Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МИЦКОСКИ: ЗАЕВ ОСТАВКА, ТЕХНИЧКА ВЛАДА, ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ СО ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Почитувани граѓани на Република Македонија,






Денеска Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разговараше и ја анализираше актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија.
Практично сите оние случувања во Република Македонија беа разгледувани на маса, сите можни сценарија во иднина беа антиципирани и врз основа на тоа донесе неколку заклучоци. Би сакал дел од нив да ги споделам со македонската јавност, се разбира преку вас медиумите.
Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била поподелена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност.
Она што денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа и Централниот комитет на партијата го потврди е дека утре во текот утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада. И истовремено ќе поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ.
Бидејќи во минатото не обвинуваа дека наводно сме барале избори, а сме молеле Бога да не ги добиеме изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие.
ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи пеколниот план за уништување на Република Македонија и за уништување на македонецот во македонците од Зоран Заев и групата околу него. Знам дека денеска веднаш по завршување на оваа пресконференција, до ова обраќање до граѓаните на Република Македонија, ќе излезе кујната за лаги и манипулации на Зоран Заев и ќе кажува дека ова се некакви мрачни сценарија итн. Но, јас повторно ќе кажам ние имаме детална анализа на тоа што се случуваше, целосна антиципација на тоа што ќе се случува. Македонија практично под владение на СДСМ и Зоран Заев престанува да постои и затоа на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет беа изнесени сите информации и сите факти кои што ги имаме како раководство и како политичка партија со кои што располагаме.Бараме веднаш Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, и веднаш организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години.


 

Што од барањава ке прифати Заев ??
28-01-2019, 01:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кога анкетите ќе стивнат – пишува Горан Момироски


January 29, 2019
[Image: -дуи-избори.jpg?resize=696%2C371&ssl=1]

„СДСМ според сите анкети ќе го прегази ВМРО- ДПМНЕ на предвремени избори ама не сака да ги забави реформите потребни за ЕУ и да загуби време кое што ќе биде потрошено на економија“.
Оваа теза која што ја повторуваат наизменично Заев, Османи, Димитров и другите првенци на власта за дел од населението може да е реалност но за најголем дел е најголемиот виц во оваа 2019 година.
Би било интересно да се направи профил на тие што веруваат дека СДСМ и Заев навистина би пропуштиле ваква шанса да го дотолчат ВМРО-ДПМНЕ.
Профилот на тие што веруваат во вицот ќе покаже дека изманипулираниот верник на манипулаторите на власт е човек што директно зависи од оваа Влада, има бизнис кој го добива во четири очи, ужива на висока позиција во администрацијата, или има неограничена омраза кон се што е „вмровско“ и затоа СДСМ треба вечно да владее.
Зошто тезата на Заев за запрени реформи за ЕУ и НАТО и загубено време за економнија не важи.
Уверен сум дека опозицијата и нејзиниот лидер Мицкоски како што тоа го направи лани за да не се закочи европскиот пат, би се согласиле доколку Заев тоа го побара, сите неопходни реформи за добивање датум за преговори да се донесат со консензус пред распуштање на Собранието.
За тие реформски процеси што не можат да бидат донесени до 5 мај кога ќе биде избран новиот претседател има доволно време до 20-21 јуни, кога во Брисел ќе се случи самитот на ЕУ да се донесе целиот реформски пакет потребен за ЕУ.
Во вакво постпредизборно сценарио додека техничката влада ги подготвува изборите партиите можат да подготват терен за реформите кои би биле процесирани веднаш по изборите.
Овде Заев нема да има никаков ризик дека опозицијата ќе бојкотира затоа што со тоа ВМРО-ДПМНЕ директно ќе биде кривец за недобивање на датум за ЕУ а во исто време би се соочил со гневот на Брисел. Настрана што Мицкоски доколку победи на парламентарните избори оваа состојба ќе ја искористи за својот и имиџот на својата партија.
Причина повеќе за вакво сценарио се и екстра поените кај ЕУ кои ќе се добијат со спроведени фер и демократски избори, и тоа во графата каде што од 2000 година постојано имаме проблематични оценки од Брисел и САД.
Но овие сценарија се можни само во еден случај, ако СДСМ навистина има висок рејтинг како што тврди и сигурно победува на предвремени парламентарни избори.
Со оглед на вицот од почетокот на овој текст извесно е дека ситуацијата е сосема спротивна.
Тоа што ниту една од истражувачите на јавното мнение (освен МЦМС пред повеќе од два месеци) во круцијални моменти за државата не објавуваат анкети е јасен показател дека нешто смрди во анкетните води.
И Заев и Димитров пред десетина дена зборуваа за „сите расположиви анкети“ а ние не гледаме ниту една објавена во јавноста.
Како е можно СДСМ да има толкав рејтинг а нејзините аналитичари да го кријат тоа?
Или можеби анкети навистина има но на нив води опозицијата и затоа власта, без разлика дали се работи за ДУИ или СДСМ или двете партии заедно, се плаши од предвремени парламентарни избори.
Во услови на секојдневни гафови, скандали, корупции, лаги, урнисан идентитет, национално понижување со името и уставот, со зголемени даноци и намалени пензии, со отровен воздух, со исчезнати 19 милиони евра за кои се бара непознат сторител, со вработувања на мајки, фризерки, синови и ќерки на државни функционери во јавни претпријатија СДСМ продожува да глуми „Шлепер што може да ја згази жабата“.
Реалноста е сепак поинаква. СДСМ да може три пати ќе вози напред назад за да го дотолчи ВМРО-ДПМНЕ.
Тие што ги следат работите знаат дека анкетите се стивнати затоа што ја побиваат реалноста на Заев и другите членови на неговата очајна дружина од која двајца веќе имаат сериозни лични проблеми а еден е под истрага.
Анкетите што се кријат само го зголемуваат стравот на тие што знаат дека ќе одговараат за сите прекршени закони, за сите нанесени неправди, за сите разочарани кои што ја напуштија земјава.
Времето на шегата „Да не сакате ВМРО да се врати“ што беше актуелна на социјалните мрежи на почетокот на мандатот на оваа влада полека но сигурно завршува.
А тие што не понижија по неколку основи, и лично и колективно како граѓани и нација, ќе одговараат. Нема каде да бегаат.
30-01-2019, 01:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Мицкоски - Победа на избори, па против Договорот од Преспа









