Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДОЦНА ГРУЈО СЕ СЕТИ ДА ГО СПАСУВА ИМЕТО!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Nikola Gruevski
2 hrs ·

Нова парадигма. За името.


[Image: maxresdefault.jpg]

(Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО. Размислувања за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името)

1. Новонастаната ситуација

Досегашната парадигма за постигнување разумен компромис со Грција пропадна. Назначувањето на марионетска влада во Република Македонија го сруши концептот кој бараше правичност, фер договор и разумен компромис. Македонија во спорот за името остапи речиси се. Грција доби речиси се. По оваа новонастаната ситуација, потребна е нова парадигма за името и идентитетот. Таа парадигма ќе биде основата на која по заминувањето на марионетската влада, новата влада и МНР ќе треба да направи нова доктрина.
Текстот е само скромен обид да поттикне размислувања, дебата и можеби да се даде скромен допринос кон новата парадигма за името и идентитетот по операцијата спроведена од марионетската влада. Текстот не е наменет за оние кои читаат само кратки текстови. Има за цел да поттикне размислувања и дебата. Ставовите се мои лични и на никаков начин не треба да се доведуваат во корелација со ставовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

2. ,,Бинго,, кое јужниот сосед не можеше да го пропушти

Како што очекував, парламентот на нашиот јужен сосед го усвои договорот од Преспа. Настрана дневнополитичките расправии, таму освен власта и опозицијата длабоко интимно знае дека ваква шанса не смеат да пропуштат. Штом измените на Уставот поминаа во нашиот парламент беше јасно дека кај нив договорот ќе помине експресно.
Така, заедно со претходно усвоениот договор по ист принцип, со целосно остапување на се што бараат од страна на источниот сосед, сега имаме ново настаната ситуација. Загубено име, идентитет, историја, култура, интервенции во образованието... Имаме држава, со национални и државни атрибути со кои не се идентификуваме и кои се вештачки наметнати, прифатени спротивно на вољата на народот од страна на марионетска влада. Додатно и ситуација каде лидерот на најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед кој наскоро се очекува да стане Премиер, отворено највува нови блокади на патот кон ЕУ со нови условувања по идентитетските прашања.

