Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КРИМИНАЛ ВО ПИОМ ИМА ИЛИ НЕМА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:19 МИЛИОНИ ЕВРА ОД УПЛАТИТЕ ЗА ПЕНЗИИ СЕ КРАДЕЛЕ ВО ВРЕМЕ НА МИНИСТРИТЕ СПИРO РИСТОВСКИ, ДИМЕ СПАСОВ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ДУИ

[Image: spiro-dime-saip-4388943.jpg]

Сите документи кои биле дел од анализата денеска ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага за да се утврди зошто во тој даден период одредени финансиски средства не биле распоредувани и каде тие завршувале. - Поранешните министри за труд и социјала Спиро Ристовски и Диме Спасов и директорот на ПИОМ Шаип Зенељи

Деветнаесет милиони евра ќе треба државата да им врати на над 12.000 осигуреници, чии пари за пензиско осигурување во изминатите 10 години не им биле уплаќани во вториот пензиски столб, кој е задолжителен и во кој осигурениците имаат индивидуални сметки кај приватните пензиски друштва. Парите на осигурениците останувале во првиот државен столб, од кој се финансира исплатата на пензии за сегашните пензионери.
Како што вчера соопшти министерката за труд и социјала Мила Царовска, освен за парите што не биле префрлани во приватните пензиски фондови, државата ќе треба да ги обесштети осигурениците и за приходите што би ги оствариле од инвестирање на средствата.
„Она што го откривме е дека за околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот втор столб, иако ги исполнувале законските услови за ова. На овој начин директно им се скратува правото на овие луѓе да остварат пензија во целост. На пример, за осигуреник со просечна плата во период од 2007 до 2018 година вкупно остануваат нераспределени околу 295 илјади денари придонес во вториот пензиски столб. Односно, изгубени се околу 95 илјади денари добивка од инвестирање на индивидуална сметка со што ние ќе ги обесштетиме со околу 400 илјади денари по корисник“, рече Царовска.

Во периодот што го спомена министерката, директори на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Амет Даути, Беким Незири и Шаип Зенељи, додека министри за труд и социјална политика, под чија надлежност е ПИОМ беа Џељаљ Бајрами, Спиро Ристовски и Диме Спасов.
Царовска најави дека сите документи кои биле дел од анализата денеска ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага за да се утврди зошто во тој даден период одредени финансиски средства не биле распоредувани и каде тие завршувале.
„Скопското јавно обвинителство за случувањата во ПИОМ се информираше од медиумите. Очекуваме Министерството за труд и социјална политика да достави релевантна документација, како што најави, за да ги провериме по службена должност тие наоди“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК јавниот обвинител на Скопје Сашо Рајчев.
За 10 години, во Фондот за пензиско е направена дупка од речиси 500 милиони евра како последица на, како што велат од министерството, погрешни политики на претходната Влада и ад хок покачувања на пензии надвор од законската рамка, која предвидува усогласување на пензиите со трошоците за живот двапати годишно. Дупката од 500 милиони евра се покрива со средства од буџетот.
За време на владеењето на поранешниот премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски, неколку пати линеарно беа зголемувани пензиите, последен пат пред парламентарните избори во декември 2016 година, кога пензиите беа покачени за 670 денари, откако претходно во мирување беше ставено редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот.
30-01-2019, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:За непознат сторител - Царовска поднесе кривична пријава за аферата со пензиите






