Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ПУКААТ БОМБИ И ЗА ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,285
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МАКЕДОНИЈА ПРЕД НОВИ „БОМБИ“: ВМРО-ДПМНЕ има прислушкувани разговори од владеењето на Заев?!

[Image: zaev-micko.jpg]

21.01.2019
Нови прислушкувани разговори се подготвени за објавување во јавност,  дознава „Скопје 1“ од упатени извори во процесот
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поседува нелегално прислушкувани телефонски разговори во периодот по 2016 година, дознава „Скопје 1“ од извори во партијата.
Во сниманите разговори од изминативе три години, генерално се слушаат гласови на актуелни политичари, министри функционери. Темите се поврзани со пазарења за судски процеси, добивање гласови од пратеници, јавни набавки, но и други важни прашања,
Овие информации вечерва ги потврдија и функционери од највиското раководство во ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секојдневно добивале докази за незаконитости во работењето на власта, а се децидни дека за тоа кога тогаш ќе понесат одговорност.
Од партијата велат дека немаат намера да влегуваат во преговори за носење Закон со кој би се спречило нешто, што би довело до правна разврска и понесување одговорност на сторители на различни криминални дела.
„До нас секојдневно стигнуваат материјали и документи од незаконското работење на кадри на оваа влада, на локално но и на централно ниво. Македонија не е веќе заробена држава. Криминалци ја окупирале Македонија. Ова е страшно што се случува во Македонија. Инаку за нелегално емитување на прислушкувани материјали ние како партија секогаш сме имале јасен став дека незаконски стекнати присклушкувани материјали не смеат да се емитуваат или да бидат користени како докази во судска процедура. СДСМ и Зоран Заев откако ја уништија правната држава и владеењето на законите и уставот за политички цели сега ќе се обидат да донесат законски решенија со кои ќе сакаат да ги покријат криминалите кои секојдневно ги прават“, коментира висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1.мк“.
На прашањето дали ќе ги објават снимките кои ги поседуваат, односно што ќе прават со материјалите, функционерот на опозицијата вели „Откако ќе биде поразена оваа криминална влада, прв приоритет ќе биде враќање на правната држава и владеењето на правото, а сторителите на криминал ќе бидат изведени пред лицето на правдата без разлика на име и презиме, партија или функција“.
Функционерот од раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да коментира дали станува збор за телефонски разговори или друг вид на снимани разговори.
Всушност, ова сценарио е познато на политичката сцена. Сегашниот премиер, тогашен претседател на СДСМ, Зоран Заев во 2015 година ја услови ВМРО-ДПМНЕ велејќи „Бомбите ќе продолжат ако нема договор за обвинител“. Првата т.н. бомба на Заев беше објавена на 9 февруари 2015 година.
Имајќи во предвид, дека овие информации сега излегуваат во јавност, се отвора дилемата дали на истиот датум, но 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ ќе го возврати ударот кон сегашната владеачка гарнитура на СДСМ. Иако од опозицијата се противат на јавно објавување прислушкувани материјали, но, имајќи во предвид фактот дека во минатото, јавноста можете да види снимки добиени со ПИ-мерки, разговор на Заев и Груевски во кабинетот во Владата, можноста за повторно бомбите да се чујат во јавноста, не се исклучува.
21-01-2019, 08:37 PM
Reply