3. Загубена една битка во борбата за македонското прашање-историска паралела

Многумина се очајни деновиве. И како што е редот по поразот секогаш следува кавга, се бараат виновници, нови поделби, обвинувања, нови закрвувања не само на ниво марионетска влада-сили на отпорот, туку и внатре помеѓу силите на отпорот против оваа операција.
Со обзир дека двата договора, како оној со Бугарија, така и овој со Грција имаат длабока историска основа, за почеток треба на кратко работите да ги погледнеме низ една историска -диоптрија.
Многу македонци се очајни. Со горко чуство и чуство дека се што досега се правеше е попусто, и дека сите после овој договор сме губитничка генерација. Дали е така?
Ако се гледа само низ призмата на дневна основа, така е. Ако се гледа низ историска перспектива, ова е само една загубена битка од долгата борба за затворање на македонското прашање во полза на македонците. Да, значајна битка која многу боли. Со големи последици и која не става во многу потешка состојба во понатамошната борба за затворање на македонското национално прашање во полза на македонците.
Така на пример, краткорочно гледано, некој можел во 30-тите години на минатиот век да каже и дека борците и идеолозите на историското ВМРО биле губитничка генерација затоа што во тоа време не успеале да создадат автономна или независна Македонија, кон што се стремеле.
Сепак историски гледано тоа не е така. Нивната 41 годишна борба е основата, темелот на која започнува народносолободителната борба (НОБ). Нивната четиридецениска борба, херојство и жртва која на моменти наликува како да е производ на филмско сценарио а не на нешто што реално се случувало, создава една таква тензија, една толку силна тензија, која неможе да заврши никако поинаку освен со државност. Борците во НОБ бараа континуитет со именување на партизанксите единици во Македонија со имињата на револуционери и војводи на ВМРО, кој најчесто ги нарекуваат ,,илинденските борци,,. Таа 41 годишна битка е една од причините и основа на која меѓудругото Тито подоцна одлучува да ни даде статус на држава во новата југословенска федерација, за да не се соочи и неговиот режим со отпор како претходно кралството СХС/Југославија помеѓу двете светски војни, како и претходно. Тоа не е единствената причина за неговата одлука, но е многу значајна причина.
Целта на историското ВМРО беше создавање држава Македонија, која во различни прилики различно ја нарекуваат: автономија, независност, обединета Македонија како дел, федерална единка од југословенска или јужнословенска федерација и повеќе други идеи за форми за доаѓање до целта. Во некои советски историско архивски извори поврзани со нивно следење на состојбите во Македонија, се тврди дека во тоа време на балканот кога се говорело за автономија, се сметало на независност.
Нашата цел денес, покрај нејзиното задржување и развој, е битката за нашето име, македонскиот идентитет, историјата, културата, интервенциите во образованието... Се разбира паралелно на тоа и економски посилна држава, членка на НАТО и ЕУ, функционална демократија и владеење на правото.
Ние, оваа генерација, поставивме добри основи за тоа. За името и за идентитетот. Како и за другите споменати работи. Тоа што го направивме а поврзано со името, идентитетот, историјата итн, тргнува пред се од сериозното подигнување на свеста кај секој поединец во Македонија. Таа свест ќе бидат потребни децении многу работа некој да ја промени. Стотици други чекори ,,ја бетонираа,, таа свест, која постоеше, но во последните децении растеше и се зацврстуваше. Преку подржани многу напишани и издадени книги и научни истражувања во областите поврзани со нашиот идентитет, јазик, историја, државност, име и слично.
Преку снимени играни и документарни филмови за македонската историја и идентитет. Преку поставени голем број споменици и спомен обележја, изградени и именувани објекти, организирани настани за паметење, голем број одбележувања, одлуки на влади, парламенти, институции, референдуми. Преку продолжување и зајакнување на разни, домашни и меѓународни настани и комуникации, кутурни и етнички обичаи и традици, афирмирање преку кампањи за македонски туризам и можности за инвестиции на медиуми кои се гледаат во целиот свет, спортски успеси, настапи на индивидуалци во ООН, ЕУ,НАТО, во други држави, насекаде... и.т.н.
Сето ова и многу повеќе кое не го споменав ќе биде основа за следната политичка и дипломатска битка. По влегувањето во НАТО и ЕУ да се корегираат нештата, а дотогаш да се подготвуваме за тој момент. И да се затвори македонското прашање, без бесмислени и вештачки наметнати забрани на идентитетските придабвки ,,македонски,, или ,,македонско,, или ,,македонска,,. Без тие да бидат институционално забранети и недозволени, без забраната истото да важи само за државјанство, и без сите понижувања и неправди вметнати во договорот од Преспа. Без ,,кумови и сватови,, однадвор.Без уцени, притвори на пратеници, обвиненија и прогони.
И да ја завршам историската паралела. ВМРО, која во тие години значеше борба за Македонија, во 1934 година беше растурена и уништена од бугарската влада под надворешен притисок, заради нејзината борба за ослободување на Македонија во нејзините три геогравски дела. И во тие 41 година најголемиот проблем на ВМРО беше што неуспеа да обезбеди доволно силна меѓународна подршка за проектот за независност или барем автономија на Македонија, ако воопшто и можеше да се обезбеди имајки во обзир дека тогаш ВМРО претендираше на територии на поделената Македонија по букурешкиот договор во 1913. Територии кои тогаш беа на Грција и Србија, земји кои уште пред активирањето на ВМРО беа сојузници на големите сили во тоа време како Англија, Франција па и Русија, заради што ВМРО немаше избор. Таа беше во ситуација да се најде на страната на оние кои ја загубија првата светска војна бидејки пред да завземе страна, ВМРО само од Германија и Австро-унгарија доби ветување за независност доколку застане на нивна страна во војната. Таквото ветување неможеше да го даде другата страна каде беа Франција и Англија, бидејки нивни сојузници веќе подолго време беа Грција и Србија.
Можете да замислите низ тие 41 година колку човечки животи се положија за идејата за независност, која во еден историски миг заврши со уништување на ВМРО во 1934. Сличен таков обид имаше од бугарската земјоделска влада на Стамболиски во раните 20ти години на минатиот век, кога се водеше вистинска војна меѓу ВМРО предводена од Тодор Александров од една страна и бугарската влада од друга страна, во време кога Александров и Србија и Грција го бараат со потерница и јавно ветена висока парична награда за неговата глава.
Дури за борба против четите на ВМРО во Бугарија во тој период беше формирана специјална т.н. Портокалова гарда составена од обучени војници за борба против комитите. Слични такви единици, покрај регуларните воено полициски сили имаше и во вардарска и во егејска Макеоднија. Тој обид пропадна со воениот удар во Бугарија на 9ти јуни 1923 година на кој подоцна се приклучи и ВМРО испраќајки ја четата на скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето кој свирепо го ликвидира бугарскиот премиер, а претходно во 1921 година и министерот за внтрешни работи.
Но, во 1934 бугарската влада успеа во она во кое неуспеа 10тина години претходно. Потоа по 1934 се апсеа, судеа и интернираа војводи и дејци на ВМРО од страна на властите во Бугарија. Последниот претседател на историската ВМРО Ванчо Михајлов чие 10 годишно водење организацијата има многу контраверзности беше осуден на смртна казна во Бугарија, пресуда која никогаш не му е укината.
Со оваа историска паралела, без намера да ја минимизирам штетата од дејствувњето и одлуките на оваа марионетска влада, потсетувам дека оваа изгубена битка со промената на уставот, е само дел од 140 годишната борба на македонскиот народ, од мноштво порази и победи, падови и подеми, крвави битки за собода, херојства и предаства, но и меѓусебни внатрешни несогласувања и конфронтации, кои некогаш беа за создавање своја држава, денес и во иднина се разбира со политички и дипломатски средства за своето име, идентитет, и наметнати договори за промена на историјата, културата, образовните програми...За послина економија, демократија и владеење на правото, за членство во НАТО и ЕУ. Се додека има македонци, и цврста национална свест, таа борба ќе продолжи до конечното затворање на македонското прашање, но правично затворање, во корист на македонците и основното човеково право за самоопределување.

4. Идејата за референдум за името, и резултатотот од референдумот, клучна основа за натамошната борба