Ружица Фотиновска  28.01.2019
Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зенељи се кадрите на ДУИ кои 10 години раководат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување што е од вчера е во центарот на скандалот со 12 илјади осигуреници кои останаа без пари во приватните пензиски фондови. Во времето на нивното директорување, овие осигуреници, иако плаќале придонеси за пензија, државниот ПИОМ ги задржал парите за себе, не им отворил сметки во приватните фондови и не им ги префрлал парите таму. Ниту еден од бившите директори на ДУИ не се огласи во јавноста, а одговор не даде ниту актуелниот директор Зенељи иако Телевизија 24 неколку пати се обиде да го контактира.
Фондот на ПИОМ преку соопштение се правда дека парите не ги префрлале поради тоа што нема одржлив систем за регистрација и водење евиденција за осигурениците. Признаваат дека парите ги трошеле за тековна исплата на пензиите.
„Фондот не располага со посебна алатка за уточнување на податоците и во најголем број од случаите уточнувањето на податоците се врши по поднесување барање за пензија. Во тој момент осигурениците почнуваат активно да се вклучуваат во ажурирањето на сопствените податоци“ - објаснуваат од Фондот за ПИОМ.
Министерката за труд која го откри скандалот соопшти дека штетата што е направена е 19 милиони евра. Толку пари сега ќе се одвојат од цетралиот буџет за да се обештетат осигурениците. Приватите пензиски фондови Сава и КБ не знаеле дека државниот ПИОМ не им распределил 12 илјади осигуреници, ниту пак дека нивните пари останувале таму. Регулаторното тело МАПАС, кое ја контролира работата на приватните фондови до сега молчеше. Преку соопштение кажаа дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството да се истражи случајот.
„МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата кои ќе бидат пренесени на нивните индивидуални сметки, вклучувајќи и надоместок за ненавремена распределба.“ - велат од МАПАС.
Корумпираните функционери на ДУИ ги крадат парите на идните пензионери, реагираа од Алијансата на Албанците. Партијата на Села го прашува премиерот, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ каде што главна точка е борбата против корупција. Во периодот кога не се префрлале пари во вториот столб министри за труд беа Џељаљ Бајрами, Спиро Ристовски и Диме Спасов.
30-01-2019, 12:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПАРИТЕ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ИЗЛЕЗЕНИ ОД ФОНДОТ ЗА ПЕНЗИСКО, ТУКУ СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА ЦЕЛИ НА ФОНДОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПИОМ ШАИП ЗЕНЕЉИ

29.01.2019
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Шаип Зенељи вели дека не чувствува лична одговорност по откривање на скандалот дека за 12.000 осигуреници придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од ПИОМ не биле префрлани кон приватните пензиски друштва. Тој кажа дека практично ПИОМ иницирал Министерството за труд и социјална политика заедно со меѓународни финансиски институции да го истражат случајот.

„Парите не се излезени од ПИОМ, тие се употребени за целите на ПИОМ. Сметаме дека до ова дошло поради честите законски измени и сложениот систем за собирање и обработка на податоците. Станува збор за системска грешка и ќе соработуваме со надлежните за расчистување на случајот“, рече Зенељи.



Quote:БУЈАР ОСМАНИ НАЈАВИ ТУЖБИ ЗА СИТЕ КОИ ЈА СПОМЕНАЛЕ ДУИ ВО ВРСКА СО КРАЖБАТА ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ, АКО НЕ СЕ ИЗВИНАТ


29.01.2019
Вицепремиерот Бујар Османи од ДУИ вели дека нема никакви злоупотреби во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и најави дека неговата партија ќе ги тужи сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвирале ДУИ во, како што кажа тој, лажната вест, ако не се извинат во рок од 24 часа.
„Поради штетата што е направена на ДУИ најавувам дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, дека ако не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка за да ја докажеме вистината“, изјави Османи на прес-конференција во Владата.

Османи вели дека изјавата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска била несреќна и отворила можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба, но тие потоа верификувале дека не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на фондот.

Во неделата, Царовска кажа дека во изминатите 10 години за околу 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот втор столб, иако ги исполнувале законските услови за ова и на тој начин директно им се скратува правото на овие луѓе да остварат пензија во целост.
Во периодот што го спомена министерката, директори на ПИОМ беа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и Шаип Зенељи.
30-01-2019, 12:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Дали Царовска ќе одговара за лажно пријавување и ќе се повлече од функцијата или Бујар Османи ќе си даде оставка од вицепремиерската позиција за попречување и влијание врз истрагата?