Quote:Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговара што е тоа „сè“ што ќе сторат за да ги изменат процесите кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Прво требало ВМРО-ДПМНЕ да победи на избори, да формира влада, па на менување на процесите ќе оделе чекор по чекор.

Господине Мицкоски, од денешен аспект дали би играле поинаку во однос на вашиот став во однос на името, кој според дел од јавноста беше недефиниран?

Дали би играле поинаку од денешен аспект. Потврдата на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и позициите на ВМРО-ДПМНЕ ако ме прашувате поврзан со Договорот од Преспа го кажа народот, народот го кажа на 30 септември дали позициите на ВМРО-ДПМНЕ беа исправни или не беа исправни. Со тоа што народот одлучи да молчи, затоа што како што во минатото некои политичари на СДСМ сакаа да кажат – некои прашања не заслужуваат одговор. Така што од оваа перспектива гледано можам да кажам дека го избравме правилниот пат, а тоа беше патот заедно со народот, патот на правдината, на честитоста, на вистината и патот на Македонија.
Народот одлучи да молчи, тоа е на некој начин бојкот, но вие пред референдумот не го искажавте ставот дека сте за бојкот на референдумот?

Вие ме прашавте за мојот став, јас на денот на референдумот на 30 септември го кажав мојот став - нема да излезам на референдумот и дека нема да гласам, односно прашањето вакво какво што е не го заслужува мојот глас.

Господине Мицкоски Договорот од Преспа јавно го поддржаа повеќето западни земји и сојузите кон кои што се стреми и Македонија, а и вашата партија. Сега ветувате дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè за да ги измени процесите кои произлегуваат од него. Подготвен ли сте да ги трпите последиците и за партијата и за државата од ваквиот потег?

Ги знаете Вие кои се последиците за партијата и за државата на тие чекори кои ние ќе ги направиме откако ние ќе ја добиеме довербата на граѓаните?!

