Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ГАЗДАТА ВО СЕВЕРНА МАЌЕДОЊА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Скандалозна распределба на пари – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал

[Image: konkur-1080x675.jpg]

08.02.2019
Хаос во годишната програма на Министерството за култура која беше објавена денеска. Укинати се бројни музички манифестации, анонимни лица и фирми ќе добијат огромни средства од буџетот за култура на сметка на видни манифестации, како на пример „Таксират“, каде што буџетот е видно намален.
Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ биле отфрлени на конкурсот, што значи дека под знак прашалник се доведува нивното одржување. Отфрлени биле и сите предложени проекти на „Авалон продукција“. И сето ова е само во делот на музичко-сценската дејност, за што реагираат бројни и долгогодишни музичари и организатори на културни манифестации.
„За жал, она што се очекуваше со годинешниве резултати се случи! А се случува една голема попара таму и сето тоа како резултат на политичкиот пазар и ‘примопредавање’ на културната штафета на друг партиски субјект. Резултатите се некомплетни и повторно се отвораат прашања од типот ‘по кои критериуми се вреднувани проектите и учесниците’“, вели за „Макфакс“ музичарот Петар Младеновски, фронтмен на „Суперхикс“.
Тој вели дека на листите има тотални анонимуси „наградени“ со десетици илјади евра за нивните проекти, додека докажани манифестации, кои се одржувале со декади, се тотално исфрлени.
„Да не зборуваме дека она ‘култура за сите’ на терен не дава резултати. Еве конкретно од областа на рокенролот (па и останати урбани музички уметности) јас речиси и не гледам проекти. Тешко нам ако сакаме со вакви резултати да станеме културна престолнина. Селективна култура“, вели тој.
Колку за пример, најмногу пари годинава во овој сегмент има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, вкупно 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“. Наспроти ова, скопскиот „Таксират“ добил само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони. Исто толкава сума колку и „Таксират“ добило здружението „Елизиум“ со концерт со млади во Тетово.


[Image: Untitled-1.jpg]


За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари.
За концерти на Влатко Стефановски и Мирослав, 21 година од издавање на албумот „Крушево“, одобрени се само 250 илјади денари, иако биле побарани над 2 милиони денари.
Етно-групата „Синтезис“ биле одбиени за финансиска поддршка да настапуваат во Австралија, а одбиени биле и пари за одржување на Скопје џез-фестивал и познатиот „Оффест“.
Директорот на Скопје џез-фестивалот, Оливер Белопета, за „Макфакс“ изјави дека е во шок по објавата на Министерството за култура.
„Се шокирав ноќва. Тоа што неофицијално го дознавме како образложение за џез-фестивалот, кој е фестивал од највисок ранг во државава, апсолутно не држи. Се работи за некои лични интереси на еден човек во Комисијата за музичко-сценска дејност. Ние за почеток ќе се жалиме и ќе побараме изземање на комисијата. Место да се занимаваме со подготовка на програмата на фестивалите, ние сме принудени да правиме преписки за дилетантизмот во министерството“, изјави Белопета и  најави дека детално ќе разгледаат програмата и ќе излезат со официјален став.
Со реакција за скандалозниот конкурс се јави и сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошески.
„Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид. Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери. Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи. За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа на Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн“, изјави Милошески.
Бројни се реакциите на социјалните мрежи и за останатите дејности, како за драмската и издавачката дејност, каде што пари од буџетот за култура се доделувани на анонимни лица, и тоа во повеќе наврати.
„Поголемиот дел од проектите од организации кои со години пливаат низ ова трусно подрачје се одбиени или добиваат минимална поддршка. Ова е сериозен удар врз културата бидејќи проектите не добиваат речиси никаква поддршка“, вели преведувачот и новинар Ненад Георгиевски.
Учесниците на годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година имаат право на жалба, која не го одлага извршувањето.

