Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НЕУСТАВНАТА ОБЈАВА НА ЗАКОНОТ ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК Е УШТЕ ЕДНА ПРОВОКОАЦИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Од денеска албанскиот јазик е официјален на цела територија на Република Северна Македонија



[Image: 49947188_956445787877270_149071895586039...96x464.jpg]

јануари 14, 2019
Две големи промени на политички план се случија денеска со објавувањето на две значајни,тешки и контроверзни одлуки на македонскиот парламент и на актуелната влада предводена од СДСМ.
Во Службен весник е објавена одлуката за измени на Уставот , со кои Република Македонија и официјално го смени името во Република Северна Македонија.
Истовремено е објавен Законот за употреба на јазици, со кој покрај македонскиот, официјален јазик во Македонија на цела територија е и албанскиот јазик.
Законот е објавен со потпис на претседателот на Собрание, Талат Џафери, но без потпис на Претседателот на РМ; Ѓорге Иванов.
Овие одлуки од корен ги менуваат политичките односи и во Македонија и на меѓународен план.
Ова значи дека од утре Џафери и сите министри, немаат обврска да зборуваат на македонски јазик, туку седниците во Собрание актуелниот претседател ќе ги води на албански јазик.
Министрите Албанци сега ќе се обраќаат секаде на својот мајчин јазик, албанскиот.
За време на објавувањето на овие одлуки во Службен весник, премиерот Зоран Заев, не е во државата.
Тој вчера со семејството отпатува на зимски одмор во Германија.
14-01-2019, 10:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Османи: Џафери го потпиша Законот за јазици, вечерва или утре во Службен весник


[Image: osmani_klik_plus.jpg]

14.01.2019
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери  го потпишал Законот за јазици и се очекува вечерва или утре тој да се објави во Службен весник, изјави вицепремиерот Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.
-Со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку отсто, се вели во образложението на Законот.
Откако Собранието го изгласа првпат на 11 јануари минатата година, а претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово прогласување тој повторно беше донесен на 14 март минатата година, без поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
14-01-2019, 10:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Иванов ги прозва судовите, обвинителството и меѓународна за Законoт за јазици


[Image: Gjorge-Ivanov-2-EPA-NAKE_BATEV.jpg]

15.01.2019
Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска, реагира претседателот Ѓорге Иванов откако Талат Џафери ги испрати, а Службен весник ги објави без потпис на указот од Иванов, Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на спогодбата од Преспа.
Претседателот е дециден дека со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен членот 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.
– Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото. Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави? – вели Иванов.
(This post was last modified: 15-01-2019, 01:36 PM by ЈорданПетровски.)
15-01-2019, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Челниците на ДУИ го преплавија Фејсбук со честитки за Законот за јазиците


[Image: ahmeti-bujar.jpg]

Безмалку цела ДУИ од синоќа на Фејсбук го прослави објавувањето во Службен весник на Законот за јазиците, со кој албанскиот е втор службен јазик на целата територија на Македонија.
Откако претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук ознани дека Законот е објавен во Службен весник, честитки пратија лидерот на партијата Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Осмнани, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. На Фејсбук за законот за јазиците се огласи и молчаливиот вицепремиер кој ретко оди на работа Хазби Лика.
– Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.
Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.
– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.
Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.
– Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.

[Image: 49308584_2034833716553152_55061209851132...e=5CB9F396]


[Image: 49897547_928214007382503_652218495026593...e=5D0152AB]
15-01-2019, 01:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Астеруд жестоко го нападна објавувањето на Законот за јазиците во СВ: Ова овде не завршува!



[Image: asterud.png]

15.01.2019
Професорката на Правниот факултет “Јустинијан” Први, Каролина Ристова-Астеруд, во коментар на Фејсбук, жестоко го нападна објавувањето во Службен весник на Законот за употреба на јазиците, без потпис од претседателот на државата.
Професорката, која беше претседателка на Форумот на жени на СДСМ, пратеничка од редовите на СДСМ, како и жестока критичарка на поранешната власт, пишува дека претседателот на Собранието Талат Џафери го повредува Уставот со објавување на закон, без претходен потпис од шефот на државата.
Ристова-Астеруд објасни дека по објавуањето, може да се поднесат тужби до Уставен суд, како и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Таа кажува дека за овој преседан треба да се известат и оние кои дадоа гаранција за Рамковниот договор, односно ЕУ и САД.


Quote:-Како е, кога ЗУЈ е објавен без потпис на шефот на државата? Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание, а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби. Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето. Ова овде не завршува! – напиша Астеруд.
[Image: Asterud.png]
16-01-2019, 03:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: 49800233_10216193404320820_4990934405213...e=5CCE7431]
16-01-2019, 03:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,224
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Еве и по тврдењето на Фрчко, Законот за употреба на јазиците (ЗЈУ) или народски законот за двојазичност не произведува правна сила оти е донесен со кршење на закон односно со неправо. Прво е прекршен Деловникот на Собранието во член 135,точки4 и 5. Со други зборови, донесен е со европско знаменце, демек е усогласување на домашното право со она на ЕУ. А според овој член во таков случај мора конкретно да се наведе актот на Еу со кој се усогласува. Таков акт нема. Во тој случај согласно член 136 од Деловникот Џафери бил должен предлог законот да го врати да се дополни тоа што фали, а ако не се дополни се смета како предлогот воопшто да не бил поднесен. Така да и прекршен е и член 136 од Деловникот. Потоа прекршен е уставот во членовите 95,98 и амандман ХХХ кои јасно кажуваат оти овој закон морал да се донесе со 2/3 (80) мнозинство, а гласан беше со апсолутно мнозинство (61). Законот требаше да го разгледува Комисијата за политички систем, а наместо тоа го разгледуваше Комисијата за Европски прашања кај што главен е Бујар османи за побрзо да го прошверцуваат. Прекршен е Рамковниот договор кој во Анекс Б, точка 8 вика оти ќе се донесат Закони за да се усогласат со Рамковниот, а не еден ваков омнибус закон. Прекршен е и истиот Анекс Б, точка 8, алинеја 1 од Рамковен кој вика дека седниците на Собрание нема да се водат на друг службен јазик. Прекршен е Амандман V од Уставот кој не вика дека тие 20% се однесуваат од целата територија на РМ, туку за територија на општини, па така не само албански, ами и влашки, ромски, турски, српски и бошњачки се службени јазици итн. И еве на толку неправо нека каже како овој закон по него треба да произведе право.
Фрчко е тип на човек кој го имаат сите диктатури, а обврска му е да си го толкуваат правото како што сакаат за да продадат приказна дека диктаторот е во право. Правник не е оти правникот секогаш ги подредува политиките така што мора да бидат во согласност со правото, што е услов за демократија. За разлика од тоа он го подредува правото за да биде во рамките на политиката што е основ за автократија и диктатура. Толку е едноставно.
[/url][Image: 50264358_10205095646788555_3690622911636...e=5CC18C3F]
[url=https://www.facebook.com/karevk]



Фб статус на Саше Јанчев
16-01-2019, 02:02 PM
Reply