се и информатичарите кои работат за странски компании од дома, кои државата неможе да ги дофати и регистрира, па пробува да ги улови нивните девизни приливи. Тоа е еден од бизнисите со најбрз рат во Македонија, и доколку по некоја случајност Владата успее да ги дофати…ќе ги уништи комплетно…исто како и здравството, образованието, итн.
Затоа драги мои, на следните избори не ги прашувајте политичарите што ќе направат за вас, туку барајте да се тргнат од економијата…онака како се отсутни барем во телекомуникациите и информатичките услуги, на ист начин да се тргнат и од индустријата, енергетиката, земјодлието, угостителството, туризмот, образованието, здравството…. ОД СЕ!
Сите овие сектори да бидат претворени во бизнис, во кој инвеститорите ќе ве бркаат вас со континуирано намалување на цените, а зголемување на квалитетот. Сите инвеститори, доколку сакаат проширување на сопствените бизниси и поголема добивка, ќе мора да вработуваат кадри со соодветен квалитет, а не по линија на непотизам или партија. Оној кој нема да го следи ваквото правило на Слободен Пазар, ќе биде осуден на пропаст.
Државата треба да ги укине сите дозволи, одобренија, лиценци, потврди за влез и инвестирање во било кој бизнис сектор. Да се укине Комисијата За Хартии од вредност, односно македонската берза да работи БЕЗ НИКАКВИ ограничувања, како во поглед на цените, така и во поглед на примарниот пазар на капитал (новообјавените акции со кои се започнуваат нови бизниси). Да се укинат сите владини/државни институции кои на био каков начин го регулираат економскиот живот.
Да се укинат сите даноци освен данокот на добивка за правните лица. Се една реченица, СЛОБОДНА ЕКОНОМИЈА без никакви ограничувања.
Само така може стопанството да расте, да создаде поголема побарувачка за работна сила…додека побарувачката за работна сила ја подига цената на трудот и животниот стадард.
Затоа на наредните избори, немојте на политичарите да им излегувте со наивни барања за решавање на вашите проблеми…барајте СЛОБОДНА ЕКОНОМИЈА, слободен пазар, барајте КАПИТАЛИЗАМ (кажано со еден збор) за решавањето на вашите проблеми да биде видливо, да станува се поевтино, а вашите шанси за вработување поголеми.
Доколку не верувате во СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА…тогаш со среќа нека ви се наредните 28 години разочарувања како и до сега.









BREITBART.MK
09-02-2019, 02:37 AM
Reply