Па Вие не ги прецизирате чекорите. Што подразбирате под ќе направиме „сè“?

Откако ќе ја добиеме довербата на народот, а ние ќе ја добиеме на следните предвремени парламентарни избори, се разбира доколку парламентарното мнозинство се одважи, ќе видите кои ќе бидат чекорите и ќе видите кои процеси ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени во иднина. Така што јас би бил навистина внимателен, ја разбирам потребата од откривање сензационализми предвреме. Но јас би бил внимателен навистина во чекорите кои се одат еден по друг, така што ајде најпрвин да видиме дали владејачкото мнозинство ќе се охрабри ќе се одважи, ќе се осмели да ја поддржи иницијативната на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори. Потоа втората интерација кадешто ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата на граѓаните, формираме влада, па дури потоа ќе одиме чекор по чекор во процесите коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени. И одма сега тука можам да ви дадам одговор и на второ можно прашање бидејќи не така одамна и тоа ми беше поставено – Дали ќе бидам премиер на Република Северна Македонија, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го повторам дека подготвен сум да бидам премиер и за мене секогаш ќе остане Република Македонија не сметајќи ја оваа историска грешка којашто ја направи владата на СДСМ и Зоран Заев заради лични и кариеристички цели.

Ова господине Мицкоски значи дека ќе потегнете иницијатива за повторна измена на Уставот или пак значи дека нема да го почитувате Уставот, бидејќи уставните измени се веќе донесени и ќе стапат на сила.

Ниту еден процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси во историјата искуството вели дека биле реверзибилни. Прашање на време е кога повратната врска ќе се реализира. Така што важно е претходно да се случат некои други процеси, па дури потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе може пред граѓаните на Република Македонија да го спроведе ова што ние денеска го разговараме и она врз основа на што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради идната своја политичка доктрина. Ние сме партија којашто е непосредна, партија од народот, од граѓаните, партија која што е честита, искрена и принципиелна. Ние не можеме да ветуваме нешто што не можеме да оствариме. Ние не можеме истовремено да бидеме патриоти во топлинки дома пред компјутери и да пишуваме статуси на социјалните мрежи, ниту пак ќе зборуваме она што граѓаните сакаат да го слушнат. ВМРО-ДПМНЕ може да вети, јас можам да ветам дека откако ќе ја добијам довербата на граѓаните, ќе сторам сè што е во моја моќ процесите да ги изменам. За мене постоела, е и ќе остане Република Македонија, а сето ова останато го сметаме за историска грешка и тука немам што да додадам и што да изгубам.

Повторно може ли една поширока дефиниција, што подразбирате под ќе направиме „сè“. Дали тоа значи непочитување на Договорот од Преспа?

Ние може до задутре вака да си играме со прашањето што подразбирате откако ќе се случи тоа и тоа, но јас ви го дадов одговорот најпрвин треба да ја добиеме довербата од граѓаните, а потоа ќе бидете сведоци на сите чекори и на сите интерации коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи во процесите кои следат. И ова не го зборувам како политиканство, ова го зборувам затоа што го мислам.
03-02-2019, 02:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:




Христијан Мицкоски

На денешните средби со европратениците имав можност да ги запознаам моите соговорници за сите оние неуспеси во Република Македонија, за вистинската реалност и секојдневие во Република Македонија, во економијата, во образованието, за сите оние криминалии во здравството, за сите оние криминални иновации кои што ни беа секојдневие во изминатиот период. Но, она што најмногу ги загрижи моите соговорници, мене но и сите граѓани во Република Македонија е практично е што Република Македонија повеќе не е правна држава и Република Македонија не е држава во која што владее правото.
Практично, се тргува со правото и правдината за реализирање на политички амбиции.
Посочив дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.
Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени озбори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции.



Запознавање на европратениците за безаконието кое го спроведува власта на Заев е единствениот пат како е можно да се демонтира тоаталитарниот србокомуњарски систем!
(This post was last modified: 04-02-2019, 10:09 PM by ЈорданПетровски.)
04-02-2019, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



10-03-2019, 03:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6









11-03-2019, 01:09 PM
Reply