Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КЕ ПАДНЕ ВЛАДАТА НА ЦИПРАС -И ШТО КЕ СЕ СЛУЧИ СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Каменос: „Независни Грци“ ја напуштаат владата на Ципрас




[Image: kamenos-ja-napusti-vladata.jpg?resize=680%2C417&ssl=1]


January 13, 2019
Панос каменос, лидерот на „Независни Грци“, помалиот коалиционен партнер во владата на СИРИЗА, му соопштил на премиерот Алексис Ципрас дека ја напуштаат владата.
По денешната средба Каменос изјави дека двете партии  имале 4 години соработка во владата на национален консензус… дека  извлекле  земјата од програамата за штедење…
„Му се заблагодарив на премиерот за соработката и му објаснив дека за мене, поради национални причини, соработката не може да продолжи“ изјавил Каменос кој е министер национална одбрана.
Партијата на Каменос се противи во континуитет со Преспанскиот договор и со термиот „Македонија“ во името на северниот сосед и најавуваше дека нема да гласа за ратификација на Договорот за промена на името.
13-01-2019, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Претстава во Атина: Сe бараат 6 пратеници кои ќе ја спасат владата на Ципрас



[Image: -парламент.jpg?resize=640%2C427&ssl=1]

13.01.2019


Грчките медиуми веќе почнаа со претпоставки кои би биле шесте пратеници кои можат да ја спасат грчката влада, која по повлекувањето на министерот за одбрана и вицепремиер Панос Каменос, е пред паѓање.
Покрај 145 пратеници на владејачката СИРИЗА, за да опстане владата се потребни 6 пратеници кои би гласале во доверба во владата на Ципрас, откако „Независни грци“ и опозициската „Потами“ се изјаснија дека нема да гласаат за доверба.
Пратениците кои се „сигурни“ дека ќе ја поддржат владата се: Папакристопулос, Кантурас, Кокалис, Папакостас, Зурарис и Данелис, истите кои деновиве добија телефонски смртни закани доколку го гласаат преспанскиот договор.
За ова, обвинителството започна истрага.
Меѓу потенцијалните кои би го поддржале Ципрас е и Јанис Саридис но тој неодамна појасни дека нема да гласа за Преспанскиот договор, и ако владата, по средбата на Ципрас со Каменос повика на гласање за доверба, нема да ја поддржи.
Сепак, владините извори не исклучуваат гласови од 152 пратеници за да може владата да продолжи.
13-01-2019, 04:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Нова Демократија: Каменос и Ципрас одглумија развод


January 13, 2019
[Image: -демократија.jpg?resize=696%2C392&ssl=1]

Крајот на коалицијата СИРИЗА-„Независни Грци“, објавен од премиерот  Ципрас и водачот на Независните Грци (АНЕЛ), Каменос, е „инсцениран развод“, тврди главната опозициска партија Неа демократија.
„Патетичното дуо Ципрас-Каменос денеска на националната телевизија го претстави својот ‘развод’: шоу кое има за цел ратификување на Преспанскиот договорот, СИРИЗА да остане на власт и Каменос и неговите пратеници да ги задржат на нивните места уште малку “, се вели во соопштението на НД.
Во соопштението се вели и дека Каменос „позајмил двајца негови пратеници на Ципрас за да можат да му гласаат доверба, без да ги истера од пратеничката група на АНЕЛ“.
13-01-2019, 04:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Димитров “закукуљено замумуљено” за распадот на грчката влада


January 13, 2019
[Image: -Димитров.jpg?resize=631%2C451&ssl=1]

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска по принципот на неговиот шеф Заев “закукуљено замумуљено” одговори на прашањето што ќе се случи ако се распадне грчката влада по заминувањето на Каменос и Независни Грци.
Димитров на заедничка прес конференција со Радмила Шеќеринска и Бујар Османи изјави дека контактирал со Ве-Де грчкиот министер за надворешни работи Катругалос кој му рекол дека Грција останува посветена да се заврши работата со Преспанскиот договор и да се упати порака за партнерство и сојузништво.
Денеска конфузниот Димитров избегна да одговори директно што ќе се случи ако владата на Ципрас не добие поддршка од Парламентот и Грција оди на предвремени избори.
За можноста Преспанскиот договор да стапи во сила паралелно во двете земји, под услов да преживее владата на Ципрас, Димитров вели дека во консултации со Грција е најден начин договорот да биде усогласен во двете земји.
Според него за да стапи заедно во двете земји потребно е Грција паралелно да ги ратификува Преспанскиот Договор и пристапниот протокол за влез на Македонија во НАТО.
Ако владата на Ципрас неделава падне и не биде ратификуван договорот од Преспа тогаш според договорот Македонија нема обврска да се нарекува Северна.
13-01-2019, 04:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Теодоракис: „Потами“ нема да му даде доверба на Ципрас




[Image: stayros-thumb-large.jpg?resize=696%2C435&ssl=1]


January 13, 2019
Лидерот на опозициската партија „Потами“, Ставрос Теодоракис изјави дека нема да гласа за доверба на владата доколку премиерот Алексис Ципрас го побара тоа во парламентот.
Лидерот на „Потами“, преку  порака на Твитер, го соопшти ставот на партијата: „Опсесиите, неефикасноста, популизмот, партиската држава не можат да бидат наградени”, порачал Теодоракис.
Деновиве се шпекулаираше дека доколку „Независни Грци“ на Каменос не гласаат за Преспанскиот договор, потребното мнозинство до 151 глас колку што му требаат на Ципрас преспанскиотј да биде ратификуван, ќе го обезбедат 6-те птратеници на „Потами“.
13-01-2019, 05:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,206
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Ципрас доби 151 глас – грчката влада преживеа



16.01.2019
Владата на премиерот Алексис Ципрас преживеа откако за доверба на владата вечерва гласаа 151 пратеник по дводневната расправа во парлементот.
Како што се очекуваше, покрај 145 пратеници на СИРИЗА, за потребното мнозинство гласаа и шест пратеници за владата : Танасис Папаристопулос (АНЕЛ), Катерина Папакоста (независна), Елена Кунтура (независна). Спирос Данелис (независен), Костас Зурарис (АНЕЛ) и Василис Кокалис (независен) пренесува „Катимерини“.
По ова, патот за ретифиикација на Преспанскиот договор е отворен и се очекува тој да се најде во парламентот најдоцна идната недела.
16-01-2019, 11:59 PM
Reply