Клучната работа во овој период е веќе направена. Марионетската влада не доби подршка од граѓаните на референдум. Тоа треба да биде темелот, основата на која ќе се гради новата парадигма за името.
Кога во 2005 година ја осмислив и на мајската годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во преполната универзална сала ја промовирав идејата за референдум за името, ја замислував да биде токму тоа и што е денес: брана од уценти, поткупени, марионетски или со еден збор од било каков вид неодговорни политичари и таква влада.
Или брана која ќе спречи, или брана која ако неможе да спречи неправедно решение, тогаш барем ќе биде основа за да се ,,лечи,, она што ќе биде ,,оштетено,, во еден ,,напад,, каков што доживеавме сега. Во овој случај, потег кој во најмала рака нема да им даде легитимитет за неодговрорниот чекор, од каде пак ќе почне да се гради новата парадигма за враќање на насила одземеното, а сето тоа да има легитимитет. Ќе беше уште потриумфално, можеби и со подобри ефекти на краток рок, доколку наместо стратегија ,,бојкот,, се одеше и се победеше со стратегија ,,против,, за што сум уверен дека со навремено отпочната силна и интензивна кампања, уште од крајот на пролета 2018та, и со 10тина набљудувачи на секое гласачко место, ќе донесеше грандиозна победа на ,,против,, наспроти ,,за,,.
Мотивите за овој став, секако беа различни од мотивите на сите оние кои ја охрабруваа опозицијата да не бојкотира туку да гласа ,,против,,. Повеќето од тие препораки беа мотивирани со цел да победи ,,за,, и да успее референдумот. Мојот мотив и убеденост беше да победи ,,против,, на прашњето за договорот од Преспа во таква форма и со таква содржина, но одкако видов дека се дозволи идејата за бојкот многу брзо и непречено да завземе такви големи размери, веќе беше ризично со повик за гласање ,,против,, да се дели македонското национално ,,ткиво,, а во корист на намерите на марионетската власт и начинот на кој таа ја вршеше целата операција.
Но тоа е зад нас, и сега не вреди да се губи врмето за тоа, кога и онака стратегијата која се одбра го дава минимумот на очекуваниот ефект како основа на ,,новата парадигма за името,,.
Следеа многу критики после лансираната идеја за референдум за името во мај 2005тата. Најпрвин од политичките противници, неретко и од истомислениците пред се заради страв да не се фалсификува тој референум. Тогаш говорев, дека референдумот е потребен во случај некоја влада во иднина да постигне некаков договор за кој таа смета дека е добар. Или некој така ќе и каже да смета. Таквата одлука, тој договор, за толку значајно прашање да не ја донесат грст политичари во владата или парламентот туку да се овозможи народот да одлучи по ова толку важно прашање за него и за државата. Ако мнозинството народ не се согласи, па дури и владата да го донесе на сила, тогаш нема да има одржливо решение. Нема легитимна одлука.
Со тек на време, колку и опонентите да го критикуваа и негираа предлогот за евентуална промена на името да одлучува народот на референдум, живеејки и работејки во демократско општество и издигната свест на граѓаните, во време кога во ЕУ кон која се стремиме за вака важни прашања како и за помалку важни, секогаш има референдум на кој граѓаните, народот од тие земји се изјаснуваат и политичарите го следат тоа, политичките опоненти од СДСМ неможеа да се справат со силата на аргументите и го прифатија предлогот, ,,се навлекоа,, на таа идеја, а за оние од нив кои имале нечесни намери, би рекол на таа ,,стапица,,.
Често на народните собири знаев да образложам дека секогаш е многу полесно да се уценат или поткупат 20 или 200 политичари, министри, пратеници, лидери на партии..., одколку целиот народ или половина од него...и дека затоа за ова толку важно прашање мора да дозволиме идејата за решение на проблемот од политичарите да биде потврдена или непотврдена/отфрлена од граѓаните на земјата. Некријам дека се чуствувам горд за тој стратешки потег со лансирањето на идејата за референдум за името, во тоа време. А еве и зошто.
Денес и во иднина, најсилниот аргумент е токму тоа, дека идејата и предлогот на политичарите од власта не ја доби потврдата од народот. Тоа е најсилниот аргумент за понатаму. Најсилниот аргумент за продолжување на 140 годишната битка за македонското национално прашање. Најсилниот аргумент ова прашање да се успее да се држи отворено, за еден ден да се затвори, но во полза на Македонија.
Се што насила е направено, спротивно на вољата на мнозинството народ еден ден ќе се врати. Главна појдовна основа, темел, доказ и аргумент е немањето подршка на одлуката на марионетската власт на референдумот за името дури и со такво прашање кое беше непријатно поставено за граѓаните чии најголем дел сакаат да ја видат земјата во НАТО и ЕУ.
Тоа е појдовната сила, главниот повод и крунскиот доказ за во иднина како нација и држава, да имаме легитимитет за борбата за корекција на неправдата од ова време. Неправда чие спроведување успеа само затоа што беше ставено во геостратешки пакет на евроатлантските интеграции на земјата, чија потреба е неспорна, но цената за мнозинството македонци неприфатива.
Тој легитимитет од референдумот македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија сега го имаат во ,,џеб,,. Токму упорното 13 годишно туркање на идејата за референдум ќе ни помогне кога е најтешко. Во случајот, необезбедувањето доволна подршка на референдум, колку и тие да го нарекуваат консултативен, ваков или онаков, покажа дека народот не ја даде потребаната подршка, што значи нема мнозинство кое верува дека предлогот на владата и мнозинството во парламентот е добар.
Тоа што изостанаа масовни протести од незадоволните граѓани, кои веројатно ќе дадеа само многу пореална ,,визуелизација,, на незадоволството јасно е зошто се случи. Заради репресивните методи кои власта превентивно ги превзема со стотици ако не веќе и илјадници кривични пријави, апсења, затворања, судски процеси, политички прогони, закани, отпуштања или уназадувања од работа, запирања автобуси тргнати на протести, итн. Но, и без таа слика, и без таа ,,визуелизација,, легитимитетот на понатамошната борба е веќе ,,заверен,, на 30 септември 2018.
Власта со репресивни и недемократски методи обезбеди гласови на 2/3 пратеници. Таа го има тоа а народот ,,заверката во џеб,, преку понатамошна борба и во следната историска шанса да ја исправи нанесената неправда.