Мери Јордановска и Маја Пачемска-Илиевска
08-02-2019, 05:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Wrote:Zoja Buzalkovska
2 hrs ·



[Image: maxresdefault-960x527.jpg]

МНОГУ ЛИЧНО
(По повод резултатите од Конкурсот за годишната програма за проекти од национален интерес во културата)

Да си скромен (а тоа поинаку се нарекува и – „да си будала“) и да пријавиш само една претстава за 2019 година, во Прилеп, затоа што минатата година си работел претстава во Драмски во Скопје (само една) и затоа што треба и други, нели, да работат и да не ти се одобри и таа една претстава, е тоа е навистина скандалозно! Јас, ете, не ја разбирам оваа одлука, чија и да е и од кои и да е причини и БАРАМ ДА МИ СЕ ОБЈАСНИ!
Веќе подолго време сакам да му се обратам на Премиерот, но си велам, ајде да помине гласањево во Парламентот, ајде да помине НАТО, ајде да помине... Ама помина животот, а ова денес ја прелеа чашата, па затоа, еве, и да го испратам ова што веќе некое време го имам во компјутер.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО Г-ДИН ЗАЕВ, ПРЕМИЕР НА РМ Zoran Zaev

Почитуван премиере, г-дине Заев,
Кога во септември 2016 година ме поканивте како експерт од културата на трибина со тема: “Кои треба да бидат итните реформи кои новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?”, претпоставувајќи или надевајќи се дека токму Вие ќе ја предводите новата влада, зборував во 5 точки. Таму меѓу другото реков:
„Потребна е итна ревизија на Законот за култура, во насока на ослободување на институциите во културата од политичко влијание, како и донесување одлуки за уметнички прашања. Да се спроведе децентрализација како системско решение.
Министерот не смее да избира и да поставува директори на институциите од културата, особено што тоа во изминативе скоро две децении се прави по партиски клуч.
Културата мора да ѝ се врати на самата фела. Менаџерското и уметничко раководство, како и креирањето на политиката на куќата со која тие раководат, мора да бидат во рацете на самите професионалци, на самите вработени“.
Но НАЈВАЖНОТО што на таа трибина го реков, беше:
„Најсуштинското прашање за мене е, дали оној кој ќе практикува власт во Република Македонија во наредниот период, ќе ја разбере улогата на уметноста? Дали ќе разбере дека ова што се случува во моментов во државата, ова што ѝ се случува во повеќедецениски период и особено во последните десет години е директно врзано со едни тенденции за маргинализација на културата и уметноста во однос на економијата во раните фази на развој на државава и злоупотреба на културата и уметноста во подоцнежната фаза која трае до денес? Културната матрица во која се формираат личности во изминатиов период е застрашувачка и сосема погрешна, оди до размери на губење на идентитетот и се привикнува на стиропор, лавчиња и невкус. Каде е местото на културата во образованието? Каде е местото на културата во медиумите? ... Сакаме јасна порака дека некој во оваа држава разбира колку е важно децата да влезат во театар - вистински театар од најмала возраст и тоа да не е полчасовно правење муабет со нив од сцената, туку вистинска претстава, која ќе ги маѓепса и ќе ги натера тука веднаш да се вљубат во театарот; сакаме јасна порака дека разбирате колку е важно децата да влезат на изложба (еве во моментов можам да се сетам само на една во Скопје по осамостојувањето, која ме потсетила на Париз - онаа на Личеноски во МСУ), после која ќе посакаат повторно да дојдат, а да не бидат присилени на тоа... и да не набројувам во сите области...
