Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЈО, ГОЛЕМАТА ИЗМАМА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Политиката го подели СЈО на табори

[Image: 20170629_120027-2.jpg]


 23 јануари, 2019 Мери Јордановска и Васко Маглешов
„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.
Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.
Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.
Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.


[Image: infografik-SJO.png]


Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.
Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.
Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.
Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.
Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.


[Image: infografik-sjo2.png]


Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.
Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.
Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.



Само на глуви и слепи не им беше јасно дека после сокривањето на разговорите од кои ке произлезеа обвинувања за врвот на ДУИ, после сокривањето на разговорите од кои ке произлезеше обвинение за сите прислушкувања од 1991 година, беше јасно дека СЈО е измама
23-01-2019, 08:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СЈО ја објави целосната кривична пријава на обвинителот Бубевски против адвокатот на пратеникот Аљими

јануари 28, 2019

                                         До                                Основно јавно обвинителство
Скопје
Врз основа на член 273 од Законот за кривичната постапка поднесувам:
К Р И В И Ч Н А     П Р И Ј А В А
Против:
Мефаиљ Арслани од татко Б., мајка З, роден во Скопје, каде и живее, ЕМБГ—, Албанец, државјанин на Р.Македонија.
ПОРАДИ:
Постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста “ од чл.144 ст.3 в.в ст.1 од КЗ

ЗАТОА ШТО:
На 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пријавениот Мефаиљ Арслани кој е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет, со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животите и телата на лицата од неговото семејство, на начин што во моментот додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски, како обвинител кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани.

[Image: 1486303553-EJUP-ALIMI-12-1.jpg]
Пратеникот на ДУИ Ејуп Аљими


О б р а з л о ж е н и е
Пријавениот Мефаиљ Арслани е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17. Оштетениот Гаврил Бубевски е службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет против обвинетиот Ејуп Аљими и др. Сведокот Фатиме Фетаи како Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство заедно со оштетениот Гаврил Бубевски постапува како обвинител во наведениот предмет против Ејуп Аљими.

Доказ: Записник од главна расправа во предметот V К.бр.1905/17 од 30.10.2018 година
Настанот е случен на 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Имено, додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават. Истите му се обратиле на пријавениот со зборовите „добар ден Мефо, што правиш, како си“. Меѓутоа, пријавениот, без никаква причина, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои според исказот на сведоците и според логична интерпретација биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски како обвинител, кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани.

Доказ: Изјави на сведоци: Фатиме Фетаи и Артене Исеини
Со ова пријавениот ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, имајќи ја предвид сериозноста на тонот, обликот на заканите и уверливоста која ја презентирал пријавениот во врска со реализацијата на заканите, што произлегува од изјавите на сведоците.
Во прилог на наведените факти приложувам и неколку искази на сведоци дадени во постапката пред Специјалниот јавен обвинител, која ѝ претходеше на судската постапка К.бр.1905/17, од кои може да се види дека се плашат за нивниот животен и телесен интегритет од луѓето против кои се води постапката V К.бр.1905/17, за што при поднесување на обвинителниот акт беше побарана и мерка притвор против Ејуп Аљими, по тој основ. Ова е уште еден доказ за личноста на Ејуп Аљими и сериозноста на намерите на пријавениот како негов бранител, имајќи предвид дека заканите се кажани во множина и укажува на инволвираност и на Ејуп Аљими.
Очигледно е дека мотивацијата за овие закани искажани од пријавениот Мефаиљ, со таа количина на омраза кон оштетениот Гаврил Бубевски и сериозност на кажаното произлегува токму од фактот што против Ејуп Аљими се води кривична постапка, по потврден обвинителен акт од страна на судот по споменатото обвинение. Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон „нашата“, на која ѝ простиле заради таа припадност и на „каурот“, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот „каур“, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна.
Впрочем и насилниот начин на одземањето на записниците од изборите и гласањето, од сведокот Р.Б. кое го опишувааат сведоците дека е извршено од обвинетиот Ејуп Аљими во наведениот предмет, доволно говори за неговата личност, и сведокот Р.Б. во својот исказ наведува дека е исплашена да сведочи пред обвинетите, бидејќи е исплашена и за својата безбедност и за безбедноста на својот татко. Истото го потврдува и сведокот Ќ.Т. и пред јавниот обвинител и на записник за главна расправа од 14.12.2018 година. Од ова очигледно е дека луѓето кои го познаваат Ејуп Аљими се плашат од него, што укажува на исполнување на сето неправо кое го бара кривичното дело – Загрозување на сигурноста.