5. Следни чекори. Консолидација и подготовка за продолжување на борбата. Членство во НАТО и ЕУ.

Во една таква новонастаната сотојба, со веќе изгласани измени на уставот, со сите незаконски и противуставни постапки, тргнувајки од противуставното назначување претседател на Собрание, преку репресивното втерување страв кај народот и елиминирање на дел од авторитетите во десниот блок преку фабрикувани судски процеси, прогони и апсења, по гласањето во парламентот, народот треба да се подготвува за продолжување на 140 годишната политичка борба за затворање на македонското национално прашање онака како што заслужуваме, а во следната историска шанса.
Претходно, пред чинот на враќање на насила одземеното, треба да се искористи она што е позитивно за Македонија од овој дивјачки донесен договор и сменет устав, име и идентитет.
Тоа во прв ред е членството во НАТО и во ЕУ, каде што е нашето место во оваа ера.
Не е тајна дека низ целото мое работење во политиката, од почетокот до денес, сум отворен поборник на членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Разликата со СДСМ е што несакав тоа да се случи на ваков начин, со ваков понижувачки и штетен договор, со целосно предавање на тешко и крваво стекнатото, па потоа со години да се бориме да ја поправаме штетата со сите ризици во таа намера. Но, надвор од тоа, сметав и сеуште сметам, дека местото на Република Македонија недвослмислено е во НАТО и ЕУ. Тоа што платена пропагнда се трудеше да направи друга слика заради други цели, е друга работа.
Кога веќе насила и противуставно ни го направија ова со името, со идентитетот и историјата, кога веќе тоа станува насила и против вољата на народот станува реалност, треба да се искористи таа ситуацијата и ден порано земјата да стане членка на НАТО и да ги започне и што побрзо да ги заврши преговорите за полноправно членство во ЕУ.
Тоа е период од 18 месеци за НАТО, а за ЕУ можеби од 6 до 8 години од сега, зависно од повеќе фактори. Доколку нема предвремени парламентарни избори, до 2020 членството во НАТО ќе биде реализирано, а се надевам и барем 20-30 осто од потребните реформи и поминати преговори за членството во ЕУ. По промената на марионетската влада, процесот со зачленувањето во ЕУ треба да се доврши без создавање ризици.
Желбите на многумина да го променат овој договор пред влезот во НАТО и ЕУ, ми е сосема разбирлива, но колку и да се искрени, од искуство знам тие желби се тешко остварливи, имајки ја во обзир позицијата на Грција по овој потпишан договор во Преспа и истовремено имајки ги во обзир механизмите за блокада на членството во ЕУ, за кои деновиве опозицискиот лидер кај нашиот јужен сосед толку жолчно раскажува. Следните 6-8 години треба да сме многу внимателни, да не останеме и без име и без ЕУ. Кога веќе сме доведени во ваква тешка ситуација од оваа марионетска власт, кога веќе го изгубивме името и националноста, треба прво ЕУ па по добро подготвен терен и обезбедени сојузници корекција на настаната штета, што воопшто нема да биде лесна операција.НАТО не го спомнувам бидејки членството треба да се случи веќе следната година.
(прв дел)



10 години, Груевски манипулираше со приказната дека тој е заштитник на името и сега од Будимпешта се обидува пак да не мае дека тој го има решението што треба да се прави за да се поправат штетите кои ги стори СДССМ!
06-02-2019, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Nikola Gruevski
2 hrs ·
(Втор дел)

6. Постапка за санирање на штетата од Преспанскиот договор

Потоа, по реализацијата на овие цели и интеграции во НАТО и ЕУ, треба да се донесе политичка елита на власт, која ќе превземе конкретни одговорности и активности за корекција на штетата од овој договор, транспарентно нагласувајки и давајки јасно до знаење дека нема и нема да има никакви територјални или било какви други негативни претензии кон сите соседи кои би го нарушиле мирот и стабилноста. Имајки во обзир во каква ситуација не донесе оваа марионетска власт, јасно е дека тоа ќе биде многу тешка задача и цел за која ќе треба голема умешност, храброст и мудрост на тогашната влада и Премиер.
Некој со право ќе рече дека нема да е лесно повторно да се соберат 2/3 во парламентот. Ако се има подршка од народот, но и цврста воља, храброст, упорност и посветеност, во политиката се е изводливо.
Тогаш, никој нема да го има аргументот од типот дека поважно е да станеме членки на НАТО и ЕУ, отколку да го зачуваме името и идентитетот, затоа што тогаш веќе ќе сме членки.

7. Важни активности за годините до исправање на штетата. Справување со пропагандите и обидите за индоктринација.