Сѐ додека не разбереме дека културата не смее да биде ставена под ТОЧКА - РАЗНО, ќе имаме вакво гласачко тело и ќе мора да ги живееме своите животи на улица, а не онаму каде што ни е местото и каде што сме попродуктивни“.
И како постапивте Вие, г-дине Заев, откако „се консултиравте“, меѓу другите, и со мене? Вие г-дине Заев, не ја ставивте културата ПОД ТОЧКА РАЗНО, вие ЈА ЖРТВУВАВТЕ! Секогаш кога Ви е потребен „пазар“ за одлуки и гласови, прво посегнувате по КУЛТУРАТА и по ОБРАЗОВАНИЕТО! Тоа само говори за тоа, колку Вие и не го разбирате нивното огромно, суштествено значење за една држава, и посебно за нашава, која претендира да биде дел од едно пошироко европско семејство (бидејќи, сфаќам, тоа Ви е во моментов најважно). Многу е важно да разберете дека над тие два министерски ресора треба деноноќно да бдеете и да стравувате за секоја погрешна одлука или невнимателно направен чекор, уште од изборот на министрите, па сè до нивните вакви или онакви одлуки и потези! Резултатите од погрешните политики ги трпат сите граѓани, а јас, пак, имам среќа/несреќа да бидам дел и од двете засегнати области и да поднесувам небулози секаде каде што се обидувам и самата да придонесам во насока на конструктивни промени!!!
За крај, погледнете ја, г-дине Заев, вака попладневно, по дома, на раат, Годишната програма на проекти од културата од национален интерес за Театарска дејност (можете да ги отворите и другите дејности, исто е) - како да немате ништо со неа, како Вас да не ве засега. Не е тешко да забележите, и со букви, и со бројки, за каков национализам и проценување пред сè по критериум „етничка припадност“, а не по квалитет на предложеното, се работи. Кога ова ќе ви го каже некој што веќе повеќе од 15 години се бори на страната на човековите права и разрешувањето меѓуетнички конфликти, а учествува и во програмите на школите за толеранција, тогаш значи дека ептен сте ја закашкале работава! А на од Вас избраниот Министер за култура имам само да му порачам – немам намера да Ви пишувам посебен допис – ДАВАМ ОСТАВКА во Советот за култура, Ваше советодавно тело, кое практично и не постои, бидејќи Вам не Ви требаат совети, Вие сè си знаете и самиот.
Премиере, имав голема до/верба во Вас. Но, вашата политика е неконсеквентна. Денес нешто одлично, утре нешто катастрофално. Изградете систем! Вака, сè зависи од некаков етно-базиран компромис или меѓупартиски договор, а не од стручност и компетенција. Сè додека не покажете дека Вие ја водите Владата и дека Вие сте одговорен за секој министер и за неговите постапки, зашто изборот е Ваш, позитивните резултати ќе бидат инцидент, а не систем, ќе бидат пријатно изненадување, а не секојдневие на добро работење. Вие од мене побаравте поддршка и мислење. Јас од Вас сега барам јасни, конкретни, бескомпромисни постапки, од кои ќе ми стане видливо дека сте ме разбрале! Такви постапки засега правите само на едно поле, само по едно прашање, за што Ви се восхитувам, но за тоа да биде така, жрвувавте многу, а има опасност да жртвувате и сè.
Со почит,
Зоја Бузалковска
театарски режисер, професор
по Актерска игра на ФДУ Скопје
и активен учесник во Шарената револуција