Доказ: Искази на сведоците Р.Б. и Ќ.Т.
Сепак во овој момент при поднесување на пријавата нема доволна аргументација дека со пријавениот Мефаил во извршување на делото учествувал и Ејуп Аљими, како поттикнувач или како директен извршител, во ситуација кога неговиот бранител би бил само пренесувач на заканите, меѓутоа доколку јавниот обвинител во постапката по прибавување на целокупниот доказен материјал оцени дека во вршењето на кривичното дело своја улога имал и Ејуп Аљими, се приклучувам кон кривичен прогон против истиот.
Во тој контекст предлагам да се прибават листинзи од телефонските оператотори од контактите на пријавениот со лица и листинзи за негова интернет комуникација.
Скопје, 28.01.2019 година                                              Подносител-оштетен
                                                                                                 Гаврил Бубевски 
29-01-2019, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Врховен пресече: СЈО не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци

[Image: 25577434_1438993049544454_1740863022_o-1.jpg]


30 јануари, 2019Васко Маглешов

Врховниот суд одржа oпшта седница зад затворени врати на која, донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на бомбите и дека СЈО не е овластен тужител за преземање истраги и предистражни постапки. Иницијатавите се поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите.
Во соопштението на Врховниот суд пишува:  „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка.
Тоа значи дека висат сите истраги на СЈО отворени по рокот од 18 месеци, како и обвинението за „Талир“. Иницијативите ги поднесоа адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО, Боро Тасевски и Еленко Миланов.
30-01-2019, 03:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:SPO finds €1 Billion in Cypriot Bank tied to Mijalkov and Kamchev’s “Empire” case


Mark Abramoff

[Image: euros.jpg]
New information on the “Empire” case, according to which special investigators of the SPO office have found huge financial assets in Cypriot based accounts.
Criminals protecting criminals
According to information that appeared in the public domain this afternoon, after the discovery of the SPO, Zaev has scrambled to deprive the SPO from further investigating the case by petitioning the Supreme Court to block the SPO on the grounds that it started the “Empire” case outside of its legal window, which expired back in 2017. In other words, the SPO can work on all other cases that it started after 2017, but not on the “Empire” case due to its massive implications.
How did Mijalkov, Kamchev and company stashed away €1 Billion euros in Cyprus?
MINA finds there are two forces within the SPO, on one side is Janeva and on the other is Fetai and Lenche Ristovska. Due to the huge sums of money discovered in Cyprus, and the pressure from Zaev to bury their findings, there is now friction at the SPO.
Zaev’s plan is very simple. Take the case from the SPO and give it to public prosecutor Jovevski who will simply ignore the findings, just as he’s done with the Referendum fraud and all criminal activities tied with the SDS leadership.
Update: Hari Kostov and Komercijalna Banka were behind the wiring of these funds to Cyprus. This case is quite complex, with now Komercijalna Banka and Makpetrol being blackmailed by one wing at the SPO to give way to Zaev’s family’s hostile takeover of Macedonia’s largest oil company Makpetrol. This can be done if Komercijalna activates the leases on Makpetrol’s loans. Apparently, Zaev’s brother, Vice Zaev has had his eye on taking over Makpetrol for some time.

[Image: filip-Medarski-640x400.jpg]

Initially, Mijalkov and Kamchev were blackmailed by Zaev’s attorney Filip Medarski and US Embassy operative turned “SPO advisor” David Stephenson who sought millions of euros in bribes regarding the “Empire” money laundering and theft. This ties with Mijalkov going out of his way to recruit DPNE officials to vote in Parliament to rename the country. This was part of the blackmail. Mijalkov served the interests of the US Embassy in an effort to shield the bank accounts in Cyprus. 