Периодот од сега па до санирање на направената штета е многу важен. Би рекол: пресуден.
Погледнете само кратко во историјата и веднаш ќе знаете што ќе се случува?
Ќе има неверојатна и многу силна битка на пропаганди за менување на националната свест и начин на размислување во однос на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Несамо на свеста на помладите и идните генерации преку учебниците и училиштата, туку и на повозрасните граѓани преку невидена досега и крајно суптилна а можеби и брутална перманентна кампања истовремено, дебело платена пропаганда.
Цената и бројот на луѓето кои ќе живеат од пропаганда во корист на туѓи центри ќе расте.
Исто како што било и порано низ историјата, на пример пред 100 или 120 години. Тогаш пропагандата била преку црквите кои биле највлијатени, свештениците, учителите, подоцна и преку весниците...Во голема мера и влијанието на елитата во општеството која не целосно, но значаен дел секогаш конформистички се приклонува онаму каде се чуствува побезбедно, а тоа е секогаш кај посилниот а не кај оној на чија страна е правдата. Сега со сите средства на располагање на модерното време, тргнувајки од истите оние од минатото, ако самите дозволат да станат средство за таква пропаганда, па преку интернетот, социјалните мрежи, медиумското влијание телевизиите и сите други постоечки како и медиуми и техники кои непостојат денес но во иднина ќе се појават, преку поткупени, уценети, марионетски и разни видови неодговорни политичари, историчари, професори и други учени и квази учени луѓе.
Идејата на таа пропаганда ќе биде преку промена на свеста и начинот на размислување, во смисла дека вака ни е подобро, дека немаме никаква загуба од тоа што попуштивме, дека всушност претходно сме биле искомплексирани, во заблуда, ретроградни, заведени, заробени и слично, ама веќе сме модерни, слободни, напредни, посакувани, ценети, прифатени, и не сме се тоа што сме биле, итн.итн. И ние навистина сето тоа ќе бидеме, но поразени. Поразени по прашањето на нашиот идентите, име, историја, култура, самоопределување...СЛОБОДА!!! Поразени со затворено македонско прашање на штета на македонците. Од македонците ќе зависи дали ќе го прифатат тоа долгорочно. Краткорчно веќе ни е наметнато.
Разноразни НВО, фондации,,,филантропи,, ,здруженија и слично кои ќе бидат параван на туѓата пропаганда ќе продолжат да ги таргетираат најдобрите и најнапредни млади луѓе во општеството, ќе им даваат огромни можности за лесна заработка, финсирање на нивно подобро образование и патувања низ светот, со цел да дозволат да бидат изложени на идоктринација и по можност и самите да бидат обучени за индоктринатори на останатото население или барем нивната околина. Да тоа е правиот збор: индоктринација.
Медиуми кои ќе биде јасно дека работат на некомерцијална основа, врбувани сопственици на медиуми, голем дел од најдобрите политички аналитичари, професори, или било какви креатори на јавното мислење, се ќе биде ставено во погон и финасиски подмирено за една силна индоктринација за дефинитивно менување и бришење на националната свест и начин на размислување како последна опасност за опстанок на македонската нација, идентитет, име и свест за историјата каква што била реално.
Целта меѓудругото ќе биде сите кои работат во тој правец да се ,,ѕвездите,, во општеството, успешните, елитата, пример на кој секој треба да се угледа за да е ценет и почитуван, преплатени, превреднувани..., а тие што мислат спротивно и што се борат за македонската национална кауза да се ретроградните, маргиналците, да се опишани како забегани, криминалци, насилници, нереални, прости, конфликтни, проблематични личности и назадни.
Па зарем е сега различно?
Да не заборавиме: најсилен одговор на сите вакви пропаганди насочени кон младите е домашното воспитување и влијание. Најдобра битка до победата против било какви учебници кои ќе им ги наметнат на нашите деца, е влијанието, подучувањето и активното објаснување и креирање свест од страна на родителите. Тоа е посилно од се, и најсилен одговор на пропагандите, ако е систематски и во навремена возраст започнато. Како би опстојала македонската свест низ децениите под турско, српско, бугарско итн ако небиле пренесувањата на националната свест во домот од колено на колено?!
Пропагандата ќе продолжи во правец на натамошно оцрнување, уништување, елиминирање и омаловажување на сите авторитети во општеството кои имаат поголемо влијание, кои народот може да ги следи, а кои истовремено не се откажуваат од враќање на одземенето и имаат јасна промакедонска определба често од некои пропагандисти од соседните земји наречени и обележани како ,,македонисти,,.
Со сменето име, устав, стапени на сила меѓудржавени договори, подршка на тие договори од најмоќните западни земји, медиуми, соседи, НВО, во некои периоди и од власта во нашата земја, операцијата на исправање на неправдата или ,,санирањена штетата,, нема да биде ни приближно лесно како сега. Да, тоа нема да биде лесна битка ниту лесно време за водачите со патриотски идеи и нивните следбеници. За силите кои треба да се изложени во првите редови на отпорот со кој треба да се исправи неправдата и санира направената штета. А кога пак во историјата кога нашите предци ја граделе таа нација и држава било лесно? Никогаш!
Дефинитивно со договорот во тој дел одиме ,многу назад, но сега веќе немаме избор. Не случајно јас долго време се борев и превземав огромен личен ризик но и последици, со цел да недојдеме во ваква ситуација, да загубиме нешто, да направиме огромна штета, па потоа да се бориме од почеток за да ја корегираме таа штета, со сите неизвесности, тешкотии, препреки, жртви и ризици кои ќе следат.
Дури и меѓу најпатриотските сили,кај силите на отпорот на намерата засекогаш да се затвори македонското прашање на штета на македонците, исто како што е и сега, пропагандата ќе работи на концептот: раздели па владеј. Разузнавачките операции во правец на расцепкување и раскарување со цел ослабнување на десницата и изолирање и неутрализирање на таквите сили во левицата, ќе останат во врвот на агендата на многу страни. Стратегијата раздели па владеј провејува низ целата македонска историја а за жал и денес. Сепак таа не е нешто што и се случувала само на Македонија. Помоќните и поголемите, секогаш ја користеле во борбата против послабите и помалите.

8. Што треба да прават политичарите, политичката елита која ќе е предводник на силите на отпорот и исправка на неправдата?