КУЛТУРАТА ВО КОМУНИСТИЧКИТЕ-ТОТАЛИТАРНИТЕ СИСТЕМИ Е ВО СЛУЖБА НА СТВАРАЊЕ НА ЗАРОБЕН ЧОВЕК!!
08-02-2019, 05:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Sasho Tasevski
37 mins ·

Директори на театри и на други институции во културата... Македонци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи. Ако има останато барем малку пркос во вас и достоинство, бојкотирајте ги средствата дадени за проектите во 2019 кои и онака се помали од минатата година поради дискриминаторска поделба на истите, по албански етнички клуч. На тоа дивеење еднаш мора да му се стави крај. Бојкот. Вратете им ги парите од сметка. Претставите правете ги на гола сцена. Вака едно општество за сите не се гради. Ова е апартхејд.

Фб статус
08-02-2019, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Фирми формирани два дена пред конкурсот во изборот за доделување пари од културата




9 февруари, 2019
На шест пријавени фирми на скандалозниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, во делот за музичко-сценска дејност една како по правило е од Тетово. Само фирмите од Тетово, кои претежно аплицирале за организации на концерти и фестивали на годинешниот конкурс, за кој премиерот Зоран Заев рече дека ќе биде поништен, имаат добиено конкурси од над 8 милиони денари или 133 илјади евра. Со тоа фирмите од Скопје и Тетово се на врвот на листата по добиени најмногу проекти од годинешниот конкурс за проекти од национален интерес во културата.
Ова беше и само една од забелешките во јавноста за фаворизирањето одредени проекти на сметка на други – одбивањето проекти кои имаа долгогодишни традиции, како што се скопскиот Џез-фестивал, „Оффест“, „Златно славејче“ и многу други предизвикаа жестоки реакции во јавноста, а тоа резултира со најавата на Заев дека ќе се поништи конкурсот, оставка од Советот за култура даде театарскиот режисер Зоја Бузалковска, а актерот Оливер Митковски, еден од членовите на комисиите, даде издвоено мислење во кое го критикува изборот.
„Макфакс“ при проверката на компаниите што аплицирале и добиле пари за проекти пронајде и други недоследности. Повеќето од фирмите, претежно оние од Тетово што добиле парични средства, се формирани неколку дена или неколку месеци пред отворањето на конкурсот.
Па, така, продукцијата „Меденица“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје на огласот има добиено 1,7 милион денари. Според податоците од Централниот регистар, продукцијата била формирана лани на 27 септември, а конкурсот на Министерството беше распишан на 29 септември, што значи дека фирмата е основана два дена пред отворањето на конкурсот.
Оваа фирма добила пари за два проекта, но за три ставки. За проектот Come fly with me by Pavle Kamilovski на продукцијата ѝ се одобрени 900.000 денари, а за проектот „Мала Италија патува“, пак, добила 600.000 денари и дополнителни 200.000 денари за истиот проект, но во делот „меѓународна соработка“.
Сопственик на „Меденица“ е Павле Камилоски за кој во медиумите може да се прочита дека од келнер на брод, каде што почнал да пее за своја душа, почнува да навлегува во оперската кариера.
На списокот со добитници формирани лани е и здружението за култура и наука „Арс Албаница“ од Тетово, кое исто така има два одобрени проекта. 200.000 денари добиле за проектот „Огниште на сеќавањето“ и уште 168.000 денари добило здружението за печатење три броја од списанието „Арс Албаница“.
Во август минатата година, еден месец пред објавувањето на конкурсот, формирано е и здружението „Оп-лека“ од Тетово за манифестацијата „Тетово пее“, која ќе чини 100.000 денари.
„Елите евентс“ од Тетово, на пример, добила 400.000 денари од Министерството за култура за одржување рок-концерт, но здружението или фирма со вакво име, според податоците од Централниот регистар, не успеавме да најдеме.
Здружението „Зери Дарданис“ од Тетово, кое добива 100.000 денари за тетовски печалбарски денови, е формирано лани во мај, четири месеци пред распишувањето на конкурсот.
Во делот на драмската уметност најголеми се реакциите дека најголем дел од проектите ги имаат добиено Нела Витошевиќ и Васил Христов, односно за пет проекти одобрени им се вкупно 100.000 евра.
Од друга страна, актерот Един Јакуповиќ преку отворено писмо до македонската јавност бара помош за спас на честа на НУ Турски театар – Скопје и неправдата со само еден одобрен проект за годинава да биде веднаш исправена. Со реакција вчеравечер се јави и директорот на скопскиот Џез-фестивал, Оливер Белопета, реагираа и видни македонски музичари и писатели, а министерот за култура, Асаф Адеми, преку „Фејсбук“ порача дека со големо внимание ги следи критиките, реакциите, пофалбите и предлозите и е во постојан контакт со членовите на комисите и со правната служба, а по консултаците, заедно ќе одлучат за следните чекори.
Премиерот Зоран Заев најави дека конкурсот ќе биде поништен во целост, освен во делот на националните установи, каде што сè било регуларно.
Мери Јордановска и Маја Илиевска-Пачемска
09-02-2019, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Адеми: Ќе поднесам оставка ако треба


[Image: asaf-ademi.jpg]

09/02/2019
Министерот за култура Асаф Адеми во Берлин каде е во работна посета, изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата. Најави и разгледување на сите одбиени апликации.


Quote:– За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема проблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене – вели Адеми.


Тој посочи дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дкеа нема да постапува под притисок на јавноста.


Quote:– Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам – вели Адеми.

Смета дека се прават разни манипулации со јавноста оти тој креира национална политика. Рече дека е во постојан контакт со членовите на комисиите и со правната служба во Министерството, а решението го гледа во преиспитување на сите одлуки за апликациите кои што се одбиени.



Заев ке го јаде стапот!
09-02-2019, 11:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Коста Карев
1 hr ·

Фоткиве се од пресметки од Ексел документот од страницата на Мин. за култура, издавачка дејност.
Од 66.835.420 денари доделени за пректи поднесени од физички и правни лица, на проектите на албански автори и поврзани со албанска култура се доделени 28.602.828 денари што е 42.8%
Од 12.208.519 денари (тука главна ставка се „Струшки вечери на поезијата 2019 година“ кои „тежат“ 10.457.150 денари) доделени за пректи поднесени од национални установи, на проектите на албански автори и поврзани со албанска култура се доделени 125.580 денари



[Image: image.png]



[Image: 1.png]
10-02-2019, 03:57 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,452
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#7

Би требало насловот да гопреправиш во шкип-маќедонис.
An inch today is tomorrow’s mile.
10-02-2019, 02:34 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,452
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#8

И секако Премиерот на Шкип-Маќедонис Заевиќи
(This post was last modified: 10-02-2019, 02:38 PM by montehristo.)
10-02-2019, 02:35 PM
Reply