[Image: 22219-dali-carovska-kje-odgovara-za-lazh...k=5EHTT6u_]
Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Благица Ласовска, Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Кој лаже, Вицепремиерот Бујар Османи или Мила Царовска? Дали Царовска намерно пласирала лажни вести и давала несреќни изјави или директорите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од ДУИ злоупотребувале десетици милиони евра?
Кој ќе понесе одговорност за манипулациите во јавноста? Дали Царовска ќе одговара за лажно пријавување и ќе се повлече од функцијата или Бујар Османи ќе си даде оставка од вицепремиерската позиција за попречување и влијание врз истрагата која треба да се води против функционерите на ДУИ?
Секој ден станува се појасно зошто Mакедонија е последна во Европа во однос на борбата против корупцијата и зошто држави како Свазиленд, Лесото или Руанда треба да ни бидат пример за правна држава.
Ова што го гледаме со наводниот скандал во ПИОМ тежок 19 милиони евра е преседан кој покажува дека нема ниту правна држава, ниту борба против криминалот и корупцијата.
Денеска бевме сведоци на изјава на вицепремиер кој кажа дека вчера лично побарал министер и инсистирал тој да се повлече за дадените изјави и да се корегира. Ваков несериозен однос кон јавноста навистина нема ниту во Свазиленд, ниту во Лесото, ниту во Руанда.
Дали и колку пари се украдени од ПИОМ? Колкава е штетата врз 12.000 идни пензионери? Власта мора да одговори, дали кадрите на ДУИ кои директорувале со ПИОМ извршиле проневера или не? Која е одговорноста на Фросина Ременски и Мила Царовска кои веќе три години збирно министеруваат со МТСП?
Вицепремиерот на владата, Бујар Османи, денеска јавно ја обвини Мила Царовска, дека шири лажни вести и дека нејзината изјава е несреќна и како што вели истата само шири шпекулации за некаква можна злоупотреба.
Османи спротивно на Царовска вели дека не станува збор за никаква злоупотреба на средства и најави пријави за сите политичари и медиуми за  лагите кои се изнесени.





Хаосот кој го приредија Царовска и Османи мора да биде разрешен, граѓаните мора да знаат кој лаже, дали Царовска или Османи.
Ги повикуваме и охрабруваме, институциите на прогонот целосно да го истражат случајот и да ја утврдат одговорноста.
Доколку се утврди дека Царовска ги лажела граѓаните, таа мора да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување и итно да си поднесе оставка за лажење на јавноста со цел замајување и добивање на ситни политички поени.
Времето на лаги и манипулации со граѓаните заврши. Власта мора да одговара за хаосот кој го причини. Ова е уште една причина поради која се потребни предвремени парламентарни избори.
29 јануари, 2019 - 16:45


 
30-01-2019, 12:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Непознатиот сторител ДУИ

[Image: 630930CC-4C74-4B54-BBF3-3519C27E0AA7_w10...00x445.jpg]


јануари 29, 2019 Антропол
Деновиве Министерството за труд и социјална политика, предводено од Мила Царовска, обелодени финансиски скандал во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 19 милиони евра. Станува збор за криминално управување со Фондот во период од 2007 до 2018 година, при што не биле уплаќани парични средства во вториот пензиски столб и биле оштетени 12 000 осигуреници. Министерката на самиот прес на кој го „разоткри“ огромниот скандал, решително најави дека ваквиот криминал ќе има развршница, односно дека ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител и дека украдениот износ ќе биде надоместен од буџетот на РМ. Очигледно за Царовска и за „европската“ влада на СДСМ, борбата со криминалот единствено подразбира милионските суми (украдени од сегашните коалициони партнери на владата) да ги надоместат граѓаните кои секој ден се повеќе осиромашуваат, без никаква политичка и кривична одговорност за ниту еден функционер.