1.Политичките сили и сите поединци кои не ја гледаат Македонија и македонскиот народ подчинети и под закрилата или како дел од народ на некоја соседна земја, а македонскиот јазик како нечиј дијалект треба да се главниот носител и предводник на таа долгорочна борба за исправање на неправдата.
Се разбира, колку и да народот е свесен за својот идентитет, име, историја и припадност, потребно е континуирано парирање на антинационалната и антимакедонска пропаганда со контра пропаганда посилна од пропагандата, со разобличување на сите нечесни намери и скриени цели, до ниво до кое ќе сватат дека попусто си ги трошат парите во Македонија.
Тоа треба да се прави внимателно без да се загрози членството во НАТО и ЕУ во наредните 6-7 години, или колку и да се. Но, да се прави.
Погледнете што се случува сега, безмалку нема печатен весник кој не е финасиран од некаде, на некомерцијална основа. Слично е и со некои телевизии и со многу портали.
Зарем не гледате со години куп аналитичари во чии ставови јасно се чита дека одработуваат нечија агенда. За политичари, да не говорам. Таквите добиваат најмногу простор во медиумите, најмногу привилегии, лесно заработени пари и слично. Ги има веќе многу а секојдневно се појавуваат и т.н. најчесто уценети или под закана ,,новоосвестени,, кои те се каат за минатото, те се извинуваат, те се докажуваат колку се за Нато и Европа иако тоа никогаш не било спорно, те не плашат со распад на земјата ако не се случи ова или она, итн.итн.
Каква ќе биде таа анти пропаганда и промакедонска пропаганда, ќе си отценат идните водства на слободните македонски партии. Кои методи, кои средства и инструменти ќе ги употребат е работа на нивна одлука и на експерти кои можат да ги поучат. Тоа е ,,занатска,, работа. Стручни и креативни луѓе можат да дадат многу идеи.
Важно е да се неутрализираат и да не успеат пропагандите кои македонците ќе ги направат да не се чуствуваат македонци, туку само ,,граѓани на светот,, кои всушност во реалноста се опколени со соседи грци, бугари, срби, албанци...
Или пак да не се чуствуваат за северно македонци, или помирени со судбината од последиците на преспанскиот договор и сл.
Не е проблем мнозинството во една нација да се чуствуваат за граѓани на светот, ако пред се и над тоа се чуствуваат најпрвин припадници на една земја и народ, а дури потоа граѓани на светот. Но е проблем ако сите граѓани во Европа и особено балканот пред се имаат силно национално чуство за припадност на одредена нација, а дури потоа се чуствуваат за граѓани на светот, а само ние обратно.
Нашата битка ќе е полесна од аспект на стартна позиција на веќе формирана национална свест. Нивната од аспект на веќе сменет устав и стапени договори на сила, но и огромни пари од разни извори кои ќе ги вложат.
Клучно е, во НАТО и ЕУ да влеземе, но ако веќе влегуваме со сменет устав и штетни договори, да влеземе барем со јасна, цврста и нескршлива национална свест како македонци, со непоколебливо чувство на македонски идентитет. Со свест дека сме држава на која само привремено и насила спротивно на вољата на мнозинството и е наметнат договор за смена на името, идентитетот, историјата по туѓ терк и замисла. И дека задача на секоја наредна влада потоа треба да биде, најпрвин да го одржи македонското прашање отворено со јасно дадено дознание дека не се помируваме со актуелната ситуација, а потоа да го затвори кога ќе се корегира неправдата и направената штета од овој период. А како ќе се корегира неправдата, како ќе се санира штетата, со кои политички и дипломатски чекори, со кои сојузници освоени во меѓувреме, со какви конкретни правни и политички чекори и постапки, тоа останува тогаш да одлучи која и да е влада. Народот си го кажа своето. Се се може кога многу се сака и кога е многу важно.
И да не заборавиме. Подршката од надвор за преспанскиот договор е заради членството на Македонија во НАТО, и до некаде во ЕУ. Одкако тоа ќе се случи, макар и со насилно сменета влада, устав, незаконски гласања и објави во службен весник итн, интересот на меѓународната заедница за тоа како ние ќе се викаме и што мисли за тоа некоја друга земја, ќе биде далеку помал. Тоа е делот кој би бил обврска на идните влади и власти во Македонија по заминувањето на оваа марионетска влада.
Министерството за култура, после овој договор, ќе остане нашето министерство за одбрана по промената на марионетската влада, непомалку одколку вистинското министерство за одбрана.

9. Обврските на граѓаните.

