Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕШКО НА МАКЕДОНИЈА АКО ЃОРЧЕВ БИДЕ КАНДИДАТ НА ВМРО ДПМНЕ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,085
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 51708344_2435957316431715_76733376456063...e=5CF90C94]


Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев)
19 hrs ·
Денес упатив писмо до потпретседателот на САД Мајк Пенс. Писмото во целост:
Почитуван потпретседателе Пенс,
Би сакал да Ве поздравам, подвлекувајќи ги пријателството меѓу Македонија и САД.
Би сакал да искажам поддршка на Вашите ставови и политиката на САД предводена од претседателот Доналд Трамп во однос на кризата во Венецуела.
Насилниот и антидемократски режим на Мадуро веќе нема легитимитет. Време е за мирна и демократска транзиција.
Време е демократските влади од целиот свет да ги признаат новите власти во Венецуела.
Потпретседателе Пенс,
Вашата Републиканска партија од САД и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се заедно членки во Меѓународната демократска унија (ИДУ), како најголема глобална асоцијација на десниот центар предводена од Стивен Харпер, поранешниот премиер на Канада.
Тоа е нашата заедничка политичка организација основана од Роналд Реган, Џорџ Буш постариот, Маргарет Тачер, Хелмут Кол и Жак Ширак.
Секогаш на страната на слободата и демократијата, ИДУ и ИРИ оваа недела јасно порачаа дека време е Мадуро да замине.
Европската народна партија (ЕПП) јасно ја осудува тиранијата врз народот од режимот на Мадуро, како и Манфред Вебер, нашиот кандидат за претседател на Европската комисија од редовите на ЕПП.
Владите на Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија јасно порачаа дека наскоро би можеле да го признаат привремениот претседател Гваидо.
Лично сметам дека Претседателот, Владата и МНР на Македонија треба заеднички да заземат став за признавање на привремениот претседател на Венецуела.
Почитуван потпретседателе Пенс,
Ви посакувам успешна работа. Вашето искуство и минато како конгресмен, гувернер на Индијана и сега како потпретседател на САД се забележани низ целиот свет.
Вашата посветеност на НАТО, заедно со сојузништвото на Европа и САД се гаранти на нашата идна соработка.
Македонија и САД се стратешки сојузници со Договорот потпишан во 2008 година. Тоа е одлична основа да го развиваме пријателството меѓу двете земји.
Со почит,
Владимир Ѓорчев
Пратеник во Собранието на Република Македонија
(This post was last modified: 31-01-2019, 04:48 PM by ЈорданПетровски.)
31-01-2019, 04:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,085
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев)

1 hr


[Image: 50906925_2437108359649944_25123116820893...e=5CF940B5]

Поддршка за изјавите на сенаторите Ted Cruz од Тексас и Marco Rubio од Флорида со кои лично се познавам и кои се пријатели на ?? Македонија, а во врска со нивните ставови за насилството и кризата во Венецуела.
Ги повикувам Владата и МНР предводени од Заев и Димитров да донесат одлука за признавање на привремениот претседател Гваидо, следејќи ја одлуката на САД ??, Канада ??, Австралија ?? и другите демократски земји.
Ги повикувам Пендаровски, Шекеринска, Спасовски и другите можни претседстелски кандидати јавно и скоро да се изјаснат. Ова моментално е главната тема во светската меѓународна политика.
Германија ??, Франција ??, Велика Британија ?? и Шпанија ?? најавија дека следниве денови е можно да ги признаат новите власти.
Европската народна партија (ЕПП) ??каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во врска со диктаторот Мадуро.
Албанија и Косово донесоа исправна одлука за признавање уште пред 6 денови, веднаш после одлуката на САД.
Време е Македонија да донесе јасна одлука, заедно со нашите сојузници во САД ??, ЕУ ?? и НАТО. Тоа е исправна одлука, во МАКЕДОНСКИ интерес.
Уште еднаш, Македонија ?? треба да води проактивна политика, во функција на МАКЕДОНСКИТЕ државни интереси. Македонија ?? треба да гради силни пријателства и сојузништва во рамките на евро - атлантската заедница.
Ние во Македонија ?? и во ВМРО-ДПМНЕ знаеме што е тоталитаризам во времето на едноумието.
Идејата за независна и слободна Македонија со ДЕЦЕНИИ се негуваше во нашите домови во Татковината, како и во македонските друштва во САД ??, Канада ??, Германија ??, Австралија ??, Брисел ??, Париз ??...
Идејата за ВМРО-ДПМНЕ се формираше и негуваше во Берлин, Њу Џерси, Мелбурн, Торонто. Тоа беа иделаите на нашите Илинденци и жртвите на едноумието.
За режимот на диктаторот Мадуро:
Искрено, има некој во Македоноја што сака лично со своето семејство да живее во денешна Венецуела?
Дали младите сакаат стипендии за школување во САД ?? или во Венецуела?
Ако вашето дете е болно, дали сакате да оди во болница во Бостон или Каракас?
За режимите во Куба и Венецуела доволно кажува што ИЛЈАДНИЦИ луѓе се подготвени буквално да УМРАТ за да избегаат, ризикувајќи и бегајќи на сплавови низ морињата.
Уште еднаш, ИЛЈАДНИЦИ луѓе СЕКОЈА година се подготвени да го ризикуваат ЖИВОТОТ и да загинат на сплав во морињата или во пустините на Аризона бегајќи од таквите диктатори како Мадуро. Зарем таквите диктатори заслужуваат одбрана?
Републиканските сенатори Тед Круз и Марко Рубио во нивните семејства имаат лични стории со диктаатурите и режимите.
Затоа, тие денес даваат јасни и директни изјави во врска со диктатурата и насилството во Венецуела.
Македонија ?? мора и треба да има пријатели секаде. Сенаторите Круз и Рубио се пријатели на Македонија.
Со мудра и стратешка политика, Македонија ќе ги засилува пријателствата во најважните земји во светот.
Сигурен сум дека следниве 7 денови претседателот Иванов, премиерот Заев и МНР Димитров ќе донесат исправна одлука за Венецуела, во полза на слободата, демократијата и интересите на Македонија.
Да живее Македонија!
Влатко Ѓорчев,
Пратеник во Собранието на Република Македонија ??
Кандидат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат 2019 година



Ако сака Ѓорѓев да го сватиме како човек кој може да ги брани интересите на Р. Македонија ке треба да ни каже што сторил кај ови со кои наводно е пријател за да го попречи мешањето на Бејли, што направил за да смени политиката која ја водеше Бејли за ове последни неколку години, години во кои Макеонија го смени името!

Што сторил  кај Пенс, Круз и  Рубио за да извршат притисок врз Заев за да ги почитува Уставот, законите на Р. Македонија. Штосторил за да обебеди суда од САД за купувањето на пратеници?

Работата на Ѓорчев не е да дава или недава подршка на САД за Венецуела!!
31-01-2019, 04:54 PM
Reply