Најверојатно премногу се навикнавме на Монти Пајтон водењето на држава, каде најголемиот криминален партнер на владата на Груевски – ДУИ, моментално е коалиционен партнер и главен предводник на евроинтеграцискиот процес. И во овој скандал со ПИОМ, податоците лесно достапни до јавноста (најверојатно и за министерката?!) покажуваат дека во овој период со Фондот управувале директори на ДУИ, меѓу кои и влијателниот Беким Назири, кој во 2014-та година беше унапреден во министер за економија (најверојатно поради одговорното управување со Фондот).
Сета оваа наводна решителност на СДСМ против криминалот и корупцијата станува уште побанална, ако се има предвид фактот дека за овие финансиски малверзации медиумите известуваа уште во 2015-та година, со тоа што тогаш предвидената штета изнесуваше 13 милиони евра. Односно, цели две години од доаѓањето на власт и со сите бомби кои привилегирано ги поседуваат, СДСМ не биле способни (читај: не сакале) да го откријат скандалот – кој во меѓувреме пораснал за 7 милиони евра – и станува се појасно дека не се ни способни (читај: не сакаат) да покренат кривична постапка против одговорните лица од коалициониот партнер ДУИ.
Ноторен факт е дека СДСМ целиот свој политички капитал го стекна со селективното објавување на бомбите (при што скромно беа обелоденати криминалите на ДУИ) и со ветувањата дека вистината единствено им припаѓа на граѓаните. Очигледно, вистината за граѓаните има многу горчлив вкус, кои мора да се помират со привилегираниот третман кој го ужива вечниот коалиционен партнер, иако истиот доби очајна поддршка на изминатите парламентарни избори. Но, и покрај катастрофалниот рејтинг кој го ужива ДУИ кај албанските граѓани, оваа Влада (која демонстрираше извонредна неспособност во многу клучни сегменти) единствено беше способна да го рехабилитира казнетиот ДУИ,  длабоко заглавен во организиран криминал и корупција.
Актуелниот премиер Зоран Заев во предизборната кампања не штедеше критики и кон тогашниот коалицонен партнер на ДПМНЕ, обвинувајќи ги ДУИ дека „примарната цел поради која останувале во владата била моќ, власт и пари” и дека „јасна е нивната одговорност за ужасната состојба во Македонија, затоа што ништо од тоа што го направил Груевски, од криминал и корупција, до удар врз човековите слободи и права, не би можел да го стори без знаење и поддршка од неговиот коалициски партнер ДУИ”. Но, веднаш после парламентарните избори кои имаа катастрофален исход за ДУИ, токму нивните највисоките челници беа поставени да ја креираат визијата на „новата европска и демократска власт”, очигледно длабоко заглавена во криминалите на стариот режим. За главен носител на евроинтеграциските простори, Заев одлучи довербата да ја додели токму на Бујар Османи, против кој претходно актуелниот премиер од опозиција поднесуваше кривични пријави за криминали направени додека Османи беше министер за здравство.
Од премолчената амнестија на целокупното раководство на ДУИ, циркусот наречен бегство на Груевски, ужасните резултати на СЈО со четири осомничени избегани и ниту еден ефективно процесуиран случај, до амнестиите во Парламент, се поставува прашањето – дали новата Македонија со присилниот предзнак Северна, може да зачекори кон европска иднина на просперитет и демократија, кога главните предводници на таа посакувана европска Македонија се остатоците на режимот на Груевски, олицетворени во ДУИ, Амди Бајрам и Лиле ДОМ? И зошто истата меѓународна заедница која беше најголем критичар на недемократскиот и криминален режим на Груевски, сега ги поздравува евроинтеграциските процеси предводени од остатоците на истиот тој режим?! Дали на истата меѓународна заедница, која го легитимизира еден катастрофално неуспешен референдум и која молчеше пред фрагрантото кршење на правото и амнестирањето на тешки државни криминали, потребна и е една клика на корумпирани функционери и криминалци, за да може да ги реализира своите геостратешки интереси? Дали, после горчливата вистина дека нема да „си лежат“ и дека нема да ги „вратат парите“, граѓаните ќе мора да проголтаат уште една горчлива вистина, дека прифаќањето на историска неправда заради посакуваниот европски просперитет гарантиран од меѓународната беше залудна жртва, кога истата меѓународна заедница ги штити криминалните остатоци на Груевски?
30-01-2019, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Ако ова беше случај со приватна компанија ќе имаше апсења веднаш


29.01.2019
Економскиот експерт Павле Гацов кој воедно е и претседател на Здружението на даночни советници на Репулика Македонија, во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма говорејќи за мега скандалот каде од ПИОМ недостасуваат 19 милиони евра посочи дека доколку ова беше случај со приватна компанија ќе имаше апсења уште одма.
Тој напоменува дека власта знаела за скандалот уште во 2018 година поради фактот што морала да ги испланира овие средства во буџетот за 2019. -Мене ми изгледа прилично чудно. Ако ова беше случај со приватна компанија уште оваа ноќ ќе имаше апсења, сигурно. Меѓутоа еве да кажеме дека сега е откриена аферата, меѓутоа штом биле позиционирани 19 милиони евра во буџетот ова се знаело барем во текот на 2018 година, вели Гацов. Според него парите не можат да исчезнат и многу лесно можат по трагите на сметките да се најдат.
Гацов забележува дека во овој случај не се оштетени пензионерите туку ќе бидат оштетени сите граѓаните на државата, бидејќи средствата ќе бидат надоместени од државните буџет. -Не можат да исчезнат пари, по трагите на сметките ќе ги најдеме парите. Забележувам дека користиме од вас посебно веројатно фигуративно дека се оштетени 12-те илјади потенцијални пензионери. Не се оштетени ниту ќе бидат, значи ќе ги надомести државата од буџетот, а ќе бидат оштетени сите граѓаните на Република Македонија, вели тој.
30-01-2019, 01:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Вториот пензиски столб е пљачка! Да се укине веднаш, парите да се вратат назад!