[Image: DxoaAIqWwAA9V_x.jpg]


Now a word on Zaev’s attorney. If the name Medarski is familiar to you, it should be. Filip Medarski’s mother, Elica Medarski works as a prosecutor at the High Prosecution Office in Skopje. His wife is a judge at Skopje Court 2.  The father of Medarski’s wife, Riste Spasov is the Court’s Secretary. Filip Medarski’s sister, Ana, on the other hands is in charge of all suits against Macedonia in Strasbourg.
Filip Medarski has quite good control of Macedonian Courts, his entire extended family are judges and state prosecutors.



Quote:СЈО пронашло 1 милијарда евра поврзани со случајот „Империја“ на Мијалков и Камчев


[Image: euros.jpg]

23.01.2019
Според нови имформации во случајот „Империја“ според кои СЈО пронашло огромни суми на пари во Кипарска банка.

Криминалци заштитуваат криминалци

Според информацијата која се појави во јавноста попладнево Заев се обидел да го спречи СЈО од понатамошна истрага со петиција до Врховниот суд да го блокира СЈО врз основа на тоа дека рокот му е истечен на случајот во 2017. Со други зборови СЈО можат да работат на случаи после 2017 година, но не и на случајот „Империја“ поради неговите огромни импликации.

Како успеаа Мијалков и Камчев да сокријат милијарда евра во Кипар?

МИНА открива дека има две фракции во СЈО, на една страна е Јанева а на другата се Ленче Ристевска и Фетаи. Поради огромните суми на пари кои беа откриени на Кипар и притисокот од страна на Заев да се закопа случајот, сега има фрикција во СЈО.

Планот на Заев е прост. Целта е случајот да се одземе од СЈО и да се предаде на јавниот обвинител Јовевски, кој едноставно ќе ги игнорира сите откритија како што стори со проневерата со Референдумот и сите криминални активности поврзани со владата на СДС.

АЖУРИРАЊЕ: Хари Костов и „Комерцијална банка“ се надлежни за префрлање на овие пари во Кипар. Овој случај е многу комплексен така што „Комерцијална банка“ и „Макпетрол“ се уценети од едно крило на СЈО да им овозмози на Заев и фамилијата да го превземе „Макпетрол“ на сила. Ова би се остварило доколку „Комерцијална банка“ ги активира хипотеките на кредитите на „Макпетрол“.

Братот на Заев, Вице Заев подолго време имал во план да го превземе „Макпетрол“. Најпрво Мијалков и Камчев биле уценувани од адвокатот Филип Мадарски и Давид Стевенсон кои барале мито за перење пари и кражби во случајот „Империја“. Ова се поврзува со смената на правецот кај Мијалков и неговото регрутирање на членови на ДПНЕ да гласаат во Парламентот за промена на името. Мијалков работел во интерес на американската Амбасада со цел да ги заштити фондовите во кипарската банка.


[Image: DxoaAIqWwAA9V_x.jpg]

Сега малку за адвокатот на Заев. Доколку ви е познато името Медарски, не треба да ве чуди. Мајката на Филип Медарски, Елица, работи како јавен обвинител во Скопје. Неговата сопруга е судија во Суд Скопје 2. Таткото на жена му е секретар на судот, а сестра му Ана е главна за сите случаи против Македонија во Стразбург. Филип Медарски има голема контрола врз судовите во Македонија бидејќи целата фамилија му е вработена во нив или како судии или јавни обвинители.
30-01-2019, 04:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Вангеловски: СЈО не може да презема предмети кога ќе му текне, а само за да земаат „дебели“ плати!