Овие години во кои со сила ќе не нарекуваат Северна Македонија, често и северномакедонци или само граѓани на ....., нагласено ќе ни повторуваат дека немаме сопствена историја пред 1945 година, треба како граѓани, како индивидуи да правиме чекори континуирано високо да го држиме отворено македонското прашање, да даваме личен ненасилен отпор, да изразуваме несогласување и да даваме до знаење на секое ниво и насекаде низ светот за неправдата која ни е сторена. Секој граѓанин. До влезот во НАТО и ЕУ, не толку владите. Граѓаните! Владите треба да покажат решителност, умешност и храброст по влезот во НАТО и ЕУ, а дотогаш да превземаат чекори вотој правец но и да не им даваат аргументи на било кој да го одложи влезот во НАТО и ЕУ. Што порано влеземе во НАТО и ЕУ, побрзо ќе започне етапата на корекција на нанесената штета.
Секој граѓанин, на секој можен семинар, конференција, округла маса, дебата, или било каков меѓународен настан, секогаш кога за тоа има прилика и пригода и при тоа не се доведува во некаква голема опасност или ризик, треба да продолжи да дава до знаење, вербално или со разни гестови да потсетува, да промовира и информира за неправдата направена врз македонците. Така секој од нас преку свој мал минорен допринос, да го држи отворено прашањето, на секое ниво. Секој македонец да е дел од силите на отпорот. Да знае светот дека ние имаме свест за она што насила ни е одземено, дека не сме и никогаш нема да се помириме со тоа и да не се заборави. Секојдневно, на сите нивоа, од спортисти до инжињери, од лекари до натпреварувачи по математика или физика, од ученици до пензионери, од бизнисмени до администрација, секаде и секогаш да ја потенцираме, гласно, културно и гордо неправдата која ни е нанесена и непоколебливата решеност таа еден ден да се исправи.
Како што илјадници наши граѓани во минатото правеа гестови на разни настани на меѓународно ниво тргајки ги или шкртајки ги, или покривајки ги табличките на масите каде пишуваше ФИРОМ, така и во иднина, секој слободномислечки македонец треба да најде своја креативна форма, во секој миг, и на секое место, да го држи отворено македонското прашање и свеста за тоа насекаде, но и да го изрази својот став по ова прашање.
Политичарите и владите во следните 6-7 години нека отвораат и затвораат поглавја за ЕУ и НАТО, но народот да си го врши своето, за да им дадат на политичарите можност, причина и повод и обврска, кога ќе се заврши влегувањето во НАТО и ЕУ, во нивно име, во име на народот, на негово барање да најдат начин со политички средства да ја исправат нанесената неправда, одземените права и создадената национална штета.
Следните 5 точки се индиректно поврзани со новата парадигма за исправање на неправдата. Реформите, економијта, демографијата, меѓупартискиот консензус за најкрупните национални прашања, меѓуетникиот соживот, унитарноста, образованието, знаењето, иновациите и неоткажувањето од зацртаните цели се само предуслов за силна држава. Факт е дека само со силна држава може да се реалиираат зацртаните национални цели.

10. Во меѓувреме потребен е силен фокус на реформите на општествоти и државата

Секоја македонска влада треба брзо и ефикасно да ги прави реформите кои ќе ја зајкнат дрѓжавата, владеењето на правото, економијата итн, и кои ќе го забрзаат нашето членство во НАТО и ЕУ. Прво затоа што тие во основа им се потребни за сите граѓани и државата, тргнувајки од судството, администрацијата, медиумите, демократијата, изборите, па се до економијата, образованието, екологијата,земјоделието и здравството. Но, и затоа што, одкако ќе ги исполниме критериумите ќе влеземе не само во НАТО туку и во ЕУ. За потоа да можеме во точно одмерен политички и историски момент да ги започнеме и спроведеме конкретните активности и чекори за да се корегира и промени состојбата на насила одземеното национално достоинство и идентитет и права, без притоа да се делиме и етикетираме по разни основи.
Реформите треба да направат посилна и поправична држава, а тоа е во врвот на приоритетите на секој човек кој ја сака својата земја.

11. Силен фокус на развој на бизнисот и економијата

Секоја влада треба да работи силно на елиминирање на проблемот со невработеноста и зголемување на животниот стандард и примањата на граѓаните. Создавање услови за напредок на приватниот сектор, подршка на иновациите и привлекување капитал и инвестиции од надвор кои ќе отвораат нови работни места, ќе носат нови технологии, знаење, образование и корпоративна култура и свест.
Нам ни треба економски силна држава која ќе може да ги остварува своите национални цели. И пред се нам ни треба народот да остане во Македонија.

12. Иселувања. Демографија. Да не останеме држава без народ.

Економското зајкнување и реформите нема да го запрат иселувањето кое е глобален тренд, кое сега е најмалку триплирано во однос од пред 1-2 години, но ќе создадат претпоставки за негово намалување. Два фактора се важни. Прво, ниската демографија која по доаѓањето доаѓањето на марионетската власт, укинувањето на додаток за трето дете и слично веќе дополнително се намалува. Потребни се мерки за зголемување на наталитетот и поголема помош на повеќедетните семејства. Вакви мерки веќе масовно се воведуваат во многу земји низ Европа. Второ, охрабрување за продолжување на животот во Македонија преку реални и реформи кои се опипливи, многу посилен економски развој и отворање работни места, и посилна правна држава. Без ова, нема иднина натамошната борба за македонската кауза.
Ова прашање треба да се издигне меѓу најприоритетните и да се создаде национален комитет за справување со овој огромен проблем во кој ќе влезат преставници на секоја наредна власт и опозиција, како и стручни лица од областите директно поврзани со оваа закана која може да однесе се.

13. Национална стратегија и меѓупартиски консензус за прашањата од највисок национален интерес

Оваа марионетска власт ќе биде употребена и потоа ќе замине. Јас најдов привремено засолниште добивајки политички азил во Унгарија заради политички прогон, под налетот на политичкиот прогон на оваа власт, заради нејзини јасни цели заради кои е назначена, поврзани со името и идентитетот. Нивната судбина ќе е потешка, бидејки да се засолниш од марионетска влада е полесно, одколку да се криеш од разгневен, измамен и предаден народ. Дел од нив ќе се разбегаат, дел ќе останат во земјата но со наведната глава, независно какви награди и признанија однадвор ќе добијат.
Сепак, задача на секоја идна власт и опозиција, е да постигнат минимум консензус за клучните македонски национални интереси. Ваквата раскараност и поделеност каква што е сега, одговара и во одредена мерка е стимулирана само од оние кои имаат некакви нечесни аспирации против Македонија.
Во иднина раскараноста и поделеноста ќе биде уште повеќе стимулирана и посакувана за истите. Потребно е водачите и раководствата на најголемите партии, освен што ќе продолжат да се натпреваруваат и меѓусебно критикуваат со сите дозволени демократски средства, инструменти и начини, да се издигнат еден степен погоре, барем на ниво како што можеме да видиме кај некои наши соседи, и да постигнат договор за заштита на националниот интерес и остварување на клучните национални цели. И да го почитуваат тој договор и кога се на власт и кога се во опозиција.