30.01.2019
12.000 осигуреници останале без пари во приватните пензиски фондови. За нив работодавачите редовно уплаќале придонеси за пензија. Но државниот ПИОМ ги задржал парите за себе и не ги префрлал на приватните пензиски фондови, па сметките на граѓаните таму со години останале празни. На дел од нив пак, воопшто не им биле отворени сметки во вториот фонд.
И пазете ја сега дебилнава логика: Државата сега ќе ги обесштетува осигурениците со 19 милиони евра, и според министерката Шеќеринска таквото обесштетување не било на сметка на граѓаните. Од друга страна министерката Царовска тврди дека не треба да се осудува ДУИ, иако директорот на ПИОМ поставен од ДУИ го призна делото кое е спротивно на законот за пензиско осигурување. Случајот моментално е дојден до „кривична пријава против непознат сторител“.
Парите за кои станува збор се префрлаат од една, на друга сметка… од сметка на работодавец кон сметка на ПИОМ, од сметка на ПИОМ кон сметките на пензионерите или кон сметките на приватнтие осигуреници, зависи како во моментот им текнало на нив. Прашајте било кој човек кој завршил две одделенија основно образование, ќе ви каже дека пари неможат да се стават, подигнат или пренасочат од било која сметка, на било која друга сметка, без да потпишете неколку документи со име, презиме и останати генералии. Како може ваквото оштетување на сметките да биде од „непознат сторител“? Тоа е муабет за дебили, и тој неможе да помине кај било кој нормален човек што бар еднаш застанал на шалтер во банка.

Да бидеме реални, Македонија нема доволно слободен пазар за постоење на вакви фондови. Во слободните и развиени земји, каде социјалната политика комплетно не го убила капитализмот, приватнтие пензиски фондови учествуваат на берзите низ цел свет, инвестираат во природни монополи како гасоводи, водоводи, нафтоводи, тунели, мостови, патишта, термо, хидро и нуклерани централи, итн, итн. Македонија нема доволно слободен пазар на капитал за да се види дали ваквите средства можат ефикасно и добро да се инвестираат или не, да се провери дали е ваквиот пензиски систем исплатлив или не, конечно дали функционира или не. Ако на сето ова го додадете и фактот дека сме шампиони во корупција, односно дека има колективи и партии кои се недостапни за законот и органите на прогон, тогаш попаметно би било ваквите фондови да се укинат, а парите да им се вратат назад на луѓето.
Па кој сака приватно пензиско осигурување, нека се осигура во Швајцарија, Австрија, Германија, Англија, САД, Јапонија, каде впрочем се осигурува и целиот нормален свет.
(This post was last modified: 30-01-2019, 02:21 PM by ЈорданПетровски.)
30-01-2019, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,086
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Царовска сега нагласува дека скандалот за пензиите е само системска грешка


09.02.2018
Во вчерашната емисија „360 степени“ гостуваше Мила Царовска, министер за труд и социјална политика која говореше дека скандалот со пензиите е системска грешка.
-Целиот систем едноставно некој заборавил дека треба да се следи. И дека треба одговорно со финанските средства што работодавачот ваш денеска ви ги уплаќа за придонеси одреден процент останува во првиот пензиски столб, но одреден процент заминува за вториот, за да вие можете да земете комплетна пензија. И тоа е суштински проблем, појасни Царовска.
А, кога јас посочив персонална одговорност, го запраша Царовска водителот, при тоа што укажа дека не е технички проблем, ова е системски проблем, проблем кој што значи дека едноставно неодговорно се пристапило кон креирањето на политиките, следењето на политиките во државата кои што се однесуваат на пензискиот систем.
-Јавното обвинителство ќе утврди дали има работа околу овој случај. Моја одговорност согласно Кривичниот Законик е она кое што го имам како индиција да го доставам, а оние кои што се одговорни да прибават докази, да ја следат состојбата, да ја испрашуваат и да ги анализираат процесите каде и за чија цел отишле тие финансиски средства, дали некој ги земал, или не ги земал, значи тоа не е надлежност на МТСП, нагласи Царовска.




Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
10-02-2019, 02:34 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,431
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#9

Тази дупка не е дупка.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 10-02-2019, 02:45 PM by montehristo.)
10-02-2019, 02:44 PM
Reply