30/01/2019
Јово Вангеловски, претседателот на Врховниот суд, вели дека судот имал надлежност да расправа по иницијативата за СЈО, поднесена од двајца адвокати, поради што и на денешната општа седница било донесено начелно правно мислење. Според ова мислење, СЈО, по истекот на 18 месеци од превземањето на бомбите, немаат право да поднесуваат обвиненија и да превземаат предмети од редовното обвинителство.
-Тие што начелното правно мислење го оценуваат како скандалозно нека прочитат малку, и ќе видат дека надлежноста ја црпеме од Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, член 6, донесен во 2018 година, вели Вангеловски за Фокус.
Тој појаснува дека овие предмети не пропаѓаат, бидејќи ќе се вратат во редовното обвинителство, потенцирајќи дека ова важи за предметите за кои нема обвинение, додека за оние за кои веќе е поднесено обвинение ќе продложи надлежно да биде СЈО.
– Не може да земаат предмет по предмет, па да очекуваат да им течат нови 18 месеци, и тоа само за да продолжат да земаат плата од 3.000 евра, коментира Вангеловски.
За тоа дали мислењето е обврзувачко за сите судии, тој појаснува дека за првостепените и второстепените не е обврзувачко, туку само за советите во Врховниот суд.
-Сепак судиите во прв и втор степен ќе имаат право да мислат со своја глава и да одлучат дали ќе го почитуваат мислењето, вели Вангеловски.
Ова значи дека СЈО може да продолжи да ги застапува овие предмети, но тие би паднале кога ќе дојдат пред  Врховниот суд.
31-01-2019, 03:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Цаца Николовска: СЈО е мртво, но осомничените нема да се ослободат од кривична одговорност на овој начин!


05.02.2019
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, вели дека иако Врховниот суд донесе начелено правно мислење со кое се запираат истражните постапки на Специјалното јавно обвинителство, сепак осомничените нема да се спасат од кривична одговорност. Според неа правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги доврши.
-Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на ова обвинителство. Тоа е голем и јак елемент за негово постоење. Со негово минизирање сега, јас се согласувам дека СЈО е мртво, сепак нема да може да се ослободат од кривична одговорност на овој начин. Сепак има правен систем и тој правен систем мора да најде начин предметите во кривичната област да се процесуираат и на овој или оној начин дојдат до крајно решение – изјави денеска поранешната судијка.
Таа ја искритикува одуката на Врховниот суд велејќи дека тој нема надлежност да го толкува законот, туку таа надлежност ја има единствено Собранието. Во овој случај, додава, нема ниту разлика во судската пракса, иако Врховниот суд на тоа ја темели својата одлука. Ако имало проблем во толкување на Законот, тогаш за тоа требало да одлучува Собранието, или, пак, Уставнот суд, ако проблем била содржината на законот.
-Очигледно дури сега одредени лица смогнале храброст и снага да го направат тоа. Но ако некој смета дека со ова начелно мислење одредени лица ќе бидат ослободени од кривична одговорност, тоа би било катастрофа во Македонија. Не навлегувам во содржината на правното мислење, ако воопшто тоа е содржина, бидејќи е само препишан текст од Законот за СЈО без да се елаборира – вели Николовска и додава дека во самиот текст на Законот никаде не стои дека е забрането покренување истрага по изминување на 18 месеци од преземање на материјалите.
Поранешната судијка Вера Коцо, пак, вели дека и покрај тоа што мислењето на Врховниот суд е правно неиздржано, сепак, посочува, ќе има влијание врз пониските судови.
-Врховниот суд не се залетува по прв пат со вакви правни мислење. И во изминатиот период знаеше да донесе некакви правни мислења и начални ставови, кои не соодветствуваат на правната состојба во нашето општество. Ова правно мислење е штуро и донесено во време кога судовите немале различни одлуки, па евентуално да сакаат да усогласат нешто – вели судијката Коцо.
Таа сепак додава дека мислењето е донесено од највисокиот суд во државата.
-И поради тоа ќе има влијание врз пониските судови. Иако има судии со интегритет, ниеден судија нема да се осмели да размислува поинаку од она што е кажано во тоа мислење. А самото мислење нема нешто специјално кажано. Останува работата на пониските судови да одлучат како ќе постапуваат – смета Коцо.
05-02-2019, 05:22 PM
Reply