14. Меѓуетнички соживот и разбирање. Задржување на унитарноста.

Образование! Држава базирана на знаење и иновации а не на кланови!
Имајки ги во вид спецификите на нашата држава, една од клучните политики треба да продолжи да биде меѓуетничкиот соживот и разбирање, и за тоа и до влезотво НАТО и ЕУ и потоа ќе треба континуирани напори на сите влади. Идеите за преоѓање од унитарна, во федерална држава треба во корен да се обесхрабрат. Блиското минато од поранешната Југославија ни е најдобар пример како тоа завршува на овие простори на Балканот.
И во контекст на подобро меѓуетничко разбирање и соживот, но и во контекст на поконкурентна нација и индивидуалци, клучен сегмент е поквалитетно образование со стекнато далеку повисоко ниво на знаење одона што е сега. Тоа подразбира и зајакнување на конкурентноста и знаењето на образовниот кадар но и повисоки стандарди за отценување на знаењето. Тоа подразбира мерки за стимулирање на креативноста на младите и подршка на иновациите и претприемништвото како и се што оди со нив.
06-02-2019, 05:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3






[video=youtube][Image: AAuE7mArDvJYMlJqsi3RYwM2LmxezQJa5ATfe0dt...ff-rj-k-no][/video]
[video=youtube]Macedonian[/video] Information Centre
Published on Feb 9, 2019



Поранешниот премиер, кој денес глуми дисидент и политички бегалец во Унгарија, Никола Груевски, минатава недела се јави со подолга објава на неговиот фејсбук профил. Ова е човекот кој единаесет години продаваше патриотизам од стилот „името не го даваме“ до таму што почна да флертува со Путин и да прави слика дека Македонија губи интерес за т.н. евроатлантски интеграции. Сега во својата објава -- која очигледно е пишувана од професионален автор -- тој, во стилот на Љупчо Георгиевски, советува прагматизам. „Да влеземе првин во ЕУ и НАТО, да го поносиме името Северна Македонија пет-шест години, а потоа, кога ќе падне оваа марионетска власт, повторно ќе си го вратиме вистинското име,“ вели екс-премиерот. Релевантни линкови:

-



-



-



-

09-02-2019, 03:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4





Првиот дел од интервјуто






Вториот дел од интервјуто
12-02-2019, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Груевски: Бев уценет од Али Ахемти и Мендух Тачи за Пржинската Влада!




На прашањето зошто го потпишал договоорот од Пржино, Груевски вели дека тоа било прашање кое му било поставено од многу луѓе, а особено зошто се потпиша за СЈО такво какво што беше. Поголемиот дел од разговорите околу пржинскиот договор не беа проблематични, меѓу другото предвидуваа предвремени избори. Но она што беше најпроблематично беше специјалното јавно обвинителство за кои разговори беа задолжени Никола Тодоров и Никола Поповски.
Клучниот момент околу разгвоворите на Пржинската Влада беше моментот кога дојдоа Али Ахмети и Мендух Тачи и ни поставија услов, да го прифатиме СЈО вакво како што е или тие другиот ден ќе ја напуштат владата. 
Тогаш се направи нов моментум вели понатаму Никола Груевски во интервјуто за порталот инфомакс, и ние после долгите консултации прифативме да го потпишеме пржинскиот договор.
Што се однесеува до корумпираното и селективнот судство , Груевски вели дека ги разбирал судиите бидејќи ако не правеле како што велат тогаш можело да ја изгубат лиценцата за судија, и судиите се плашеле за себе, тие биле свесни дека судат погрешно. Значи ли ова дека Груевски индиректно признава дека и тој се водел од истииот приинцип на личен интерес и се плашел да не го изгуби неговиот стекнат статус? 
На прашањето од новинарот за тоа како тоа се согласил за Катица Јанева кога сеезнело дека во нејзиниот беграунд меѓу другото било и членството во СДСМ, Груевски одговара дека за тоа дознале подоцна инаку немало да се согласел. И овде се поставува прашањето како тоа Груевски да не знаел за Катица која беше јавен обвинител, дека била блиска со СДСМ,  знаејќи го фактот дека долго време шеф на тајната полиција беше токму  негвиот прв братучед Сашо Мијалков?

На прашањето за претседателските избори, Груевски вели:
Јас мислам дека нареден претседател, барем некое време ќе биде Талат Џафери. Изборите се така направени, зборувам за изборните денови, да вториот круг на претседателските избори завршува на 5.мај. Мандатот на Иванов завршува на 12.мај, значи на 12 ако не се завршени сите процедури нема да имаме претседател. Многу е мала веројатноста дека меѓу петти и 12 ќе се завршат сите оние периоди за жалба до ДИК, одговор на ДИК, решавање, тужба до еден суд до друг суд, носење на конечна одлука на ДИК за прогласување на кој е победник – кој не.
Ова под услов се да биде во ред, под услов да имаме кандидати и во првиот и во вториот круг. Мислам дека неслучајно е направено тоа толку доцна де се поместат изборите, според моето искуство доста е веројатно дека барем неколку дена или можеби некоја недела Талат Џафери како претседател на Собранието ќе ја врши улогата на претседател на државата, вели Груевски во интервјуто за „Инфомакс.мк“
Не е исклучено дека тоа е и договор помеѓу СДСМ и ДУИ за во тој вакум период да испотпише се што треба да се испотпише и кој дојде после, што и да биде да е веќе завршена работата, додава Груевски во интервјуто за „Инфомакс“.
13-02-2019, 12:55 AM
Reply